Русинките се познати по својата убавина, па многумина се согласуваат дека се помеѓу најубавите жени во светот. Освен гените, својата волшебна, етерична убавина и шарм, Русинките ги добиваат и од специфичниот животен стил, што денес ќе ви го откриеме и вам.rnrn
rn
1. Многу пешачење како омилена рекреација
rnОвие девојки сакаат пешачење повеќе од какви било други вежби. За своите витки тела може да му се заблагодарат на пешачењето, па дури и во најстудените руски зими. После пешачењето, втората најомилена рекреација им е пливањето. На третото место се наоѓа возењето велосипед, па вежбањето во теретана, а колку сакаат да се грижат за својот изглед и тело докажува и фактот дека често посетуваат спа центри и козметички салони.rn
2. Зеленчук и билки во чинијата, но и во бањата
rnИсхраната на Русинките е богата со зеленчук, а во нивните чинии секојдневно се наоѓаат и топли супи со зеленчук – традиционалното јадење од руската кујна. Русинките со раширени раце ги прегрнале и даровите од природата кои ги користат за одржување на убавината на кожата и косата. Помеѓу најчестите билки и зачини во нивните бањи може да се најдат хмељ, коприва, детелина и слични болки кои ги користат за одржување на свежината и здравјето на кожата, но и за негување на сјајна, густа и јака коса.rn
3. Благо масирање на лицето за долговечна младост
rnКога станува збор за шминкањето, Русинките се служат со некои невообичаени методи за нивните лица да изгледаат посвежо, поздраво и помладо. Еден од триковите кои ги користат е лесната масажа на лицето кога ја нанесуваат шминката, која ѝ помага на кожата подолго време да изгледа младолика. Русинките се познати по своите големи, занесни очи, а овие преубави жени сакаат уште повеќе да ги нагласат со обилен слој маскара и богато нанесени сенки за очи.rnrn
rn
4. Шминка за убавина и заштита
rnРусинките надалеку се познати и по својот нежен, светол и беспрекорен тен што, помеѓу останато, му го должат на студениот руски воздух кој ги затвора порите и го подобрува затегнувањето на кожата. За да го нагласат тој тен, носат гламурозни бои на кармини, а омилени нијанси им се црвената и кафеавата. Врз карминот честопати нанесуваат сјај за усни за максимален ефект. Сјајот им служи и како заштита за усните од сувата и ладна клима.rn
5. Маска за лице и коса од јајце
rnРусинките владеат со природните третмани за убавина, особено кога станува збор за лицето и косата. Еден од омилените домашни третмани на преубавите девојки е маската од јајце која ја приготвуваат на следниот начин:rnrnЗа лице: Измијте го лицето со топла вода и исушете го со тапкање со пешкир. Земете едно јајце и одвојте ја белката од жолчката. За маската користете ја белката во која ќе додадете една лажичка млеко, па нанесете ја на лицето и оставете ја да отстои од 10 до 15 минути. Измијте го лицето со студена вода.rnrnЗа коса: На жолчката додајте ѝ малку маслиново масло и мед, па добро измешајте. Маската нанесете ја на косата и држете ја еден час. Измијте ја косата со шампон како и обично.rnrnОсвен Русинките, место помеѓу најубавите жени на светот имаат и Французинките, а еве кои тајни за убавина и женственост можете да ги украдете од нив.

rnrnМашката публика на ова видео, со сигурност прво ќе забележи нешто друго ;)rn
Злата не само што е неверојатно флексибилна и може да го витка телото како ù душа сака, таа очигледно може да работи и некоја друга работа паралелно, на пример да готви со една нога префрлена преку главата. 🙂
Оваа Русинка, која сега живее во Германија, а чие вистинско име е Julia Gunthel, го открила нејзиниот талент кога имала само четири години и уште од таа возраст можела да го витка телото наопаку. Чуден пресврт во нејзината кариера е тоа што таа во ноември оваа година, го освоила Гинисовиот светски рекорд за најбрзо дупнување три балони со грб, кое таа го извела за само 12 секунди.
Русокосата акробатка која е висока 175 сантиметри, а тешка 54 килограми, поголемиот дел од денот го поминува вежбајќи и подготвувајќи се за шоута ширум светот на кои таа настапува. Една од омилените пози на поранешната гимнастичарка е онаа кога го витка долниот дел од телото наназад, формирајќи совршен агол од 90 степени, при што виртуелно изгледа како да е пресечена на пола бидејќи за нас, обичните смртници, е невозможно да си ги качиме стапалата на глава.
Но, талентот на оваа дваесет и петгодишна девојка не завршува овде. Таа исто така, умее да го свитка целото тело за да влезе во кутија со големина од 50 сантиметри квадратни.rn
Покрај тоа што напорно вежба, Злата сепак има и многу ретка медицинска состојба која ги прави нејзините мускулни жили екстремно еластични, а тоа ù оди во прилог на нејзината професија.
Поради нејзините невообичаени способности, таа кога била малечка, искусила љубомора од другите девојчиња.rn