КАФЕ ПАУЗА

Tag: Русија

  • Гумени танцувачи низ руските улици

    Гумени танцувачи низ руските улици

    Додека чекорите низ прометна улица, тешко да е ги забележите професиите на уличните артисти. Но, фотосеријата на рускиот фотограф Витали Соколовски т.н. „Dance-Petersburg“ (Танцот во Петербург) дефинитивно го олеснува ставањето фокус на танцувачите помеѓу толпата народ. Тој ги лови акробатските движења на овие неверојатно еластични танцувачи, додека тие наводно ги извршуваат нивните секојдневни активности, облечени во обична облека.Гумени танцувачи низ руските улициГумени танцувачи низ руските улициГумени танцувачи низ руските улициОвој фотограф, патува низ светот со цел да направи фотографии од професионалните танцувачи додека отскокнуваат во воздухот и ги искривуваат нивите „гумени“ тела, помеѓу случајните минувачи кои се шокираат од неверојатниот перформанс пред нивните очи.Гумени танцувачи низ руските улициГумени танцувачи низ руските улициГумени танцувачи низ руските улициНеговиов проект е сличен на оној на Џордан Матер – „Танцувачите помеѓу нас“ направен во Њујорк. Разликата кај овој фотограф е во тоа што тој ги менува локациите на работа. Најчесто фотографира во неговиот роден град Санкт Петербург, но прави фотки и низ Европа и Америка. Како и да е, резултатот од неговата работа е магичен. Не ви доаѓа да полетате? 🙂Гумени танцувачи низ руските улициГумени танцувачи низ руските улициГумени танцувачи низ руските улициГумени танцувачи низ руските улициГумени танцувачи низ руските улициГумени танцувачи низ руските улициГумени танцувачи низ руските улициГумени танцувачи низ руските улициГумени танцувачи низ руските улициГумени танцувачи низ руските улициrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 5 маркантни статуи низ светот

    5 маркантни статуи низ светот

    Секоја држава има своја култура, историја и традиција. Најчесто знаменитостите и спомен-обележјата се обидуваат да дадат слика за склопот на овие три нешта и да останат да сведочат засекогаш. Секој од нив носи со себе посебна порака и има своја вредност. Овие пет примери се некои од најголемите споменици во светот, кои прават Кипот на слободата во САД и статуата на Исус во Бразил да изгледаат малечки.rn.rn

    Мајка татковина, Киев, Украина

    rnОваа неверојатна статуа е изградена во 1981 година од Евгениј Вучетич. Изработена е од титаниум и тежи 530 тони, а со се основата, нејзината висина достигнува 102 метри. Само споменикот е висок околу 62 метри. На штитот кој е поставен во левата рака се наоѓа грбот на Советскиот Сојуз. „Мајка татковина“ е дел од музејот „Големата патриотска војна“ во Киев, кој им оддава почит на оние кои се стекнале со титулата херој на Советскиот Сојуз или херој на социјалистичкиот труд.5 маркантни статуи низ светотrn

    Големиот Буда од Ушику, Јапонија

    rnСпоменикот на Големиот Буда во Ушику, комплетно бил изграден во 1993 година, а неговата височина достигнува 120 метри. Статуата е целосно обложена со бронза и тежи 4.003 тона. Самата статуа претставува музеј на 4 ката, а на висина од 85 метри се наоѓа и балкон за набљудување. На третиот кат од музејот можат да се погледнат повеќе од 3.000 златни статуетки кои го претставуваат Буда.5 маркантни статуи низ светотrn

    Изворниот храм на Буда, Хена, Кина

    rn„Изворниот храм на Буда“ е најголемата статуа во светот. Без основата која е висока 25 метри, статуата достигнува 128 метри. Статуата е завршена во 2002 година, а за нејзината изградба биле потрошени 55 милиони американски долари. Храмот своето име го добил според изворите со топла вода во неговата околина, за кои се верува дека се лековити.5 маркантни статуи низ светотrn

    Татковината повикува, Волгоград, Русија

    rnОваа застрашувачка статуа е изградена во спомен на озогласената битка за Сталинград, во која животот го загубиле околу 2 милиони лица. Во моментот кога била изградена во 1967 година, статуата со својата височина од 85 метри била највисока во светот. Иако оваа висина во денешно време е надмината, сепак останува да сведочи за тие времиња.5 маркантни статуи низ светотrn

    Петар Велики, Москва, Русија

    rnСтатуата на Петар Велики е направена во 1997 година, како спомен за 300 години од создавањето на Руската морнарица. Создадена е од грузискиот дизајнер Зураб Тсеретели, а со нејзината височина од 94 метри, таа е седма најголема скулптура во светот.5 маркантни статуи низ светотrnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Разголени млади Русинки

    Разголени млади Русинки

    Овие фотографии од разголени руски девојки се дело на Ирина Дејвис. Нејзината главна инспирација за оваа сесија се руските девојки од 40-тите и 50-тите години од минатиот век, бидејќи во тоа време, поради Втората светска војна тие биле научени да бидат цврсти и да работат напорно. За разлика од девојките во САД, кои во тоа време почнале да се разголуваат по фото-сесии, во Советскиот Сојуз, тоа се сметало за политички некоректно, декадентски и неморално.rnРазголени млади РусинкиИдејата на Ирина е да ја прикаже природната убавина, сексапилноста и женственоста преку раскажување на приказната за кризата во рускиот национален идентитет.Разголени млади РусинкиРазголени млади РусинкиРазголени млади РусинкиРазголени млади РусинкиРазголени млади РусинкиРазголени млади РусинкиРазголени млади РусинкиРазголени млади РусинкиРазголени млади Русинкиrn———————————————————————————————————————————————————————

    rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Модерен руски дом сместен помеѓу дрвја

    Модерен руски дом сместен помеѓу дрвја

    Руската архитектонска фирма Атриум го дизајнирала овој прекрасен, модерен дом, лоциран во близина на Москва, Русија, за семејство со едно дете. Модерен руски дом сместен помеѓу дрвјаПозиционирана на врв од рид, помеѓу многу дрвја и фантастична природа, оваа резиденција нуди неверојатен поглед низ прозорците. Модерен руски дом сместен помеѓу дрвјаМодерен руски дом сместен помеѓу дрвјаКуќата има специфична и елегантна надворешност. Сопствениците на домот можат навистина да ја почувствуваат природата во нивната куќа, бидејќи таа однадвор и однатре е обложена со ист дрвен материјал.Модерен руски дом сместен помеѓу дрвјаМодерен руски дом сместен помеѓу дрвјаМодерен руски дом сместен помеѓу дрвјаИсто така, до куќата има уште една градба, чиј кров функционира како место од кое можете најдобро да ја набљудувате природата и сите нејзини убавини, а во зимно време, се претвора во лизгалиште за деца.Модерен руски дом сместен помеѓу дрвјаМодерен руски дом сместен помеѓу дрвјаМодерен руски дом сместен помеѓу дрвјаМодерен руски дом сместен помеѓу дрвјаrn

    ———————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Аурора бореалис

    Аурора бореалис

    Поларната светлина е сјај на ноќното небо, што се појавува во близина на двата земјини пола. На северниот пол, оваа појава се нарекува aurora borealis (северна зора) и го добила своето име по римската божица Аурора и грчкиот назив на северниот ветар, Бореас. Најчесто се појавува во два периоди од годината: септември и октомври и март и април (до ден-денес не е во целост разјаснето зошто). На југот, поларната светлина се нарекува aurora australis (јужна зора).(1) Аурора БореалисКреаторот на ова stop-motion видео, потрошил цела недела за да го направи и вели дека ова е најголемата Аурора бореалис во последниве неколку децении. Локацијата каде што го работел се граничи со северна Русија, а температурата на воздухот додека го снимал изнесувала -25 степени. Сепак, изгледа неверојатно, а само тој си знае како изгледа во живо.rn


    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Најстудениот град во светот

    Најстудениот град во светот

    Овој мал град, наречен Оимјакон, се наоѓа во северен Сибир, а познат е по тоа што го држи рекордот за најстудениот град на планетата Земја, каде што температурите паѓаат и до -71,2 Целзиусови степени.rnНајстудениот град во светотЗа да се стаса до најблискиот град Јакутск, потребни се 3 часа патување со автомобил по замрзнатите патишта. Во ова гратче птиците замрзнуваат дур се во лет, но сепак луѓето некако издржуваат да преживеат. Доколку температурата се движи околу -50 Целзиусови степени, состојбата се смета за нормална, а дури кога ќе отиде многу пониско, се прогласува вонредна состојба, се затвораат училиштата, луѓето не одат на работа и слично.Најстудениот град во светотНајстудениот град во светотНајстудениот град во светотНајстудениот град во светотНајстудениот град во светотНајстудениот град во светотНајстудениот град во светотНајстудениот град во светотНајстудениот град во светотНајстудениот град во светот
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најжешките Русинки

    Најжешките Русинки

    По повод празникот на жената, 8-ми март, руската новинска агенција „Russia Beyond the Headlines“ (RBTH) ги прогласи најзгодните 12 жени во Русија. Еве ја листата.rn

    Алина Кабаева – поранешна руска гимнастичарка, моментално политичаркаrnНајжешките РусинкиТатијана Голикова – руската министерка за здравство и социјален развојrnНајжешките РусинкиАна Чапман – поранешен шпион, моментално водител на ТВ емисија.rnНајжешките РусинкиНаталија Водианова – модел за интернационални брендови како „Yves Saint Laurent“, „Gucci“, „Calvin Klein“ и „Valentino“, меѓу другото и познат филантропrnНајжешките РусинкиИрина Шаихлисламова (Шеик) – топ модел, моментално верена со Кристијано РоналдоrnНајжешките РусинкиМарија Шарапова – победничка на три гренд слем турнири во тенис и единствената Русинка која се наоѓа помеѓу првите 100 познати личности на листата на списанието „Форбс“rnНајжешките РусинкиДаша Жукова – сопственичка на уметничка галерија, девојка на познатиот милијардер Роман АврамовичrnНајжешките РусинкиОксана Фјодoрова – Мисица на Санкт Петерзбург за 1999 година, Мис на Русија за 2001, Мис Универзум за 2002, има завршено постдипломски студии и докторат, а е и полициски мајорrnНајжешките РусинкиEкатерина Гусева – руска глумица која играше во мјузиклот „Nord Ost“ базиран на познатата руска новела „Двата капетана“rnНајжешките РусинкиОлга и Татјана Арнтголтс – сестри глумици, истакнати во руската филмска индустријаrnНајжешките РусинкиАлсу – претставничка на Русија на Евровизија во 2000 година, каде што освои второ местоrnНајжешките РусинкиРената Литвинова – сценаристка, режисерка, а покрај тоа и талентирана глумицаrnНајжешките Русинки

  • Народите на Сибир

    Народите на Сибир

    Малубројните нации во Северна Азија заедно претставуваат богат и стар збир од народи и култури. Се создале под влијание на вековните миграции и  инвазии од сите страни, вклучувајќи ги Персијците, Турците, Русите и Кинезите. Денешните политички поделби не секогаш се сообразени со историјата на тамошните народи, но, сепак, им го даваат новото чувство на национален идентитет, покрај, изворниот, етничкиот.Народите на сибир

    rnrn

    Евенки

    rn

      rn011

    • Население: 33.000 во Русија, 34.000 во Кина
    • rn011

    • Јазик: евенски (тунгунска гранка од алтајската група, сродни со јазикот маџу во Кина), руски, монголски, јакутски
    • rn011

    • Вера: шаманизам
    • rn

    rn

    Народите на Сибир - ЕвенкиЕвенките живеат насекаде низ тајгите на Сибир, Монголија и Кина. Кинеските Евенки се фармери кои одгледуваат овци, а речиси половина од руските Евенки се занимаваат со традиционалното стопанство, засновано врз одгледувањето ирваси, со лов (заради храна и крзно) и со риболов. Тие одгледуваат припитомени ирваси кои им служат за влечење и добивање млеко. Тие се мали ирваси, па затоа се јаваат  седејќи на нивните рамена, а не на грбот. Евенките не ги јадат своите ирваси бидејќи ги сметаат за многу вредни во нивната култура. Шаманизмот е нивната религија (зборот шаман потекнува од евенскиот јазик) и има големо влијание.Народите на Сибир - Евенки

    rnrn

    Јакути (Саха)

    rn

      rn011

    • Население: 380.000
    • rn011

    • Јазик: јакутски (од групата северни туркиски јазици), руски
    • rn011

    • Вера: руска православна црва од преобратувањето во 17 век
    • rn011

    • Место: Република Јакутија, Русија
    • rn

    rn

    Народите на Сибир - Јакути (Саха)Јакутите или Саха, како што сакаат самите да се нарекуваат, се најголема автохтона група од народите во Сибир. Ја населуваат Јакутија – најголема административна единица во Русија, огромен појас во источен Сибир, кој ја опфаќа и областа Верхојанск т.н. Студен пол, каде температурата се спушта и под -60. Се населиле во 13 век, веројатно со ширењето на турските народи кон север. Со себе ги донеле знаењата за одгледување добиток, посебно коњи, кои ги приспособиле на живот при ниски температури. Нивната култура цветала благодарение на трговијата со Русија, но економијата под власта на Сталин им била насилно колективизирана.Народите на Сибир - Јакути (Саха)

    rnrn

    Ненци

    rn

      rn011

    • Население: 34.000
    • rn011

    • Јазик: ненецки (сроден со финскиот и лапонскиот), руски
    • rn011

    • Вера: ненецка вера со примеси на анимизам и шаманизам
    • rn011

    • Место: Артичка Русија од двете страни на Урал
    • rn

    rn

    народите на сибирНенците живеат во зоната на поларниот круг и претставуваат најсеверни жители на Европа (бидејќи живеат и на европската страна на Урал). Нивната татковина е Јамалскиот полуостров (Јамал, значи „крај на светот“). Тие самите се нарекуваат Ненет што значи „исконски човек“ и тие се дел од поголема група наречена Самоеди. Благодарение на својата изолираност, ненеската култура им одолеала на руските христијански мисионери, а потоа и на колективистичките амбиции на советските власти. Тие се номади, не населуваат трајно некоја област, туку се селат два пати годишно со своите ирваси. Нивната древна вера е анимистичка (секој предмет во природата, жив или нежив, има свој дух).Народите на Сибир - Јакути (Саха)

    rnrn

    Чукчи

    rn

      rn011

    • Население: 15.000
    • rn011

    • Јазик: чукотски (еден од чукотско-камчатските јазици на рускиот далечен Исток), руски
    • rn011

    • Вера: руска православна црква, шаманизам, анимизам
    • rn011

    • Место: североисточен Сибир
    • rn

    rn

    Народите на Сибир - ЧукчиСпоред надворешниот изглед, облеката и културата, Чукчите многу личат на автохтоните артички народи на Северна Америка. Повеќе Чукчи живеат во својата автономна област на Чукотскиот Полусотров. Крајбрежните и континенталните Чукчи имаат различен начин на живеење. Народите на Сибир - ЧукчиКонтиненталните се полуномади и одгледуваат ирваси, а крајбрежните се рибари и ловци на морски цицачи. Тие имаат слична традиција со народите на Алјаска. Чукчите во текот на 20-от век му давале оружен отпор на советскиот режим, па затоа земјата им била одземена и загадувана од индустријата и нуклеарните проби.Народите на Сибир - Чукчи

    rnrn

    Тувинци и Алтајци

    rn

      rn011

    • Население: 240.000 тувинци и 69.000 алтајци
    • rn011

    • Јазик: тувински, алтајски, руски, кинески
    • rn011

    • Вера: будизам, бурханизам (микс на будизам со шаманизам), ислам, христијанство
    • rn011

    • Место: Тувинска Република, Монголија и Алтајска Република, Русија
    • rn

    rn

    Народите на сибир - Тувинци и АлтајциТувинската Република се наоѓа на јужниот дел на Сибир, по должина на границата со Монголија и Кина. Со векови тие потпаѓале под власта на моќните соседи. Тува конечно во 1912 година  прогласила независност од Кина и веднаш станала руски протекторат. Тувинците се многу сродни со Монголите и нивниот јазик, иако според потеклото главно е туркиски, имаат многу монголски зборови. Тие имаат богата музичка традиција – познати се по „грленото пеење“, каде еден човек произведува повеќе ноти одеднаш и ги обликува во мелодија.

    rn

    Алтајците се извор на шаренило од јазици. Тие се полуномадска заедница на сточари, но повеќето од нив Русите ги натерале на постојан живот. Дури некои од Алтајците, кои не се номади, чуваат јурт (традиционален номадски шатор).Народите на сибир - Тувинци и Алтајци

  • Музејот „Калашников“ во Ижевск, Русија

    Музејот „Калашников“ во Ижевск, Русија

    За најкористената автоматска пушка во светот, калашниковот, во градот Ижевск, Русија има музеј, познат како музејот „Калашников“ или „АК-47“. Музејот бил отворен на 4 ноември 2004 година. Во него хронолошки е прикажана биографијата на креаторот на пушката, генералот Михаил Калашников, како и самиот процес на нејзиното измислување. Музејот месечно привлекува повеќе од 10.000 посетители.rnМузејот Калашников во Ижевск, РусијаМузејот служи како еден вид руски споменик на оваа светски позната пешадиска пушка. Тој ја презентира историјата на пушката, но и гордоста на руските граѓани пробудувајќи го чувството на национална доверба.rnrnВо него можат да се видат голем број пушки и да се проследат многу презентации кои се вртат на плазма екраните, за употребата на калашниковот во последните неколку декади, како и за посветеноста на работниците во процесот на неговата изработката. Голем број од материјалите го прикажуваат животот на човекот кој во 1947 година во тајност го креираше и дизајнираше ова оружје, а сега живее на само неколку улици од музејот.rnМузејот Калашников во Ижевск, РусијаМузејот Калашников во Ижевск, Русија.rn

    Целта на овој музеј е да и даде чест на генијалноста на креаторот и на макотрпната работа на работниците, да се раздвои значењето на пушката како оружје за убивање од луѓето кои ја изработуваат и да ја раскаже својата историја во нашата земја. rn- изјавува директорката на музејот, Надежда Вечтомова

    rnМузејот Калашников во Ижевск, РусијаМузејот Калашников во Ижевск, РусијаМузејот Калашников во Ижевск, Русија

  • Пријателски настроен часовник

    Пријателски настроен часовник

    Индустриските дизајнери секојдневно се обидуваат да ни го направат животот полесен за живеење преку креирање на нови, инвентивни часовници. Во денешно време, нивната магија не е само во покажување на точното време.rnrn„Friendly Clock” е часовник креиран од рускиот дизајнер Максим Максимов. Овој часовник е посебен бидејќи го покажува вашиот дневен распоред кој се менува со изминувањето на часовите, според вашата дневна рутина. Сè што вие треба да направите е да го прилагодите часовникот според вашата дневна рутина и тој ќе ве потсетува што треба да направите во точно определеното време.Пријателски настроен часовникПријателски настроен часовникПријателски настроен часовникПријателски настроен часовникПријателски настроен часовник