КАФЕ ПАУЗА

Tag: прозорци

  • Внесете ја пролетта во вашата канцеларија

    Внесете ја пролетта во вашата канцеларија

    Автор: Бојана МандевскаrnrnНадвор пукнало сонце, сè цвета и раззеленува, а вие заглавени во вашата канцеларија ги извршувате своите обврски. Сè би дале за една прошетка во парк, утринско кафе на некоја тераса од локалните кафулиња, ручек на отворено… Звучи супер, нели?! Но, знаеме дека обврските мора да се извршат, или како што вели една поговорка „што се мора не е тешко“.Внесете ја пролетта во вашата канцеларијаЗа полесно да ги извршувате своите работни обврски, а притоа да не се нервирате за тоа што не можете да уживате на сонцето, направете мало преуредување на вашето работно место и поканете ја пролетта во вашата канцеларија.rnrnВо прилог ви предлагаме неколку начини на кои би можеле да го постигнете тоа:rnrn1. Пред сè, отворете ги прозорците и дозволете му на свежиот воздух да влезе во просторијата, проветрете. Доста беше седењето во затворени простории. Можете да ставите и освежувач на воздух со пријатен и нежен мирис.Внесете ја пролетта во вашата канцеларија2. Потоа започнете со отстранување на сите непотребни работи од вашето биро. Ослободете се од сите хартивчиња, кутии, пенкала и сè останато што не го користите, а само зафаќа простор. Земете неколку кутии во боја и ставете дел од работите кои не ги употребувате во нив. Вас ќе ви бидат корисни, а ќе бидат убави за око.Внесете ја пролетта во вашата канцеларија3. Одберете слики во пролетен, весел амбиент и ставете ги на вашата десктоп позадина, или пак закачете слики на ѕидот од вашата канцеларија. Украсете ја плутената табла  за пораки со интересни забавни слики и мисли кои ќе ви измамат насмевка на лицето. Купете нови интересни  рамки за старите фотографии или пак ставете нова слика од вашите сакани да ви го красат бирото.Внесете ја пролетта во вашата канцеларија4. Ставете вазна со цвеќе. Одете на пазар или во цвеќара и купете букет свежо цвеќе или пак сезонско саксиско цвеќе.Внесете ја пролетта во вашата канцеларија5. Заменете ја старата шолја за кафе со нова што ќе се вклопи во пролетниот амбиент.Внесете ја пролетта во вашата канцеларијаСовет плус: доколку имате можност, сменете ја локацијата на вашето биро. Наместете го поблиску до прозорецот така што ќе бидете блиску до свежиот воздух или пак свртете го спроти прозорецот за да добивате повеќе светлина. Изборот е ваш!Внесете ја пролетта во вашата канцеларијаЗа да не ги занемарите вашите обврски поради чистење и средување, направете план. Во текот на денот одвојте неколку пати по 15 минути за да ја исчистите канцеларијата. На крајот на денот ќе имате чиста канцеларија и завршени работни задачи.rnrnКога ќе завршите со преуредувањето, поканете ги колегите на „гости“ и заедно направете мала кафе пауза и заедно уживајте во пролетната атмосфера на вашата канцеларија.Внесете ја пролетта во вашата канцеларија
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фасцинантни глетки од авион

    Фасцинантни глетки од авион

    Најдоброто од летањето со авион е токму глетката кога тој се оддалечува од земјата. Убаво е чувството кога сте меѓу облаците, но уште поубаво е кога меѓу нив се ѕирка шаренилото од улици, згради, куќи, полиња, планини или реки, кои пред да ни се изгубат од видикот, наликуваат на вредни уметнички дела. Некои од нас ваквите глетки ги претвораат во фотографии.rnrn

    Фасцинантни глетки од авион
    Абу Даби, Обединети Арапски Емирати
    rnrn
    Фасцинантни глетки од авион
    Сан Франциско, Калифорнија
    rnrnУживајте во уште триесетина фантастични моменти, уловени низ авионските прозорци на повеќе локации низ светот.rnrn
    Фасцинантни глетки од авион
    Некаде над Лима, Перу
    rnrn
    Фасцинантни глетки од авион
    Планината Рение во Вашингтон, САД
    rnrn
    Фасцинантни глетки од авион
    Чара, Сибир
    rnrn
    Фасцинантни глетки од авион
    Јута, Соединети Американски држави
    rnrn
    Фасцинантни глетки од авион
    Медисон, Висконсин, САД
    rnrn
    Фасцинантни глетки од авион
    Зелен ’Рт, Африка
    rnrn
    Фасцинантни глетки од авион
    Езеро Пирамида, Невада
    rnrn
    Фасцинантни глетки од авион
    Гвајана, Јужна Америка
    rnrn
    Фасцинантни глетки од авион
    Бајкалското Езеро во Сибир
    rnrn