Иако познатите дами не можат да зборуваат со птиците, да јаваат змејови, да го преспијат 100-годишниот сон и да летаат на волшебен килим, на некој начин неодоливо потсетуваат на Дизниевите принцези. Со својот изглед, гестовите и однесувањето – сличноста со Дизниевите принцези е неверојатна и зачудувачка во сите сегменти. И вие самите пријатно ќе се изненадите, а сигурни сме дека во некој момент дури и ќе се вџашите.rnrnrnrnПа така, Кејти Пери неверојатно потсетува на јунакињата од цртаниот филм „Снежана и седумте џуџиња“. Со нејзината црна коса како абонос, црвените усни како крв и белата кожа како снег – како да е во прашање копија на Снежана. И нивните карактери се многу слични. Кејти ја сака песната, секогаш е расположена и разиграна, само се надеваме дека не сака да живее и да го дели станбениот простор со седум мажи.rnrnrnrnАктерката Блејк Лајвли, иако е мајка и сигурно не спие 100-годишен сон, неверојатно личи на Аурора од цртаниот филм „Заспаната убавица“. Нејзините јаболчници, долгата, барновидна коса и обликот на очите премногу личат на девојката која се криеше од лошата вила длабоко во шумата. Исто како Аурора, Блејк е нежна, романтична и мечтателна душа.rnrnrnrnЕлса и Рејчел МекАдамс однадвор изгледаат како резервирани и ладни, но и двете се со отворен дух и кога подобро ќе ги запознаете, ќе забележите дека станува збор за отворени и пријателски настроени жени. Исто како Елса така и Рејчел цврсто стои со двете нозе на земја, сака излегување, журки и мода. Дури и фризурите им се неверојатно слични, да не кажеме идентични.rnrnrnrnКога ќе ја погледнете Исла Фишер ќе забележите дека нејзината боја на коса, но и фризурата неодоливо потсетуваат на Малата сирена. И таа како и Ариел е израсната на брегот на океанот во Австралија и ги обожава водата, морето и плажата.rnrnrnrnЕма Вотсоне вистинска убавица како Бела. Таа е паметна и сака книги исто како оваa јунакиња, но истовремено е многу женствена и суптилна.rnrnrnrnСара Шахиисто како Јасмин на прв поглед делува бунтовно и диво, но под површината се крие шармантна и прекрасна личност. И таа исто како оваа персиска принцеза во себе има сина крв, бидејќи нејзиниот прадедо некогаш владеел со Иран.rnrnrnrnТејлор Свифт неверојатно потсетува на Пепелашка. И таа исто така имала тежок период во животот како Пепелашка, а денес е големо име во музичката индустрија. Тејлор сонувала големи соништа исто како оваа принцеза и успеала од сиромаштија да се искачи до кралски височини.rnrnrnrnСимпатични и забавни, но ќе се сложите и дека Ема Стоун и Ананеверојатно си личат. Исто како Ана и Ема е едноставна и повлечена иако е позната ѕвезда и милионерка.rnrn
Пролетните денови знаат да бидат ужасни за оние кои се борат со различни алергии. За оние, пак, со послаб имунитет, можеби се и повеќе од тешки со оглед на тоа што настинуваат дури и при најмала промена на времето. Топло, ладно, прашина, полен… Верувале или не, многу луѓе имаат проблем при разликување на симптомите кои се јавуваат поради алергии и/или настинка. Тоа понатаму води кон погрешно третирање на истите, па наместо да им биде подобро, ситуацијата само им се влошува.rnrnrnrnВо основа, настинките се предизвикани од некој вирус, додека алергиите се одговор на имунолошкиот систем кога организмот е изложен на одредени алергени како полен, прашина, првут од домашни миленичиња и сл.rnrnДоколку поубаво ја погледнете следната табела, може да забележите зошто овие две состојби толку често се мешаат. Без разлика дали се работи за алергија или настинка, неминовно е да чувствувате замор, да почнете да кивате и кашлате, да ви тече носот и постојано да чувствувате притисок во делот кај синусите бидејќи носот ви е затнат.rn
rn
rn
rn
Алергија
rn
Настинка
rn
Заеднички симптомиrn
rn
rn
rn
иритација кај очите
rn
температура
rn
замор
rn
rn
rn
иритација кај ушите
rn
грозница
rn
кивање
rn
rn
rn
иритација кај грлото
rn
суво и зарипнато грло
rn
кашлање
rn
rn
rn
отежнато дишење
rn
болки по телото
rn
затнат нос
rn
rn
rn
црвенило (опционално)
rn
омалаксаност
rn
растечен нос
rn
rn
rn
rnДодека сличностите се оние кои нè бунат, различните симптоми се оние по кои можеме да препознаеме дали сме настинати или алергични на нешто. Така, доколку станува збор за алергија, покрај веќе набројаните симптоми, ќе се појави и иритација кај очите, ушите и грлото, како и отежнато дишење. Ако се работи за настинка, тогаш е многу веројатно дека ќе качите температура, можно е да ве тресе грозница, да имате суво и зарипнато грло, да се чувствувате омалаксани и да имате болки по целото тело.rnrnНаједноставен начин за препознавање на непријателот со кој си имаме работа е според времетрањето. Класичната настинка најчесто не трае подолго од 10-тина дена и претежно се јавува при преод од едно во друго годишно време. За разлика од настинката, алергиите знаат да бидат огромни гњаватори кои не си заминуваат дури и по неколку месеци. Но од друга страна, најчесто се јавуваат во еден ист период од годината, што го олеснува процесот на преземање превентивни мерки доколку е можно.rnrnКако еден од најефективните начини за справување и со настинката и со алергиите е користење на капките за нос, секако само доколку се препорачани од доктор. Нивната ефикасност и во двете ситуации се состои во тоа што го отпуштаат затнатиот нос со што се олеснува дишењето, додека истовремено ги третираат потечените и блокирани дишни патишта.rnrnБез разлика дали станува збор за алергии или настинка, многу е важно да ја имате точната дијагноза поставена од доктор, за да можете правилно и соодветно да се лечите. Иако превентивните мерки не се никогаш на одмет, факт е дека не секогаш можете навреме да забележите што ви се случува и да го спречите тоа. Но затоа, пак, правилниот третман на брз и едноставен начин ќе ви помогне да се справите со симптомите и да си го олесните секојдневието.rnrn rnrn
Фотографот Дан Банино раскажува како животот му се променил откако посвоил куче од домот за животни-бездомници. Тогаш сфатил колку други кучиња се во истата состојба – гладни, без љубов, грижа и заштита. Целта на оваа урнебесна фотосесија е да се поттикне свеста кај луѓето за животните кои немаат свој дом и луѓето да почнат почесто да вдомуваат животни.rnrnЕрнест ХемингвејrnrnОвие кучиња толку многу личат на најпознатите светски имиња во литературата, што ќе ве насмеат до солзи. Тука се Хемингвеј, Толстој, Буковски и многу други. Сами оценете ги сличностите.rnrnСледете го Дан Банино на Инстаграм.rnrn
Сè во животот е на некој начин поврзано и работите често наликуваат едни на други, и тоа повеќе отколку што можеме да забележиме на прв поглед. Кога ќе видите чинија со нудлси сигурно нема веднаш да помислите на косата на Џастин Тимберлејк од времето на Енсинк. Но, подредени едно до друго, работите веќе ја откриваат неверојатната сличност. Ова е листа на ликови, предмети и други ствари кои урнебесно потсетуваат едни на други.rnrnЏастин Тимберлејк = Рамен нудлсиrnrn
Кога една љубовна врска ќе се распадне, лесно е да се посочи виновникот. Но, неретко причината е тоа што партнерите едноставно не биле еден за друг. Подобро е да бидете свесни за ова отколку да чувате лутина и да продолжите со кавгите и наметнувањето вина. Некои луѓе едноставно не функционираат добро еден со друг. Ова се 7 знаци кои покажуваат дека не сте еден за друг и залудно трошите време градејќи врска која во основа не функционира добро.rnrnrn
1. И двајцата имате сосем различни начини на кои се справувате со недоразбирањата
rnНекои парови викаат додека се караат, други користат пцовки, трети пробуваат да најдат совесно решение. Секако, не значи дека треба да се карате или да дискутирате на сосем ист начин, што и не е можно, но доколку имате сосема погрешни начини за справување со кавги или несогласувања, тогаш замислете каква би била вашата иднина. Често ќе се случуваат недоразбирања, па доколку не знаете како заеднички да поминете преку нив, само ќе чувате омраза и бес.rnrnrn
2. Вие сте премногу слични или премногу различни
rnОд една страна тука е теоријата дека спротивностите се привлекуваат, но како ќе функционира вашата врска во иднина кога имате сосем различни ставови и гледишта за животот? Не може да бидете добар пар доколку немате ништо заедничко и ако не се стремите кон слични нешта. Но, од друга страна, доколку сте премногу слични, која е целта? Како ќе учите еден од друг, како ќе се надградувате, како ќе прифаќате туѓи мислења?rn
3. Не се согласувате добро со неговото/нејзиното семејство, а тој/таа не застанува на ваша страна
rnКај многу парови се случува да има потешкотии при справувањето со семејствата, но доколку вашиот партнер речиси никогаш не застанува на ваша страна и не мисли на тоа како вие се чувствувате, тогаш не ја добивате поддршката која ви треба и ја заслужувате.rnrnrn
4. Многу често немате за што да зборувате
rnАко стоите во непријатна тишина добар дел од времето, како ја замислувате вашата заедничка иднина? Ваш компатибилен партнер е оној пред кого можете да бидете свои, да кажете сè што мислите без да се воздржувате, и со кого би можеле да разговарате за сè – од смешни ситуации до крајно сериозни проблеми.rn
5. Навистина не ги сакате ниту ги сфаќате работите што тој/таа ги сака
rnЌе се случи да не сакате иста работа, но барем ќе сфаќате зошто тој/таа му посветува толку внимание и ќе покажете разбирање. Можеби нема да делите некое хоби, но никогаш нема да чуете навреда упатена кон вас за тоа како го минувате слободното време.rnrnrn
6. Често ве омаловажува и не ве почитува
rnОтворено покажува дека не ве сфаќа сериозно но вие одбирате да ги затворите очите. Љубовта значи почит и разбирање а не потреба за докажување кој е попаметен, поуспешен итн. Доколку почувствувате дека вие имате потреба да го омаловажите вашиот партнер, или чувствувате такви вибрации од негова/нејзина страна, тогаш вашата врска паднала на многу важен тест.rn
7. Не ја сфаќа вашата професија сериозно
rnНајдете личност која го вреднува и почитува она што го работите, иако е различно од она што тој/таа го прави за да заработи за живот. Пак се враќаме на истото – за добра и успешна врска, почитта е неопходна, а тука секако спаѓа и почит кон вашата работа.rnrn
Двојник е личност која или изгледа или се однесува исто како друга личност. Некои луѓе често ни наликуваат на некого, но овие кои ќе ги видите подолу имаат неверојатно голема сличност со ликови од светот на познатите. Фотографиите се собрани благодарение на еден корисник на Редит кој отворил тема поставувајќи го прашањето „На која позната личност личите вие?“ Некои од овие луѓе кои живеат нормални животни толку многу наликуваат на своите познати двојници, што е тешко да поверувате дека не се во некоја роднинска врска.rnrnЛичи на Мајкл С. ХолrnrnЛичи на Ема Вотсонrnrn
Брендон Хојзер неодамна бил на неверојатна авантура во Националниот Резерват Масаи Мара во Кенија. Откако се вратил во својот дом во Ванкувер, тој решил повторно да го гледа цртаниот филм „Кралот Лав“. Додека гледал тој забележал дека има направено многу фотографии кои наликуваат на одредени сцени од филмот.rnrnrnrnЧувствувајќи се инспирирано, Брендон решил да извади неколку сцени од филмот и да ги спореди со фотографиите кои ги направил на својот пат. И покрај тоа што не сите фотографии се идентични со оние од „Кралот Лав“ сепак сличностите се неверојатни. Погледнете и самите.rnrnrnrnИ додека сме на оваа тема, погледнете ја и оваа неверојатна фотографија од непознат автор кој успеал да го фотографира пријателството помеѓу Тимон и Пумба во реалниот свет.rnrnrnrnПогледнете ги и животните од цртаните кои се забележани во реалноста.rnrn rnrn
За да ги решите овие три предизвици треба да имате бистар ум, остро око и добра концентрација. Сличноста помеѓу буквите, односно бројките е многу мала, па навистина е тешко да се забележат во трите предизвици. Обидете се да ги најдете без да пребарувате со помош на компјутерот и пишете ни во коментари колку време ви беше потребно.rnrnrn
„Симетрија“ е феноменално парче уметност, филм во кој се покажани сличностите и разликите во секојдневниот живот. Филмот е направен од филмското студио Everyone со седиште во Њујорк во соработка со RadioLab.rnrnrnrnДали светот е полн со совршена симетрија и правилно распоредени нешта во парови или, сепак, живееме во едностран универзум? Ова кратко видео ќе ви покаже дека неправилните парови се прекрасни.rnrnrn rnrn