КАФЕ ПАУЗА

Tag: привлечност

  • 7 нешта кои ја прават жената привлечна

    7 нешта кои ја прават жената привлечна

    Жените секогаш се трудат да бидат убави и негувани за да го привлечат вниманието на машката популација. Иако не сакаат да признаат, тие многу сакаат да дознаат што ги прави привлечни за мажите.rnrnЕдно австралиско истражување дошло до 7 интересни карактеристики кои ги привлекуваат мажите.rnrn1-7-soveti-koi-ja-pravat-zhenata-privlechna-www.kafepauza.mk_rnrn1. Ова истражување покажа дека мажите ја сакаат убавата насмевка кај жените. Привлечни им се блескаво бели заби. Значи, хигиената во устата и забите се помеѓу најважните работи.rnrn2. Во едно списание за социјална психологија се укажува на директната врска помеѓу црвената боја и ефектот што таа го остава кај мажите. Црвениот кармин, црвениот фустан или црвената долна облека, се полн погодок!rnrn3. Иако сега слабите девојки се идеални за модните писти, едно истражување спроведено во Нов Зеланд покажа дека мажите сакаат кога пропорциите на обемот на струкот и колковите се поблиску, во размер 7:10 наместо 9:10.rnrn4. Истражувањето покажало дека мажите повеќе ги сакаат поженските гласови, отколку оние подлабоките. Тоа не значи дека треба вашиот „бебешки глас“ да го користите во јавност.rnrn5. Русокосите можеби изгледаат позабавно, но дали тие навистина им се атрактивни на мажите? Едно истражување од 2008 година покажа дека бринетите се фаворит на мажите, а должината на косата не игра важна улога.rnrn6. Едно истражување од Списанието за експериментална психологија покажа дека мажите сакаат жени кои на себе имаат што помалку шминка.rnrn7. Долгите, женствени раце се уште еден голем атрибут што мажите ги привлекува кај жените.

  • Мажи со брада: ЗА и ПРОТИВ

    Мажи со брада: ЗА и ПРОТИВ

    Еве нов збор кој ги заменува досега актуелните метросексуалци, дами и господа, ви ги претставуваме ламберсексуалците, популарно наречени „урбани дрвосечачи“ (анг. lumberjack или дрвосечач). Урбано, би ги дефинирале како метросексуалци кои сакаат да имаат одредена црта која ќе ги карактеризира како помажествени, па затоа растат совршено средена и потстрижана брада, обично во комбинација со залижана коса наназад.rnrnМажи со брада: За и ПротивrnrnДа, моментално се во тренд во случај да не сте забележале. Така, кај нас девојките се наметнува прашањето: Би излегувала ли јас со момче со подолга брада? Девојки, доколку сте пред таква дилема, а вие момци доколку се двоумите дали да растете брада, еве кои би биле дел од многуте „за“ и „против“ долга брада.rn

    ЗА: Тие се мажествени

    rnЕдноставно брадата ги прави да изгледаат помажествени. Само за пример, споредете слика од некој маж на која има брада со слика на која нема. Жените ги привлекуваат мажествени и мачо типови, а брадата го има тој ефект.rn

    ПРОТИВ: Изгледаат многу ѕверски

    rnВо негативна смисла. Не, не мислиме на бајката „Убавицата и ѕверот“, туку на пештерски нецивилизирани луѓе кои можат да наштетат некому без око да им трепне. Да, признаваме, иако е секси, брадата е по малку и страшна.rn

    ЗА: Ги плашат лошите момци

    rnКога веќе рековме дека овие момци изгледаат по малку ѕверски, сепак, добрата страна е дека со тоа ги плашат оние лоши момци кои би можеле да ни наштетат. Да, брадата го има тој ефект кај другите. Момците со брада кои под рака држат девојка обично оставаат впечаток: „Допри ја и ќе те згазам!“rnrnМажи со брада: За и Противrn

    ПРОТИВ: Ги плашат малите деца

    rnЗа жал. Ние девојките сакаме кога момците си играат со мали деца. Тоа во нас го буди мајчинскиот инстинкт и веднаш ги гледаме како потенцијални татковци во иднина. Но, големата брада најчесто ги расплакува малите деца.rn

    ЗА: Навистина е тренди

    rnБрадата моментално е „ин“. Дечко со брада остава впечаток на современ, урбан младич кој е во тек со модата и се грижи за својот изглед.rn

    ПРОТИВ: Брадата не е пријатна за неговата партнерка

    rnТоа иритирачко чувство кога ве боцка неговата брада од три дена… помножете го со 10 доколку дечкото има подолга брада.rn

    ЗА: Зрелост и самодоверба

    rnНема сомневање, долгата брада е знак на зрелост. Со брада момците изгледаат во просек неколку години постари, а тоа за маж е комплимент бидејќи девојките сакаат зрели момци. Исто, дечко кој има долга брада покажува дека има самодоверба бидејќи не се срами ни плаши да биде уникатен и необичен.rn

    ПРОТИВ: Ароганција

    rnНо, исто така остава впечаток на арогантен тип кој не го интересира ништо освен она што директно го засега него. Покрај ваков дечко кој „вришти“ за внимание, неговата девојка ќе мора да се потруди некогаш и таа да е во центарот на вниманието и да се „носи“ со неговата уникатност и неговиот урбан, „искулиран“ стил, што може да биде и напорно.rnrnП.С. Да не заборавиме, жените секогаш сакаат да бидат во центарот на вниманието, па зошто би им го одзеле тоа?rnrnМажи со брада: За и Противrn

    ЗА: Остава впечаток на уметничка душа и интелектуалец

    rnА ние жените (макар повеќето) го сакаме тоа. Уметничките души секогаш се карактеризираат со доза таинственост и мистичност, не може да им влезете во главите каде има еден сосем друг свет. И навистина не знаеме зошто (можеби поради тоа што изгледаат позрело), но момците со брада оставаат впечаток на интелектуалци.rn

    ПРОТИВ: Може да има проблеми со наоѓање работа

    rnОд друга страна пак, не секој брадата ја гледа како знак на висок интелект, напротив. За многу работни позиции не се погодни мажите со брада, особено оние кои бараат постојан контакт со луѓе. Секако, да не го заборавиме и фактот што брадата веднаш ве асоцира на човек кој е тешко навлезен во некои секти или радикални теории, а работодавците би сакале да го избегнат тоа.rnrnП.С. Не само работодавците, нажалост и вашето семејство.rnrnМажи со брада: За и Противrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 15 знаци на сексуално посакување кои тој не може да ги сокрие од вас

    15 знаци на сексуално посакување кои тој не може да ги сокрие од вас

    Понекогаш не говориме за она што го сакаме или пак, едноставно се плашиме да го признаеме затоа што не сакаме да ги нарушиме нашите односи со одредена личност. За среќа, секогаш можеме да се потпреме на невербалната комуникација, односно на говорот на телото. Кога мажите чувствуваат привлечност кон жените, нивното тело најчесто ги испраќа следниве знаци…rnrn15 знаци за сексуално посакување кои тој не може да ги сокрие од васrnrn1. Длабоко вдишување во моментот кога ќе ве забележи, при кое визуелно му се проширува градниот кош.rnrn2. Му се прошируваат зениците бидејќи му се допаѓа она што го гледа.rnrn3. Веѓите му се подигнуваат како нешто да го изненадило.rnrn4. Се смее повеќе од вообичаено и на тој начин почесто ви го покажува горниот ред заби.rnrn5. Несвесно ги навлажнува усните со врвот на јазикот.rnrn6. За време на вашата комуникација, 80% од времето ве гледа во очи, а останатото време во носот, устата и образите.rnrn7. Се навалува кон вас кога разговарате.rnrn8. Несвесно започнува телесен контакт, без разлика дали ве допира директно вас или само вашата облека.rnrn9. Ги поставува рацете на струк, со раширени лакти кон двете страни.rnrn10. Неговата карлица е насочена кон вас.rnrn11. Кога ги прекрстува нозете, тоа го прави така што двете стапала му се насочени кон вашето тело.rnrn12. Прстите од неговите стапала се секогаш насочени кон насоката во која вие стоите.rnrn13. За време на разговорот нежно го допира својот врат со врвот на прстите.rnrn14. Кога ве држи за рака, со дланките бара потпора на вашите дланки.rnrn15. Вашата телесна близина кај него создава ерекција.

  • Неочекувани работи кои мажите ги обожаваат кај жените

    Неочекувани работи кои мажите ги обожаваат кај жените

    Автор: Сара ТурановиќrnrnКога зборуваме за убавината и привлечноста, мажите и жените имаат потполно различни гледишта. Додека жените се трудат да се намирисаат со најдобриот парфем и да ги отстранат сите несакани влакна, мажите на нив го забележуваат следното.rnrnneochekuvani-raboti-koi-mazhite-gi-obozhavaat-kaj-zhenite-kafepauza.mkrn

    Кога жената има убав од

    rnОблеката може да го привлече мажот, но елегантниот женски од ќе ги победи мини сукњите или залепените панталони.rn

    Природниот мирис на нејзината кожа

    rnПарфемот е секогаш пријатен, но природниот мирис на женската кожа е сосема друго, нешто посебно.rn

    Кога жената го гледа (подолго од 2 секунди)

    rnИма нешто посебно во женскиот поглед. Погледот кој трае нешто подолго од вообичаениот зборува дека сте заинтересирани за него, а нему му претставува комплимент и предизвик.rn

    Нејзиното лице кога ќе се разбуди

    rnМалку натечено лице и срамежлив поглед украсен со насмевка е нешто што неверојатно го привлекува заљубениот маж.rn

    Разбушавена коса

    rnИ додека жените се трудат нивната коса да изгледа беспрекорно, мажите тоа никогаш нема да го забележат. Но кога ќе се разбудите наутро, потполно природни со сите свои предности и маани тогаш тоа со сигурност ќе го забележат.rn

    Кога постојано се смеете

    rnВесела, прифатлива и позитивна личност е магнет за мажите. Поради тоа насмевката е најјакото средство.rn

    Пегите на лицето

    rnПудрата е совршена за криење и на најмалите несовршености на лицето. Ако мислите дека вашиот совршен тен ќе го привлече, се лажете. Пегите и малите несовршености на лицето за мажите се неодоливи.

  • 3 типа мажи кои жените најмногу ги сакаат

    3 типа мажи кои жените најмногу ги сакаат

    Постојат три типови мажи кои никогаш нема да имаат проблем да најдат партнерка. Станува збор за исклучителна сексуална привлечност, па проценете кој тип е идеален за вас.rnrn0-3-tipa-mazhi-koi-zhenite-najmnogu-gi-sakaat-kafepauza.mkrn

    1. Силен и мажествен

    rnАлфа мажите имаат големо количество на тестостерон, па секогаш шармираат со внимание. Мажественоста е она што ги пали жените и претставниците на овој тип мажи секогаш ќе бидат интересни за понежниот пол, без разлика на сè. Тие се како од филмска сцена – исончан градинар со цврсто, мускулесто и испотено тело кој ја презентира својата сила е нешто што ќе ја привлече секоја жена. Тука секако не станува збор за длабоки емоции туку за силна страст.rn

    2. Има стил

    rnЕлеганција и пристојност, внимателно одбрана облека и друштво, отмен пристап – ова би ѝ се допаднало на секоја жена. Иако наведените особини се карактеристики на богатите мажи, сепак не треба да имате многу нули на сметката туку доволно е да знаете што жените навистина сакаат. Ова може да се нарече и животинска атракција бидејќи експертите ја споредуваат со животните. Мажјакот на својата партнерка ѝ обезбедува топол дом, а жените сакаат сигурност и топлина.rn

    3. Тој го има „она нешто“

    rnНа сите оние кои ги проучуваат машко-женските односи им се „крева косата на главата“ кога ќе им се спомне „она нешто“. Меѓутоа, факт е дека за некои мажи кои не даваат никаков впечаток дека би можеле да бидат отров за жените, поубавиот пол предизвикан од нешто заклучил дека тој го има „она нешто“ и поради тоа тој станува посакуван. Тоа може да биде секси поглед, убав глас, привлечна насмевка, манири и талент, но најчесто произлегува од целосниот впечаток.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Нешта кои ги прават мажите неодоливо привлечни

    Нешта кои ги прават мажите неодоливо привлечни

    Ги сакаме и ги мразиме во исто време. Се буниме дека сите се исти, дека постојано ги прават истите глупости, а посебно нè вадат од кожа кога сфаќаме дека половина час сме збореле и збореле, а тие немаат сфатено ни два збора од тоа што сме го кажале. Но факт е дека без нив не сакаме. Вистинските мажи прават да се чувствуваме убаво и сигурно, а која жена не би сакала да се чувствува така? Иако ние жените имаме различен вкус кога станува збор за типови на мажи, сепак постојат одредени особини, физички и психички, кои ни се привлечни на сите.rnrn(2)-neshta-koi-gi-pravat-mazhite-neodolivo-privlechni-kafepauza.mkrn

    Физички особини

    rn

    1. Симетрија на лицето

    rnИстражувањата покажале дека една од највпечатливите работи во поглед на физичкиот изглед е симетријата на лицето. Таа означува добро здравје и добри гени, а ги прави мажите многу привлечни.rn

    2. Длабок глас

    rnДефинитивно една од најатрактивните карактеристики кај мажот е неговиот глас. Длабокиот и смирен звук ги прави неверојатно секси и авторитативни, па тој глас жените ќе го запомнат со сигурност.rn

    3. Очи

    rnДлабок и сконцентриран поглед кој прави да се чувствувате како најпосакуваната жена на светот. А кога станува збор за самото око, колку е потемен и поизострен лумбалниот прстен (кругот околу зеницата), толку е погледот подефиниран, а мажот попривлечен. Прстенот означува младост и здравје.rnrnrn

    4. Висина

    rnОколу метар и осумдесет е неверојатно привлечна висина нели? А може и повеќе. Според бројни истражувања, повисоките мажи имаат поголеми шанси кај жените.rn

    Психички и карактерни особини

    rn

    1. Страст

    rnЖените буквално паѓаат на оваа особина кај мажите. Страст во тоа што го прават, што го сакаат, страст кон личноста која ја сакаат и посакуваат. Жените ги возбудува помислата на маж кој не стои во место, туку постојано се обидува да извлече нешто повеќе од животот. Тоа се мажи кои имаат цел, знаат каде одат и се сигурни во себе да го постигнат тоа. Тие се исполнети и задоволни со себе, а најважно од сѐ е што знаат како да го изразат тоа. Мажите кои се водени од страста во животот се големи ентузијасти и луѓе кои не се откажуваат, а тоа ги прави неодоливо привлечни.rn

    2. Самодоверба

    rnУжасно привлечен маж е маж оној кој знае што сака и како да го добие тоа. Самодовербата е универзално атрактивна особина кога станува збор за машкиот пол. Иако често знае да премине во ароганција и себичност, сѐ што е во дозволените граници е само попримамливо. Тој маж верува во себе и во своите способности и знае точно кој е и што е. Тој се бори за тоа што го има и не бега при првите знаци на неволја. А таков маж е како магнет за секоја жена.rnrn(3)-neshta-koi-gi-pravat-mazhite-neodolivo-privlechni-kafepauza.mkrn

    3. Почит

    rnМаж со манири и однесување, кој ве почитува како жена и личност со свој став и погледи. Маж кој ве почитува во секоја смисла на зборот прави да го посакувате не само физички, туку на секој можен начин. Тој е привлечен во секоја смисла на зборот затоа што ве цени, ве слуша и делува како навистина да разбира што зборувате. Го цени вашето мислење, а нема ништо попривлечно од тоа.rn

    4. Интелектуалност

    rnНие ги сакаме паметните и способни мажи. Ниедна жена не може да поднесе маж кој, не само што не се разбира од ништо, туку и нема свое мислење. Постои изрека која вели дека нема ништо попривлечно од добар разговор. А маж кој знае што зборува дефинитивно спаѓа таму. Ви влева доза сигурност и желба да бидете со него. Тој е човек кој знае дека учењето никогаш не завршува и секој ден носи нова лекција со себе кој тој со полно срце ја прифаќа. Тој е личност со страст и амбиција. Неодоливо.rnrn(4)-neshta-koi-gi-pravat-mazhite-neodolivo-privlechni-kafepauza.mkrn

    5. Смисла за хумор

    rnАко може да ве насмее, тогаш ве освојува од прва. Она што ќе ја восхити секоја жена е способноста на мажот да ја разведри, а не секој маж го може тоа. Некои колку и да се обидуваат едноставно не можат да го предизвикаат тоа чувство на возбуда кое се јавува кај женското откако ќе слушне добра шега или, уште повеќе, шега на своја сметка која мажите многу ретко ја прават. Хуморот е многу важен дел од секојдневието, а мажот кој ќе успее да ве насмее дури и кога сте многу тажни, е маж кој ја добива заслужената шанса.

  • Адвокатска ТВ драма: Reckless (Тенка линија)

    Адвокатска ТВ драма: Reckless (Тенка линија)

    Адвокатската драма Reckless, која се одвива во Чарлстон, срцето на американскиот југ, е полна со напнатост. Во прв план е напнатоста која предизвикува привлечност помеѓу двајца адвокати на спротивставени страни, но и напнатоста во рамките на полицијата, помеѓу корумпираните и чесните полицајци.rn

    advokatska-tv-drama-reckless-tenka-linija-kafepauza.mkУлоги:

    rnАна Вуд (Џејми Соер)rnrnКем Жиганде (Рој Рајдерс)rnrnШон Хатоси (Тери Мекендлс)rnrnАдам Родригез (Престон Круз)rnrnЏорџина Хејг (Ли Ен Маркус)rnrnКим Вајанс (Ви Бригс)rnrnГрегори Харисон (Дек Фортнам)rnrnМајкл Гледис (Холанд Нокс)rnrnrnСамото име на серијата, Reckless (Тенка линија), не е одбранo случајно поради тоа што во центарот на приказната се двајцата главни протагонисти чија работа не дозволува никаков приватен однос и покрај силната привлечност што ја чувствуваат уште при првата средба. Јужњачкиот адвокат кој ја застапува полицијата и амбициозната адвокатка која тукушто се доселила од Њујорк и во судски процес ја застапува полицајката која добила отказ, низ целата серија ќе бидат на тенката граница која ги дели професионалниот и деловниот успех од личните желби и интимната среќа.rnrnВажниот судски процес поврзан со голема афера во полициската станица во Чарлстон ги става двајцата главни јунаци на спротивните страни од судницата, а со новите докази кои се откриваат низ серијата, линијата помеѓу жртвата и виновникот станува многу потенка. Тенката линија го дели моралното од неморалното во постапките на двајцата адвокати и во тоа колку далеку се подготвени да одат за страната што ја застапуваат. А најтенката линија е таа која никогаш не смеат да ја пречекорат, бидејќи ако ѝ се препуштат на сексуалната желба, и двајцата ќе си ги уништат кариерите.rnrn2-advokatska-tv-drama-reckless-tenka-linija-kafepauza.mkrnrnПривлечноста помеѓу главните јунаци на серијата не е никаква новост. Тој концепт секако се покажа како успешен во многу детективски серии во кои двајцата јунаци завршуваат како љубовна двојка, додека авторите на серијата Тенка линија ја поставија приказната така што ризикот од преминување на линијата од професионален во интимен однос е премногу голем, поточно, и за двајцата тоа значи пропаст на кариерата. И колку и да навиваме нашите јунаци да завршат заедно, во оваа серија секогаш ќе ги дели таа тенка линија до среќниот крај.rnrn3-advokatska-tv-drama-reckless-tenka-linija-kafepauza.mkrn

    ДАЛИ ЗНАЕВТЕ?

    rnВоведната сцена на Тенка линија ја најавува главната приказна околу која се вртат настани, се развиваат и се менуваат меѓучовечките односи, но и се менуваат страните во судскиот процес. А сцената изгледа шокантно. Автомобилски фарови до пат во предградие, ограда од жица, лисици и полицајка и детектив во акција. Сето тоа изгледа како сцена од црната хроника, иако авторите признаваат дека инспирација им бил спотот на хитот на „Вајтснејк“, „Here I Go Again“, бидејќи, како што објаснија, хевиметалците најдобро знаеле да покажат што им е секси на мажите. А тоа е едноставно, мажите сакаат коли и жени, а најдобро е ако се во комбинација….rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnОвие денови заедно со Pickbox.tv, имате можност да почнете да уживате во одличната ТВ серија Reckless (Тенка линија).rnrn[/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неколку чудни работи кои мажите ги привлекуваат кај жените

    Неколку чудни работи кои мажите ги привлекуваат кај жените

    Автор: Марија МитеваrnrnОва се осум работи кои доаѓаат сосем природно и спонтано, за кои жените ги доживуваат како секојдневие и нешто на кое никогаш не би му дале посебно значење. Но, дами верувајте, вашите мажи како да имаат детектор за вашите ситни несовршености и кај себе ги примаат како едни од најубавите елементи кои ги поседувате. Тој сака:rnrn1-nekolku-chudni-raboti-koi-mazhite-gi-privlekuvaat-kaj-zhenite-kafepauza.mkrn

    Кога ќе ве види несредена

    rnСите се восхитуваат на прекрасниот изглед на жените. Совршена шминка и фризура, со убаво и модерно парче гардероба, но вашите момчиња сакаат да ве видат со нивната природна убавина. Тие би требало да ве видат обична и природна, тоа е начинот преку кој момците подобро ја запознаваат својата девојка.rnrn2-nekolku-chudni-raboti-koi-mazhite-gi-privlekuvaat-kaj-zhenite-kafepauza.mkrn

    Кога сте исплашени

    rnДруга работа која мажите ги привлекува кај една жена е стравот. Всушност мажот сака да се постави заштитнички кон една жена, а тоа му дава шанса да ја утеши ѝ да и покаже дека тој за неа е принцот на бел коњ.rnrn3-nekolku-chudni-raboti-koi-mazhite-gi-privlekuvaat-kaj-zhenite-kafepauza.mkrn

    Стрии

    rnДоколку имате деца, воопшто немојте да се грижите за вашите стрии. Повеќето жени се несреќни затоа што ги имаат, но верувајте, вашиот маж нема проблем со нив. Тие се јавуваат како последица од бременоста и се сосем природни.rnrn4-nekolku-chudni-raboti-koi-mazhite-gi-privlekuvaat-kaj-zhenite-kafepauza.mkrn

    Очила

    rnМажите сакаат жени со очила и тоа е вистина. Па доколку се двоумите да ставите леќи немојте залудно да ги фрлате парите, на вашиот партнер и со очила сте му секси и неодолива. Се надевам ова е одлична вест за сите девојки кои носат очила.rnrn5-nekolku-chudni-raboti-koi-mazhite-gi-privlekuvaat-kaj-zhenite-kafepauza.mkrn

    Начинот на кој нанесувате шминка

    rnДали знаевте дека вашето момче сака да ве гледа додека се шминкате? Го восхитува начинот на кој прецизно го правите тоа. Момците исто така ги восхитува различниот стил на шминкање кај различни девојки. Затоа, дами, не срамете се да ја поправите шминката пред него.rnrn6-nekolku-chudni-raboti-koi-mazhite-gi-privlekuvaat-kaj-zhenite-kafepauza.mkrn

    Мокра коса

    rnЕдна од најинтересните работи е тоа што вашето момче навистина сака да ве гледа со мокра коса. Тие велат дека влажната коса изгледа добро, особено ако е долга па дури и кога е замотана во пешкир, тоа го сметаат за исклучително секси. Иако е чудно, можеби и вашиот партнер го сака тоа.rnrn7-nekolku-chudni-raboti-koi-mazhite-gi-privlekuvaat-kaj-zhenite-kafepauza.mkrn

    Кога вежбате

    rnМажите сакаат кога вежбате, едноставно им се допаѓа како изгледате кога сте по малку изморени и испотени од вежбањето. Можеби вие ова не го сметате за атрактивно, но верувајте мажите не би го пропуштиле ваквиот изглед.rnrn8-nekolku-chudni-raboti-koi-mazhite-gi-privlekuvaat-kaj-zhenite-kafepauza.mkrn

    Да ве види во неговата кошула

    rnКога вие сте облечени прилично лежерно и на вас ја носите неговата омилена кошула. Тоа за нив е најдоброто дизајнерско дело.rnrn9-nekolku-chudni-raboti-koi-mazhite-gi-privlekuvaat-kaj-zhenite-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Научно потврдено: Убавината навистина доаѓа одвнатре

    Научно потврдено: Убавината навистина доаѓа одвнатре

    Тоа дека убавината доаѓа однатре не е клише, сега е и научно потврдено. Од сите научни истражувања за убавината кои некогаш се објавиле, ова е единственото кое вреди да се прочита.rnrnНаучно потврдено: убавината навистина доаѓа одвнатреrnrnНовото истражување на академскиот журнал Карактер и индивидуални разлики (Personality and Individual Differences), докажува дека тоа како околината го перципира вашиот карактер влијае многу на нивото на вашата привлечност во туѓите очи. Со цел да се спроведе ова истражување, три групи мажи требало да оценат 60 кандидатки според нивото на привлечност. Најпрво лицата на кандидатките не покажувале апсолутно никакви емоции. По две недели на мажите им била дадена задача да ги оценат сосем истите кандидатки, само што овој пат на лицата на кандидатките јасно се гледале разни емоции. Тие покажувале среќа, лутина, искреност и сл. Емоциите биле поделени во три групи, и тоа, една група добила само негативни емоции, една само позитивни, а трета повторно неутрални.rnrnРезултатите се следни: иако во првото оценување мажите ги оцениле кандидатките слично, во второто оценување онаа група жени кои имале позитивни изрази и емоции на лицата биле оценети како попривлечни.rnrnВо време кога секојдневно излегуваат голем број истражувања, текстови и совети за тоа како треба да изгледа една жена, за тоа што треба да поправите на себе или какви жени мажите преферираат, едно вакво едноставно истражување е навистина добредојдено. Тоа нè враќа на самата основа на нештата, на времето кога бевме мали и нашите мајки ни велеа дека битен е карактерот. Она што сте вие, енергијата која ја пренесувате, емоциите кои ги искажувате ве прават привлечни и убави. Таква убавина продолжете да ширите секојдневно.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто жените „одлепија“ по Кристијан Греј?

    Зошто жените „одлепија“ по Кристијан Греј?

    Тој е лош, навредлив манипулатор, но сепак секоја жена посакува барем по една нијанса на сиво од згодниот Кристијан Греј. Еве 6 причини поради кои жените страсно го посакуваат овој фиктивен лик.rnrn0-zoshto-zhenite-odlepija-po-kristijan-grej-kafepauza.mkrn

    1. Бегство од здодевната реалност

    rnЉубителите на книгите знаат колку е убаво чувството на потонување во приказната и бегање од секојдневните здодевни работи и момчињата кои нѐ нервираат бидејќи упорно ги оставаат носените чорапи на подот и ги расфрлаат кошулите и вратоврските насекаде низ дома. Фиктивните ликови не се вистински и токму затоа се и најдобри. Не претставуваат вистинска опасност, не можат да ве повредат, изнервираат или изневерат. Не морате да размислувате кога ќе ги видите повторно. Ова момче е секогаш тука за вас и ве чека да му се вратите.rn

    2. Маж кој знае да презема контрола

    rnПовеќето жени цело време ги држат конците во свои раце, што понекогаш знае да биде прилично исцрпувачки. Едноставно сакате вашиот маж да ја преземе контролата и наместо прашањето: „Не знам, ти каде сакаш да одиме?“, само ќе ви каже „Резервирав ресторан вечерва во 9, ќе дојдам по тебе.“ Кристијан Греј е токму оној кој ќе се погрижи, бидејќи сте исцрпени и преморени, едноставно да седнете, да се опуштите и да му дозволите на вашиот партнер да ве нагости.rn

    3. Посесивноста има темна привлечност

    rnПовеќето го критикуваат Кристијан Греј бидејќи е премногу заштитнички настроен кон Анастасија Стил, и дека тоа всушност се граничи со посесивност. Иако секако не сакате вашиот дечко да ви вгради GPS, сепак е слатко и секси да замислите маж кој толку многу се грижи за вас, зарем не? Тоа е исто како со тепачките во клубовите. Ниедна жена не сака да се гледа со насилник, но самата идеја дека вашиот дечко, само поради тоа што некој друг ве погледнал, е спремен да се степа, ве доведува до инстинктивната реакција веднаш да го повлечете и да го однесете во кревет.rn

    4. Табуто е секси

    rnДенес, кога сѐ е рутина и стереотипи, па дури и сексот, секако дека ви е привлечна можноста да испробате нешто ново и да го истражите непознатото во една табу област како што е сексот. Може ќе ви изгледа бесмислено жените да фантазираат за тоа да бидат подредени во садо-мазо врски, во кои мажите им кажуваат што треба да прават, но самиот влез во црвената соба и идејата да му „слугувате“ на Кристијан Греј… ух, сигурно ве возбудува до лудило.rn

    5. Треба нешто да се поправи?

    rnЖените сакаат да ги поправаат работите. Тоа им е во природата. Ако видат возрасен човек кој е совршен, но психики скршен, веднаш им се пали сијаличката да му помогнат и да му ги залечат раните. Па тоа и нѐ возбудува кај доминантниот фиктивен лик со мрачна тајна која неминовно се одразува на неговите емотивно-сексуални врски. Единствената работа која е посекси од милијардер со доминантни карактеристики е милијардер кој е ранлив и ја чека вашата утеха и помош. Кристијан Греј е двете.rn

    6. Ах, тие стереотипи

    rnДечко успева да усреќи просечна девојка од средната класа. Тој во неа гледа нешто повеќе од просечност, а таа го чува божествениот дечко од самиот себе и од своите внатрешни демони. На сето тоа додајте ја сексуалната привлечност, скријте го конечниот исход до самиот крај – и ете, сте напишале бестселер.rnrnАвторката на „50 нијанси на сиво“ Е. Л. Џејмс признала дека книгата ја напишала инспирирана од „Twilight“ бидејќи била голем фан. Всушност Кристијан Греј го замислувала како попривлечна верзија на Едвард Кулен.rnrnГи обожаваме трагичните доминантни ликови од овие книги и филмови бидејќи ги обожаваме нивните варијации во карактерот. Знаеме дека не можеме сосема да им помогнеме, но сепак секогаш се враќаме по уште.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.