КАФЕ ПАУЗА

Tag: секојдневно

  • Запишувајте што јадете и веднаш ќе ги забележите овие 5 прекрасни придобивки

    Запишувајте што јадете и веднаш ќе ги забележите овие 5 прекрасни придобивки

    Можете да имате листа на работи коишто треба да ги направите во текот на денот, листа на работи коишто треба да ги купите, но колкумина од вас запишуваат што јадат во текот на денот? Доколку водите дневник за она што го јадете секојдневно, вие ќе бидете изненадени и воодушевени од тоа што може ова да направи за подобрување на вашето здравје и благосостојба. Од ваквиот дневник вие ќе откриете во кој период се прејадувате, што не консумирате доволно во текот на денот и слични корисни податоци.rnrnrnrnЕве што би добиле од практикувањето на оваа едноставна, секојдневна активност.rn

    1. Ќе го намалите внесувањето калории

    rnОбрнувајќи внимание на тоа колку калории внесувате дневно, вие полесно ќе можете да го контролирате тоа. Самиот чин на евидентирање на храната може да ве поттикне да јадете помалку, а со тоа и да ја намалите телесната тежина.rn

    2. Ќе ги избегнувате ужините

    rnГледајќи колку пати во денот имате ужина, со евидентирањето на храната ќе можете да го намалите внесувањето на непотребните калории коишто доаѓаат од ужините.rn

    3. Ќе ја согледате разликата помеѓу исхраната во работните денови и за време на викендите

    rnПовеќемина во текот на работната недела јадат брза храна којашто содржи високо ниво масти. Кога ќе го согледате ова на лист хартија, можеби ќе направите дополнителни напори викендот да готвите повеќе, при што ќе бидете подготвени за подобро организирање на храната во текот на работната недела.rn

    4. Ќе ја забележите поврзаноста помеѓу исхраната и вашето расположение

    rnСо тоа што ќе ја евидентирате храната којашто ја внесувате, вие лесно ќе можете да согледате како расположението влијае на вашата исхрана и обратно, како храната влијае на вашето расположение. На овој начин би можеле да откриете дека кога се храните здраво и кога не се прејадувате, вашето расположение е подобро.rn

    5. Ќе се чувствувате поудобно и поздраво

    rnКога ќе евидентирате што сте јаделе, полесно можете да откриете што ви предизвикува подуеност и потешкотии. На овој начин ќе успеете да ги елиминирате непријатностите и ќе се чувствувате многу подобро.

  • 9 проблеми со кои се соочуваат само оние луѓе кои имаат често и секојдневно име

    9 проблеми со кои се соочуваат само оние луѓе кои имаат често и секојдневно име

    Веќе зборувавме за придобивките од уникатното име, но што е со сите оние луѓе кои имаат често и секојдневно име? Доколку и вие сте едни од нив, тогаш со сигурност ќе се пронајдете во следниве 9 проблеми…rnrn9 проблеми со кои се соочуваат само оние луѓе кои имаат често и секојдневно имеrnrn1. Не можете да бидете идентификувани само по вашето име. Токму затоа големи се шансите дека луѓето повеќе ве разликуваат по презимето отколку по името. Исто така не можете да го користите на социјалните мрежи како корисничко име, па понекогаш поминувате со часови во измислување некоја нова интересна комбинација која ќе ве отсликува исто како името во вашите мисли, но дури и тогаш, најчесто сè што ќе предложите е веќе зафатено.rnrn2. Некој друг со истото име веќе ја има вашата идеална имејл адреса. Големи се шансите дека некој со истото име и презиме како вас веќе ја користи вашата совршена комбинација за имејл адреса, па токму затоа мора да ставате бројки или дополнителни букви со цел да се издвоите.rnrn3. Секогаш кога ќе го чуете вашето име се вртите, но не забележувате никој познат. И во тие моменти едноставно сакате да кажете, „Ти благодарам непознат странецу што ми потроши 1 секунда од мојот живот!“rnrn4. Вашиот нов партнер, односно партнерка сигурно има бивш или бивша со истото име како вашето. Зарем работите можат да станат повеќе непријатни? Секој пат кога тој/таа ќе го изговара вашето името ќе се потсетува на бившиот/бившата. Уште полошо, кога тоа ќе се случи за време на сексот, вие дури и ќе го/ја замислите него/неа на вашето место.rnrn5. Луѓето додаваат број на вашето име. Елена 1, Елена 2, Елена 3? Зарем живееме во некој научно фантастичен свет каде што луѓето се групираат според името? И зошто вие не можете да бидете број 1?rnrn6. Големи се шансите дека постои криминалец со истото име и презиме како вашето. И секогаш кога ќе се претставите луѓето заземаат одбранбен став кон вас, бидејќи не знаат дали вие сте биле онаа личност која до неодамна била во затвор…rnrn7. Добивате пораки кои подоцна сфаќате дека не биле наменети за вас. За џабе целата паника која ја доживеавте додека читавте порака од шефот со огромни критики за вашата работа.rnrn8. Толку многу сакате да се издвоите што едноставно си измислувате уникатен прекар со кој подоцна постојано се претставувате. Дури размислувате и да си го додадете на вашето име со цел да внесете малку разновидност.rnrn9. Ако сте се запознале со згоден дечко или прекрасна девојка во барот, големи се шансите дека тие долго време ќе бараат додека не ве најдат на Фејсбук. Вие го знаете ова бидејќи неколку пати сте го пребарувале вашето име на социјалните мрежи со цел да видите дали воопшто ќе се појави. Токму затоа и постојано се надевате дека му/ѝ се допаѓате доволно за да стигне до 9-тата страна каде што сте вие…

  • 17 ситуации во кои секојдневно се разочарувате од себеси

    17 ситуации во кои секојдневно се разочарувате од себеси

    Не можете да негирате дека се мразите себеси во моментите кога ќе ви се случи некоја од овие работи.rnrn

    (1) 17 ситуации во кои секојдневно се разочарувате од себеси
    Кога ќе соберат многу садови за миење во мијалникот
    rnrn
    (2) 17 ситуации во кои секојдневно се разочарувате од себеси
    Кога ќе сфатите дека важниот мејл кој штотуку сте го пратиле содржи печатни грешки
    rnrn

  • Нежни и женствени комбинации со црвеникаво-розова и сива боја

    Нежни и женствени комбинации со црвеникаво-розова и сива боја

    Пастелните бои се секогаш во тренд и секогаш придонесуваат за нежен изглед. Црвеникаво-розовата и сивата боја одат одлично заедно. Ова се 4 идеи како да ги искомбинирате овие бои за разни пригоди.rn

    Секојдневно и слатко

    rnСекојдневен и удобен изглед за на училиште, факултет, читална или кафе со пријателите. Искомбинирајте светли фармерки и удобен џемпер. Како аксесоари одберете сива марама со интересен принт и нежни обетки. Завршете го изгледот со ниски балетанки и мала чанта за преку рамо. Секако, не заборавајте го нежно розовиот сјај за усни.rnrnНежни и женствени комбинации со црвеникаво-розова и сива бојаrn

    Женска вечер

    rnЗа забавна и незаборавна женска забава искомбинирајте едноставен сив џемпер, пласирано здолниште и чизми до глужд. Како аксесоар за коса, искористете лента во црна, сива или црвеникаво-розова боја и завршете го изгледот со розов лак за нокти.rnrnНежни и женствени комбинации со црвеникаво-розова и сива бојаrn

    Шик и софистицирано

    rnОваа комбинација е совршена за на работа или кога имате важна презентација на факултет. Искомбинирајте тесни бели панталони, сиво-бела маичка на риги и црвеникаво розова наметка или сако. Завршете го изгледот со каиш во металик боја и нежно ланче со цветови во светли бои.rnrnНежни и женствени комбинации со црвеникаво-розова и сива бојаrn

    За незаборавен љубовен состанок

    rnНежното розово фустанче со чипка во комбинација со популарните оксвордки и елегантен сив мантил се совршена комбинација кога одите на состанок или пак доколку го прославувате денот на вљубените со вашиот партнер. Едноставно парче накит и плик чанта се задолжителни аксесоари, додека пак совршена фризура за ваква пригода е пунџа на страна.rnrnНежни и женствени комбинации со црвеникаво-розова и сива боја
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Секојдневни звуци кои сите ги обожаваме

    Секојдневни звуци кои сите ги обожаваме

    Сигурно и вие имате некој омилен секојдневен звук, на кој му се радувате секојпат кога ќе го чуете. Дождовните капки кои удираат по кровот, нежното пукање на дрвата во огнот, отворањето тегла или вадењето тапа од шише, сипувањето на кафето во вашата шолја и чекорењето по недопрен снег…. Кој ви е омилен? 🙂Секојдневни звуци кои сите ги обожаваме rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Единствената пилатес вежба која треба да ја правите секој ден

    Единствената пилатес вежба која треба да ја правите секој ден

    Постои една пилатес вежба која е истовремено забавна, ефективна и смешна.rnrnЏозеф Пилатес, креаторот и основачот на пилатесот, ја креирал оваа вежба на ист начин како и сите останати – како комбинација од координација, истегнување, порамнување, дишење и временско усогласување. Но, ова е вежба која тој верувал дека секој човек треба да ја прави секое утро и се вика командос, денес повеќе позната како часовник или вртење на часовникот.rnrnДвижењето треба да се направи за една минута и е потешко одошто изгледа.rnrnПрво треба да си замислите дека вие сте стрелките на часовникот. Легнете на грб така што главата ќе ви биде наместена на 12 часот, а долниот дел од телото на 6. Кога ќе се придвижувате, правете го тоа во насока на стрелките на часовникот.rnrn1. Започнете со позиција во која лежејќи на грбот, нозете ви се скупчени кон телото. Подигнете ја главата и држете ги колената со двете раце.Единствената пилатес вежба која треба да ја правите секој ден2. Вдишувајќи, исправете ги рацете зад вас кон 12 часот, додека истовремено ги испружувате нозете кон 6 часот. Притоа грбот треба да ви биде цврсто прилепен за подот, а стомакот затегнат. Рацете и нозете во ниеден момент не треба да го допрат подот. Во зависност од силата што ја имате, ќе ги испружите нозете повеќе или помалку.Единствената пилатес вежба која треба да ја правите секој ден3. Како што ќе издишувате, обидете се да го свртите телото кон 1 часот, вовлекувајќи ги колената кон себе, исто како во првобитната позиција.Единствената пилатес вежба која треба да ја правите секој ден4. Вдишете додека ги истегнувате рацете кон назад, а нозете право кон 7 часот. Единствената пилатес вежба која треба да ја правите секој ден5. Чекорите 3 и 4 треба да ги повторувате додека не направите цел круг во часовникот.rnrn6. Штом завршите, тргнете обратно од движењето на стрелките на часовникот и повторете ја целата вежба од почеток.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 нешта кои секојдневно ни паѓаат на памет секоја пролет

    10 нешта кои секојдневно ни паѓаат на памет секоја пролет

    Пролетта е супер годишно време, но преодноста од зима кон лето нè тера секојдневно да се запрашуваме и да си помислуваме некои работи. Еве 10 такви.rnrn10 нешта кои секојдневно ни паѓаат на памет секоја пролетrnrn1. Уф, ќе мора да си ги депилирам нозете.rnrn2. Не знам дали кивам од алергија или ме фатило настинка.rnrn3. Изгледа како да ќе врне.rnrn4. Треба да си земам нешто по долги ракави?rnrn5. Сите се некако толку заљубени.rnrn6. Скара.rnrn7. Ах, прозориве се за чистење.rnrn8. Изгледам бледо.rnrn9. Ми се шета, ми се излегува, не ми се прибира дома.rnrn10. Уште месец-два – летен одмор. Алелуја!

  • Моќта на малите ритуали во секојдневниот живот

    Моќта на малите ритуали во секојдневниот живот

    Ритуалот е какво било значајно или симболично однесување за кое веруваме дека некако ќе ни помогне да се соочиме со одредена ситуација или да надминеме некоја пречка. Нашите животи секојдневно се преполни со мали ритуали од кои веруваме дека имаме некаква корист.rnrnНа пример, ја облекувате вашата „среќна кошула“ секогаш пред важен состанок, се охрабрувате себеси во огледало пред интервју за работа, или пак визуелизирате како давате кош пред да го фрлите баскетот. И покрај тоа што овие ритуали често изгледаат како ирационални и суеверни, истражувањата покажале дека тие всушност може да имаат и позитивна функција.rnrnМоќта на малите ритуали во секојдневниот животrnrnВо една студија објавена во „Psychological Science“ истражувачите откриле дека ваквите суеверни однесувања (како прекрстувањето на вашите прсти, поседувањето на среќен предмет или изјавата „скрши нога“) всушност можат да ги подобрат вашите перформанси при извршувањето различни видови задачи. Причината поради која ова успева не е некоја натприродна сила, туку бидејќи овие мали и значајни однесувања ви даваат моментална самодоверба и истовремено ја намалуваат анксиозноста која настанала од самата задача што е пред вас, притоа овозможувајќи ви да настапите многу подобро. Малите ритуали можат да отворат нешто во нас, нешто над кое обично немаме влијание.rnrnСте гледале ли некогаш филм или ТВ серија каде што некој од ликовите наоѓа среќен предмет? Потоа, најчесто во нивниот живот се случува позитивен пресврт и целиот свој успех го префрлаат на тој среќен предмет. На крајот, тие се соочуваат со огромна пречка и сфаќаат дека ја поминале без тој предмет и дека всушност моќта цело време била внатре во нив.rnrnСите ритуали функционираат на истиот начин, самите зборови, однесувања или предмети не се оние кои ни даваат сила, туку нашата перцепција на самиот ритуал. И покрај тоа што моќта на овие ритуали всушност доаѓа од самите нас, сепак потребна е физичка примена на истите за да ја поттикнат таа позитивна промена во нас.rnrnМногу често можеме да забележиме како некои од најуспешните луѓе во своите области, без разлика на тоа дали станува збор за спортисти, бизнисмени, музичари или пак, актери наоѓаат некакво значење во своите ритуали и на тој начин си помагаат при надминување на секојдневните пречки.rn

    Создадете свој мал ритуал

    rnСоздадете сопствен ритуал кој ќе подобри одредени ситуации во вашиот живот. Еве неколку примери кои би можеле да ви помогнат:rnrnИдентификувајте специфична ситуација во вашиот живот која би сакале да ја подобрите, како на пример, да ги подобрите своите оцени, да бидете посамоуверени за време на состанок или пак, да бидете подобри во одреден спорт.rnrn1. Најдете нешто што е значајно за вас и што може да ви помогне во некои вакви ситуации. На пример:rn

      rn011

    • Носете со себе среќен предмет кој има посебно значење за вас.
    • rn011

    • Рецитирајте си инспиративни цитати околу 5-10 минути.
    • rn011

    • Создадете шема од однесувања, како удирање 5 пати со рацете пред да започнете со активноста.
    • rn

    rn2. Обидете се да внесете и некој вид симболи во вашиот живот кои веќе на некој начин ви значат, можеби нешто поврзано со религијата, спиритуалноста или некоја уметност која ви се допаѓа.rnrn3. За каков ритуал и да се одлучите, најважно е тој да има значење за вас. Ритуалите се нешто лично, не можете едноставно да позајмите од некој друг и да очекувате дека ќе успее.rnrn4. Вежбајте го ритуалот. Колку повеќе го вежбате, толку позначаен ќе ви биде. Погрижете се да стане дел од вашата секојдневна рутина и со тек на време ќе стане и дел од вас.rnrnСоздавањето мали ритуали како овие доведува до еден вид плацебо ефект, каде што едноставните сугестии кои ги носат во себе овие ритуали ќе ви помогнат навистина да успеете. Лесно е да бидете скептични за моќта на ритуалите, бидејќи тие се еден вид суеверија, но ви препорачуваме да се обидете. Без разлика на нивната ирационалност, тие навистина можат да ви послужат како многу позитивна и практична алатка за подобрување на вашиот живот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Листа на основни секојдневни проблеми

    Листа на основни секојдневни проблеми

    Сите ние сме навикнати на одреден начин на живот и сме приморани постојано да се сретнуваме со голем број потешкотии. Но, во последно време се појавуваат некои секојдневни „проблеми“ кои и покрај нивната наизглед банална природа, успеваат моментално да предизвикаат многу поголема напнатост од некој посериозен и подолготраен проблем. Еве мал дел од овие мини проблемчиња со кои сите се сретнуваат барем по еднаш во текот на денот:rnrnЛиста на основни секојдневни проблемиrn

      rn011

    • Не можете да го најдете далечинското.
    • rn011

    • Има премногу реклами за време на вашата омилена ТВ-серија.
    • rn011

    • Сте го изгореле јазикот пиејќи жешко кафе.
    • rn011

    • Постојано ви „паѓа“ интернетот.
    • rn011

    • Немате ништо за јадење во фрижидерот.
    • rn011

    • Немате што да облечете за состанок.
    • rn011

    • Ви снемало тоалетна хартија.
    • rn011

    • Вашиот сосед ставил „пасворд“ на неговата мрежа.
    • rn011

    • Ви снемало млеко.
    • rn011

    • Додека се туширате, на водата ù е потребно долго време да стане топла.
    • rn011

    • Не сакате да јадете ладни остатоци од ручекот.
    • rn011

    • Сте се исекле додека сте се бричеле.
    • rn011

    • Сте го заборавиле паричникот дома.
    • rn011

    • Вашиот Фејсбук-профил сам се променил во тајмлајн.
    • rn011

    • Ве додале во групна порака со непознати луѓе каде што не ни можете да го следите разговорот.
    • rn011

    • На никој не му се допаѓа вашата слика на профилот.
    • rn011

    • На фризер сте добиле сосема спротивна фризура од онаа што сте ја побарале.
    • rn

    rnЛиста на основни секојдневни проблемиrn

      rn011

    • Имате слаб сигнал на мобилниот.
    • rn011

    • Постојано ви стигнуваат покани за настани на Фејсбук.
    • rn011

    • Приморани сте да користите два далечински управувачи (еден за менување програми, друг за зголемување/намалување на звукот).
    • rn011

    • Немате опција „снуз“ на будилникот.
    • rn011

    • Сте заборавиле да го исклучите ѕвонењето на мобилниот пред да си легнете.
    • rn011

    • Звукот од реновирањето на соседниот стан ве буди веќе цела недела во 6 часот сабајле.
    • rn011

    • Не можете да го слушнете телевизорот поради правосмукалката.
    • rn011

    • Сте го заборавиле мобилниот дома.
    • rn011

    • Во ресторанот служат само „Пепси“ производи.
    • rn011

    • Сакате да пишете порака додека возите, но сите семафори ви стануваат зелени уште пред да застанете.
    • rn011

    • Во омиленото кафуле на вашиот најдобар пријател не го служат единственото пиво кое вие го пиете.
    • rn011

    • Сте купиле поскапо кафе по препорака, но има многу лош вкус.
    • rn011

    • Не работи лифтот (а живеете на 15-ти кат).
    • rn011

    • Предолго чекате една личност да искочи од тоалетот во дискотека.
    • rn011

    • Сте ги заборавиле вклучени светлата на колата.
    • rn011

    • Сте купиле погрешни батерии.
    • rn011

    • Не можете да најдете место за паркирање.
    • rn

    rnЛиста на основни секојдневни проблемиrn

      rn011

    • Вашиот телевизор нема опција за враќање наназад неколку секунди.
    • rn011

    • Ви ја погрешиле нарачката во Мекдоналдс.
    • rn011

    • Заборавивте дека утре полагате.
    • rn011

    • Не можете да најдете исти чорапи во вашата фиока.
    • rn011

    • Вашиот тим го изгубил натпреварот.
    • rn011

    • Лаптопот ви „умрел“, а имате презентација за половина час.
    • rn011

    • Не можете да го најдете полначот за лаптопот.
    • rn011

    • Вашиот мобилен постојано сам ви ги „поправа“ зборовите.
    • rn011

    • Не можете никаде да си ги најдете клучевите од дома/кола.
    • rn011

    • Нема ништо интересно на ТВ.
    • rn011

    • Немате интернет.
    • rn011

    • Имате страшен вирус на компјутерот, поради кој тој сам се вклучува/исклучува.
    • rn011

    • Микробрановата ви титка сè додека не ја отворите.
    • rn011

    • Заглавени сте во сообраќај за време на најголемата гужва.
    • rn011

    • Немате батерија на мобилниот.
    • rn011

    • Додека пишувате есеј, Ворд ви ги потцртува сите зборови со црвено.
    • rn011

    • Не ви е удобно додека седите, бидејќи џебовите ви се полни со монети.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Уникатен и модерен накит кој го отсликува секојдневното

    Уникатен и модерен накит кој го отсликува секојдневното

    Овој уникатен накит е дел од колекцијата „Snapshot“, направена од израелското дизајнерско студио „Yael + Tal“. Колекцијата е составена од обетки, ѓердани и нараквици на кои се претставени минијатурни луѓе, кои одмараат седнати на клупа или на некоја лулка. Уникатен и модерен накит кој ги претставува секојдневното Името на колекцијата сугерира на секојдневни сцени кои се фатени во вистинскиот момент и на тој начин остануваат овековечени засекогаш. Дизајнерите преку оваа прекрасна колекција од модерни и уникатни парчиња накит изработени од злато и од сребро, сакаат да ни ја претстават убавината на секојдневното.Уникатен и модерен накит кој ги претставува секојдневнотоУникатен и модерен накит кој ги претставува секојдневнотоУникатен и модерен накит кој ги претставува секојдневнотоУникатен и модерен накит кој ги претставува секојдневнотоУникатен и модерен накит кој ги претставува секојдневнотоУникатен и модерен накит кој ги претставува секојдневнотоУникатен и модерен накит кој ги претставува секојдневнотоУникатен и модерен накит кој ги претставува секојдневнотоУникатен и модерен накит кој ги претставува секојдневнотоУникатен и модерен накит кој ги претставува секојдневнотоУникатен и модерен накит кој ги претставува секојдневното
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn