Психологијата на човечкиот ум, секогаш нè тера да го одбираме продуктот кој има најинтересна и најкреативна амбалажа. Па така, попрво би одбрале некој полош продукт бидејќи има интересна амбалажа, отколку лошо спакуван, со многу подобар квалитет.rnrnОва се примери за оригинално замислени амбалажи на продукти, кои сигурно успеале да им донесат многу добар профит на компаниите.rn
1. Јапонско колаче
rn
rn
2. Слушалки „Нота“
rn
rnrnОдлично спакуван продукт, кој ја отсликува фирмата која ги произведува. Забавно прикажаниот продукт со сигурност ќе му падне во очи на секој заинтересиран купувач.rn
3. Шпагети „Њујорк“
rn
rnrnОригинална идеја на дизајнерот Алекс Кремер, кој со помош на шпагетите претставува еден од најпрепознатливите облакодери во светот „Емпаер Стејт Билдинг“.rn
4. Природен кујнски прибор
rn
rnrn„Scanwood“ е најголемиот дански производител на кујнски прибор од дрво. Тие своите производи ги пласираат на пазарите ширум Европа и на Блискиот Исток. Преку овој дизајн, на нивната амбалажа тие сакаат да прикажат дека нивните продукти се направени од природни материјали и се направени преку процес кој не ја загрозува природата.rn
5. Отмено месо
rn
rnrnВратоврската-пеперутка на дизајнот на „Parkinson“ ја претставува отменоста и високата класа на Англичаните.rn
6. Мед на познатиот производител „Klein Constantia“
rn
rnrnБелата кутија претставува сандак за чување пчели. Од напред го има златното лого на компанијата, а може да се забележат и „шајките“ и „штиците“ од кои е направен сандакот. Кога ќе ја отворите кутијата, однатре паѓаат мали пчели направени од хартија, кои ги има и на внатрешниот дизајн на кутијата.rn
7. Овошното пакување на „Смирноф“
rn
rnrnПотсетете се на овој интересен дизајн.rn
8. Брзо овошје
rn
rnrnДизајн кој претставува вистинска овошка пресечена на половина. Едноставниот дизајн е надополнет со интересно лого, за кое е искористена буквата „Q“.rn
9. Путер со ноже
rn
rnrnФеноменална замисла која воедно е и многу корисна и практична, бидејќи во многу ситуации може да се случи да не ни се наоѓа прибор при рака, па ова малечко ноже кое е составен дел од амбалажата може да заврши голема работа.rn
10. Секси кибрит
rn
rn
11. Чаша вино
rn
rnrnДизајнерите смислиле нов начин на пакување на виното. Оваа чаша е наречена „лале“ е направена од пластика, а преку неа со едноставно отстранување на заштитната фолија, виното веднаш може да биде послужено. Амбалажата овозможува виното да остане со врвен квалитет една година.rn
12. Гуми за џвакање
rn
rn
13. Оригинален албум
rn
rnrnДизајнот на ова це-де е нарачан од литванскиот бенд „SHIDLAS“ за нивниот албум наречен „Saliami Postmodern“. Неговиот омот е вакумиран и изгледа како да треба да го купите од месарница.rn
14. Апчиња за варење тешка храна
rn
rnrnЦелта на овие апчиња е на купувачите да им докаже дека помагаат при варењето на тешката храна.rn
15. Енергетски пијалак
rn
rnrnШишето во форма на сијалица ја симболизира енергијата која таа ја пренесува, исто како што пијалакот ќе дејствува врз вас.rn
16. Овесен појадок
rn
rnrnПакување кое овозможува брзо истурање на овесните снегулки во чинија. Во него има доволна количина на овесни снегулки, шеќер и малку сол. Идејата на слоганот „BREAK FAST“ е да има двојно значење и да ја претставува брзата подготовка на оброкот, а преку спојување на двата збора да се добие зборот „појадок“ на англиски.rn
17. Овошни шамичиња
rn
rn
18. Чајче со бродче
rn
rnrnОвој дизајн е создаден за да се избегне несаканото пропаѓање на целата кесичка со сè кончето на дното од шолјата. Вака бродчето ќе плови на површината, а вие во секој момент ќе можете да го извлечете неговото „сидро“.rn
19. Кеси за патики
rn
rn
20. Инвентивни маички
rn

rnrnПакувањето на овие маички ја симболизира вистинската амбалажа на продуктот претставен на нив.rn
21. Форд на кибрит
rn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.



















Маркетинг агенцијата 
Ова е реклама за списание за родилки. На дуплите страни има мајка доилка која го држи во раце нејзиното бебе. Двете страници се меѓусебно залепени. Кога ќе ги одлепите брадавицата ќе се откине и ќе остане во устата на бебето, а тоа демонстрира колку болно може да биде доењето, ако не се користи лосионот Гармастан.rn











rn





















rnrnrn












rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
Прочитајте и за 


















rnrn