Според фенг шуи, сè се сведува на протокот на енергија. Позитивниот проток е клучен за сите аспекти на животот во домаќинствата. Чи е зборот за универзалната енергија што прави сè околу нас. Добар чи е добра енергија во сите свои форми. Таа може да варира од лековити мириси во нечиј дом, до уметнички израз на ѕидот. Затоа, важно е да знаете што создава добра енергија во просторот, како функционира и како да стекнете навика редовно да го проверувате протокот на енергија во домот.rnrn
rn
Чи во куќата
rnСоздавањето добар проток на чи енергија во вашиот дом е клучно кога ќе одлучите да го реновирате просторот за живеење. Исто така, дури и ако сакате само да го преуредите мебелот, важно е да не ја блокирате таа енергија и да ѝ дозволите да тече. Всушност, енергијата треба да ја замислите како вода што тече низ вашиот простор за живеење. Значи, ако водата влезе во вашиот простор за живеење, на влезната врата, каде би застанала или каде би наишла на стагнација? Замислената вода треба да тече непречено во сите правци и на лесен начин за да го освежи вашиот дом.rn
Проверка на протокот на енергија
rnПри проверка на протокот на енергија, важно е да обрнете внимание на рамните линии кои создаваат остар квалитет на енергија. Правите линии придонесуваат за течење на енергијата, а ваквиот дом е ладен и негостољубив. Ако вратата или прозорецот се наоѓаат на крајот на правата линија, тоа е уште попроблематичен случај.rnrnДруга работа на којашто треба да обрнете внимание се блокирачките области, оние што не ѝ дозволуваат на енергијата да тече. Барајте блокади во вашиот животен простор замислувајќи голем порој вода што тече низ нив. На пример, ако видите ѕид веднаш штом ќе ја отворите вратата, тоа е очигледен пример за блокада на енергијата.rnrnИсто така, препорачливо е да избегнувате паралелни предни и задни врати, огледала свртени кон влезната врата, како и скали свртени кон влезната врата.rnrnПрочитајте како совршено да ја уредите трпезаријата според фенг шуи.

rnrnПротокот на крвта до срцето се зголемува во текот на вежбањето.Но, при направениот експеримент, кога на спортистите им биле дадени кофеински таблети, резултатите покажале дека протокот на крвта бил драстично намален, што би значело дека помалку кислород и хранливи материи одат до срцето.rnrn
rnrnОвој ефект на намалување на притисокот на крвта не е важен само од аспект на остварување на поголема ефикасност при вежбањето, туку може да претставува и сериозен проблем за оние со срцева болест или висок крвен притисок. Комбинацијата од вежбање и кофеин, ја зголемува работата на срцето и значително ги зголемува потребите на телото за кислород. Па, кога оваа потреба нема да се остварува, резултатот може да биде постојана зашеметеност и сериозни промени на срцевиот ритам.rnrn
rnrnЕфектите на кофеинот врз спортските перформанси може да варира во зависност од индивидуата и количината на кофеинот која се консумира, па затоа е тешко да се генерализира. Сепак, би било мудро да се избегнува пиење кафе пред вежбање за да се одбегнат евентуалните негативни ефекти. Многу фитнес тренери препорачуваат, доколку вежбате, кафето да го замените со зелен чај без кофеин.rnrn rnrn