КАФЕ ПАУЗА

Tag: соништа

  • Какво значење имаат соништата со вашиот поранешен партнер?

    Какво значење имаат соништата со вашиот поранешен партнер?

    Вие и вашиот поранешен партнер веќе некое време не сте заедно, конечно го надминавте раскинувањето и продолжувате со животот. Но, вашиот поранешен партнер сè уште се појавува во вашите соништа. Дали тоа значи дека сè уште не можете да го преболите бившиот? Сонувањето на поранешниот партнер може да биде навистина вознемирувачко искуство, особено ако веќе сте во нова врска. Прочитајте кои се најчестите објаснувања зошто бившите се појавуваат во вашите соништа, долго време откако веќе не се добредојдени во вашиот живот.rnrnКакво значење имаат соништата со вашиот поранешен партнер?rn

    1. Ако сонувате дека се гледате со поранешниот партнер

    rnСамата појава на бившиот во сон може да значи многу работи – некои од нив се многу длабоки, а некои се потполно безопасни. Понекогаш, појавата на бившиот во вашите соништа може да значи дека во реалниот живот наидувате на личност што има слични карактеристики и ви предизвикува исти чувства како вашиот поранешен партнер. Другото значење е дека можеби размислувате за убавите спомени што ги имавте заедно.rn

    2. Ако сонувате дека имате односи со поранешниот партнер

    rnСексуалните соништа со бившиот честопати се поврзани со вашата воздржаност од започнување нова врска.rn

    3. Ако сонувате дека поранешниот партнер ве игнорира

    rnСонувате дека вашиот поранешен партнер ве игнорира исто како што го правеше тоа во последните две недели од вашата врска? Вашата потсвест ви кажува дека треба да продолжите понатаму.rn

    4. Ако сонувате дека се расправате со поранешниот партнер

    rnРасправијата во сон би можела да значи дека нешто или некој во реалниот живот ви буди слични чувства што ги имавте додека бевте во врска со бившиот.rn

    5. Ако сонувате дека повторно сте заедно со поранешниот партнер

    rnОвој сон не мора да значи дека тајно сакате повторно да бидете заедно со бившиот партнер. Вашиот сон за смирување со поранешниот партнер може да се заснова на копнежот во реалниот живот, но исто така може да биде поттикнат од некоја голема промена во новата врска и од тоа колку многу сте научиле од минатите врски и колку далеку сте стигнале. Ова е причината зошто толку многу невести ги сонуваат поранешните партнери пред својата свадба.rn

    6. Ако сонувате дека ви недостасува поранешниот партнер

    rnАко сонувате дека сакате да бидете повторно заедно со поранешниот партнер, тоа значи дека сè уште чувствувате нешто за него. Но, тоа може да значи и дека ви недостасува партнер и имате потреба да се чувствувате посакувано.rn

    7. Ако сонувате дека му недостасувате на поранешниот партнер

    rnАко сонувате дека му недостасувате на бившиот, тоа може да значи дека ви недостасува некој аспект од вашата поранешна врска. Но, понекогаш тоа може да значи дека едноставно продолживте со вашиот живот.rn

    8. Ако сонувате дека поранешниот партнер ви дава совети

    rnЗошто личноста што ве остави се појавува во вашите соништа и ви дава совети за вашиот сегашен партнер? Тоа значи дека вашата потсвест ви кажува дека не треба да ги повторувате истите грешки што сте ги направиле со таа личност.rn

    9. Ако сонувате некој поранешен партнер од тинејџерските години

    rnАко сонувате некој бивш од детството или од средношколскиот период, тоа може да значи дека сакате да ги вратите возбудата, слободата и виталноста на младоста во вашата сегашна врска или во целокупниот живот.rn

    10. Ако сонувате дека ја гледате новата партнерка на поранешниот партнер

    rnАко ја сонувате сегашната партнерка на вашиот поранешен партнер, тоа може да значи дека се споредувате себеси со бившиот. Бидејќи соништата честопати доаѓаат од проблеми што ве преокупираат додека сте будни, тоа може да значи дека се обидувате да се помирите со чувствата што ги имате кон поранешниот партнер.rn

    11. Ако сонувате дека го гледате семејството на поранешниот партнер

    rnМајка на бившиот која се појавува во вашите соништа може да значи дека сè уште имате некои „нерешени проблеми“ со вашата поранешна љубов.rn

    12. Ако сонувате дека поранешниот партнер е болен

    rnАко сонувате дека се грижите за бившиот додека е болен или ако сонувате дека го посетувате додека е во болница, тоа значи дека сè уште се справувате со раскинувањето.rn

    13. Ако сонувате дека поранешниот партнер умира

    rnАко сонувате дека умира личност што ја познавате, тоа може да биде навистина застрашувачко, а ако сонувате дека умира личност со којашто некогаш сте биле многу блиски, дури и ако не сакате никогаш повторно да разговарате со неа, тоа може да биде уште полошо. Сонот за смртта на поранешниот партнер може да предизвика да чувствувате вина во текот на следниот ден.rnrnНо, не грижете се бидејќи ваквиот сон може да значи дека сте го оставиле минатото зад себе и дека сте подготвени целосно да ѝ се посветите на новата врска. Овој сон не значи дека би сакале вашиот поранешен партнер да умре, иако можеби сте го кажале тоа кога сте биле многу лути.rnrnПрочитајте дали еротските соништа со друг маж се предупредувачки знак.

  • Дали еротските соништа со друг маж се предупредувачки знак?

    Дали еротските соништа со друг маж се предупредувачки знак?

    Невозможно е да влијаете на соништата, дури и кога живеете совршена реалност со партнерот, па во продолжение прочитајте што значат соништата во кои го изневерувате партнерот.rnrnДали еротските соништа со друг маж се предупредувачки знак?rn

    Неверство со личност што ја познавате

    rnАко ве гризе совеста затоа што сонувавте дека водите љубов со вашиот шеф или пријател, тој сон не значи дека навистина сакате да имате односи со таа личност, туку само дека голем дел од вашето внимание во текот на денот е насочено кон таа личност, па затоа е сосема нормално да се појавува и во вашите соништа.rn

    Неверство со личност што не ја познавате

    rnЗад ваквите соништа се крие нерешен проблем. Имено, според мислењето на психолозите, водењето љубов со непозната личност во сон значи дека нешто криете од партнерот или дека сте го излажале, така што сето тоа се манифестира во форма на измама во сонот.rn

    Неверство во кое партнерот ве открил

    rnИсто како и неверството со непозната личност, неверството во кое вашиот партнер ќе ве открие во текот на чинот значи дека ве гризе совеста. Иако можеби нема веднаш да бидете свесни за што може да се работи, размислете дали криете нешто од вашиот партнер.rnrnПрочитајте кои знаци од соништата ви покажуваат дека се сеќавате на минатиот живот.

  • Знаци што укажуваат дека ве очекуваат пречки во животот

    Знаци што укажуваат дека ве очекуваат пречки во животот

    Ако сонувате некаква опасност, тоа значи дека потсвеста ви испраќа порака дека сте загрозени. Ако во сонот ви се заканува опасност, обрнете дополнително внимание на финансиите, на односите и на здравјето. Соновите ретко се остваруваат, но повеќето луѓе се плашат дека тоа што го доживеале во сонот ќе се случи и во реалноста. Но, никогаш не треба да го заборавате и значењето на соновите.rnrnЗнаци што укажуваат дека ве очекуваат пречки во живототrnrnАко не сте постигнале некоја важна цел, можеби често ќе сонувате дека сте изгубени во темна шума или дезориентирани во непознато и магловито место. Предупредувањето дека сте ја изгубиле целта може да се манифестира и преку соништата во коишто сте деца и кои предизвикуваат вознемирувачко чувство.rnrnСоништата што предвидуваат опасност се и оние во кои се наоѓате во ситуација во која не сте дораснати. Успешното решавање на оваа состојба во сонот може да биде позитивен знак. Тоа значи дека вашата потсвест ви кажува дека сте способни да ги надминете пречките во реалниот живот. Опасноста во соништата може да биде претставена и преку природна катастрофа или сценарио во кое сте соочени со несовладливо суштество.rnrnАко во сонот успеете да ѝ избегате на опасноста, тоа е знак за идните успеси во животот. Но, ако не успеете да избегате од опасноста и ако се повредите, тоа значи дека ве очекуваат значителни загуби во реалниот живот. Ако во сонот видите чудовиште, тоа значи дека ќе доживеете непријатност. Можеби во вашето опкружување постои личност која прави да се чувствувате непријатно, но не можете да сторите ништо за да го избегнете тоа. Вие самите сте свесни дека еден ден ќе мора да се соочите со „чудовиштето“ и да ја решите спорната ситуација, во спротивно, ќе страдаат оние што немаат никаква врска со вашиот конфликт.rnrnКога сонувате дека бегате од чудовиште, тоа укажува дека сте исплашени. Веројатно ќе наидете на пречка за која ќе ви треба повеќе време и храброст за да ја надминете. Ќе мора да прифатите дека не сте семоќни и дека, како и сите други, имате право да погрешите.rnrnНајчестото чувство во соништата е стравот од темнина. Темнината ве предупредува дека ќе се соочите со пречки. Ако во сонот не успеете да го најдете патот, промените што доаѓаат нема да бидат во ваша корист. Меѓутоа, ако најдете начин за излез од темнината, успешно ќе се соочите со сите тешкотии во реалниот живот.rnrnУште еден пример што симболизира опасност е сонувањето остра и ладна зима, а тоа симболизира страв од осаменост. Несвесното сеќавање на умирање од студ, од глад и од смрзнување се манифестира и во соништата. Соништата со снег и мраз предупредуваат на опасност дека можеби ќе останете сами и незаштитени, а стравот од смрзнување го симболизира стравот од губење на сè што ви е познато.rnrnВо ваквите соништа, важно е да внимавате на потсвеста и на предупредувањето за да ги ублажите последиците колку што е можно повеќе.rn

    Напаѓачите во соништата ги предупредуваат сонувачите

    rnКога некој ви се заканува во соништата, тоа е знак за социјални или емоционални непогоди. Вашата потсвест верува дека сте во опасност и треба да размислите за значењето на ваквите соништа.rn

    Страв дека ништо не е во ваши раце

    rnСоништата во кои се случува некоја природна катастрофа како земјотрес или поплава се вообичаени кога чувствувате дека немате никаква контрола врз животот и сте оставени на милост и немилост на судбината.rn

    Страв од смртта

    rnАко во сонот се плашите од смртта, тоа може да го симболизира стравот од осаменост, од загуба или од страдање. Тоа исто така може да значи да сакате да бидете ослободени од некоја болка или болест. Но, тоа може да значи и дека треба помалку да бидете преокупирани со материјалното.rn

    Потсвеста ги открива опасностите во реалноста

    rnАко сонувате дека во вашиот дом постои опасност, тоа би можело да значи дека постои вистинска опасност, како што е неисправната инсталација за којашто вие не сте свесни, но вашата потсвест го забележала тоа.rn

    Соништа придружени со чувство на страв

    rnЧувството на страв во соништата може да означува разочарување од моменталниот развој на животната ситуација. Стравот обично претставува пречка на којашто треба да ѝ се спротивставите. Исто така, ваквите соништа предупредуваат дека некој лажно ви се претставува како пријател.rnrnДознајте кое е значењето на соништата кои се повторуваат.

  • Заеднички карактеристики на сите оние што си ги оствариле своите соништа

    Заеднички карактеристики на сите оние што си ги оствариле своите соништа

    Дали имате потешкотии при остварувањето на вашите соништа? Понекогаш може да биде навистина тешко да се најде вистинскиот пат за да го остварите тоа што сте го замислиле, но доколку знаете точно што сакате и како да го постигнете тоа, нештата ќе се одвиваат многу поедноставно. Погледнете ги следниве 4 карактерни црти што ги поседуваат луѓето што ги остваруваат своите соништа!rnrnrn

    1. Тие се емоционални за своите соништа

    rnЛуѓето што ги остваруваат своите соништа можат да ја почувствуваат нивната иднина. Нивниот сон им е реалност, дури и пред да стане вистина. Тие знаат точно какво е чувството на крајната цел. Можат тродимензионално да ја опишат сликата пред нив, притоа користејќи само позитивни и среќни зборови. Наместо да се фокусираат на препреките и негативните страни, тие се насочени целосно кон доброто.rn

    2. Тие изразуваат љубов за своите соништа

    rnТие вистински си ги љубат соништата. Љубовта е како магнет, а возбудата за остварувањето на соништата е исто како и да бидете заљубени. Дали можете да се возбудите при помислата да станете актер, адвокат, мајка или пак, сопственик на сопствен бизнис? Колку повеќе љубов внесувате во вашите соништа толку побрзо тие се остваруваат.rn

    3. Тие активно работат на своите соништа

    rnТие постојано се движење кога станува за нивните соништа. Ако сонуваат да поседуваат свој дом, постојано гледаат недвижнини, откриваат области што би сакале да ги наречат свое маало, шетаат низ населби, учат за деталите вклучени во вложувањето пари во куќа… Со други зборови тие активно се вклучени во својот сон уште пред тој да биде јаве.rn

    4. Длабоко се поврзани со своите соништа

    rnТие се позитивни за тоа што го сонуваат и не го споделуваат со секого. Нивните соништа им се свети. Сè додека не го преземат првиот чекор, тие знаат дека соништата им се ранливи па ги споделуваат само со оние на коишто им веруваат и кои ги поддржуваат. Со секој нареден чекор, нивната идеја со проширува, но дури и тогаш се внимателни со кого зборуваат.

  • Можат ли вашите соништа да ве направат уморни?

    Можат ли вашите соништа да ве направат уморни?

    Дали вашите соништа се толку многу реалистични што ве заморуваат? Само што сте летале, па ви паднале забите и на крај сте се бореле со мечка. Но сето ова било само сон и сега треба да се соочите со реалниот свет, а всушност се чувствувате изморено. Дали можеби вашите соништа ве прават уморни? Или пак, можеби само сте драматични?rnrnМожат ли вашите соништа да ве направат уморни?rnrnДоктор Раџ Дасгупта кој е професор асистент по клиничка медицина, смета дека самите соништа не прават да се чувствувате сонливо. Најмногу причината е тоа што кога сте во најдлабок сон, тогаш е најголема веројатноста да сонувате.rn

    „Ако сонувате во РЕМ фазата, соништата не би требало да ве прават уморни бидејќи спиењето во РЕМ фазата е поосвежувачко. Во спротивно, доколку не сте во РЕМ фаза да, може да се појави замор во текот на денот.“

    rnСпоред Националната фондација за спиење, во првите две фази од спиењето сонот е многу лесен, па лесно можете да се разбудите. Во текот на третата и четвртата фаза почнувате да паѓате во длабок сон од кој е потешко да се разбудите и вашето тело послабо реагира на надворешните стимули. На крај влегувате во РЕМ фазата, околу час и половина од почетокот на спиењето. Во една вечер искусувате неколку РЕМ фази и секоја трае околу еден час. Токму во оваа фаза се одвива најголем дел од сонувањето.rnrnНо РЕМ фазата не е важна само поради соништата, според доктор Раџ таа е најважната од сите – ги обновува телото и умот и помага при одржување на здравјето и меморијата. Ако имате живи соништа, тогаш сте во РЕМ фаза.rnrnОна што е навистина интересно е тоа што можете да сонувате и во другите фази. Во овој случај можеби не се одморате доволно навечер. Па, можно е соништата да ве направат уморни наредниот ден, во зависност од тоа во која фаза сте сонувале.rnrnДодека РЕМ соништата нема да ве направат уморни, постојат други фактори што можат да го прекинат вашето спиење.rn

    „Постојат многу нешта што можат да имаат влијание на квалитетот на вашиот сон. Многу лекови можат да ги спречат живите соништа и влегувањето во РЕМ фазата. Медицинските проблеми како хронична болка и киселини можат многу лесно да ве разбудат. Но самиот сон не би ве направил уморни.“

    rnСо други зборови, дури и ако сте сонувале борба со мечка, без разлика колку изморено сте се чувствувале во моментот, најверојатно нема да се чувствувате уморно и во реалноста.rnrnВоглавно, ако не спиете доволно во текот на ноќта, телото може да се справи со тоа многу подобро отколку што мислите.rn

    „Кога не спиете доволно, телото настојува да заздравува. Знае дека ако сака да се наспие, потребни му се фазите. Кога телото заздравува од недостаток од спиење, влегува во најважната фаза, односно РЕМ.“

    rnЗначи, најдобро е да целите кон 7 до 8 часа спиење секоја вечер и немојте да размислувате премногу доколку ве разбуди некој кошмар сред ноќ. Најверојатно вашето тело ќе знае како да се справи.rnrnПрочитајте нешто повеќе и за значењето на соништата што се повторуваат.

  • 7-те основни верувања на Индијанците за соништата

    7-те основни верувања на Индијанците за соништата

    Соништата се важен дел од културата на Индијанците. Тие веруваат дека соништата се продолжение на реалноста, можност за патување во други димензии и можност за комуницирање со предците и духовните водичи. Индијанците ги учат нивните деца да ги помнат нивните соништа за да можат да ги користат како духовни водичи и исцелители. Во продолжение погледнете ги 7-те основни верувања на Индијанците за соништата.rnrn7-те основни верувања на Индијанците за соништатаrn

    1. Имаме три души

    rnИндијанците веруваат дека луѓето имаат три души и секоја е со своја цел. Првата душа е наречена душа на егото и се наоѓа во здивот на личноста. Втората е душата на телото и главната цел ѝ е да му дава енергија и животна сила на телото кога сме будни. Третата душа е слободна и може да го напушта телото и да патува низ други димензии кога сме во кома, состојба на транс или кога сонуваме.rn

    2. Светот на соништата е реален колку и физичкиот свет

    rnСпоред Индијанците, во соништата го искусуваме светот на шаманите. Тие веруваат дека сè е живо и поврзано со сè останато. Можеме да патуваме во други димензии, па дури и да разговараме со животни, духовни водичи, па дури и со нашите предци кога сме на астрално патување во соништата. Индијанците веруваат дека не сонуваат нашите тело или ум, туку дека сонува нашата душа.rn

    3. Нашите души се способни за комуникација и астрално патување

    rnАстралното патување е техника при која душата го напушта телото на одреден период и патува до астралната димензија за да научи нешто. Душата може да комуницира со други души, животни или други битија. Астралното патување може да се изведе и во свесна и будна состојба, како и во несвесна и состојба на сон.rn

    Астрално патување за време на сон

    rnМногу луѓе го искусиле астралното патување во нивните соништа без воопшто да бидат свесни за тоа. Душата сама го прави ова со цел да ја забрза нејзината духовна еволуција.rn

    Астрално патување во будна состојба

    rnАко сте заинтересирани за свесно астрално патување, можете да ја „истренирате“ вашата душа со алатки како шамански тапани, вежби со дишење или со пијалакот ајахуаска.rn

    4. Животот е еден голем сон

    rnИндијанците веруваат дека животот е еден голем сон, слично како концептот Маја на хиндуизмот и будизмот. Тие нагласуваат дека ништо не е постојано и сите живееме во сон.rn

    5. Она што се случува во светот на соништата има последици

    rnСпоред индијанското племе Хурон личноста има две души, а не три. Едната го имитира физичкото тело, а другата се протега над физичките активности. Втората душа патува за време на соништата и комуницира со други души и водичи. Кога ќе се врати во телото, ги „споделува“ искуствата и учи преку соништата. Според племето Хурон, важно е да се учи од овие соништа за двете души да се обединат и повторно да станат едно.rn

    6. Имаме духовни водичи и можеме да ги контактираме преку нашите соништа

    rnМногу луѓе кои се на духовно патување работат на нивната душа во текот на спиењето. Многу од увидите и учењата потекнуваат од луцидното сонување. Во културата на Индијанците се обрнува многу внимание на работењето во текот на сонот. Луѓето се охрабрувани да ги помнат нивните соништа и да бараат помош од шамани кои ќе го протолкуваат значењето на сонот и ќе им помогнат на продолжат на духовното патување.rn

    7. Соништата се важен дел од лекувањето на губењето на душата

    rnСпоред шаманските култури, нашата душа го напушта телото кога сме изложени на многу стрес или поради некој трауматичен настан. Овој процес е познат како губење на душата. Враќањето на душата е навистина моќна шаманска техника. Шаманите им помагаат на луѓето да откријат каде се наоѓа нивната душа преку нивните соништа. Понекогаш и самиот шаман влегува во состојба на транс со цел да ја најде изгубената душа. Кога душата ќе се врати во телото, личноста ќе оздрави и во неа ќе се врати виталноста.rnrnПрочитајте ги и овие неверојатни факти за соништата што сигурно не сте ги слушнале.

  • За што сонувате најчесто според вашиот хороскопски знак?

    За што сонувате најчесто според вашиот хороскопски знак?

    Ѕвездите можат да ви откријат многу повеќе отколку што мислите. Она што го гледате во вашите соништа може да ви каже многу за вашиот карактер. Иако е тешко да се каже што се случува во нечија глава, особено кога станува збор за соништата, сепак можете да дознаете нешто. Во продолжение погледнете кои се најчестите соништа на хороскопските знаци и што тие значат за нив.rnrnЗа што сонувате најчесто според вашиот хороскопски знак?rn

    Овен: Губење контрола

    rnКако и секој Овен, вие сакате да бидете во најдобра форма. Поради ова често сонувате дека губите контрола или дека сте останале зад другите. Овој сон може да добие многу форми, а најчесто сонувате како сте изгубиле некој натпревар. Доколку сонот е добар, сонувате како сте победиле. Кога сте будни добро ги сфаќате нештата, но не и во вашите соништа.rn

    Бик: Успивање

    rnБиковите се често многу тврдоглави и брзаат да ги завршат нештата. Најверојатно често сонувате како добивате или губите пари, или како се успивате. Мала е веројатноста дека ќе доживеете неуспех поради вашите постапки, но нештата како успивањето навистина ве загрижуваат.rn

    Близнаци: Игнорирање

    rnВие сакате да бидете слободни и да можете да кажете сè што сакате. Најчесто сонувате како сте во центарот на вниманието, како сите очи се вперени кон вас, но понекогаш сонувате како сте заробени и како заборавате кои сте. Кога станува збор за вистински кошмари, за вас најголем е да бидете игнорирани.rn

    Рак: Предавство

    rnВие би направиле сè за луѓето во вашиот живот, без разлика дали ќе ви вратат во иста мера. Често вашите соништа се за љубов и среќа. Сакате да поминувате време со саканите, а во лошите соништа ви се случува спротивното. Можно е да сонувате како некој ве предава, а често сонувате и како умира некој ваш близок.rn

    Лав: Загуба

    rnБидејќи сте Лав, сакате да контролирате и сите да гледаат во вас. Во вашите соништа често победувате на натпревари и ве третираат како крал или кралица. Сонувате дека го живеете животот што го сакате и дека сите ве обожуваат. Но кога сонот е лош, сонувате како го губите сето тоа.rn

    Девица: Загуба

    rnМожеби често ги иритирате другите, но го поправате тоа. Вашите соништа најчесто се губење на работното место, исполнување на вашите фантазии, а многу често сонувате и како не сте разбрани. Иако некој би сметал дека вашите соништа се здодевни, тие воопшто не ви пречат.rn

    Вага: Стабилност

    rnВие секогаш ја барате правдата, емотивни сте, но понекогаш изгледате навистина студено. Кога сонувате сте многу поотворени и им дозволувате на другите да влезат внатре. Кажувате и правите нешта што никогаш не би ги направиле во реалниот живот.rn

    Скорпија: Летање

    rnПоради некоја причина, многу често сонувате дека можете да летате. Ова не е нешто што го очекувате од себе. Вие сте емотивни и често ви е удобно да правите нешта што ги заплашуваат другите.rn

    Стрелец: Заробување

    rnМногу често сонувате дека сте заробени или дека некој ве брка. Вие не можете да останете долго на едно место, па оваа мисла е всадена во вашата потсвест. Колку позаробено се чувствувате, толку почести се овие соништа.rn

    Јарец: Задоволство

    rnВие сонувате за секаков вид задоволство. Често не можете да ги искажете вашите чувства во реалноста, но во соништата го правите токму тоа. Коа спиете станувате многу похрабри.rn

    Водолија: Искажување

    rnВеројатно најчесто сонувате како излегувате од вашата школка. Вие сте личност што не може да се пронајде себеси, ниту пак да се искаже. Поради ова во соништата сте личноста којашто сакате да бидете.rn

    Риби: Заглавување

    rnВие сте навистина креативни и уникатни, но многу често сонувате дека сте заглавиле. Секогаш работите кон нешто повеќе, но понекогаш навистина се чувствувате заглавено, па ова чувство преовладува и во вашите соништа.rnrnДознајте и кое е значењето на соништата кои се повторуваат.

  • 10 луѓе кои ги исполниле соништата од нивното детство

    10 луѓе кои ги исполниле соништата од нивното детство

    Танчар, актер и музичар се најчестите професии од соништата кај децата. Но, само 6% од луѓето го следат она што ги инспирирало во детството. Со возраста луѓето стануваат прагматични и помалку ги слушаат своите желби. Но, постојат и оние кои навистина ги исполниле соништата од нивното детство.rn

    1. Слабо девојче со силна волја

    rn10 луѓе кои ги исполниле соништата од нивното детствоrnrnЏенифер Брикер била родена без нозе и нејзините родители ја напуштиле. Подоцна била посвоена од семејството Брикер кое ја научило никогаш да не вели „Не можам“. Како дете Џенифер била навистина активна и се одлучила сериозно да се бави со гимнастика. На 11-годишна возраст таа го добила првото место на натпревар во Илиноис и четвртото место на Детските олимписки игри. Била фасцинирана од американската гимнастичарка Доминик Мосеану. На 16-годишна возраст открила дека нејзиниот идол е всушност нејзината постара сестра. Џенифер се сретнала со нејзиното биолошко семејство, била дел од турнеја на Бритни Спирс и напишала свои мемоари. Денес е акробат.rn

    2. Активистка за образование освои Нобелова награда

    rn10 луѓе кои ги исполниле соништата од нивното детствоrnrnМалала Јусaфзаи од Пакистан отсекогаш сакала да учи. Во 2009-та година кога таа имала 11 години напишала блог за ВВС во кој зборувала за нејзиниот живот под талибанскиот режим каде што училиштата се уништени, а на девојчињата им е забрането да посетуваат настава. Благодарение на нејзиниот активизам, во 2012-та година бил направен обид за атентат. Таа била застрелана во близина на училиштен автобус додека одела дома. Но, закрепнала и продолжила со нејзиниот активизам. Малала добила безброј награди, зборувала пред Обединетите нации, издала книга и се запознала со многу политичари. Таа го продолжува нејзиното образование и ја создала Организацијата Малала со цел да им помогне на женските деца да се образуваат. Во 2014-та година стана најмладиот добитник на Нобелова награда.rn

    3. Женски пожарникар

    rn10 луѓе кои ги исполниле соништата од нивното детствоrnrnРазликата помеѓу овие две фотографии е 17 години. Оваа девојка им нуди медицинска помош на жртвите во пожарот и вели дека без разлика на нејзиниот пол, морала да ги исполни физичките барања за да стане пожарникар.rn

    „Сега сум 4-та генерација пожарникари за истиот оддел во кој служеше татко ми. Јас сум 5-тата девојка во одделот.“

    rn

    4. Следете го вашиот план

    rn10 луѓе кои ги исполниле соништата од нивното детствоrnrn„Војна на ѕвездите“ го разбуди интересот за вселената кај многу деца. Александар Мисуркин е еден од нив. Кога имал 12 години, тој без сомнение знаел дека ќе стане астронаут. Направил план и го следел. Со цел да се доближи до својот сон тој почнал да посетува аероклуб. Потоа станал пилот, а 7 години подоцна се пријавил како кандидат за космонаут. Александар веќе има направено 2 лета во траење од 334 денови, 11 часа и 29 минути и има отидено надвор во вселената 4 пати.rn

    5. Не секој ден можете да го живеете сонот од детството

    rn10 луѓе кои ги исполниле соништата од нивното детствоrnrnОткако канадскиот хокеј играч Џон Таварес потпишал договор со Toronto Maple Leafs, тој објавил фотографија од неговото детство за да ги информира фановите за овој важен настан. Можете да забележите дека постелнината на фотографијата е покриена со името и логото на неговиот тим. Џон сакал да биде дел од овој тим уште од неговото детство, а на 27-годишна возраст неговиот сон станал реалност.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 7 знаци од соништата кои покажуваат дека се сеќавате на минатиот живот

    7 знаци од соништата кои покажуваат дека се сеќавате на минатиот живот

    Се смета дека соништата се серија мисли и чувства кои се случуваат додека спиете. Вашето тело е апсолутно мирно додека спиете, а сонувате за нешта кои се забавни, романтични, страшни, а понекогаш и нелогични.rnrn7 знаци од соништата кои покажуваат дека се сеќавате на минатиот животrnrnПостојат два вида соништа, оние што ги помните и оние што ги заборавате. Соништата што ги помните имале големо влијание на вашиот ум, а понекогаш имаат и некое значење. Во овие соништа постојат некои знаци кои укажуваат дека се сеќавате на вашиот минат живот, без разлика колку чудно звучи тоа.rn

    1. Луѓе и места кои не постојат

    rnЛуѓето и местата имаат најголем удел во вашиот секојдневен живот. Понекогаш ги заборавате, но кога ќе ги споите можете да се сетите на нешто и да формирате цела слика. Кога гледате луѓе кои припаѓаат на сегашниот живот знаете за кој станува збор. Но за минатиот живот важи спротивното.rn

    2. Се однесувате и изгледате поразлично во соништата

    rnСекој имал сон во кој едвај се препознал. Ова е знак за вашиот минат живот. Вашето лице можеби останува исто, но сè друго во врска со вас е различно. Вашето однесување, опкружување, па дури и името може да биде различно.rn

    3. Исти соништа без некои големи промени

    rnИднината се менува во зависност од вашите постапки во сегашноста. Поради ова соништата кои зборуваат за вашата иднина постојано се менуваат. Ова не важи со соништата од минатиот живот. Сè што се случува останува исто без разлика колку пати го гледате. Причината е тоа што овие настани веќе се случиле и не можете да ги промените.rn

    4. Сегашните повреди и несреќи се присутни и во соништата

    rnНештата што ви се важни секогаш имаат корења во минатото. Ова е само едно од чудните нешта што ги прави нашиот ум. Ако се соочувате со сериозна повреда во сегашниот живот, можно е да ја најдете на истото место во соништата поврзани со минатото.rn

    5. Постојано чувство дека нешто недостасува

    rnСоништата директно или индиректно ги претставуваат нашите најдлабоки желби. Ако навистина сакате нешто во сегашниот живот, ќе откриете дека ви недостасува и во минатиот живот.rn

    6. Дежа ву

    rnРечиси секој има искусено дежа ву. Чувството е како одново да преживувате некој момент. Едноставно знаете што ќе се случи или што следно ќе каже некој.rn

    7. Се чувствувате постари

    rnСе верува дека душата живее засекогаш а умира само телото. Но некои луѓе чувствуваат малку повеќе. Се чувствуваат како нивната душа да има милион години. Таа е растргната и изморена од текот на времето. Нивниот пристап кон работите е многу поразличен од оној на луѓето на нивна возраст. Ова е знак дека вашата душа е можеби реинкарнирана.rnrnДознајте и што сте биле во минатиот живот според вашиот хороскопски знак.

  • 10 моќни причини зошто да почнете да ги следите вашите соништа

    10 моќни причини зошто да почнете да ги следите вашите соништа

    Можете да бидете толку многу зафатени што сметате дека воопшто не вреди да ги следите вашите соништа. Но пред да се откажете од себе и од она што сакате да го постигнете, имајте ги на ум овие причини зошто треба да ги следите вашите соништа.rnrnrn

    1. Животот е краток

    rnМинутите се претвораат во часови, часовите во денови. Дури да се свртите може да исчезне сè што имате. Една од најважните причини зошто треба да ги следите вашите соништа е тоа што животот е премногу краток за да не го направите тоа. Премногу луѓе го минуваат животот движејќи се во круг и прашувајќи се која е смислата. Одговорот е многу едноставен – следете ги вашите соништа. Размислете, поминувате 70, 80 години на оваа планета. Тоа е доволно за да сфатите што сакате и да почнете да го следите тоа. Немојте да го поминете целиот живот правејќи нешто што го мразите.rn

    2. Направете го тоа за себе

    rnСоништата секогаш изгледаат како тешки за достигнување, но токму поради тоа се наречени соништа. Нема чувство кое може да се спореди со радоста кога ќе го постигнете она што отсекогаш сте го сакале. Па, следете ги соништата за само една причина – вие. Направете го тоа бидејќи заслужувате да се чувствувате гордо и ги заслужувате само најдобрите нешта во животот.rn

    3. Докажете им го спротивното на оние кои не ве поддржуваат

    rnСоништата изгледаат недостижни бидејќи секогаш постојат луѓе кои ќе се сомневаат во вас и ќе ви велат дека никогаш нема да ги достигнете. Нема ништо пофрустрирачко од тоа да слушате како некој ви вели дека не можете да направите нешто. А ова ќе го слушате долг период од животот. Сепак тоа не значи дека треба да ги послушате овие луѓе и да се откажете од вашите соништа. Гледајте го секој темен период од животот како можност. Вратете се на нозе посилни од кога било порано.rn

    4. Направете го за вашата среќа

    rnСоништата доаѓаат во сите форми и големини. Можеби само сакате да постигнете некоја мала цел, како слабеење, или сакате да се најдете на листата на најбогати личности. Големи или мали, крајниот резултат секогаш ќе биде задоволително искуство. Да имате нешто што сте го сакале од мали е најдоброто чувство. Замислете да го правите тоа до крајот на вашиот живот, одново и одново. Да ја работите работата од соништата значи дека сте победиле во животот.rn

    5. Никој нема да го направи тоа за вас

    rnСледете ги вашите соништа бидејќи никој нема да ги следи за вас. Сакате да бидете следната Џ. К. Роулинг или Амелија Ерхарт? Тоа е одлично, но мора да се тестирате и напорно да работите за да стигнете до таму. Вашите ментори, колеги и пријатели не можат да ви помогнат ако вие не го водите движењето. Желбата треба да дојде од вас. Можете да побарате помош од другите, но тоа нема да го промени фактот дека вие треба да преземете нешто.rn

    6. Работењето ќе стане поподносливо

    rnСамо малкумина ја добиваат работата од соништата од прв обид. Повеќето се помируваат со здодевни работни места само колку да ги покријат нивните трошоци. Тоа е сосема во ред. Работата е дел од животот и не мора да се чувствувате заглавено бидејќи работите нешто што не сакате. Она што ќе ве мотивира е работењето на некој ваш проект настрана. Инвестирајте го слободното време во исполнување на соништата.rn

    7. Имате потенцијал да заработите повеќе

    rnСтрасните бизнисмени се поуспешни бидејќи имаат непресушен извор на ентузијазам. Можат да заработат повеќе бидејќи нема да се помират со помалку. Кога го живеете вашиот сон и правите сè што е во ваша моќ за да созреете како личност, она што го имате ќе го правите подобро. Многу е полесно да работите напорно за нешто што го сакате.rn

    8. На луѓето им е потребна секојдневна инспирација

    rnЗамислете си дека сте ги исполниле соништата и го живеете животот што го сакате. Можете да се вратите назад и да се сетите на личноста којашто сте биле и да се чудите на вашата способност да стигнете до овде. Ќе ги помните моментите кога сте биле изгубени и обесхрабрени. Околу вас постојат луѓе кои го чувствуваат тоа и продолжуваат да се сомневаат во себе. Луѓе кои се инспирирани, но сè уште не стигнале до нивната дестинација. Кога ќе ги исполните вашите соништа, ќе станете симбол за надеж за овие луѓе.rn

    9. Ќе сретнете „сродни“ души

    rnКако што ќе се одвива вашето патување, ќе среќавате луѓе кои се до истата фаза како вас. Ќе се среќавате со луѓе кои се подготвени да се откажат од сè за соништата. Кога ќе се најдете во друштво на „сонувачи“, ќе бидете оптимисти и за вашиот сон.rn

    10. Ќе се чувствувате исполнето

    rnЕдно од најважните прашања што си ги поставуваме е: „Што правам овде?“ Минуваме многу време обидувајќи се да сфатиме која е нашата улога во универзумот. Правејќи го она што го сакате ќе се чувствувате среќно, и најважно од сè – исполнето.rnrnАко навистина ви е потребна добра причина да ги следите вашите соништа, следете ги бидејќи си должите да бидете среќни до крајот на вашиот живот.rnrnОвие инспиративни цитати ќе ве потсетат дека секогаш треба да ги следите вашите соништа.