Венера беше во Скорпија изминатиов месец, а ова значи дека романсата како и социјалните интеракции беа навистина интензивни. Но со почетокот на декември, Венера ќе се наоѓа во Стрелец сè до 25-ти декември. Со ова сите ние ќе бидеме со подобро расположение и ќе се појави доза оптимизам. Па погледнете како Венера во Стрелец ќе влијае на вашиот социјален и сексуален живот во декември.rnrn
rn
Социјална интеракција
rn
rnrnСтрелецот е под влијание на планетата Јупитер која е оптимистичка и љубопитна. Кога Венера, планетата на социјалните интеракции, е во знакот Стрелец, таа создава навистина квалитетни и добри можности. Активностите како возење ролери, забави, спорт и одмори се активности во кои треба да се вклучите кога Венера е во Стрелец. Овој месец заборавете на дискутирање за вашите болни животни искуства.rn
Премногу забава
rn
rnrnЕдно нешто на коешто треба да внимавате кога Венера е во Стрелец е склоноста кон претерано забавување. Луѓето имаат желба целосно да се опуштат во овој знак, па можеби и за ова празничните забави ги бие глас дека се места каде што секој ја губи својата репутација. Па ако имате некоја романса на работното место и се плашите дека ќе изгубите контрола на забавата која ќе ја организирате таму, внимавајте што правите. Подобро е да се држите до безалкохолните пијалаци.rn
Помалку расправање, повеќе флертување
rn
rnrnВенера во Стрелец може да создаде желба да се ослободите од сите чувства на приврзаност и одговорност. Сериозните врски бараат постојана комуникација. Важно е да запомните дека споделувањето и комуницирањето не мора секогаш да оди до екстреми. Ако сметате дека комуникацијата ви станува товар, можно е да почнете да барате забава и флерт на друго место. Сепак Стрелецот е знак кој ја сака слободата и вниманието. Обидете се да ја направите комуникацијата со партнерот поопуштена и ќе се зближите многу повеќе отколку што сте очекувале.rn
Кажување на сè што мислите
rn
rnrnДруго нешто на коешто треба да внимавате под влијанието на Венера во Стрелец е проблемот да премолчите некои работи. Овој знак е опседнат со потрагата по вистината и понекогаш ова вклучува поставување на сите вистински прашања, но во погрешно време. Стрелците се директни и иако намерата не им е да бидат груби, оваа промена може да има влијание на сите. Внимавајте на желбата да докажете дека сте во право. Застанете и размислете и за другите луѓе и нивните чувства пред да прозборите. Понекогаш за време на овој транзит подобро е да слушате отколку да бидете слушнати. Но секогаш е најдобра рамнотежата помеѓу двете.rnrnДознајте и што ве очекува во 2018-та година според хороскопскиот знак.


rn
































rnrnЕдна од карактеристиките на забавната индивидуа е тоа што секогаш придонесува во разговорите. Тој/таа секогаш знае нешто интересно за споделување, како на пример, некои факти кои ве ќе изненадат или замислат. Оваа личност никогаш не стои на страна, слушајќи и кимајќи со главата на она што другите го говорат. Токму поради тоа, почнете да учите. Гледајте документарни филмови, читајте книги, сурфајте по интернет или едноставно учете од вашето лично искуство. На овој начин, вашите идеи и мисли побрзо ќе се создаваат и ќе имате многу нешта кои би можеле да ги споделите со вашите пријатели. Вие не само што ќе бидете позабавна личност, туку ќе бидете и во тек со она што се случува во светот.rnrn
rnrnКриењето во една просторија и поминувањето многу време со самите себе на никој начин не е интересно. Секој од нас одвреме-навреме има потреба да се изолира од светот, но не дозволувајте тоа да ви премине во навика. Забавните личности се секогаш опколени со други луѓе. Тие лесно започнуваат разговори, дури и со непознати луѓе. Токму поради тоа, почнете повеќе да излегувате од дома. Одете со пријателите во парк, на кафе или пак на забави. На овој начин ќе го проширите вашиот круг на познанства и истовремено ќе се забавувате многу повеќе од порано.rnrn
rnrnИнтересните личности едноставно знаат како да го привлечат вниманието на луѓето околу нив. И ништо на светов не може да привлече онолку внимание како среќата и смеењето. Овие две нешта функционираат како магнети за внимание. Доколку сакате да бидете во добро расположение, обидете се да бидете околу среќни луѓе. Избегнувајте ги оние кои секогаш ви префрлаат негативно расположение и тага.rnrn
rnrnИнтересните индивидуи никогаш не се обидуваат да бидат нешто што не се. Тие не ги имитираат останатите и не се преправаат дека се интересни. И најважно од сè, знаат дека доколку лажат, вистината кога-тогаш ќе излезе на виделина и со тоа брзо ќе ја изгубат својата репутација. За да го одржувате вашето вистинско ЈАС, најдобро е да бидете во контакт со луѓе кои ве прифаќаат онакви какви што навистина сте. Обидувајте се да го намалите контактот со луѓето кои се обидуваат на каков било начин да ве сменат.rnrn
rnrnОна што ги одделува забавните луѓе од оние кои не се е нивната страст. Тие се опседнати со тоа што го прават и секогаш го прават она што ги прави среќни. Токму поради тоа планирајте ги вашите активности така што подоцна ќе ве одведат до она за што сте страсни. Исто така многу е добро доколку никогаш не престанете да го практикувате вашето омилено хоби.rnrn
rnrnРедовните патници подобро се согласуваат со другите луѓе и умеат подобро да ги решат животните проблеми. Паровите кои патуваат заедно имаат поголема интимна поврзаност. Патувањата можат дури и да ве направат попаметни. Погледнете ги останатите среќни факти кои произлегуваат од патувањата, во видеото.rnrn
rn
rn
rnrn


rnrnСпоред истражувањето на проф. д-р Елизабет Ломабрдо, која е автор на книгата „
rn
rn
rn