КАФЕ ПАУЗА

Tag: самба

  • Карневалот во Рио – експлозија на бои и звуци

    Карневалот во Рио – експлозија на бои и звуци

    Автор: Петар ТодоровскиrnrnСекоја година, непосредно пред велигденскиот пост, Бразилците излегуваат на улиците на четиридневна прослава на хедонизмот. Бескрајната маса од повеќе од два милиони луѓе кои танцуваат, ритамот на самбата и шаренилото од костими, предизвикуваат експлозија од бои и звуци карактеристични за најмасовниот карневал во светот.Карневалот во Рио – експлозија на бои и звуциКарневалот во Рио – експлозија на бои и звуциКарневалот во Рио де Жанеиро започнал да се одржува пред повеќе од 150 години, кога доселениците од Португалија парадирале по улиците на градот танцувајќи на европска музика, како полки и валцери, а на почетокот на дваесеттиот век, работничката класа, главно домородно население, ја создало самбата и тогаш карневалот го добил денешниот лик.Карневалот во Рио – експлозија на бои и звуциКарневалот во Рио – експлозија на бои и звуциКарневалската парада ја сочинуваат дванаесет претходно избрани училишта за самба, а целиот настан всушност е натпревар помеѓу нив. Училиштата за самба можат да бидат вистински училишта за изучување на танцот или групи од пријатели или соседи кои сакаат да учествуваат. Секое училиште одбира тема која ја претставува преку костимите, танцот и музиката. На крајот од карневалот, жирито го избира победникот, кој добива право уште еднаш да го изведе своето шоу.Карневалот во Рио – експлозија на бои и звуциКарневалот во Рио – експлозија на бои и звуциКарневалот во Рио – експлозија на бои и звуциКарневалот во Рио – експлозија на бои и звуциУчилиштата за самба се составени од повеќе групи кои излегуваат по строго одреден редослед. Прво настапува предното крило, составено од десет до петнаесет луѓе чија цел е преку танц да раскажат кратка приказна со која ќе ги најават главната група и темата. Потоа на ред доаѓа главната група, поставена на движечка платформа. Во неа најважна е кралицата. Таа стои на видно место и го држи знамето со симболот на училиштето, а друштво ù прави уште еден член од групата чија задача е да го привлече вниманието на посетителите кон кралицата. Покрај нив танцуваат останатите членови, облечени во екстравагантни костими кои често се многу тешки. Останатиот дел од училиштето за самба, во кој има барем сто девојки, танцува покрај платформата.Карневалот во Рио – експлозија на бои и звуциКарневалот во Рио – експлозија на бои и звуциПоворката од дванаесетте избрани училишта поминува на „Самбадром“, огромна улица околу која се поставени трибини за гледачите. Гламурозниот настан започнува околу девет часот навечер, а завршува дури следното утро.Карневалот во Рио – експлозија на бои и звуциКарневалот во Рио – експлозија на бои и звуциКарневалот во Рио – експлозија на бои и звуциПокрај на „Самбадромот“, забавата се случува буквално на сите улици и плажи во градот. За разлика од главната карневалска поворка, на уличните фестивали учествуваат буквално сите кои се наоѓаат во Рио. На улиците низ градот има безброј бендови кои свират во живо, а посетителите танцуваат и ја создаваат најголемата улична забава што може да се замисли.Карневалот во Рио – експлозија на бои и звуци
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Рио (Rio)

    Рио (Rio)

    Анимиран филм за менталитетот, за оној „северниот“, кој е стегнат, ригиден и на кој му се потребни решетките на кафезот, наспроти оној „јужниот“ исполнет со звуците на самба и сето тоа раскажано низ авантурите на две птици

    rn

     Рио (Rio)

    rnРежија: Карлос СалдаjаrnrnГласови: Џеси Ајзенберг, Ен Хатавеј, Џејми Фокс, Вил Ај ЕмrnrnВреметраење: 96 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 15 април 2011rnrnЖанр: анимација, авантура, комедијаrnrnОфицијален веб-сајт rnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rn

    ———————————————————————————————————————————————————————rnАнимиранните филмови уште одамна не се детска играчка туку сериозен продукт, кој веќе на големо ни се продава и нам, возрасните. Искрено, повеќето анимирани филмови не знам како изгледаат во очите на малечките, но за мене се повеќе од феноменални и релаксирачки. Стегнати приказни, сериозно динамични и сосема смешни, па нема зошто и на моите 28 години да не ги изгледам. По „Мегаум”, „Приказна за играчките”, на филмското платно ни доаѓа и „Рио”. И да, доколку претпоставувавте, името доаѓа од Рио де Жанеиро. Живи бои, силни звуци на самба, луди движења… и тоа е бразилскиот дух.rn———————————————————————————————————————————————————————

    rnrn

    rn

    Приказна: Блу е редок вид птица во Бразил кој како малечок бил жртва на криумчари со ретки животни, но судбината го носи кај прекрасно мало девојче кое во него гледа најдобар другар. Години минуваат и, иако Блу е тропска птица, се навикнува на животот во снежната Минесота. Но, наспроти својата природа, тој живее постојано затворен зад топлите ѕидови на домот под постојана грижа на својата најдобра пријателка и газдарица, Линда. Сé до моментот кога ќе дојде орнитолог од Бразил кој ќе им открие дека Блу е последниот мажјак од неговиот вид и дека потребно е да се спари со женката Џул, која се чува во нивниот центар во Рио. Тие решаваат да појдат во Рио, но приказната тргнува наопаку кога Блу заедно со Џул повторно ги киднапираат криумчари.Рио (Rio).

    rnrn

    rn

    Дали си тука за карневалот?rnНе, треба да запознаам девојка.rnАааа, девојка. Мал совет – ти направи го првиот чекор. Бразилките реагираат на самоувереност.rn

    rn

    rn

    Анимираната авантура за да се ослободат од канџите на злосторниците, воедно станува и суптилна паралела меѓу северниот и јужниот начин на живот. Блу премногу се плаши да преземе ризик во животот, па дури не знае ниту да лета. Сака да живее сигурно, мирно и секое попладне да ужива во какаото со шест манчмелоуа, кое му го прави газдарицата. Џул, пак, е импулсивна, брза и во постојана потрага по слобода… исто како стереотипните „северњаци“ наспроти „јужњаци“. А дали е тоа така и чиј живот е прав, а чиј е крив, секој гледач си одлучува за себе.Рио (Rio).rn

    rnrn

    rn

    Мразам самба!rnТоа е малку предалеку.rnАаааа, натерај ја злобната птица да го повлече тоа!

    rn

    rnМузика: Во анимиран филм каде што гласовите ги позајмуваат Вил Ај Ем и Џејми Фокс, едноставно е непростливо да има лоша музика. Покрај тоа што поголемиот дел од саундтракот се песни кои ги изведуваат главните позајмувачи на гласови, се слушаат и песни од Бебел Жилберто, Серџио Мендез… Накратко музиката е одлична.Рио (Rio)Кога и како да ја гледате: Сепак, да не ја игнорираме светата и главна намена на анимираните филмови, а тоа е да ги развеселат децата. Па затоа, ако имате деца, нормално, гледајте го со нив. Но, ако сакате да си го проследите сами или во возрасно друштво, одберете некој екстранапнат ден кога никако не можете да се релаксирате. Иако и во друга ситуација ќе го почуствувате неговиот ефект, вака е само уште посилен.Рио (Rio)rn rnrn rnrn