Шпанија има специфичен дух кој најдобро е зачуван во селата каде што ретко доаѓаат туристи. Затоа, ако некогаш ја посетувате оваа прекрасна земја, обидете се да посетите и некое од овие села.rn
Куенка
rnОва средновековно село е познато по куќите кои се надвиснуваат од стрмнината на која е сместено, така што Куенка изгледа како да лебди во воздухот. Се наоѓа во централниот дел на Шпанија.rnrn
rn
Елче
rnЕлче е мало шармантно село во близина на Валенсија кое е преубав спој на средновековна архитектура и медитеранската егзотика.rnrn
rn
Баеза
rnБаеза била католички бастион кога Маврите се обидувале да го покорат Иберискиот Полуостров. Од тој период останала неверојатна архитектура која ова мало место го прави привлечно за секој посетител.rnrn
rn
Деја
rnМногу уметници денес одат во Деја барајќи инспирација за своите следни дела. Селото се наоѓа на островот Мајорка, на 27 километри оддалеченост од големите гужви на плажите. Овде на мир може да се ужива во панорамскиот поглед над Медитеранот.rnrn
rn
Кармона
rnКармона се наоѓа во срцето на Андалузија. Таму ќе најдете архитектура оставена од секој освојувач кој некогаш згазнал овде, која останува да раскажува приказни од тие периоди. Иако е мало место, овде има многу ресторани кои служат традиционална андалузиска храна.rnrn
rn
Ронда
rnРонда може да делува застрашувачки со својата местоположба на двата раба на еден кањон, но штом заскитате по нејзините улици ќе бидете маѓепсани од неа. Кањонот ја дели на два дела, но тие се поврзани со мостови кои нудат незаборавен поглед, а покрај тоа овде се наоѓаат и некои од најстарите арени за борби со бикови.rnrn
rn
Сантилјана дел Мар
rnСе чини дека средниот век никогаш не завршил за Сантилјана дел Мар. Посетата на ова мало село сместено на 3 километри од Атлантскиот Океан може да ве врати назад во времето.rnrn
rn
Михас
rnИако Михас не се наоѓа на самиот брег на Медитеранот, туку на една падина која се спушта кон него, погледот кон морето сепак е фантастичен. Селата покрај шпанскиот брег најчесто се исполнети со модерни градби наменети за туристите, но ова село успеало да го задржи шпанскиот дух. Денес плени со своите тесни улички и средновековна архитектура.rnrn
rn
Зафра
rnАндалузиското село Зафра е дестинација за оние кои сакаат да го почувствуваат духот на Шпанија со сиот свој интензитет. Над него има прекрасен замок од 15-тиот век, кој е одлично сочуван.rnrn
rn
Кадакес
rnКадакес е обично и многу едноставно рибарско село близу границата со Франција, но токму во тоа е неговата магија. Има и прекрасни песочни плажи, а водата е совршено чиста.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


Режија:
Важен е трнливиот пат низ кој младата Ри ќе помине за да си помогне себеси и на своето семејство, а единствен кој ќе и помогне е чичко ѝ Теардроп кој иако е ист како останатите, наоѓа трошка милост за својата внука. Но само трошка, не многу повеќе. И да, Ри на крајот од сè успева да го зачува својот дом, но како што камерата се оддалечува додека таа седи на скалите, не може а да не го составите во вашата глава крајот кој не ни го покажуваат, оној по одјавната шпица – трудна, силувана, тепана или во првите редови во војска.
„Зимска коска” е втор долгометражен филм на режисерката Дебра Граник, но недостатокот на филмско искуство воопшто не се забележува. Таа креира темен филм исполнет со мачно чувство на неизбежната состојба, а иако е жена и главната улога ја толкува жена – ова не е женски филм. Таа ја избегнува замката да направи мекушасто кинематографско парче кое тотално ќе ја одвлече машката публика. „Зимска коска” е пред сè филм со карактер. Се појавуваат актери кои не се толку познати, но воопшто нема утки. Единствена која можеби е препознатливо лице е Џенифер Лоренс (играше покрај Ким Бесинџер и Шарлиз Терон во Burning Plain) која за овој филм е номинирана за Оскар. Дали треба да ја добие статуетката оваа феноменална (само) 20-годишна девојка, одлучете вие. 

Кога и како да го гледате: 