Дали понекогаш се прашувате како некои личности успеваат да бидат исклучително уредни? Еве ги нивните трикови.rnrn
rn
Имајте визија за себе
rnАко имате јасна претстава за себе, ќе ви биде многу полесно да одредите што сакате да внесете во вашиот живот. Ова се однесува на секој сегмент, почнувајќи од декорирањето на вашиот дом, преку уредувањето на плакарот, па сè до организацијата на времето.rn
Одредете ја намената на секоја соба
rnОткако ќе ја одредите целта на секоја соба, нејзиното уредување ќе биде многу полесно. Понекогаш функцијата на некоја соба е очигледна (кујна, бања), но денес многу соби имаат повеќе намени. Организирајте ги повеќенаменските соби така што јасно ќе ги определите посебните катчиња.rnrn
rn
Етикетирајте
rnДокажано е дека читањето од етикети е побрз процес од процесот на набљудување на предметите на една полица. Без разлика дали се работи за тегли за зачини или големи кутии за складирање, ставете натпис на секој елемент. На тој начин ќе си помогнете самите себе и побрзо и полесно ќе ги враќате предметите таму каде што припаѓаат.rn
Одржувајте ги површините
rnНа поголемите површини во домот има место само за она што секојдневно го користите. Работите кои ги користите поретко, подобро е да ги складирате. Размислете колку често користите некој апарат и колкава површина зафаќа тој. На пример, на работната површина во кујната секогаш има место за тостерот, но затоа пак, миксерот би можел да се тргне настрана.rnrn
rn
Одберете повеќефункционален мебел
rnОдлучете се за парчиња мебел кој има неколку функции. Тоа би можело да биде кревет во кој ќе ја чувате постелнината или клуб маса под која ќе бидат сместени весниците и списанијата.rn
Секојдневните предмети нека ви се секогаш на дофат
rnПредметите кои ги користите секој ден нека бидат сместени на предниот дел од полиците така што секогаш ќе ви бидат на дофат, додека работите што ги користите поретко сместете ги во задниот дел на полиците или на највисоките полици.rnrn
rn
Подредувајте според сличностите
rnВо кујната или оставата, на иста полица наредете ја конзервираната храна, а житариците ставете ги на друга полица. Во бањата, одделете ги четките за коса од шминките.rn
Погледнете назад
rnЗадниот дел од вратата е одлично место за организирање на предметите. Подлогата со џебови која се закачува на врата е наменета за организирање на чевлите, но во неа можете да сместите и марами, накит, разни додатоци за коса, па дури и средства за чистење.rnrn
rn
Купувајте помалку производи
rnАко не сте минималисти, не купувајте секакви производи само затоа што се на попуст или има распродажба. Често постојат скриени трошоци кои вклучуваат одржување на купениот производ (на пример чистење).rn
Ставете часовник во бањата
rnПовеќето луѓе наутро губат најмногу време додека се подготвуваат во бањата. Часовникот во бањата ќе ви помогне полесно да си го организирате времето. Ако немате доволно простор во бањата, поставете ѕиден часовник.rnrn