КАФЕ ПАУЗА

Tag: Сан Франциско

  • Еден човек, 35 години и 100.000 чепкалки за заби

    Еден човек, 35 години и 100.000 чепкалки за заби

    Пред околу 35 години, артистот Скот Вивер започнал да работи на оваа неверојатно комплексна скулптура, која ја нарекол „Тркалање низ заливот“ (Rolling through the Bay). Тој и до ден денеска, сè уште продолжува да ја надградува и проширува.Еден човек, 35 години и 100.000 чепкалки за забиОваа скулптура ги претставува знаменитостите и историските локации на Сан Франциско, а за целосно да се разгледа, Скот смислил генијален начин за презентација. Бидејќи ова грандиозно здание е комплексно и се состои од голем број  скулптури, тој користи пинг-понг топчиња со кои прави тури низ „градот“. Според проценките, досега тој има потрошено околу 100.000 чепкалки за заби, собрани од сите краишта на светот, а за изградбата потрошил повеќе од 3.000 часа.rn

    rn.

    rn

    rn

    „Сум употребувал повеќе брендови на чепкалки, зависно од тоа што сум градел. Многу мои пријатели и роднини ми собираат чепкалки кога се заминати некаде на патување. Како за пример, дрвјата од паркот Голден Гејт се изработени од чепкалки донесени од Кенија, Мароко, Шпанија, Германија и Италија.“

    rn

    Еден човек, 35 години и 100.000 чепкалки за забиЕден човек, 35 години и 100.000 чепкалки за забиЕден човек, 35 години и 100.000 чепкалки за забиЕден човек, 35 години и 100.000 чепкалки за забиЕден човек, 35 години и 100.000 чепкалки за забиЕден човек, 35 години и 100.000 чепкалки за забиЕден човек, 35 години и 100.000 чепкалки за заби
  • Time lapse видео: „Невиденото море“

    Time lapse видео: „Невиденото море“

    „Невиденото море“ (The Unseen Sea) е дело на фотографот и аниматор Сајмон Кристен кое претставува спој од повеќе фотографии, поврзани во едно фантастично time lapse видео (го прикажува одминувањето на времето), добро за око и за уво.

    rn

    (1) Time lapse видео: „Невиденото море“

    rn

    Сликите се направени во заливскиот предел на Сан Франциско во период од една година. Како музичка подлога за видеото е искористена песната Mary’s Song од Ник Кејв, од саундтракот на филмот „Убиството на Џеси Џејмс од страна на кукавицата Роберт Форд“ (The Assassination of Jesse James by the Coward Robert Ford).

    rn

    (2) Time lapse видео: „Невиденото море“

    rn

    Гледајте го видеото со HD квалитет, попуштете го звукот и на цел екран уживајте во овие 3 минути.

    rnrnrnУште две вакви ремек дела ќе најдете на официјалниот веб-сајт на авторот: simonchristen.com, додека љубителите на добрата фотографија можеби ќе сакаат да го ѕирнат и неговиот профил на Фликр.