Гејл Колинс, колумнистка во „Њујорк Тајмс“, во една своја неодамнешна колумна се присетила на времето кога единствен начин жените во САД да добијат кредитна картичка, бил мажот да се потпише како нејзин сопственик. Чудното во оваа информација е тоа што станува збор за 70-тите години на минатиот век.
Оваа колумна поттикнала една новинарка од „Huffington Post“ да истражи што сè им било забрането на жените пред 100 години во САД. Некои од случаите содржат примери и од нашето поднебје.rn
Tag: САД
-

Што сè им било забрането на жените во последниве 100 години?
-

Студент по архитектура претворил стар автобус во удобен дом
Во текот на својот последен семестар од магистерските студии по архитектура на Универзитетот Минесота, на студентот Хенк Батита му досадило да работи само на концептуални проекти кои постојат само на хартија и решил да внесе живот во својот последен проект. Амбицијата да направи нешто различно, го натерала Хенк импулсивно да купи школски автобус од веб-сервисот „Craigslist“ за 3.000 американски долари, со цел да го редизајнира и да го претвори во подвижен дом.rnrn
rnrnНеговата идеја го привлекла вниманието и поддршката од страна на професионалните архитекта и асистенти, кои го поттикнале младиот амбициозен архитект навистина да го трансформира возилото.rnrn
rnrnПосле 15 напорни седмици поминати во планирање и физички труд, Батита успеал да го редизајнира вообичаениот школски автобус, со помошта од неговиот брат Винс и неговиот другар, фотограф, Џастин Евидон. Редизајнираниот автобус сега се состои од дневна соба, спална соба, тоалет, кујна, работен простор и простор за складирање предмети.rnrn
rnrnОткако го завршил декорирањето на автобусот, тој започнал 8.000-километарско патување околу САД со него. Интересниот архитект секојдневно го документира забавното патување, објаснувајќи ги попатните авантури проследени со фотографии на неговиот веб-сајт, со цел да го следи прогресот на автобусот и евентуалните ограничувања, за да го усоврши неговиот дизајн.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn -

Како изгледаше САД пред еден век?
Овие црно-бели фотографии од САД се направени на почетокот на дваесеттиот век. Направени се низ повеќе земји и навистина ќе ве воодушеват. На нив ќе видите стари автомобили, импресивна архитектура и облакодери, возови, шинобуси, бродови, улици, железнички станици, а знаејќи го фактот дека некои од нив се направени пред 100 години навистина ќе останете со подзинати усти.
rnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn -

Филм: Линколн (Lincoln)
Филмски еп за најпопуларниот американски претседател во историјатаrnrn
Режија: Стивен СпилбергrnrnУлоги: Даниел Деј Луис, Сали Филд, Томи Ли Џонс, Дејвид СтратернrnrnВреметраење: 150 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 16 ноември 2012rnrnЖанр: историска драма, биографијаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnАбрахам Линколн е една од најважните личности во историјата на Соединетите Американски Држави. Ја водел земјата во тешките времиња на Граѓанската војна, при тоа успевајќи да спречи нејзино распаѓање, а потоа и да ја зајакне економијата и да го укине ропството. Бил многу мудар политичар, роден пред своето време, па логично е што филмскиот еп за толку голема и важна личност го продуцира и режира Стивен Спилберг, а неговиот лик го игра актер од рангот на Даниел Деј Луис.
Двата и пол часа се целосно посветени на доследно портретирање на Линколн, а Деј Луис брилира во тоа. Нему треба да му се припишат заслугите што успева филмот да го дигне до височини кои можеби не би ги достигнал ако сè остане на приказната. Неговата изведба не е најдобра само во последната година, туку една од најдобрите во последните декади. Уверливиот израз на лицето и автентичниот начин на кој ги изговара репликите прават да помислите дека поранешниот американски претседател оживеал за да се претстави на филм така како што тој сака, без некој да го филува неговиот лик и дело.
А приказната се фокусира на најзначајното што Абрахам Линколн го оставил зад себе – укинувањето на ропството. Амандманот на Уставот кој го овозможува тоа е ставен на дневен ред во Конгресот во време кога Граѓанската војна се ближи кон својот крај. За да ја оствари својата цел, Линколн излегува со став дека укинувањето на ропството ќе ја заврши војната и ќе го донесе долго посакуваниот мир. Сепак, таа може да заврши во секој момент, а тоа ќе значи дека новиот уставен амандман не е потребен, но американскиот претседател е решен тој да се изгласа и ќе посегне по сите расположливи чесни и нечесни средства за да го постигне тоа.
Целата приказна се врти околу обезбедувањето на гласовите во Конгресот. Потрагата по нив се одвива главно надвор од него, но и на говорницата каде што се одржуваат извонредни дебати какви што ретко можеме да видиме денес. Впрочем, еден од највозбудливите делови на филмот се острите дискусии во кои ораторите жестоко се расфрлаат со својата елоквенција убедувајќи ја спротивната страна дека „Бог ги создал црнците нееднакви со другите“ и обратно.
Токму тоа и го сочинува овој филм. Со неколку мали исклучоци, тој нема некое возбудливо дејствие. Големата прашина која се дигна околу него најмногу се должи на важноста на Абрахам Линколн за американската историја, но тешко е да се очекува дека големината на поранешен претседател на САД многу ќе го интересира просечниот македонски гледач. Затоа на крајот може да делува и малку разочарувачки ако очекувате некоја голема драма. „Линколн“ е бавен филмски еп, но е идеален за ноќите во кои сакате да се опуштите со долг филм кој може цели 150 минути да го држи вашето внимание.
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn -

Белата куќа во САД целосно срушена
Во 1950 година, Белата куќа во Вашингтон претрпела еден голем реставрациски проект, по барање на претседателот Труман. Подоцна се покажало дека благодарение на овој проект се зачувала зградата за која постоел ризик целосно да се распадне.
Овие црно-бели фотографии ја прикажуваат празната Бела куќа при процесот на нејзината реставрација. На нив таа изгледа како голем магацин, а не место во кое престојува претседателот на САД и каде што доаѓаат сите светски лидери.









rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

10 екстремни пустелии
Некои точки на Земјата се толку пусти и изолирани, што прашање е дали воопшто човек треба да размислува да отпатува до нив…rnrn
Конкордија, Пакистан
rnНе постои лесен пат до Конкордија. Името го добила од европските истражувачи на кои местото им личело на Швајцарските Алпи. Сместена длабоко во планините во северниот дел на Пакистан, Конкордија располага со таква смиреност и дивост која оддава впечаток дека таму некаде е крајот на светот. Ако некогаш решите да стигнете до таму, спремете се да пешачите цели десет дена.
rnРуб ал-Хали, Саудиска Арабија
rnРуб ал-Хали во Саудиска Арабија е најголемата песочна површина на планетата. Западните истражувачи ја нарекле Дом на тишината, а има и зошто. Зафаќа површина отприлика колку Франција и Бенелукс заедно, има дини високи и по 300 метри, а сето тоа „живее“ во неверојатна тишина.
rn‘Ртот Јорк, Австралија
rnНајсеверната точка во Австралија претставува и крајот на светот за жителите на овој континент. ‘Ртот е оддалечен повеќе од 1.000 километри од најблискиот град, така што патувањето до таму подразбира неколкудневно возење по тежок пат по кој се среќаваат само крокодили. На крајот, наградата за долгиот пат е еден карпест предел и ништо друго.
rnКатинирпак, Канада
rnАко се прашувавте што има во оние предели на Канада каде што нема големи градови, одговорот е национални паркови во кои има само голи планини и поларни мечки. Катинирпак е најекстремниот од нив. Го зафаќа најсевервниот дел од Канада.
rnСеверниот Пол
rnМразот на Северниот пол останува на листата од најекстремни пустелии на Земјата барем уште неколку години додека се стопи целосно. Под големите слоеви мраз нема земја, па оние малку санти мраз кои пловат по Северниот Леден Океан се голем предизвик и за најголемите авантуристи.
rnОстровот Робинзон Крусо, Чиле
rnВо осумнаесеттиот век на овој остров бил оставен еден морнар кој овде поминал сам четири години од животот, а подоцна бил инспирација за Даниел Дефо да го напише истоимениот роман. Денес островот е населен со околу 500 жители, а поради „блискоста“ со Јужна Америка од 670 километри, не го посетуваат повеќе од 100 луѓе годишно.
rnНевадо Мисми, Перу
rnНевадо Мисми е пустелија која се наѓа на планина висока 5.597 метри, на оддалеченост од 700 километри од Лима. Сепак, некому му било важно да стигне до таму затоа што на крајот тука е пронајден изворот на Амазон.
rnОстровот Олхон, Русија
rnОлхон е остров на средината од Бајкалското Езеро, инаку најдлабокото во светот. И самото езеро кое се наоѓа во сибирскиот регион е доволно осамено, па не изненадува што неговиот остров е толку изолиран.
rnКамчатка, Русија
rnЛетот од Москва до Камчатка на Далечниот Исток трае неверојатни 11 часа, што всушност е најдолгиот домашен лет во светот. Овој полуостров е толку изолиран од развиениот дел на Русија што се наоѓа поблиску до Лос Анџелес отколку до Москва.
rnЗамокот Скоти, САД
rnНа почетокот на дваесеттиот век чикашкиот магнат Алберт Џонсон верувал дека ќе најде злато во Долината на смртта во Калифорнија и затоа го изградил овој замок на сред пусина. Денес таму не живее никој.
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Есенска магија во Њујорк
Бетонот и асфалтот доминираат во секојдневната глетка во Њујорк, но неговите жители секогаш можат за миг да побегнат во природната оаза Централ Парк за едно поинакво доживување.
Сакајќи да ја долови есенската магија која го обзема неговиот град, фотографот и видеограф Џејми Скот отишол токму таму и сликал цели шест месеци по два дена неделно на вкупно петнаесет локации во паркот, секогаш во исто време, веднаш по изгрејсонцето. На крајот, од огромниот број фотографии го составил ова прекрасно видео.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Сите лица на Лас Вегас
Сместен среде пустина во Невада, Лас Вегас има идеална локација за човек да побегне од реалноста и рутината на секојдневието. Оној што тргнал накај градот на гревовите, таму ќе налета на микро свет составен од блескави неонски светла, величествени архитектонски градби, фонтани, барови, кабареа, музеи, трговски центри, ресторани и сè друго што посетителите би посакале да видат. И сето тоа е достапно 24 часа во денот, седум дена во неделата, 365 дена во годината.

Една од главните причини зошто милиони туристи секоја година одат да трошат многу пари во Лас Вегас е угледот на светски коцкарски центар. Најдобрите казина се наоѓаат од двете страни на речиси седум километри долгиот булевар Лас Вегас Стрип. Ги има толку многу, што се приморани постојано да измислуваат нови начини на привлекување гости. Казиното – хотел Bellagio ги импресионира гостите со преубави фонтани, ботанички градини и галерија. Treasure Island приредува шоу со сирени и пирати, а на листата атракции на Mirage се наоѓаат вештачки вулкан, фонтани, базен каде што гостите можат да уживаат топлес и огромен аквариум. Caesars Palace, пак, се обидува да привлече гости преку илузионистички шоуа. Исто така, во сите нив славниот Cirque du Soleille има свое шоу.

Ноќниот живот, покрај казината, нуди и голем број реасторани, од лускузни па сè до фаст фуд ресторани, ноќни клубови, стриптиз барови, концерти, настапи на многу познати пејачи итн.

Лас Вегас важи и за град на кичот поради многуте репродукции на познати локации од повеќе светски градови. Овде може да налетате на Статуата на слободата, на Алјфеловата кула, пирамиди, па дури и да се повозите со гондола во импровизираната Венеција.

Градот честопати е домаќин на големи спортски настани. НБА тимовите овде редовно одржуваат летни кампови, има трки со автомобили, натпревари во родео и, секако, овде се одржува светското првенство во покер. Интересна атракција е можноста самите да се повозите во автомобилот за кој отсекогаш сте сонувале, што спаѓа во понудата на една компанија. Бесните модели на Ферари, Ламборгини, Јагуар, БМВ и многу други ви се на располагање за одредена сума пари. Ваше е само да го стартувате моторот и да возите на патеката како што ви душа сака.
И покрај изобилството од хедонистички предизвици, Лас Вегас има по нешто и за оние кои сакаат поинаков тип на одмор. Ним на располагање им се атракции од типот на музејот за атомско тестирање, фабрика за чоколадо, галерии, ботанички и зоолошки градини итн., а љубителите на природата можат накратко да излезат од градот и да уживаат во спектакуларната природа на Дивиот запад.

rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Мистичен бунар кој голта и исфрла вода
Ова спектакуларно чудо на природата е наречено Бунарот на Тор и се наоѓа на ‘ртот Перпетуа во американската сојузна држава Орегон. Тоа всушност, е една огромна фонтана со солена вода која црпи енергија од Пацификот, за да може да исфрла бранови големи по неколку метри.rnrn
rnrnДо бунарот може да се пристапи само од северната страна, затоа што од другите е опкружен со океанот. Штом стигне до него, водата се спушта брзо низ неговите стрмни и остри карпести ѕидови, чекајќи можност повторно да излезе надвор.rnrn
rnrnИако е премногу опасно човек да се доближи до Бунарот на Тор, сепак неговата убавина е премногу атрактивна за фотографите да го пропуштат. Огромните бранови и прекрасните зајдисонца се голем предизвик за нив, но свесни се дека во исто време се многу опасни.rnrn
rnrn rn„Големите бранови влегуваат во дупката, ја исполнуваат со вода и шумолат, пред пак да излезат од неа. Тоа не се случува со секој бран, тоа зависи од тајмингот и големината на бранот. Претпоставувам дека дупката е длабока околу шест метри и дека ако некој падне во неа нема никакви шанси да преживее,“ ги пренесува своите впечатоци фотографот Дарен Вајт.
rn



rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Фотографии со плажи сликани од птичја перспектива
Фотографот Грај Милин, патува околу светот од САД, до Бразил, па до Австралија за да ги фотографира најубавите плажи од височините на небото, додека лета со хеликоптер.rnrn
rnrn rn„Одозгора, едноставните плажи и базени добиваат друга димензија, која ми овозможува да го гледам светот од уметничка перспектива. Луѓето и предметите на плажите формираат интересни облици за фотографирање. Моите дела се визуелна прослава на боите, светлината, формите и летниот блескот.“
rn













rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.