КАФЕ ПАУЗА

Tag: Русија

  • Необично руско семејство: Мајка, татко и мечка како домашно милениче

    Необично руско семејство: Мајка, татко и мечка како домашно милениче

    Запознајте го Стефан, питома мечка која живее со своите луѓе, Светлана и Јуриј Пантелинко во Москва. Тие го посвоиле Стефан кога бил само 3-месечно бебе, откако бил пронајден во многу лоша состојба од страна на ловци во шумата во близина на нивниот дом. 23 години подоцна, оваа слатка мечка станала бесценет член на семејството кој помага во домот со наводнување на растенијата. Таа исто така обожава и да гледа телевизија со Светлана и Јуриј.rnrn(1) Необично руско семејство: Мајка, татко и мечка како домашно миленичеrn

    „Тој обожава луѓе и е навистина социјална мечка – спротивно на мислењето на другите, воопшто не е агресивен. Ние никогаш не сме биле гризнати од Стефан“, вели Јуруиј.

    rn(2) Необично руско семејство: Мајка, татко и мечка како домашно миленичеrnrnСтефан дневно јаде 25 килограми риба, зеленчук и јајца. И останува во добра форма така што игра фудбал. Тој исто така се занимава со глумење во филмови и позирање за фотосесии. Погледнете.rnrn

  • Руски рецепт за чистење на цревата

    Руски рецепт за чистење на цревата

    Овој руски рецепт е направен од Викторија Семјонова, стручњак кој се бави со природно лечење. Рецептот е направен од состојки кои со богати со витамини и антиоксиданси и кои многу поволно влијаат на цревата. Пијте од овој напиток три пати на ден пред секој оброк по 100-150 милилитри во текот на еден месец и цревата ќе ви бидат драстично почисти.rnrnДревен руски рецепт за чистење на цреватаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 500 грама моркови
    • rn011

    • 500 грама свежо цвекло
    • rn011

    • една шака суви кајсии
    • rn011

    • една шака суво грозје
    • rn011

    • една лажица мед
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИсечкајте ги морковите и цвеклото на ситни парчиња и ставете ги во тенџере. Потоа додајте вода така што таа ќе биде два прста над исечканиот зеленчук. Додајте ги и сувите кајсии и сувото грозје и ставете го тенџерето на оган. Извадете го штом почне водата да врие, па кога малку ќе се излади додајте една лажица мед. Поклопете го тенџерето со капак и оставете го да отстои 12 часа на ладно и суво место. Потоа течноста треба да е добро изладена и време е да ја процедите. На крај ќе добиете напиток доволен за два дена.

  • Книга: „Бело-црвен свет“ – Дорота Масловска

    Книга: „Бело-црвен свет“ – Дорота Масловска

    (1) Книга: „Бело - црвен свет“ - Дорота МасловскаАко имате барем малку идеја што се случува во светов во последно време, книгава не би требало да ја пропуштите

    rn

    Наша оценка: 9/10

    rn

    Ваша оценка: [ratings]

    rnrnДорота Масловска имала само 18 години кога ја напишала „Бело – црвен свет“. Романот, примен од критичарите и од публиката со широко раширени раце, свеж литературен бран во младешки, контроверзен стил, е сè уште своевиден феномен и сè уште нашироко се зборува за истиот. Масловска има доживотно членство во клубот на големите имиња, а со првите неколку страници ќе сфатите дека е целосно заслужено, дури и ако не го повтори успехот со ниту едно друго дело.rnrnВпрочем, не мора ниту да ви се допаѓа книгата, дури многу веројатно е дека темата и стилот на пишување ќе бидат тешко сварливи за некои, но не верувам дека постои читател кој би можел да го оспори талентот, имагинацијата и способноста за конструктивна критика на младата авторка. Особено ако земеме во предвид дека поголем дел од осумнаесетгодишниците не гледаат ни вести а камо ли да имаат волја и способност да напишат книга која во завиена форма и преку младешки глупирања всушност ќе му тресне во фаца некои сериозни муабети на општеството.rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ

    rnrnrn


    rnrnГлавниот лик е Анджеј, или „Силниот“ ако баш сакате, бидејќи е главен во друштво, дрзок на јазик и остар во размилувањата, веројатно бидејќи поголем дел од времето е на спид и плус врти неколку женски во книгата. Го запознаваме во моментот кога неговата голема љубов Магда му пренесува преку нејзината другарка дека меѓу нив е готово. И Магда е на спид поголем дел од времето, плус се мафта со руски војници. Анджеј, нормално ја мрази поради тоа, но земено во предвид дека не прави нешто многу покорисно со неговиот живот а и можеби ќе може да ја легне пак во скоро време, спремен е да и прости и некоја таква грешка. Не дека е ова нешто многу трагично, горе – долу нивните животи не се разликуваат од животите на нивните врсници. Поголемиот дел од нив се невработени, без перспектива, огорчени и конфузни. Плус, се наоѓаат сред полско – руска војна под бело – црвено знаме.rnСцените и разговорите, горчливи во поголем дел од романот, се пренесени низ конфузни и набиени мисли на Анджеј кој дури и разговорите со другите му ги прераскажува на читателот, како да ги преработува прво и никогаш како да не ни дава „директно“ да ги слушнеме другите ликови (сигурно постои соодветен термин за ова, таму некаде во книгите по македонски јазик).rn
    rn

    „Името ти е убаво, Магда, исто како и твоето лице. Твоите раце се убави, твоите прсти, нокти, нели можеме да останеме заедно? Ако сакаш, ќе те однесам одовде каде сакаш. Можеби дури и во болница, ако е неопходно. Ме прашуваш дали сум пиел, е па, сум пиел, ама не е ничија работа дали сум пиел или не. Ајде одиме, ајде само да влеземе во колата и да одиме, ќе те однесам секаде, дури иако десет илјади Руси сакаат да ни направат тестови за алкохол и дрога. Ми велиш да не те заебавам, да престанам…“

    rn(2) Книга: „Бело - црвен свет“ - Дорота МасловскаrnrnНекогаш не можев да одлучам дали навистина е дијалог или сè се случува во неговиот ум. И помеѓу сите „љубовни“ дискусии, драми и расправии кои единствено асоцираат на незрелост и преголема конзумација на дрога одеднаш се наоѓате сред монолог за некое општествено прашање. Сите прашања тргнуваат од политика, од војни, од слаба економија, од лошо образование, од нефункционални семејства и се враќаат пак таму, со ниту еден одговор, само некој краток горчлив бунт кој никој не го перцепира.rn
    rn

    „Не се согласувам многу со даноците, предлагам држава без даноци, каде што моите родители нема да се убиваат од работа за некои принцови што пушат и си имаат свои апартмани и телефонски броеви во време кога работите не се баш толку едноставни. Како и да е, како што реков, економската ситуација во земјава е категорично заебана…“

    rnКнигата е сплет на набиени случки, од трагични разговори до халуцинации од спид па до некои просветлувачки моменти кои кратко траат. Анджеј и сите попатни ликови се само одраз на уништена младина до срж, бунтовници со причина но без кауза. Трагично, но поголем дел од нив не знаат ниту на која страна треба да се свртат. Масловска, дури им се приклучува како еден од ликовите при крајот, генијален потег кој само додава на оригиналност. На моменти, чувството е како да сте вовлечени во „Requiem for a dream“ во генијалната режија на Дарен Аронофски, па се префрлате во сцени на „Trainspotting“ на Дени Бојл, а корицата неизбежно ме потсети на „Romper Stomper“ на Џефри Рајт… ако овие се наоѓаат на вашата листа на топ филмови, книгава не би требало да ја пропуштите. Всушност, ако имате барем малку идеја што се случува во светов во последно време, не би требало да ја пропуштите.rnrn

    Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
    тел: 02/3238-722
    knizarnica@kniga.com.mk
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 26 ноември 2014. rnrnДобитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.rnrnНаградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rnrn

  • Јулија Липницкаја: Неверојатен 15-годишен талент во областа на уметничкото лизгање

    Јулија Липницкаја: Неверојатен 15-годишен талент во областа на уметничкото лизгање

    Русинката Јулија Вјачеславовна Липницкаја е родена на 5 јуни 1998 година и на само 15 години успеала да постигне нешто што никој досега не успеал. Таа во областа на уметничкото лизгање за само 3 години освоила 4 златни и 4 сребрени медали, а исто така ги држи рекордите за најмладата девојка која ја освоила титулата Европски шампион и најмладата девојка која освоила Олимписко злато во оваа категорија.rnrnЈулија Липницкаја: Неверојатен 15-годишен талент во областа на уметничкото лизгање...rnrnЛипницкаја започнала со лизгање уште кога имала само 4 години. Таа тренирала во градот Eкатеринбург сè до 2009 година, кога со мајка ѝ решиле да разговараат за нејзината иднина, заклучувајќи дека треба или да се преселат за да продолжи со својата кариера во уметничкото лизгање или целосно да го напушти овој спорт. За среќа, тие одлучиле да се преселат во Москва каде што Липницкаја се придружила на групата Етери Тутбериџе и таму продолжила со својот тренинг. Погледнете како изгледаше нејзината рутина на овогодишните Зимски Олимписки Игри…rnrnrnrnНеверојатно е колку грациозно изгледа секое нејзино движење и со каква леснотија ги прави скоковите и пируетите. Сигурни сме дека таа ќе продолжи да нè изненадува со секоја нова рутина и дека за неколку години ќе стане една од најпознатите и најпрепознатливите спортистки во уметничкото лизгање. Погледнете дел од нејзините најдобри перформанси досега…rnrnrnrnrnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Погледнете како изгледа ледениот град во Москва

    Погледнете како изгледа ледениот град во Москва

    Ледени куќи, бродови и други скулптури направени од мраз, се дел од несекојдневната уметничка галерија поставена во паркот Сокољники во Москва, симболично наречена „Град од мраз“.rnrnПогледнете како изгледа ледениот град во МоскваrnrnРуските скулптори се потрудиле во ледениот град да издлабат домови, кревети, столици, маси, ормани, вазни и многу други облици. Вниманието на посетителите најмногу им го привлекла ледената пирамида, во чие средиште се наоѓа мумија на египетскиот фараон Рамзес II.rnrnПогледнете како изгледа ледениот град во Москва Погледнете како изгледа ледениот град во МоскваrnrnПреку ден, внатрешноста на ледената куќа ја красат весели плакати, а навечер кога сонцето заоѓа, се приредуваат претстави со разнобојни светла. И покрај големиот студ, бројните посетители го сметаат ледениот град за многу забавен. Сите одлично си поминуваат, а секако радоста е најмногу изразена кај децата.rnrnПогледнете како изгледа ледениот град во Москва Погледнете како изгледа ледениот град во МоскваrnrnЕден од скулпторите на ледениот град, Александар, рекол дека е многу задоволен од посетеноста и реакциите на домашните и странските туристи. Тој во паркот Сокољники во Москва, во последните неколку години, во зимскиот период приредувал фантастични спектакли.rnrnПогледнете како изгледа ледениот град во Москва Погледнете како изгледа ледениот град во МоскваrnrnКреираните скулптури од лед, ќе останат во паркот сè додека не се затопли времето и тие ќе се стопат под дејство на сончевата топлина.rnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како може да се добие бесплатен билет за метро во Русија?

    Како може да се добие бесплатен билет за метро во Русија?

    На 7 февруари 2014 година во Сочи, Русија ќе започнат Зимските олимписки игри, а по тој повод Русите смислиле одлична кампања за промоција на големиот спортски настан и стекнување на здрави животни навики. Имено, Рускиот олимписки комитет во една метро станица во Москва поставил машина за билети, која наместо пари од луѓето бара да направат 30 сквотови (чучњеви).rnrnКако може да се добие бесплатен билет за метро во Русија?rnrnЗастанувате пред машината, почнувате да ги правите сквотовите, таа одбројува, а на крајот добивате бесплатен билет. Машината ќе биде таму еден месец.rn
    rn

    „Сакавме да покажеме дека Олимписките игри не се само интернационален натпревар кој луѓето го гледаат на телевизија, туку дека сите треба да се вклучат живејќи спортски живот.“ – вели Александар Жуков, претседателот на Рускиот олимписки комитет.

    rnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • И кралицата на Велика Британија би сакала да живее тука

    И кралицата на Велика Британија би сакала да живее тука

    Креативното архитектонско руско студио „Simultin Design“ го креирало овој модерно дизајниран стан, со големина од 100 метри квадратни. Лоциран во нов станбен комплекс во Краснодар, Русија, овој апартман е направен според барањата на сопственикот, кој сакал целокупниот дизајн да се развива околу една централна идеја – Обединетото Кралство.И кралицата на Велика Британија би сакала да живее тукаСо цел да го имплементираат овој храбар концепт, дизајнерите предвиделе кралски простор за живеење, декориран со класични елементи. Фотелјите со британското знаме, ги искористиле за да внесат прекуморски национализам во дневната соба. Софата, масичката за кафе и креветската плоча во спалната соба ги разубавиле со кожни облоги. Луксузните лустери се присутни во секоја соба, кои додаваат суптилен кралски сјај. Во ходникот има огледало со големина на ѕид, кое им овозможува на станарите чувство на кралска галерија. Златните тонови и нежното осветлување во спалната соба, придонесуваат за спокојна и привлечна атмосфера. И кралицата на Велика Британија би сакала да живее тука И кралицата на Велика Британија би сакала да живее тука И кралицата на Велика Британија би сакала да живее тука И кралицата на Велика Британија би сакала да живее тука И кралицата на Велика Британија би сакала да живее тука И кралицата на Велика Британија би сакала да живее тука И кралицата на Велика Британија би сакала да живее тука И кралицата на Велика Британија би сакала да живее тука И кралицата на Велика Британија би сакала да живее тука И кралицата на Велика Британија би сакала да живее тука И кралицата на Велика Британија би сакала да живее тука И кралицата на Велика Британија би сакала да живее тука И кралицата на Велика Британија би сакала да живее тука И кралицата на Велика Британија би сакала да живее тука
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Сладок ракун ужива јадејќи грозје

    Сладок ракун ужива јадејќи грозје

    Ова видео е снимено најверојатно некаде во Русија, според говорењето на снимателот, а во него ќе можете да видите мал ракун кој е седнат на трпезариска маса и слатко си јаде грозје. Зрно по зрно, си ги кине со малите рачиња и си ужива.rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Триминутна прошетка низ Санкт Петербург

    Триминутна прошетка низ Санкт Петербург

    Доколку немате прилика во брзо време да го посетите прекрасниот руски град Санкт Петербург, ова видео ќе ве одведе на брза триминутна прошетка.Триминутна прошетка низ Санкт Петербург Креатор на видеото е Џеф Томпкинсон, кој ќе ви прикаже едно деноноќие во овој магичен град, ќе ве прошета низ музеите и плоштадите и ќе ве запознае со руската култура и прекрасната архитектура.rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најголемата тастатура во светот

    Најголемата тастатура во светот

    Рускиот артист Анатолиј Вујаткин инсталирал огромна копија на кирилската QWERTY тастатура во земја, изработена од 86 камени тули, а од кои секоја тежи по 453 кг. Споменикот-тастатура, кој во некои кругови го нарекуваат и „Клаудија“, претставува трајна надворешна скулптура, лоцирана во Екатеринбург, Русија, каде воедно претставува и значајна туристичка атракција.Најголемата тастатура во светотНајголемата тастатура во светотСпоменикот, којшто бил дизајниран со цел да се вметне дел од технологијата во природниот пејзаж, има идеја да ги натера минувачите на интеракција со него. Пешаците кога ќе се најдат во близина на џиновската тастатура, честопати потскокнуваат од едно на друго „копче“, и покрај тоа што нивното „притискање“ не му дава команди на ниеден компјутер. Најголемата тастатура во светотНајголемата тастатура во светотИнсталацијата претставува една своевидна форма на уметност, која го отсликува денешниот начин на живеење. Ќе биде интересно да се види како идните генерации ќе го перципираат овој споменик, кога тастатурите веќе нема да се користат и технологијата ќе биде далеку понапредна.Најголемата тастатура во светотНајголемата тастатура во светотНајголемата тастатура во светот
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.