КАФЕ ПАУЗА

Tag: рутина

  • 10 здрави навики до кои е добро да се придржувате секое утро

    10 здрави навики до кои е добро да се придржувате секое утро

    Доколку почнете да ги применувате овие 10 златни совети наутро, животот драстично ќе ви се промени.rnrnFresh_autumn_morning_by_Healzornrn1. Будете се во 7 часот.rnrn2. Денот започнете го со чаша топла вода со лимон. Тоа ги подобрува вашиот метаболизам и изгледот на кожата.rnrn3. Одвојте време колку што можете за да вежбате јога.rnrn4. Медитирајте и испланирајте го тековниот ден.rnrn5. Појадувајте здрав оброк.rnrn6. Погледнете, прочитајте или слушајте нешто што ќе ве инспирира.rnrn7. Повторувајте позитивните афирмации.rnrn8. Запишете 5 работи за кои сте благодарни.rnrn9. Направете мапа на денот со цели кои сте си задале да ги постигнете.rnrn10. Започнете го денот со најголемата цел која сте ја поставиле.rnrnВеројатно будењето во 7 часот наутро на почеток ќе ви биде голем предизвик, но за вашите цели вреди да се жртвувате.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што правите кога ќе си дојдете дома од работа?

    Што правите кога ќе си дојдете дома од работа?

    Не е сеедно дали веднаш ќе се раскомотите и ќе се пресоблечете во тренерки и папучи, ќе јадете од нога или ќе го претворите домот во канцеларија и веднаш ќе продолжите со работа. Она што прво го правите кога ќе се вратите дома после напорен ден на работа, говори многу за нас, барем така тврдат психолозите.rnrnshto-pravite-koga-kje-si-dojdete-doma-od-rabota-kafepauza.mkrnrnОпуштените личности веднаш се пресоблекуваат, а најмногу од сè ја ценат удобноста, слободата и не сакаат ништо што би ги ограничувало во животот.rnrnАко од врата веднаш се фаќате за фрижидерот, бидејќи сте толку гладни што мислите дека би ја изеле сета храна сосе него, тогаш би требало да промените нешто во своето однесување. Оваа навика укажува дека туѓите потреби секогаш ги ставте пред своите.rnrnМожеби веднаш ја земате опремата за вежбање, готвите и чистите или трчате во теретана? Тоа значи дека сте дисциплинирани, мотивирани сакате рутини.rnrnОд друга страна, ако сакате само да се спуштите во фотелја и да ја гледате омилената серија, постои веројатност дека не сте баш задоволни од начинот на кој го водите животот, па наместо да се соочите со своите проблеми, уживате во набљудување на туѓите.rnrnОние пак, кои постојано ја носат работата дома, имаат комплекс бидејќи веруваат дека без нив фирмата, работата или проектот веднаш ќе пропаднат.rnrnКаква е вашата рутина кога се враќате од работа?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • ДА за утринската рутина!

    ДА за утринската рутина!

    Најважна од сè била рутината. Луѓето кои имаат рутина, демек живееле поздрав начин на живот. Се мисли на рутина буквално во сè. Рутина на станување и започнување на денот, рутина во подготовка на кафе или оброк, рутина просто во начинот на живот. Наидов на текст со наслов „Зошто треба да продолжите да го правите утринското кафе“, каде авторот објаснува дека тој најпрост и навидум неважен ритуал значително може да придонесе за поголема креативност. Кога сме веќе кај навиките, се препорачува станување во зори бидејќи тој период од денот содржи најмногу енергија. Баш во зори нема да го биде, барем кога сум јас во прашање, но во секој случај станувам рано. rnrnПа едно утро, јас го направив она што не се очекуваше од мене – заминав да џогирам. Ок, не беше џогирање, но се движев. Слушалките на уво, водата во рака и ги поздравував пензионерите по пат. Сфатив колку е вистински убаво утрото. Но, не зборувам за рано станување и транспорт до работа или факултет. Просто шетав покрај мирното езеро, го впивав утринското сонце и се чудев како е можно сите овие години да му немав посветено олку внимание на тој величествен дел од денот – раното утро. Отсекогаш сум го сакала тој дел од денот, но чекај, сега ми е дел од рутина и тоа ми звучи уште подобро.rnДА за утринската рутина!Да бидам реална, се уморив порано отколку што мислев, на враќање кон дома како да имав цел оркестар во стомакот од толку што ми се јадеше, по појадокот се струполив во кревет и се освестив по неколку часа. Рутината и не е баш за мене. Но, во секој случај станувањето рано и искористувањето на денот од самиот почеток, ми звучи многу добро. Сега сè што ми преостанува е да си најдам кученце кое ќе шетка заедно со мене наутро за да ме мотивира да бидам поактивна. Значи договор, секое слободно утро кое го имам, ќе го користам за пешачење. Супер. Освен денешното утро. Денес сакам да се тегнам по пижами во кревет, да пијам кафе исто така во кревет, да го донесам лаптопот во кревет, да пишувам во кревет и да се стопам во тоа најомилено и најудобно место на планетата Земја – мојот кревет. Од утре се бориме за нови подвизи и победи, ново доживување на секое утро и впивање на позитивната енергија од зората. Има да се чувствувам како мала утринска роса која застанува на некое цветче. Ми се допаѓа како звучи оваа идеја.rnrnНеодамна слушнав за луѓе кои живеат со помош на енергијата од сонцето. Ама буквално само од енергијата на сонцето. Не пијат и не јадат. Или пијат и јадат многу малку. Наречете ме плитка, ама колку и да гледам во сонцето ќе ми треба еден богат сендвич за да поминам низ утрото. Исто, се препорачува секое утро да се започне со гледање на изгрејсонцето. Едно знам, ако мајка ми ме фати како мирно стојам и се ѕверам на исток, ќе ме прати на клиника за одвикнување од тешки дроги. Ок, нашиот народ е сепак многу конзервативен за да му се пренесуваат идеи за препород и тренирање на мозокот преку медитација. Барем поголемиот дел.rnrnЕдно знам, рутината навистина е добра. Ама некогаш е добро и да се биде спонтан. Ако ме прашувате мене, би се одлучила да балансирам меѓу животот со рутина и оној со спонтани дејствија.rnrnЕлиrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 30-дневен предизвик за поголема љубов кон самите себе

    30-дневен предизвик за поголема љубов кон самите себе

    Многу често, потиснати од лошите и негативни мисли, забораваме да се цениме самите себе. Но еве една интересна вистина, доколку не се сакаш и цениш самиот, не очекувај да те сака или цени некој друг. На пример, во целата бркотница која излегла во последен момент пред да тргнете на одмор, за себе изреволтирано ќе помислите дека сте неорганизирани, за ништо не ве бива и не можете ни еден одмор да испланирате како што треба. Во тој момент ќе заборавите колку вашето тело изгледа супер бидејќи напорно сте вежбале изминатиот месец, или како до совршенство сте го организирале претходниот одмор.rnrn30-дневен предизвик за поголема љубов кон самите себеrnrnКога сте задоволни со самите себе и со вашите успеси, ќе живеете подобар и посреќен живот. Како да ги отстраните негативните мисли? Како да почнете повеќе да се цените себеси? Еве еден предлог. Ве предизвикуваме во наредните 30 дена да го исполните ова и да почнете повеќе да се цените себеси поради квалитетите кои ги поседувате!rn

    Утринска рутина

    rnЗемете голем хамер, нотес, лист, стикери за белешки, сеедно, и закачете го/ги над вашиот кревет или до огледалото. Колку и да звучат излитени советите за закачување ливчиња до вашето огледало, навистина помагаат. Секој од нас почувствувал недостаток на самодоверба и сите заслужуваме можност да ја покачиме вербата во себеси.rnrnВо наредниов еден месец, првата работа што ќе ја правите наутро е запишувањето на една ваша добра карактеристика или постигнување. На пример, минатата година имав проблем со исхраната, но зазедов цврст став и започнав да се хранам здраво – успеав! Или, навистина сум комуникативен/на, во секоја ситуација и со секаков човек можам да имам содржаен и продуктивен разговор! Може да биде и пократко, како на пример, изгледам убаво кога ќе станам од спиење. Секое утро ќе се соочувате со овие ваши карактеристики, овие ваши позитивни страни и доживеани успеси, и секогаш ќе бидете свесни дека се вистина, и дека навистина тоа сте вие, а вие сте и тоа како одлични!rnrn30-дневен предизвик за поголема љубов кон самите себеrn

    Три цветови

    rnНацртајте три големи цветови. Едниот нека биде за семејството, другиот за пријателите и третиот за вас. Во секој лист од цветовите запишете име на некој од членовите на вашето семејство или пријателите и некоја негова/нејзина добра карактеристика. На пример, татко ми е многу амбициозен и успешен човек. Или, мојата пријателка е вистински оптимист, сè гледа низ призмата на розовото; мајка ми има цврсти ставови и погледи кон животот итн. Многу често се поистоветуваме со личностите кои ни се блиски, се огледуваме на нив или попримаме нивни особини.rnrnВо третиот цвет, на секое ливче запишете некоја од претходно наведените карактеристики која и вие сте ја попримиле. Како на пример, токму татко ми влијаеше на тоа и јас да станам амбициозна и успешна личност. За многу брзо целата таа ситуација во која недоволно сте се ценеле себеси ќе ви изгледа глупава и нелогична.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Совети за порелаксирани утра

    Совети за порелаксирани утра

    Времето не е секогаш на наша страна, особено во оние растрчани и стресни утра кога буквално не можеме да најдеме ништо во сопствениот дом. Избегнете ги нервозните утра со помош на овие совети кои заштедуваат време и започнете го денот релаксирани и со насмевка!rnrnСовети за порелаксирани утраrn

    1. Најпрво средете ја косата

    rnШминката можете да ја понесете со вас и да се досредите по пат, но тешко дека ќе можете си ја понесете пеглата за коса. А и кога имаме средена фризура, половина работа е завршена.rn

    2. 3-минутна рутина за шминкање

    rnСекогаш имајте ги при рака продуктите коишто најмногу ги користите. Крема, пудра и руменило е доволно да изгледате посвежо за многу кратко време. Моливчето за очи, тушот или маскарата лесно можете да ги сместите во ташна доколку ви треба подоцна дополнително дотерување.rn

    3. Чувајте резервни клучеви во ташна

    rnИ да ги заборавите оние што редовно ги користите нема потреба да се грижите, секогаш имате резервни!rn

    4. Секојдневните додатоци на дофат

    rnСите имаме некој драг предмет за којшто сме врзани, па најдобро е да го чувате, на пример, омилениот часовник на масичката до вратата или на некое друго видно место и нема да го заборавите.rn

    5. Одлучете што ќе носите уште претходната вечер

    rnОва најверојатно ќе ви заштеди најмногу време наредното утро и нема беспотребно да губите време барајќи вратоврска што ви одговара со кошулата и слично.rn

    6. Ужинка при рака

    rnЧувајте си мусли бар, пакетче инстант кафе или која било друга ваша омилена ужинка на дофат, па и да немате време за доручек, секогаш ќе имате резерва енергија во близина.rn

    7. Навреме и расположени

    rnНаместо типичен тајмер за да ве потсетува уште колку време имате, можете да си креирате омилена листа со песни коишто ќе траат онолку време колку што имате за спремање. Со секоја наредна песна ќе знаете уште колку точно време имате на располагање.rn

    8. Бидете уредни

    rnСекојдневните обврски знаат навистина да нè исцрпат, но колку посреден ни е просторот во кој живееме толку полесно функционираме. Потрудете се секогаш нештата да ги вратите на нивното место.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Догстер – најоткачената пародија на најавната шпица на Декстер

    Догстер – најоткачената пародија на најавната шпица на Декстер

    Утринската рутина на популарниот сериски убиец Декстер Морган (Мајкл Хол), прикажана преку слатко кученце…  Догстер - најоткачената пародија на најавната шпица на ДекстерВидеото е во режија и продукција на Роб Мекфарленд. Ако сте фан на ТВ серијата „Декстер“, лесно ќе ве освои и „Догстер“. Задолжително погледнете го.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што е тоа што жените го сакаат, а мажите не го купуваат?

    Што е тоа што жените го сакаат, а мажите не го купуваат?

    Прекрасно е чувството кога подарувате некому нешто, но и кога добивате подарок од некого, особено ако станува збор за личност која ви е многу блиска и драга. Подарокот секогаш треба да биде подарен со намера, односно зад него да стои некаква мисла. Може да го давате со цел да ја искажете љубовта која ја чувствувате, да кажете колку личноста ви значи, да се извините или да барате простување.rnrnСпоред едно истражување во Америка, две третини од жените сакаат да им биде подарена љубовна честитка, но помалку од петтина од мажите го прават тоа. Мажите многу често за своите девојки или сопруги избираат погрешни подароци или ги даваат со погрешна намера. Кога и зошто се случува тоа?rnrnШто е тоа што жените го сакаат а мажите не го купуваат?rnrnГледаат подароците да бидат скапи – Во денешно време како луѓето да се натпреваруваат кој ќе потроши повеќе пари на нешто. Во ред, парите се важни, но не се единствената работа која е важна. Подарокот не мора да чини многу ниту да има етикета од позната марка. Ако парите се пресуден фактор според кој одбирате подарок ќе постигнете спротивен ефект.rnrnЗабораваат на малите работи – Под подарок не се подразбира само скап накит и парфеми, подарок е вашето внимание и картичка на која ќе пишува „Те сакам“. Жените сакаат цвеќе и картички, а мажите најчесто не ги купуваат.rnrnЗа подарокот не мора да има повод – Не мора да го чекате нејзиниот роденден или да чекате да дојде Божиќ за да ѝ подарите нешто. Кога подарокот е неочекуван станува уште посладок.rnrnНе посветуваат внимание на тоа каква личност е таа – Многумина го подаруваат она што најчесто се подарува во филмовите или она што нивните другари им го подаруваат на своите девојки. Можеби има некои универзални подароци, но секоја девојка е посебна, па третирајте ја како таква! За да ѝ подарите нешто треба да знаете каква е таа како личност, што ѝ се допаѓа а што не, дали преферира бели или црвени рози и дали воопшто сака цвеќиња или повеќе би се израдувала на плишано мече.rnrnШто е тоа што жените го сакаат а мажите не го купуваат?rnrnВистина е дека жените сакаат добри парфеми, убав накит, модерна облека, ако го негираме ова најверојатно би излажале. Но би се зачудиле колку девојките го ценат вниманието кое сте им го посветиле давајќи им малечки подароци како цвеќе, љубовни честитки, чоколадни тортички… Подарокот е знак на внимание, искажување љубов, израз на вашето мислење за неа. Кога еднаш ќе тргнете со помислата дека купувањето подарок е рутина која ви ја наметнува општеството, па затоа мора да ја направите (нели сите купуваат подароци), или кога ќе помислите дека мора да ѝ купите нешто за да ја задржите, токму тоа е моментот кога романтиката и љубовта избледуваат.

  • Ефективен почеток на денот – разбудете се на врвот на светот

    Ефективен почеток на денот – разбудете се на врвот на светот

    Автор: Ели РадескаrnrnКоја е првата мисла со која се будите? Некои луѓе се будат со помислата: „Проклетство, веќе е 6 часот!“, а други: „Колку прекрасен ден е на повидок!“ Каков ментален статус ќе заземете наутро, таков ќе ви биде и остатокот од денот.rnrnЗа денот да ви биде ефективен и продуктивен, искористете го утрото и направете го моќно! Разбудете се со чувство дека сте на врвот на светот.Ефективен почеток на денот – разбудете се на врвот на светотМоќни утрински прашања – Секогаш си поставуваме прашања, дури и тогаш кога не сме свесни за тоа. Додека појадуваме, или го пиеме утринското кафе, безброј мисли ни се вртат низ глава.rnrnНаучете да ги контролирате. Ако ги контролирате овие мисли и прашања, вие имате целосна контрола над вашата психа. Стопирајте ги негативните мисли, земете контрола, мислете позитивно.rn

      rn011

    • Прашања кои треба да си ги поставите секое утро:
    • rn011

    • Што можам да очекувам од денешниов ден?
    • rn011

    • Како да си го направам денов совршен?
    • rn011

    • Која е најдобрата работа која би можела да ми се случи денес?
    • rn011

    • Што е совршено во мојот живот?
    • rn011

    • Во што сум добар/ра?
    • rn011

    • Дали денес ќе примам некаква заслуга?
    • rn

    rnСо поставувањето на овие прашања ги насочувате мислите кон оние работи кои сакате да ви се случат. За некои прашања не мора да имате реална основа, вашиот мозок по автоматизам ќе се стреми кон одговорите.rnrnНе заборавајте го основното прашање: За што треба да бидам благодарен/на? Сите ние имаме толку работи за кои треба да бидеме благодарни.rnrnТриесетдневен тест – Во текот на наредните 30 дена поставувајте си ги горенаведените прашања. Може да земете ливче и да запишувате. Наместо да се фокусирате на она што ви се случило претходниот ден, или на она што сте го сонувале, фокусирајте се на денешниот ден.rnrnСменете ја вашата утринска рутина – но не менувајте ги работите кои ви се допаѓаат и ве прават среќни.rnrnНе вклучувајте го веднаш компјутерот или телевизорот – тоа не е здраво будење. Мозокот наутро буквално „впива“ информации бидејќи е свеж и одморен. Зошто тоа да не го искористите правилно?rnrnМедитирајте – не е лесно да го „одвоите“ телото од умот. Потребни се тренинг и вежби. Но секогаш можете да најдете методи за релаксација. Разбудете се порано од предвиденото, опуштете се подготвувајќи се за обврските кои следуваат. Зошто да не се разбудите половина час порано, па наместо брз туш да уживате во пенеста купка? Не заборавајте дека на вашето тело и вашиот ум, секогаш треба да им угодувате и да ги „разгалувате“.rnrnСлушајте музика – сите знаеме дека моќта на музиката е огромна. Наутро слушајте нешто што ќе ве „подигне“, инспирира и мотивира.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 26 начини да си го направите животот позабавен

    26 начини да си го направите животот позабавен

    Автор: Боро МирческиrnrnПомислете, доколку некој автор напише книга за вас, каков би бил насловот? Доколку немате никаква идеја, тогаш сигурно спаѓате во онаа категорија луѓе на кои животот им поминува монотоно, исполнет со секојдневни рутини, кои ви стануваат здодевни до тој степен што сакате да врискате на цел глас! Тоа не мора да биде така. Многу е важно сите да се чувствуваме исполнети од нашиот живот, и покрај бројните проблеми кои не опкружуваат, секое утро да се будиме со насмевка на лицето. Но, што е тоа што животот го прави забавен? Дали тоа за вас значи дека треба да станете шпион, да возите автомобил со екстремна брзина или да нуркате во океан? rnrn26 начини да си го направите животот позабавенrnrnДа, сето ова звучи и повеќе од забавно. Но, верувајте дека не мора да направите ништо драматично за животот да ви стане поинтересен и забавен. Убавината е во малите и едноставни работи, во промената на размислувањата… Ова се само дел од работите кои можат да ви помогнат да се чувствувате поисполнето. За да ја избегнете секојдневната рутина, треба да направите минимални промени во вашиот живот. Интернет-порталот за животни совети „LiveBoldandBloom“ ви посочува 26 начини според кои можете да си го промените животот на подобро:rnrn1. Направете простор. Сигурно е тешко да додадете малку возбуда во вашиот живот и да ги промените секојдневните обврски. Затоа, делегирајте дел од обврските, а оние помалку важните оставете ги за во иднина. Со ова ќе си отворите простор да можете да правите нови и забавни работи во денот, кои досега не сте ги направиле.rnrn2. Променете ја утринската рутина. Наместо да ја следите секојдневната утринска рутина, секое утро откако ќе се разбудите правете различни работи. За почеток, почнете да доручкувате на терасата. Исклучете го телевизорот и пуштете го радиото. Водете љубов со партнерот/партнерката пред да заминете на работа. Возете кон работното место секој ден по различен пат. Сето ова ќе придонесе за мала возбуда во вашето секојдневие.rnrn3. Бидете домаќин на забава! Барем еднаш месечно поканете ги вашите колеги од работа, пријателите или деловните соработници на забава или вечера во вашиот дом. Неверојатно забавни се ноќите поминати во друштво.rnrn4. Преуредете го вашиот дом. Променете го вашиот ентериер во домот. Не ве советуваме да купите нов мебел. Напротив, постоечкиот мебел наместете го по нов распоред. Додадете перничиња во нова боја на вашата гарнитура. Вазната од кујната, преместете ја во дневната соба.rnrn5. Навивајте. Барем два пати месечно одете на спортски натпревар.rnrn6. Променете го физичкиот изглед. Скратете ја косата, отидете во козметички салон или купете си нова гардероба. Не заборавајте со вас да го понесете и вашиот најдобар пријател.rnrn7. Одете во ноќен клуб. Жалосно е новиот изглед да не се промовира во град. Штом дојде полноќ, излезете од дома и упатете се кон најблискиот ноќен клуб.rnrn8. Запознавајте нови луѓе.rnrn9. Планирајте возбудливо патување.rnrn10. Секој ден научете нешто ново. Никогаш не е доцна да се запишете на курс за јазици или компјутери.rnrn11. Зачинете го вашиот сексуален живот.rnrn12. Поретко седете дома.rnrn13. Одете на викенд-патување.rnrn14. Возете спортски автомобил.rnrn15. Излезете на „слеп“ состанок или организирајте изненадување за вашиот/та сакан/а.rnrn16. Пробајте храна која досега ја немате пробано.rnrn17. Прочитајте книга од жанр кој досега го немате читано.rnrn18. Отидете на стенд-ап комедија.rnrn19. На парче хартија запишете си ја визијата за животот.rnrn20. Земете си домашно милениче.rnrn21. Одете на рок концерт.rnrn22. Одете на ноќно пливање.rnrn23. Бидете љубезни со сите луѓе, дури и со луѓето кои не ги познавате.rnrn24. Бидете љубопитни.rnrn25. Не чекајте. Иницирајте.rnrn26. Направете нешто за кое мислите дека немате храброст да го направите.rnrnДали сметате дека ова не се доволно работи кои може да ѝ стават крај на секојдневната рутина и да ви го направат животот позабавен? Кои се работите кои вас ве забавуваат? rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 начини за справување со депресијата

    10 начини за справување со депресијата

    Депресијата е тешка психо-физичка состојба, а претставува големо пореметување на вашето расположение. Симптомите на депресија се: повлекување на болниот во себе, чувство на потиштеност, пад на нормалното енергетско ниво, несоница, губење на апетитот, опседнатост со црни мисли, забавен тек на размислување, безнадежност и беспомошност. Доколку сметате дека се чувствувате депресивно и особено ако имате биполарно растројство и големи промени во стилот на живеење, треба да посетите доктор, но доколку веќе одите на психијатар и консумирате медикаменти, постојат многу работи кои можете да ги направите за да си помогнете себеси да се чувствувате подобро, а нема да ве чинат ниту денар.rnrnЗабелешка: Ако сте моментално нерасположени или тажни, не значи дека боледувате од депресија. Повеќето депресивни епизоди траат подолго од две седмици и можат да траат со месеци, па дури и со години. Сезонските депресии, најчесто се јавуваат кај луѓето во текот на зимскиот период од годината, а состојбата се подобрува кога ќе настапи пролетта и летото.rnrn10 начини за справување со депресијатаrn

    1. Не обвинувајте се себеси

    rnОва е наједноставниот, најважниот и најевтиниот начин да се борите со депресијата. Самата депресија, плус чувството на вина и неисполнетост во животот, можат да се излекуваат, но за да се случи тоа, потребен е практичен, научен пристап и трпение.rnrn„Морате да научите да ја прифатите реалноста дека депресијата е телесна болест, исто како болеста на срцето, дијабетесот и ракот“ – вели проф. д-р Ричард Раскин, клинички психолог во Њујорк и Личфилд, Конектикат. „Можете да ја надминете така што ќе се трудите повеќе да се борите и ќе го приспособувате вашето однесување. Потребно е да прифатите дека имате физичка болест на која е потребно да ѝ обрнете внимание и нема никаква смисла да се обвинувате себеси за тоа.“rn

    2. Зборувајте за тоа

    rnНема да биде лесно, но ако им зборувате на луѓето за вашата депресија е подобро, отколку да ја чувате во тајност. „Нема секој да ве сфати и да ви даде поддршка“ – вели Раскин. „Ако имате скршена коска на рамото, болки во грбот или главоболка, сите кои го искусиле тој проблем ќе ве сфатат бидејќи можат да се споредат со вас, но не и кога станува збор за ментална болест. Но, и покрај тоа што не ве разбираат сосема низ што поминувате, пријателите и семејството можат да ви пружат емоционална поддршка и да ви помогнат да ги истражите опциите за третирање на болеста. „Немојте да си дозволите да се изолирате од луѓето во вашиот живот. Комуницирајте со луѓето, до степен до кој можете да издржите “- додава Раскин.rnrn10 начини за справување со депресијатаrn

    3. Редовно вежбајте

    rnМожеби вежбањето е последната работа која ви се прави кога се чувствувате депримирано, но џогирањето или вежбањето фитнес може многу да ви помогне да си ја подобрите психичката состојба. Енергичното спортување може да се бори со симптомите на вашата депресија, доколку вежбате редовно по 30 или повеќе минути. Во едно истражување, депресивните пациенти кои вежбале редовно на лента за трчање или на статичен велосипед во текот на 12 седмици, забележале намалување на симптомите на болеста за околу 50%. Вежбањето има и краткотрајни бенефиции. Друго истражување покажало дека вежбањето може да го подобри вашето расположение во наредните 12 часа.rnrn10 начини за справување со депресијатаrn

    4. Одложете ги крупните одлуки

    rnДепресијата може да влијае на вашата перцепција и проценка, така што најпаметно е да ги одложите одлуките поврзани со вашите персонални врски и кариерата, до оној момент кога ќе се чувствувате подобро.rnrn„Еден од симптомите на депресијата е да имате негативен став околу повеќето работи кои се случуваат во вашиот живот“ – вели Раскин. „Тоа влијае на вашиот суд за речиси сè, а вие може да не сте ни свесни за тоа. Така што, одложувајте ги важните одлуки колку што можете повеќе“. Ако морате да донесете некоја одлука, немојте да бидете импулсивни. Пред да ја донесете одлуката, Раскин советува да се консултирате со луѓе кои ви се блиски и во кои верувате, како што се вашиот терапевт, членовите на вашето семејство, пријателите…rnrn10 начини за справување со депресијатаrn

    5. Грижете се за вашето здравје

    rnАко се чувствувате депресивно, предизвикувачки ви е да му дозволите на вашето здравје да се „лизне“. Но, ако си дозволите да изгубите желба да се грижите за вашето здравје, тоа може да ги направи симптомите на депресијата уште полоши. Поврзаноста помеѓу депресијата и здравствените состојби како дијабетес и срцеви болести е голема. Истражувањата покажуваат дека депресијата може да ги влоши овие состојби, но и обратно, луѓето болни од овие болести, стануваат депресивни. Така, луѓето кои искусуваат компликации поврзани со дијабетесот, е многу веројатно да станат депресивни, а постојат и некои докази дека стресот предизвикан од срцевите болести доведува до депресија, особено после срцев удар.rn

    6. Одржувајте секојдневна рутина

    rnДржењето колку што е можно повеќе до некоја секојдневна рутина, е многу важно за луѓе кои се борат со депресијата, според Раскин.rnrn„Без разлика за каква активност ќе се определите, обидете се да ја извршувате секој ден во истото време. Рутината, без разлика дали е џогирање, пазарење или миење садови, ви помага да го избегнете синдромот на седење дома по цел ден во пижами, кој само може да ги отежни работите. Рутината ви докажува на вас, а и на останатите, дека ако сте способни да го издржите денот, ќе успеете да ја победите и депресијата.“rnrn10 начини за справување со депресијатаrn

    7. Јадете здрава храна

    rnХраната која ја внесуваме не делува само на телото, туку и на мозокот, па така доколку се чувствувате депресивно, многу е важно да јадете здрава храна. Тоа може да биде зрнеста храна, протеинска храна, зеленчук или овошје.rnrnХраната не може директно да ја победи депресијата, но сепак различни видови храна можат да влијаат врз расположението. Како на пример, јаглехидратите и храната која содржи витамин Д, можат да го зголемат нивото на серотонин, невротрансмитер директно поврзан со расположението. Некои истражувања докажуваат дека омега-3 мастите, кои можат да се најдат во рибата и рибиното масло, можат да помогнат во борбата против депресијата.rnrn10 начини за справување со депресијатаrn

    8. Избегнувајте лекарства и алкохол

    rnИако депресијата полека ве тера да се фатите за чашката, попаметно ви е да не го правите тоа. Луѓето кои патат од ваква состојба, често се решаваат за вакви мерки за да ги сокријат симптомите, но сето ова може да биде многу штетно во иднина.rnrnПиењето и употребата на разни апчиња влијаат врз мозокот и подоцна можат да направат проблем во односите со партнерот и пријателите, работата и сите други аспекти на животот. Особено е опасно доколку се помешаат заедно со антидепресиви. Иако чаша вино одвреме-навреме нема да наштети никому, сепак луѓето во ваква состојба треба максимално да избегнуваат внесување на алкохол и лекарства.rnrn10 начини за справување со депресијатаrn

    9. Обидете се да спиете убаво

    rnОбично депресијата и недостатокот на сон одат рака под рака. Проблеми при спиењето се чест симптом на депресијата, што е во директна релација со расположението.rnrnИако ова не е генерално правило, сепак ваквата комбинација може да биде краткотрајна. Лишувањето од сон кај некои луѓе кои се наоѓаат во состојба на депресија, може дури и да го зголеми расположението. Исто така може да создаде и манија кај некои луѓе со биполарно растројство.rnrnМногу работи остануваат непознати за конекцијата на депресијата и сонот, бидејќи секој има различна потреба за спиење, но сепак експертите препорачуваат, луѓето кои се соочуваат со депресија да спијат доволно и да воспостават редовно и точно легнување и станување.rnrn10 начини за справување со депресијатаrn

    10. Не преземајте премногу обврски

    rnДоколку се борите со депресија, многу е важно да не си го преполнувате распоредот и времето со повеќе работи отколку што можете да направите. Доколку имате комплицирани задачи на работа или дома, работете ги чекор по чекор.rnrnСетете се: „Во ред е да го намалите темпото. Можеби не сте свесни дека не можете да работите со полн капацитет. Можеби можете да дадете само 75% од себе. Сепак и тоа е успех. Но, доколку навистина не можете да функционирате, мора да бидете внимателни со себе. Земете слободен ден, сепак заслужувате пауза.“ – вели Раскин.rnrn10 начини за справување со депресијатаrn

    Што да не му кажувате на некој кој е во депресија?

    rnНе му велете: „На многу луѓе им е моментално полошо отколку тебе.“ – Дури и ова да е вистина, лицето не се чувствуваа така во тие моменти и тоа воопшто нема да му помогне.rnrnНаместо тоа, речете: „Не си сам во ова.“rnrnНе велете му: „Никој никогаш не кажал дека животот е фер.“ – Ова значи дека сте безобѕирни за чувствата на вашиот пријател.rnrnНаместо тоа, речете: „Ти си ми важен.“rnrnНе велете му: „Не е твоја вина.“ – Нормално дека не е негова вина, никој не ја одбира депресијата.rnrnНаместо тоа, речете: „Ќе бидам цело време покрај тебе.“rnrnНе велете му: „Верувај ми, знам како се чувствуваш. Еднаш и јас бев во депресија неколку дена.“ – Депресијата е сосема различна состојба од онаа кога сте тажни.rnrnНаместо тоа, речете: „Ќе се обидам максимално да се ставам во твоја кожа.“rnrnНе велете му: „Престани да се самосожалуваш.“ – Вашиот пријател не може одеднаш да престане да биде депресивен. Депресијата е физичка болест, исто како дијабетесот и срцевите заболувања, и оние кои патат од неа не можат туку така да се ослободат од нејзе.rnrnНаместо тоа, речете: „Дозволи ми да ти помогнам.“