КАФЕ ПАУЗА

Tag: следач

  • Зошто е убаво да се има брат или сестра?

    Зошто е убаво да се има брат или сестра?

    Како да им простат на луѓето кои ги сакаат и како да се изборат за себе, децата учат од нивните постари браќа и сестри. Во разно разните ситуации кои животот им го носи, тие учат како да се справуваат со лутината, грижата на совеста, среќата и тагата – вели американскиот психолог д-р Џејмс Велборн. Во продолжение, прочитајте ги неговите експертски совети за тоа како треба да се воспитуваат децата и кои битни работи можат да ги научат децата од нивните помали или постари браќа и сестри.rnrnЗошто е убаво да се има брат или сестра?rn

    Учат што значи љубовта

    rnБраќата и сестрите можат меѓусебно да се научат што значи да се сака, а што да се биде сакан. Меѓутоа, за децата да сфатат што точно значи љубовта, родителите треба да им покажат дека прегратките и нежноста се составен дел од нивното семејство. На тој начин ќе ги научите децата меѓусебно да се почитуваат и да ги заштитуваат луѓето кои ги сакаат.rn

    Ја учат битноста на тимската работа

    rnДецата не можат да ги одберат нивните браќа или сестри, но сеедно, тие мораат да научат да соработуваат. За да го научат поимот тимска работа, родителите треба да им доделат задачи, кои за да ги завршат успешно, ќе мораат да вложат заеднички труд. Доколку се бунат и протестираат, зададете им уште повеќе задачи. На крајот ќе сфатат дека со заедничка работа, ќе можат многу далеку да дотуркаат во животот, отколку ако се себични – објаснува д-р Велборн.rnrnЗошто е убаво да се има брат или сестра?rn

    Учат како да бидат толерантни

    rnВо текот на детството, постарите браќа и сестри, во глобала имаат тенденција да ги избегнуваат помладите, бидејќи се срамат од нив. Но, иако нивниот помлад брат или сестра им се чини поинаков и неинтересен, родителите уште од мали треба да ги научат на толеранција и да им напоменат дека нема да го трпат тој игнорантски однос. Најлесен начин да го направите тоа, е да го пофалите постарото дете кога ќе го видите како разговара со своето помало братче или сестриче во школо. Дадете му до знаење дека многу ве радува фактот дека тој/таа одвоил време да го види помалото дете и гордо ставете му до знаење дека тоа е една од главните задачи на постарите деца – да се грижат за помладите.rn

    Учат како правилно да се караат

    rnКавгите се сосема вообичаени во текот на детството, но она што е битно за родителите, е да ги научат нивните деца цивилизирано да ги решаваат недоразбирањата. Не смеете да допуштите да се караат многу долго и насилно, бидејќи од една глупава кавга, може да настане вистинска анархија во домот. За да не се случи тоа, приберете ги покрај вас и објаснете им како треба да се носат со новонастанатата ситуација. Откако ќе им го објасните тоа, пуштете ги сами да пробаат да го решат проблемот. Ваквата пракса на советување за цивилизирано решавање на споровите, сигурно ќе им користи и за во иднина, кога ќе пораснат, бидејќи ситните кавги сигурно и тогаш нема да недостигаат.rnrnЗошто е убаво да се има брат или сестра?rn

    Учат да бидат и лидери и следбеници

    rnВо односот помеѓу постарите браќа и сестри, секогаш некој повеќе се наметнува како лидер, додека другиот е следбеник. Меѓутоа, без разлика кој е постар, а кој помлад, вие како родители треба да внимавате таквиот однос да не се претвори во тиранија на постарото дете врз помладото. Одвојте време и објаснете им на вашите деца дека улогите треба да се менуваат, односно дека во некои ситуации едниот од нив може да биде водач, а другиот следбеник, но во следната ситуација, улогите треба да си ги сменат. Ова многу ќе им помогне за во повозрасните години, кога ќе мораат да се соочат со фактот дека некогаш ќе бидат лидери, но некогаш ќе мораат да бидат и покорни следбеници на туѓите наредби.rn

    Учат да се изборат за себе

    rnДецата, во меѓусебниот однос учат како да бидат решителни и да не попуштаат во одредени ситуации, а тоа ќе им помогне подоцна во животот, во оние ситуации кога ќе мораат сами да се борат за себе. Направете една вежба со нив, во која ќе ги терате меѓусебно да си се спротивставуваат еден на друг. Во повеќето односи помеѓу браќата и сестрите, едниот е секогаш пошефовски настроен од другиот, па поради тоа, ќе треба да му укажете на попопустливото дете да научи да рече „не“ и да си држи до своето.rn

    Ја учат вештината на преговарањето

    rnУште едно однесување специфично за децата, е тоа што секогаш го сакаат она што го има нивниот брат/сестра. Наместо да плачат, да го крадат од другото дете и да ви бараат да им го купите истото, научете ги како успешно да преговараат за да го добијат. Така на пример, натерајте ги да склучат договор, дека ако сакаат нешто да позајмат од братот/сестрата, за возврат ќе треба да му/ѝ го местат креветот цела недела. На тој начин, ќе ги научите на многу важната животна лекција, дека ништо во животот не е бесплатно и за сѐ треба чесно да се потрудат за да го добијат, напоменува д-р Велборн.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 11 показатели дека сте досадни на Твитер

    11 показатели дека сте досадни на Твитер

    Додека твитате, би било добро да ги избегнувате следните работи:rnrn

    11 показатели дека сте досадни на Твитер
    1. Барање до вашите следбеници да ви препорачаат добри ресторани, клубови, туристички агенции… А, зошто едноставно да не го прашате чичко Гугл за тоа? 🙂
    rnrn
    11 показатели дека сте досадни на Твитер
    2. Игнорирање на вашите следачи – Нормално е дека не треба да одговарате на навредите и на провокациите, но сигурно и дека не треба да ги занемарите добронамерните критики и шеги.
    rnrn
    11 показатели дека сте досадни на Твитер
    3. Твитање за храна – Никој, ама буквално никој не сака да знае што сте појадувале, ручале или вечерале (ова не важи за оние со блогови за храна или за готвачите).
    rnrn
    11 показатели дека сте досадни на Твитер
    4. Обидите на една „позната“ личност да се спријатели со друга преку Твитер – Ако сте заинтересирани за актуелните ангажмани на некоја личност од јавниот живот, едноставно следете ги нејзините твитови, како што тоа го прават сите останати.
    rnrn
    11 показатели дека сте досадни на Твитер
    5. Ретвитање на пофалбите за вас – Со тоа не изгледате скромно и љубезно, туку налудничаво.
    rnrn
    11 показатели дека сте досадни на Твитер
    6. Ретвитање навреди или критики
    rnrn
    11 показатели дека сте досадни на Твитер
    7. Твитање линкови без да потенцирате за што се работи, односно без да ставате каков било опис за нив
    rnrn
    11 показатели дека сте досадни на Твитер
    8. Непочитување на границата од 140 карактери – Ако толку ви се пишува, за тоа постојат блогови.
    rnrn
    11 показатели дека сте досадни на Твитер
    9. Ретвитање со цел подбивање со некои познати личности, одново и одново – Со тоа нема да направите тие да исчезнат од јавниот живот.
    rnrn
    11 показатели дека сте досадни на Твитер
    10. Прекумерна употреба на симболот #
    rnrn
    11 показатели дека сте досадни на Твитер
    11. Следите некого на Твитер, па се премислувате, па повторно го следите…, и така во недоглед.

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 3 начини да дознаете кој престанал да ве следи на Твитер

    3 начини да дознаете кој престанал да ве следи на Твитер

    Колку што е брзо и динамично споделувањето информации, досетки и лични состојби преку Твитер, толку е и тешко да се следат сите тие пораки од по 140 карактери кои постојано скокаат од нашите омилени клиент-програми.rnrn3 начини да дознаете кој престанал да ве следи на Твитер rnrnНекогаш ќе му здодеете на некој и тој ќе престане да ве следи, друг пат пак, вие ќе го преземете тој чекор кога некој ќе го премине вашиот праг на толеранција. Во секој случај, како што пораката од еден познат твит вели:rn.rn

    „Еве еден трик за Твитер: Можеш да избереш точно кого сакаш да следиш, исто како и сите останати.“

    rnСепак, личното право е едно, но љубопитноста и желбата да видиме кој дигнал раце од нас, се поголеми од сѐ. Затоа, еве 3 алатки кои ќе ви овозможат да не се прашувате кој кориснкик на твитер е причината за намалување на бројот на вашите следачи.rn.rn

      rn011

    1. Unfollowrrn3 начини да дознаете кој престанал да ве следи на Твитер Ако почнете да го следите Анфолоуер, секогаш кога некој ќе престане да ве следи, ќе добиете нотификација преку директна порака или имејл.rn..
    2. rn011

    3. Qwitter rn3 начини да дознаете кој престанал да ве следи на Твитер Квитер оди еден чекор понатаму. Не само што ќе добивате имејл секој ден со информации дека некој престанал да ве следи, туку ќе бидете потсетени и на последниот твит кој сте го испратиле пред вашиот следач да го притисне непосакуваното Unfollow. За последново и за уште неколку други карактеристики треба да ја изберете премиум опцијата која чини 5 долари годишно.rn..
    4. rn011

    5. Goodbye, Buddyrn3 начини да дознаете кој престанал да ве следи на Твитер Ако се регистрирате на Гудбај, бади, секој ден ќе добивате преглед на последните 30 следачи кои престанале да ве следат. За корисниците кои имаат потреба од статистика со покрупни бројки, постои премиум опција со која за 2 долари месечно, може да се добива евиденција на последните 150 откажани следачи, секој час.rn.
    6. rn

    rn

    rnrnQwitter http://useqwitter.com/rnrn

    rn rnrnrnrn