Борбата против несовршеностите на кожата најчесто се претвора од кратка битка во долготрајна војна. Сигурно ви се случило да согледате дека производите за убавина функционираат кај сите освен кај вас. Во продолжение прочитајте зошто рутината за убавина не го дава посакуваниот ефект.rnrn
rn
Не поминало доволно време
rnНе треба да се надевате дека ефектот ќе биде видлив веднаш, дури и ако тоа го пишува на етикетата на производот. За да ги видите ефектите од користењето на производот, треба редовно да ги употребувате најмалку 4-8 недели. Овие бројки се произволни затоа што врз ефикасноста на производот влијаат многу фактори, односно најмногу проблемот со којшто се бори личноста. Третманот на сувата кожа може да трае со недели или да трае со месеци ако сакате да ги намалите брчките или дамките на лицето. Но, ако по 3-6 месеци воопшто не сте забележале никаков резултат, тогаш немојте веќе да се надевате. Понекогаш изгледа дека производот дејствува уште по првата употреба, но дерматолозите предупредуваат дека таквиот ефект нема да трае долго. Тоа е повеќе привремено маскирање отколку решение на проблемот.rnrnАко рекламата звучи премногу добро за да биде вистинита, најверојатно е така. Она што ѝ помага на една личност може да биде неефикасно за друга. Многу е тешко да изберете козметика врз основа на препораки или реклами бидејќи секоја кожа е премногу индивидуална за да реагира исто на производите за нега.rnrnДури и оние производи кои им помагаат на повеќето жени и имаат многу позитивни препораки од реномирани експерти за убавина, може да бидат бескорисни или, во најлош случај, штетни за вас. Кога одбирате некој производ, обрнете повеќе внимание на составот отколку на нечиј совет и однапред утврдете кој е проблемот што сакате да го решите.rnrnЗа пополнување на вашиот козметички несесер потребни ви се време, трпеливост и пари. Меѓутоа, внимателно избраните производи ќе ви помогнат да решите многу проблеми со кожата.rn
Избирате погрешни козметички производи
rnРазличните проблеми бараат различни производи, така што колку попрецизно ќе ја поставите дијагнозата и ќе ги утврдувате потребите на вашата кожа, толку е поголема веројатноста да изберете производ што ќе го реши проблемот. Можете да ги откриете сите трикови за нега на кожата со помош на специјалист, но производот можете да го изберете сами ако знаете како функционираат одредени популарни состојки. Во продолжение има еден општ список на проблеми и козметички компоненти што ги елиминираат:rnrnАкни: алфа-хидроксилна киселина, бензоил пероксид, бета-хидроксилна киселина (БХА), ретиноид, салицилна киселина;rnrnТемни дамки и хиперпигментација: алфа-хидроксилна киселина, хидрокинон, аскорбинска киселина, фитинска киселина, ретиноид;rnrnСувост: церамид, хијалуронска киселина;rnrnЦрвенило: алое, церамид, хијалуронска киселина, нијацин, пептиди, масло од роза;rnrnЛузни: гликолна киселина, салицилна киселина;rnrnНерамна структура на кожата: алфа-хидроксилна киселина, бензоил пероксид, бета-хидроксилна киселина, церамид, хијалуронска киселина;rnrnБрчки: ретинол.rn
Не мора да избирате помеѓу скапи и евтини производи
rnИако поскапите состојки понекогаш се користат во поскапите производи, составот е многу поважен од брендот што е наведен на етикетата. Покрај тоа, важно е да знаете дека некои видови проблеми со кожата, како што е хиперпигментацијата, може ефикасно да се отстранат само со помош на професионална ласерска нега, со хемиски пилинг или со други третмани. Во ваков случај, козметичките производите ќе го намалат проблемот, но нема го решат, без оглед на тоа што ветува амбалажата. Дури и ако производот е идеален за вашата кожа, ефектот може лесно да се уништи со неправилна употреба. Некои производи не треба да се комбинираат, а други е најдобро да се применуваат по одреден редослед.rnrnНајчестите препораки за убавина се да го нанесувате производот на чисто, влажно лице, почнувајќи од производи со понежна конзистентност и завршувајќи производи со подебела конзистентност: тоник, серум, па крем. Секој слој мора да се апсорбира пред да го нанесете следниот.rnrnПрочитајте ги овие совети за убавина со кои секогаш ќе изгледате софистицирано и префинето.


rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrnАко мислите дека „здравствените“ производи што предизвикуваат воспаленија се дел од древното минато, грешите. Речиси сите медицински лица тврдат дека миењето на вагината со гелови за туширање е непотребно и проблематично за природната вагинална флора. Меѓутоа, во 20-тиот век тоа било промовирано како нешто што ќе им помогне на жените во бракот (се сметало дека мажите нема да спијат со сопругите кои не користат гелови за туширање редовно поради „женскиот непријатен мирис“), но и како метод за заштита од несакана бременост.rnrnНе само што тоа се покажало како неефективна контрацепција, туку било и многу опасно. Во 1953 година, Лизол (Lysol) бил еден од најпопуларните гелови за туширање на пазарот и тој содржел состојка што можела да доведе до сериозни изгореници и смрт. Иако модерните гелови за туширање нема да ви го направат тоа, со сигурност нема да ви бидат од никаква корист.rn
rnrnНа жените им се нуделе разни лекови за намалување на болката уште од 19 век. За пораѓање, нервоза, хистерија и менструални болки, жените на почетокот од 1800-тите земале лауданум, односно комбинација од опиум и алкохол, а потоа тие биле главните потрошувачи на нов вид лекови познати како барбитурати.rnrnВеронал, најпознатиот од барбитуратите, бил достапен од 1903-та па натаму и бил користен од страна на славни личности како што е Вирџинија Вулф. Лекот овозможувал подобар сон и ги смирувал нервите, што се сметало за исклучително женски проблем. Меѓутоа, вероналот создавал зависност.rnrnИнтересно е тоа што подоцна лекарствата за нега на менталното здравје станале понеутрални во однос на полот за кој биле наменети. Валиумот бил нарекуван „Малиот помошник на мама“ (Mother’s Little Helper) поради истоимената песна на Ролинг Стоунс од 1966 година, иако во реалноста фармацевтските компании го намениле лекот и за двата пола.rnrnПродолжете на 
rnrnКомбинацијата на овие две хемикалии произведува хлороформ и хлороводородна киселина, а тие може да предизвикаат оштетување на нервниот систем, белите дробови, бубрезите, црниот дроб, очите и кожата. Покрај тоа, високото ниво хлороформ може да предизвика вртоглавица, гадење, губење свест, па дури и смрт.rn
rnrnОваа мешавина е многу опасна за вашето здравје. Таа произведува отровни гасови кои може да предизвикаат тешко оштетување на респираторниот систем. Покрај тоа, високата концентрација на амонијак и хлорамин (високо токсичен гас) исто така произведува многу опасна експлозивна материја.rn
rnrnДодавањето слаба киселина во белилото произведува отровни гасови што може да резултираат со сериозни изгореници на очите и оштетување на белите дробови.rn
rnrnОцетот е киселина, додека пак сода бикарбоната е слаба база, па кога ќе се измешаат заедно, тие реагираат за да се неутрализираат едни со други, најмногу произведувајќи вода поради што и речиси немате никаква корист од оваа комбинација. Но, најопасната работа е тоа што на овој начин може да предизвика експлозија доколку ги мешате во затворен сад.rn
rnrnКога ќе ги ставите овие два производи заедно во сад, тие создаваат пероцетна киселина која, во високи концентрации, може да ја иритира, па дури и да ја оштети вашата кожа и вашите очи, грло, нос и бели дробови.rn
rnrnНикогаш не знаете дали мешањето на два различни производи за чистење ќе ви даде подобри резултати. Запаметете дека секоја формула е единствена и нивното мешање може да резултира со некоја несигурна и опасна хемиска реакција. Безбедноста нека ви биде на прво место, а притоа, запаметете ги следниве совети:rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn


rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrnОстанатите 8 производи погледнете ги на