КАФЕ ПАУЗА

Tag: приврзување

  • Еве како да постапите доколку вашиот партнер одбива да се приврзува во љубовната врска

    Еве како да постапите доколку вашиот партнер одбива да се приврзува во љубовната врска

    Доколку вашиот партнер е од оние кои одбегнуваат да се приврзуваат тоа може да биде вистински предизвик затоа што таквите луѓе имаат тенденција да ја избегнуваат емоционалната интимност, а чувството на блискост во врската ги тера да се чувствуваат непријатно.rnrnЕве како да постапите доколку вашиот партнер одбива да се приврзува во љубовната врскаrnrnЧестопати, тоа се луѓе кои се борат да ги изразат своите чувства, не сакаат да покажат моменти на слабост и се повлекуваат од партнерот кога се чувствуваат преоптоварени или вознемирени. Затоа, доколку се справувате со ваков тип на предизвик, неопходно е да покажете трпение, разбирање и сочувство така што ќе ги примените овие совети.rn

    1. Разберете го начинот на приврзување на партнерот

    rnРазбирањето на начинот на приврзување на вашиот партнер е клучно за градење здрава и исполнета врска. Ова може да ви помогне да бидете потрпеливи со него, дури и ако неговото однесување ви се чини неприфатливо на прв поглед.rn

    2. Обидете се да не го сфаќате лично неговото однесување

    rnВажно е да запомните дека постои голема веројатност партнерот да се бори со емоционална интимност и можеби ќе му треба повеќе простор во врската. Тоа значи дека е особено важно да не го сфаќате лично неговото однесување бидејќи тоа не е одраз на вашата вредност или неговите чувства кон вас. Наместо тоа, обидете се да бидете разбирливи и да го поддржувате, давајќи му време и простор за да се чувствува удобно и сигурно во врската.rn

    3. Бидете трпеливи со партнерот

    rnБидете трпеливи со партнерот и отстапете му време и простор во врската. Тоа ќе доведе до создавање средина која поттикнува емоционална интимност и блискост. Со тоа што ќе му дадете време и простор да се чувствува удобно и сигурно во врската, можете да придонесете за креирање подлабока врска која ќе биде изградена од доверба и взаемно почитување.rn

    4. Секогаш комуницирајте отворено и јасно со него

    rnВо оваа ситуација, јасната и директна комуникација е од суштинско значење. Ова значи да ги изразите вашите потреби и очекувања на директен начин, а истовремено да покажете дека сте заинтересирани да ја слушнете неговата перспектива.rn

    5. Не обидувајте се да го контролирате неговото однесување

    rnОбидот да го контролирате однесувањето на вашиот партнер не е корисно за градење здрав однос со него. Наместо да се обидувате да го промените или контролирате, попродуктивно е да го прашате што му треба од вас за да се чувствува сакано и исполнето.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети, можеби ќе сакате да прочитате и зошто меѓусебната поддршка е еден од најважните елементи за здрава љубовна врска.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Зошто силните жени се приврзуваат лесно?

    Зошто силните жени се приврзуваат лесно?

    Силните жени можеби изгледаат емоционално повлечени, но всушност многу лесно се приврзуваат. Тие точно знаат што сакаат, па не им е страв да го побараат тоа и да се борат за него. Ова важи и за нивните врски.rnrnЗошто силните жени се приврзуваат лесно?rnrnКога станува збор за љубовта, силните жени бараат одреден вид личност. Тие бараат маж кој може да се мери со нивната сила, но кој истовремено ќе биде и нежен. Тие бараат партнер кој не се плаши да биде ранлив, но и не се плаши да им се спротивстави. Бидејќи овие жени бараат некој кој ја разбира и прифаќа нивната сила, нормално е кога ќе го пронајдат вистински да се вљубат. Но понекогаш ова може да биде вистински товар за нив. Погледнете зошто всушност силните жени се приврзуваат толку лесно.rn

    1. Бидејќи знаат што сакаат

    rnСилните жени се приврзуваат лесно бидејќи што и да прават, вложуваат сè. Тие се неверојатно страсни и посветени, па кога ќе почувствуваат дека го пронашле вистинскиот, подготвени се на сè за врската да биде успешна.rn

    2. Бидејќи се неверојатно позитивни

    rnСилните жени го гледаат најдоброто во луѓето што ги сакаат. Тие не сакаат да се грижат за нештата што не можат да ги контролираат, па веруваат дека партнерот што го одбрале им го мисли само најдоброто.rnrnИстовремено, силните жени се и неверојатно позитивни. Тие не размислуваат за најлошите сценарија или за потенцијалните проблеми. Наместо тоа, живеат со отворено срце.rn

    3. Бидејќи не им е страв да бидат повредени

    rnСилните жени се бестрашни. Тие знаат дека секогаш постои ризик да бидат повредени во љубовта, но не им е страв од ова. За нив најважно е да им дадат шанса на луѓето и да го следат своето срце.rn

    4. Бидејќи повеќе сакаат да ризикуваат отколку да се прашуваат што би можело да се случи

    rnЗа силните жени, преземањето ризици е од најголема важност, особено ако веруваат дека врската има потенцијал. Тие повеќе сакаат да се обидат да создадат некаква поврзаност, наместо да седат така и да се прашуваат што би се случило.rn

    5. Бидејќи знаат дека скршеното срце е привремено

    rnСилните жени се приврзуваат лесно бидејќи знаат дека скршеното срце нема да трае засекогаш. Тие знаат дека при секое вљубување постои можност врската да не биде совршена, но сепак се впуштаат во неа бидејќи знаат дека и во најлош слушај, кога-тогаш ќе преболат.rn

    6. Бидејќи веруваат во љубовта

    rnНајважно од сè, силните жени веруваат во љубовта. Тие знаат дека ова чувство е реално и го чувствуваат навистина интензивно. Се разбира, никој не е совршен, но во потрагата по вистинскиот, силните жени ќе се вљубат бидејќи знаат дека тој ги чека.rnrnДоколку размислувате да се венчате со силна жена, добро би било да ги знаете овие 10 работи.

  • 10 причини зошто вашиот партнер не сака да се приврзе емоционално

    10 причини зошто вашиот партнер не сака да се приврзе емоционално

    Луѓето се производ од нивните услови и искуства. Но друго нешто што ги дефинира човечките битија се нивните емоционални и психолошки составни делови. Кога на ова ќе се додаде модерната технологија, комплексноста на културата, игрите за состанување и општествените норми, ќе сфатите дека многу нешта влијаат на приврзувањето и посветеноста во врската.rnrn10 причини зошто вашиот партнер не сака да се приврзе емоционалноrnrnМажите и жените различно реагираат на стимулите во врската. Истражувањата покажале дека мажите се посклони кон емоционална неповрзаност во врските за разлика од жените. Ако забележите дека вашиот сопруг или момче избегнува да се приврзе за вас или има проблеми со посветувањето на врската, постојат 10 можни причини за тоа.rn

    1. Тој е играч

    rnЕдна од најочигледните причини за ова е тоа што тој не е сериозен за вашата врска. Мажите сакаат предизвици, па многумина од нив ги третираат жените во нивните животи како забава или предмет за полнење на нивното его. Ако партнерот постојано ви дава измешани сигнали, често исчезнува, а потоа се појавува со безначајни подароци, големи се шансите да е играч.rn

    2. Претерано работи

    rnНекои мажи јадат, спијат и работат. За нив кариерата е поважна од сè друго во животот. Немаат време, ниту трпение за врските во нивниот живот. За нив работењето е најсветото нешто. Овие мажи воопшто не се интересираат за врски.rn

    3. Тој е перфекционист

    rnСовршеноста може да биде добра, но некои мажи ја бараат премногу. Без разлика колку сте добри, ако вашиот партнер спаѓа во оваа група, тој секогаш ќе наоѓа нешто лошо кај вас. Ќе се обидува да ве промени бидејќи не ги исполнувате неговите критериуми за совршенство. На крајот од денот нема да сака да се поврзе со вас бидејќи смета дека не сте доволно добри за него.rn

    4. Премногу е зависен или независен

    rnПреголемата зависност или независност не е добра. Можеби сте сретнале мажи кои постојано бараат одобрување од другите, или го земаат предвид мислењето на нивните мајки за тоа со која девојка да се гледаат. Од друга страна постојат и многу независни мажи кои не можат ни да си замислат да бидат ранливи пред некој друг, дури и ако другиот е нивната партнерка или сопруга. И двата вида имаат проблеми со посветување на врската. Тие избегнуваат да се приврзат емоционално.rn

    5. Лоши минати врски

    rnДруга очигледна причина за избегнувањето на приврзувањето од страна на мажот е некое токсично искуство од врска во минатото. Можеби претходната партнерка или сопруга навистина го повредила, па тој се сомнева во намерите на секоја жена на светот.rn

    6. Проблематично детство

    rnЧовекот е производ на минатите искуства, а овде спаѓаат и искуствата од детството. Нашето детство ни ја оформува иднината. Ако вашиот партнер имал лошо детство, немал родители што го сакале, имал родители што се расправале или бил малтретиран, голема е веројатноста да има проблеми со емоционалното поврзување. Поради сите наведени причини него му е навистина тешко да ги искаже своите мисли и чувства, па до некој степен е емоционално недостапен.rn

    7. Финансиска нестабилност

    rnПовеќето мажи се условени да веруваат дека тие се подобри кога станува збор за финансиите во домот. Без разлика колку се „модерни“, длабоко во себе веруваат дека тие треба да имаат поголема плата. Ако вашиот партнер се соочува со финансиски проблеми, голема е веројатноста ова да влијае на неговите мир и самодоверба, како и на вашата врска. Тој ќе се чувствува како да не може да ви го овозможи она што го сакате, па нема да се поврзе со вас.rn

    8. Семејни проблеми

    rnМожно е да постои проблем во неговото семејство што му предизвикува стрес. Или, можно е да дава преголемо значење на мислењето на членовите на неговото семејство за неговите врски.rn

    9. Несигурности

    rnМожеби вие го имате совршеното работно место со одлична плата. Можеби изгледате како вистински супер модел. Во тој случај, голема е веројатноста партнерот да се чувствува несигурно. Тој смета дека можете да бидете со кој било што е побогат и што изгледа подобро од него. Неговата несигурност ќе има големо влијание на врската.rn

    10. Разни животни цели

    rnЖивотните цели се навистина важни. Ако вашите и целите на партнерот значително се разликуваат, тој може да мисли дека вие ќе го спречувате во нивното остварување. Исто така можно е да не ги цени или разбира вашите животни избори. И ова ќе го спречи да се приврзе емоционално со вас.rnrnМажите можат да бидат малку погруби, но и нив им се потребни љубов и внимание. Секогаш имајте на ум дека ако вашиот партнер е емоционално недостапен, или има некој проблем, или не е заинтересиран за вас. Секогаш бидете свесни за вашата вредност и отстапете од врската ако тој не ви дава знак дека некогаш ќе се приврзе за вас.rnrnЗнаете ли зошто чувствителниот маж е најдобриот партнер што можете да го имате?

  • 5 хороскопски знаци кои премногу брзо се приврзуваат

    5 хороскопски знаци кои премногу брзо се приврзуваат

    Животот е како видеоигра која можете да ја играте одново и одново без да ги знаете потезите на противникот. Животот може да се смета и за натпревар кој ве тера да го почувствувате секој здив што ќе го земете. Сакате да летате слободни како птица, но неизбежно е да ги повредувате крилјата и да паѓате одвреме-навреме. И покрај тоа, никогаш не треба да застанете бидејќи не можете да знаете какви изненадувања ве чекаат на патот.rnrn5 хороскопски знаци кои премногу брзо се приврзуваатrnrnСлободата е најубавото чувство што можете да го доживеете. Меѓутоа, понекогаш нормално е да ви недостасуваат саканите. Таквите периоди го будат вашиот копнеж по приврзаност и блискост. Ова се хороскопските знаци кои премногу брзо се приврзуваат…rn

    Близнаци

    rnБлизнаците честопати заглавуваат во нивниот замислен свет. Токму затоа, доколку им обрнете сосема мало внимание, тие веднаш помислуваат дека светот им дава шанса да започнат врска која ќе биде фантастична во иднина. Сите Близнаци имаат очајна потреба од тоа да живеат на седмо небо.rn

    Рак

    rnРаковите им се многу лојални на нивните сакани. Тие многу лесно се вљубуваат, бидејќи веднаш почнуваат да им веруваат на луѓето кои ќе им покажат љубов и грижа. Очите на Ракот блескаат кога е во близина на љубовта на неговиот живот.rn

    Девица

    rnДевиците се многу трудољубиви. Тие нема да бидат спокојни додека не ја завршат задачата што им е дадена. Токму затоа, припадниците на овој знак формираат прекрасни врски со луѓето околу нив кои, како што минува времето, стануваат сѐ поцврсти.rn

    Водолија

    rnВодолиите имаат потреба од големо внимание. Нивната цел е да бидат во центарот на случувањата без разлика колку е голема гужвата. Кога некој ќе им помогне на Водолиите да се издвојат од толпата, тие автоматски развиваат чувства кон таа личност и веднаш се приврзуваат.rn

    Риби

    rnНа Рибите најважна им е удобноста кога влегуваат во нова врска. Ако удобноста е на високо ниво, тогаш нема враќање назад. Целта на Рибите е да ја пронајдат љубовта на нивниот живот. Тие се подготвени да направат сѐ за да ја пронајдат среќата што само вистинската љубов може да ја пружи.rnrnЉубовта е навистина извонредна. Ова интересно чувство има уште поголем интензитет ако сте ја пронашле љубовта на вашиот живот. Не плашете се од вљубувањето, бидејќи откако ќе се приврзете со некоја личност, ќе се изненадите од неверојатните чувства на радост и слобода што вистинската љубов ги носи со себе.rnrnВо продолжение прочитајте зошто засекогаш ќе се каете доколку раскинете со некој од овие 5 хороскопски знаци.

  • Модели на приврзување кај возрасните

    Модели на приврзување кај возрасните

    Системот на приврзување работи на многу едноставен начин. Ако сè е во ред (безбедно) тогаш не ни чувствувате како тој работи. Но, кога работите излегуваат од границите, системот на приврзување се активира и се појавуваат одредени однесувања кои ве доближуваат до личноста која би можела добро да се грижи за вас. Близината создава или обновува сигурна основа, чувство за безбедност и удобност од кои одредена личност откако ќе ја пронајде може да започне со истражување на светот околу неа.Модели на приврзување кај возраснитеИнтервјуто за приврзување кај возрасните (Adult Attachment Interview) е основна метода за проценување на ставот кон вашиот партнер. Според оваа метода описот на личноста се проценува преку 2 примарни димензии. Првата димензија е доследноста, а втората димензија е способноста да се рефлектираат мотивите од другите. Доследноста поконкретно се однесува на одговори кои овозможуваат чисти и убедливи описи, кои се веродостојни, концизни, целосни и се презентирани на чист и уреден начин.rnrnВо понатамошното испитување се следат уште 4 димензии како:rn

      rn011

    • Квалитет – да се биде искрен и да се има докази кои ќе го поддржуваат кажаното.
    • rn011

    • Квантитет – да се биде концизен и целосен. Дадените информации мора да ги содржат потребните податоци, но ништо повеќе од тоа.
    • rn011

    • Важност – способноста за издвојување само релевантни информации.
    • rn011

    • Начин на однесување – јасни/нејасни изразувања, јасно искажување на мислите/двосмисленост…
    • rn

    rnПо интервјуто можете да дознаете во која од наредниве категории припаѓате:rn
    rn

    Безбедност

    rnЛичностите со безбеден модел на приврзување имаат способност многу реално да ги гледаат другите околу нив. Тие ги ценат врските, емоциите и обврските. За време на интервјуто целосно соработуваат со психологот и нивните одговори се доследни, концизни и јасни. Приврзувањето за нив има големо значење, но истовремено тие и објективно ги гледаат сите настани/врски.Модели на приврзување кај возраснитеrn

    Негирање

    rnЛичностите со негирачки модели на приврзување имаат потешкотии при реално перцепирање на луѓето околу нив. Како деца тие научиле дека не треба да им поставуваат многу барања на оние кои се грижат за нив кога станува збор за нивните потреби. Овие личности ги отфрлаат сите искуства и врски во кои има можност за поврзување. Нивните одговори често се премногу општи и неспецифични. Тие исто така немаат конкретни примери и докази кои можат да го поддржат нивниот став и честопати при навраќање на одредено прашање знаат да дадат контрадикторни одговори.Модели на приврзување кај возраснитеrn

    Преокупираност

    rnЛичностите со преокупирачки модел на приврзување исто така имаат потешкотии при реално перцепирање на луѓето околу нив. Како деца тие научиле дека единствениот начин да го привлечат вниманието на оној кој се грижи за нив е да имаат премногу барања и очекувања. Нивните одговори многу често не се доследни. Овие личности се преокупирани со претходните врски и искуства. Тие во разговорот изгледаат многу нервозно, пасивно или исплашено. Употребуваат долги реченици, граматички испреплетени и со многу простор (испуштајќи гласови како „ааа“ или „хмм“) помеѓу мислите. Исто така внесуваат многу непотребни детали при обидот да го поддржат својот став.Модели на приврзување кај возраснитеrn

    Неорганизираност

    rnЛичностите со неорганизиран модел на приврзување немаат јасно видливи причини за нивното нереално гледање на останатите. Како деца најверојатно имале родители кои биле на некој начин застрашувачки. Во голем број од случаите тие доживеале хронично запоставување во врска која би можело да ја објасни значајната дисфункција во нивната способност да формираат емоционално значајна врска. Голем број од оние кои имаат некаков вид психолошко нарушување го поседуваат овој модел на приврзување. Исто така нивните врски се бурни, непостојани и понекогаш насилни.Модели на приврзување кај возраснитеШто мислите, кој е вашиот модел на приврзување? Препознавте ли некои од дадените однесувања?rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кажете му „да“ на сегашниот миг

    Кажете му „да“ на сегашниот миг

    Современиот начин на живеење е исполнет со стрес поради брзиот начин на живот, финансиската несигурност и воопшто, поради неизвесната иднина. За жал, постои одреден јаз помеѓу она што од нас го бараат околностите во кои живееме и она што го налага човечката природа, па оттука не е изненадување тоа што луѓето бараат начин како да се справат со стресот.rnrnСпоред психологот Мелани Гринберг еден од начините за тоа да се постигне, е да се забави со темпото на живеење така што грижите за минатото и иднината ќе се заменат со повеќе внимание на сегашноста. Еве кои начини ни ги предлага таа за постигнување на оваа цел.rnrnКажете му „да“ на сегашниот мигrnrnФокус на она што се случува со сегашниот миг Размислувањето за непријатните моменти од минатото всушност претставува нивно враќање во сегашноста, при што одново се поминува низ истото горчливо искуство. Тоа ќе ве натера на иднината да гледате со песимизам и ќе ве исполни со стрес. Поштедете се од таквото гледиште затоа што никој не може да ја предвиди иднината и наместо тоа сконцентрирајте се само на она што се случува овде и сега.rnrnЦелосна присутност – Бидете свесни за она што го искусувате во сегашноста. Што гледате, слушате или мирисате сега? Како се чувствувате поради тоа?rnrnОтвореност за нови искуства – Дозволете си да бидете љубопитни. Наместо да мислите дека нема да успеете поради лошите искуства, прифатете ги новите предизвици од сегашноста и љубопитно почекајте да видите какво искуство ќе ви донесат овој пат.rnrnНе судете – Начинот на кој ги прифаќаме новите нешта зависи од чувствата кои сакаат да нè заштитат од нешто или да нè тераат да дејствуваме кон нешто. Потрудете се да ги прифатите работите со отворен ум без да судите.rnrnПрифаќање на работите такви какви што се – Немојте да се залажувате дека реалноста е или треба да биде онаква како што вам ви одговара. Така ќе завршите со чувство дека сте жртва и ќе се жалите дека животот не бил фер кон вас. Согледајте ја реалноста и станете свесни за неа, имајќи предвид дека можете да се приспособите и да ја толерирате или да се борите за да промените нешто. На тој начин ќе го прифатите и фактот дека и другите најдобро знаат што е добро за нив.rnrnСвесност за поврзаноста со природата Околината не е нешто од кое треба да се браниме. Ние сме дел од неа и оттаму добиваме нешта кои ни се потребни: храна, убавини, можности… Сите живи ентитети во природата сакаат да бидат задоволни и според тоа не сме сами во справувањето со стресот и проблемите во бесконечната потрага по задоволство.rnrnБез приврзување – Не приврзувајте се премногу за луѓе, предмети или искуства, затоа што во современиот начин на живот тешко дека ќе успеете да ги зачувате сите нешта што сте ги сакале и уште ги сакате. Останете независни од нив, затоа што преголемата приврзаност кон нештата извира од стравот и претставува основа за страдање. Сè тече, сè се менува. Една врата се затвора, друга се отвора.rnrnОстанете смирени – Животот си има свои подеми и падови. Во која било етапа да се наоѓате, знајте дека таа ќе заврши. Кога минувате низ лош период, останете присебни и доследни на вашите вредности и ставови и мирно продолжете кон остварување на вашите цели.rnrnСочувство – Третирајте се и себеси и другите луѓе со љубезност и сочувство. Наместо да осудувате, бидете отворени за туѓите проблеми, обидете се да ги разберете и не колебајте се да сочувствувате. Сочувството е една од основните човечки потреби која се остварува преку врските со другите. На тој начин брзо ќе сфатите дека не сте сами во калта од проблеми.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.