КАФЕ ПАУЗА

Tag: Русија

  • Уникатни фотографии од експлозијата на метеорот над Челјабинск

    Уникатни фотографии од експлозијата на метеорот над Челјабинск

    Утрото на 15 февруари сè било замрзнато во Челјабинск, со температура од околу -17 степени Целзиусови, мирно без ветар и без облаци. Бидејќи претходната вечер времето било потопло, тоа утро сите дрвја биле прекриени со лед. Фотографот Марат Ахметјалев решил да ја искористи оваа ситуација за да направи неколку пејзажи од неговото омилено место. Околу 9 часот наутро тој бил на планираната локација во Челјабинск, подготвен да ги направи првите фотографии. Уникатни фотографии од експлозијата на метеорот над ЧелјабинскКако и секогаш, немало ништо необично на небото. Откако направил неколку фотографии од различни агли, тој решил да се премести на друга локација. Во тој момент фотоапаратот му бил насочен кон изгревањето на сонцето.Уникатни фотографии од експлозијата на метеорот над ЧелјабинскУникатни фотографии од експлозијата на метеорот над ЧелјабинскОдеднаш на небото, буквално од никаде се појавил голем објект. Фотоапаратот за среќа бил насочен во близина на овој непознат објект. Марат на работ на своето око забележал силна светлина и веднаш го свртел фотоапаратот кон него и во моментите кога експлозијата го достигнала својот врв тој направил неколку неверојатни фотографии.Уникатни фотографии од експлозијата на метеорот над ЧелјабинскУникатни фотографии од експлозијата на метеорот над ЧелјабинскКако што се смирувала ситуацијата, тој продолжил да фотографира. Како резултат ги добил и овие прекрасни и незаборавни фотографии од своето омилено место за фотографирање…Уникатни фотографии од експлозијата на метеорот над ЧелјабинскУникатни фотографии од експлозијата на метеорот над ЧелјабинскУникатни фотографии од експлозијата на метеорот над ЧелјабинскУникатни фотографии од експлозијата на метеорот над ЧелјабинскУникатни фотографии од експлозијата на метеорот над ЧелјабинскУникатни фотографии од експлозијата на метеорот над ЧелјабинскУникатни фотографии од експлозијата на метеорот над ЧелјабинскУникатни фотографии од експлозијата на метеорот над ЧелјабинскУникатни фотографии од експлозијата на метеорот над Челјабинск
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 екстремни пустелии

    10 екстремни пустелии

    Некои точки на Земјата се толку пусти и изолирани, што прашање е дали воопшто човек треба да размислува да отпатува до нив…rn
    rn

    Конкордија, Пакистан

    rnНе постои лесен пат до Конкордија. Името го добила од европските истражувачи на кои местото им личело на Швајцарските Алпи. Сместена длабоко во планините во северниот дел на Пакистан, Конкордија располага со таква смиреност и дивост која оддава впечаток дека таму некаде е крајот на светот. Ако некогаш решите да стигнете до таму, спремете се да пешачите цели десет дена.10 екстремни пустелииrn

    Руб ал-Хали, Саудиска Арабија

    rnРуб ал-Хали во Саудиска Арабија е најголемата песочна површина на планетата. Западните истражувачи ја нарекле Дом на тишината, а има и зошто. Зафаќа површина отприлика колку Франција и Бенелукс заедно, има дини високи и по 300 метри, а сето тоа „живее“ во неверојатна тишина.10 екстремни пустелииrn

    ‘Ртот Јорк, Австралија

    rnНајсеверната точка во Австралија претставува и крајот на светот за жителите на овој континент. ‘Ртот е оддалечен повеќе од 1.000 километри од најблискиот град, така што патувањето до таму подразбира неколкудневно возење по тежок пат по кој се среќаваат само крокодили. На крајот, наградата за долгиот пат е еден карпест предел и ништо друго.10 екстремни пустелииrn

    Катинирпак, Канада

    rnАко се прашувавте што има во оние предели на Канада каде што нема големи градови, одговорот е национални паркови во кои има само голи планини и поларни мечки. Катинирпак е најекстремниот од нив. Го зафаќа најсевервниот дел од Канада.10 екстремни пустелииrn

    Северниот Пол

    rnМразот на Северниот пол останува на листата од најекстремни пустелии на Земјата барем уште неколку години додека се стопи целосно. Под големите слоеви мраз нема земја, па оние малку санти мраз кои пловат по Северниот Леден Океан се голем предизвик и за најголемите авантуристи.10 екстремни пустелииrn

    Островот Робинзон Крусо, Чиле

    rnВо осумнаесеттиот век на овој остров бил оставен еден морнар кој овде поминал сам четири години од животот, а подоцна бил инспирација за Даниел Дефо да го напише истоимениот роман. Денес островот е населен со околу 500 жители, а поради „блискоста“ со Јужна Америка од 670 километри, не го посетуваат повеќе од 100 луѓе годишно.10 екстремни пустелииrn

    Невадо Мисми, Перу

    rnНевадо Мисми е пустелија која се наѓа на планина висока 5.597 метри, на оддалеченост од 700 километри од Лима. Сепак, некому му било важно да стигне до таму затоа што на крајот тука е пронајден изворот на Амазон.10 екстремни пустелииrn

    Островот Олхон, Русија

    rnОлхон е остров на средината од Бајкалското Езеро, инаку најдлабокото во светот. И самото езеро кое се наоѓа во сибирскиот регион е доволно осамено, па не изненадува што неговиот остров е толку изолиран.10 екстремни пустелииrn

    Камчатка, Русија

    rnЛетот од Москва до Камчатка на Далечниот Исток трае неверојатни 11 часа, што всушност е најдолгиот домашен лет во светот. Овој полуостров е толку изолиран од развиениот дел на Русија што се наоѓа поблиску до Лос Анџелес отколку до Москва.10 екстремни пустелииrn

    Замокот Скоти, САД

    rnНа почетокот на дваесеттиот век чикашкиот магнат Алберт Џонсон верувал дека ќе најде злато во Долината на смртта во Калифорнија и затоа го изградил овој замок на сред пусина. Денес таму не живее никој.10 екстремни пустелии
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Домашни третмани за убавина и здравје базирани на вотка

    Домашни третмани за убавина и здравје базирани на вотка

    Да живеевте во Русија, вашиот ден најверојатно би почнувал и завршувал со вотка, а тоа вклучува сè од плакнење на устата до лекување на опаѓањето на косата. Буквално преведено од руски, „мала вода“ или „драга вода“, оваа кристално бистра течност била измислена во 1503 година од страна на монасите од Кремљ кои ја употребувале како антисептик и пијалак кој лечи сè. Оваа традиција продолжува и до ден-денес, што можеби на прв поглед може да изгледа многу чудно. Но, ако истражите подлабоко, ќе сфатите дека позади неа се кријат милиони придобивки…rnrnДомашни третмани за убавина и здравје базирани на воткаrnrnПогледнете ги наредниве неколку рецепти за убавина и здравје базирани на вотка. Па, наместо да го испиете целото шише со пријателите, оставете неколку капки за апсолутни чуда на вашето лице, коса и на сите останати делови од вашето тело. На здравје!rnrnДлабинско чистење на кожата – Измешајте еднакви количини на вотка и вода и потоа нанесете ја мешавината со памукче на вашето лице. На овој начин ќе ја прочистите кожата и ќе ги затегнете порите.rnrnТретманот за зацврстување ледени коцки“ на Оле – Овој совет доаѓа директно од гуруто за убавина, Оле Хенриксен и е совршен за намалување на порите и зацврстување на кожата. Сè што ви е потребно е еднаква количина на свежо исцеден сок од лимон, силно подготвени чаеви од шипки и од нане, како и вотка. Измешајте ги состојките и сипете ги во калап за коцки мраз. Додека се замрзнати, обвиткајте една ледена коцка во тенка памучна марама и полека масирајте го целото лице и врат во наредните 2-5 минути. Ледените коцки ќе ја намалат надуеноста, додека вотката и сокот од лимон ќе ги намалат порите и ќе ја освежат кожата. Чајот од шипки ќе ги смири сите воспаленија на кожата, додека пак чајот од нане ќе ја подобри микро-циркулацијата која ќе доведе до поздрав сјај.rnrnСјајна коса – Груби кутикули? Прамени без никаков сјај? Додајте една чашка вотка во вашиот регенератор. Тоа ќе ја намали pH вредноста на вашата коса и ќе помогне при затворање на кутикулите. Исто така вашата коса ќе добие и „филмски“ сјај.rnrnОсвежувачко плакнење – Измешајте чаша вода со 15 милилитри вотка и употребете го миксот како последно плакнење на косата по шампонот и кондиционерот. Оваа техника е совршена за отстранување на насобраните остатоци од продуктите на вашиот скалп и прамени, правејќи ја вашата коса блескава и сјајна.rnrnЗбогувајте се со првутот – Додадете 15 грама сув рузмарин во една чаша вотка и оставете го да отстои цела ноќ. Наредниот ден измасирајте го вашиот скалп со мешавината и оставете ја половина час да делува. Потоа исплкнете ја косата со студена вода.rnrnГубење на коса – Измешајте 15 милилитри органски мед со џус од кромид во чаша со вотка и потоа нанесете ја на вашиот скалп. Оставете ја да делува во текот на ноќта и наредното утро измијте ја вашата коса. Вотката го чисти скалпот така што ги отстранува отровите од вашата коса и го стимулира растењето на здравите влакна.rnrnСправете се со лошата миризба на стапалата – Едноставно протријте ги стапалата со вотка. Збогум непосакувана миризбо!rnrnИзбркајте го лошиот здив од устата – Напијте се малку вотка и без да голтате жуборете ја малку во устата и потоа плукнете. Вашиот здив ќе премине од непосакуван во пријатен.rnrnПобедете го херпесот – Нанесете неколку капки вотка на херпесот и на тој начин ќе го забрзате неговото сушење.rnrnОтровен бршлен – Сте се допреле до отровен бршлен? Нанесете малку вотка на осипот за да го намалите чешањето. Вотката го остранува маслото кое го предизвикува овој проблем.rnrnМазно бричење – Мазното бричење започнува со чист брич. Поради тоа натопете го жилетот во чаша со вотка веднаш по бричењето. Таа ќе го спречи ‘рѓосувањето и ќе го исчисти од насобраните бактерии.

  • Како се краде автомобил во Русија?

    Како се краде автомобил во Русија?

    Иновативни Руси демонстрираат нов начин на кражба на автомобил, кој изгледа поприлично лесен. 🙂 Како се краде автомобил во Русија?Уживајте во нивната смисла за хумор.rn

    rnСпоред коментарите под видеото, најверојатно се работи за реклама на „Пежо“, а она што го креваат „силните“ Руси е само голем балон полн со хелиум. Но, ако веќе го изгледавте, ова наше дообјаснување е излишно. :)rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Национални знамиња од зборови

    Национални знамиња од зборови

    Кога рускиот уметник Кирил Зајтсев (Kirill Zaytsev) ги визуелизира најчестите стереотипи за една држава, го добива нејзиното национално знаме. На пример, кога ќе ги спои зборовите „коли“, „порно“ и „пиво“, ќе ги зачини со малку боја и ќе ги стави над добра фотографска основа, го креира знамето на Германија. И останатите типографските знамиња што ги изработил, се базираат на основните параметри, стереотипи и начин на живот во државите кои ги претставува…rnrn

    Национални знамиња од зборови кои ги опишуваат државите
    Јапонија
    rnrn
    Национални знамиња од зборови кои ги опишуваат државите
    Јордан
    rnrn
    Национални знамиња од зборови кои ги опишуваат државите
    Обединетото Кралство
    rnrn
    Национални знамиња од зборови кои ги опишуваат државите
    Норвешка
    rnrn
    Национални знамиња од зборови кои ги опишуваат државите
    Германија
    rnrn
    Национални знамиња од зборови кои ги опишуваат државите
    Бразил
    rnrn
    Национални знамиња од зборови кои ги опишуваат државите
    Шведска
    rnrn
    Национални знамиња од зборови кои ги опишуваат државите
    Русија
    rnrn
    Национални знамиња од зборови кои ги опишуваат државите
    Швајцарија
    rnrn
    Национални знамиња од зборови кои ги опишуваат државите
    САД
    rnrn
    Национални знамиња од зборови кои ги опишуваат државите
    Италија
    rnrnКои од стереотипите што важат за нашата земја би ги употребиле за да го визуелизирате македонското знаме?rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најлудите руски рекламни спотови

    Најлудите руски рекламни спотови

    Знаеме дека Јапонците се светски лидери во креирање луди реклами, но добро котираат и Русите. Погледнете и уверете се: 🙂Најлудите руски рекламни спотовиrn

    1. Пеколна верверица

    rnЦелта на оваа кампања, спонзорирана од руската влада, е борба против алкохолизмот. Насловена е „Пеколната верверица“ (Адская белочка) или во преносна смисла на зборот „делириум од алкохолизам“.rn


    rn

    „Едно утро, бев во куса посета на пријател. Тој извика: ‘Blya, затвори ја вратата, ќе избегаат пајаците. Фати ги, ќе избегаат.’ И така скокавме од ѕид на ѕид, собирајќи пајаци. Не се смири, сè додека не ги собравме сите. И тогаш реков: ‘Ајде да одиме и да уловиме неколку kudyabliks (не е реален збор, во Русија можат да го разберат само пијаниците), ќе ги испржиме и ќе ги изедеме.’ И тој извика: ‘Сакам, јас сакам kudyabliks.’ И тогаш реков: ‘Кој е?’ …жена му стои таму… И тој рече: ‘Тоа е ѓаволот. Ќе го убијам и ќе празнуваме по тој повод.’ Од далеку, долго време, плови Реката Волга… Исправете се, доаѓа судијата. Се преплашивте? Доаѓам по вас…“

    rn

    2. Жирафата Скитлс

    rnРекламите за бонбоните „Скитлс“ се луди насекаде во светот. Па, зошто Русија би била исклучок? :)rn


    rn

    3. Ништо екстра…

    rnСекси танчерки во реклама за гуми. Уште еден доказ дека сексапилот продава.rn


    rn

    4. Злобна руска социјална сфера

    rnАко одлучите да му соопштите на мажот дека го напушатате додека сте во автомобил, а тој управува со него, не заборавајте да го ставите сигурносниот појас…rn

    rnЖената: Сакам да ти кажам веќе извесно време… Имам… Одлучив да те напуштам. Одлуката е конечна. Не постои ништо што би можел да направиш или кажеш во врска со тоа.rnrnИ не преправај се дека не знаеш заради кого те напуштам… Знаеше цело време дека имам афера со него… Само одбиваше да поверуваш… Другар од детството! Пораснавме заедно.rnrnЌе го земам детето. И како што знаеш, откако ќе станам разведена мајка, која треба да се грижи за мало дете, секој судија ќе ми го додели апартманот мене.rnrnКуќата на плажа, како што се сеќаваш е на мое име, така што, ќе ја задржам и неа. Сите потребни документи се подготвени.rnrnИ, тука е и автомобилот… Но, се надевам дека нема да си го бараш подарокот назад, нели?rnrnПа?!… Кажи нешто!… Не ти треба ништо?!rnrnМажот: Имам сè што ми треба.rnrnЖената: Навистина? И што е тоа, ако не ти пречи што прашувам?rnrnМажот: Сигурносниот појас.rnrnПорака: Не заборавајте да го прицврстите сигурносниот појас. :)rn
    rn

    5. Колбас

    rnОва е последната и најморбидна реклама на оваа куса листа…rn


    rn

    „Еднаш ќе се сретнеме сигурно. Ќе се вљубиш во мене на прв поглед. И, се разбира, од тој момент ќе бидеме заедно. Ќе ме допираш со твоите елегантни прсти и ќе се споиме заедно во кохерентна целина. Ти, толку убава и модерна, а јас… колбас од Империјата од месо.“

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како се забавуваат мечките во Русија?

    Како се забавуваат мечките во Русија?

    Николај Зиновјев е руски фотограф кој својата љубов кон дивиот свет се обидува да им ја пренесе и на другите преку своите прекрасни дела. Во неговото портфолио можат да се најдат фотографии од лавови, орли, гепарди и мечки. Овде ги издвоивме неговите најинтересни дела од мечките кои живеат на рускиот полуостров Камчатка на далечниот исток. Зиновјев успеал да фати неколку кадри во вистински момент, прикажувајќи ги големите и страшни животни како мирољубиви суштества кои времето го поминуваат во опуштен амбиент, игра и забава.Како се забавуваат мечките во Русија?Како се забавуваат мечките во Русија?Како се забавуваат мечките во Русија?Како се забавуваат мечките во Русија?Како се забавуваат мечките во Русија?Како се забавуваат мечките во Русија?Како се забавуваат мечките во Русија?Како се забавуваат мечките во Русија?Како се забавуваат мечките во Русија?
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • На што ви личат европските држави?

    На што ви личат европските држави?

    На пример, Норвешка некому наликува на сперматозоид, Украина на магаре, Франција на був… Сето тоа е спакувано во креативни и урнебесно смешни илустрации, на чие чело е Македонија. 🙂  Погледнете ги:rnrn

    На што ви личат европските држави?
    Македонија
    rnrn
    На што ви личат европските држави?
    Романија
    rnrn
    На што ви личат европските држави?
    Хрватска
    rnrn
    На што ви личат европските држави?
    Италија
    rnrn
    На што ви личат европските држави?
    Русија
    rnrn
    На што ви личат европските држави?
    Кипар
    rnrn
    На што ви личат европските држави?
    Франција
    rnrn
    На што ви личат европските држави?
    Србија
    rnrn
    На што ви личат европските држави?
    Грција
    rnrn
    На што ви личат европските држави?
    Германија
    rnrn
    На што ви личат европските држави?
    Обединетото Кралство
    rnrn
    На што ви личат европските држави?
    Украина
    rnrn
    На што ви личат европските држави?
    Бугарија
    rnrn
    На што ви личат европските држави?
    Албанија
    rnrn
    На што ви личат европските држави?
    Норвешка

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најпознатите фонтани во светот

    Најпознатите фонтани во светот

    Фонтаните се места кои ги поврзуваат луѓето. Тука можете да седнете и да јадете, да напишете разгледница или едноставно да ги гледате другите луѓе. Ако се наоѓате покрај некоја фонтана, не заборавајте да си замислите желба и да фрлите паричка.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Фонтана ди Треви во Рим, Италија

    rnСо своите 26 метри во височина и 20 метри во широчина, Фонтана ди Треви е најголемата барокна фонтана во Рим. На фасадата на фонтана прикажана е сцената на пронаоѓањето на чиста вода, а тука се и скулптурите на Нептун, Агрип и римската девица Тривиа. Се верува дека оној кој ќе фрли паричка во Фонтана ди Треви, сигурно ќе се врати во Рим. Според статистиките, секој ден во Фонтана ди Треви завршуваат 3000 евра во монети.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Фонтаните Петерхов во Санкт Петербург, Русија

    rnФонтаните Петерхов се наоѓаат во дворот на палатата Петерхов која Петар Велики ја изградил во Санкт Петербург во 1709 година. Восхитен од Версајските фонтани на Луј 14, Петар Велики изградил исти такви фонтани во дворот на својата палата. Централно место кај фонтаните зазема каскадниот пад на водата покрај кој се поставени статуи во ренесансен стил.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Фонтаните Белаџио во Лас Вегас, Невада

    rnФонтаните Белаџио се ноаѓаат на предната страна од истоимениот хотел. Овие фонтани секојдневно приредуваат претстава од бои и музика која се одржува на секој половина час во попладневните часови и на секои 15 минути во вечерните часови. Фонтаните се поставени на површината на големо вештачко езеро, чија вода постојано се прочистува од хотелскиот отпад.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Магичната фонтана на Монжуик во Барселона, Шпанија

    rnМагичната фонтана во Барселона се наоѓа под Националната палата на ридот Монжуик. Изградена е во 1929 година за потребите на Меѓународната изложба на Барселона. За време на шпанската граѓанска војна, фонтаната била оштетена и не била во употреба сè до 1955 година, кога била реставрирана. Во текот на 1980-тите години, музиката и боите стануваат дел од величествените претстави на Магичната фонтана.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Бакингемската фонтана во Чикаго

    rnБакингемската фонтана во Чикаго е обележје кое се наоѓа во центарот на паркот Грант и се смета за една од најголемите фонтани во светот. Инспирирана е од фонтаната Латона во Версајскиот дворец и е изградена во рококо стил. На 26 август 1927 година Кејт Бакингем ја донирала фонтаната на Чикаго во спомен на нејзиниот брат Кларенс Бакингем.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Фонтаната на богатството во Сингапур

    rnВо 1998 година Фонтаната на богатството се запиша во Гинисовата книга на рекорди како најголема фонтана во светот. Изградена во 1995 година, фонтаната е препознатлива по бронзениот прстен кој според хинду принципите го означува универзумот и претставува единство на духот. Фонтаната на богатството симболично ја означува хармонијата на сите раси и религии во Сингапур.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Фонтаните во паркот на Версајскиот дворец во Франција

    rnФонтаните во градината на Версајскиот дворец имаат централна улога и се користеле за да се демонстрира моќта на човекот над природата. Најпозната од сите е фонтаната „Латона“ на која симболично е прикажано како измачуваната Латона е прогонета со своите две деца, Дијана и Аполон, кои биле казнети така што биле претворени во жаби.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Фонтаната на кралот Фад во Саудиска Арабија

    rnФонтаната на кралот Фад се наоѓа на брегот на Џеда, во западниот дел на Саудиска Арабија. Името го добила според самиот крал Фад кој ја донирал фонтаната на градот Џеда. Оваа фонтана фрла вода во висина од 312 метри над површината на Црвеното Море и затоа е видлива од секоја точка на градот. Брзината на исфрлањето вода достигнува до 375 километри на час со што се трошат 18 тони вода.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Меморијалната фонтана „Ел Аламејн“ во Сиднеј, Австралија

    rnМеморијалната фонтана „Ел Аламејн“ претставува спомен – обележје на војниците кои загинале во 1942 година, за време на Втората светска војна, во две битки или две во Ел Аламејн во Египет. Фонтаната во форма на глуварче е изградена од армискиот ветеран Роберт Вудворд во 1959 година.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Фонтаната на четири реки во Рим, Италија

    rnФонтанатата на четири реки се наоѓа во урбаниот дел на Пјаца Навона во Рим. Изградена е во 1651 година од Џан Лоренцо Бернини. Од центарот на фонтаната се издигнува древен египетски обелиск, додека самата фонтана симболично ја сочинуваат четирите најголеми реки на четири различни континенти: реката Нил во Африка, Дунав во Европа, Ганг во Азија и Рио де ла Плата во Америка.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Фонтаната во Дубаи

    rnФонтаната во Дубаи се наоѓа на вештачкото езеро Бурџ Калифа во центарот на градот. Компанијата која ги дизајнираше фонтаните Белаџио во Лас Вегас, беше одговорна и за изградбата на фонтаната во Дубаи. Во хармонија со арапските звуци и светските музички хитови, фонтаната долга 275 метри исфрла вода во висина од над 73 метри. Фонтаната во Дубаи беше пуштена во употреба на 8 мај 2009 година.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Фонтаната на желките во Рим, Италија

    rnФонтаната на желките, изградена во стилот на доцната ренесанса, се наоѓа на плоштадот „Свети Матеј“ во Рим. Фонтаната била изградена во периодот помеѓу 1580 и 1588 година, од страна на архитектот Џакомо дела Порта и скулпторот Тадео Ландини. Бронзените желки на горниот дел од фонтаната на почетокот не постоеле. Тие биле додадени подоцна, во 1658 година, кога фонтаната била обновена.rnrnНајпознатите фонтани во светотrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Владимир Путин – современиот Чак Норис

    Владимир Путин – современиот Чак Норис

    Автор: Петар ТодоровскиrnrnТој може да ве спаси од напад на тигар, да го изгасне и најстрашниот пожар, да ги „растури“ противниците во џудо, па дури и да пронајде артефакти со кои ќе ја расветли историјата. И замислете, тој не е Чак Норис! Зборуваме за поранешниот агент на КГБ, а денес руски претседател Владимир Путин, кој во потрагата по публицитет веќе му го презема угледот на легендарниот акционен херој и спасител. Ако се прашувавте зошто, причината не е тоа што може да ги добие кои било политички избори на кои што ќе се појави, туку неговите јунаштва.rn
    rn

    Спасување на телевизиска екипа од сибирски тигар

    rnВо август 2008 година рускиот претседател го посети природниот резерват Усури, за да провери како се надгледуваат останатите 500 сибирски тигри на Земјата. Додека релаксирано се шеташе низ резерватот заедно со телевизиска екипа, еден од тигрите ги скина синџирите и се стрча кон еден од камерманите. За среќа, Путин во рацете имал пиштол со кој се заспиваат животни, па токму кога можело да дојде до трагедија пукал во тигарот, го успал и спасил човечки живот. Делото го комплетирал со закачување уред за следење на заспаниот тигар.Владимир Путин – современиот Чак Норисrn

    Стрелање на кит со самострел

    rnОва не беше обид да се убие уште едно животно од листата на загрозени видови, туку напор да ѝ се помогне на науката. Стрелата не била дизајнирана да го убие китот, туку да се добие примерок од неговата кожа со кој ќе се утврди од каде дошол. Верувале или не, дури четвртиот обид бил успешен. Сепак, претседателот не се срами од тоа, затоа што би сторил сè „за да ѝ помогне на природата“.Владимир Путин – современиот Чак Норисrn

    Џудо вештини

    rnПутин не би можел да се споредува со Чак Норис ако е силен само со оружје в раце. Затоа, тој може да се пофали со црн појас, шести дан во џудо, така што и со голи раце може да отстрани многу опасности. Никогаш не пропушта можност своите вештини да ги покаже пред камерите, што испровоцира еден руски стрип уметник да го претстави како суперхерој кој ги растерува демонстрантите.Владимир Путин – современиот Чак Норисrn

    Возење Формула 1 болид

    rnКога Русија доби можност да организира Формула 1 трки почнувајќи од 2014, беше потребно спортот повеќе да се испромовира во земјата. Таа задача ја заврши, ни помалку ни повеќе, тогашниот премиер Владимир Путин. За разлика од сите останати политичари кои се возат само во блиндирани автомобили, тој седна во Ф1 болид и во близина на Санкт Петербург, изведе неколку вртења откако претходно возеше со преку 300 км/ч. По настанот изјави: „Како за прв пат, добро беше“.Владимир Путин – современиот Чак Норисrn

    Пилотирање со борбен авион

    rnВозењето на тркачки автомобил не е најголемиот возачки предизвик на кој одговорил рускиот претседател. Во 2000 година, само еден месец по воспоставувањето контрола над Грозни, главниот град на Чеченија, Путин реши да отпатува во опустошениот град како што тоа некогаш го правеле кралевите, а таму стигна како копилот на борбен авион Сухој-27.Владимир Путин – современиот Чак Норисrn

    Пилотирање со противпожарен авион

    rnПутин успеа да добие голем публицитет во тешките моменти во август 2010 година, додека дивееше голем пожар во близина на Москва. Веројатно ги употреби знаењата од управувањето со борбен авион, па копилотирањето на противпожарниот Бериев Бе-200 не беше проблем за него.Владимир Путин – современиот Чак Норисrn

    Во најдлабокото езеро со подморница

    rnСо длабочина од 744 метри, Бајкалското Езеро во Русија е најдлабокото во светот, па не е изненадување тоа што Путин во него нашол предизвик. Во 2009 година се нафати да нурне во езерото како гостин на екипажот на подморница, чија цел беше да го испитува езерското дно. Кога излезе, даде и свое научно толкување на она што го видел: „Водата е чиста, се разбира земено од еколошка гледна точка, но јас би рекол дека е всушност некој вид супа од планктони“.Владимир Путин – современиот Чак Норисrn

    Полугол против сибирскиот студ

    rnКако што беше спомнато погоре, Путин е голем вљубеник во природата и секогаш сака да ужива во неа. Тој се релаксира во неверојатно студените недопрени предели на Сибир, и тоа гол од половината нагоре. Повеќе пати „случајно“ е фатен од страна на новинарските екипи, како полугол јава на коњ или лови риба , кои очигледно доста често го посетуваат пустиот и студен регион во Русија.Владимир Путин – современиот Чак Норисrn

    Ракување со поларна мечка

    rnВо април 2010 година тој им помогна на експертите да закачат уред за следење на една поларна мечка. Таа беше успиена, па тоа би можел да го направи секој, но „Чак Норис моментот“ се случи на крајот кога се ракуваше со шепата на заспаното животно и рече: „Ќе бидеш добро“.Владимир Путин – современиот Чак Норисrn

    Откривање артефакти во морето

    rnТретото нуркање во животот за Владимир Путин беше трета среќа за него и за археолозите кои долги години го испитувале еден археолошкиот локалитет во Црното Море. Рускиот претседател успеа да најде две антички грчки вазни на два метри под водата, кои археолозите сите овие години не ги пронашле. Секако, подоцна некој призна дека сè било наместено.Владимир Путин – современиот Чак Норис
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.