КАФЕ ПАУЗА

Tag: САД

  • Уникатна вила со поглед на езеро

    Уникатна вила со поглед на езеро

    Оваа прекрасна вила е вистинското скривалиште за оние кои сакаат да побегнат од градската џунгла и својот мир да го побараат во тишина и живописна глетка која смирува. Сместена е во идиличната природа во северниот дел на сојузната држава Ајдахо во САД, на брегот на езерото Чикен Поинт Кебин.Уникатна вила со поглед на езероУникатна вила со поглед на езероУникатна вила со поглед на езероОваа вила е дело на тимот архитекти на американската компанија Olson Kundig Architects, чија идеја била да изградат крајбрежна куќичка со огромен прозорец, со чие отворање овој објект целосно ќе го впие природниот амбиент и ќе се претвори во незабележлив дел од околината. Овој прозорец всушност е ѕидот кој гледа кон езерото, има димензии 9х6 метри, а се отвора со посебен механизам вграден на соседниот бетонски ѕид.Уникатна вила со поглед на езероУникатна вила со поглед на езероУникатна вила со поглед на езероУникатна вила со поглед на езероУникатна вила со поглед на езероАрхитектите успеале да создадат ентериер, кој и покрај комфорот ќе потсетува на шумска колиба, со тоа што дел од деталите ги оставиле да изгледаат како недовршени.Уникатна вила со поглед на езероУникатна вила со поглед на езероУникатна вила со поглед на езероУникатна вила со поглед на езероУникатна вила со поглед на езероУникатна вила со поглед на езеро
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Животни лекции од затворот

    Животни лекции од затворот

    Џејмс Кевит, Кенјата Леал и Дејвид Монро во моментов се наоѓаат на издржување затворска казна во Сан Квентин, најстрогиот затвор во САД. Тие се дел од едукативната програма „Последната милја“, која меѓу другото им овозможува да користат посебна социјална мрежа преку која блогираат и одговараат на одредени прашања кои им ги поставуваат луѓето. Ова се најинтересните од нив, кои се однесуваат на она што тие го научиле од затворот за животот.rn
    rn

    Немојте да бидете строги кон себе поради грешките од минатото

    rnКога бил запрашан што би направил кога би можел да се врати назад во времето кога имал само десет години, Џејмс одговорил дека во тој период чувствувал вина поради тоа што не успеал да ѝ пружи помош на неговата сестра, и додал:rn
    rn

    „Ако си лут на сите и не веруваш никому, нема да ги поправиш работите, само ќе се чувствуваш полошо. Потребен си ѝ на сестра ти, престани да се обвинуваш себе си и биди тука за неа како отсекогаш да си бил.“

    rn

    Единственото нешто кое трае е промената

    rnИако навидум времето во затворот е еднолично, Џејмс научил дека единствената работа која секогаш се случува е промената. Во еден момент може да се шета надвор на свеж воздух или да игра кошарка, а веќе во следниот да биде вмешан во тепачка. Мораме да обрнуваме внимание на околината и да ги насетуваме промените, затоа што тоа може да ја направи разликата помеѓу среќата и несреќата.1 Животни лекции од затворотrn

    Ти си тоа што го правиш

    rnЗатворот нуди програми за учење и доусовршување на вештини, а за тоа Џејмс вели:rn
    rn

    „Начинот на којшто го поминувате времето, било во затвор или на слобода, одредува дали ќе доживеете успех или не. Јас избрав да се посветам на учењето затоа што сакам од себе да направам успешна приказна.“

    rn

    Образованието дава шанса

    rnКенјата бил дел од повеќе програми за спречување на насилството, каде што сфатил дека насилниците се однесуваат така поради тоа што научиле дека тоа е начинот на кој можат да ги остварат своите цели.rn
    rn

    „Ако на луѓето им се понудат нови средства за остварување на целите и ги научиме како да ги користат, ќе добиеме позитивен резултат не само за затворениците, туку и за општеството во целина. Такво средство е образованието. Колку повеќе можности за образование имаме, толку повеќе ќе откриеме можности за себе и ќе го прекинеме кругот на насилството“.

    rn3 Животни лекции од затворотrn

    Одговорноста ќе ве направи подобра личност

    rnЗапрашан дали затворениците повеќе го сакаат затворскиот живот од оној на слобода, Џејмс одговорил дека постои таква веројатност. Во неговиот долг престој по разни затвори сретнал многу затвореници кои немале вистинска контрола над своите животи, како и тој самиот. Не можел да го контролира „ѓаволот на неговото рамо“, а затворските програми му помогнале да стекне чувство на одговорност за своите постапки и да стане свесен за нив, што го направило подобра личност.rn
    rn

    Музиката е прекрасен дел од животот

    rnНа затворениците во Сан Квентин им е дозволено да поседуваат сопствени дискови со музика и да ги слушаат кога сакаат. Џејмс вели дека тоа е еден прекрасен дел од неговиот живот кој го оддалечува од лошите мисли, челичните решетки и сивиот бетон.rn
    rn

    За душевен мир потребни се пријатели

    rnКенјата имал голем број пријатели пред да оди во затвор. Постојано се дружел, а откако поминал некое време во затвор почувствувал дека поврзаноста со нив веќе ја снемува. Тоа го доживеал многу драматично и бил во тешка агонија, по што сфатил колку се битни пријателите за душевниот мир. По 18 години поминати во Сан Квентин, сега се плаши дали воопшто некогаш ќе оформи ново пријателство кога ќе излезе надвор и дали ќе може да влезе во љубовна врска. Единствено на кое може со сигурност да смета е безусловната љубов од неговото семејство.2 Животни лекции од затворотrn

    Во тешките моменти помислете на оние кои ве сакаат

    rnДејвид, којшто отслужува казна поради убиство, одговорил на прашањето на што мисли во тешките моменти кога не може да заспие до доцна во ноќта.rn
    rn

    „Во тие мигови мислам на луѓето кои ме сакаат. Господе, колку сакам да се гордеат со мене! Едно е јас да бидам горд на себе, но да ги направам нив горди е нешто сосема поинакво. Тоа многу ме мотивира. Знам дека тие плаќаат за нивната љубов и поддршка кон мене. Не е лесно да сакаш убиец.“

    rn

    Давајте им поголемо значење на позитивните аспекти

    rnДодека го слушал судијата како му изрекува казна доживотен затвор, Дејвид, тогаш 15-годишно момче, сфатил колку ја сака мајка си. Одеднаш му станало јасно дека обрнувал внимание само на негативните работи во неговиот живот за сметка на убавите.rn
    rn

    „Трошиме премногу време во израмнување на сметките со оние кои нè повредиле, а ги запоставуваме оние кои ни помагаат. Бев толку обземен со лошите нешта што ми се случуваа, што не видов ништо позитивно околу мене. Мислев само на тоа колку сум сиромашен, повреден и без татко, а заборавив дека сум паметен, сакан и дека сè уште ја имам мајка ми.“

    rn

    Луѓето се менуваат

    rnДејвид тврди дека повеќето ладнокрвни криминалци некогаш биле нечии жртви. Тој самиот како дете гледал како неговиот татко, а потоа и очувот ја тепаат неговата мајка, а бил сведок и на улично насилство. Тоа го одредило неговиот животен пат. Сепак, по 14 години поминати во Сан Квентин смета дека се променил. Ладнокрвниот убиец кој бил осуден на 15-годишна возраст сега исчезнал и на површина испливала нова личност полна со надеж за животот.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фестивалска експлозија од бои и младешки дух

    Фестивалска експлозија од бои и младешки дух

    Фестивалот Холи, попознат како Фестивал на боите е хиндуистички ритуал со кој што се означува крајот на зимата и се пречекува пролетта. Освен во Индија, се оддржува и во други делови од светот, а најмасовниот на западната хемисфера е оној пред храмот Шри Шри Рада Кришна во гратчето Спениш Форк во Јута. Додека настанот во Индија го посетуваат туристи од сите возрасти од целиот свет, во Јута доаѓаат преку 40.000 млади луѓе. Најголем дел од нив се студенти од универзитетот Бригам Јанг и од другите универзитети од американската сојузна држава Јута, а во последните години доаѓаат млади од целиот континент.rnФестивалска експлозија од бои и младешки духДивата прослава на фестивалот трае два дена во кои во воздухот интензивно се чувствува младешкиот дух. Се пали голем логорски оган, се слуша музика во живо, а кулминацијата се достигнува на секои два часа кога посетителите фрлаат боја во прав, предизвикувајќи огромна експлозија од бои. За да се постигнат возбудата, радоста и забавата на фестивалот, организаторите секоја година набавуваат дури 120.000 вреќички со боја во прав.rn

    rn

    rn

    rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прошетајте го САД за 5 минути

    Прошетајте го САД за 5 минути

    Младиот американски фотограф Брајан Дефрис одлучил да појде на едно патување во потрага по инспирација, а дома се вратил со неверојатно видео. Имено, Брајан за 55 дена патувал низ 32 американски сојузни држави, поминувајќи пат од околу 20.000 километри. Тргнал од своето родно место Сајракус, Њујорк.Прошетајте го САД за 5 минутиЗа време на целокупното патување, неговиот апарат бил непрекинато вклучен. Поставен бил за стаклото на предната шофершајбна и бил подесен да прави нова фотографија на секои 5 секунди.rn.rn

    „Целта ми е да инспирирам и други луѓе да појдат на патување, без разлика каде живеат“ – вели Брајан

    rn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 10 најморничави напуштени градови

    10 најморничави напуштени градови

    Од секакви причини, со текот на времето, некои градови тотално умираат. Некои поради војни, други поради природни катастрофи, трети поради грешки на човекот. Сепак, нивните остатоци остануваат да сведочат за животот и историјата на местата, но мораме да се согласиме, сите тие делуваат многу морничаво.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

      rn011

    • Локација: Припјат, Украина (100 километри оддалечен од Киев)
    • rn011

    • Напуштен од: 1986 година
    • rn

    rnПриказна: На 26 април, 1986 година се случи големата експлозија во Нуклеарната централа Чернобил, која се наоѓа на 14,5 километри северно од градот. Повеќето вработени во централата живееле во градот, кој бил изграден токму за таа намена. Иако се преземени сите соодветни мерки за изолирање на реакторот, сепак градот и понатаму останува несигурен за живот. Засега во градот се врати само дивиот свет. Волците ловат диви свињи помеѓу опустошените згради и во напуштениот забавен парк, кој за некое чудо беше отворен утредента после експлозијата, за време на евакуацијата.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rnПриказна: Оваа област наречена Сан Жи оригинално беше предвидено да биде одморалиште за американските војници, кое се наоѓа северно од Тајпеј. Местото е многу познато по неговата архитектура и често се вели дека има НЛО-шмек. Сепак, изведбата наиде на тешкотии уште на самиот почеток. За време на изградбата многу работници починале во сообраќајни и многу други невообичаени незгоди. Отприлика загинале околу 20 луѓе, а за секоја незгода се верува дека имало натприродна причина за нејзиното случување. Некои шпекулираат дека одморалиштето било изградено врз холандски гробишта, други пак несреќите ги препишуваат на статуата на змејот која била уништена за време на градењето. Во секој случај, местото никогаш не ги дочека своите први гости, а проектот беше напуштен.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rnПриказна: Изграден на еден карпест врв, целта на градот Крако била да биде тешко освоив. Сепак, поставувањето на градот на карпа, почнало да претставува опасност за неговиот интегритет. По неколку земјотреси и лизгања на земјиштето, Крако бил напуштен, а луѓето се симнале на пониско земјиште. Денеска градот е одличен за истражување, а во него можат да се најдат голем број интересни цркви, како што е „Санта Моника дела Стела“.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rnПриказна: Некогаш успешна рударска заедница за дијаманти, Колманскоп сега е пустински град на духови, каде што во куќите е добредојден само песокот. Пустинскиот град бил изграден кога Германци откриле големи минерални богатства во регионот. Тие го изградиле градот во германски стил, со театар, сала за балови, како и со трамвајски систем, прв во Африка. Пустината го проголтала градот, откако рударите се отселиле. Песокот ги преплавил куќите, ги покрил улиците и полека ги избришал знаците од цивилизација.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rn Приказна: За време на индустриската револуција во Јапонија, компанијата „Мицубиши“ го изгради овој далечен остров, околу едно големо наоѓалиште на јаглен. Островот станал дом на 5.000 жители, кои биле помеѓу првите, кои во Јапонија живееле во згради направени од бетон. Скоро еден век, рударите со своите семејства живееле на островот. Сепак, во 60-тите и 70-тите години од минатиот век, во Јапонија почнале да се затвораат сите рудници за јаглен, па така се случило и со овој. Денеска во градот владее една пост-апокалиптична атмосфера, со празни улици и трошни згради и една морничава индустриска тишина. Од 2009 година, островот е отворен за туристи, и сите можат да ги посетат напуштените театри, кина, продавници, згради и другите објекти на него.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rn Приказна: За време на Втората светска војна, нацистичките трупи дошле во градот и целосно го уништиле, притоа убивајќи 642 луѓе. Запалените автомобили и живеалишта останале замрзнати во времето за да посведочат за монструозноста на војната и за спомен на луѓето кои го изгубиле својот живот. Овој масакр е еден од најтешките моменти во човештвото. Сите посетители на местото се замолуваат да останат тивки додека шетаат по меланхоличните улици.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rn Приказна: Во 1962 година, избувнал пожар во една депонија во градот. Пожарот кој брзо се ширел ги потпалил и наоѓалиштата за јаглен кои се наоѓаат под градот и оттогаш до ден денеска, огнот не престанува. Чад излегува од дупките по улиците и огромни дупки ненадејно се отвораат насекаде по земјата испуштајќи пламени и топлина која достигнува до 1.000 степени. Градот пополека низ годините бил евакуиран, иако мал дел од жителите сè уште не сакаат да се иселат, верувајќи дека се случува заговор против нив од страна на државата, за да им бидат одземени имотите под кои се наоѓаат големи наоѓалишта на јаглен.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rn Приказна: Од 2005 година овој град е заштитен од УНЕСКО. Хамберстон бил рафинерија за шалитра и се наоѓал во пустина, северно од Чиле. Животот во Чилеанскиот пампас бил екстремно редок, а населбата како Хамберстон била живеалиште и место за работа на многу рудари. Сепак, непријателската животна средина се покажа како непријатна и заканувачка по животот на жителите.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rn Приказна: За време на златната треска и во неговите најдобрите времиња, Боди бил еден од најголемите градови во цела Калифорнија. Боди прераснал во место исполнето со карактеристики на голем град, како што се цркви, болници, пожарни, па дури и кинеска улица. Денеска градот е празен и посетителите можат да прошетаат по улиците на надежта и златото.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rn Приказна: Илјадници грчки христијани живееле неколку стотици години во овој град, јужно од Фетие, во југозападна Турција. Овој град останал празен по Грчко-Турската војна. Повеќе од 500 куќи и неколку цркви скапуваат во оваа градина на распаѓачки скулптури. Некои се надеваат на повторно оживување на овој град, како што се фармерите и занаетчиите кои почнаа да го населуваат, но во многу мал број.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Магичниот свет на кафето

    Магичниот свет на кафето

    Во својата долгогодишна историја, кафето успеало да се пробие како светски најконсумиран пијалак, а на пазарот да биде веднаш зад нафтата. Најстарата легенда за откривањето на кафето, е онаа за козјото стадо на Етиопјанецот Кофа, а со текот на годините за кафето постепено се појавувале многу анализи, факти и занимливости. Ова се мал дел од купот кратки информации кои можат да ви бидат интересни и корисни.rnМагичниот свет на кафето1. Во 1763 година во Венеција имало повеќе од 200 продавници за кафе.rn2. Прототипот на првата еспресо машина бил направен во Франција во 1822 година.rn3. Во 1850 година, рачната мелница за кафе можела да се најде само во кујните на оние со подлабок џеб.rn4. Во 1900 година во САД, кафето се доставувало од врата до врата со помош на кочија придвижувана од коњи.rn5. Првата комерцијална еспресо машина била произведена во Италија во 1906 година.rn6. Во Италија зборовите, кафе и еспресо се синоними.rn7. За време на граѓанската војна во САД, зрната кафе биле главен оброк на војниците.rn8. Јапонија е трета земја по консумирање кафе. Само во Токио постојат повеќе од 10.00 места каде што можете да си набавите кафе.rn9. Кафето е најпопуларниот светски напиток во светот, од кој годишно се консумираат повеќе од 400 билиони шолји.rn10. Францускиот филозоф, Франсоа Волтер пиел по повеќе од 30 кафиња дневно.rn11. Во Италија постојат повеќе од 200.000 кафе-барови и штандови.rn12. Хаваите, се единствената држава во САД во која се одгледува кафе за комерцијални цели.rn13. Леденото кафе својата популарност ја стекнало во 1945 година во Јапонија.

  • Луди факти и занимливости

    Луди факти и занимливости

    1. Најмладите родители во светот имале 8 и 9 години и живееле во Кина.rnrn2. Најмладиот свештеник имал 11 години.rnrn3. Антарктикот е единствениот континент на кој нема рептили и змии.rnrn4. Орелот може да убие млад елен и да одлета заедно со него.rnrn5. Пропорционално, во однос на тежината, мажите се појаки од коњите.rnrnЛуди факти и занимливостиrnrn6. Во Исланд се пие најмногу Кока-кола во светот.rnrn7. Првите автомобили „Ford“ имале мотори изработени од „Dodge“rnrn8. Крт може да ископа тунел долг 90 метри во само една ноќ.rnrn9. Кикириките се една од состојките кои ги има во динамитот.rnrn10. Колибрите тежат колку едно пени.rnrnЛуди факти и занимливостиrnrn11. Со секое лижнување маркица за писмо, внесувате 1/10 калорија.rnrn12. Во просек, секој човек има околу 1.460 соништа годишно.rnrn13. Повеќе од 1.000 птици годишно умираат поради судир во прозорец.rnrn14. Во Исланд е противзаконски да имате куче како миленик.rnrn15. Томас Едисон, пронаоѓачот на сијалицата, се плашел од темнина.rnrnЛуди факти и занимливостиrnrn16. Делфините спијат со отворени очи.rnrn17. Најстарата гума за џвакање е стара 9.000 години.rnrn18. Ребрата на човекот се движат околу 5 милиони пати годишно, како резултат на дишењето.rnrn19. Во Белата куќа има точно 13.092 ножеви, виљушки и лажици.rnrn20. На Земјата паѓаат вкупно 6.000 громови во една минута.rnrnЛуди факти и занимливостиrnrn21. Бувовите се единствените птици кои можат да ја препознаат сината боја.rnrn22. Во Бангладеж, децата кои наполниле 15 години можат да завршат во затвор поради препишување на тест.rnrn23. Пингвините се единствените птици кои можат да пливаат, а не можат да летаат.rnrn24. Лилјаците секогаш вртат лево, кога излегуваат од пештера.rnrn25. Во САД има повеќе од 52,6 милиони кучиња.rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • За што можеш да завршиш во затвор во САД?

    За што можеш да завршиш во затвор во САД?

    Низ светот постојат многу чудни и банални закони, но по сè изгледа дека во САД ги има во изобилство. Ова се примери за што можете да бидете уапсени или казнети вo секоја сојузна држава на САД, без разлика колку бизарно тоа ви изгледа. Па, доколку во наредниов период заминете натаму, бидете внимателни.За што можеш да завршиш во затвор во САДАлабама: Не смеете да носите лажни мустаќи, кои би предизвикале смеа во црква.rnАлјаска: Не смеете некому да му шепкате во уво, за време на лов на лосови.rnАризона: Доколку исечете кактус можете да заглавите 25 години во затвор.rnАрканзас: Нелегално е погрешно да го изговорите името на државата.rnКалифорнија: Не смеете да јадете портокал во вашата када.rnКолорадо: Незаконски е да му ја позајмите правосмукалката на соседот.rnКонектикат: Корнишон не може да биде корнишон ако не отскокнува кога ќе го фрлите.За што можеш да завршиш во затвор во САДДелавер: Забрането е да се венчате поради облог.rnВашингтон: Противзаконски е јавно да објавите нешто во кое некого нарекувате кукавица, затоа што не сака да прифати предизвик за двобој.rnФлорида: Доколку заврзете слон на паркинг место, морате да платите за паркингот исто како за автомобил.rnЏорџија: Забрането е да ја промените облеката од куклите во бутикот доколку пред тоа не ставите завеса на прозорите.rnХаваи: Доколку не поседувате брод може да бидете казнети.rnАјдахо: Мажот не смее да ѝ даде на својата девојка/жена кутија со слатки, која тежи помалку од 22,5 килограми.За што можеш да завршиш во затвор во САДИлиноис: Не смеете да носите француска пудлица на опера.rnИндијана: Законски, вредноста на ПИ е 4, а не 3,14.rnКанзас: Забрането е да фрлате со ножеви по мажи кои носат костуми во пруги.rnКентаки: Секој граѓанин мора да се избања барем еднаш годишно.rnЛуизијана: Доколку гризнете некого со природни заби, тоа претставува обичен напад, но доколку гризнете некого со вештачки заби, тоа ќе се класифицира како напад со нанесување тешка телесна повреда.rnМејн: Доколку вашите Божиќни украси сè уште се видливи по 14 јануари, ќе бидете казнети.rnМериленд: Спротивно на законот е да се мие мијалникот, без разлика колку и да е валкан.rnМасачусетс: Не е дозволено горила да се вози на задното седиште од кој било автомобил.За што можеш да завршиш во затвор во САДМичиген: Жената не смее да ја скрати должината на косата без дозвола од мажот.rnМинесота: Забрането е да се наслика врабец, со намера сликата да се продаде како на неа да има папагал.rnМисисипи: Забрането е да го шетате кучето доколку не му ставите пелена.rnМисури: Децата смеат да купат сачмарка, но не и пиштоли на каписли.rnМонтана: Забрането е жената да ја отвора поштата на мажот.rnНебраска: Сопствениците на барови не смеат да продаваат пиво доколку истовремено не варат супа.rnНевада: Мажи со мустаќи не смеат да бакнат жена.rnЊу Хемпшир: Забрането е да си ја продадете облеката во која сте облечени, за да го платите долгот од коцкањето.За што можеш да завршиш во затвор во САДЊу Џерси: Противзаконски е мажите да плетат за време на риболовната сезона.rnЊу Мексико: Жените не смеат да се појават во јавноста недепилирани.rnЊујорк: Додека се возите во лифт, не смеете да зборувате со никого, ниту пак да ги прекрстите рацете, а погледот мора да ви биде вперен напред кон вратата.rnСеверна Каролина: Противзаконски е да пеете пониско или повисоко од мелодијата на песната.rnСеверна Дакота: Забрането е да легнете и да заспиете доколку носите чевли.rnОхајо: Според државното возачко упатство, морате да притиснете на сирената кога се разминувате со друг автомобил.rnОклахома: Забрането е да земете гриз од туѓ хамбургер. За што можеш да завршиш во затвор во САДОрегон: Според државните закони, садовите по миењето не смеат да се бришат, туку мора да се остават да се цедат.rnПенсилванија: Нелегално е да спиете одозгора врз фрижидерот.rnРод Ајленд: Не смеете да каснете некого за нога.rnЈужна Каролина: Доколку маж ѝ вети да девојка дека ќе ја земе за жена, законски мора да го исполни тоа ветување.rnЈужна Дакота: Забрането е да заспиете во фабрика за производство на кашкавал и сирење.rnТенеси: Продажба на шупливи дрва е строго забранета.rnТексас: Не смеете да застрелате бафало од вториот кат на хотел.rnЈута: Нелегално е да не пиете млеко.За што можеш да завршиш во затвор во САДВирџинија: Незаконски е да скокоткате жена.rnВашингтон: Забрането е да се однесувате како родителите да ви се богати.rnЗападна Вирџинија: Доколку се шегувате на нечија сметка, зашто лицето не сака да прифати некој предизвик, ризикувате да завршите 6 месеци во затвор.rnВисконсин: Во рестораните маргаринот не смее да се замени со путер освен ако муштеријата не го побара тоа.rnВајоминг: Доколку не поседувате дозвола, не смеете да фотографирате зајаци во периодот од јануари до април.

  • Фамозниот колоритен гејзир во Невада, САД

    Фамозниот колоритен гејзир во Невада, САД

    Овие фотографии изгледаат како да се направени на некоја друга планета или пак како дел од некој скап научно-фантастичен филм. Сепак, фотографиите се направени во Невада, САД, а на нив можете да го видите гејзирот „Fly“. Гејзирот може да биде најден во долината Хуалапаи, но овој ретко видлив феномен се наоѓа на приватно земјиште. Па така, освен во случај да добиете дозвола за посета, ќе морате да го гледате од далеку. Изненадувачки факт за него е тоа што тој е направен по „вина“ на човекот.Фамозниот колоритен гејзир во Невада,САДВо далечната 1916 година, сопствениците на овој имот копале со надеж дека ќе најдат вода за да создадат богато обработливо земјиште во овој пустински дел на САД. Тие нашле вода и бунарот функционирал одлично неколку декади, но дупчалката со која го правеле бунарот, погодила геотермален џеб полн со вода од кој се создал гејзир. Сепак, гејзирот кој го гледате на сликите не е истиот тој гејзир. Во 60-тите години на минатиот век, водата пронашла уште едно слабо место во земјата и самата избила, создавајќи нов природен гејзир веднаш до него. Оттогаш стариот воопшто не исфрла вода. Се верува дека новиот гејзир му ја превзема водата.Фамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДОд 60-тите до денеска, гејзирот значително е развиен и сега изгледа како огромна шарена скулптура. Водата од гејзирот постојано прска кон небото, а млазот достигнува висина и до два метра, притоа надополнувајќи повеќе од 30 околни езерца со нова свежа топла вода. Миксот од многу различни минерали во водата, меѓу кои и сулфур, реагираат со кислородот во воздухот, давајќи му ги на гејзирот овие величествени бои.Фамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДОколу неговите езерца со жешка вода има растителен свет, кој му дава уште потаинствен, вонземски изглед на местото. Тие се и порибени, а малите риби ги привлекуваат лебедите и дивите патки, создавајќи еден посебен екосистем.rnФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот насип претставува нешто навистина невообичаено и прекрасно, особено поради големиот број бои. Уште еден фактор за колоритноста на насипот е фактот што целиот е прекриен со термофилични алги, кои како микроорганизми кои толерираат топлина, без проблем растат во оваа жешка околина. Сепак, иако неколку организации се имаат обидено да го откупат земјиштето за да го отворат за јавноста, сопствениците решително одбиваат. Па така, земјиштето и понатаму останува приватно и оградено.Фамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САД
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Највисоките луди железници во светот

    Највисоките луди железници во светот

    Првата луда железница (rollercoaster) е направена во далечната 1885 година. Од тогаш до денеска нивната еволуцијата е во постојан раст. Сопствениците на најголемите забавни паркови во светот знаат што треба за да се победи конкуренцијата, па така ги создаваат овие грандиозни зданија за луда забава. Иако, можеби нема да дочекаме да видиме нешто слично кај нас, сепак можеме да погледнеме кои се најголемите луди железници во светот.rn.rn

      rn011

    • rn

      #5. Millennium Force

      rn

    • rn011

    • Забавен Парк: Cedar Point
    • rn011

    • Локација: Охајо, САД
    • rn011

    • Висина: 94 метри
    • rn

    rnНајвисоките ролеркостери во светотИскомбинирана од рамни и брзи делови, со ненадејни кривини и превртувања, нуди неверојатно доживување од кое ќе врискате без престан. Иако започнува со брзина од скромни 24 километри на час, по спуштањето од највисоката точка, развива брзина до 150 километри на час. Притоа, за време на возењето ќе имате поглед кон прекрасното езеро Ири.rn.rn

      rn011

    • rn

      #4. Steel Dragon 2000

      rn

    • rn011

    • Забавен Парк: Nagashima Spa Land
    • rn011

    • Локација: Нагашима, Јапонија
    • rn011

    • Висина: 97 метри
    • rn

    rnНајвисоките ролеркостери во светотОфицијално беше отворена во 2000 година, година на змејот во Азија, и оттогаш е главна атракција во овој парк. Претставува рекордер поради фактот што е најдолгата луда железница која користи подигање на синџир (2 479 метри). Може да развие 154 километри на час, што е сосема доволно да ви подзастане срцето.rn.rn

      rn011

    • rn

      #3. Tower of Terror II

      rn

    • rn011

    • Забавен Парк: Dreamworld
    • rn011

    • Локација: Квинсленд, Австралија
    • rn011

    • Висина: 115 метри
    • rn

    rnНајвисоките ролеркостери во светотЗа првпат беше пуштена во употреба во 1997 година и, по реновирањето, повторно отворена годинава. Таа е единствената која се наоѓа помеѓу првите луди железници, а не е од САД или Јапонија. Со брзина од 160 километри на час се искачувате до највисоката точка и потоа со истата брзина паѓате наназад по истиот пат по кој сте дошле.rn.rn

      rn011

    • rn

      #2. Top Thrill Dragster

      rn

    • rn011

    • Забавен Парк: Cedar Point
    • rn011

    • Локација: Охајо, САД
    • rn011

    • Висина: 130 метри
    • rn

    rnНајвисоките ролеркостери во светотКога беше направена во 2003 година, се појави како највисоката, најбрзата и најстрмната на светот, сѐ додека не се појави првата на оваа листа. Развива брзина од 0 до 193 километри на час за само 3.8 секунди, а полукружниот лак кој се наоѓа на највисоката точка од 130 метри само ја надополнува возбудата.rn.rn

      rn011

    • rn

      #1. Kingda Ka

      rn

    • rn011

    • Забавен Парк: Six Flags Great Adventure
    • rn011

    • Локација: Њујорк, САД
    • rn011

    • Висина: 139 метри
    • rn

    rnНајвисоките ролеркостери во светотЛудата железница која го имаше своето деби во 2005 година, ги урна сите рекорди. Не само што е највисока, со 139 метри, туку е и најбрзата, со максимална брзина од 206 километри на час, а оваа брзина ја достигнува за само 3.5 секунди. По искачувањето до врвот со толкава брзина, следува спуштање по извртена шина која води за надоле, а притоа брзината останува непроменета.rnНајвисоките ролеркостери во светот