КАФЕ ПАУЗА

Tag: скапо

  • Трпезариска маса со столчиња-лулашки

    Трпезариска маса со столчиња-лулашки

    Кристофер Дафи од компанијата „Duffy London“ направил еден интересен концепт на трпезариска маса во комбинација со столчиња-лулашки.Трпезариска маса со столчиња-лулашкиПоведен од поговорката „Не прекинуваме со играта бидејќи старееме, туку старееме бидејќи прекинуваме со играње“, тој ја создал оваа перфектна маса, погодна за секој модерен дом. Таа има димензии 220х235х135 сантиметри, а за нејзина изработка и испорака потребни се од 8 до 12 недели. Нејзината цена е висока, односно 6.895 фунти, но навистина е интересна и практична за заштедување на простор.Трпезариска маса со столчиња-лулашкиТрпезариска маса со столчиња-лулашкиТрпезариска маса со столчиња-лулашкиТрпезариска маса со столчиња-лулашкиТрпезариска маса со столчиња-лулашки
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и идеалниот подарок

    Астрологијата и идеалниот подарок

    Секој знак во зодијакот сака различни работи, токму затоа прочитајте што сакаат вашите блиски за следниот пат да го одберете идеалниот подарок за нив.rnrnАстрологијата и идеалниот подарокrn

    Овен

    rnЛуѓето родени во овој знак се храбри, сакаат предизвици и им се потребни нови искуства.rnrnДоколку имате многу пари: без размислување купете му црвен спортски автомобил.rnrnДоколку можете да си дозволите да потрошите повеќе: купете му сет енциклопедии.rnrnДоколку сакате да поминете евтино: карти за концерт, спортски натпревар, однесете го на пирсинг и слично.rn

    Бик

    rnТврдоглави, но уметнички настроени, обожаваат да пеат и да сликаат.rnrnДоколку имате многу пари: купете му скапа уметничка слика или изненадете го со карти за турнејата на неговиот омилен музички бенд.rnrnДоколку можете да си дозволите да потрошите повеќе:претплатете го годишно на некое интересно списание од странство кое го обожава.rnrnДоколку сакате да поминете евтино:интересен парфем, незаборавна вечера, прстен…rn

    Близнаци

    rnДве личности во едно тело, повеќе сакаат да размислуваат отколку да чувствуваат, обожаваат техника и секогаш се добро информирани.rnrnДоколку имате многу пари: платете им интернет со најголема брзина за наредната година. Исто така можете да му купите лаптоп или смартфон.rnrnДоколку можете да си дозволите да потрошите повеќе: купете им софтверска апликација за организирање на денот.rnrnДоколку сакате да поминете евтино: интересно пенкало, сложувалки, претплата за модно списаниеrn

    Рак

    rnСака да се грижи за другите, однадвор делува недофатливо, но однатре е мек како колаче.rnrnДоколку имате многу пари: апартман на море или куќичка покрај езеро или рекаrnrnДоколку можете да си дозволите да потрошите повеќе: збирка романтични романи кои ќе го излудатrnrnДоколку сакате да поминете евтино: книга со рецептиrn

    Лав

    rnКако што викаат родените во знакот лав, единствено што повеќе сакаат од злато е власт.rnrnДоколку имате многу пари: изнајмете апартман во Монако со фантастичен поглед од балконот и организирајте интимна вечера.rnrnДоколку можете да си дозволите да потрошите повеќе: целодневен третман на козметичар и останатото време на шопинг, нормално на ваша сметка.rnrnДоколку сакате да поминете евтино: џебно огледало, друштвена игра…rn

    Девица

    rnОбземена од деталите и во потрага по совршенството.rnrnДоколку имате многу пари: вработете ѝ куќна помошничка за една година, за да може да ѝ приговара во стилот „Што е оваа прашина под креветот?“rnrnДоколку можете да си дозволите да потрошите повеќе: купете ѝ книги за домаќинство, здравје и чиста средина.rnrnДоколку сакате да поминете евтино: ароматични масла или средства за хигиенаrn

    Вага

    rnСака мир и спремна е на сè за да избегне кавга, но токму нејзината потреба за помирување ја прави неодлучна.rnrnДоколку имате многу пари: огромна мека фотелја по можност со опција за масажа и потпирање на нозете.rnrnДоколку можете да си дозволите да потрошите повеќе: мултимедијална енциклопедија или викенд во спа-центар.rnrnДоколку сакате да поминете евтино: Вагата најмногу ќе ве цени доколку ѝ дадете нешто од себе. Затоа потрудете се да бидете оригинални.rn

    Скорпија

    rnТие се страсни, со променливо расположение и никогаш не забораваат. Кога станува збор за подароците или ги обожаваат или ги мразат, средина нема.rnrnДоколку имате многу пари: купете ѝ сет за криминални истражувања или однесете ја на егзотично патување.rnrnДоколку можете да си дозволите да потрошите повеќе: купете ѝ некое оригинално и уникатно брендирано парче облека.rnrnДоколку сакате да поминете евтино: добра книга со мистериозен заплетrn

    Стрелец

    rnОбожава да соли памет, да учи, да патува и да суди.rnrnДоколку имате многу пари: пат околу светотrnrnДоколку можете да си дозволите да потрошите повеќе: курс по некој странски јазик или летање со параглајдерrnrnДоколку сакате да поминете евтино: стрипови, целодневена организирана прошетка во негово име или добра книгаrn

    Јарец

    rnКонзервативен и спокоен, жеден за моќ и позиција.rnrnДоколку имате многу пари: веќе разработена фирма :)rnrnДоколку можете да си дозволите да потрошите повеќе: Дајте му пари да ги инвестира.rnrnДоколку сакате да поминете евтино: интересна вратоврска, каса во форма на прасе…rn

    Водолија

    rnЛуд генијалец кој се обидува да го промени светот.rnrnДоколку имате многу пари: туристички лет во вселенатаrnrnДоколку можете да си дозволите да потрошите повеќе: водич за правење вистински робот и делови за негоrnrnДоколку сакате да поминете евтино: донација во некоја организација од нејзино/негово имеrn

    Риби

    rnТоа се луѓе кои живеат во магичен свет, градејќи кули до облаците со желба да ги спасат сите.rnrnДоколку имате многу пари: имот во Франција со насади на грозје и разработена винаријаrnrnДоколку можете да си дозволите да потрошите повеќе: платете за изработка на веб-сајт за креативно да се искажува.rnrnДоколку сакате да поминете евтино: Вистински подарок за нив е вашата љубов и внимание.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Богато детство за малку пари

    Богато детство за малку пари

    Ние што сме родени во осумдесеттите и деведесеттите години, сме израснале во период на мачна економска ситуација. Без разлика колку напорно и да работеле нашите родители, никако не можеле да стигнат до приход со кој било возможно да се задоволи и по некоја луксузна потреба.rnrnМногумина не одеа на море секое лето, малкумина знаат како изгледа зимување, автомобил или мотор како подарок за матура беше незамисливо, а немавме ниту скапи играчки на кои го симулиравме реалниот живот. Па сепак, постојат еден куп работи од нашето детство кои со задоволство ќе ги паметиме додека сме живи.rnrnБогато детство за малку париrnrnПовеќето родители се уверени дека потфрлуваат во својата родителска улога со тоа што не можат на детето да му ги обезбедат скапите играчки, скапата облека или патувањата. Тоа секако не е точно. Иако играчките и патувањата се пожелни и би биле многу забавни за детето, неговата среќа може да се предизвика со нешта кои чинат многу помалку или се бесплатни. Убавината на животот е во контактот со другите луѓе.rnrnНајубавите спомени запечатени во меморијата на еден човек се поврзани со доживувања во нечие друштво, а не со предмети. Оттука, правилниот психички и духовен развој на едно дете не се постигнува со подароци, туку со правилен контакт со него. Тој е бесплатен, а е многу поважен од сите тие предмети кои се купуваат со пари.rnrnБогато детство за малку париrnrnСекако, неопходно е да се има доволно за да се задоволат најосновните потреби на децата како храна, облека и образование, но според психологот Кети Сиферт, постојат други работи кои секој родител треба да ги примени со цел да го збогати детството на своето дете.rnrnОвозможете му на детето да си игра – Повеќето родители или се многу рестриктивни кога станува збор за времето за играње или пак го оставаат детето пред компјутер да прави што сака. Скапите играчки не се неопходни за среќно детство. Детската фантазија може да биде толку раскошна што тоа може да си игра со што и да најде во домот. Исто така, детето ќе има прекрасни спомени од дружењето со врсниците, што секако нема да го постигне со играње на компјутер или ако порано го повикате дома затоа што „веќе предолго било надвор“.rnrnЗапознајте го детето со опкружувањето – Покажете му различни растенија, однесете го во зоолошка да ги запознае животните, нека ги види различните форми на градбите околу него, однесете го во парк, во музеј, на спортски натпревар… Со тоа ќе ја запознае околината.rnrnЧитајте му – 15-20 минути читање пред спиење е забава која ќе му ги подобри речникот и фантазијата.rnrnБогато детство за малку париrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најубавите приватни острови во светот

    Најубавите приватни острови во светот

    Ако имате многу пари и голема желба да побегнете од урбаниот живот, тогаш купување, изнајмување или барем посета на приватен остров е добра опција. На некои од нив сопствениците веќе изградиле туристички центри, а некои се добро сочувани и претставуваат рај на земјата. Ова се најдобрите од нив.rn

    Гуана

    rnГуана е мал приватен остров кој припаѓа на Британските Девствени Острови. На само 3,4 квадратни километри има планини, ридови, пешачки патеки и седум прекрасни егзотични плажи со бел песок. Гуана важи за рај за нуркачите, чии три корални гребени се големо искушение за нив.rnrnНајубавите приватни острови во светотrn

    Емералд Кеј

    rnЕмералд Кеј е дел од островите Туркс и Каикос. На него е изграден суперлускузен туристички центар, составен од шармантен замок чии делови се разделени со канали од тиркизното Карипско Море, а поврзани со спектакуларни мостови. Може да се купи за 48 милиони долари.rnrnНајубавите приватни острови во светотrn

    Софител Моту

    rnСофител Моту е еден од рајските острови Бора Бора. На неговите падини и над водата се изградени луксузен спа-центар, хотели, бунгалови и базен.rnrnНајубавите приватни острови во светотrn

    Мотукаваити

    rnПрестојот на ова островче е многу пријатен со оглед на тоа што на него нема никакви инсекти, а во бистрата вода најчесто можат да се видат делфини. Се наоѓа во близина на Нов Зеланд во архипелагот Кавали.rnrnНајубавите приватни острови во светотrn

    Енталула

    rnБели песочни плажи, карпи во кои плиска тиркизниот океан, пештери, заливи и неверојатни нуркачки локации се одлика на беспрекорниот приватен остров Енталула. Тој е дел од Филипините, а се наоѓа во провинцијата Палаван.rnrnНајубавите приватни острови во светотrn

    Тртл Ајленд

    rnАко знаете дека на овој остров е снимен филмот „Сината лагуна“, тогаш ви е јасно за каков егзотичен рај се работи. Феноменалната природа на овој остров во форма на желка може да биде изнајмен за 275.000 долари за седум ноќи. Се наоѓа во близина на Фиџи.rnrnНајубавите приватни острови во светотrn

    Дајмонд Кеј

    rnДајмонд Кеј е сместен во близина на Хондурас. Припаѓа на вториот најголем корален гребен во светот, што го прави перфектно засолниште за многу егзотични морски видови и место на кое нуркачите не можат да му одолеат. Има неколку колиби кои им се издаваат на туристите за високи цени.rnrnНајубавите приватни острови во светотrn

    Балисо

    rnБалисо е дел од територијата на Сент Винсент и Гренадин, а го носи епитетот „Пепелашка од Гренадините“. Се верува дека познатиот пират Црнобрадиот во осумнаесеттиот век често застанувал на овој остров. Оние кои мислат дека сè уште имаат шанса таму да најдат некое богатство скриено од него, можат да го купат за 30 милиони долари и да проверат.rnrnНајубавите приватни острови во светотrn

    Некер Ајленд

    rnПриватниот рај на англискиот бизнисмен сер Ричард Бренсон е во негова сопственост од седумдесеттите години на минатиот век. На него е изграден неверојатен туристички комплекс опкружен со колоритен корален гребен и разновиден морски животински свет. Еднонеделно уживање таму чини 330.000 долари.rnrnНајубавите приватни острови во светотrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Супер луксузниот Ролс-Ројс Фантом

    Супер луксузниот Ролс-Ројс Фантом

    Неверојатниот луксуз со којшто се одликува најновиот модел на Ролс-Ројс е уште една потврда дека овој бренд е број еден кога станува збор за ваков тип автомобили. Новиот Фантом е перфектен за оние кои сакаат својот социјален статус да го потврдат преку својот автомобил.Супер луксузниот Ролс-Ројс ФантомСупер луксузниот Ролс-Ројс ФантомСупер луксузниот Ролс-Ројс ФантомОној што ќе ја плати цената која што се движи од 400.000 до 500.000 американски долари ќе добие автомобил опремен со најлуксузните материјали ставени во кое било возило до сега. Користени се најфините кожни материјали добиени од специјално одгледани бикови, на подот има тенок слој од најмека јагнешка волна, а користени се дури шест видови дрво меѓу кои и махагон. Покрај класичниот внатрешен изглед, тука се некои од најсовремените електронски уреди кои даваат дополнителна безбедност во возењето.Супер луксузниот Ролс-Ројс ФантомСупер луксузниот Ролс-Ројс ФантомСупер луксузниот Ролс-Ројс ФантомСупер луксузниот Ролс-Ројс ФантомСупер луксузниот Ролс-Ројс ФантомЗадните врати се отвораат обратно од предните, а за комплетирање на луксузното уживање инсталирани се и звучници со моќност од 420 вати.Супер луксузниот Ролс-Ројс ФантомСупер луксузниот Ролс-Ројс ФантомСупер луксузниот Ролс-Ројс ФантомСупер луксузниот Ролс-Ројс ФантомИмпресивни се и можностите на овој фантом на Ролс-Ројс. За само 5,7 секунди достигнува брзина од 100 км/ч благодарение на В-12 6,8-литарскиот мотор со 453 коњски сили.Супер луксузниот Ролс-Ројс ФантомСупер луксузниот Ролс-Ројс ФантомСупер луксузниот Ролс-Ројс Фантом
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најскапите начини да се искуси светот

    Најскапите начини да се искуси светот

    Кога патуваат, повеќето луѓе се трудат со што е можно помалку пари да видат и да се забавуваат што е можно повеќе. Ако припаѓате на ова огромно мнозинство, потрудете се по секоја цена да ги избегнете следните убави, но прескапи задоволства.rn
    rn

    Хотели

    rnНајскапата хотелска соба во светот е дел од хотелот „Президент Вилсон“ во Женева. Нуди панорамски поглед кон Женевското Езеро од едната и Мон Блан од другата страна. Вратите и прозорците се отпорни на куршуми, во една од дванаесетте соби е сместено едно пијано, друга служи како соба за билијард, трета како библиотека, а има и фитнес центар. Сето тоа чини 65.000 американски долари за една вечер.Најскапите начини да се искуси светотrn

    Тура со авион

    rn„Smithsonian Journeys“ ја нуди најскапата приватна тура со авион. Наречена е „Културните и легендарни богатства на далечните земји ширум светот“, а ги опфаќа Јапонија, Папуа Нова Гвинеја, Индонезија, Виетнам, Бутан, Руанда и Јордан. При тоа туристите престојуваат во скапи хотели, а водичите доаѓаат од „National Geographic“ и неколку познати музеи. Ова 23-дневно патување чини 71.000 долари.rn
    rn

    Крстарење

    rnЦената на 124-дневно крстарење со луксузниот брод „Silversea Silver Whisper“ е неверојатни 1,5 милиони долари. За 12.000 долари на ден се добива префрлање до бродот од дома со хеликоптер, мермерни купатила, многу кавијар и егзотична глетка од вкупно 28 земји.Најскапите начини да се искуси светотrn

    Храна

    rnНајскапата храна во светот може да се најде главно во САД. Омлет од 1.000 долари има во Њујоршкиот хотел „Ле Паркер Меридиен“, најскапиот кавијар чини 48.750 долари, а една пица во „Nino’s Bellissima“ во Њујорк може да се купи за 1.000 долари. Верувале или не, една порција макарони со сирење во ресторанот „Мелис“ во Калифорнија чини дури 95 долари, додека во Конектикат се продаваат најскапите чоколатца – нешто повеќе од еден килограм чини 2.600 долари.rn
    rn

    Оброк во ресторан

    rnНа менито на ресторанот „Арагава“ во Токио може да се најде само месо, но и покрај тоа е најскап ресторан во светот со просечна цена на оброкот од 217 долари. Тоа што нивното месо го прави посебно е фактот што се добива исклучиво од крави од видот Вагиу, коишто секој ден добиваат масажа, се хранат директно од раката на одгледувачите и пијат саке, само за да го дадат најсочниот бифтек што може да се замисли.Најскапите начини да се искуси светотrn

    Разни атракции

    rnЦената на влезот во музејот „Бирле“ во Цирих е 25 швајцарски франци, за посета на забавниот парк на филмското студио „Јуниверзал“ во Орландо мора да издвоите 85 долари, а следење во живо на натпревар помеѓу Реал Мадрид и Барселона чини повеќе од 250 евра.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да отпатувате до вселената?

    Како да отпатувате до вселената?

    Автор: Петар ТодоровскиrnrnОние кои се горди со тоа дека отпатувале дури до крајот на светот, не можат веќе да се фалат со тоа што биле на Аљаска, на Фиџи или на Антарктикот. Откако Денис Тито во 2001 година стана првиот турист во вселената, само ѕвездите се лимитот за далечните патувања. Ако имате желба да отидете до космосот и оттаму да ја ѕирнете Земјата, еве низ каква процедура треба да поминете.Како да отпатувате до вселената?rn

    Што е потребно за да заминете?

    rnКако и за секое друго патување, потребни ви се само волја и пари, само што овој пат ви требаат во многу поголеми количини. Еден лет во вселената чини помеѓу 20 и 30 милиони долари, цена која што не е фиксна, туку се договара со секој патник посебно. Оние поекстремните можат да доплатат уште 15 милиони за да излезат од бродот и да прошетаат во вселената накратко, но тоа е предизвик кој сѐ уште никој не го прифатил. Можна е уште една опција, а тоа е потенцијалниот патник да го помине тренингот пред заминување, а потоа да го гледа вселенскиот брод како заминува без него, можност која чини 3 милиони долари.Како да отпатувате до вселената?rn

    Пред заминувањето

    rnСо цел да се исклучат можните опасности по здравјето на вселенскиот турист и уживањето да се доведе до максимум, пред заминувањето во вселената неопходно е да се помине одреден тренинг кој ќе го подготви патникот за она што го очекува таму. Прво се прави лекарски преглед со кој би се откриле некои здравствени ризици што некои туристи и покрај големата желба и многуте пари, сепак би ги спречиле да полетаат. Потоа следуваат неколку курсеви на коишто патниците учат како патот да им биде попријатен, како да постапуваат во итни случаи, им објаснуваат за чувството на мачнина, психички ги подготвуваат итн. На крај следуваат пробувањето на скафандерот и првото соочување со бестежинска состојба.Како да отпатувате до вселената?rn

    Полетување

    rnУште пред да зазори, патникот заедно со останатиот дел од екипата заминува кон космодромот, затоа што летот секогаш е закажан за рано наутро. Групата од шест луѓе и двајца пилоти тргнува со 30-минутен лет нагоре, за кое време се прават последните вежби за редуцирање на паниката. Кога ќе се стигне на околу 15 километри висина, капсулата се одвојува од бродот и продолжува кон вселената. За тоа време небесната околина ја менува бојата од сина до пурпурна, а кога капсулата ќе ја напушти атмосферата, конечно сѐ станува црно.Како да отпатувате до вселената?rn

    Во вселената

    rnМоторите се исклучуваат и патниците во капсулата сега веќе можат да ги одврзат ремените и да уживаат во бестежинската состојба и можноста низ прозорците да се воодушевуваат на бесконечноста на вселената. Внатре нема клозет, не се внесува храна, а има само малку вода која туристите ја користат за да си играат со гравитацијата. Сето ова трае четири минути, по кои следува враќањето кон Земјата.Како да отпатувате до вселената?rn

    Враќање назад

    rnВраќањето назад е брзо, а кога гравитацијата ќе почне повторно да се чувствува туристите повторно седнуваат на седиштата и ги ставаат ремените. Капсулата се движи со огромна брзина при што опашката се врти како пердув, а тоа трае до 20 километри од тлото на Земјата, пред повторно да почне да лебди и безбедно да се спушти.Како да отпатувате до вселената?rn

    Очекувањата за во иднина

    rnСѐ повеќе компании се заинтересирани да влезат на пазарот за вселенски патувања и овој засега екстремен авантуризам да го претворат во индустрија и секојдневие. Компанијата Вирџин Галактик планира да воведе евтини летови за само 200.000 долари, за кои веќе имаат десетици резервации. Се претпоставува дека за неколку години овој лет ќе биде достапен за само неколку десетици илјади долари, со што едно вакво патување ќе чини колку на пример, еден поскап автомобил. Ако им се верува на ветувањата, оние кои ќе отпатуваат во вселената би можеле да отседнат во хотел, да спортуваат во арени во бестежинска состојба и многу други подобности за кои денес може само да се фантазира.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Компјутери од милион долари

    Компјутери од милион долари

    Компјутерите се за да се користат, но што ако воедно можат да бидат и уникатна декорација која ќе го направи просторот препознатлив. Million-Dollar-PC.com е веб-сајт кој ги собира најубавите компјутерски системи на едно место. Еве дел од она што досега е објавено таму:rnrnКомпјутери од милион долариКомпјутери од милион долариКомпјутери од милион долариКомпјутери од милион долариКомпјутери од милион долариКомпјутери од милион долариКомпјутери од милион долариКомпјутери од милион долариКомпјутери од милион долариКомпјутери од милион долариКомпјутери од милион долариКомпјутери од милион долариКомпјутери од милион долариКомпјутери од милион долариКомпјутери од милион долариКомпјутери од милион долариКомпјутери од милион долари

  • 7 бесмислено скапи гаџети кои веројатно не треба да ги купите

    7 бесмислено скапи гаџети кои веројатно не треба да ги купите

    1. iPhone 3GS Supreme – 3,02 милиони долари

    rnАко вашиот ајфон почна да ви здосадува, веројатно сте во потрага по додаток кој ќе го освежи и направи поинтересен или пак веќе размислувате како го држите новиот модел во рака.7 бесмислено скапи гаџети кои веројатно не треба да ги купитеНаместо да си поминете поедноставно и поевтино, што велите за iPhone 3GS Supreme, ајфон од третата генерација вреден 3,02 милиони долари. Овој ајфон е различен од останатите негови браќа од истата генерација бидејќи е изработен од 22-каратно чисто злато со 136 беспрекорни дијаманти поставени на предниот дел, 53 дијаманти кои лежат на логото одзади и 7,1-каратно парче дијамант сместено на навигациското копче.7 бесмислено скапи гаџети кои веројатно не треба да ги купитеАко ова е прескапо парче задоволство за вас, тогаш земете ја предвид и поевтината варијанта – iPhone 4 облепен со дијаманти кој чини 20.400 американски долари. rn

    rn 2. Слушалки со 14 карати бело злато украсено со дијаманти – 3.499 долари

    rn 7 бесмислено скапи гаџети кои веројатно не треба да ги купитеАко веќе потрошивте 3 милиони долари за луксузен телефон, веројатно не би ви пречело да дадете уште 3 илјади за овие светкави слушалки кој ќе ги украсат вашите уши и ќе го надополнат вашиот екстравагантен имиџ.rn

    rn 3. Дијамантско цветно компјутерско глувче – 20.250 долари

    rn

    7 бесмислено скапи гаџети кои веројатно не треба да ги купитеСледен гаџет кој ќе ја надополни вашата дијамантска колекција е ова компјутерско глувче кое е веројатно најскапото во светот. Изработено е од 18-каратно бело злато и украсено со 59 дијаманти наредени во форма на цвет.7 бесмислено скапи гаџети кои веројатно не треба да ги купитеОдличен спој на технологија и накит и вистински избор за подарок со кој можете да кажете и покажете „колку“ некој ви значи.

    rnrn

    rn 4. Vertu Signature Cobra – 310.000 долари

    rn7 бесмислено скапи гаџети кои веројатно не треба да ги купитеАко ајфон е премногу очигледен избор за многумина, оние кои сакаат да остават вистински впечаток со својот мобилен телефон, изборот можат да го најдат во Vertu Signature Cobra, дизајниран во 2006 година од страна на еден француски изработувач на накит. Телефонот користи Symbian OS, а неговиот дизајн го одликуваат дијаманти во форма на крушка, еден кружен бел дијамант, 2 очи од смарагд и 439 рубини. Ако ова е парчето технологија-наикт кое сакате да го имате во вашата чанта или џеб, побрзајте бидејќи бројот на достапни „кобри“ е ограничен.rn

    rn 5. Amosu Curva – 240.000 долари

    rn7 бесмислено скапи гаџети кои веројатно не треба да ги купитеЧекајте, не донесувајте заклучоци врз база на името. Различните јазици некогаш прават вакви случајни шеги. Amosu Curva e всушност BlackBerry Cure 8900 збогатен со 4 459 брилијантно исечени дијаманти, облечен во кутија од жолто злато и вкупна каратна тежина од 28, 43 карати. Името го добил според неговиот изработувач Александер Амосу. Но, ако ова е вашиот избор, треба многу брзо да делувате бидејќи само 3 вакви парчиња се произведени за продажба.rn

    rn 6. Ego Lifestyle Laptop – 10.900 долари

    rn

    7 бесмислено скапи гаџети кои веројатно не треба да ги купитеАко вашиот лаптоп не изгледа како италијанска кожна чанта со крокодилски релјеф кога е затворен, едноставно не е доволно добар. Ego Lifestyle вклучува 64-битен AMD Turion процесор, има 12,1-инчен екран, Radeon XPRESS 200M графичка картичка, DVD плеер, 2GB DDR RAM, 160 GB тврд диск, WiFi и MS Office 2007, а тежи 2.58 килограми.

    rnИако, според спецификациите, делува како малку застарен модел, сепак има и неколку добри карактеристики како VGA излез, S-video излез, 3 USB порти и сл. Во моментов е во процес на продукција, но веќе може да се нарача.rn

    rn 7. Nintendo Game Boy во светкава варијанта – 29.500 долари

    rnОК. Веројатно веќе се навикнавте на темава, па затоа најбесмисленото го оставивме за крај. Идејата на овие екстра скапи играчки е во следново: земате еден мобилен телефон, лаптоп, слушалки или друга „обична“ играчка која повеќето луѓе можат да си ја дозволат, ја посипувате со метал и камења така што ја правите привилегија само на екстремно богатите кои имаат необично разбирање за модата, вкусовите и себеизложувањето во јавност.7 бесмислено скапи гаџети кои веројатно не треба да ги купитеПоследнава играчка е Game Boy покриен со сет од дијаманти распоредени околу екранот и сместен во 18 карати злато што го прави многу тежок. Зошто едно дете би сакало да игра на обичен, евтин Play Station, кога на светот постои вакво нешто? rnrn rnrn