КАФЕ ПАУЗА

Tag: ПВЦ

  • За потопол дом: Како вашите ПВЦ прозорци и врати да ги наместите на зимски режим?

    За потопол дом: Како вашите ПВЦ прозорци и врати да ги наместите на зимски режим?

    За да ви биде потопло во зима треба да го нагодите механизмот на вашите ПВЦ прозорци и врати во зимски режим.rnrnЗа потопол дом: Како вашите ПВЦ прозорци и врати да ги наместите на зимски режим?rnrnПВЦ столаријата, особено прозорците и вратите се сè почест избор во нашите домови затоа што лесно се подесуваат и подолго ја задржуваат температурата во домот. Она што е особено корисно е тоа што ваквата столарија има опции за подесување кои во зимскиот период се особено значајни.rn

    Прозорците треба да се подмачкуваат

    rnМеталните делови како шарките, бравите, системите за заклучување и кваките се одржуваат така што повремено се бришат и се подмачкуваат. Најмалку еднаш годишно е потребно да ги подмачкате сите подвижни делови од прозорецот.rnrnПодмачкувањето се прави со посебно масло за подмачкување, но ако немате, тоа може да го направите и со обично сончогледово масло. Вашите прозорци ќе ви се оддолжат преку долгогодишното лесно ракување со нив и нивното беспрекорно функционирање.rn

    Вашите прозорци треба да ги подесувате според годишното време

    rnНа есен прозорците и балконската врата треба да ги подесите на „зимски“ режим на овој начин:rnrnОтворете го прозорецот и пронајдете го механизмот за затворање. Шрафот на страната каде што се наоѓа рачката, близу металниот дел наречен шарка, треба да го завртите навнатре со „инбус-клуч“. При вртењето со клучот шрафот се врти околу својата оска и на тој начин се регулира потисната сила на рамот на прозорецот и притисокот.rnrnПри местењето на овој тип прозорци најчесто режимот кој се остава за користење е стандарден. За да откриете во кој режим се наместени вашите прозорци вметнете лист хартија меѓу прозорецот и рамот и повлечете. Ако листот излезе без проблем тогаш вашите прозорци се наместени во „летен режим“, а ако при вадењето на листот хартијата се скине, тогаш се во „зимски режим“.rn

    Зошто не е препорачливо да ги оставите прозорците само во „зимски режим“ во текот на целата година?

    rnВие може и така да ги оставите, но набрзо ќе мора да ги промените деловите на прозорецот. Кај „зимскиот режим“ притисокот на гумите за заштита на прозорците е значително поголем. Ако постојано го отворате и затворате прозорецот, како што правиме летно време, гумата целосно ќе се потроши, а за да ја замените ќе треба да повикате мајстор.rnrnСе спремате за ладната зима? Направете ја и оваа декоративна зимска свеќа што ќе го стопли вашиот дом.

  • Талент кој свири на инструмент направен од ПВЦ-цевки

    Талент кој свири на инструмент направен од ПВЦ-цевки

    Изведувачот Кент Џенкинс, познат како Snubby J, е новооткриен талент со посебна вештина. Тој сам има изработено инструмент, составен од ПВЦ-цевки кои даваат различен звук. Интересен е начинот на свирење на овој инструмент, бидејќи е сличен како лупање на тапани, но со две големи дрвени лажици. Негова инспирација за оваа креативност е групата „Blue Man“, кои исто така изведуваат точки на сличен инструмент.rnТалент кој свири на инструмент направен од ПВЦ цевкиКент беше пријаевен и на шоуто „Америка има талент“, но не успеа да се закити со победа иако тоа што тој го прави е ретко видено. Неговиот канал на Јутјуб досега има 30.000 претплатници, а неговите видеа вкупно се гледани околу 10 милиони пати. Неговото најгледано видео е од средношколска аудиција за таленти, на која тој изведува точка, свирејќи многу познати песни. Некои од нив се: официјалната песна од ТВ серијата„Office“, препознатливите песни од видеоигрите „Тетрис“ и „Супер Марио“, „Bad Romance“ од Лејди Гага, „Crazy Train“ од Ози Озборн и неколку други.rn

    rnНа неговиот канал можат да се најдат и други тематски видеа, каде што свири песни само од еден изведувач.Талент кој свири на инструмент направен од ПВЦ цевкиrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук