КАФЕ ПАУЗА

Tag: смирување

  • Моќта на прошетката

    Моќта на прошетката

    Понекогаш, она што навистина ви е потребно за да ги решите вашите проблеми е кратка и мирна прошетка. Дали некогаш сте забележале дека додека вашиот мозок се бори со нешто вие чувствувате само зголемување на стресот? Но, кога ќе одлучите да излезете на чист воздух, на 20-минутна прошетка во парк, на плажа или околу градот и кога ќе се вратите назад кај изворот на проблемот се чувствувате необјасниво смирено?rnrnМоќта на прошеткатаrnrnТоа е моќта на прошетката, на едноставното одење и сè повеќе и повеќе истражувања ни покажуваат дека токму овој едноставен „третман“ има безброј придобивки за нашето физичко и ментално здравје.rnrnВо неодамнешна студија која била објавена во „The Proceedings of the National Academy of Science“, истражувачите ги поделиле испитаниците во 2 групи. Едната група требало да оди на прошетки на однапред договорена патека 3 пати неделно, додека на испитаниците од другата им било кажано да намалат со аеробик вежбите. Тоа што било откриено е дека во периодот на истражувањето, периодичните прошетки покажале 2% зголемување на активноста во хипокампусот, делот од мозокот кој е одговорен за учење и помнење. Кај другата група не биле забележани никакви промени.rnrnОва истражување се поврзува и со други студии кои покажуваат дека прошетките всушност ги подобруваат перформансите на задачите поврзани со помнењето, како и на општото функционирање на мозокот. Одењето е едноставна и корисна вежба за која ретко кој од нас има време. Но, кога ќе ја применувате има значајно влијание врз нашето здравје и психологијата.rnrnДругата позитивна работа поврзана со прошетките е дека таа поттикнува мечтаење и фантазирање, кои се екстремно корисни начини за зголемување на креативноста и решавање на проблемите. Понекогаш најдоброто нешто што можеме да го направиме за да решиме проблем од нашиот живот е физички да се оддалечиме од него. На тој начин му овозможуваме на нашиот мозок малку да „скита“ и преку мечтаењето дозволуваме сосема нови одговори и сознанија да излезат од нашата несвесност без никаков труд.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто кучињата си го лижат носот?

    Зошто кучињата си го лижат носот?

    Кога кучето си го лиже сопствениот нос, тоа може да изгледа симпатично и да изнуди насмевка на лицата на луѓето, но вашиот пријател не го прави тоа со таква цел. Кучињата имаат свој кучешки јазик со кој се обидуваат да комуницираат меѓу себе и со луѓето, а овој интересен гест е еден од нив.rnrnЗошто кучињата си го лижат носот?rnrnСпоред истражувачите, со лижењето на носот тие не се обидуваат да ја возбудат и да ја разиграат околината, туку пренесуваат порака дека се смируваат. Тоа не значи дека се ослободени од секаков стрес, но веќе не чувствуваат никаква опасност и се обидуваат да ја проценат ситуацијата пред да го преземат следниот чекор. Тоа би бил кучешки еквивалент на скрстените раце или чешањето на главата кај луѓето. rnrnЗошто кучињата си го лижат носот?rnrnИсто така, тоа често се случува и пред средба со друго куче или личност. Сакаат да пренесат порака на смиреност пред да „се претстават“ пред потенцијалниот пријател и затоа набрзина го исплазуваат јазикот кон носот.rnrn

    Зошто кучињата си го лижат носот?
    Ова куче го лиже својот нос поради елиминирањето на потенцијалната несигурност. Тоа во прв момент може да се почувствува загрозено поради присуството на камерата, но кога тоа ќе исчезне, со овој потег покажува дека веќе не се плаши и се спрема за нешто друго.

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Соочување со најголемиот страв

    Соочување со најголемиот страв

    Кој е вашиот најголем страв? Сте се запрашале ли некогаш зошто се плашите токму од тоа во тој степен и дали сте преземале нешто за да го надминете?rnrnСоочување со најголемиот стравrnrnЛинда Харисон имала фобија од змии. Нејзиниот страв бил толку голем што дури и кога ќе видела змија на телевизија, морала да ги затвори очите или да излезе од просторијата за да избегне напад на паника.rn
    rn

    „Знам дека звучи патетично и ирационално, но дури и самата помисла на змии прави да треперам од страв.“

    rnТаа решила да се соочи со својот страв со помош на работилница каде што ќе треба да одржува одредени јога положби во соба полна со змии. Станува збор за час по „Kumara Serpent Healing“, кој е многу сличен на традиционалната јога, но на крај сите кои учествуваат имаат шанса да погалат змија. Овој курс се наоѓа во „Центарот за јога, медитација и многу повеќе од тоа“ во Лондон, Англија.rn
    rn

    „Часот беше многу напорен и се работеше многу брзо. Една јога положба, сигурно претпоставивте дека е наречена кобра, беше проследена со многу склекови. Но, болката која ја чувствував ми помогна да не размислувам на змиите во просторијата. Имаше и неколку чудни положби при кои се чувствував како идиот, но според инструкторката Квали Кумара, тие требаше да го трансформираат нашиот страв во љубов.“

    rnПо 2 напорни часови поминати во вежбање, целата група застанала во круг. Линда сè уште била преплашена од змиите и покрај изјавувањата на Квали Кумара дека се пријателски настроени.rn
    rn

    „Земав воздух длабоко, ја испружив раката и допрев една змија, кралски питон. Таа се завитка околу мојата рака и почна да се движи накај моето рамо. Успеав да издржам контакт со сите 17 змии во просторијата и со секоја од нив се чувствував сè посигурно и повеќе под контрола на ситуацијата.“

    rnМожеби ќе ви звучи чудно и невистинито, но по сè ова Линда успешно ја совладала својата фобија. Доколку и вие имате некаков страв или фобија која ви пречи во нормалното функционирање во текот на денот, погледнете ги овие неколку совети кои ќе ви помогнат полесно да се изборите со нив:rnrnСоочување со најголемиот стравrn

      rn011

    • Дајте си слободно време. Одвлечете си го вниманието од стравот така што ќе излезете на воздух. Прошетајте 15 минути во најблискиот парк. Доколку не сте во можност да излезете направете си чај кој ќе ви помогне да се смирите. Никако не дозволувајте им на емоциите да преовладуваат со вас, бидејќи има големи шанси потоа да не можете да ги контролирате.
    • rn011

    • Размислете што би било најлошото нешто што може да се случи. Ако имате лист и пенкало во близина почнете да ги запишувате сите мисли кои ви поминуваат низ глава и потоа прочитајте ги. Дури и да ви се оствари најлошото сценарио, големи се шансите дека ќе останете живи. 🙂
    • rn011

    • Изложувајте се себеси на стравот. Ако се соочувате со него, тој ќе почне да бледнее бидејќи вашиот мозок ќе почне да сфаќа дека навистина не е толку страшно колку што сте мислеле претходно. Не мора одеднаш да се соочите целосно со стравот. Смислете си неколку помали предизвици кои ќе ги надминувате на дневна база.
    • rn011

    • Визуелизирајте. Кога ќе се почувствувате нервозно, затворете ги очите, замислете си мирно и безбедно место (плажа, вашиот кревет…) и дозволете им на позитивните чувства да ве смират.
    • rn011

    • Разговарајте отворено за вашите стравови. Споделете ги со најблиските и објаснете им детално кога се јавуваат тие и што е потребно да направите за да се смирите. Овие разговори многу често влијаат смирувачки на личноста и помагаат при полесно прифаќање на стравовите.
    • rn011

    • Наградете се себеси. При секое успешно соочување и надминување на вашите стравови дозволете си масажа, прошетка во природата или пак, направете си го вашето омилено кафе.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и смирувањето со партнерот после кавга

    Астрологијата и смирувањето со партнерот после кавга

    Секој понекогаш мора да се налути. Некои тоа го прават одвреме-навреме не криејќи ги чувствата, а други пак долго молчат и еден ден ќе експлодираат како вулкан. Здраво е да се покаже лутина, повремено да се скарате и искрено да кажете што мислите, но понекогаш е корисно да кажете и нешто со што ќе го смирите соговорникот и ќе спречите кавгата да ескалира. Дознајте како со кој знак можете да се скарате и што треба да му кажете за да го сочувате мирот.rnrnАстрологијата и смирувањето со партнерот после кавга rn

    Овен

    rnЗа да го смирите овенот, едноставно морате да му дадете на знаење, дека сте чуле сè што рекол и дека ќе сторите сè што е во ваша моќ за тој/таа да биде задоволен, без разлика дали се сложувате со тоа. Треба да го уверите дека има целосна контрола за тоа што ќе се случи, па дури и ако станува збор за заблуда. Овенот ќе се смири во оној момент кога ќе стане свесен дека има моќ и дека ја контролира ситуацијата.rn

    Бик

    rnЛутиот бик не е лесно да се смири. Луѓето родени во овој знак се вистински воини, кои секоја навреда ја доживуваат како предизвик. Единствен начин да го сопрете нападот, особено ако го навредите, е едноставно да си легнете и да се правите дека сте мртви, се разбира фигуративно кажано. На бикот кажете му дека е во право, дека секогаш бил во право и дека секогаш ќе биде. Ова звучи како погрешен пристап, но ова е единствениот начин да се смирите со луѓето родени во овој знак.rn

    Близнаци

    rnНајдобар начин да ги смирите близнаците, е да им кажете дека ги почитувате и дека можете да се сложите околу тоа дека не се сложувате. Близнаците исто така одлично реагираат на писмена комуникација. Писмо во кое ги објаснувате своите ставови или писмо со извинување, без проблем би требало да ги смири близнаците. Всушност станува збор за дипломатски знак кој најчесто може да ги согледа двете страни на проблемот. Во смирувањето може да помогне ако својот партнер близнак го однесете на вечера за да поразговарате околу проблемите.rn

    Рак

    rnПричината поради која ракот најчесто може да се скара, е што се почувствувал навредено или несигурно. За да се смири, морате да го уверите дека секогаш ќе бидете тука за него/нејзе без разлика што ќе се случи и дека секогаш ќе бидете на негова/нејзина страна, независно дали е во право или не. Комплиментот е најделотворното оружје во смирувањето на ракот.rn

    Лав

    rnСилното викање на лутиот лав не е лесно да се сопре. Најдобро е да не изговорите ниту еден збор додека лавот не заврши со својот гласен монолог. Морате да бидете тивки и покорни и да дозволите работите да се одвиваат по својот тек. Добрата работа кај лавовите е што нивната лутина никогаш не трае долго, а кога ќе се смират, тоа за нив е готова работа и немаат обичај да бидат злопамтила.rn

    Девица

    rnОва е еден од најтешките знаци за кавга и смирување, бидејќи кога ќе се налутат стануваат тивки и некомуникативни и многу често можат да лажат за тоа дали нешто замеруваат или не. Девицата може да се прави дека сè е во најдобар ред, а за тоа време да подготвува некаква одмазда. Најдобар начин да се смирите со претставник на овој хороскопски знак, е да се извините и да ѝ кажете дека е во право, а потоа да продолжите да терате по свое.rn

    Вага

    rnНа луѓето родени во знакот вага, сè што треба е да им се каже, е дека треба да направат пауза, да земат воздух или да излезат на кратко и да размислат. Всушност вагите се нежни и не сакаат претерано да се караат. Тие се големи дипломати и ако им дадете неколку минути да се смират, вообичаено ќе ги согледаат двете страни на проблемот. Добро реагираат ако ги поканите на пијалак, за да поразговарате околу проблемите.rn

    Скорпија

    rnСо скорпиите е многу тешко да се смирите бидејќи имаат склоност да ги повредуваат другите луѓе, но сепак тие секогаш ќе реагираат на две работи, а тоа се пари и секс. Скорпиите ќе престанат да ве тероризираат ако некако можете да им покажете дека сте помоќни од нив во социјална смисла. Кажете ѝ на скорпијата дека е многу моќна и дека не може да згреши и на тој начин ќе ја преземете контролата во расправијата.rn

    Стрелец

    rnСтрелците обожуваат расправии и ако не сте внимателни можат да ве вовлечат во кавга, која може да потрае и неколку часа, при што ќе ви се чини дека логиката се врти во круг, на моменти дека воопшто ја нема и дека на крајот никој нема да победи. Според тоа најдобро нешто што можете да направите, е да побегнете од просторијата пред воопшто стрелецот да ве вовлече во вербална војна.rn

    Јарец

    rnЛуѓето родени во знакот јарец стануваат особено студени и некомуникативни кога ќе се налутат. Единствена работа што може малку да ги омекне е хуморот. Ако кавгата излезе од контрола, обидете се да ги насмеете. Напнатоста можете да ја ублажите ако им кажете нешто смешно или ги потсетите на некоја забавна случка од минатото.rn

    Водолија

    rnВодолиите секогаш можете да ги смирите со музика или со некоја соодветна филозофска реченица или поговорка. Луѓето родени во овој знак, ја обожуваат мистичноста на религијата и цитатите на големите филозофи. Тие воопшто не се воинствени личности и многу лесно можете да ги натерате да се смират и да не навредуваат никого.rn

    Риби

    rnРибите премногу се плашат од фактот дека личноста на која се лутат и со која се во расправија, ќе изгуби способност за цивилизиран разговор. Тие се несигурни и не сакаат промени. Единствениот начин да спречите премногу да се налутат е постојано да им давате комплименти, да им го потхранувате егото и да направите да бидат свесни дека ги сакате и дека ја контролираат ситуацијата.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.