КАФЕ ПАУЗА

Tag: рутина

  • Што сè успеваат да направат ранобудниците додека другите уште спијат?

    Што сè успеваат да направат ранобудниците додека другите уште спијат?

    Ако сметате дека сте ранобудник со тоа што се будите околу 6 и 30 или 7 часот, тогаш може да бидете изненадени кога ќе чуете дека има и такви кои се будат помеѓу 3 и 4 часот наутро и веќе имаат воспоставени рутини и активности. Луѓето кои се будат рано тврдат дека утрата се неверојатни, а долгиот дневен циклус ги исполнува со енергија за наредниот ден. Секако, сето тоа го прават кога другите уште спијат.rnrnШто успеваат да направат ранобудните додека другите уште спијат?rnrnСпоред ранобудниците, важно е да се „фати“ денот и обврските да се завршат додека надвор има дневна светлина, што е сосема нормален и посакуван ритам на функционирање на човековото тело. Оние кои спијат до доцна пропуштаат значаен дел од денот и прекратко се изложени на сончеви зраци. Сепак, без разлика кога се будиме, важно е да се запази правилото на најмалку 7, а најмногу 8 часа ноќно спиење. Ова се рутините на неколку ранобудници што е добро да ги знаете…rn

    1. Венди П., 40 години, обвинителка, авторка и предавачка на универзитет

    rnБудење: Околу 3 часот наутро, вообичаено без алармrnrnЗаспивање: 20 часот, секогаш кога можеrnrnУтрински рутини:rnrn3:00 – Будење и пиење кафе, почнува со пишување веднашrn4:00 – Појадок и подготовка на статии и презентацииrn6:00 – Вежбање со неколку од колегите пред започнување на работното времеrnrnТаа се држи до строго дефинирани активности по работното време, за да може да стигне да се подготви за спиење во 20 часот.rn

    2. Линди Л., 46 години, воспитувачка

    rnБудење: Околу 4 часот наутро, најдобро во 3 и 45rnrnЗаспивање: Периодот меѓу 22 и 22 и 30rnrnУтрински рутини:rnrn4:00 – Будење и смирување на телото, мислите и чувстватаrn4:05 – Вежби за длабоко дишењеrn4:10 – Пиење околу еден литар водаrn4:15 – Зацртување на дневните цели, молење и медитацијаrn4:20 – Вежби за лесно истегнувањеrn4:45 – Подготовка за работниот денrn5:15 – Читање дневни веснициrn5:20 – Подготовка и пиење витамински пијалакrn5:45 – Излегување од домаrnrnТаа смета дека утрата се магични и дека времето коешто си го посветуваме во утринските часови е најдобро нешто што можеме да си го дозволиме.rn

    3. Кејт С., 36 години, лиценциран диететичар

    rnБудење: Помеѓу 4 и 15 и 5 и 30 наутроrnrnЗаспивање: Помеѓу 21 и 22 часот навечерrnrnУтрински рутини:rnrn4:30 – Будење, подготовка на кафе и пиење витамински пијалакrn4:45 – Пиење кафе и прелистување весници и списанијаrn5:00 – Медитирањеrn5:30 – Подготовка, 45-минутно вежбање и туширање со топла водаrn6:45 – Подготовка на зелено смуди за во текот на денотrn7:15 – Тргнување на работаrnrnКејт веќе со години го практикува раното будење, но уште го нема навикнато телото самото да ѝ се буди во тој период, па затоа секогаш мести аларм.rnrnШто успеваат да направат ранобудните додека другите уште спијат?rn

    4. Брајана М., 25 години, блогерка и авторка

    rnБудење: Околу 4 и 30 и 5 часот наутроrnrnЗаспивање: Помеѓу 20 и 30 и 21 и 30rnrnУтрински рутини:rnrn4:30 – Будење, планирање на денот, па правење вежби за истегнувањеrn5:00 – Редовно дополнување на листата на нешта за кои е благодарнаrn5:15 – Вежбање на лента за трчањеrn5:45 – Еден час јога и медитирањеrn6:45 – Туширањеrn7:00 – Подготвување на децата за во училиштеrn7:30 – Појадок со семејствотоrnrnТаа ги прави сите овие нешта за да се осигури дека за тој ден ќе биде исполнета со позитивна енергија, што ќе ѝ донесе успех. Ваквиот начин на функционирање ја релаксира.rn

    5. Кари С., 52 години, консултантка за социјални мрежи и авторка

    rnБудење: Меѓу 4 и 30 и 5 и 15 наутроrnrnЗаспивање: Периодот меѓу 20 и 30 и 22 часотrnrnУтрински рутини:rnrn4:30 – Будење, подготовка на кафе и пуштање на кучињата надворrn4:45 – Почнување со дел од работата, додека ужива во свежото кафеrn5:50 – Завршување на работата и подготовка за пливањеrn6:00 – Пливање околу еден часrn7:00 – Работење уште неколку часа пред подготовка на оброкrnrnСпоред Кари, продуктивноста е најголема во утринските часови, а понатаму може нагло да падне, па затоа е важно уште рано да се започне денот.rnrnПогледнете ги останатите 5 рутини на следната страница…rn

  • 6 бебешки производи кои ќе ја променат вашата рутина за нега и убавина

    6 бебешки производи кои ќе ја променат вашата рутина за нега и убавина

    Колку време поминало откако последен пат сте користеле некој бебешки производ, како што е на пример, маслото за тело или шампонот? Долго? Време е да започнете повторно да ги користите, бидејќи можностите и придобивките се многубројни. Детските производи се одличен избор за возрасната и зрела кожа. Тие се нежни, не ја надразнуваат кожата, мирисаат убаво, а може да се користат на начини и цели за кои никогаш не сте размислувале.rnrn1-6-bebeshki-proizvodi-koi-kje-ja-promenat-vashata-bjuti-rutina-www.kafepauza.mk_rn

    1. Бебешки шампон за чистење на четките за шминкање

    rnНешто што сите ние често забораваме, иако знаеме дека треба редовно да го практикуваме е чистењето на четките за шминкање. За да ги исчистите вашите четки не ви се потребни специјални средства за чистење. Едноставно навлажнете ги со топла вода, а потоа додајте бебешки шампон кој е нежен и нема да го оштети вашиот прибор за шминкање, а истовремено е доволно ефикасен за темелно да ја исчисти шминката и нечистотијата од четките. Измиените четки ставете ги на пешкир и почекајте добро да се исушат пред употребата.rn

    2. Бебешка пудра како пудра за сетување на лицето

    rnПосле нанесувањето на коректор под очите, паметно е да го фиксирате со пудра во камен или пудра за сетување. Наместо да купувате скапи пудри за сетување, бебешката пудра ќе ви послужи како совршена замена. Нанесете бебешка пудра под очите за да ја фиксирате шминката, оставете ја неколку минути (идеалното време е додека ги шминкате очите, бидејќи целиот вишок ќе падне врз пудрата), а после тоа едноставно отстранете ја со голема четка за шминкање. Вашата шминка ќе изгледа беспрекорно и подолго време ќе остане свежа.rnrn2-6-bebeshki-proizvodi-koi-kje-ja-promenat-vashata-bjuti-rutina-www.kafepauza.mk_rn

    3. Бебешки влажни марамчиња за дамки од шминка

    rnСте ја извалкале вашата омилена блуза додека сте се шминкале? Бебешките влажни марамчиња се вистински спас во тие моменти. Добро навлажнетото марамче притиснете го на дамката (немојте да триете) и ќе сведочите како таа целосно исчезнува. Создадени се за чувствителната и нежна бебешка кожа, така што безбедно можете да ги користите во скоро секоја прилика.rn

    4. Бебешко масло како третман за коса

    rnБебешкото масло ја прави кожата мека, исто како и косата. Можете самите да направите едноставна маска за само неколку минути. Сѐ што ви е потребно се 2 лажици мед со 1/2 лажица детско масло и малку топла вода. Маската нанесете ја на сува коса и добро измасирајте ја. После половина час измијте ја косата со топла вода и продолжете со нормалната рутина за миење на косата.rnrn3-6-bebeshki-proizvodi-koi-kje-ja-promenat-vashata-bjuti-rutina-www.kafepauza.mk_rn

    5. Бебешка крема како спас од акни

    rnБебешките креми во својот состав имаат антивоспалителни состојки кои ја заштитуваат кожата со акни. Доволно се нежни што нема да ја иритирате воспалената кожа, а ќе ви ја дадат потребната нега и ќе ви помогнат во борбата со акните.rn

    6. Бебешка четка за заби како алат за пилинг

    rnМеките влакна на бебешката четка за заби се совршени за темелен и нежен пилинг на лицето. Направете сами смеса од лимон и шеќер, а потоа нанесете ја на лицето. Лесно поминете по лицето со бебешката четка за заби правејќи кружни движења. Сите стари клетки од кожата брзо и едноставно ќе бидат отстранети, а вашето лице ќе биде многу мазно.rnrnБебешката пудра нема само да ви послужи како пудра за сетување, туку погледнете ги овие необични употреби на бебешката пудра.

  • Астро фитнес: Прилагодете ја вашата фитнес рутина според вашиот хороскопски знак

    Астро фитнес: Прилагодете ја вашата фитнес рутина според вашиот хороскопски знак

    Ако сакате да живеете здрав и исполнет живот, мора да се грижите за вашето тело на вистинскиот начин. Тоа значи дека и вежбањето мора да стане дел од вашата секојдневна рутина. Дали знаевте дека тренингот може да се креира според вашиот хороскопски знак? Еве како!rnrn1-astro-fitnes-prilagodete-ja-vashata-fitnes-rutina-spored-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_rn

    Овен

    rnСакате силен тренинг, па голема корист имате од кардио вежбите кои ослободуваат од стресот. Не треба да се откажувате доколку резултатите не се гледаат во истиот момент, туку да бидете упорни и посветени. Направете го тренингот интересен! Комбинирајте ги вежбите со активности како што се тенис или возење велосипед, или пак приклучете се на група која се подготвува за маратон.rn

    Бик

    rnПреферирате удобна и опуштена рутина. Ако го оптоварите вашиот распоред со тренинг, набрзо ќе започнете да се чувствувате уморно. Концентрирајте се на активностите во природа. Одлучете се за брзо одење во друштво со вашата пријателка, благ џогинг, стомачен танц или тенис. Додека вежбате, задолжително слушајте музика и изберете инспиративно и сликовито опкружување.rn

    Близнаци

    rnВежбањето за вас е одличен начин да ги одржувате телото и умот во форма. Кога ќе ги соберете сите потребни информации за режимот на исхрана и фитнес програмата, започнувате да се движите кон најдобри резултати. Ќе уживате во програмите кои вклучуваат друштво. Играње фризби во парк, шетање со миленик, бадминтон, одбојка на песок, сѐ доаѓа предвид додека ве движи и ментално стимулира.rnrn4-astro-fitnes-prilagodete-ja-vashata-fitnes-rutina-spored-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_rn

    Рак

    rnГи сакате активностите и најдобри резултати постигнувате со внимателно испланирана програма. Ќе имате корист од оние кои подразбираат интеракција со други луѓе. Но, во одредени моменти ќе ви биде потребен мир и тишина. Едрење, воден аеробик, голф или трчање на плажа се идеални начини да се опуштите и да ги смирите нервите. Ќе ви одговара и јога или пилатес.rn

    Лав

    rnНастапот и стилот ви се најважни, па мотивирани сте да бидете во форма кога ви даваат комплименти поврзани со изгледот. Напорно работите на тоа да изгледате добро. Зачленете се во најпопуларната теретана во вашиот град и вклучете се во повеќе програми. Кога ќе имате услови, разбијте ја монотонијата со партија голф или едрење. Тренирајте со тегови или кик-бокс што ќе ви помогне да ја задржите одличната форма.rn

    Девица

    rnСе мотивирате со бележење на деталите од секој тренинг. Броењето калории, исто така, ќе ви помогне да го постигнете посакуваниот изглед. За вас совршени се лесните и балансирани пилатес движења, јога или медитација. Тоа ви помага да ја стишите бучавата во главата и да ги средите мислите. Сѐ што вклучува наука ќе го задржи вашето внимание.rnrn3-astro-fitnes-prilagodete-ja-vashata-fitnes-rutina-spored-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_rn

    Вага

    rnВи одговараат тренинзи во друштво, па често ги повикувате пријателите и партнерот да ви се придружат во вежбањето. Смислете програма која ќе ви помогне да останете во форма, но и ќе ви дозволи да уживате во вашата омилена храна. Тенис, голф, или што било друго кое подразбира социјализирање ќе ви биде забавно. За вас одлична идеја се фитнес клубовите каде што ќе можете да се опуштите и да разговарате.rn

    Скорпија

    rnВи одговараат исцрпувачки активности, кои ја ослободуваат насобраната тензија. Препреките ги зајакнуваат вашиот ум и тело, бидејќи сте познати по тоа дека го остварувате сето она што ќе го замислите. Трчање на лента, бокс или вежбање на статичен велосипед се дел од активностите кои ќе ви одговараат. Поставете си предизвик и обидете се да го постигнете.rn

    Стрелец

    rnСакате да патувате, па би било супер да го комбинирате вежбањето со обиколувањето на светот. Шетањето и истражувањето на околината се одлична вежба за вас. Идеално е и брзото одење. Одете и на трчање заедно со вашето куче, запишете се на часови по јавање или на јога.rnrn2-astro-fitnes-prilagodete-ja-vashata-fitnes-rutina-spored-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_rn

    Јарец

    rnИмате силен ум и умеете да го слушате вашето тело, и на крај секогаш ќе го направите она што најмногу ви одговара, иако сакате да го испробувате и она што другите го препорачуваат. Вашата програма за вежбање мора да се вклопи и во вашиот распоред, бидејќи инаку никогаш нема да пронајдете време за вежбање. Закажете час со тренерот, бидејќи тоа за вас ќе биде најпродуктивно.rn

    Водолија

    rnБлескате во приликите кои подразбираат социјализација и имате ум кој е отворен за нови идеи и програми за вежбање. Најновите трендови и опрема ве возбудуваат. Пријавете се за полумаратон, поставете си предизвик со тренинг за издржливост или запишете се на курс по боречки вештини.rn

    Риби

    rnНе ви одговараат напорни вежби кои ќе ви ја одземат енергијата наместо да ви ги наполнат батериите. Зумбата, хип-хоп танцот или салсата може да ви бидат доста забавни, исто како и сите активности кои се поврзани со вода: сурфање, пливање, ватерполо или воден аеробик.rnrnСекој хороскопски знак има свои навики и рутини кои најдобро му одговараат, па погледнете која е вашата идеална утринска рутина според вашиот хороскопски знак.

  • Лесни рутини за вежбање дома за кои не ви е потребна опрема

    Лесни рутини за вежбање дома за кои не ви е потребна опрема

    Вежбањето од дома изгледа како одлична идеја, но само во првите 5 минути. Дома нема кој да ве мотивира и да ви го одвлекува вниманието од имејлот на кој треба да одговорите. Тогаш престанувате со вежбање за да завршите некоја работа и си велите дека ќе продолжите, но постојано излегува нешто што ве одвлекува од тоа. Погледнете некои одлични рутини за вежбање кои ќе ви помогнат да издржите до крај и кои можете да ги најдете на вашиот смартфон или на Јутјуб.rn

    Рутина од 7 минути

    rn(1)lesni-rutini-za-vezhbanje-doma-za-koi-ne-vi-e-potrebna-oprema-kafepauza.mkrnrnДа, навистина трае само 7 минути. Но како можете да постигнете нешто за толку кратко време? Тајната е вежбањето во интервали. Иако сите повторувања ќе ви одземат 45 минути, ако немате толку време во ред е да направите помалку повторувања. И секако, кога вашата рутина за вежбање трае кратко, сигурно ќе можете да издржите до крај. Една од овие 7-минутни рутини можете да најдете тука за андроид и тука за ајфон.rn

    Табата – 45 минути

    rn(2)lesni-rutini-za-vezhbanje-doma-za-koi-ne-vi-e-potrebna-oprema-kafepauza.mkrnrnОва е уште една фантастична и лесна рутина. Овде правите серија од вежби кои се поделени во 8 х 20 секундни циклуси. Како и во претходната рутина, и овде сите повторувања ќе ви одземат 45 минути, но можете да направите помалку доколку немате време. Симнете ја апликацијата за ајфон тука.rn

    30-дневен предизвик за стомачни

    rn(3)lesni-rutini-za-vezhbanje-doma-za-koi-ne-vi-e-potrebna-oprema-kafepauza.mkrnrnМожете да најдете повеќе верзии на овој предизвик. Добрата работа со оваа рутина е што почнувате со многу лесни вежби, а ви одзема малку време. Кога ќе почнете да се ближите кон потешките вежби, вие веќе ќе имате посилни мускули и нема да ви биде толку тешко да ги направите. Овие предизвици можете да ги пронајдете лесно на Пинтерест и да го одберете оној што најмногу ви одговара.rn

    Рутина со тоалетна хартија

    rn(4)lesni-rutini-za-vezhbanje-doma-za-koi-ne-vi-e-potrebna-oprema-kafepauza.mkrnrnНајдоброто нешто за оваа рутина е тоа што ви треба „опрема“ која веќе ја имате дома. Вежбите се предизвикувачки и доволно различни за да ги вежбате сите мускулни групи. А како таа изгледа? Погледнете го следново видео:rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=aaa_zb7GwWcrn

    Вежби во кревет

    rn(5)lesni-rutini-za-vezhbanje-doma-za-koi-ne-vi-e-potrebna-oprema-kafepauza.mkrnrnСовршени за мрзливите утра, оваа рутина ќе ви одземе само 5 минути. Можете да го зголемите времето на вежбање и бројот на повторувања за да се предизвикате. Во продолжение ви претставуваме 6 такви вежби…rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=pcUIlotonpMrnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 7 правила со кои на вашето куче ќе му го продолжите животот и до 3 години

    7 правила со кои на вашето куче ќе му го продолжите животот и до 3 години

    Поголемиот дел од кучињата живеат помеѓу 10 до 15 години, доколку им се овозможи доволно внимание и правилна нега. Со одредени правила ќе можете да го продолжете животниот век на вашиот домашен миленик и до 3 години, а во продолжение дознајте до кои рутини треба да се придружувате.rnrn1-7-pravila-so-koi-na-vasheto-kuche-kje-mu-go-prodolzhite-zhivotot-i-do-3-godini-www.kafepauza.mk_rn

    1. Овозможете му на кучето доволно физички активности и игри

    rnНа кучињата физичката активност и движењето им се подеднакво важни како и на луѓето. Идеално би било на вашето милениче секојдневно да му овозможувате еден час физички активности во кои кучето ќе се истрчува и ќе си игра, без разлика дали вие ќе му фрлате топка или ќе се забавува со други кучиња. Физичката активност не мора да биде организирана како рутина, туку доволно е кучето да трча и да го истражува она што во тој момент го интересира.rnrnОсвен за одржување на физичкото здравје и правилната телесна тежина, играњето со другите кучиња му помага на вашиот миленик да биде и емотивно задоволен. Поголемиот дел од кучињата уживаат во меѓусебната игра, па затоа што почесто дозволувајте му да си игра со останатите припадници од својот вид.rn

    2. Овозможете му на кучето доволно време за одмор

    rnСо доволна физичка активност, кучето треба да има и доволно време за одмор и опуштање. Иако се исклучителни социјални суштества врзани за луѓето, кучињата сакаат да имаат време кое ќе го поминат сами. Овозможете му на вашиот миленик барем еден час одмор секојдневно и не го присилувајте на активности доколку не е заинтересиран.rnrnЗа да го заштитите кучето од чувството на стрес и тегоби, овозможете му, колку што е тоа возможно, нормален дневен ритам. Впрочем, животните се суштества со рутина и најсреќни се кога имаат одреден дневен распоред. Затоа, држете се до дневната рутина на вашето куче (на пример, шетање и оброци во исто време од денот) колку е можно повеќе.rn

    3. Одржувајте здрава телесна тежина на вашето куче

    rnКучињата се познати по својата љубов кон храната поради што внимателно треба да ја контролирате количината што секојдневно ја консумираат. Дебелината особено им се заканува доколку јадат полномасна човечка храна, но и ако јадат премногу кучешка храна, а не се движат доволно.rnrnКонстантното одржување на здравата телесна тежина е еден од начините на кои можете да му го продолжите животот на кучето. Тоа најлесно ќе го постигнете така што секојдневно ќе му давате иста количина храна.rnrn2-7-pravila-so-koi-na-vasheto-kuche-kje-mu-go-prodolzhite-zhivotot-i-do-3-godini-www.kafepauzamk)rn

    4. Редовно носете го кучето на прегледи и вакцинирање кај ветеринар

    rnСо редовните прегледи кај ветеринарот ќе можат навремено да се откријат болестите и здравствените проблеми и истите успешно да се излечат. Истото важи и за вакцинирањето кое може да го спаси животот на кучето. Тоа треба да се носи на ветеринар еднаш годишно кога е веќе пораснато и од 2 до 4 пати годишно кога е мало.rn

    5. Одржување чисти заби на кучето

    rnРасипувањето на забите кај кучињата е доста вообичаено, но истовремено е и опасен здравствен проблем, бидејќи не создава само дентални потешкотии туку и инфекции во целото тело, особено во подрачјето околу срцето и бубрезите.rnrnПоголемиот дел од кучињата нема да имаат совршени заби и свеж здив како луѓето, но со правилната исхрана и додатоци за исхраната кои ги чистат забите, тие ќе се одржуваат максимално чисти и здрави. Доколку на забите на кучето се наталожи голема количина на храна, најдобро е да отидете кај ветеринар за да ги исчисти.rn

    6. Кастрирајте го и стерилизирајте го кучето

    rnКастрацијата и стерилизацијата на кучето може да го продолжи животот од една до три години. Кастрираните мажјаци нема да можат да заболат од рак на тестисите и поретко ќе имаат проблеми со простатата. Стерилизираните женки многу поретко ќе заболуваат од тумор на млечните жлезди и не можат да добијат потенцијална фатална инфекција на матката. Освен тоа, сите здруженија за заштита на животните советуваат за кастрирање и стерилизирање на кучињата.rn

    7. Хранете го вашето куче само со кучешка храна

    rnПонекогаш на кучињата можете да им дадете свеж зеленчук, но тоа би требало да биде сè од човечката храна што вашиот миленик ќе ја јаде. Човечката храна главно е претешка и премногу мрсна за кучињата, а кога еднаш ќе ги проба остатоците од вашиот ручек, секогаш ќе ги сака и нема да ви даде мир додека јадете.

  • Зошто патувањето е добро за да избегате од вашата рутина?

    Зошто патувањето е добро за да избегате од вашата рутина?

    Животот во денешно време може да биде многу напорен. Постојаниот стрес и секојдневните обврски создаваат рутина од која многумина не можат да избегаат. Но, тоа не е доволно за да се ослободите од стресот, туку она што ви е навистина потребно е да излезете од вашиот дом, од вашето место на живеење и да го оставите нормалниот живот зад себе на одреден период, па да го доживеете светот околу вас на еден поинаков начин. Оставете го вашиот телефон или компјутер и излезете надвор за да доживеете нови искуства, а погледнете ги и овие 10 причини кои ќе ви покажат зошто е добро што побргу да го направите овој чекор.rnrnЗошто патувањето е добро за да избегате од вашата рутина?rn

    Ќе го оставите зад себе стресот и секојдневниот живот, барем на кратко

    rnНе е тајна дека повеќето луѓе имаат некаков стрес во нивниот живот, па на сите им е потребно барем накратко да излезат од секојдневните случувања и да се релаксираат некаде подалеку. Неколку дена поминати на планина или на некое друго помирно место, ќе ви бидат од огромна помош.rn

    Ќе видите нови и возбудливи места

    rnДури и да не излезете од државата, постојат нови места кои сигурно не сте ги виделе, а со тоа ќе доживеете и нови искуства. Секое место е уникатно на свој начин и секаде имате да видите нешто ново, надвор од своите граници.rn

    Релаксацијата е клучна за вашиот одмор

    rnНе е важно на каков начин ќе се релаксирате, одморот е време кога ќе правите што сакате. Темпото ќе си го поставите самите вие и не да имате притисок да правите нешто што не сакате. Понесете со себе нешто што ве прави среќни и уживајте во вашите слободни денови.rn

    Одморот може да ја обнови вашата врска

    rnЧестопати рутината во која сте заглавени, влијае на врската со вашиот партнер. Заедничкиот одмор може да ја поттикне или да ја обнови вашата врска и да ве потсети зошто сте избрале да бидете заедно. Од друга страна пак, ако немате партнер, ова ќе биде одлична прилика да сретнете некого. Кој знае, можеби токму ова ќе ве одведе до вашата сродна душа!rn

    Алармите се пречка, а не потреба

    rnОдморот е време само за вас. Оставете ги часовниците дома и спијте. Излегувањето од вашата рутина значи да престанете да живеете според часовникот, барем на кратко. Одморете се и не грижете се за времето кое честопати носи стрес.rnrnЗошто патувањето е добро за да избегате од вашата рутина?rn

    Патувањето во друга земја нуди согледување нови начини на живот

    rnДоживувањето нови култури и согледувањето како живеат луѓето во другите општества е многу поучна лекција. Таквото искуство ќе ве потсети дека вашето постоење е само едно од многуте на оваа Земја. Патувањето во други земји е непроценливо искуство.rn

    Постојат многу начини да видите нови места, по намалена цена

    rnТочно е дека за да патувате некаде, ви се потребни пари. Но, денес постојат многу промоции кои се создадени со цел да се постигне подобар договор со купувачите, а вие само треба да се одлучите и подетално да пребарате. Донесете одлука кој период сакате да патувате, па разгледајте ги предностите што ви се нудат. Колку порано започнете, толку подобро ќе биде за вас.rn

    Кујната од различни делови во светот е секогаш интересна

    rnВашите редовни навики за јадење може исто така да бидат дел од вашата рутина. Кога сте на одмор, сигурно не сакате да ги јадете истите јадења што ги јадете дома. Затоа, кога сте во друга држава вие ќе имате можност да искусите некои традиционални јадења кои ќе ви донесат незаборавни моменти.rn

    Постојаната работа придонесува за несреќен живот

    rnНесомнено е дека работата е потребна. Но, без оглед на тоа дали ја сакате својата работна позиција или не, секогаш е потребно барем на кратко да излезете од тоа секојдневие. Во одредени моменти секому му е потребно ново искуство и нови доживувања. Затоа, подарете си краток одмор, далеку од секојдневието.rn

    Вие заслужувате одмор

    rnДа. Секој кој работи долго и напорно, има потреба од одмор. Помислете малку и на себе и грижете се повеќе за својата лична среќа. Сепак, за да останете мотивирани, потребно е да ги наполните своите „батерии“!rnrnЗошто патувањето е добро за да избегате од вашата рутина?

  • 11 здрави навики од различни земји во светот кои треба да ги украдете

    11 здрави навики од различни земји во светот кои треба да ги украдете

    Обично, кога ни треба совет поврзан со здравјето, им се обраќаме на нашите пријатели и семејство. Тоа е во ред, но добиените информации може да бидат ограничени ако сите имаме исто потекло и култура. Во тој случај, добра идеја е да се погледнат навиките на другите земји во светот и да се прифатат оние кои најмногу одговараат на нашиот начин на живот.rnrn11здрави навики од различни земји во светот кои треба да ги украдетеrnrnЖивееме во глобално село каде сите земји и култури имаат свои традиции и навики, многу од кои би можеле да ни помогнат да ги одржиме телото и умот здрави. Доколку сакате да внесете некоја промена во вашата секојдневна рутина, но не знаете од каде да почнете, побарајте инспирација од земјите ширум светот. Ова се 11-те здрави навики кои уште веднаш би требало да ги украдете од другите земји…rn

    1. Нигерија: Јадете лисест зеленчук

    rnТрадиционалната кујна на Нигерија содржи многу зеленчуци кои не само што се хранливи, туку се и неверојатно вкусни. На пример, горчливиот лист од растението „Vernonia amygdalina“ е зеленчук кој се користи во подготовката на супа од горчлив лист, едно од најпопуларните јадења во Нигерија. Листовите на растението содржат многу антиоксиданси, но нудат и други здравствени придобивки. Конкретно овој горчлив лист можеби тешко ќе го најдете кај нас, но затоа, пак, друг зеленчук кој се користи во подготовката на многу традиционални супи е бамјата.rn

    2. Холандија: Возете велосипед

    rnЛуѓето од Холандија не возат велосипеди само за рекреација, туку со него одат на работа и ги извршуваат сите останати обврски во текот на денот. Главното превозно средство во Холандија е токму велосипедот. Оваа активност е еден вид аеробик кој е добар за кардиоваскуларното здравје, а тоа е доволна причина да почнете почесто да ја практикувате.rn

    3. Турција: Одете на турска бања

    rnБрзиот начин на живот во современото општество предизвикува луѓето постојано да се под стрес. Но, Турците смислиле одличен начин да ги опуштат нервите и да се релаксираат, а решението е топла бања во просторија исполнета со пареа. Веројатно не би можеле да го практикувате ова премногу често, но нема ништо лошо во тоа да се почестите одвреме-навреме.rn

    4. Сингапур: Одржувајте хигиена

    rnСингапур важи за една од најчистите земји во светот. Фрлањето ѓубре на улица се смета за сериозен кривичен престап. Сите знаеме дека тоа има штетно влијание на животната околина и може да доведе до појава и развој на вируси, бактерии и зарази. Чистата околина е главен услов за општата човечка благосостојба.rnrn11здрави навики од различни земји во светот кои треба да ги украдетеrn

    5. Шведска: Одржувајте баланс помеѓу работата и приватниот живот

    rnМногу луѓе понекогаш знаат да се посветат единствено на работата и да ги занемарат останатите сегменти од животот. Работат прекувремено, работата ја носат дома, а сето тоа негативно се одразува на нивниот приватен живот. За разлика од тоа, во Шведска работното време трае 6 часа. Како резултат, вработените се многу попродуктивни, посреќни, дури и поретко се разболуваат. Шансите се дека нема да можете да си го намалите работното време од 8 часа, но можете барем да се обидете максимално да го користите и да ја завршувате работата на време за да не морате да заглавувате прекувремено или да работите дома.rn

    6. Јапонија: Внимавајте на големината на оброците

    rnЖителите на Окинава во Јапонија имаат подолг животен век од луѓето во останатите делови од светот. Тоа е поврзано не само со видот на храната што ја јадат, туку и со начинот на кој ги јадат нивните оброци. Тие секојдневно ја практикуваат навиката „хара хачи бу“, односно јадат додека не почувствуваат дека се 80% најадени. Ова е здрава навика која дефинитивно треба да ја прифатите, ако не сакате да се прејадувате што сите знаеме дека доведува до вишок килограми.rn

    7. Индија: Користете зачини

    rnИндија е позната по употребата на различни зачини во храната, а тоа не само што им дава вкус на јадењата, туку е корисно и за здравјето исто така. Додавајте зачини како куркума, ѓумбир и коријандер при готвењето бидејќи тие ја спречуваат појавата на воспаленија, а имаат и многу други здравствени придобивки.rn

    8. Тајланд: Одете редовно на масажа

    rnМасажата е луксуз за многумина, но во Тајланд редовните масажи се дел од секојдневната рутина. Научно е докажано дека масажите можат да ве ослободат од анксиозноста, да ја подобрат работата на дигестивниот систем, да ви помогнат во случај на несоница, да ја намалат болката во зглобовите и да го забрзаат заздравувањето на повредите. Со оглед на тоа, почестите масажи се нешто што би требало да го земете предвид.rnrn11здрави навики од различни земји во светот кои треба да ги украдетеrn

    9. Франција: Препуштете им се на задоволствата што ги нуди храната

    rnПознато е дека Французите многу уживаат во храната, но сепак немаат проблем со вишок килограми и кардиоваскуларни болести. Добро е понекогаш да си дозволите мала порција од вашето омилено јадење. Некои истражувања покажале дека доколку земете малку од посакуваната храна, тоа ќе ви даде исто толкаво задоволство колкаво што би доживеале ако изедете цел оброк.rn

    10. Кина: Пијте чај

    rnЗачудувачки, но Англија не е најголемиот консумент на чај, туку Кина. Една шолја чај на ден може значително да ви го подобри здравјето. Чајот го намалува ризикот од повеќе видови рак, невролошки болести, низок холестерол, мозочен удар и уште многу други здравствени проблеми.rn

    11. Грција: Јадете медитеранска храна

    rnМожеби веќе сте чуле дека најздравата исхрана е токму медитеранската. Она што ја прави оваа исхрана толку корисна е тоа што Грците не ги одбегнуваат здравите масти. Истражувањата покажале дека зголемената консумација на мононезаситени масти, кои се содржат во јаткастите плодови, маслиновото масло и авокадото, води до подолг животен век, намален крвен притисок и намален ризик од срцеви заболувања.rnrnДури и да не отидеме на пат околу светот, сепак можеме да учиме од сите тие различни земји, со цел да го подобриме нашиот начин на живот и да стекнеме повеќе нови здрави навики.

  • 10 забавни ментални вежби кои ќе ве направат попаметни

    10 забавни ментални вежби кои ќе ве направат попаметни

    „Невробик“ е термин што се користи за опис на група ментални вежби, кои на мозокот му овозможуваат една посебна „гимнастика“. Тука се вклучени сите наши сетила: Вид, слух, допир, вкус и мирис. Редовното вежбање го поттикнува растот на нови невронски врски во различни делови од мозокот, ги зајакнува нервните станици и го поттикнува производството на мозочните хранливи состојки кои го подобруваат паметењето.rnrn(1) 10 забавни ментални вежби кои ќе ве направат попаметниrnrnВи ги препорачуваме овие едноставни, но многу корисни вежби. На тој начин, секој ден можете да го вежбате својот мозок, што ќе ја подобри вашата физичка и емоционална состојба.rn

    1. Четкајте ги забите со недоминантната рака

    rnНаучните истражувања покажуваат дека користењето на хемисферата од нашиот мозок којашто не е доминантна (што всушност се поттикнува со оваа вежба), резултира со брзо и значително проширување на кортикалната површина.rn

    Како да го сторите тоа:

    rnЕдноставно четкајте ги забите со раката којашто не ви е доминантна (ако сте деснак користете ја левата рака и обратно). Исто така, не заборавајте со истата рака да ја отворате пастата и да ставата од неа на четката.rn

    2. Туширајте се со затворени очи

    rnДопирот активира различни делови од нашиот мозок. Додека очите ви се затворени, под рацете можете да ја почувствувате текстурата на кожата, којашто не можете да ја видите. Тоа е така благодарение на нервните завршетоци во вашите дланки и прсти, коишто испраќаат знаци во мозокот кога доаѓаат во допир со кожата.rn

    Како да го сторите тоа:

    rnОбидете се да ги користите само своите чувства за допир (притоа внимавајте да ги отстраните сите опасности во околината, кои можат да ви нанесат повреда). Внимателно со затворени очи наместете ја саканата топлина на водата и потоа уживајте под млазовите вода.rn

    3. Внесете свежина во утринските ритуали

    rnИстражувањата на мозокот покажуваат дека со промена на секојдневната рутина, се зголемува дебелината на кортексот и се подобрува активноста на мозокот.rn

    Како да го сторите тоа:

    rnПо појадокот облечете се, изберете ново место за прошетка на вашето куче, сменете ги вашите омилени ТВ канали или радио станици.rnrn(2) 10 забавни ментални вежби кои ќе ве направат попаметниrn

    4. Свртете ги наопаку познатите предмети (навистина, сторете го тоа!)

    rnКога ги гледаме работите околу нас, кои се наоѓаат во нивната правилна положба, нашата лева вербална хемисфера лесно преминува преку тие предмети и брзо го префрла вниманието на други нешта. Со превртување на веќе познатите работи наопаку, ја фрлате во работа десната половина од мозокот, а истовремено, се посветува поголемо внимание на работите коишто ги гледате, нивните форми и бои.rn

    Како да го сторите тоа:

    rnСвртете ги наопаку семејните фотографии, ѕидниот часовник или календарот.rn

    5. Сменете го местото на масата

    rnВо повеќето семејства, секој член си има свое место на масата, но понекогаш треба да го изненадите мозокот со ново искуство, со цел да се влијае врз неговиот развој.rn

    Како да го сторите тоа:

    rnСеднете на друго место за да ја смените положбата и погледот на собата, како и на луѓето околу вас. Ќе забележите дека со тоа се сменил дури и начинот на кој ги земате солта и биберот.rn

    6. Вдишувајте нови мириси

    rnВеројатно не можете да се сетите кога и како сте го поврзале мирисот на кафето со почетокот на новиот ден. Но, поврзувањето на необични мириси и вкусови, на пример, ванила, цимет и пеперминт, со која било активност, ќе му помогне на вашиот мозок да изгради нови невронски патишта.rn

    Како да го сторите тоа:

    rnЕдна седмица оставајте го вашиот омилен мирис во близина на креветот на кој спиете. Вдишете го штом се разбудите, откако ќе се искапете и пресоблечете.rn

    7. Отворете го прозорецот во автомобилот

    rnХипокампусот е дел од мозокот кој е одговорен за паметењето. Вашите сеќавања ќе бидат поживописни доколку се вклучат мириси, звуци и делови од пејзажите.rn

    Како да го сторите тоа:

    rnОбидете се да препознаете нови мириси и звуци на вообичаената рута по којашто возите. Едноставното отворање на прозорецот од автомобилот ќе ви помогне поубаво да ги апсорбирате сите нешта од надвор.rnrn(3) 10 забавни ментални вежби кои ќе ве направат попаметниrn

    8. Проучете ги производите во маркетите

    rnВо сите супермаркети, најпрофитабилните производи се секогаш сместени во висина на вашите очи. Затоа, кога купувате обидете се да го проширите вашиот поглед по полиците.rn

    Како да го сторите тоа:

    rnЗастанете меѓу два реда полици и детално погледнете од врвот до дното. Доколку забележите нешто што не сте го виделе порано, земете го тој производ, прочитајте што пишува на амбалажата, проучете ги состојките и размислете малку за неговата употреба. Не морате да го купите тој производ, едноставно, главната задача сте ја завршиле. Сте ја надминале секојдневната рутина и сте се стекнале со ново искуство.rn

    9. Комуницирајте повеќе во текот на денот

    rnНаучните истражувања во повеќе наврати докажуваат дека недостатокот на комуникација сериозно влијае врз целокупната когнитивна способност.rn

    Како да го сторите тоа:

    rnНаместо на банкомат, вадете пари на шалтер во банка. Наместо да пазарувате во големите маркети, посетете го локалното пазарче…rn

    10. Сменете го начинот на читање

    rnДодека читаме или ги слушаме другите луѓе како читаат, ние активираме различни делови од мозокот. Читањето на глас или читањето во себе различно влијаат врз работата на нашиот мозок.rn

    Како да го сторите тоа:

    rnЧитајте му на глас на вашиот партнер, а потоа сменете ги улогите на читател и на слушател. Можеби ќе ви треба повеќе време да ја прочитате книгата, но на тој начин и ќе си посветите повеќе време заедно, а и позабавно е да се чита на глас.

  • Едноставна 5-чекорна рутина за пред спиење која има моќ да ја зајакне вашата љубовна врска

    Едноставна 5-чекорна рутина за пред спиење која има моќ да ја зајакне вашата љубовна врска

    Кога сте подолго време во врска, едноставно не можете да избегнете од одредени рутини кои од една страна ви го олеснуваат животот, но истовремено и ја задушуваат вашата љубов. Доколку не внимавате, вие можете толку многу да се разделите со вашиот партнер, што во еден момент нема да ви биде јасно која е личноста што лежи покрај вас, дури и покрај тоа што долго време сте заедно. За да не дозволите тоа да се случи, погледнете ја единствената рутина која ви е потребна во моментите пред да ги затворите очите и да заспиете…rnrnЕдноставна 5-чекорна рутина за пред спиење која има моќ да ја зајакне вашата љубовна врскаrn

    1. Легнувајте си во исто време

    rnКога вашиот распоред за спиење не се совпаѓа, најчесто станува збор за избор, бидејќи еден од вас едноставно одлучува да остане до подоцна за да гледа телевизија или да работи, додека другиот исчезнува во темнината на спалната соба. Во здравата и силна љубовна врска постои чувство на поврзаност кога се наоѓате на истото место и во исто време. Доколку избегнувате да си легнувате заедно, тогаш големи се шансите дека ќе почнете да го губите ова чувство. Но, ако го применувате – вашата врска ќе стане поцврста од кога било претходно.rn

    2. Откако ќе си легнете, тргнете ја целата електроника на страна

    rnНе само што вашите омилени уреди ја нарушуваат РЕМ фазата од вашиот сон, тие исто така нудат и имитација на поврзаност. Моментите пред да заспиете се совршена можност за навистина да се поврзете со личноста која лежи крај вас, личноста во која сте заљубени и која сте одбрале да биде вашиот партнер. Токму затоа и тргнете го мобилниот уред што подалеку и фокусирајте се на вистинскиот човек до вас. Нека вашата спална соба биде засолниште, ослободено од целата бука на секојдневниот живот.rn

    3. Збогатете ја тишината со тивок разговор

    rnВие сте вечерале, сте ги пратиле децата во кревет и сте се наместиле удобно во прегратката на вашиот партнер, чекајќи сонот полека да ве освои. Но, зошто да седите во тишина, кога можете да го искористите ова време за квалитетен разговор со вашиот партнер? Доколку разговарате за изминатиот ден во удобноста на вашите пижами, вие без сомнение ќе се почувствувате полесно и сите проблеми кои ви изгледале толку тешки во текот на денот, сега ќе ви делуваат како далечни и незначајни. Во тој момент ќе сфатите и дека единственото нешто што навистина ви значи е личноста која лежи на перницата крај вас.rn

    4. Предигра… Која започнува порано во текот на денот

    rnНе мора да чекате да ја допрете перницата со вашата глава за да почнете со предиграта. Тоа што го прави сексот одличен е исчекувањето кое води до него. Доколку ја лимитирате вашата предигра на моментите пред да почне самиот однос, вие ќе се чувствувате под притисок набрзина да завршите со сè, притоа не оставајќи си простор да уживате во сексот. Тоа може да доведе до рутински сексуални активности кои завршуваат со заспивање, без никаква возбуда или страст во меѓувреме. Токму затоа и почнете со предиграта уште во текот на денот, можеби и додека сè уште сте на работа така што ќе му/ѝ пишете секси порака во која објаснувате што го/ја очекува вечерта кога ќе се видите. На овој начин вашиот партнер ќе се почувствува посакувано, а неговиот или нејзиниот одговор ќе ви го предизвика истото чувство и на вас.rn

    5. Бакнувајте се за добра ноќ, секоја вечер без исклучок

    rnЗавршете го денот со комбинација од физичка и емоционална интимност. Некои луѓе сакаат кога заспиваат близу до својот партнер, додека пак другите сакаат простор, па токму затоа и бакнежот е одличен и едноставен начин да се поврзете на крајот од секој ден. За жал оваа навика сè повеќе изумира, бидејќи се губи во брзината на секојдневието и ги претвора дури и најжешките врски во здодевни и монотони. Бакнувајте ги вашите љубени, со целото срце, бидејќи тоа е единствениот начин да ја задржите вашата поврзаност.

  • 30 нешта кои не ви е криво што ги губите кога ќе влезете во сериозна врска

    30 нешта кои не ви е криво што ги губите кога ќе влезете во сериозна врска

    Врските се прекрасни, но тие бараат големи жртви. Сега, кога нештата не се вртат само околу вас мора да внимавате и на туѓите чувства – без разлика дали тоа значи да гледате некој хорор филм наместо романтичен, или да пропуштите забава за вечера со домашните.rnrn0-31-neshto-koe-go-gubite-koga-kje-vlezete-vo-seriozna-vrska-kafepauza.mkrnrnДа, секако дека нема да можете да играте голи по станот или да го гледате згодниот сосед, но врските си имаат и убави нешта – прекрасни мигови исполнети со љубов плус добивате личност која ќе ве почитува и поддржува. Кога ќе ги ставиме работите на вага, тие изгледаат еднакво.rnrn1. Можноста да флертувате со други луѓе – Мех, и онака не бевте добри во тоа.rnrn2. Таа посебна облека за „оние денови“ (која одамна би требало да ја имате фрлено).rnrn3. Стравот со кого ќе одите на следната свадба.rnrn4. Сомневањето во себеси – конечно имате некој кој ќе ви ласка и ќе ви помага да верувате во себе.rnrn5. Шминката – Чувството е прекрасно кога ќе се разбудите во својата најприродна верзија.rnrn6. Слободата во вашиот кревет. – Сигурни сме дека би се откажале од многу нешта за чувството во раката додека лежи врз вас.rnrn7. Вашата рутина – Секој ден поминат со него е непредвидлива авантура…rnrn8. Чудните први состаноци – Вие и вашиот паричник можете да поминете без нив.rnrn9. Вишокот простор во креветот наместо крадењето на прекривките. Бидејќи сега што е ваше е негово и обратно.rnrn10. Поканата за забава кај некој познаник – Не чувствувате потреба да одите затоа што се надевате дека таму ќе има некој нов згоден тип.rnrn11. Вашата нормалност – Лудото заљубување изгледа како фантазија и сте среќни кога сте на небо.rnrn12. Времето со вашиот вибратор – Сепак, сексот е многу подобар.rnrn13. Време за вежбање – Постојат други начини за физичка активност…rnrn14. Гледањето филмови и серии до 4 часот наутро.rnrn15. Тиндер.rnrn16. Несигурностите – Иако не ви треба маж за да ви каже дека сте прекрасни, сепак е убаво кога ќе ви каже некој убав збор. Чувството е прекрасно кога знаете дека постои некој кој ве сака баш такви какви што се.rnrn17. Трошењето пари за вечера – А затоа имате повеќе пари на сметката. Има смисла сега…rnrn18. Вашите сексуални инхибиции – А вие мислевте дека тоа го има само во чик литературата…rnrn19. Вишокот килограми – Сигурно веќе не се опивате во барови и јадете после излегување. Има подобри нешта кои треба да се најдат во вашата уста.rnrn20. Апсурдните драматизирања со пријателките – Вие си ги одбирате битките и одлучувате кога да се истурите на вашите пријателки. Сега имате момче и можете и на него да му викате!rnrn21. Кога не знаете што да одговорите на нечие „те сакам“ – Кому му требаат зборови покрај вакви посебни чувства?!rnrn22. Сексот за една вечер – Кога се будите на сред вечер на непозната територија и се надевате дека звукот на вашето мочање нема да го разбуди странецот со кого малку сте се забавувале.rnrn23. Вашите големи планови да живеете со 657 мачки.rnrn24. Празниот простор на домалиот прст – Знаете на што мислиме. ;)rnrn25. Стравот од врзување.rnrn26. Постојаното прашување од мајка ви: „Кога ќе го запознаам тоа твое момче?“ – Сега мамо, сега…rnrn27. Возењето сами – Имате некој кој постојано ќе доаѓа со вас, скоро секаде каде што ќе одите. И уште поважно, тој ќе го прави тоа позабавно.rnrn28. Огорченоста кога ќе видите пар – Добредојдовте во клубот.rnrn29. Омразата кон романтични филмови – Чудно е како почнавте да се пронаоѓате во сите ликови.rnrn30. Грижата дека ќе умрете сами, а мачките ќе го изедат вашиот труп.