КАФЕ ПАУЗА

Tag: производи

  • За утрото да биде повеќе од добро: 8 производи за здрав појадок

    За утрото да биде повеќе од добро: 8 производи за здрав појадок

    Појадокот е најважниот оброк во текот на денот, па затоа е многу важно да го направите најздравиот избор на производи.rnrnrn

    1. Јајца

    rnОвој производ содржи 13 корисни хранливи состојки, вклучувајќи ги важните протеини. Исто така, жолчката е богата со витамин Б, кој е многу важен за помнењето, но содржи и лутеин и зеаксантин, кои поволно влијаат на здравјето на очите.rn

    2. Кафе

    rnИако преголемата количина кафе нездраво влијае врз здравјето, една шолја наутро од оваа напивка содржи оптимално ниво на антиоксиданси. Во умерени количини, кафето поволно влијае на здравјето на срцето и мозокот. Исто така, може да го заштити организмот од создавање на рак и дијабетес тип 2.rnrn6-za-utroto-da-bide-povekje-od-dobro-8-proizvodi-za-zdrav-pojadok-kafepauza.mkrn

    3. Банана

    rnОва популарно јужно овошје честопати е неправедно сместено во групата висококалорични производи кои луѓето кои се на диета би требало да го избегнуваат. Меѓутоа, бананите се совршен избор за појадок, со оглед на тоа дека содржат многу хранливи материи. Богати се со влакна, витамин Ц и калиум, а оваа комбинација е совршена за одржување на оптимален крвен притисок.rn

    4. Грејпфрут

    rnУште еден одличен извор на витамин Ц и калиум е цитрусното овошје. Истражувањата кои се спроведени на клиниката „Скрипс“ во Сан Диего, покажале дека консумирањето на половина грејпфрут пред секој оброк, особено пред појадокот, го забрзува губењето на телесната тежина.rnrn5-za-utroto-da-bide-povekje-od-dobro-8-proizvodi-za-zdrav-pojadok-kafepauza.mkrn

    5. Бобинки

    rnБез разлика за кој вид бобинки ќе се одлучите, на организмот ќе му обезбедите многу антиоксиданси, влакна, витамин Ц и помалку калории. Некои истражувања покажале дека бобинките делуваат превентивно на појавата на рак, а може и да ги забават невролошките проблеми кои настануваат во текот на стареењето.rn

    6. Грчки јогурт

    rnИсто како јајцата, и грчкиот јогурт содржи протеини кои го воздржуваат нашиот апетит во текот на денот. Исто така е важен извор на калциум.rnrn3-za-utroto-da-bide-povekje-od-dobro-8-proizvodi-za-zdrav-pojadok-www.kafepauza.mk_rn

    7. Чај

    rnБлагодарејќи на антиоксидансите фалвоноиди, љубителите на чајот уживаат во предностите од состојките кои го чуваат имуниот систем и имаат противвоспалително дејство. Зелениот, црниот и белиот чај, судејќи според некои истражувања, имаат важна улога во превенцијата на ракот, срцевите болести и дијабетесот. Секако, сето ова важи доколку пиете незасладен чај. Чајот има состојки кои предизвикуваат чувство на будност и ни помага да се сконцентрираме.rn

    8. Овесна каша

    rnОваа здрава каша содржи многу влакна и прави да се чувствувате сито. Исто така, овесната каша може да го одржува нивото на холестерол на оптимално ниво. Додадете во кашата банана или бобинки и ќе добиете совршен хранлив појадок, богат со протеини, јаглехидрати и масти.rnrn4-za-utroto-da-bide-povekje-od-dobro-8-proizvodi-za-zdrav-pojadok-www.kafepauza.mk_

  • Овие 5 производи ја ублажуваат депресијата и го подобруваат расположението

    Овие 5 производи ја ублажуваат депресијата и го подобруваат расположението

    Недостатокот на одредени материи може да придонесе за влошување на расположението кај личноста која пати од депресија. Бројни научни студии имаат покажано дека личностите чија исхраната е богата со овошје, зеленчук, јаткасти плодови и риба се изложени на помал ризик од депресија. Оваа храна е вистинскиот избор кога станува збор за менталното здравје.rnrneating japanese foodrn

    1. Лосос

    rnКај многу личности кои патат од депресија е забележано намалено количество на омега-3 масни киселини, кои инаку го подобруваат расположението и ги намалуваат воспаленијата. Научната студија која е објавена во 2014 година во списанието „American Journal of Epidemiology“ покажува дека луѓето кои јадат риба најмалку 2 пати неделно имаат за 25% помал ризик од депресија.rn

    2. Домат

    rnИстражувачите во 2013 година спровеле студија со цел да пронајдат врска помеѓу симптомите на депресијата и консумирањето домати и храна која го содржи овој здрав производ. Резултатите кои се објавени во стручното списание „Journal of Affective Disorders“ покажале дека луѓето кои често јадат домати имаат дупло помал ризик од депресија. Доматот содржи ликопен, антиоксиданс кој благотворно влијае на здравјето на срцето, спречува мозочен удар и депресија.rn

    3. Леблебија

    rnКај луѓето кои патат од депресија е забележано ниско ниво на витамин Б, особено од типот Б6, кој влијае врз регулирањето на метаболизмот и разложувањето на сите невротрансмитери, вклучувајќи ги серотонинот и допаминот. Леблебијата е одличен извор на овој витамин, па затоа се препорачува да го додадете овој здрав производ во вашата исхрана.rnrn2-ovie-5-proizvodi-ja-ublazhuvaat-depresijata-i-go-popravaat-raspolozhenieto-www.kafepauza.mk_rn

    4. Цели зрна од житарки

    rnВо јуни, 2015 година во списанието „American Journal of Clinical Nutrition“ е објавено дека постои врска помеѓу внесувањето растителни влакна и ризикот за развој на депресија. Објавени се и резултати кои покажуваат дека преработените зрна од житарки го зголемуваат ризикот од депресија. Научниците сметаат дека тоа е така, бидејќи преработените житарки нагло го менуваат нивото на шеќерот во крвта, па така може да дојде до ненадејни промени во расположението и промена на нивото на хормоните како што се адреналинот и кортизолот. Затоа најдобро е во вашата исхрана да додадете цели зрна од житарки (овесни снегулки, киноа, хељда), кои се одличен извор на сложени јаглехидрати, богати со растителни влакна и позитивно влијаат на здравјето.rn

    5. Семки и јаткасти плодови

    rnЈаткастите плодови се вистинска супер храна, бидејќи нудат тројна заштита од депресија – богати се со протеини и аминокиселини, здрави масти и триптофан кој го зголемува нивото на серотонин. Затоа оревите, лешниците и бадемите можат да бидат одличен избор за ужина, а нема да погрешите и ако грицкате семки од сончоглед или тиква.rnrn3-ovie-5-proizvodi-ja-ublazhuvaat-depresijata-i-go-popravaat-raspolozhenieto-www.kafepauza.mk_

  • Ова се 10-те најздрави производи на планетата

    Ова се 10-те најздрави производи на планетата

    Овие 10 производи би требало што почесто да ги јадете, бидејќи тие важат за едни од најздравите производи на планетата. Дознајте зошто се здрави и на кој начин да ги употребувате и приготвувате.rnrn1-ova-se-10-te-najzdravi-proizvodi-na-planetata-www.kafepauza.mk_rn

    1. Лимон

    rnЗошто е здрав: Единствено лимонот содржи повеќе од дневно препорачаната количина на витамин Ц, кој му помага на организмот во борбата против воспаленијата, ги јакне коските и одржува здраво ниво на холестерол. Цитрусните фалвоноиди во лимонот можат да го спречат развојот на клетките на ракот.rnrnСовет: Додајте едно парче лимон во вашата шолја со зелен чај. Една студија докажала дека цитрусите во телото помагаат во апсорпцијата на антиоксидансите од зелениот чај, дури за 80%.rnrn2-ova-se-10-te-najzdravi-proizvodi-na-planetata-www.kafepauza.mk_rn

    2. Брокула

    rnЗошто е здрава: Една помала порција брокули содржи повеќе од потребното дневно количество на витамин К – кој е многу важен за градење и зачувување на коските. Истата количина може да го спречи развојот на малигни болести.rnrnСовет: Загревајте ја. Доколку се одлучите да ја загреете брокулата во микробранова печка, таа во себе ќе содржи дури и до 90% витамин Ц. Доколку ја зготвите, таа задржува само 66% од спомнатиот витамин.rnrn3-ova-se-10-te-najzdravi-proizvodi-na-planetata-www.kafepauza.mk_rn

    3. Чоколадо

    rnЗошто е здраво: Само неколку коцки чоколадо на ден може да го намалат високиот крвен притисок. Какао правот е полн со флавоноиди и антиоксиданси кои го намалуваат холестеролот.rnrnСовет: Изберете темно чоколадо. Неколку коцки темно чоколадо содржат 53,5 милиграми флавоноиди, додека млечното содржи само 14.rnrn4-ova-se-10-te-najzdravi-proizvodi-na-planetata-www.kafepauza.mk_rn

    4. Компир

    rnЗошто е здрав: Еден црвен компир содржи 66 микрограми фолна киселина (витамин од групата Б), кој е неопходен за раст и развој на детето. Еден сладок компир пак, е преполн со витамин А кој е заслужен за јакнење на имунитетот.rnrnСовет: Компирот нека се олади пред да го јадете. Истражувањата покажуваат дека на овој начин можете да изгубите повеќе килограми, бидејќи оладениот компир ќе ви помогне да истрошите околу 25% повеќе масти после оброкот.rnrn5-ova-se-10-te-najzdravi-proizvodi-na-planetata-www.kafepauza.mk_rn

    5. Лосос

    rnЗошто е здрав: Тој е одличен извор на омега-3 масни киселини, кои се поврзани со намалување на депресијата, срцевите заболувања и карциномот.rnrnСовет: Редовното консумирање на лосос го намалува ризикот од создавање на макуларна дегенерација на очите, која се појавува во подоцната доба од животот и може да доведе до губење на видот.rnrn6-ova-se-10-te-najzdravi-proizvodi-na-planetata-www.kafepauza.mk_rn

    6. Ореви

    rnЗошто се здрави: Содржат најмногу омега-3 масни киселини, кои го намалуваат холестеролот, го подобруваат расположението и се борат против развојот на малигни болести.rnrnСовет: Изедете неколку ореви после вечерата – мелатонинот од оревите гарантира добар сон.rnrn7-ova-se-10-te-najzdravi-proizvodi-na-planetata-www.kafepauza.mk_rn

    7. Авокадо

    rnЗошто е здраво: Според некои студии, тоа го намалува холестеролот дури за 22%. Авокадото, исто така, содржи голема количина калиум, кој помага во намалувањето на крвниот притисок. Според американскиот Национален институт за срце, бели дробови и крв, еден од најдобрите начини за контролирање на крвниот притисок е консумирање на доволно калиум.rnrnСовет: Додајте го во салатите, а тоа ќе му помогне на организмот да ги апсорбира хранливите материи од останатите производи.rnrn8-ova-se-10-te-najzdravi-proizvodi-na-planetata-www.kafepauza.mk_rn

    8. Кромид

    rnЗошто е здрав: Одличен е во борбата против многу болести, а наводно може да го спречи развојот на некои бактерии, како што е Ешерихија коли.rnrnСовет: Внимавајте како го обработувате при готвењето – кромидот кој ќе се препржи го губи поголемиот дел од хранливите материи.rnrn9-ova-se-10-te-najzdravi-proizvodi-na-planetata-www.kafepauza.mk_rn

    9. Спанаќ

    rnЗошто е здрав: Најголемата благодат на спанаќот е количината на витамини и минерали: тој е богат извор на фолна киселина (49% од препорачаната дневна количина по оброк), витамини А, Б, Ц и Е, железо, манган и калиум.rnrnСовет: Честата консумација на спанаќ ќе остави видливи последици на вашата коса, кожа и нокти, со оглед на тоа дека комплексот на витамините Б вложува во нивната убавина.rnrn10-ova-se-10-te-najzdravi-proizvodi-na-planetata-www.kafepauza.mk_rn

    10. Мешунки

    rnЗошто се здрави: Ако јадете мешунки четири пати во неделата може да го намалите ризикот од срцеви заболувања дури до 22%, а таа иста навика го намалува и ризикот од рак на дојката.rnrnСовет: Што е мешунката потемна, толку повеќе содржи антиоксиданси. Едно истражување покажало дека црниот грав има 40% повеќе антиоксиданси во однос на сите други видови грав.rnrn11-ova-se-10-te-najzdravi-proizvodi-na-planetata-www.kafepauza.mk_

  • 7 супер производи кои ги зголемуваат концентрацијата и продуктивноста

    7 супер производи кои ги зголемуваат концентрацијата и продуктивноста

    Дали ви е тешко да се сконцентрирате? Причината поради која паѓа вашата концентрација најверојатно лежи во недоволното внесување на витамин Е. За среќа, него може да го пронајдете во омилените производи и на тој начин да ја подобрите вашата продуктивност на работното место или да концентрацијата во текот на учењето.rnrn1-7-super-proizvodi-koi-ja-zgolemuvaat-koncentracijata-i-produktivnosta-www.kafepauza.mk_rn

    1. Кафе

    rnСите ние сакаме кафе, неговиот мирис и вкус кој нè освежува. Нашиот ден никогаш не започнува без шолја утринско кафе. Кофеинот кој го содржи го зголемува нивото на кислород во крвта, нè прави повнимателни и ни помага да се фокусираме.rn

    2. Јајца

    rnЈајцето е еден од производите кој ни помага да се фокусираме. Соединението кое е присутно во јајцата – холин, е одговорно за јакнење на концентрацијата.rn

    3. Цвекло

    rnЦвеклото е сладок зеленчук кој е одличен за нашиот мозок! Тоа ги унапредува когнитивните способности и ги подобрува фокусот и концентрацијата.rn

    4. Темно чоколадо

    rnКонсумирањето неколку коцки темно чоколадо секој ден, дефинитивно може да ги подобри вашиот фокус и концентрација. Темното чоколадо содржи кофеин и ја зголемува будноста, а магнезиумот, кој исто така е присутен во него, ви помага да го исфрлите стресот.rnrn2-7-super-proizvodi-koi-ja-zgolemuvaat-koncentracijata-i-produktivnosta-www.kafepauza.mk_rn

    5. Ореви

    rnСпоред едно неодамнешно истражување, оревите можат да ја подобрат концентрацијата. Витамините и минералите присутни во оревите имаат способност да ги зголемат меморијата и концентрацијата.rn

    6. Банана

    rnБананата исто така помага во зголемувањето на концентрацијата, бидејќи е полна со калиум и есенцијални минерали кои ги чуваат мозокот и нервниот систем нечепнати.rn

    7. Зелен чај

    rnСтудиите исто така покажуваат дека зелениот чај ги подобрува расположението и концентрацијата. Слободно земете ја својата дневна доза чај, бидејќи таа ќе ја подобри вашата концентрација.rnrn3-7-super-proizvodi-koi-ja-zgolemuvaat-koncentracijata-i-produktivnosta-www.kafepauza.mk_

  • Сојузниците на витката линија: 9 производи кои имаат 0 калории

    Сојузниците на витката линија: 9 производи кои имаат 0 калории

    Често се случува кога сакаме да гo изгубиме вишокот килограми да ја планираме нашата исхрана врз основа на внесувањето на калории. Меѓутоа, за здрава исхрана најважно е да јадете здрава храна. Овој список содржи производи кои скоро и да немаат калории. Тука се наоѓаат производи кои се полни со хранливи состојки, па калориите се практично занемарливи. Ова сигурно ќе ви помогне да ја намалите тежината. Помалата количина на калории ќе ви помогне во одржување на доброто здравје и телесната тежина.nn1-sojuznicite-na-vitkata-linija-9-proizvodii-koi-imaat-0-kalorii-www.kafepauza.mk_n

    1. Карфиол

    nОва е храна која не содржи калории во себе. Карфиолот е одличен производ во борбата против ракот, содржи хранливи состојки и витамини. Проверете дали сте испланирале добра количина карфиол на вашата чинија за оваа недела.n

    2. Кафе

    nКафето исто така нема калории. Па така, кога следниот пат ќе уживате во вашето кафе воопшто не мислете на калориите.nn2-sojuznicite-na-vitkata-linija-9-proizvodii-koi-imaat-0-kalorii-www.kafepauza.mk_n

    3. Поточарка

    nОва е единствената храна која е освежувачка, a има само 4 калории. Таа е една од најдобрите производи за слабеење, како и за одржување на нивото на калории.n

    4. Марула

    nМарулата има само 5 калории! Додајте марула во вашиот оброк без двоумење и уживајте во многуте благодети кои таа ги дава. Одлична е за кожата, благотворно делува на нервите, бубрезите и срцето.nn3-sojuznicite-na-vitkata-linija-9-proizvodii-koi-imaat-0-kalorii-www.kafepauza.mk_n

    5. Рукола

    nОва е еден од најдобрите производи со само 4 калории по порција. По малку лутиот вкус на руколата му ја обезбедува на вашето тело потребната количина на калиум, влакна и витамини кои помагаат во слабеењето.n

    6. Лимон

    nСекој од лимоните има по само 20 калории. Лимонот е полн со витамин Ц и претставува одличен извор на здрава храна. Па, проверете дали сте вклучиле лимон во вашата исхрана.nn4-sojuznicite-na-vitkata-linija-9-proizvodii-koi-imaat-0-kalorii-www.kafepauza.mk_n

    7. Зелка

    nСекоја главица зелка содржи 22 калории. Зелката е одлична како превенција во борбата против ракот и содржи многу хранливи состојки. Исто така, богата е со витамини кои се здрави за телото.n

    8. Домат

    nДа, доматот има само 22 калории. Можете да го јадете свеж, но и во салата или зготвен. Консумирањето на домати ѝ дава сјај на вашата кожа и помага во отстранувањето на токсините од телото.n

    9. Аспарагус

    nОваа храна има околу 27 калории. Аспарагусот ви помага да останете здрави и сити. Овој производ секако заслужува место на оваа листа, храна без калории.nn5-sojuznicite-na-vitkata-linija-9-proizvodii-koi-imaat-0-kalorii-www.kafepauza.mk_

  • Опасност: Избегнувајте да ги купувате продуктите кои во својата декларација ги имаат овие нешта

    Опасност: Избегнувајте да ги купувате продуктите кои во својата декларација ги имаат овие нешта

    Често во продавниците можат да се пронајдат производи на чија декларација има состојки кои изобилуваат со непознати и необични имиња. Но, што тие значат, за што служат и дали се добри или лоши за нашето здравје? Погледнете ја оваа листа од состојки, составена од познати нутриционисти, кои треба да ги избегнувате доколку сакате да го задржите вашето здравје.rnrnОпасност: Избегнувајте да ги купувате продуктите кои во својата декларација ги имаат овие нештаrn

    MSG или Е621

    rnСтанува збор за засилувач на вкус кој е најзастапен во индустријата за производи како инстант супа и месни преработки. Иако со својата 10-годишна употреба во прехранбената индустрија не е докажано дека има штетно влијание врз здравјето, сепак постојат знаци кои укажуваат дека може да предизвикува симптоми како главоболка и мачнина.rn

    Е951

    rnВештачките засладувачи немаат никаква енергетска вредност, но сепак даваат интензивен вкус на слаткост. Токму затоа и се многу присутни во прехранбените производи. Нивната примена може позитивно да влијае врз оние кои се на диета, како и на личностите кои боледуваат од дијабетес. Но, употребата на одредени засладувачи, како Е951, можат да предизвикаат потенцијална штета на здравјето.rn

    Транс масни киселини

    rnТие настануваат со делумна хидрогенизација на растителните масла. Станува збор за масни киселини кои негативно влијаат на здравјето бидејќи го зголемуваат нивото на лошиот холестерол што потоа доведува до ризик од различни видови срцеви заболувања.rn

    Нитрити и нитрати

    rnНитритите и нитратите се конзерванси кои најмногу се користат за производство на сувомеснати производи, сирење и одредени продукти со риби. Во организмот најчесто го нарушуваат протокот на кислородот во крвта, па токму затоа и треба да се избегнуваат сите производи кои ги содржат, особено кај чувствителните деца.rn

    Е102 и Е123

    rnУпотребата на различните вештачки бои како Е102 и Е123 во одредени земји е целосно забранета бидејќи постои сомнеж дека можат да создадат различни видови здравствени проблеми. Доколку имате можност, секогаш одбирајте ги оние производи кои содржат природни бои, како што се екстрактот од пиперка (Е160c) и куркумата (Е100).

  • 10 природни производи кои ги елиминираат акните

    10 природни производи кои ги елиминираат акните

    Акните воглавно се јавуваат за време на пубертетот, но многумина не можат да се ослободат од нив дури ни кога ќе станат возрасни. Па, доколку сте уморни од сите оние производи кои се наменети да ги отстранат акните, но кои всушност никогаш не помагаат, погледнете ги следниве природни производи кои имаат силен ефект. Тие можат да ви помогнат да ги елиминирате акните и најдобриот дел е што најверојатно веќе ги имате во вашиот дом.rnrn10 природни производи кои ги елиминираат акнитеrn

    1. Лед

    rnЛедот може да ви помогне да го намалите воспалението на акните. Нанесете малку лед директно на местото со акни и задржете го 1 минута (не повеќе). Тој ќе го намали протокот на крвта во крвните садови, резултирајќи со намалување на црвенилото и отокот.rn

    2. Јаболков оцет

    rnНаправете домашен тоник така што ќе измешате вода и јаболков оцет. Користете памук за нанесување на тоникот. Тој ќе ви помогне да ги елиминирате сите бактерии од вашето лице кои најчесто водат кон појава на акни.rn

    3. Сок од лимон

    rnСокот од лимон содржи здрави киселини и антиоксиданси. Исцедете малку лимонов сок и потопете едно топче памук во него, а потоа нанесете го на акните пред да легнете да спиете.rn

    4. Лук

    rnНикогаш не можете да згрешите со лукот. Земете неколку лукчиња, пасирајте ги и потоа помешајте со малку вода за да добиете густа смеса. Нанесете директно на акните и оставете неколку минути да делуваат, а потоа измијте го вашето лице.rn

    5. Белка

    rnПротеините и витамините кои се наоѓаат во белката ќе ви помогнат лесно да се справите со акните. Нанесете ја на проблематичната област и оставете ја да делува 10 минути, а потоа измијте со топла вода.rn

    6. Сода бикарбона

    rnНаправете густа смеса така што ќе измешате сода бикарбона со вода. Нанесете ја смесата на акните и оставете ја 5 минути да делува, а потоа измијте го лицето со млака вода.rn

    7. Кора од банана

    rnВнатрешниот дел од кората на бананата може многу да ви помогне со вашата проблематична кожа. Поставете ја кората директно на акните и потоа нежно масирајте. Откако ќе завршите измијте го лицето со топла вода.rn

    8. Компир

    rnКомпирот има моќ да влијае позитивно врз воспаленијата, па токму затоа и можете да го користите како еден вид маска за вашето лице со цел да се справите полесно со акните.rn

    9. Краставици

    rnКраставиците се одличен извор на витамин Ц, па токму затоа и ќе ја освежат вашата кожа. Нанесете ја на проблематичните области со цел да ја одржувате кожата хидрирана.rn

    10. Портокал

    rnПортокалот е одличен за вашата кожа бидејќи содржи витамин Ц, антиоксиданс кој ја регенерира кожата. Земете малку од кората на портокалот и промешајте го со вода така што да добиете густа смеса. Нанесете ја оваа смеса на кожата и оставете ја да делува 10 минути, а потоа измијте го вашето лице со млака вода.

  • Креативни интерактивни дизајни на пакување кои ќе ве натераат да се заљубите во производот

    Креативни интерактивни дизајни на пакување кои ќе ве натераат да се заљубите во производот

    Интерактивното пакување е еден од најдобрите начини да го направите вашиот продукт забавен и незаборавен, а понекогаш дури и многу покорисен. Овие интерактивни пакувања се многу позабавни од само една паметна слика. Тие им дозволуваат на потрошувачите да се во контакт со нивните производи, па токму затоа и го прават самиот производ повреден. Дел од овие производи веќе можат да се најдат на пазарот, додека пак дел од нив сè уште се само идеи.rnrn

    Разигран дизајн на чаша за кафе
    Разигран дизајн на чаша за кафе
    rnrn rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога и како да заштедите при купување козметички производи?

    Кога и како да заштедите при купување козметички производи?

    Скапата козметика е често поквалитетна од евтината, но не секогаш е така. Она што треба да го имаме на ум е дека често повеќе плаќаме за името на козметиката отколку за нејзиниот квалитет. Може да бидете убави и негувани без да потрошите многу на козметички производи. За одредени производи ќе мора да потрошите повеќе, но за други навистина нема потреба да фрлате многу пари. Еве како паметно да купувате козметика.rnrnКога и како да заштедите во купување на козметички производи?rn

    Лакови за нокти vs. серум за лице

    rnСлободно заштедете купувајќи лакови за нокти бидејќи секако не останувате долго со една нијанса. Плус, доколку имате навика често да правите домашен маникир со разни форми и бои, одбирањето евтини лакови е паметна опција.rnrnОд друга страна, задолжително потрошете повеќе на серум за лице кој продира длабоко во кожата и клучно е да биде направен од квалитетни состојки погодни за вашиот тип на кожа. Доколку имате проблеми со кожата или осетлива кожа, задолжително консултирајте се со дерматолог пред да купите серум за лице. Серумот, пак, може да го комбинирате со поевтин крем за лице и пак да имате прекрасни резултати и убава кожа.rn

    Заштитен спреј за сончање vs. парфем

    rnСекако дека многу е важен спрејот за сончање но многу лесно ќе најдете квалитетни креми и спрејови за сончање по пониски цени кои ќе ве заштитат исто колку скапите увезени производи со звучно име. Така што, заштедете на заштитата од сонце, но од друга страна потрошете на парфем. Евтините парфеми брзо испаруваат и воопшто не мирисаат ни приближно добро колку поскапите. Секако, тоа не значи дека мора да дадете над 5.000 денари за парфем, но потрошете малку повеќе купувајќи квалитетен парфем кој трае подолго и има фини и препознатливи ноти.rn

    Гел за миење лице vs. крем за околу очи

    rnГелот за миење лице се задржува најкратко на кожата и лесно се наоѓаат квалитетни производи по пристапни цени. Но, затоа потрошете повеќе на крем за околу очи бидејќи кожата на тоа место е најтенка и најосетлива, а благодарноста за грижата ќе ја добиете подоцна во животот со помалку брчки околу очите.rnrnКога и како да заштедите во купување на козметички производи?rn

    Гел за туширање vs. виткач за трепки

    rnНема некоја голема разлика меѓу евтините и скапите гелови за туширање па заштедете на овој производ. Потрошете на виткач за трепки бидејќи доколку одберете евтин виткач со лош квалитет може да имате последици како кубење на трепките и лоши резултати по неговата употреба. Добриот виткач за трепки, од друга страна, ќе направи чуда од вашите трепки, така што слободно може да користите поевтина маскара.rn

    Маскара vs. пудра за лице

    rnЗаштедете на маскара. Многу е поважна четкичката на маскарата отколку нејзината цена. Скапите маскари ви ветуваат чуда, но не мора да значи дека ќе добиете фантастични резултати. Во комбинација со добар виткач за трепки, како што кажавме погоре, и поевтина маскара ќе ви заврши работа.rnrnКога и како да заштедите во купување на козметички производи?rnrnСекако, нема сомнеж дека треба да потрошите повеќе на пудрата за лице која веројатно ја употребувате доста често и се задржува речиси цел ден на вашето лице. Резултатите од користење евтина пудра за лице ќе ги добиете малку подоцна, но времето не се враќа назад. Одберете минерална пудра која носи многу благодети за вашата кожа и консултирајте се со дерматолог доколку имате проблематична кожа. Вашиот дерматолог може да ви препорача добра пудра која ќе му годи на вашето лице.rn

    Крем за лице vs. сенка за очи

    rnКако што е спомнато погоре, во комбинација со поскап серум за лице, кремот за лице не е пресудно да биде скап. Така што, слободно заштедете на крем за лице бидејќи звучните имиња можеби промовираат зачудувачки ефекти, но не е така. При одбирањето на крем за лице, особено кога сте помлади, клучно е да го одберете соодветно со типот на вашата кожа, другото навистина не е важно. Од друга страна може да потрошите малку повеќе на сенки за очи. Квалитетните сенки за очи имаат поинтензивна боја, полесно се нанесуваат и подолготрајни се, со што ќе одбегнете размачкување на боите и лош изглед.rn

    Пилинг vs. заштитна крема за лице

    rnИма многу добри евтини пилинзи и многу начини да ги направите и со домашни состојки. Затоа заштедете на пилинг, кој секако се користи ретко, и задолжително потрошете на квалитетна крема со заштитен фактор за вашето лице. Лицето е осетливо при изложување на сонце, а сонцето ја старее кожата. Изборете се со предвремената појава на брчки со користење на квалитетен крем со заштита од штетните УВ зраци.rn

    Лосион за тело vs. четка за нанесување шминка

    rnИ за двете работи не мора да потрошите цело богатство, но девојките неретко се одлучуваат за поевтин лосион за тело бидејќи и оние со пониски цени може да имаат фантастични резултати. Од друга страна, со меките и квалитетни четки за нанесување шминка, не само што полесно и подобро ќе ја нанесете шминката која и подолго ќе трае, туку ќе одбегнете и алергиски реакции и иритации, особено кога станува збор за големата четка за нанесување руменило.rn

    Балсам за усни vs. четка за коса

    rnСигурно макар еднаш во животот ви се случило да дадете повеќе пари на балсам за усни а да не добиете подобри ефекти. Поевтините балсами, парадоксално, може да ви ги заштитат усните подобро од поскапите балсами со познати имиња и мириси на разни овошја, што впрочем се единствените предности. Но, кога станува збор за четка за коса одберете ја внимателно и не ја потценувајте нејзината важност. Добрата четка за коса ќе го намали електрицитетот на косата како и губењето влакна.

  • За малку и ќе ја завршеше работата како што треба

    За малку и ќе ја завршеше работата како што треба

    Без разлика дали се работи за човечка грешка или пак за потфрлување на машините кои обично работат со неприкосновена прецизност, овие производи се смешен доказ дека некогаш, дали од замор или незаинтересираност, ваквите пропусти дури остануваат незабележани од страна на работниците.rnrnrnrn

    rnВакви утки се случуваат секојдневно. Ако не ви се верува колку е честа оваа појава, погледнете ја и оваа галерија.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.