КАФЕ ПАУЗА

Tag: производи

  • 10 најинтересни производи коишто се продаваат онлајн

    10 најинтересни производи коишто се продаваат онлајн

    Интернетот на своите корисници им овозможува многу можности, а една од нив е и купувањето онлајн. Плаќањето преку Интернет веќе станува вообичаена појава којашто нуди многу предности. Повеќе не мора да бидете ограничени само на производите што се достапни во вашето место на живеење, бидејќи со интернет нарачувањето вие можете да купите многу производи од кој било крај на светот. А еве кои се едни од најпродаваните производи преку Интернет…rn

    1. 3Д принтер

    rnrnrn3Д принтерот е следната револуционерна технологија. Овој производ на корисниците им даде можност да станат мали производители, односно да прават мали сопствени модели во својот дом, брзо и едноставно. 3Д принтерот сѐ уште е тежок за користење, но доколку сте заинтересирани за печатење ваши сопствени модели – треба да го пробате „Cube 3D“. Тој е еден од најлесните и најмалите 3Д принтери коишто има 25 тродимензионални модели, коишто за почеток ќе ви помогнат да печатите различни модели како вистински професионалци. Како што е и очекувано, овој принтер не е евтин, но доколку сакате да бидете меѓу првите корисници, ќе морате да се согласите да платите повисока цена.rn

    2. Чаша за вино што брои калории

    rnrnrnПознато е дека една чаша вино на ден може да биде многу корисна за вашето здравје, но, што е со влијанието на вашата тежина? Оваа чаша за вино ќе ви помогне да видите колку калории има во виното што го пиете, па лесно можете да ги следите калориите што ги внесувате. Станува збор за многу корисен производ, освен ако не сте од оние луѓе коишто ја полнат чашата до врв и не се грижат за внесените калории.rn

    3. Термос што никогаш не се истура

    rnrnrnПостои одлично решение за оние кои ги уништуваат тастатурите така што истураат течности врз нив. Решението се крие токму во овој термос којшто, без разлика колку пати ќе го турнете, нема да падне. Тој е малку скап производ со оглед на неговата намена (околу 25$), но барем ќе го заштитите вашиот компјутер.rn

    4. Дрвен часовник

    rnrnrnИако сега повеќе се користат часовниците на смартфоните, сепак, тие не се толку практични и убави како рачниот часовник. Од друга страна пак, доколку веќе купувате часовник, зошто тоа да биде нешто исто и веќе видено? Пробајте го овој дрвен рачен часовник којшто во последно време станува сѐ попопуларен. Изгледа одлично и не е многу скап, тој чини околу 40$.rn

    5. Дрон со камера за почетници

    rnrnrnДроновите, мали уреди контролирани со далечински управувач, неодамна стекнаа голема популарност. Секој од вас мора да признае дека управувањето играчки со далечински управувач отсекогаш била интересна активност. Но, сега имате можност паралелно и да снимате квалитетно видео. Професионалните дронови се прилично скапи, но доколку сакате да го пробате ова, „Husban X4“ е еден од најпопуларните и најевтини дронови коишто можете да ги најдете денес, со просечна цена од 60$.rn

    6. Паметен уред којшто го мери нивото на алкохол во крвта

    rnrnrnПознато ви е дека не треба да пиете додека возите. Но, што се случува доколку се напиете само неколку голтки пиво или вино? Како ќе знаете колкаво е нивото на алкохол во крвта? Овој уред којшто се поврзува со вашиот паметен телефон ќе ви овозможи да го дознаете точното ниво на алкохол во крвта, па да знаете дали сте способни да возите или не. Цената е околу 40$ и иако не е многу евтин уред, може да ве спаси од многу казни, па и од сообраќајни несреќи.rn

    7. Романтични пешкири за раце, инспирирани од „Војна на ѕвездите“

    rnrnrnМногу луѓе забораваат, но во „Војна на ѕвездите“ сепак постојат и некои романтичари. Доколку и вие сте допрени на некој начин од оние романтични сцени, или пак сте само фан на репликите од филмот, можете да ги пробате овие креативни пешкири. Тие чинат околу 20$.rn

    8. Воздушен душек погоден за носење – имајте кревет насекаде

    rnrnrnНекои луѓе можат да заспијат на секое место, во секое време. Но, на други тоа им е проблем, па затоа Јапонците пронајдоа решение. Оваа јакна е всушност погодна за носење душек што ќе ви овозможи да уживате во мекоста на креветот, секаде и во секое време, за околу 100$.rn

    9. УСБ уред што го затоплува или лади вашиот пијалак

    rnrnrnДали сте се нашле во ситуација кога си правите кафе, а потоа го заборавате, па кога ќе ви текне на него тоа е веќе затоплено или оладено? Или пак, кога отворате сок и не го пиете доволно брзо, па станува топло и непријатно за пиење? Има решение и за овие ситуации. Станува збор за мал уред што може да држи една чаша и да ја одржува течноста ладна или топла, во зависност од вашата желба. Дури и не ви треба електричен приклучок за ова. Доволно е да го приклучите во USB приклучокот на вашиот компјутер и пијалакот ќе го одржувате на посакуваната температура цел ден.rn

    10. Виртуелна реалност

    rnrnrnСте читале многу за виртуелната реалност и сакате да се обидете и сами? Епа, има добри вести. Нема потреба да потрошите еден куп пари за различни колекции. Можете да се послужите со иновативното решение на Гугл – едноставни картонски рамки каде што го ставате вашиот смартфон, којшто се претвора во виртуелна реалност. Можете да го купите овде за 15$.

  • 7 прехранбени производи полни со калории кои смеете да ги јадете секој ден

    7 прехранбени производи полни со калории кои смеете да ги јадете секој ден

    Здравата исхрана подразбира умерено консумирање на различни видови прехранбени производи. Притоа, добро е да се знае дека некои видови калорична храна не само што смеат да се јадат, туку и топло се препорачуваат. Заборавете на пржената храна полна со маснотии и придржувајте се кон добрите калории кои доаѓаат од прехранбените производи богати со протеини.rn

    1. Сирење

    rn(1) 7 prehranbeni proizvodi polni so kalorii koi smeete da gi jadete sekoj den-kafepauza.mkrnrnЗа да се произведе едно парче сирење потребна е чаша млеко, така што воопшто не е чудно тоа што овој производ е полн со хранливи состојки како калциум, фосфор и витамин Б12. Во едно парче сирење се кријат и нешто помалку од 7 грама протеини кои се неопходни за градбата на мускулите, правилното функционирање на мозокот и сите други органи во телото. Неговата консумација особено се препорачува за луѓето кои одбегнуваат да јадат месо и риба.rn

    2. Јајца

    rn7 прехранбени производи полни со калории кои смеете да ги јадете секој денrnrnЈајцата од кокошка се единствениот производ на светот кој при готвењето губи најмалку од своите хранливи состојки кои ги има во изобилство. Во комбинација со минерали и витамини, јајцата се одличен извор на омега 3 масни киселини кои го штитат срцето и кардиоваскуларниот систем. По уживањето во овие протеински бомби ќе се чувствувате најадени подолго време, па затоа се сметаат за одличен сојузник на слабеењето.rn

    3. Риба

    rn7 прехранбени производи полни со калории кои смеете да ги јадете секој денrnrnМедитеранската исхрана се смета за една од најздравите режими на исхрана во светот, а се базира на консумирање риби и морски плодови. Истражувањата покажале дека луѓето кои неколку пати неделно јадат риба богата со омега 3 масни киселини се генерално поздрави, имаат понизок крвен притисок и се изложени на помал ризик од хронични болести.rn

    4. Јаткасти плодови

    rn7 прехранбени производи полни со калории кои смеете да ги јадете секој денrnrnБадемите, оревите, лешниците и другите јаткасти плодови се одличен извор на витаминот Е кој придонесува за еластичноста и здравјето на кожата. Тие содржат и значајно количество на магнезиум кое тешко се добива од храната, а кое е многу важно за борбата против секојдневниот стрес, односно здравјето на нервите. Овој тип протеини особено се препорачува за луѓе кои одбегнуваат храна од животинско потекло како што се веганите.rn

    5. Маслиново масло

    rn7 прехранбени производи полни со калории кои смеете да ги јадете секој денrnrnМаслиновото масло е дар од природата и е одличен сојузник на целокупното здравје на поединецот. Станува збор за извор на добри масти, односно незаситени масни киселини, кои изобилуваат со витамините Е и К, како и со антиоксиданси. Редовната употреба на маслиновото масло штити од воспаленија, го намалува крвниот притисок и штити од заболувања на срцето и крвните садови.rn

    6. Полномасен јогурт

    rn7 прехранбени производи полни со калории кои смеете да ги јадете секој денrnrnНикако не заборавајте и на јогуртот, особено оној кој се прави од полномасно млеко. Јогуртот е исклучително здрав производ бидејќи содржи многу калциум кој е добар за забите и коските, но содржи и пробиотици кои ја стимулираат работата на дигестивниот систем и го штитат од болести. Одбегнувајте ги јогуртите со скриени вештачки засладувачи.rn

    7. Кокос

    rn7 прехранбени производи полни со калории кои смеете да ги јадете секој денrnrnКокосот е овошје со најголем процент на заситени масни киселини, односно дури 90%. Но, луѓето кои во големи количини го консумираат ова егзотично овошје, а во подготовката на храната го користат неговото масло, не се во опасност од развивање кардиоваскуларни болести. Главната причина за тоа е фактот што кокосовите масни киселини се разградуваат на поинаков начин. Тие ја поттикнуваат работата на метаболизмот и гарантираат чувство на ситост подолго време. Кокосот се препорачува за луѓе кои држат диета или се обидуваат да ја одржат посакуваната тежина.

  • Заштедете ова лето: Производи кои се успешна замена за хајлајтерот

    Заштедете ова лето: Производи кои се успешна замена за хајлајтерот

    Доколку започнавте да штедите пари за моментално најактуелниот козметички производ, односно хајлајтерот, тогаш застанете за момент и погледнете во вашиот несесер. Сигурно во него ќе пронајдете производи кои можат да бидат успешна замена и ќе останете зачудени зошто не сте ги откриле порано. Дознајте кои се тие производи и тестирајте ги уште во првата прилика.rnrn1-zashtedete-ova-leto-proizvodi-koi-se-uspeshna-zamena-za-hajlajterot-www.kafepauza.mk_rn

    1. Кармин и сјај за усни кои не се лепливи

    rnСигурно не би сакале вашата коса да се залепи на вашето лице, па доколку имате кармин или сјај за усни кои не се лепливи, слободно искористете ги така што ќе ги нанесете со прстот на она место каде што обично нанесувате хајлајтер. Секако, водете сметка за нијансите. Тоа најчесто се светли нијанси кои влечат накај розово, боја на кајсија и боја на бисер. Исто така, безбојниот балсам за усни ќе му даде прекрасен сјај на вашето лице, но истото ќе го направат и бисерните нијанси. Како одличен пример е тоа што и професионалните шминкери сакаат да ги употребуваат на ревиите.rn

    2. Сенка за очи

    rnЌе се изненадите кога ќе ја испробате сенката за очи на вашите јаболкници. Во палетите со сенки секогаш има нијанси кои можете да ги искористите како хајлајтер, па со самото тоа имате 2во1 производ. Односно, сите оние нијанси кои инаку би ги користеле за да го освежите аголот на окото, успешно ќе можете да ги нанесете и на остатокот од лицето. Секако, масните сенки се најдобар избор. Исто како и со претходниот производ, така и сенките за очи нанесете ги со помош на прстите.rnrn4-zashtedete-ova-leto-proizvodi-koi-se-uspeshna-zamena-za-hajlajterot-www.kafepauza.mk_rn

    3. Руменило

    rnДоколку сакате шминка, тогаш со сигурност имате руменило. Секое руменило кое не е мат, односно содржи светкав сјај, не само што ќе ги зарумени образите, туку и ќе му ја деде потребната количина сјај на лицето. Бидејќи руменилото најчесто има специфична боја не би требало да го нанесувате на остатокот на лицето, па ќе биде сосема доволно да го нанесете на образите и јаболкниците, со тоа што вашето лице ќе заблеска и ќе ја добие потребната свежина.rn

    4. Вазелин или кокосово масло

    rnПоследните два производи се ставени заедно, бидејќи даваат ист ефект. Сигурно дома имате барем еден од овие два производа, па доколку нанесете малку на јаболкниците, капаците и на врвот на носот, тогаш хајлајтерот воопшто нема да ви биде потребен, особено во лето кога би требало да ја избегнувате шминката.rnrn3-zashtedete-ova-leto-proizvodi-koi-se-uspeshna-zamena-za-hajlajterot-www.kafepauza.mk_

  • Што би требало веднаш да исфрлите од вашата козметичка торба?

    Што би требало веднаш да исфрлите од вашата козметичка торба?

    Поголемиот дел од жените, во нивните козметички торби имаат многу непотребни производи кои само создаваат губење на време и погрешен избор во приликите кога е потребно брзо да се нашминкаат или да ја поправат шминката. Време е да научите што е потребно да исфрлите од вашата козметичка торба.rnrn1-shto-bi-trebalo-pod-zadolzhitelno-da-isfrlite-od-vashata-kozmetichka-torba-www.kafepauza.mk_rn

    1. Старата маскара

    rnМаскарата е омилениот козметички производ на поголемиот дел од жените. Но, таа има свој рок на траење, а тоа најчесто е шест месеци. Добро проверете го датумот, бидејќи вашата стара маскара може да ви предизвика инфекции на очите.rnrn2-shto-bi-trebalo-pod-zadolzhitelno-da-isfrlite-od-vashata-kozmetichka-torba-www.kafepauza.mk_rn

    2. Оштетената шминка

    rnОд козметичката торба треба да го исфрлите сето она што е оштетено или скршено, вклучувајќи ги и оние нешта кои промениле боја, мирис и изглед. Доколку после употребата, производот не е добро затворен, нечистотиите и микроорганизмите од воздухот може да навлезат во него. Таквиот козметички производ е штетен за кожата. Исто така, топлината и светлината придонесуваат за размножувањето на бактериите, па затоа производите би требало да ги чувате подалеку од директна сончева светлина.rnrn3-shto-bi-trebalo-pod-zadolzhitelno-da-isfrlite-od-vashata-kozmetichka-torba-www.kafepauza.mk_rn

    3. Карминот, моливот и сенката за очи

    rnНема никаква потреба да ги чувате козметичките производи кои не сте ги користеле во последните неколку години. Фрлете ги кармините, сенките и моливите за очи кои сте ги купиле пред 3-4 години. Исто така, ослободете се од течните производи во кој се појавил талог.rnrn4-shto-bi-trebalo-pod-zadolzhitelno-da-isfrlite-od-vashata-kozmetichka-torba-www.kafepauza.mk_rn

    4. Четките за шминкање

    rnНемојте да ги чувате старите козметички сунѓерчиња и четки кои се распаѓаат. Четките за шминкање кои моментално ги користите, секогаш чистете ги редовно за да спречите насобирање на бактериите.rnrn5-shto-bi-trebalo-pod-zadolzhitelno-da-isfrlite-od-vashata-kozmetichka-torba-www.kafepauza.mk_

  • 7 производи кои треба да престанете да ги користите за време на летото

    7 производи кои треба да престанете да ги користите за време на летото

    Сигурни сме дека во текот на летото не носите дебели чорапи или волнени капи, туку со промена на годишното време ја менувате и вашата гардероба. Штом тоа го правите со сезонската облека, истото треба да го направите и со вашата козметичка торба, односно тешките зимски производи да ги замените со полесни. Еве кои измени треба да ги направите кога станува збор за летната козметика.rnrn1-ostavete-gi-za-narednata-sezona-7-proizvodi-koi-mora-da-prestanete-da-gi-koristite-vo-tekot-na-letoto-www.kafepauza.mk_rn

    1. За почеток, заменете ги мат кармините со крем верзии или сјај за усни

    rnМат кармините често знаат да ги исушат усните, а под влијание на сонцето може да бидат уште полоши. Во текот на летото дајте им пауза на вашите усни од нив и посегнете по крем кармини или сјај кои ќе им ја дадат посакуваната боја, но нема да ги исушат.rn

    2. Заменете ги крем геловите за чистење на лицето со гел верзии

    rnВо лето, поради високите температури, скоро на сите ни се мрси кожата, па не ви е потребна додатна нега со крем гел за чистење кој инаку е одличен за зимските месеци. Изберете гелови за лице кои содржат салицилна и гликолна киселина за лесен пилинг на лицето и спречување на појава на затнати пори.rn

    3. Заменете ја хидратантната крема со серум со лесна текстура

    rnВлажниот летен воздух сам по себе ќе ја хидратизира вашата кожа, па не ѝ е потребно толку хидратација како во зима. Овие хидратантни креми можат да ги затнат вашите пори и да предизвикаат создавање на акни, па затоа во лето префрлете се на лесните серуми или креми на база на гел кои имаат хидратантни состојки како што се хијалуронска киселина, која на вашето лице ќе ѝ даде природен дневен сјај.rnrn2-ostavete-gi-za-narednata-sezona-7-proizvodi-koi-mora-da-prestanete-da-gi-koristite-vo-tekot-na-letoto-www.kafepauza.mk_rn

    4. Летото не е време за тешки пудри

    rnТокму затоа и би било добро да ги замените со ББ или тонирачка крема, која и понатаму ќе му даде покриеност на вашиот тен, а нема да ги затне порите и да создаде впечаток на маска. При изборот обрнете внимание на тоа дали ББ или тонирачката крема имаат заштитен фактор. Од мејкап, во лето, би требало да го замените и каменото руменило со крем верзија. Каменото руменило може да ги затне вашите пори, додека под летните високи температури крем руменилото ќе функционира подобро и ќе трае подолго.rn

    5. Заменете ги темните сенки за очи со посветли нијанси

    rnЗа почеток, изразено црната сенка заменете ја со топло кафеава нијанса, а и ведрите летни комбинации секогаш можете да ги комбинирате со исти сенки. Завршниот чекор во шминкањето е секогаш пудра во прав или камена пудра, но и неа исто така прескокнете ја во лето, бидејќи на вашето лице ќе му даде затегнат изглед. Наместо со пудра, целиот изглед фиксирајте го со вода во спреј, бидејќи таа на вашето лице ќе овозможи хидратација и ќе му даде природен сјај.rnrn3-ostavete-gi-za-narednata-sezona-7-proizvodi-koi-mora-da-prestanete-da-gi-koristite-vo-tekot-na-letoto-www.kafepauza.mk_

  • Ова се состојките кои вашиот омилен производ за нега НЕ смее да ги содржи

    Ова се состојките кои вашиот омилен производ за нега НЕ смее да ги содржи

    Пролетните температури и ненадејните промени на времето се најпогодно време за развивање на алергии. Па затоа, доколку забележите некои промени на кожата, а не сте промениле ништо во својата нега, проверете дали некој од вашите омилени производи содржи некоја од овие состојки.rnrn1-ova-se-sostojkite-koi-vashiot-omilen-proizvod-za-nega-ne-smee-da-gi-sodrzhi-www.kafepauza.mk_rn

    1. Парфеми

    rnКозметичките производи кои најчесто содржат парфеми, се најголеми непријатели на чувствителната кожа. Доколку не сте сигурни кои ноти најмногу ѝ сметаат на вашата кожа, подобро избирајте производи кои воопшто не содржат парфеми.rn

    2. Парабени

    rnПарабените може да продрат во кожата и таму да се задржат, што може додатно да ја оштетат. Тие не се сметат нужно како лоши, но едноставно избирајте производи без парабен, баш како оние без мирис, доколку имате чувствителна кожа.rn

    3. Токоферол

    rnОва е всушност витамин Е во форма на антиоксиданс. Иако ретко предизвикува алергиски реакции, на некои луѓе неговите својства исклучително им сметаат. Сепак, доколку не сте забележале дека оваа состојка ви ја иритира кожата, немојте да купувате производи кои не ја содржат.rnrn2-ova-se-sostojkite-koi-vashiot-omilen-proizvod-za-nega-ne-smee-da-gi-sodrzhi-www.kafepauza.mk_rn

    4. Есенцијални масла

    rnСекако, само оние кои се користат како биолошки адитиви за додавање мирис. Доколку вашата кожа дошла до допир со некое есенцијално масло, таа може различно да реагира во зависност од температурата, годишното време, светлината и други услови, но најсигурно би било да ги исфрлите во целост од својата рутинска нега, доколку забележите какви било несакани ефекти.rn

    5. Бензил алкохол

    rnИако неговата употреба во козметиката е многу ретка, сепак може да се најде во составот на фарбите за коса или кремите за тело.rn

    6. Пропилен гликол

    rnОваа супстанца служи за задржување на влагата на кожата и помага хранливите состојки од кремата да се впијат во неа. Меѓутоа, доколку забележите дека вашата кожа е иритирана, проверете дали вашата крема ја содржи ова состојка.rnrn3-ova-se-sostojkite-koi-vashiot-omilen-proizvod-za-nega-ne-smee-da-gi-sodrzhi-www.kafepauza.mk_

  • 7 прехранбени производи кои никогаш не треба да ги чувате во фрижидер

    7 прехранбени производи кои никогаш не треба да ги чувате во фрижидер

    Производите како месо или јајца секогаш мора да ги чуваме во фрижидер, но ниските температури на некои други производи можат само да им нанесат штета. Погледнете кои работи не треба да ги ставате фрижидер иако досега веројатно сте ги чувале таму…rnrn7 прехранбени производи кои не треба да ги чувате во фрижидер иако до сега сте го правеле тоаrn

    1. Мед

    rnЧувајте го добро затворен на суво место. Најдобрата температура за медот е помеѓу 17 и 19 степени Целзиусови, но нема да се расипе и доколку температурата е пониска или повисока од препорачаната. Добриот мед со текот на времето ќе се кристализира, а фрижидерот го забрзува тој процес.rnrn7 прехранбени производи кои не треба да ги чувате во фрижидер иако до сега сте го правеле тоаrn

    2. Кафе

    rnМожеби до сега сте чуле од некој дека кафето треба да го чувате во фрижидер, но ако сакате да го зачувате неговиот вкус најдобро е да го чувате на собна температура, на суво и темно место. Големата количина на влага што ја има во фрижидерот не му одговара на кафето.rnrn7 прехранбени производи кои не треба да ги чувате во фрижидер иако до сега сте го правеле тоаrn

    3. Леб

    rnМногумина мислат дека ќе ја зачуваат свежината на лебот доколку го чуваат во фрижидер, но тој на ниски температури го губи вкусот и станува бајат.rnrn7 прехранбени производи кои не треба да ги чувате во фрижидер иако до сега сте го правеле тоаrn

    4. Тропско овошје

    rnБанани, авокадо, ананас, киви, папаја, манго… Немојте да го чувате тропското овошје во фрижидер бидејќи ниските температури не му одговараат. Тоа природно расте на високи температури. Поради тоа чувајте го на собна температура бидејќи таа ќе му овозможи да продолжи да зрее, а фрижидерот ќе го спречи зреењето.rnrn7 прехранбени производи кои не треба да ги чувате во фрижидер иако до сега сте го правеле тоаrn

    5. Диња и лубеница

    rnАко ги чувате дињата и лубеницата во фрижидер, тоа ќе има негативно влијание на нивниот вкус и ќе ги уништи корисните антиоксиданси кои ги содржат.rnrn7 прехранбени производи кои не треба да ги чувате во фрижидер иако до сега сте го правеле тоаrn

    6. Кромид и лук

    rnНа овие два производа не им одговара средината во фрижидерот бидејќи кога се изложени на влага тие стануваат меки и гумени и почнуваат да се сплескуваат. Многумина половините неискористен кромид и лук по навика ги ставаат во фрижидер, но подобро е да ги ставите на суво и темно место.rnrn7 прехранбени производи кои не треба да ги чувате во фрижидер иако до сега сте го правеле тоаrn

    7. Пиперка и домат

    rnКако и многу други видови зеленчук, двата омилени производи кои обожаваме да ги ставаме во салати, престануваат да дозреваат кога ќе ги ставите во фрижидер. Собната температура е вистинската температура за нив.rnrn7 прехранбени производи кои не треба да ги чувате во фрижидер иако до сега сте го правеле тоа

  • Уникатни производи за оние што се вљубени во Париз

    Уникатни производи за оние што се вљубени во Париз

    Ретко кој може да одолее на прекрасниот град на светлината – Париз! Ајфеловата кула, Триумфалната порта, музејот Лувр, Дизниленд, неодоливите мали кафулиња покрај реката Сена, француските шансони…rnrnУникатни производи за оние што се вљубени во ПаризrnrnВеќе посакавте да бидете дел од таа магична атмосфера, нели? Доколку и вие сте вљубени во овој незаменлив град, погледнете ги овие уникатни производи кои веднаш ќе посакате да ги имате.rnrn

    rn

  • Фотографии од небески тела направени од прехранбени производи кои можат да се јадат

    Фотографии од небески тела направени од прехранбени производи кои можат да се јадат

    Американскиот фотограф Навид Барати нѐ носи на виртуелно патување во вселената преку неговите неверојатни космички сцени кои ги создава со секојдневни состојки како што се сол, цимет или кафе. Имагинативниот фотограф ги става овие состојки на фотографски скенер чиј капак го остава отворен. Барати смета дека неговите фотографии доаѓаат од една измислена вселенска сонда која ја нарекува „WANDER“, која била испратена за да се истражува универзумот. Но, вистинскиот истражувач е самиот Барати, кој продолжува да ги предизвикува бесконечните царства на имагинацијата, експериментирајќи со обичните, земјени материи за да ја генерира неговата фантазмагорична уметност.rnrn

    Земја: Дно од чаша која содржи виски, кокосово млеко, вода, сос од соја и прехранбени бои; Ѕвезди: Сол, брашно, цимет и кари
    rnrnOвој дел на уметничката серија вклучува небески тела од планети и маглини, сите направени од состојки кои можат да се јадат како што се колачиња, палачинки, брашно, млеко и слично. Во универзумот на Барати, месечината не е направена од сирење туку е една палачинка, а Земјината топка е направена од виски, кокосово млеко, вода, сос од соја и прехранбени бои. Погледнете за што станува збор.rnrn

  • 18 паметни и уникатни дизајни за пакувања на производи кои зрачат со креативност

    18 паметни и уникатни дизајни за пакувања на производи кои зрачат со креативност

    Пакувањата на различните производи се многу повеќе од една обична хартија или сад за продуктот кој го штитат и претставуваат. Денес, пакувањето се гледа како комбинација од технологијата и уметноста, изработено со цел да го направи објектот што се купува многу покреативен и попривлечен за потрошувачите. Понекогаш, производите се спакувани толку интересно што посакуваме да ги имаме уште пред да знаеме за нивната намена и за што конкретно можеме да ги употребиме.rnrn18 паметни и уникатни дизајни за пакувања на производи кои зрачат со креативностrnrnВо тој контекст, погледнете ги едни од најиновативните дизајни за пакувања на производи кои едноставно не можете да ги игнорирате.rnrn