КАФЕ ПАУЗА

Tag: професии

  • Астрологијата открива: Идеалните кариери за секој хороскопски знак

    Астрологијата открива: Идеалните кариери за секој хороскопски знак

    Како и во многу други полиња на животот, така астрологијата наоѓа примена и во изборот на вашата идна професија. Поради специфичностите на секој хороскопски знак, се вели дека луѓето се раѓаат со посебни дарби и способности кои можат понатаму да ги развиваат и од нив да ја изградат својата кариера. Се разбира, секој може да биде она што ќе посака да биде, независно од неговата астролошка предиспозиција. Дури и најсрамежливите знаци можат да бидат најдобрите актери или стенд-ап комичари, а најсамоуверените да се одлучат за посмирена работа како педагози или јога инструктори.rnrnАстрологијата открива: Идеалните кариери за секој хороскопски знакrn

    Овен

    rnОвните се силни и одлучни и ги сакаат натпреварите и лидерството. Тие се амбициозни и не се плашат од јавното говорење и големите одговорности.rnrnНајдобри професии: Политичари, претприемачи, извршни директори во медиумски и маркетиншки куќи.rn

    Бик

    rnБиковите се познати по нивната стабилност. Тие се практични, сигурни и одлични стратези, планери и извршувачи.rnrnНајдобри професии: Инженери, компјутерски програмери, техничари, сметководители.rn

    Близнаци

    rnОва е најсоцијалниот и најкомуникативниот знак во целиот хороскоп. Тие се доста адаптивни и прилагодливи и знаат како да ги пренесат пораките на досетлив и паметен начин.rnrnНајдобри професии: Медиумски координатори, менаџери на социјални мрежи, извршни директори во компаниите за односи со јавност, новинари, забавувачи.rn

    Рак

    rnЛојални, грижливи, интелигентни и емпатични, Раковите можат да го прочитаат сечиј емоционален и психолошки профил. Независно колку заработуваат, тие секогаш ќе сакаат да им помогнат на оние кои имаат потреба од помош и на кои им треба промена во животот.rnrnНајдобри професии: Доктори, психолози, терапевти, професори, социјални или хуманитарни работници.rn

    Лав

    rnЛавовите се родени лидери и иницијатори. Тие самоуверени, харизматични, бестрашни и сакаат да ги држат работите под контрола. Креативни, дарежливи и позитивни, Лавовите лесно ги инспирираат другите околу нив.rnrnНајдобри професии: Адвокати, актери, модни дизајнери, агенти за недвижнини, музичари, режисери, водители.rn

    Девица

    rnДевиците се перфекционисти и обрнуваат внимание дури и на најмалите детали. Тие се организирани, аналитични и прецизни. Тие се добро ситуирани за работи кои бараат силни аналитички способности.rnrnНајдобри професии: Сметководители, истражувачи, уредници, инженери, детективи, графички дизајнери.rn

    Вага

    rnДипломатски настроени и кооперативни, Вагите можат да бидат одлични медијатори и координатори бидејќи се способни да го донесат совршениот компромис помеѓу две странки. Знаат како да работат со луѓето и се одлични тимски играчи.rnrnНајдобри професии: Дипломати, продавачи, водители, архитекти, консултанти, агенти за патување, репрезентативци во службата за корисници.rn

    Скорпија

    rnТие се страствени, вредни, информирани и сакаат да решаваат загатки, комплексни мистерии и проблеми. Тие се љубопитни и интуитивни и можат да ја сработат секоја работа што ќе ја почнат.rnrnНајдобри професии: Детективи, адвокати, учители, хирурзи, физичари, археолози.rn

    Стрелец

    rnСтрелците се енергични, авантуристи и успеваат во брзите средини. Ја сакаат промената и не се плашат да ризикуваат. Уживаат во слободата и обожаваат да патуваат и да запознаваат нови луѓе.rnrnНајдобри професии: Продавачи, агенти за недвижнини, учители, водичи за патување, животни тренери.rn

    Јарец

    rnЈарците се одлучни, информирани и секогаш ги забележуваат деталите. Ги сакаат предизвиците и работат прецизно и трпеливо. Тие сакаат да се натпреваруваат и знаат како да организираат големи групи на луѓе, паралелно завршувајќи ги сите останати проекти.rnrnНајдобри професии: Администратори, уредници, банкари, консултанти за информатичка технологија, финансиски советници, нутриционисти.rn

    Водолија

    rnКреативни, досетливи и добри наратори. Водолиите се големи хуманитарци. Неконвенционални и динамични, подобро работат кога се независни и кога имаат мало или никакво надгледување. Нивната работа треба да има поголемо значење или цел.rnrnНајдобри професии: Музичари, писатели, модни дизајнери, хуманитарни или социјални работници, ветеринари.rn

    Риби

    rnРибите се интуитивни и уметнички настроени. Тие се уникатни, оригинални и иновативни. Рибите се тие кои ги претставуваат новите стратегии и филозофии на работа. Тие се чувствителни, сензитивни кон потребите на другите и знаат секому да дадат сочувство.rnrnНајдобри професии: Артисти, медицински сестри, физички терапевти, филантропи, ветеринари, креативни директори.

  • Професиите од соништата постојат и тие се одлично платени

    Професиите од соништата постојат и тие се одлично платени

    Дали сакате професионално да ја стилизирате храната или да дегустирате вина? Погледнете ги најинтересните професии кои се бараат во светот и со кои можеби и вие ќе сакате да се занимавате. Па зарем има ли некој кој не би сакал да дегустира сладоледи и за тоа да зема 60.000 долари годишно?rnrnПрофесиите од соништата постојат и тие се одлично платениrn

    1. Техничар кој ги крева работите во воздух – 150.000 долари годишно

    rnОваа личност е задолжена да ги крева во воздух сите потенцијални опасни работи и објекти кои сѐ уште не експлодирале. За да се искачат на скалата на успехот, треба да поседуваат одредени квалификации кои не е тешко да се добијат.rn

    2. Хеликоптерски пилот за далеководи – 101.000 долари годишно

    rnРаботата се состои од летање покрај далеководи и проверување на нивната исправност и функционалност со помош на камера која е прицврстена на самото летало. Природно, за оваа работа треба да имате соодветно образование, но добрата вест е што во Америка можете да добиете пилотска дозвола ако поминете 2.000 часа во воздух.rn

    3. Пилот/управувач со воздушен балон – 70.000 долари годишно

    rnМожете да летате со балон во текот на целиот ден и сѐ што ви треба е само една пилотска дозвола.rn

    4. Работа во областа на синхронизација – 80.000 долари годишно

    rnСинхронизација на реклами, анимирани филмови… Не ви се потребни никакви посебни квалификации, иако постојат курсеви за правилно акцентирање, дикција и изговор, воопшто.rn

    5. Играч на видео игри – 50.000 долари годишно

    rnНезависно дали се работи за тестирање на новите видео игри или помагање на другите играчи да стигнат до следното ниво, сѐ што ви е потребно за оваа работа е љубовта кон гејмерската индустрија.rn

    6. Автор на крстозбори – 70.000 долари годишно

    rnПравењето крстозбори за весниците на прв поглед можеби изгледа лесно, но станува збор за една навистина комплицирана работа за која е потребно многу време и трпение да ја совладате.rn

    7. Дегустатор на сладоледи – 60.000 долари годишно

    rnЛичноста која се бави со оваа работа треба да има некакво искуство во светот на кулинарството, а не само да биде љубител на сладоледи, бидејќи треба да го оцени вкусот, текстурата, мирисот и другите елементи на овој вкусен десерт.rn

    8. Дегустатор на вино – 51.000 долари годишно

    rnТреба да знаете да им препорачате на клиентите различни вина. Потребен е и курс, но и долгогодишно искуство, но потоа следат патувања и дегустација на најфините вина ширум светот.rn

    9. Стилист за храна – 77.000 долари годишно

    rnПрофесијата вклучува подготовка и стилизирање на храната за списанија и реклами. Условот е страста кон храната и креативноста, но и естетскиот пристап. Предност при вработувањето ќе имаат личностите кои имаат завршено соодветно образование или посетувале кулинарски курсеви.rn

    10. Етички хакер – 140.000 долари годишно

    rnОвој тип хакери се ангажирани од страна на владите и компаниите за да се одбранат од другите хакери. Природно, потребни ви се високо образование и искуство во ИТ секторот.rn

    11. Главен офицер за прислушување – 140.000 долари годишно

    rnДоколку ве привлекува шпионажата, тогаш не правете го тоа бесплатно. Оваа професија бара следење на социјалните мрежи и пронаоѓање податоци кога и каде се спомнуваат одредени компании кои ќе ве плаќаат. Освен личните склоности, добро би било доколку имате соодветни квалификации од областа на маркетингот и искуство со работа на социјалните медиуми.rn

    12. Инженер на трки – 134.000 долари годишно

    rnОваа личност служи како главен комуникатор помеѓу тркачките автомобили и возачите. За оваа работа ќе ви биде потребно добро познавање на математиката и физиката, поконкретно диплома од едно од овие две подрачја и докажано искуство.rn

    13. Лик од анимиран филм од Дизни – 32.000 годишно

    rnДоколку не ви е проблем да се облечете како некој лик од анимираните филмови од Дизни и да парадирате цел ден, тогаш ова е вистинската работа за вас. Потребни ви се конкретни физички предиспозиции и карактеристики, како висина и изглед, но и комуникација со децата.rn

    14. Холивудски каскадер – 100.000 долари годишно

    rnАко ова ве интересира, тогаш бидете подготвени на тепачки, бегање од експлозии и живеење во голема опасност. Но, дури и со одличната физичка издржливост, сепак мора да поминете низ обуката за каскадери.rn

    15. Дизајнер на градини во филмовите – 84.000 долари годишно

    rnДоколку ја сакате природата и имате око за уредување на зеленилото, а со тоа и поседувате уметнички таленти и основно познавање на филмот и градинарството, тогаш можете добро да заработите ако ја изберете оваа професија.

  • 6 модни професии кои никогаш не би ви паднале на ум

    6 модни професии кои никогаш не би ви паднале на ум

    Модата е интересно поле во кое многу девојки барем еднаш во животот посакале да работат. Но, ако дизајнот и стајлингот не ви се силна страна, сепак има нешто што би можеле да го правите, а сепак да бидете поврзани со модата.rnrnИако овие професии се непознати, тоа не значи дека се помалку значајни. Факт е дека без нив ништо не би функционирало нормално. Затоа откривме 6 модни професии за кои никогаш не би ви паднало на ум дека постојат.rnrn0-5-modni-profesii-koi-nikogas-ne-bi-vi-padnale-na-um-kafepauza.mkrn

    1. Дизајнер на принтови

    rnАко некогаш ви се случило да добиете комплимент за чанта или маичка со интересен принт, сетете се дека некој со неверојатен талент за детали и уметничка рака морал сето тоа да го нацрта за да се појави на вашата чанта/маичка. Во оваа работа спаѓа илустрацијата, графичкиот дизајн и секако, добриот вкус.rn

    2. Звучен дизајнер за ревии

    rnОние кои ја сфаќаат силната врска помеѓу музиката и модата знаат дека музиката е од витална важност за една ревија. Ако сте звучен дизајнер мора да направите специјална плејлиста за секоја ревија која најдобро ќе ја долови колекцијата. Како и модата, така и музиката мора да биде пред своето време. Оваа работа подразбира многу истражување по нови артисти, песни и звуци. Но, сепак не е потребно резиме на диџеј.rn

    3. Предвидувач на трендови

    rnКонкуренцијата во модата се состои во тоа да се види кој ќе остане на врвот. А за да останете на врвот мора да ги престигнете трендовите. А, за да ги престигнете, мора да ги предвидите и да очекувате што ќе биде модерно, а што не. И секако, мора да знаете со каква брзина се менуваат. Уште една важна карактеристика е да сфаќате како размислуваат и што сакаат да купуваат луѓето. Во оваа работа спаѓа многу анализирање и секако, основни способности за читање луѓе.rnrn1-5-modni-profesii-koi-nikogas-ne-bi-vi-padnale-na-um-kafepauza.mkrn

    4. Помошник на манекенки

    rnБекстејџот на модните ревии секогаш е бучно и лудо место. Но, секогаш има еден брилијантен мултитаскер кој успева да ги одржи работите во граници на нормалата. Тој им помага на моделите да се облечат, да проверат дали ги носат вистинските обувки, вистинскиот накит, дали имаат соодветна шминка и соодветна долна облека. Исто така нивна работа е да ги спречуваат „модните катастрофи“ и да бидат сигурни дека сѐ ќе тече како што треба. Оваа работа вклучува највисоко ниво на организациски способности и ладна глава.rn

    5. Преведувач

    rnОдвојте еден момент и сетете се на сите модни брендови и нивните локации. Сега размислете каде сѐ се продаваат. Најголемата бариера во модниот бизнис? Јазикот. Кога се работи за модни гиганти како Гучи и Долче и Габана секако дека преведувачот на Гугл не е доволен. Секој јазик има културни разлики кои ѝ дозволуваат на модата да навлезе во сите делови од Земјината топка. Затоа елитните модни куќи доведуваат преведувачи. Иако сте отцепени од живиот свет додека работите, имате многу висока плата, па тоа би требало да ви биде доволна мотивација. Се бараат билингвални способности и богат моден речник. Освен тоа, оваа работа е релативно лесна.rn

    6. Експерт за бои

    rnЗнаете да ја препознаете и објасните разликата помеѓу небесно и бебешко сина? Тогаш оваа работа е створена како за вас. Да ги одредите нијансите на одредени бои е многу тешко, но овие луѓе се експерти во разликување бои. Освен препознавањето и разликувањето на нијансите, треба да создавате и нови бои. Односно, кога дизајнерот размислува за некоја боја вие треба да ја создадете баш таа нијанса.rnrn2-5-modni-profesii-koi-nikogas-ne-bi-vi-padnale-na-um-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога ќе пораснам ќе бидам…

    Кога ќе пораснам ќе бидам…

    Паметите ли што сте сакале да станете кога ќе пораснете? Пред да почне да го работи тоа што сакаат неговите родители или околината, или пред да почне да се грижи дали ќе најде работа и за каква плата, секое дете сонува да влезе во определена улога кога ќе порасне избирајќи ја според возбудата која таа му ја носи. Ова се петнаесетте најчести нивни желби.rnrn

    Кога ќе пораснам ќе бидам...
    Астронаут
    rnrn
    Кога ќе пораснам ќе бидам...
    Музичар
    rnrn
    Кога ќе пораснам ќе бидам...
    Актер/ка
    rnrn
    Кога ќе пораснам ќе бидам...
    Балерина
    rnrn
    Кога ќе пораснам ќе бидам...
    Професор
    rnrn
    Кога ќе пораснам ќе бидам...
    Пожарникар
    rnrn
    Кога ќе пораснам ќе бидам...
    Полицаец
    rnrn
    Кога ќе пораснам ќе бидам...
    Писател
    rnrn
    Кога ќе пораснам ќе бидам...
    Детектив
    rnrn
    Кога ќе пораснам ќе бидам...
    Фудбалер (или каков било спортист)
    rnrn
    Кога ќе пораснам ќе бидам...
    Ветеринар
    rnrn
    Кога ќе пораснам ќе бидам...
    Научник
    rnrn
    Кога ќе пораснам ќе бидам...
    Пилот
    rnrn
    Кога ќе пораснам ќе бидам...
    Адвокат
    rnrn
    Кога ќе пораснам ќе бидам...
    Лекар
    rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 најсексапилни машки професии

    10 најсексапилни машки професии

    Еротските фантазии најчесто се врзани со некои необични места за водење љубов, но има и голем број машки професии на кои повеќето жени паѓаат. Пожарникарот ќе ја распали женската фантазија, а пилотот ќе ја одведе дамата во небесната широчина. Погледнете кои машки професии го имаат тој икс-фактор, со кој го привлекуваат понежниот пол.rnrn10 најсексапилни машки занимањаrn

    10. Фитнес инструктор

    rnЧасовите поминати во теретана резултираат со извајано тело, кое жените несомнено го забележуваат и го набљудуваат со насмевка на нивното лице.rn

    9. Готвач

    rnСе вели дека љубовта оди преку стомакот, а вистинскиот избор на храна може и тоа како да побуди страст и возбуда. Овој маж ќе ве оттргне од шпоретот и ќе ви ја приготви романтичната вечера од вашите соништа.rn

    8. Позната личност

    rnАктерите и пејачите се чест предмет на фантазирање за жените ширум светот. Без разлика дали сонувате за нежна душа, непослушно момче или за груб и силен маж, во оваа професија има доволно избор за сечиј вкус. Многу жени велат и дека актерите се доста интересни и интелигентни соговорници.rn

    7. Градинар

    rnМлад, згоден градинар со јака снага е сон на секоја жена. Дали за тоа се одговорни филмовите во кои богаташките мечтаат за секси младич кој го одржува нивниот дом, како на пример во ТВ серијата „Очајни домаќинки“ или едноставно самата нивна појава ја буди женската фантазија, проценете сами.rn

    6. Адвокат

    rnСо правниците се поврзуваат поимите успех, интелигенција и сигурност, кои во комбинација со елегантно одело, уредна брада, фина фризура и дебел паричник, го ставаат ова занимање на цврстата 6-та позиција.rnrn10 најсексапилни машки занимањаrn

    5. Доктор

    rnУниформите секогаш биле плод на женската фантазија и до ден-денес тоа остана така. Господата во бели мантили се симбол на контрола и моќ, што за жените понекогаш е поважно од самиот физички изглед.rn

    4. Пожарникар

    rnОва занимање отсекогаш предизвикувало воздишки кај жените. Снажниот, испотен маж кој може да ве заштити, е сон на речиси секоја жена.rn

    3. Полицаец

    rnЧуварите на редот, особено оние кои работат во специјалните единици, се избор на жените кои сакаат да се чувствуваат сигурно и заштитено покрај авторитетен човек. Иако во 21 век жените сакаат самостојност, сепак повеќето ќе се согласат дека понекогаш е исклучително пријатно да знаат дека покрај себе имаат некој кој ќе ги пази и гали.rn

    2. Спортист

    rnСпортистите, нивното мускулесто тело и мотото „во здраво тело, здрав дух“, се неодоливи за многу девојки. А особено кога станува збор за моќните фудбалери, кои се сметаат за најдобри љубовници помеѓу спортистите, на фантазиите им нема крај.rn

    1. Пилот

    rnОва занимање е на врвот на најсекси машки професии, уште од првото полетување кон небесната височина до денес, а додатно ја зачини и Том Круз во филмот „Top Gun 2“. Без разлика дали станува збор за пилот на класичен или воен авион, фантазирањето за моќниот маж во елегантна униформа, кој самиот владее со огромното летало, нема крај.rnrn10 најсексапилни машки занимања

  • Што работеле познатите пред да станат тоа што се денес?

    Што работеле познатите пред да станат тоа што се денес?

    Иако денеска не знаат што да прават со парите, и тие порано работеле секаква работа за да имаат некој долар во џебот. Ќе се изненадите што сè работеле некои од најдобрите глумци на денешницата.rnrnМадона – Одредено време работела во „Dunkin Donuts“ и продавала крофни.rnrnШто работеле познатите пред да станат тоа што се денес rnrnТом Круз – На 14 години тој завршил благословија и аплицирал за да стане католички свештеник. Сепак подоцна плановите му се промениле.rnrnШто работеле познатите пред да станат тоа што се денес rnrnЏони Деп – Својата одлична глума пред да стане познат актер, Џони ја користел за да им продава уникатни пенкала на клиенти. За возврат им ветувал и можно патување во Грција и џебен часовник.rnrnШто работеле познатите пред да станат тоа што се денес rnrnХју Џекман – Верувале или не, но тој порано работел како кловн за детски родендени. Самиот признава дека не бил многу добар во работата.rnrnШто работеле познатите пред да станат тоа што се денес rnrnЕлен Деџенерис – Пред да стане позната водителка, Елен работела како продавачка на правосмукалки.rnrnШто работеле познатите пред да станат тоа што се денес rnrnЏорџ Клуни – Во минатото работел како продавач од врата на врата, продавач на женски чевли, а едно време и сечел тутун.rnrnШто работеле познатите пред да станат тоа што се денес rnrnСинди Крафорд – Одредено време Синди за 4 долари на час, требела пченка.rnrnШто работеле познатите пред да станат тоа што се денес rnrnМетју Меконахи – Додека студирал парите ги заработувал чистејќи кокошарници.rnrnШто работеле познатите пред да станат тоа што се денес rnrnХауард Стерн – Возел камионче за продавање сладолед.rnrnШто работеле познатите пред да станат тоа што се денес rnrnОрландо Блум – Пред да стане познат актер, Орландо ракувал со машините што исфрлаат глинени гулаби за оние што спортуваат пукање со пушка.rnrnШто работеле познатите пред да станат тоа што се денес rnrnБред Пит – Одредено време Бред работел како маскота за пилешкиот ресторан „El Pollo“.rnrnШто работеле познатите пред да станат тоа што се денес rnrnВупи Голдберг – Одредено време Вупи работела како шминкерка, но на мртовци.rnrnШто работеле познатите пред да станат тоа што се денес rnrnСилвестер Сталонe – Пред да ги добие своите први улоги, Силвестер работел како чистач на кафези во Зоолошка градина.rnrnШто работеле познатите пред да станат тоа што се денес

  • Најдобри професии за срамежливи луѓе

    Најдобри професии за срамежливи луѓе

    Изборот на кариера е еден од најважните избори во вашиот живот, кој пред сè треба да биде базиран на вашиот карактер. Постојат луѓе кои уживаат да работат во групи, постојано да комуницираат и да се дружат со колеги и клиенти, но има и такви на кои комуникацијата не им е баш јака страна. Вие треба да уживате во она што го работите без ништо да ве спречува. Не треба да се трудите да се промените, треба само да ја изберете соодветната професија за вас. Доколку сте посрамежливи, ова се професиите кои се најприкладни за вас:rnrnНајдобри професии за срамежливи луѓеrn

    Програмер

    rnАко имате познавање од компјутери и програмски јазици, можеби ова е совршената работа за вас. Програмерите креираат софтверски програми работејќи во затворени канцеларии, најчесто сами. Секако дека мора да има комуникација и соработки со фирми и личности бидејќи комуникацијата во ниедна професија не може да биде сведена на нула, но сепак од овој аспект имаат повеќе олеснителни околности за разлика од други професии.rn

    Сметководител

    rnАко сте срамежливи, но добри со бројки, зошто да не се насочите кон ваква кариера? Сметководителите подготвуваат финансиски извештаи и евиденции и се грижат за точноста и исправноста на финансиските документи. Се случува сметководителите да имаат директен контакт со клиенти, но нивната снаодливост во секојдневната комуникација не е пресуден фактор за тоа колку успешна кариера ќе имаат.rnrnНајдобри професии за срамежливи луѓеrn

    Помошник-адвокат

    rnСамо затоа што сте срамежливи не значи дека треба да се откажете од кариера како правник. Ако го сакате правото, можеби би било најдобро да бидете помошник-адвокат. Станува збор за асистенти на високо квалификувани адвокати кои изработуваат извештаи и спроведуваат правни истражувања.rn

    Графички дизајнер

    rnДали сте креативни и имате уметнички ум? Доколку не би можеле да се замислите себеси во секојдневна интеракција со различни клиенти, кариерата како графички дизајнер е совршена за вас. Графичките дизајнери цртаат визуелни концепти, рачно или на компјутер. Најчесто креираат изглед за веб-сајтови или печатени материјали, како брошури, списанија и корпоративни извештаи, како и телевизиски реклами.rnrnНајдобри професии за срамежливи луѓеrn

    Истражувач на анкети

    rnЗадача на луѓето со ваква професија е да прават анкети и да истажуваат кои се ставовите, плановите и желбите на населението. Анкетарите се платени од разни видови организации кои поради одредена причина сакаат да дознаат кои се мислењата на луѓето на некоја тема. Оваа работа бара контакт со луѓе, но најчесто преку телефон или интернет.

  • 10 професии кои ќе бидат најплатени во иднина

    10 професии кои ќе бидат најплатени во иднина

    Многу земји во светот моментално се справуваат со економската криза и порастот на невработеноста. Токму затоа во САД е направено едно истражување, за тоа кои професии во иднина ќе бидат најплатени. Следуваат 10-те професии кои ќе бидат најплатени и со најголем раст во нареднава деценија.10 професии кои ќе бидат најплатени во иднина1. Оптичари – според сите предвидувања, потребата од специјалисти за вид до 2020 година ќе порасне за 33%.rnrn2. Професионални терапевти – во наредните години потребата од терапевти кои секојдневно ќе треба да им помагаат на некои повредени лица драстично ќе се зголеми. Се проценува дека до 2020 година ќе се појават уште 142.200 нови терапевти.rnrn3. Ветеринари – поради зголемениот број домашни миленичиња, во наредниве неколку години, бројот на професионални ветеринари ќе се зголеми за 36%.rnrn4. Медицински специјалисти – до 2020 година бројот на медицински специјалисти ќе порасне за 136.000 поради зголемувањето на возрасната граница на пациентите и потребата од лекови на рецепт.rnrn5. Специјалисти за слух – се предвидува дека до 2020 година бројот на специјалисти ќе порасне за 37%.rnrn6. Забни техничари – бројот на забни техничари ќе порасне за околу 38%rnrn7. Физикални терапевти – бројот на физикални терапевти ќе порасне за околу 39% поради големиот број стари лица на кои ќе им биде потребна нивната помош.rnrn8. Аналитичари за истражување на пазарот и маркетинг стручњаци – до 2020 година ќе се појават уште 400.000 нови експерти од овие полиња.rnrn9. Експерти за ултразвучно скенирање – се предвидува дека бројот на стручни лица ќе се зголеми за 44%.rnrn10. Биомедицински техничари – до крајот на 2020 година бројот на стручни лица од биомедицината ќе се зголеми за 62%.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Седум необични професии од кои можете да живеете #2

    Седум необични професии од кои можете да живеете #2

    1. Испитувач на удобност на мебел

    rnДали некогаш седејќи на вашето омилено столче или лежејќи на вашиот неверојатно удобен кревет, се запрашувате дали би можеле тоа и да го работите? Епа, некои среќници всушност токму тоа го работат за компании кои се занимаваат со мебел. Купувачите се секогаш најважни, зарем не?rnСедум необични професии од кои можете да живеете #2rn

    2. Маскота

    rnСите деца се радуваат кога во забавниот парк ќе здогледаат маскота од некој јунак од цртаните филмови. Да ги правите децата среќни и весели не е лесна задача, постојано треба да бидете позитивни и насмеани. Сепак, седењето во огромен задушлив костум 8 часа дневно, 5-6 пати во неделата, ја прави оваа професија чудна и несекојдневна.rnСедум необични професии од кои можете да живеете #2rn

    3. Дегустатор на кучешка храна

    rnВнимателно луѓе, овој човек сигурно ќе мириса чудно ако застане блиску вас во супер маркетот. Како и секој друг вид храна, и кучешката мора да биде тестирана и проверена. Да претпоставиме дека кучето не би било релевантно само по себе за да се искористи како вршител на оваа професија, па затоа е потребен стручен човек кој ќе се занимава со оваа вкусна професија.rnСедум необични професии од кои можете да живеете #2rn

    4. Нуркач по изгубени топчиња за голф

    rnДоколку сте љубител на овој спорт, сигурно и самите знаете дека многу често се случува, при некој неконтролиран удар, топчето да падне во некое од езерата кои се наоѓаат покрај скоро сите професионални голф терени. Задачата на овој човек е секојдневно да нурка низ езерата, да ги наоѓа изгубените топчиња, а потоа да ги чисти за истите да можат повторно да се користат.rnСедум необични професии од кои можете да живеете #2rn

    5.  Молзач на змии

    rnДоколку некогаш ве касне змија, ќе им бидете вечно благодарни на оние луѓе кои знаат како да ги искористат влекачите. Тие се одговорни да го исцедат отровот од змиите за потоа да може да се направи соодветен противотров. Да бидеме искрени, колкумина од вас помислија дека може да станува збор за млеко од змија?rnСедум необични професии од кои можете да живеете #2rn

    6. Одгледувач на марихуана

    rnНе возбудувајте се премногу, сепак оваа професија не може да ја врши секој и секаде. Целта нормално не е да се продава и да се прави профит од марихуаната, туку најчесто таа се дава на некои лаборатории или хортикултурни училишта кои потоа ја испитуваат.rnСедум необични професии од кои можете да живеете #2rn

    7. Создавач на накит од измет од птици

    rnНе, не, верувајте ова не го измислуваме. Навистина има луѓе кои го собираат изметот од птиците и потоа комбинирајќи го со одреден вид смола, создаваат прекрасни алки, обетки и ѓердани. Па девојки би ви препорачал да си ја проверите вашата кутија со накит.rnСедум необични професии од кои можете да живеете #2

  • Седум необични професии од кои можете да живеете #1

    Седум необични професии од кои можете да живеете #1

    1. Испитувач на квалитет на дезодоранси

    rnОва навистина ќе звучи чудно, но некои хемичари мораат да се уверат дека сите произведени дезодоранси и анти-перспиранти го даваат посакуваниот ефект, односно спречување на потењето на мишките на корисниците.rnСедум необични професии од кои можете да живеете #1rn

    2. Обработувач на животинско влакно

    rnОвој среќник вари различни видови крзно од животни, со цел тоа да се накадри за понатамошна употреба. Сите знаеме дека мирисот предизвикан од изгорено влакно е ужасен. Епа сега вие замислете си како ли му е на оној, кој треба цел ден да ја мириса аромата на супа од животинско влакно.Седум необични професии од кои можете да живеете #1rn

    3. Бојар  на цитрони

    rnСигурно некогаш сте застанале покрај свежите лимони, цитрони или портокали во супермаркет и заслепени од нивната совршена боја, сте си помислиле дека би било жалосно да не купите барем  1кг. Неодоливата желба за консумирање на таквото овошје, најверојатно е резултат на постоењето на посебен вид трговски фармери, кои го бојат овошјето со динамични бои, за да ја сокријат зрелоста.Седум необични професии од кои можете да живеете #1rn

    4. Необично новинарство

    rn

    Има  таков вид новинари кои всушност се платени за да пишуваат статии за други необични професии коишто  постојат. Којзнае, еден ден можеби ќе успеат да си најдат вистинска новинарска работа.rnСедум необични професии од кои можете да живеете #1

    rnrn

    5. Пронаоѓач на бори на чевли

    rnНа никој не му се допаѓа оној набор кој се прави на кожните чевли, после само еден месец носење. Затоа постои таков работник кој се осигурува дека ниеден кожен чевел нема да ја напушти фабриката со бора. Проблемот е само како да најдеме некој кој ќе измисли нешто за чевлите да останат мазни и после кратко време носење.rnСедум необични професии од кои можете да живеете #1rn

    6. Амбасадор на виски

    rnОва е дефинитивно работа од соништата на сите полнолетни луѓе. Вие треба да бидете одговорни да го изберете најпрефинетото првокласно виски и да ги научите вашите клиенти, како на соодветен начин да го вкусат. Меѓу другото, ќе уживате восхитувајќи се на различните состојки, кои се идеално измешани во овој извонреден ликер.rnСедум необични професии од кои можете да живеете #1rn

    7. Испитувач на облик на зарови

    rnСо само едно погрешено фрлање на заровите, човек може да изгуби огромна сума пари. За да не постојат нерегуларности во квалитетот на заровите, постои личност која се грижи за пропорционалноста, специфичните агли или за евентуалните мани. Претпоставуваме дека несовршеноста на коцките не може да биде причина за да останете шворц во казино.rnСедум необични професии од кои можете да живеете #1