Кога прв пат ќе раскинете со некого, можеби воопшто не помислувате на смирување. Ако поминал некој период и се прашувате дали да му се вратите на бившиот партнер, потребно е да земете предвид неколку нешта.rnrn
rnrnИако некои сметаат дека никогаш не е добра идеја да му се враќате на минатото и дека раскинувањата се со причина, понекогаш треба да размислите за вашата одлука. Ако сакате да знаете дали можете да ја обновите вашата врска, најважно е да ја знаете причината за вашето раскинување. Доколку сте раскинале за некоја од следниве 11 причини, можеби би требало да ѝ дадете уште една шанса на вашата врска.rn
1. Сте се запознале додека сте биле со некој друг
rnИако сте биле подготвени кога конечно сте биле заедно, факт е дека ве чекало уште закрепнување. Едноставно не сте биле на вистинското место за оваа нова врска. Без разлика што тој бил висинскиот партнер, се појавил во погрешно време.rn
2. Сте биле во период на транзиција во кариерата
rnОва ви оставило малку време и енергија за врската.rn
3. Не сте сфатиле што сте имале
rnВи станало јасно колку го сакате партнерот дури откако си заминал.rn
4. Не сте биле подготвени
rnМожеби во тој момент сè уште не сте биле подготвени за нешто толку реално и интензивно.rn
5. Сте биле емоционално врзани за бивш партнер
rnМожеби не сте бил подготвени да го отворите вашето срце за некој друг, без разлика што бившиот бил токсична личност, а новиот партнер одличен за вас.rn
6. Требало да работите на себе
rnМожно е и да сте биле во период на созревање, учење и истражување. Сте го искористиле времето додека сте биле разделени за да го направите тоа.rn
7. Сте се обиделе да воспоставите временска рамка во врската
rnМожеби сте биле подготвени за запросување, брак и деца, но не и партнерот. Па, сте го оставиле за да најдете некој со ист „распоред“ како и вашиот.rn
8. Сте имале проблеми
rnСте имале проблеми од минатото со кои требало да се соочите и да се помирите, а сега веќе сте го направиле тоа.rn
9. Сте биле во „забавната“ фаза од врската
rnНе сте биле подготвени да се „смирите“ во тој момент. Сега сте.rn
10. Не сте знаеле што точно сакате и што ви треба
rnВи било поважно да најдете згоден и богат партнер, наместо некој кој ќе ве сака и ќе ве цени. Приоритетите ви биле други, но сега конечно ги знаете.rn
11. Не сте биле среќни со себе
rnСте барале надвор од себе за да бидете среќни и не сте сфатиле дека без разлика со кого сте, ќе се чувствувате осамено доколку вие не направите промена.rnrnАко сте биле во која било од овие ситуации, добро размислете како сте го поминале времето додека сте биле одвоени од бившиот. Важно е да научите што треба за здрава и трајна врска. Треба да ви е јасно што сакате и кои ви се потребите. Повеќе не завршувате со кого било, туку сте подготвени за вистинскиот.rnrnИсто така треба да бидете среќни и исполнети со себе. Тоа што имате партнер со кој ќе го споделите животот е само плус. И можеби личноста што сте ја барале во сите е личноста на којашто не можете да престанете да мислите – вашиот бивш партнер.rnrnКога ќе ја обновите врската, ќе знаете во што се впуштате. Ќе знаете кои проблеми можат да настанат. На овој начин ќе бидете подготвени за нив и ќе ги решите на продуктивен и здрав начин. Па, дајте му уште една шанса на бившиот. Можеби сепак тој е вашата сродна душа.rnrnДоколку веќе сте во врска и размислувате за раскинување, погледнете кои се знаците кои покажуваат дека партнерот не ве цени доволно и дека е време за крај.





rnrnСветот постојано се менува, па зошто не би можеле да се сменат и работите во вашата врска? Да, ќе се сменат, ама најверојатно на полошо. Според некои истражувања, партнерите кои се смируваат обрнуваат помало внимание на позитивните страни на нивната врска и повеќе се концентрираат на негативните. Многу ретко се обидуваат да ги решат проблемите и обожаваат да се потсетуваат на грешките од минатото.rn
rnrnЛуѓето не се менуваат, барем не толку брзо и без причина. Ќе ви треба многу силна и искрена желба, мотивација, волја и време за да ја смените дури и најмалата негативна навика. Дали вашиот поранешен партнер ги покажува сите овие особини?rn
rnrnТревата на соседот е секогаш позелена од вашата. Можеби не сакате да ги видите квалитетите на она слатко момче затоа што започнувањето нова врска би значело дека треба да излезете од вашата удобна зона. Можеби не можете да ја видите убавината на новата девојка, бидејќи не сакате да се ослободите од минатото.rn
rnrnЧовечкиот мозок е почувствителен на загубите отколку на победите. Истото важи и за врските. Но, запрашајте се што е подобро: Да живеете среќно до крајот на животот со вашата сродна душа или да имате несреќен живот со „несовршен, но мој си е“ партнер?rnrnПродолжете на 
rnrnЗемајте воздух длабоко, но на кратки интервали. Потоа задржете го воздухот 4 секунди и издишувајте бавно и целосно. Почекајте 5 секунди, па вдишете повторно.rn
rnrnСтавете ја едната рака на челото, а другата на задниот дел од главата. Тоа ќе ви помогне да ја засилите циркулацијата на крвта во овие делови од главата и на тој начин ќе ја намалите тензијата. Без да ги тргнете рацете, вдишувајте и издишувајте рамномерно, со мали паузи помеѓу вдишувањето и издишувањето.rn
rnrnВдишете длабоко и потоа издишете употребувајќи сила низ многу малку отворена уста. Додека издишувате, ослободувајте го воздухот во мали количини, така што ќе го туркате однатре кон надвор.rnrn
rnrnВо следната вежба треба вештачки да зевате. Отворете ја устата колку пошироко можете, сѐ додека не почувствувате блага болка во долната вилица и тогаш почнете да вдишувате рамномерно. Би требало да почувствувате како белите дробови ви се полнат со воздух. Задржете го воздухот 2 секунди и потоа внимателно и рамномерно почнете да издишувате.rnrn
rnrnВдишувајте целосно и без да го задржувате воздухот, испуштете го воздухот со отворена уста. Вашите усни треба да формираат круг. Ослободувајте го воздухот постепено. Првиот дел од издишувањето треба да биде најдолг, а при секое наредно издишување треба да испуштате сѐ помалку и помалку воздух. Откако ќе го испуштите целиот воздух, почекајте 5-10 секунди и потоа повторете ја вежбата за дишење.


rn