Малата кујна не е ничиј пријател. Но, исто како и темните кругови под очите, лудите пријатели или вашата неспособност да држите камера мирно, понекогаш едноставно треба да научите како да се справите со ситуацијата и да го извлечете најдоброто од неа. Погледнете ги следниве 7 кујнски проблеми кои произлегуваат од недостатокот на простор и начинот на кој можете да се справите со нив.rn
1. На отворено
rn
rnrnИ покрај тоа што идејата за откривање на полиците може да ви звучи растурено и без ред, отстранувањето на тешките врати од кујнските кабинети можат всушност да предизвикаат просторијата да изгледа многу поотворена. Дури и заменувањето на традиционалните врати од кабинетите со стаклени верзии можат да предизвикаат вашата кујна да изгледа попространа.rn
2. Правило на слоевите
rn
rnrnРазмислете, зарем има подобар начин да се справите со недостаток на простор од слоевите? Бидејќи имате ограничен простор за кујнските кабинети, вие треба ги редите нештата нагоре наместо кон надвор.rn
3. Закачете ги вашите тенџериња и тави
rn
rnrnНикогаш повторно не се борете со тенџерињата кога ги извлекувате од фиока (каде што нивните рачки постојано се заглавуваат). Едноставно закачете ги на дофат и не само што ќе заштедите простор, туку ќе заштедите и време додека готвите.rn
4. Непостоечки фиоки
rn
rnrnЕден од најголемите проблеми со малата кујна е недостатокот на простор за фиоки. Каде на друго место би можеле да го чувате вашиот кујнски прибор? Постојат таканаречени подвижни фиоки кои можат да ви овозможат одлично решение за овој проблем. Длабоките полици можат да ви послужат како дополнително место за секаков вид кујнски прибор, како и да ви овозможат дополнително работно место.rn
5. Додајте силна боја
rn
rnrnСилните бои го влечат погледот кон нив, одвлекувајќи ви го вниманието од тесните рабови. Одберете една доминантна боја, а сè останато нека биде неутрално.rn
6. Вертикални полици
rn
rnrnСекоја кујна има тајна (колачињата не се домашни, пилешкото паднало на подот…), како и простор на ѕидот кој е едноставно неискористен. Доколку имате празен ѕид на крајот од кујната, или пак имате неискористено место помеѓу прозорецот и таванот, можете слободно да додадете полици кои без сомнение ќе ви бидат од голема помош.rn
7. Намалете ги нештата
rn
rnrnГолемите тркалезни кваки и широките кујнски апарати можат само да ја згушат кујната. Секогаш одбирајте тенки апарати, со цел да си овозможите што повеќе место за работа кој ќе ви даде илузија дека всушност го имате просторот кој очајно ви е потребен.



rnrnОна што посебно нè воодушеви е тоа што таа пронашла и совршено место за омилените високи потпетици. Сепак, високите потпетици се нашите најдобри пријателки, нели?rnrn









rn


































rn
rn
rn
rn
rnrn rnrn
rnrnОва претставува комплетно реновиран простор со нова, целосно опремена кујна, која многу практично е интегрирана во самиот широк и простран дневен простор. Апартманот изобилува со дневна светлина и нуди прекрасен поглед кон природата.rnrn












rn
rnrn rnrn
















rnrnСпоред повеќето дизајнери на ентериер, ѕидот од страната на прозорецот треба да биде покриен со тапети во различен дезен од остатокот на просторијата. Ова е непишано правило, посебно во простори каде што има мали прозорци кои не заземаат голем дел од ѕидот. Тука најмногу одговараат тапети со светли шари за дополнително осветлување на собата.rnrn
rnrnВо просториите каде што има многу агли и ниски тавани, како собите на поткровје, најдобро одговараат тапети со вертикални шари, кои би придонеле за создавање на илузија на повисок и поголем простор.rnrn
rnrnТапетите во црвена, жолта и портокалова боја обезбедуваат чувство на топлина, па така овие нијанси се вистински избор за темни простории и соби свртени кон север.rnrn
rnrnНо, и тука постојат исклучоци од правилата – дизајнерите препорачуваат одбегнување на премногу светли нијанси во просториите во кои го поминуваме поголемиот дел од денот бидејќи поттикнуваат чувство на нервоза. Од друга страна, детските соби се најпогодни за ваквите бои, па нема да погрешите доколку во детската соба ставите тапети во весели бои и дезени.rnrn
rnrnКога се работи за спалната соба, најдобри се тапетите во пастелни бои. Одберете бледо жолти, лаванда или светло сини нијанси, кои би придонеле за подобар сон. Одбегнувајте ја црвената боја поради нејзиниот стимулативен ефект кој често предизвикува несоница.rnrn
rnrnГенерално, во малите соби од домот не е препорачливо да се поставуваат тапети во темни нијанси, кои визуелно би го намалиле просторот. За да се добие она чувство на комфор во домот, најдобри се тапетите во зелени нијанси, додека за постигнување на драматичност и модерен изглед, одличен избор се впечатливи и живописни тапети, кои се поставуваат само на едниот ѕид од просторот.rnrn
rnrn