КАФЕ ПАУЗА

Tag: сладок компир

  • Храна која ќе ви помогне да се ослободите од акните

    Храна која ќе ви помогне да се ослободите од акните

    Дали сте пресметале колку трошите на гелови за миење лице и слични продукти кои ви ветуваат чистење на вашата кожа и ослободување од акните? Што доколку некој ви каже дека сè што ви треба за стабилизација и смирување на кожата се наоѓа во вашиот фрижидер? Она што го јадете многу се одразува на изгледот на вашата кожа. Затоа, обрнете повеќе внимание на вашата исхрана. Ова се топ 8 продукти кои ќе ви помогнат да се изборите против акните.rnrnХрана која ќе ви помогне да се ослободите од акнитеrn

    Лосос

    rnЛососот е богат со омега 3 масни киселини кои ви помагаат во борба против акните, а воедно придонесуваат за подобро расположение бидејќи ги стабилизираат хормоните. Стресот и хормоните се главни причинители за појава на акните, а здравите масти и протеините од лососот помагаат за покачување на нивото на колаген во кожата.rn

    Спанаќ

    rnСпанаќот лесно може да го комбинирате во секаков оброк, како салата, омлет, сосови од зеленчук и сл. Тој е богат со витамин Е, железо и протеини, со што помага во ослободување од акните, го одржува нивото на колаген во кожата и придонесува за чиста кожа.rnrnХрана која ќе ви помогне да се ослободите од акнитеrn

    Бадеми

    rnСодржат многу витамин Е, магнезиум и Б витамин. Имаат прекрасен ефект врз вашата кожа, богати се со природни влакна, и за разлика од други јаткасти плодови, имаат помалку калории.rn

    Зрнеста храна

    rnОдберете зрнеста храна како семе од сончоглед или тиква, пченка, разни житарки и сл. Зрнестата храна содржи протеини, здрави масти, витамини Е и Б, како и омега 3 и омега 6 масни киселини кои се одлични за вашата кожа, одржувањето на телесната тежина, метаболизмот, срцето и расположението.rnrnХрана која ќе ви помогне да се ослободите од акнитеrn

    Кокосово масло

    rnУпотребата на кокосовото масло е широка. Се користи како хранлива маска за коса, за борба против стрии, инфекции и дамки на кожата, затоа пожелно е да го имате во својот дом. Кокосовото масло е одличен антиоксидант и борец против штетните бактерии. Нанесувајте кокосово масло на чиста кожа и нема да имате потреба од никаков крем против акни.rn

    Краставица

    rnКраставицата ја хидрира вашата кожа и спречува нејзино сушење. Но тоа не е сè. Кората од краставицата содржи силициум, минерал кој се бори против акните и ја разубавува кожата одржувајќи го младешкиот лик. Но бидете внимателни. Доколку ја јадете и кората од краставицата, најдобро е да се снабдите со краставици од домашно производство кои не содржат пестициди.rnrnХрана која ќе ви помогне да се ослободите од акнитеrn

    Леблебија

    rnЛеблебијата е богата со цинк кој со бори против инфекции кои водат до појава на акни. Доколку во вашата исхрана месото и рибите се малку застапени, јадете леблебија за да ја балансирате исхраната. Воедно леблебијата содржи растителни влакна кои го стабилизираат крвниот притисок.rn

    Портокалови растенија

    rnБета каротинот и витаминот А се најголеми непријатели на акните. Затоа во вашата исхрана често вклучувајте моркови, тиква, диња, сладок компир и сл.rnrnХрана која ќе ви помогне да се ослободите од акнитеrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чипс од сладок компир подготвен во микробранова

    Чипс од сладок компир подготвен во микробранова

    Вкусна закуска која лесно се подготвува

    rnЧипс од сладок компир подготвен во микробрановаrnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 400 г сладок компир
    • rn011

    • 1 лажичка сечкан рузмарин
    • rn011

    • ½ лажичка сол
    • rn011

    • ¼ лажичка црн пипер
    • rn011

    • маслиново масло
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИсечете круг од хартија за печење и поставете го на сигурносната чинија во микробрановата печка. Хартијата малку намачкајте ја со маслиново масло.rnrnКомпирот исечкајте го на тенки резанки на ренде и наредете ги на хартијата. Одозгора ставете малку рузмарин, сол и црн пипер на сите резанки и печете ги во микробранова печка 4 минути на посилна температура. Проверувајте повремено дали се доволно крцкави, ако не, продолжете го печењето за 30 секунди.rnrnПостапката повторете ја со целото количество на компир.rnrnЧипс од сладок компир подготвен во микробранова
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кул вегетаријански рецепти

    Кул вегетаријански рецепти

    Супер вкусни оброци за подобро здравје и повеќе уживање…rn
    rn

    1. Мафини со афионово семе

    rnКул вегетаријански рецептиСостојки:rn

      rn011

    • 3 чаши брашно
    • rn011

    • 1 ½ кафено лажиче прашок за пециво
    • rn011

    • 1 ½ кафено лажиче сол
    • rn011

    • 2 супени лажици семе од афион
    • rn011

    • 1 ½ чаша млеко
    • rn011

    • 1 ½ кафено лажиче ванила
    • rn011

    • 1 ½ кафено лажиче екстракт од бадем
    • rn011

    • 3 јајца
    • rn011

    • 1 ⅛ чаша масло за јадење
    • rn011

    • 2 чаши шеќер
    • rn

    rnНачин на подготовка: Ставете ги состојките во поголем сад и мешајте со голема дрвена лажица сè додека не добиете хомогена смеса. Сипете ја во специјални калапи за мафини и печете на 350 степени Целзиусови.rn
    rn

    2. Печен наут (леблебија) со лимон, лук и рузмарин

    rnКул вегетаријански рецептиСостојки:rn

      rn011

    • 2 супени лажици маслиново масло
    • rn011

    • кора од еден лимон
    • rn011

    • 1 супена лажица лук во прав
    • rn011

    • 2 конзерви наут – исцеден и исплакнат
    • rn011

    • 1 супена лажица свежо исецкан рузмарин или 2 кафени лажици сушен рузмарин
    • rn

    rn Начин на подготовка: Потапкајте го наутот со сува хартиена крпа, па ставете го во тавче врз хартија за печење. Премачкајте ги зрната со маслиновото масло истурајќи го врз нив и мешајќи со раката. Откако ќе ги премачкате сите, додадате ја кората од лимон, лукот и рузмаринот и ставете ги во рерна. Печете 15 минути на 400˚C. Повторно промешајте ги и оставете ги да се попечат уште 15-20 минути, сè додека не потемнат и станат крцкави.rn
    rn

    3. Овесна каша со боровинки

    rnКул вегетаријански рецептиСостојки:rn

      rn011

    • 1 чаша овес
    • rn011

    • 1 чаша вода
    • rn011

    • 2 чаши сок од јаболки
    • rn011

    • една полна дланка боровинки
    • rn

    rnНачин на подготовка: Ставете ги да се варат водата и сокот од јаболки. Додадете го овесот и боровинките. Сето тоа оставете го да се крчка, сè додека не распукаат плодовите. Оброкот е за две лица.rn
    rn

    4. Виетнамска палачинка од компири

    rnКул вегетаријански рецептиСостојки:rn

      rn011

    • 1 кг компири
    • rn011

    • 1 кромид со средна големина
    • rn011

    • 1 јајце
    • rn011

    • 1/4 чаша брашно
    • rn011

    • растително масло
    • rn011

    • кора од 1/2 портокал
    • rn011

    • мелен цимет
    • rn011

    • 1/4 кафена лажичка анасон
    • rn011

    • прашок за пециво
    • rn011

    • 1 кафена лажичка рендан ѓумбир
    • rn011

    • сол и црн пипер (по вкус)
    • rn

    rnНачин на подготовка: Излупете ги и изрендајте ги компирот и кромидот. Во нив ставете ги јајцето, брашното, ѓумбирот, кората од портокал, анасонот, солта и мелениот црн пипер и сето тоа убаво измешајте го. Сипете масло во тавче и ставете го тестото распределувајќи го рамномерно. Печете сè додека не добиете златна боја од двете страни. На врвот поросете цимет. Оброкот е за 12 особи. Се служи со сок од јаболко, помешан со сецкан коријандер и тајландски босилек (по вкус). Во сокот ставете и свежо исцеден џус од лимета, а врвот декорирајте го со листови свежо нане.rn
    rn

    5. Мус од тиква

    rnКул вегетаријански рецептиСостојки:rn

      rn011

    • 450 г тиква
    • rn011

    • 1 голема банана
    • rn011

    • 200 г меко тофу (сирење од соја)
    • rn011

    • 2 ½ кафено лажиче цимет
    • rn011

    • 1/4 кафено лажиче ѓумбир
    • rn011

    • 1/4 морско оревче
    • rn011

    • 1 супена лажица сируп од агаве (природен засладувач кој се добива од jужноафрикански кактус)
    • rn

    rnНачин на подготовка: Излупете ја бананата, исецкајте ја и ставете ја во блендер. Истото направете го и со тиквата. Додатете го тофуто и една лажица сируп од агаве. Потоа ставете ги и циметот, ѓумбирот и морското оревче. Блендирајте сè додека не добиете хомогена смеса. Ставете ја во фижидер добро да се излади. Декорирајте со ореви или темно чоколадо.rn
    rn

    6. Здрави колачиња со ѓумбир

    rnКул вегетаријански рецептиСостојки за 24 колачи:rn

      rn011

    • 2 ¼ чаши бело пченично брашно
    • rn011

    • 2 кафени лажички мелен ѓумбир
    • rn011

    • 3/4 кафена лажичка мелен цимет
    • rn011

    • 1/2 кафена лажичка мелено каранфилче
    • rn011

    • 3/4 чаша шеќер
    • rn011

    • 1 кафена лажичка сода бикарбона
    • rn011

    • 1/4 чаша незасладен сос од јаболко
    • rn011

    • 1/2 чаша масло канола
    • rn011

    • 1/4 чаша меласа
    • rn011

    • 1 големо јајце
    • rn

    rnНачин на подготовка: Загрејте ја рерната на 175 °C. На страна измешајте ги брашното, шеќерот, зачините и содата. Додадете ги сосот од јаболко, маслото, меласата и јајцето и замесете тесто. Формирајте мали топчиња од тестото, сплескајте ги и извалкајте ги во шеќер. Потоа, наредете ги во тавче, врз хартија за печење и ставете ги во рерна. Печете 10 минути. Оставете ги кратко да се изладат, пред да ги одлепите од хартијата.rn
    rn

    7. Чоколадни компирчиња

    rnКул вегетаријански рецептиСостојки:rn

      rn011

    • 300 г колачиња
    • rn011

    • 1 чаша лешници
    • rn011

    • 1/2 чаша шеќер
    • rn011

    • pоловина чаша млеко
    • rn011

    • 2 кафени лажички какао
    • rn011

    • 150 г путер
    • rn

    rnНачин на подготовка: Колачињата и лешниците толчете ги сè додека не се претворат во прав. Потоа, во друг сад сипете ги млекото, шеќерот и какаото. Ставете ги на оган и мешајте сè додека состојките не се соединат, односно растопат во млекото. Додадете го и путерот и продолжете да мешате, без пауза. Откако сето тоа убаво ќе се свари, тргнете го од огнот и оставете да се излади. Во изладената смеса додадете ги истолчените колачиња и лешници, промешајте уште еднаш и почнете да правите топчиња во облик на компирчиња, кои можете да ги јадете веднаш.rn
    rn

    8. Супа од брокула

    rnКул вегетаријански рецептиСостојки:rn

      rn011

    • 1 брокула
    • rn011

    • 1 лук
    • rn011

    • 1 француски кромид
    • rn011

    • маслиново масло
    • rn011

    • вода
    • rn011

    • сол и мелен црн пипер (по вкус)
    • rn011

    • павлака (не е задолжителна)
    • rn

    rnНачин на подготовка: Излупете ги лукот и кромидот и заедно со брокулата исецкајте ги на парчиња. Ставете ги во длабоко тенџере во кое ќе ги додадете и маслиновото масло, водата (отприлика), солта, црниот пипер. Ставете ја течноста на оган и варете ја мешајќи повремено. Проверете дали е доволно зачинета. Откако ќе се свари, тргнете ја од огнот и ставете ја во блендер. Блендирајте сè додека не добиете хомогена смеса. Супата сервирајте ја жешка, во комбинација со павлака.rn
    rn

    9. Динствуван зеленчук

    rnКул вегетаријански рецептиСостоjки:rn

      rn011

    • 1 конзерва наут (леблебија)
    • rn011

    • 8 домати
    • rn011

    • 2 црвени пиперки
    • rn011

    • 1 кромид
    • rn011

    • 4 чешниња лук
    • rn011

    • 1 кафено лажиче црвен пипер
    • rn011

    • 3 свежи ловорови ливчиња
    • rn011

    • 2 кафени лажичиња ситно сецкан рузмарин
    • rn011

    • 6 супени лажици маслиново масло
    • rn011

    • коцка супа растворена во вода
    • rn011

    • шафран
    • rn011

    • 150 мл бело вино
    • rn

    rnНачин на подготовка: Шафранот го попарувате со неколку лажици жешка вода. Потоа, го лупите и сецкате кромидот и го пропржувате во маслиново масло околу 15 минути. Ги додавате рузмаринот, ловоровите ливчиња, пиперките и лукот (откако претходно ќе ги исчистите и исецкате) и продолжувате да пржите уште 10 минути, повремено мешајќи. На ред се претходно излупените, исецкани домати (за полесно да ги излупите, ги засекувате на врвот во форма на крст и ги ставате во жешка вода да отстојат 5-10 минути) и црвениот пипер. И со нив пржите дополнителни 10 минути на тивко. На крај, во тенџерето ги ставате наутот, шафранот, белото вино и растопената коцка супа, и ви преостануваат само уште 5 минути пржење. Зачинете со сол и црн пипер.rn
    rn

    10. Ќофтиња од сладок компир

    rnКул вегетаријански рецептиСостојки:rn

      rn011

    • 2 слатки компири
    • rn011

    • 120 г брашно
    • rn011

    • 1 ½ кафено лажиче ситно мелен ким
    • rn011

    • 1 ½ кафено лажиче ситно мелен коријандер
    • rn011

    • 2 китки свеж коријандер (ситно исецкани)
    • rn011

    • сок од пола лимон
    • rn011

    • 2 чешниња лук (излупен и исецкан)
    • rn011

    • сол и црн пипер
    • rn011

    • сусам
    • rn011

    • хумус и спанаќ (по желба)
    • rn

    rnНачин на подготовка: Ставете ги компирите во рерна и печете ги на 220 ˚C, околу 45 минути. Откако ќе се испечат, оставете ги да се изладат, па излупете ги и исечете ги на парчиња. Заедно со сите останати состојки, ставете ги во длабок сад и убаво испасирајте ги. Смесата треба да биде леплива. Ако е премногу течна, додадете уште малку брашно. Зачинете со сол и црн пипер. Потоа од смесата формирајте мали топчиња и поросете ги со сусам. Печете ги 15 минути, на температура од 200 ˚C, сè додека не добијат жолто-златна боја. Кога ќе бидат готови, сервирајте ги во топло пита лепче, во кое по избор можете да додадете хумус и спанаќ.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Храна која го намалува нивото на стрес

    Храна која го намалува нивото на стрес

    Наредниот пат кога ќе се почувствувате нервозно, под притисок или пак премногу стресно, составете оброк од наредниве неколку видови храна, кој за многу брзо време ќе ви помогне да се вратите во нормала.rnrnБлаги компири – Тие можат да бидат од голема помош при намалување на стресот бидејќи ја задоволуваат вашата потреба за јаглехидрати и шеќери. Тие се составени и од бета-каротини и други витамини кои му помагаат на вашето тело да ги процесира јаглеохидратите полека и со константно темпо.rnrnИсушени праски – Тие се полни со магнезиум, кој го намалува стресот и истовремено на природен начин ви ги релаксира мускулите.rn

    Портокали – Една германска студија во областа на психофармакологијата покажала дека витаминот Ц го намалува стресот и ги враќа крвниот притисок и кортизолот на нормално ниво, по стресна ситуација. Витаминот Ц исто така е и добар за подобрување на имуниот систем.Храна која го намалува нивото на стресБадеми, ф’стаци и ореви – Бадемите содржат во себе Б и Е витамини, кои го подобруваат вашиот имун систем, а ф’стаците и оревите помагаат при намалување на крвниот притисок.

    rnМисиркино месо – Ова месо содржи аминокиселени наречени Л-триптофан, кои го поттикнуваат испуштањето на аеротонин, хемикалија во мозокот која предизвикува да се чувствуваме добро. Поради тоа многу луѓе по јадење мисиркино месо изјавиле дека се чувствуваат релаксирано, дури и уморно. Документирано е и дека Л-триптофан има смирувачки ефект.rnrnСпанаќ – Недостатокот на магнезиум може да предизвика мигренски главоболки и чувство на умор. Една чинија спанаќ ви овозможува 40% од дневната потреба на вашето тело за магнезиум.Храна која го намалува нивото на стресЛососХраната која е богата со омега-3 масни киселини ве заштитува од срцеви болести. Нова студија покажала и дека е многу ефикасна при одржување на стресните хормони кортизол и адреналин на нормално ниво.rnrnЗелени зеленчуциБрокулите и останатите темно зелени зеленчуци изобилуваат со многу витамини, кои одлично му помагаат на вашето тело за време на стресни ситуации.rn

    Авокадомоносатурираните маснотии и калиумот во авокадото го намалуваат крвниот притисок. Националниот институт за срце, бели дробови и крв објавил студија во која пишува дека најдобриот начин за намалување на крвниот притисок е да се конзумира доволно калиум (во авокадото има поголемо количество отколку во бананата).Храна која го намалува нивото на стресДруги совети за намалување на стресот:

    rnrn

      rn011

    • Редовно вежбајте
    • rn011

    • Пијте енергетски шејк за доручек
    • rn011

    • Јадете помали оброци во текот на целиот ден, кои ќе ви помогнат со одржување на нивото на шеќерот во крвта (кога тој е низок се намалуваат менталната, физичката и психолошката енергија, а стресот се зголемува).
    • rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интересни факти за храната

    Интересни факти за храната

    Дали знаевте дека во XIII век Македонците биле првите христијани кои ја започнале традицијата на вапсање јајца за Велигден?rnrnИнтересни факти за хранатаrn

      rn011

    • Јадењето лимони го продолжува животот.
    • rn011

    • Постојат ПЕЗ бонбони со вкус на кафе.
    • rn011

    • Морското оревче е исклучително отровно ако се вбризгува интравенозно.
    • rn011

    • Гулашот, еден вид  супа од говедско месо, за првпат бил подготвен во Унгарија во IX век.
    • rn011

    • Националното шкотско јадење Haggis се состои од срцето, црниот дроб, белите дробови и тенкото црево на теле или овца, сварени во стомакот на животното, при што се додава овесна каша.
    • rn011

    • Дали знаевте дека постојат 5 вкусови на желе кои се повлечени од продажба затоа што не биле доволно комерцијални? Станува збор за желе со вкус на целер, кафе, кока кола, јаболко и чоколадо.
    • rn011

    • Брокулата има најдобри антиканцерогени својства.
    • rn

    rnИнтересни факти за хранатаrn

      rn011

    • Половина портокал дневно ги намалува шансите за срцев удар за 50%.
    • rn011

    • Освен портокалот, еден оброк со риба неделно исто така ги намалува шансите за срцев удар за 50%.
    • rn011

    • Печурките немаат хлорофил, па затоа не им треба сонце за да растат. Некои од најраните комерцијални фарми за печурки биле поставени во пештерите во Франција за време на владеењето на кралот Луј XIV (1638-1715).
    • rn011

    • Најстарата пронајдена мастика за џвакање во светот е стара 9.000 години.
    • rn011

    • Најмногу месо и месни производи се конзумираат во Аргентина.
    • rn011

    • Корнетот за сладолед бил измислен во 1904 година.
    • rn

    rnИнтересни факти за хранатаrn

      rn011

    • Персијците се први кои започнале да ги бојадисуваат јајцата, уште во 3000-те години п.н.е., со тоа прославувајќи го доаѓањето на пролетта.
    • rn011

    • Обичајот за вапсање јајца го донеле Крстоносците кои се враќале од Блискиот Исток.
    • rn011

    • Во XIII век, Македонците биле првите христијани кои ја започнале традицијата на вапсање јајца за Велигден.
    • rn

    rnИнтересни факти за хранатаrn

      rn011

    • Првиот оброк на Месечината беше печена мисирка, која ја изедоа Нил Армстронг и Баз Олдрин.
    • rn011

    • Чоколадото Сникерс е најпопуларно во Америка.
    • rn011

    • Древната цивилизација на Инките го мерела времето според тоа колку време е потребно да се свари компир.
    • rn011

    • Јаболките зреат откако ќе бидат обрани.
    • rn011

    • Кикириките се најголем извор на енергетска вредност.
    • rn011

    • Половина од светското население јаде ориз секој ден.
    • rn

    rnИнтересни факти за хранатаrn

      rn011

    • Жителите на Алјаска јадат двојно повеќе сладолед по глава на жител во споредба со останатото население.
    • rn011

    • Освен состојките наведени во содржината, во лебот се додаваат уште 27 други хемикалии.
    • rn011

    • Мирисот на кафето е најпрепознатливиот мирис во цел свет.
    • rn011

    • Потребни се 4 тони свежо грозје за да се добие 1 тон суво грозје.
    • rn011

    • Лебот на парчиња за првпат почна да се продава во 1930 година.
    • rn

    rnИнтересни факти за хранатаrn

      rn011

    • Секоја секунда се продаваат 13 кутии со желе бонбони.
    • rn011

    • За време на Златната треска во Алјаска (1897-1898), компирите биле вредни колку златото.
    • rn011

    • Најскапиот зачин на светот е шафранот.
    • rn011

    • Слаткиот компир потекнува од Андите, а во Велика Британија бил донесен во 1586 година.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Здрава храна препорачлива за секој ден

    Здрава храна препорачлива за секој ден

    Здравата, природна и урамнотежена исхрана е услов за добро здравје и виталност. Еве неколку видови храна кои ќе му бидат добредојдени на вашиот организам.rn
    rn

    Зрнести плодови

    rnrnСите зрнести плодови, како јагоди, малини, капини, боровинки, се богати со хранливи влакна кои се многу важни за нормален и здрав дигестивен систем. Малините имаат најмногу хранливи влакна и се со анти-канцерогени својства, боровинките имаат дупло помалку влакна, но се богати со антоцијанини и антиоксиданси кои помагаат при подобрување на меморијата, а јагодите како овошки со најмало количество хранливи влакна од зрнестите плодови, се богати со витамин Ц, кој е добар за кожата. Тие исто така помагаат во намалувањето на телесната маса.Здрава храна препорачлива за секој денrn

    Јајца

    rnЈајцето како извор на високо квалитетен протеин, може навистина да ви даде поголема моќ. Една неодамнешна студија покажала дека, луѓето кои за доручек јадат пржени јајца и тост, се чувствуваат позаситено и јадат помалку на ручек, отколку кога појадуваат ѓеврек (кој има отприлика сличен број на калории). Дури и кога внимавате на вашиот холестерол, едно јајце одлично би се вклопило во вашата дневна исхрана. Жолчката од јајцето содржи лутеин и зеаксантин – два антиоксиданси кои ги одржуваат очите здрави. rnrnИстражувањата исто така ги поврзуваат лутеинот и зеаксантинот како фактори за намалување на ризикот од макуларна дегенерација, причина поради која ослепуваат голем број лица постари од 50 години. Лутеинот е добар и за заштита на кожата од УВ зраците.Здрава храна препорачлива за секој денrn

    Грав

    rnГравот е одличен извор на железо, минерал кој го пренесува кислородот од белите дробови до клетките низ нашето тело. Бидејќи телото не може да апсорбира исто количество железо преку растителната храна, како што може преку говедското или пилешкото месо, комбинирајте го гравот со храна богата со витамин Ц, за да го зголемите нивото на апсорпција на железо. Гравот е исто така богат со растителни влакна, кои помагаат за регулација на нивото на холестерол во крвта.Здрава храна препорачлива за секој денrn

    Јаткасти плодови

    rnЈаткастите плодови се богати со незаситени масти кои се добри за срцето. Студиите на „Seventh-Day Adventists“ (религиозна вероисповед која придава големо значење на здраво живеење и вегетаријанска исхрана) покажуваат дека луѓето кои редовно консумираат јаткасти плодови, си го продолжуваат животот за отприлика 2 и пол години. Оревите се најверојатно во центарот на вниманието, поради нивното високо ниво на алфа-линоленска киселина која е добра за здравјето на срцето и која го подобрува расположението.Здрава храна препорачлива за секој денrn

    Портокали

    rnСамо еден голем портокал или пак чаша цеден сок е одличен извор на витамин Ц. Витаминот Ц е од суштинско значење за производство на бели крвни зрнца и антитела. Тој е исто така моќен антиоксиданс кој помага и ги штити клетките од радикална штета и игра клучна улога во производството на колаген за зацврстување на кожата. Портокалите се богати и со влакна и фолна киселина.Здрава храна препорачлива за секој денrn

    Сладок компир

    rnСлатките компири се сјајно портокалови поради фактот што содржат алфа и бета каротен. Телото ги претвора овие соединенија во витамин А, кој помага при одржувањето на здравјето на очите и коските и подобрувањето на имунитетот. Еден среден сладок компир обезбедува речиси четири пати повеќе од препорачаната дневна вредност на витаминот А, плус неколку други витамини како Ц и Б6, калиум, манган, лутеин и зеаксантин, што го прави еден од најхранливите зеленчуци.Здрава храна препорачлива за секој денrn

    Брокула

    rnОваа зелена велесила претставува пакет од витамини Ц, А и К (кој им помага на коските), како и фолна киселина. Постои уште една причина поради која брокулата често се наоѓа на првото место на листата за здрава храна – таа обезбедува здрава доза на сулфорафан, еден вид на изотиоцијанат за кој се смета дека го спречува ракот, преку помагање во стимулирањето детоксификација на ензимите во организмот.Здрава храна препорачлива за секој денrn

    Чај

    rnИстражувањата покажуваат дека доколку редовно пиете чај, го намалувате ризикот од Алцхајмерова болест, дијабетес и некои видови рак. Тој исто така ги подобрува забите и непцата и ги прави коските посилни. Чајот е богат со антиоксиданси наречен флавоноиди. Препорачливо е чајот да се пие топол и свежо сварен. Доколку сакате да го пиете ладен од фрижидер, во него додадете цеден лимон. Лимонската киселина и витаминот Ц ќе помогнат во зачувувањето на флавоноидите.Здрава храна препорачлива за секој денrn

    Спанаќ

    rnСпанаќот е преполн со важни хранливи материи: витамини А, Ц и К, како и со растителни влакна, железо, калциум, калиум, магнезиум и витамин Е. Спанаќот е лесен, вкусен и добар извор на фолна киселина, витамин Б (растворлив во вода) кој помага за формирање на нови клетки, правејќи го особено важен за трудници.rnЗдрава храна препорачлива за секој денrn

    Јогурт

    rnВо 70-тите години на минатиот век, советската република Грузија имала повеќе жители со над 100 години, од која било друга земја. Извештаите од тоа време тврдат дека тајната на нивниот долг живот бил јогуртот, кој редовно се наоѓал на нивната трпеза. Јогуртот содржи „добри бактерии“ кои помагаат за одржување на здравјето на стомакот. Тој е исто така богат со калциум, кој помага во спречување на остеопорозата. Само 1 чаша јогурт обезбедува речиси половина од препорачаната дневна вредност на калциум, а богата е и со фосфор, калиум, цинк, рибофлавин, витамин Б12 и протеин.Здрава храна препорачлива за секој ден
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn