Палијативна нега е нова филозофија на животот, која не се однесува само на постари пациенти, туку ги опфаќа сите со неизлечиви болести или состојби, од деца до лица во длабока старост.rnrnПалијативната медицина е најмлада гранка на медицината присутна во последните шеесетина години, филозофија која се залага за помош и поддршка на пациентите со прогресивни или неизлечиви болести, насочена кон подобрувањето на квалитетот на животот на пациентите, како и задоволување на нивните потреби и желби.rnrn
rnrnПалијативна грижа е интердисциплинарен пристап на решавање на предизвиците на немоќните на тим од специјалисти, доктори, медицински сестри, социјални работници, физиотерапевти, психолози, црковни лица и волонтери или подобро кажано „сеопфатен” пристап кон пациентот.rnrnСтавот кон животот на сите пациенти треба да се почитува, но и да им се ублажи физичката и емоционалната болка и да им се олесни секојдневието со лекови, но и со добра комуникација, многу време, љубов, трпение и емпатија. Воведувањето на палијативна нега во здравствениот систем ќе им помогне на пациентите во најтешките моменти од животот и на сите заболени од карцином, невролошки или срцеви заболувања, дијабетичари, заболени од хронични болести, Паркинсонова болест, Алцхајмер, Деменција…rnrnВознемирува податокот дека до 2050 година, дури 135 милиони од светското население ќе биде засегнато од деменција, а во недостаток на доволно научни податоци што се темелат на релевантни испитувања, креирана е бесплатна мобилна апликација за утврдување на способноста за навигација кај здравите луѓе, што понатаму ќе обезбеди критериуми за споредба со лицата со сиптоми на деменција и можност за креирање тестови за рана дијагноза на болеста. Со едноставно даунлодирање на „Sea Hero Quest“ и со само 2-минутно играње се обезбедуваат податоци кои во конвенционални, лабораториски услови би се добиле за 5 часа.rnrn„Sea Hero Quest“ ја лансираше Групацијата Дојче Телеком, поддржана од Македонски Телеком, во соработка со интернационални партнери Alzheimer’s Research, Универзитетот во Лондон, Универзитетот на Источна Англија и развивачите на игри од компанијата Glitchers.rnrnПревземете ја бесплатната мобилна апликација за iOS и Android системите од App Store и Google Play на следниот линк, играјте, забавувајте се и она што е најважно- дајте го својот придонес во најголемото научно истражување за деменцијата.rnrnПовеќе за целиот научен проект, идејата и концептот на овој линк.
Tag: Sea Hero Quest
-

Прави добро – чувствувај се добро
-

„Sea Hero Quest“ – Прва мобилна игра во светот за борба против деменцијата на групацијата Дојче Телеком
Македонски Телеком се вклучува во глобалната борба против деменцијата и Алцхајмеровата болест
rn„Sea Hero Quest“ е нова и иновативна мобилна игра со која секој може да придонесе во создавањето на најголемиот извор на податоци во светот за човековата способност за ориентација и просторната навигација, како основа за поставување на споредбени параметри и стандарди за нови дијагностички тестови за деменцијата кај луѓето.rnrn
rnrnГрупацијата Дојче Телеком лансираше нова иновативна мобилна игра „Sea Hero Quest“ инспирирана од борбата против деменцијата и Алцхајмеровата болест како нејзин најчест причинител.rnrnМакедонски Телеком како дел од Групацијата Дојче Телеком, се придружува кон оваа глобална кампања за подигнување на свесноста за деменцијата и Алцхајмеровата болест, како и во доближувањето на играта до македонската јавност, преку која секој од нас ќе има можност да придонесе за што поскоро откривање на нови можности за дијагностицирање и третирање на овие болести.rnrn„Sea Hero Quest“ е мулти-платформска игра за мобилни телефони специјално креирана за да ни помогне да го подобриме нашето разбирање за просторната ориентација и како функционира овој аспект од нашиот мозок, како дел од еден заеднички и координиран напор на науката во справувањето со растечката појава на деменцијата во светот.rnrnСпоред Извештајот за глобалното влијание на деменцијата (2013–2050), се проценува дека до 2050 година, бројот на луѓе заболени од деменција, во светот ќе достигне до фрапантни 135 милиони. Секоја година во светски рамки се јавуваат 7,7 милиони нови случаи на пациенти со деменција, со што таа станува една од најбрзо растечките болести во светот.rnrnКај нас, се проценува дека околу 20.000 луѓе патат од Алцхајмерова деменција, но само мал дел се третираат или се свесни дека ја имаат болеста, поради заблудата дека е тоа нормален дел од човековото стареење, а всушност може да станува збор за прогресивно уништување на мозочните функции, најчесто предизвикано од Алцхајмеровата болест. Креирање на глобален стандард за тоа како се ориентираме е широко прифатено како еден од клучните чекори кон развивање на нови дијагностички тестови за болестите коишто предизвикуваат деменција.rnrnРаното откривање на симптомите и болеста е неопходно за откривање на нови ефикасни лекови за успорување на болеста, за која засега не е пронајден лек за нејзино спречување. Таа им ги одзема на луѓето спомените, способноста за ориентацијата во простор и време, сè до целосно губење на способноста за себеспознавање и неможноста да ги обавуваат самостојно основните животни фукции.rnrn„Sea Hero Quest“ е приказна за едно младо момче кое тргнува по стапките на својот татко морепловец, со цел да му ги врати сеќавањата на некогашниот живот и морските подвизи. Само 2-минутно играње на „Sea Hero Quest“ обезбедува податоци кои во слични конвенционални услови би се добиле за 5 часа, а доколку 100.000 лица ја играат играта 2 минути, би надоместиле над 50 годишно вакво истражување во лабораториски услови. Самото тоа доволно говори за важноста на оваа игра во која веруваме секој од нас ќе учествува и ќе се вивне во авантурите на морскиот херој, за добра и хумана цел, која сите нас не засега .rnrn„Sea Hero Quest“ е достапна на глобално ниво за iOS и Android системите и може бесплатно да се преземе од App Store и Google Play.rnrnПовеќе информации за оваа уникатна добротворна игра, приказната за нејзиното креирање и болеста поради која што е дизајнирана, може да се најде на www.seaheroquest.com.rn***
rn„Sea Hero Quest“ е креирана во соработка со интернационални партнери, меѓу кои: добротворната организација за истражување на Алцхајмеровата болест Alzheimer’s Research, Универзитетот во Лондон, Универзитетот на Источна Англија и развивачите на игри од компанијата Glitchers.rnrnИграта не е наменета како тест за деменција, туку за утврдување на способноста за навигацијата кај здравите луѓе, што понатаму ќе обезбеди критериуми за споредба со лицата со симптоми на деменција и можност за креирање тестови за рана дијагноза на болеста.rnrnСите податоци собрани од играта ќе бидат анонимни и безбедно ќе се чуваат во дата центарот на Т-Системс во Германија со цел да се осигури интегритет и приватност на податоците во согласност со германскиот закон за заштита на податоците, што е еден од најстрогите во Европа.