КАФЕ ПАУЗА

Tag: семејна драма

  • Филм: Воин (Warrior)

    Филм: Воин (Warrior)

    Извонредна комбинација на драма и борбени сцени, на физичка и емоционална борбаrnrnФилм: Воин (Warrior)Режија: Гевин О‘КонорrnrnУлоги: Том Харди, Џоел Еџертон, Ник Нолти, Џенифер Морисон, Френк ГрилоrnrnВреметраење: 140 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 9 септември 2011rnrnЖанр: спортска драма, семејна драмаrnrnНаша оценка: 10/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rnВоин (Warrior) е спортска драма исполнета со ММА борби (Mixed Martial Arts – мешани боречки вештини) која највисоката оценка ја заслужува со тоа што борбените сцени не го носат дејствието на филмот. Ова не е некој од оние ужасно патетични филмови со Жан Клод Ван Дам или Стивен Сегал, туку одличен микс од драма и акција кој носи големо задоволство и возбуда при гледањето на филмот. Преку различните животни битки на секој воин во филмот, овде се раскажува исклучително добра приказна за истрајноста на човечкиот дух, љубовта во семејството и за простувањето.Филм: Воин (Warrior)Филм: Воин (Warrior)Во сите 140 минути извонредно се испреплетуваат физичките и емоционалните борби на воините во филмот. Брендан (Џоел Еџертон) е пристоен и емотивен професор по физика, поранешен ММА борец кој отсекогаш бил аутсајдерот во семејството. Тој веќе 14 години не се видел со брат му Томи (Том Харди), кој исто така е поранешен ММА борец. Томи е гневен и тивок, енигматичен лик, прогонуван од минатото и исполнет со потисната болка. Третиот член од семејството е татко им Педи (Ник Нолти), поранешен тренер во боречки спортови кој никогаш не знаел како да им искаже љубов на децата, а поради алкохолот се оддалечил од нив и си го упропастил животот. Сега веќе е трезен и се обидува да се смири со нив.Филм: Воин (Warrior)Филм: Воин (Warrior)Сите тројца се воини кои водат различни битки во животот. Брендан е слабо платен и се дави во долгови поради скапото лекување на ќерка му. Томи се враќа од Ирак по служењето во американската морнарица и по убиството на неговиот најдобар другар и сака да му помогне на неговото семејство. Педи е поранешен алкохоличар кој сфаќа колку пропуштил во животот и денес се обидува повторно да се зближи со синовите и да се искупи за грешките во минатото. Животот ќе ги спои во заедничка битка кога сите тројца ќе се појават на силен ММА турнир за награда од пет милиони долари. На едната страна е Брендан кому парите му требаат за да го отплати кредитот и да ја задржи куќата, а на другата се Томи, кој сака парите да ги даде на сопругата и децата на неговиот другар, и Педи кој овде доаѓа како негов тренер.Филм: Воин (Warrior)Емоционалните аспекти на филмот се одлично прикажани и лесно е да се соживеете со нив додека проблемите се откриваат слој по слој. Актерите добија извонредни критики за тоа, а Ник Нолти заработи дури и нимонација за Оскар. Што се однесува до борешките сцени, ако знаете дека Џоел Еџертон и Том Харди заработиле повреди при нивното снимање, јасно е дека нема простор за сомнеж дека тие се спектакуларно изведени, полни со адреналин и многу реални, а одличната музика само ја надополнува нивната драматика.Филм: Воин (Warrior)Ако сакате да го споредувате „Воин“ со некој друг ваков сличен филм, такви би биле првиот дел на Роки (Rocky), Боксер (The Fighter) или Девојка од милион долари (Million Dollar Baby), но овој е уште подобар од нив. Не мора да сте фан на боречките спортови за да го гледате, затоа што овде борбите се така дозирани да ù одат во прилог на драмата. Ова е еден од најдобрите филмови кои се појавиле во поново време и не смее да се пропушти.Филм: Воин (Warrior)Филм: Воин (Warrior)
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Заменети при раѓање (Switched at Birth)

    Заменети при раѓање (Switched at Birth)

    Приказна за текот на животот кој се одредува уште од самото раѓање, за семејството и семејните драми, за животот во изобилие наспроти скромниот живот кој е судбина на две тинејџеркиrnrnЗаменети при раѓање (Switched at Birth)Главни улоги: Кејти Леклерк, Ванеса Марано, Констанс Мари, Д.В. Мофет, Леа Томпсон, Лукас ГрејбилrnrnЖанр: семејна драмаrnrnПремиера: 6 јуни 2011rnrnБрој на сезони: 1 (во тек)rnrnВреметраење: 42 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn———————————————————————————————————————————————————————–rnЗаменети при раѓање зборува за две различни семејства во кои живее по една тинејџерка на иста возраст. Едното живее во богатство и изобилие, тоа е семејство од високата класа, семејство кое вози скапи автомобили, приредува добротворни забави и ги праќа своите деца во скапи приватни училишта. Другото семејство е сосема нормално, типичен претставник на работничката класа, составено од мајка која заработува како фризерка и нејзината ќерка тинејџерка, кои одамна се напуштени од непознатиот татко. Сè изгледа навистина нормално, освен што не е баш…rn———————————————————————————————————————————————————————–rn

    rnПриказна: Ќерката на Џорџи, Дафни е глува од малечка, кога нејзиниот слух настрадал како резултат на менингитис. Оттогаш нивниот живот претставува тешка борба за нормален живот, да се биде нормално прифатен од средината, додека истовремено средината треба да има разбирање за потребите кои ги наметнува таквата состојба. Сепак, и покрај слабата финансиска состојба, животот во периферијата и отсуството на машка фигура во семејството, изгледа како Џорџи и Дафни да се снаоѓаат сосема добро, па дури постои и некоја ведрина во нивните животи.Заменети при раѓање (Switched at Birth)На другата страна е семејството Кениш, совршено и безгрижно, сè додека еден ден ќерката Беј случајно открива дека нејзината крвна група не се совпаѓа со онаа на нејзините родители. По обраќањето во болницата каде што Беј е родена, на виделина излегува вистината. При раѓањето Беј била заменета со друго бебе и семејството Кениш всушност си отишло дома со туѓо бебе. Заменетите бебиња се всушност Беј и Дафни.Заменети при раѓање (Switched at Birth)Болницата им овозможува да стапат во контакт. Иако двете семејства имаат различен пристап кон целата ситуација и различни очекувања во иднина, сепак се сложуваат да живеат без малку под ист покрив со цел сите подобро да се запознаат.Заменети при раѓање (Switched at Birth) Тука настапуваат семејните драми, тинејџерските изливи на бес, кавгите помеѓу двете мајки на две ќерки, по една биолошка и по една која ја имаат одгледано, притисоците од таткото кој чувствува дека треба многу да надомести за пропуштеното и секако, љубовните авантури на двете девојки во главните улоги.Заменети при раѓање (Switched at Birth)Заменети при раѓање (Switched at Birth)Заменети при раѓање (Switched at Birth)Заменети при раѓање (Switched at Birth)Порака: Заменети при раѓање сака да го прикаже проблемот со слухот и користењето знаковен јазик, како нешто нормално, како дел од животот со кој многумина се соочуваат. Згора на тоа, Кејти Леклерк, која ја толкува улогата на Дафни, има проблем со слушањето и во вистинскиот живот, како и луѓето од нејзината средина во серијата, што на приказната ù дава автентичност, како резултат на одличната, природна глума.Заменети при раѓање (Switched at Birth)Кога и како да ја гледате: Бидејќи е семејна драма, оди одлично по заедничкиот семеен ручек, во присуство на сите членови. Засега се прикажани 5 епизоди, па тек треба да чекаме да се развива дејството и да видиме што ќе понуди приказната. Во секој случај, замислата е интересна, оригинална и барем засега ветува добар развој во иднина.Заменети при раѓање (Switched at Birth)Слични серии: Родители“, „Седмо небо“, „Неочекуван живот“, „Три Хил“rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.