КАФЕ ПАУЗА

Tag: смирување

  • Смирете се без лекови: Практичен совет за оние моменти кога емоциите ќе ве совладаат

    Смирете се без лекови: Практичен совет за оние моменти кога емоциите ќе ве совладаат

    Секоја личност си има свој начин на борење кога станува збор за стресот. На некои луѓе има помага длабокото дишење, на други чаша топла вода со лажичка шеќер. Но, постојат и оние кои во овој момент едноставно не можат да ги совладаат своите емоции. Доколку вие сте едни од нив, тогаш овој трик без сомнение ќе ви се најде во критичните моменти и ќе ви помогне да ги преземете нештата во свои раце. Без разлика каде се наоѓате и што ви се случува, постои начин да ги совладате вашите емоции, грижи и стрес. Овој трик делува толку силно на вашиот организам, што никогаш повеќе нема да имате потреба да посегнете по лекови за смирување.rnrnСмирете се без лекови: Практичен совет за оние моменти кога емоциите ќе ве совладаатrnrnСо цел да се смирите, вие мора да го намалите лачењето на адреналинот во вашата крв. Тој се создава во критични ситуации, кои организмот ги препознава како опасни по живот со цел да ви помогне да преживеете. Но, доколку ги преземете нештата под ваша контрола, ќе успеете моментално да го вратите целиот нервен систем во нормална ситуација. Па, следен пат кога ќе бидете многу нервозни, лути или во паника, направете го следново:rn

      rn011

    • Длабоко вдишете, стискајќи ги рацете во тупаница, најсилно што можете, така што со ноктите ќе притиснете врз дланката.
    • rn011

    • Издишете и опуштете ја тупаницата.
    • rn011

    • Повторете го ова 10-15 пати, концентрирајќи се на движењето на мускулите додека дишете длабоко.
    • rn

    rnТајната на ефикасноста на овој трик е во тоа што со брзите и енергични движења вие помагате да се регулираат нивоата на адреналин во вашето тело. Вашата задача е да се ставите самите под контрола, а со оваа техника без сомнение ќе успеете.

  • Минатото ќе ви тропне на врата: 3 хороскопски знаци чија бивша љубов ќе им се врати во животот

    Минатото ќе ви тропне на врата: 3 хороскопски знаци чија бивша љубов ќе им се врати во животот

    Доколку сте помислиле дека сте избегале од минатото, подгответе се за спротивното бидејќи неколку непланирани средби можат да ве навратат на стари спомени. Токму тоа целосно ќе ги смени вашите планови, па затоа ќе имате и само 2 избора – да стапите во брак или целосно да се заборавите еден со друг. Само 3 хороскопски знаци до крајот на оваа година ќе имаат конфузни љубовни ситуации, па откријте дали и вие сте едни од нив…rnrnМинатото ќе ви тропне на врата: 3 хороскопски знаци чија бивша љубов ќе им се врати во живототrn

    1. Овен

    rnМинатото се подготвува да ве потсети. Во овој случај нема да важи онаа реченица: „Минато, те молам опрости ми“, бидејќи како што досега сите врапчиња на гранките научиле – кармата секогаш доаѓа. Некоја ваша бивша љубов ќе воспостави контакт со вас така што ќе ви се јави со зборовите: „Те барам како пријател, да видам како си и што правиш…“ Токму во тој момент играта може да започне. Има големи шанси околу ноември да се смирите и да започнете сериозна врска, па можеби дури и брак. Па, нека ви е со среќа, време беше да се смирите!rn

    2. Близнаци

    rnБлизнаците ќе вкусат дел од „колачот“ кои судбината и кармата им го подготвуваат. Припадниците на овој знак најчесто лесно се провлекуваат низ големи и застрашувачки настани, но изгледа дека овој пат нема да можат да побегнат од духовите од минатото. Оние кои се осамени веќе подолго време, дури сега успеваат да остварат силно и стабилно партнерство, додека пак, оние кои се во емотивни односи ќе налетаат на преиспитување на цврстината на својата врска. Нешто во вас ќе ве натера да контактирате со некој кој одамна не сте го чуле, а за кој сè уште ве врзува нешто длабоко од внатре.rn

    3. Рак

    rnНа Раковите не им е сè мед и млеко. Ситуацијата изгледа вака: Вие во секое поле од животот чувствувате притисок, вклучувајќи го домот, партнерството, бракот, па дури и работата. Проблемите на емотивниот план ќе успеете да ги решите со мир, трпение, истрајност и решителност.  Но, и вам ве следува борба со духовите од минатото. Вие нема да можете да одолеете да одговорите на еден повик од онаа личност која сè уште го чува вашето срце, па ќе отрчате по уште една доза пред да продолжите понатаму со вашиот живот. За оние Ракови на кои љубовта во текот на целата година им бегала, ќе имате шанса за нова во декември, па обидете се да не ја пропуштите таа можност.

  • Моќта на боите: Како боите влијаат врз расположението?

    Моќта на боите: Како боите влијаат врз расположението?

    Сите имаме такви денови кога нашите потпетици едноставно не се однесуваат како што сакаме, карминот ни се размачкува и ни се кине или валка облеката. Пред да сфатиме, нашиот ден е упропастен поради „совршената“ комбинација и „прекрасната“ шминка терајќи нѐ да се чувствуваме непосакувано, несигурно и уморно. Прашањето е: Дали има начин се преобрати ефектот и да се развеселиме без разлика на јасно видливите штети во нашиот изглед? Секако дека има, а употребата на овие бои за да го подобриме расположението има голема улога во тоа.rn

    1. За подобро расположение – црвена

    rn1-mokjta-na-boite-kako-boite-vlijaat-vrz-raspolozhenieto-kafepauza.mkrnrnАко сакате да се чувствувате подобро, одлучноста да успеете и да имате внатрешна сила се од витална важност. Никогаш не е лошо да ја дофатите најхрабрата боја во палетата – црвената. Како сите живи и моќни бои, црвената асоцира на моќ, нѐ охрабрува да преземеме иницијатива и ја брише негативната енергија. Ова се потврдува со фактот што професионалците често носат црвено на натпревари и со тоа што таа е една од боите која се користи на возилата за брза помош и опремата за прва помош.rnrnЦрвената ни шепоти да бидеме храбри, а тоа резултира со добар ден без разлика што нашата коса, чанта или облека кажуваат спротивно. Кога веќе го кажавме сето ова, останува уште да ги проследиме зборовите на познатата Коко Шанел: „Ако сте тажни, нанесете повеќе кармин и напаѓајте!“rn

    2. За енергетска поддршка – портокалова

    rn2-mokjta-na-boite-kako-boite-vlijaat-vrz-raspolozhenieto-kafepauza.mkrnrnПортокаловата има слични енергии како црвената, но сепак е поразлична. Наместо храброст или ароганција, портокаловата промовира енергија и акција без дрскост и со доза нежност која црвената ја избегнува.rnrnСпортските компании оваа психолошка карактеристика на портокаловата боја ја користат врз нас и намерно прават облека во портокалови бои и преостанатите живи нијанси како електрично зелена и неонско розова. Тоа особено се забележува во спортската колекција на брендот H&М.rnrnСледниот пат кога ќе имате проблеми со мотивацијата на сред кардио сесија, додадете малку портокалова и измамете го мозокот дека имате енергија. Таа ќе ви ја возобнови одлучноста, ќе ви даде енергија и ќе ве натера да го завршите тренингот со поголем успех отколку што сте очекувале.rn

    3. За детоксикација на стресот – зелена

    rn3-mokjta-na-boite-kako-boite-vlijaat-vrz-raspolozhenieto-kafepauza.mkrnrnНе само што ги смирува нервите, туку и предизвикува хармонија во домот ако ја користите како доминантна боја во вашиот стан или куќа. Токму затоа голем дел од луѓето бараат нешто зелено – без разлика дали е корица на книга или пејзаж од природата пред да скокнат во лудиот ден исполнет со обврски. Зелената смирува и природно и фугиративно, но исто така ревитализира при стресни ситуации. Затоа прошетките во парк толку многу ве релаксираат. Сепак, внимавајте на жестоките неонски зелени кои имаат повеќе функција како црвената и предизвикуваат страст и енергија, а не опуштање и релаксација.rn

    4. За да покажете кој е шеф – сина

    rn4-mokjta-na-boite-kako-boite-vlijaat-vrz-raspolozhenieto-kafepauza.mkrnrnПоради нејзиниот интензитет, а сепак резервирани квалитети, сината е популарен избор кога станува збор за професионална облека и конференции. Оваа боја се поврзува со смиреност и формалност, што ја прави добар избор за облека за на работа и за формални настани. Но, внимавајте кога ја користите во домот затоа што потемните нијанси повеќе асоцираат на тага отколку на смиреност.rn

    5. Убавицата над сите бои – црна

    rn5-mokjta-na-boite-kako-boite-vlijaat-vrz-raspolozhenieto-kafepauza.mkrnrnПоследна, но не и помалку важна е црната. Според бесмртните зборови на Тед Грант: „Кога фотографирате луѓе во боја, вие ја фотографирате нивната облека, но кога ги фотографирате во црно-бело, вие ги фотографирате нивните души.“rnrnБоите не ни дозволуваат да го забележиме вистинскиот карактер на луѓето, но црната дозволува да се забележи вистинскиот облик на човекот, иако резервирана, сепак зрачи со сензуалност, моќна, но тивка и дефинирачка, а притоа конзервативна. Едноставно кажано, таа одговара на секоја прилика – од кежуал љубовен состанок до настан на црвениот тепих.rnrnЗатоа, ако сакате да влезете во елегантен и реномиран ресторан после работа, без да се пресоблекувате, носете мало црно фустанче. Така ќе се чувствувате добро облечени и елегантни, но сепак конзервативни.

  • 5 јога пози кои можат да им помогнат на вашите мали дечиња брзо да се смират

    5 јога пози кои можат да им помогнат на вашите мали дечиња брзо да се смират

    Можеби е одбивањето да носи капа, желбата да не излезе од автомобилот или пак, воопшто да не влезе во него, но што и да е причината (реално таа може да биде буквално сè), сите родители знаат во кој момент нивното дете оди на патот кон целосна криза.rnrnКога тоа ќе се случи, навистина е многу тешко да се премине од менталната реакција на физичка бидејќи тие се целосно обземени од нивните емоции кои ги манифестираат преку физички сензации и стрес. Токму затоа, во овие тешки моменти, јогата може да биде вашиот најдобар спас. Погледнете ги следниве 5 јога пози кои можат да ви помогнат полесно да ги надминете тие навидум невозможни моменти…rn

    1. Здивот на пчелата

    rnНајпрво, побарајте од вашето дете да земе длабоко воздух. Ова може да биде одличен начин да создадете кратка пауза која ќе ја ослободи тензијата. Доколку и вие дишете длабоко со вашето дете, ќе создадете поголем ефект. Особено ако најдете начин како да го направите тоа забавно.rnrn(1) 5 јога пози кои можат да им помогнат на вашите мали дечиња брзо да се смиратrnrnСеднете на колена, вдишете и истегнете го вашиот ‘рбет така што ќе ги повлечете рацете наназад. Издишете и спуштете го вашето чело кон земјата додека испуштате звук како пчелите.rn

    2. Движење како мачка

    rnНаучете го вашето дете дека доволно е да помести само еден мускул со цел да го промени начинот на кој се чувствува. Многу е тешко да се најде решение кога сè околу него/неа изгледа тесно. Токму затоа погрижете се да му објасните на вашето дете дека кога чувствува фрустрација, стрес или гнев, тоа може да го намали со помош на позата на мачката.rnrn(2) 5 јога пози кои можат да им помогнат на вашите мали дечиња брзо да се смиратrnrnВдишете и погледнете нагоре, дозволувајќи му на ‘рбетот да падне надолу. Издишете и повлечете ја брадата кон вас, подигнувајќи го ‘рбетот како што прават мачките.rn

    3. Седење на облак

    rnОдлуката да се земе тоа што во одреден момент нè мачи и едноставно да се отпушти, може да влијае многу моќно на едно дете кое достигнало толку високо ниво на немоќност. Оваа поза може да се искористи за да се соберат сите (невидливи) фрустрации на купче пред вас и вашето дете, а потоа едноставно да се фрлат нагоре во воздухот, каде што тие никогаш нема да се вратат. Ова исто така може да биде одличен начин да ги охрабрите вашите деца да го именуваат чувството кое им е тешко, без сè уште да треба да се справат со него. За што и да станува збор, вие можете да го именувате, да соберете сѐ на куп, а потоа и да го ослободите да си оди.rnrn(3) 5 јога пози кои можат да им помогнат на вашите мали дечиња брзо да се смиратrnrnВдишете, свиткајте ги вашите колена и „собирајте“ ги невидливите облаци околу вас. Издишете и исправете ги вашите нозе, подигнувајќи ги рацете над вашата глава.rn

    4. Стоење како дрво

    rnСите овие вежби се наменети да му дадете на вашето дете повеќе можности во моментот кога тој/таа чувствува како да нема ниту една (освен кризата). Вие можете да предложите поместување на фокусот со оваа поза на балансирање која има многу силен ефект на стабилизирање. Токму смиреноста и концентрацијата на оваа поза може да го смири фрустрираниот ум.rnrn(4) 5 јога пози кои можат да им помогнат на вашите мали дечиња брзо да се смиратrnrnИсправете се. Поставете ја едната нога на вашиот глужд или над вашето колено и балансирајте. Вашите раце можат да бидат допрени со дланките врз вашите гради или да стојат во воздух како гранки од дрво. Земете неколку пати длабоко воздух, а потоа сменете ја ногата.rn

    5. Детска поза

    rnТаа може да биде од голема помош во сите оние стресни моменти така што ќе му овозможите на вашето дете да се грижи само за себе. На часовите по јога, оваа поза често се користи како одмор. Таа му овозможува на детето да се склопчи и истовремено да ги истегне долниот дел од грбот, колковите и бутовите. Таа има и неверојатно смирувачки ефект врз централниот нервен систем.rnrn(5) 5 јога пози кои можат да им помогнат на вашите мали дечиња брзо да се смиратrnrnЗапочнете на раце и колена, а потоа притиснете наназад со цел да седнете на вашите стапала и повлечете ги градите кон вашите бутови. Истегнете ги рацете пред вас или поставете ги странично покрај вашето тело. Дишете длабоко и одморете.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 8 моменти во кои мажот сфаќа дека е спремен да се скраси

    8 моменти во кои мажот сфаќа дека е спремен да се скраси

    Кога се помлади, помислата да се смират и да се скрасат покрај една личност за повеќето мажи е страшна. Сепак, како што одминува времето и како што созреваат, тие сфаќаат дека тоа е пат кој има повеќе смисла и сега сакаат да го одат. Младиот филозоф и автор Пол Хадсон открива осум моменти кои се пресвртни за мажите и во кои тие решаваат да го променат текот на својот живот.rnrn8 моменти во кои мажот сфаќа дека е спремен да се скрасиrn

    1. Сфаќа што значи да си сам

    rnВо текот на животот сме опкружени со многу луѓе и за повеќето од нив веруваме дека ни се пријатели и дека се грижат за нас. Но, како што одминува времето, така сфаќаме дека само мал дел од нив вистински се загрижени за она што се случува во нашиот живот. Тоа е еден од моментите во кој учиме дека можеме да имаме многу луѓе околу нас и пак да бидеме сами, а можеме и да бидеме со само неколку луѓе и да имаме одлично и богато друштво. Некои во тој момент сфаќаат што значи и да си осамен. Тогаш тие ја сфаќаат вредноста на луѓето кои се покрај нив.rn

    2. Веќе не е заинтересиран за ставање рецки

    rnНекои мажи воопшто не претендираат да имаат што е можно повеќе партнерки во животот, но повеќето попуштаат пред притисокот на околината и се обидуваат да направат одреден „стаж“ пред да почнат да размислуваат да се скрасат. Но, кога тој ќе ја почувствува празнината која се јавува како последица на тоа што се трудел да задоволи нечии туѓи очекувања, сигурно ќе побара вистинска љубов.rn

    3. Веќе не ужива во сексот со личност во која не е вљубен

    rnСигурно дека таквиот секс му годи до одредена граница, но знае дека тоа не исто како кога е со личноста која ја сака. Повеќе ужива в кревет со личност со која добро се познава отколку со некоја со која нема многу заедничко.rn

    4. Му треба љубов

    rnСите велат дека им треба љубов, но не секој се однесува така. Оној кој веќе сака да се скраси има толку голема потреба од вистинска љубов што одеднаш сè му изгледа безначајно без неа. Тој е спремен да го посвети својот живот на личност која е спремна да му овозможи да прима и да дава љубов.rnrn8 моменти во кои мажот сфаќа дека е спремен да се скрасиrn

    5. Некој друг има приоритет во неговиот живот

    rnТој можеби за прв пат во животот става нечии туѓи потреби пред своите. Тоа не им е лесно на мажите, со оглед на нивниот начин на воспитување, но ако тој почне да покажува дека потребите на девојката може да ги стави пред своите, тогаш сигурно е спремен да се скраси покрај неа.rn

    6. Веќе размислува за деца

    rnШтом почне да размислува за тоа како би било и тој да има деца и сака да му се случи тоа, јасно е дека тој размислува и да го смени начинот на живот за да ја оствари таа желба.rn

    7. Не е повеќе изгубен

    rnМладите луѓе знаат да бидат изгубени во животот, особено оние кои учат само од своите грешки. Ним им треба многу време за да сфатат што сакаат во животот и да се пронајдат себеси. Мажот кој поминал низ ова веќе исправил многу грешки кај себе и е спремен за „посериозен“ живот.rn

    8. Ја среќава вистинската

    rnМажот може да биде спремен на што било, но ако покрај себе ја нема вистинската сопатничка, не може да тргне на пат. Сфатил дека животот нема да му биде возбудлив додека е сам и затоа моментот кога ќе ја сретне онаа за која смета дека може да биде онаа со која ќе го помине остатокот од животот е еден од пресвртните во неговиот живот.

  • Мелем за смирување кој помага побрзо да заспиете

    Мелем за смирување кој помага побрзо да заспиете

    Обидот да заспиете понекогаш може да биде тежок и безуспешен поради стресот. Токму кога ќе си легнете ви се јавуваат сите можни мисли на светот кои не ви дошле во текот на денот, а тоа е моментот кога стресот си го прави своето и ви носи несоница. Обидете се да се смирите со помош на овој мелем кој можете сами да го направите дома и потоа да го нанесете на некои делови од телото или само да го чувате покрај креветот и да му оставите на мирисот да си го одработи своето.rnrnМелем за смирување кој помага побрзо да заспиетеrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • една шолја кокосово масло
    • rn011

    • една шолја маслиново масло
    • rn011

    • една лажичка пчелин восок
    • rn011

    • етерични масла од лаванда, кедар, портокал, цимет и мајчина душица
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИзмешајте ги заедно кокосовото и маслиновото масло, потоа додајте им го и восокот и смесата ставете ја на тивок оган или во микробранова за сè добро да се растопи. Во друг сад измешајте ги сите етерични масла. Најдобро е да ставите по 50 капки од секое. Потоа измешајте ги првата смеса и мешавината од етерични масла, ставете ги во сад или повеќе мали садови според ваш избор и оставете ги да се изладат на собна температура. Со тоа мелемот е готов и потоа можете да го ставите покрај креветот да го шири својот мирис или да го користите за мачкање на телото.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Смирување со бившиот? 6 прашања кои ќе ви помогнат да одлучите дали да одите по тој пат

    Смирување со бившиот? 6 прашања кои ќе ви помогнат да одлучите дали да одите по тој пат

    Ако сакате повторно да се впуштите во врска со бившиот, ова се шесте прашања кои би требало да си ги поставите себеси. Сигурно постојат многу причини поради кои вашата врска не успеала „од прв пат“, па имајте го тоа на ум пред да одлучите што понатаму.rnrnsmiruvanje-so-bivshiot-6-prashanja-koi-kje-vi-pomognat-da-odluchite-dali-da-odite-po-toj-pat-kafepauza.mkrn

    1. Дали сте осамени?

    rnЗапрашајте се искрено: дали сте осамени или навистина ви недостига вашиот бивш? Прифатете го фактот ако навистина ви недостига, но не се впуштајте во истата врска само затоа моментално што не излегувате со некој друг.rn

    2. Зошто навистина сакате да му се вратите на бившиот?

    rnБидете сигурни дека вашите чувства се навистина искрени. Немојте да ја помешате љубовта со недостасувањето.rn

    3. Зошто вашата врска заврши?

    rnДали тоа беше негова грешка или пак ваша? Дали можете да ја поправите и да продолжете понатаму? Најверојатно истите причини пак ќе се појават, па затоа размислите подобро.rn

    4. Дали сте спремни да ги прифатите меѓусебните разлики?

    rnАко двајцата „созреавте“ додека бевте разделени, можеби овој пат кај вас ќе има повеќе љубов и разбирање.rn

    5. Дали навистина ќе почнете од почеток?

    rnРасчистете ги сите стари несогласувања со него и со себе. Почнете од почеток и не го осудувајте за она што се случило во минатото. Фокусирајте се на забавата и градењето на стабилна врска.rn

    6. Дали навистина се сакате себеси?

    rnДали навистина го сакате или се чувствувате несигурно? Проверете дали тој манипулира со вашите чувства.

  • Те молам врати ми се: Како да дознаете дали бившиот ве сака назад?

    Те молам врати ми се: Како да дознаете дали бившиот ве сака назад?

    Автор: Моника ДимитровскаrnrnВо кои од овие потези најмногу го препознавате?rn

      rn011

    1. Ви се јавува многу често (А)
    2. rn011

    3. Се распрашува како ви оди (В)
    4. rn011

    5. Не престанува да ви дели комплименти (Б)
    6. rn011

    7. Ви се јавува/пишува без да има нешто важно да каже (А)
    8. rn011

    9. Ви пишува пораки на социјалните мрежи (А)
    10. rn011

    11. Контактира со вашите пријатели и семејство (В)
    12. rn011

    13. Ги избегнува излегувањата со заедничките пријатели (В)
    14. rn011

    15. Постојано ве сретнува случајно (Б)
    16. rn011

    17. Ве потсетува на убавите заеднички моменти (Б)
    18. rn

    rnТе молам врати ми се: Како да дознаете дали бившиот ве сака назад?rnrnПроверете какви се неговите размислувања за вашата мината врска и неговите ставови за вашата иднина според групата одговори кои најмногу одговараат на вашата ситуација.rn

    А. Проверува колкави му се шансите да се смирите

    rnСо доцните јавувања во ноќта само за да провери како сте, што правите и секако, ако може да дознае со кого сте, тој сака да знае како и дали ви оди без него, дали се сè уште сте сингл и дали повторно има место за него.rn

    Б. Се обидува да ве убеди дека сте родени еден за друг

    rnСо постојаните случајни средби и потсетувања на убавите заеднички моменти поминати заедно, сфаќате дека единствено нешто што тој се обидува да направи е да ве врати назад! Тој е толку очаен што нашол време и да види каде се движите откако не сте заедно за да може да предизвика случајна средба на која ви дели комплименти за тоа како изгледате поубаво од кога било и како не му се верува што пропуштил!rn

    В. Упс… и тој сака да продолжи понатаму, без вас

    rnСо тоа што сака да дознае како ви оди животот по раскинувањето, ви дава до знаење дека сè уште се грижи за вас и дека иако ви се разминаа патиштата, не значи дека не може да останете во контакт. Одржувањето блиски контакти со вашето семејство ја означува почитта која тој ја чувствува кон вашите родители и браќа, со кои не сака да си ја расипе врската.rnrnОткако раскинавте тој ги избегнува излегувањата со заедничките пријатели само за да не ве повреди и се обидува да го скрие фактот дека почнал да излегува со други девојки.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Современите родители ги успиваат децата со песни од Ријана и Адел

    Современите родители ги успиваат децата со песни од Ријана и Адел

    Современите родители сè повеќе се откажуваат од традиционалното успивање на нивните деца со пеење или пуштање на детски приспивни песнички. Наместо тоа, ги успиваат со популарните хит песни од топ-листите, вели новото британско истражување.rnrnСовремените родители ги успиваат децата со песни од Ријана и Адел rnrnТрадиционалните песни како „Twinkle Twinkle Little Star“ (или нашиот еквивалент Нани, нани бебенце) се прогласени за старомодни и глупави и наместо нив, родителите ги пуштаат хитовите на Адел, Бруно Марс или Ријана.rnrnПоловина од 2.000 анкетирани родители, признаваат дека со поголемо задоволство им ги пеат на нивните деца познатите хитови, а само 15% од родителите, сè уште ги фаворизираат приспивните песнички.rn

    rnХитот на Бруно Марс „Just the Way You Are“ и на Адел „Someone Like You“ се најпопуларни песни за деца, а потоа следува „Umbrella“ на Ријана, покажала анкетата.rnrnСтручњаците истакнуваат дека секое пеење е добро за децата, без оглед дали станува збор за нов поп хит или песни стари 100 години. Децата изложени на музика, најверојатно ќе развијат добри говорни способности. Музиката воедно ги успокојува децата и им помага подобро да се справат со болка. Тоа е така бидејќи слушањето музика им го зголемува нивото на допамин, кој им помага да спијат поцврсто.rnrnМодерната музика сепак не е секогаш добар избор, бидејќи третина од родителите признаваат дека нивното дете попрво ќе се умири со традиционална приспивна песна, отколку со поп песна. Исто така, половина од родителите признаваат дека им дозволиле на нивните деца, намерно или ненамерно, да слушаат поп песни кои содржат несоодветен текст.rnrn[message_box title=”Топ 20 поп и рок песни кои родителите им ги пеат на децата:” color=”yellow”]rnrn1. Bruno Mars – Just the way you arernrn2. Adele – Someone Like yournrn3. Rihanna – Umbrellarnrn4. Robbie Williams – Angelsrnrn5. Rihanna – Diamondsrnrn6. Guns n Roses – Sweet Child O’ Minernrn7. Oasis – Wonderwallrnrn8. Taylor Swift – I knew you were Troublernrn9. Christina Aguilera – Beautifulrnrn10. McFly – It’s All About Yournrn11. Whitney Houston – I Will Always Love Yournrn12. Labyrinth feat Emeli Sande – Beneath your Beautifulrnrn13. Bryan Adams – Everything I Do, I Do it for Yournrn14. Emeli Sande – Next to Mernrn15. U2 – With or Without yournrn16. Adele – Skyfallrnrn17. Gotye – Somebody I Used to Knowrnrn18. Take That – Back for Goodrnrn19. Patience – Take Thatrnrn20. Professor Green feat Emilie Sande – Read all About it[/message_box]rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 златни правила за карање во врската без ниски удари

    5 златни правила за карање во врската без ниски удари

    Ниедна врска не може да пројде без ниту една кавга. Доколку нема кавги, тогаш најверојатно нешто не е во ред. Кога ќе дојде до кавга, најдобро е да внимавате да не задавате ниски удари, бидејќи и после кавгата тие ќе останат да лебдат во воздухот и нервозата сè уште ќе остане присутна. Затоа кога ќе настане кавга внимавајте на следниве неколку правила.rnrnПет златни правила за карање без ниски удариrn

    Кога е најлошо подобро е да се повлечете

    rnАко не можете да издржите под притисокот, тогаш повлечете се. Ако немате каде да се тргнете, тогаш барем обидете се да ја промените темата или да направите пауза за смирување, пред да кажете нешто од кое нема враќање. Во секоја кавга се кажуваат секакви работи, кои најчесто не ги мислиме, па затоа е многу важно понекогаш да се повлечете.rn

    Дишете длабоко

    rnСекое длабоко вдишување го намалува стресот, а доколку се сконцентрирате многу полесно ќе ја поднесете кавгата и ќе ја избегнете непотребната бурна реакција.rn

    Смејте се

    rnСекако, не треба да се смеете иронично за да го излудите партнерот, туку да се обидете да внесете малку позитивна енергија во кавгата. Промената на негативното струење за време на кавгата, може да придонесе полесно да дојдете до заклучок и да го решите проблемот побрзо.rn

    Сложувајте се

    rnДоколку се држите до вашата страна, а партнерот сепак каже нешто што има смисла, немојте да смислувате контрааргумент кој не оде никому во прилог. Сложете се кога знаете дека тој е во право, а со тоа ќе покажете дека сте разумна личност која сака да го реши проблемот.rn

    Смирете се

    rnОва е секогаш најтешко, но што побрзо го намалите тонот, толку побрзо ќе го решите проблемот. Доколку постојано го повишувате тонот, многу брзо ќе дојде до апсолутно несогласување, а кавгата ќе се претвори во натпреварување чиј став ќе биде последен.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.