КАФЕ ПАУЗА

Tag: привлечност

  • 7 машки навики кои не делуваат привлечно, но всушност се многу секси

    7 машки навики кои не делуваат привлечно, но всушност се многу секси

    Понекогаш мажите прават чудни, непривлечни работи кои сепак им се допаѓаат на жените. Дали станува збор за феромони или за безусловна љубов не е важно. Најважно е тоа што тие машки навики се едноставни неодоливи за жените. Понекогаш и несексуалните работи знаат да бидат магнетно привлечни. Ова се 7-те непривлечни нешта кај мажите што ги привлекуваат жените…rnrn7 машки навики кои не делуваат привлечно, но всушност се многу сексиrn

    1. Кога ќе заборават да стават дезодоранс

    rnТелесниот мирис на нашиот партнер природно нѐ привлекува. Можеби помислата да го прегрнете испотеното тело на партнерот по вежбање ви делува одвратно, но за некои жени тоа е многу привлечно. Во секој случај, сигурни сме дека дури и тогаш кога вашиот сакан ќе заборави да стави дезодоранс, неговиот природен мирис има магнетен ефект на вас.rn

    2. Кога креваат тешки работи

    rnНе постои сомнеж дека жените се силни, но на сите дами понекогаш им треба маж за да подигне нешто тешко или да достигне некој предмет од високите полици. Тука нема ништо лошо. Освен тоа, мора да признаете дека мажите се многу привлечни кога креваат тежок мебел или ви помагаат да се преселите. Не станува збор за мажественоста што ја покажуваат во тој момент, туку за фактот што се грижат за вас доволно за да ви помогнат.rn

    3. Кога навистина ве слушаат

    rnВистинскиот партнер сака да чуе како ви поминал денот. Тој сака да дознае за драмата што се случила кај вас на работа, сака да знае како е вашата пријателка по раскинувањето и ве прашува како се чувствувате. Нема ништо попривлечно од маж кој навистина ве слуша не затоа што мора, туку затоа што сака. Има нешто неодоливо кај момците кои ве слушаат и гледаат внимателно, се смеат на вашите шеги и одговараат кога тоа е потребно.rnrn7 машки навики кои не делуваат привлечно, но всушност се многу сексиrn

    4. Кога се грижат за вас додека сте болни

    rnБолеста не е воопшто секси. Замислете си ја следнава ситуација: Имате стомачен вирус, постојано ви се повраќа и одите во тоалет по 100 пати на ден. Но, тој сепак не ве остава сами и се грижи за вас. Кога вашиот партнер е тука за вас и ви кажува дека изгледате прекрасно без разлика колку сте одвратни, тоа е неверојатно привлечно. Сознанието дека имате човек кој ќе биде до вас и во добро и во зло, без оглед на сѐ, е просто неодоливо. Тоа е вистинска љубов!rn

    5. Кога не се тушираат

    rnСекако дека личната хигиена е многу важна, но мажите кои заборавиле да се истушираат понекогаш се многу привлечни. Тогаш нивниот природен мирис станува поинтензивен и добиваат неодолив изглед на бунтовници. Нормално дека во ваков случај нема сите мажи да ви бидат секси, но ако станува збор за вашиот сакан, со сигурност нема да можете да им одолеете на неговите мажествени феромони.rn

    6. Начинот на кој одат

    rnМожеби тој само се „влече“ по улица во широка облека, но не е важно! Ако сте многу вљубени во вашиот партнер, тогаш сигурно и неговиот од ви е неодоливо привлечен. Почнувате да ги препознавате неговите уникатни чекори и не можете да го тргнете погледот од неговиот самоуверен став додека шетате заедно.rn

    7. Кога зборуваат за нешто што навистина им значи, а вие немате поим за што се работи

    rnРазговорите за работа, спорт и автомобили можеби не ве интересираат, но кога мажите зборуваат за нив со огромна страст и возбуда, мора да признаете дека тоа е најпривлечното нешто на светот. Тука не е важно она што го зборуваат, туку начинот на кој го прават тоа. Неговата страст за работите што ги сака, ве принудува и вие да почнете да ги сакате истите работи. Кога искрено го сакате и цените вашиот партнер, почнувате да ги сакате и работите што го прават среќен, бидејќи можете да забележите колку му значат.rnrnЕве уште неколку нешта кои ги прават мажите неодоливо привлечни.

  • 5 нешта што ја намалуваат привлечноста на мажите

    5 нешта што ја намалуваат привлечноста на мажите

    Многупати привлечноста е поврзана со физичкиот изглед, но таа е многу покомплицирана од тоа. Иако изгледот може да игра голема улога, привлечноста не зависи само од ова. Привлечноста вклучува и многу други ваши особини.rnrn5-raboti-koi-ja-namaluvaat-privlechnosta-kaj-mazhite-kafepauza.mkrnrnКако што постојат ситници кои ве прават попривлечни, постојат и работи кои значително ја намалуваат вашата привлечност. Погледнете дел од нив…rn

    1. Пасивни сте

    rn(1)5-raboti-koi-ja-naaluvaat-privlechnosta-kaj-mazhite-kafepauza.mkrnrnНајлошото нешто што можете да го направите кога станува збор за привлечноста е…. ништо. Најчестиот проблем е кога сакате некој, но никогаш не правите нешто за тоа. Сигурно имате бројни причини зошто не ги кажувате вашите чувства, но фактот дека не правите ништо останува и вам не ви е јасно зошто личноста што ја сакате не ве забележува. Можеби се плашите од одбивање, и полесно ви е да живеете во фантазијата дека ќе се случи некое чудо, но ова понекогаш изгледа патетично. Никој не го сака момчето кое не прави ништо. Вие само се жалите за ситуацијата без да воопшто да преземете нешто. Ако сте заинтересирани за некој и сакате да почнете нешто, треба да го направите првиот чекор.rn

    2. Лош мирис

    rn(2)5-raboti-koi-ja-naaluvaat-privlechnosta-kaj-mazhite-kafepauza.mkrnrnОва веројатно и не треба да ви го кажуваме, но сепак постојат мажи кои ја запоставуваат личната хигиена. Мирисот е многу моќно сетило, поврзано е со меморијата и со емоционалниот одговор. Мирисот може да игра голема улога во одлуката на некој дали ќе биде со вас. Но овде не станува збор само за лошиот мирис. Дури и мажите кои мирисаат како да се „избањале“ со парфемот стануваат многу помалку привлечни. Не заборавајте, овде спаѓа и мирисот на вашиот здив.rn

    3. Играте игри

    rn(3)5-raboti-koi-ja-naaluvaat-privlechnosta-kaj-mazhite-kafepauza.mkrnrnЕдна изрека вели „Оној што се грижи помалку ја има моќта.“ Ова е популарно поради мислењето дека ако не ја контролирате врската, жената сигурно ќе ве контролира вас. Многу мажи мислат дека не треба да покажуваат колку ја сакаат партнерката, и дека таа треба да биде личноста која ќе „трча“ по нив. Па вие ја почнувате играта каде што глумите незаинтересирани за врската. Проблемот во овој случај е тоа што вие ја гледате врската како борба за моќ, наместо како можност да се поврзете со некој. Играњето на овие игри само им покажува на луѓето дека вие не сакате врска, туку сакате да контролирате некој. А да бидеме искрени, ова не изгледа добро. Ова е големо непочитување, па личноста која била заинтересирана за вас многу брзо ќе ве тргне од животот.rn

    4. Се обидувате да личите на некој друг

    rn(4)5-raboti-koi-ja-naaluvaat-privlechnosta-kaj-mazhite-kafepauza.mkrnrnКолку сте поуникатни кога станува збор за изгледот, толку попривлечно изгледате. Ако се обидувате да изгледате како некој друг со цел да им се допаднете на другите, не правите ништо добро за себе. Можеби ќе мислите дека ова ќе има добро влијание на вашата привлечност, но тоа не сте вие. Запомнете, вие барате врска, не се обидувате да победите во натпревар за убавина. Подобро е да имате 5 луѓе кои навистина го сакаат вашиот изглед, отколку 20 кои мислат дека сте просечно добри.rn

    5. Лошо се однесувате

    rn(5)5-raboti-koi-ja-naaluvaat-privlechnosta-kaj-mazhite-kafepauza.mkrnrnОва е многу важно. Позитивните чувства кон некого прават да ги гледаме недостатоците во подобро светло, додека негативните прават да ги гледаме полоши од што навистина се. Луѓето кои изгледаат добро многу често се сметаат за посреќни, попаметни и подобри луѓе. Но, „лошите момци“ повеќе се трудат околу нивниот изглед, па затоа можеме да помислиме дека тие се подобри. Но, изгледот не е единственото нешто кое игра улога овде. Всушност, и вашето однесување може да го промени начинот на кој ве гледаат другите. Вашето однесување има многу поголемо влијание од изгледот, па затоа овде важи: Колку повеќе запознавате некој, толку попривлечно ќе ви изгледа. Освен ако немате лошо однесување. Тогаш вие ги убедувате луѓето дека воопшто не сте привлечни. Кога ќе запознаете некој кој е негативен или кој ве потценува, многу е веројатно сè во врска со него да ви изгледа негативно.rnrnАко сакате да бидете попривлечни, треба да научите како да бидете позитивни. Колку подобро луѓето ќе се чувствуваат во ваша близина, толку попривлечно ќе им изгледате. Дури и луѓето кои сметале дека сте совршени може да го сменат мислењето доколку лошо се однесувате со нив.rnrnОд друга страна, погледнете ги и нештата кои ги прават мажите неодоливо привлечни.

  • 8 совети за да изгледате попривлечно

    8 совети за да изгледате попривлечно

    Суров е фактот дека луѓето кои изгледаат привлечно имаат полесен живот. Привлечноста може да отвори многу врати кои инаку би ви биле затворени, па доколку сакате и вие да го пробате овој начин на живеење, еве што можете да направите за да бидете попривлечни во очите на другите.rnrn8-soveti-za-da-izgledate-poprivlechno-kafepauza.mkrnrn1. Добро држење на телото. Ќе се изненадите колку ова прави да изгледате подобро. Го прави вашиот стомак помал, а вашите гради поголеми. Исто така ќе изгледате полни со самодоверба.rnrn2. Насмевнете се. Среќните луѓе се секогаш попривлечни.rnrn3. Бидете добри. Многу луѓе изгледаат погрди отколку што навистина се бидејќи се непристојни, здодевни или злобни.rnrn4. Одете на фризер и кажете: „Вие сте професионалец, јас не знам што изгледа добро на мене.“ Тие ќе дадат сè од себе и ќе направат вашето лице да изгледа поубаво.rnrn5. Не сте свесни колку се важни веѓите. Ако вашите веѓи се средени и изгледаат убаво, целото ваше лице ќе изгледа многу подобро.rnrn6. Не се обидувајте да копирате нечиј стил. Откријте која облека ви прилега најдобро и носете ја. Ова ќе ви помогне да изгледате удобно и опуштено, а тоа е многу привлечно. Не го носете она што е модерно, тоа ќе направи да изгледате како да немате сопствен вкус.rnrn7. Многу луѓе не сфаќаат колкаво влијание има уредноста и чистота на нивниот изглед. Осигурете се да не мирисате на цигари или како ранец за во теретана. Исто така немојте да се „бањате“ со парфем. Без разлика колку добро изгледате, лошиот мирис го фрла сето тоа во вода.rnrnИ ако ништо од ова не функционира…rnrn8. Најпрво мора самите да научите да се сакате и да се чувствувате удобно во вашата кожа, бидејќи во спротивно никој друг нема да ве доживува како привлечна личност.rnrnПогледнете ги и 4-те типови на привлечност.

  • 9 психолошки трикови кои ќе ви помогнат да ги привлечете сите луѓе околу вас

    9 психолошки трикови кои ќе ви помогнат да ги привлечете сите луѓе околу вас

    Постојат луѓе кои зрачат со таков магнетизам што сите сакаат да им се доближат и да ги запознаат. Посакуваат да бидат како нив, да ги придобијат нивните симпатии и одобрување. Најинтересно е тоа што ваквиот силен впечаток воопшто не зависи од нивниот физички изглед. Следниве 9 психолошки трикови ќе ви помогнат да станете едни од тие неверојатно привлечни луѓе…rnrn9 психолошки трикови кои ќе ви помогнат да ги привлечете сите луѓе околу васrn

    1. Оставете личен печат

    rnНајпрво, ви треба оригинален изглед, односно комплетно уникатен детаљ. Новите луѓе кои ги запознавате ќе ве запаметат токму по онаа особина што ве издвојува од останатите. Тука не се мисли на убавиот физички изглед. Звучи чудно, но оригиналноста најдобро се изразува преку недостатоците и несовршеностите. Оригиналното држење, гестовите, изразот на лицето, интонацијата, начинот на комуникација или облеката што ја носите, сето тоа може да ве направи впечатливи. Постојат многу примери на познати личности кои се издвоиле од толпата благодарение на некој ситен детаљ по кој станале препознатливи…rn

      rn011

    • Чарли Чаплин – мустаќи, одело, бастун
    • rn011

    • Тилда Свинтон – асексуалност, природен изглед без шминка
    • rn011

    • Винстон Черчил – прекумерна тежина, цигари
    • rn011

    • Јосиф Сталин – мустаќи, луле, специфичен акцент
    • rn011

    • Адолф Хитлер – оригинален облик на мустаќи, интонација
    • rn011

    • Дита Вон Тис – стил од 40-тите години, црвен кармин
    • rn011

    • Мерилин Монро – боја на коса, бемка
    • rn011

    • Салвадор Дали – мустаќи, израз на лицето
    • rn

    rn

    2. Сонувајте на големо

    rnЛуѓето ќе ви пристапуваат и ќе ја ценат вашата уникатна личност, ако ја знаете причината за вашето постоење. Тоа ги подразбира вашите амбиции, цели и желбата да го промените светот. Борете се за нешто што ви значи. Човекот без сон е како книга без идеја. Кој би сакал да чита таква книга?!rn

    3. Бидете самоуверени

    rnЗа да бидете харизматични, мора да бидете самоуверени. Носете храбри и самостојни одлуки, не чекајте помош од другите и објаснувајте ги вашите идеи така што луѓето ќе можат да ве разберат. Луѓето околу вас ќе можат да ја почувствуваат вашата самодоверба не само поради вашето однесување, туку и поради начинот на говорење. Одбегнувајте изрази од типот „Претпоставувам“, „Се надевам“, „Очекувам“, „Можеби“, „Веројатно“.rnrn9 психолошки трикови кои ќе ви помогнат да ги привлечете сите луѓе околу васrn

    4. Немојте да се жалите

    rnДали би му се восхитувале на човек кој постојано се жали? Секако дека не. Шармантните луѓе размислуваат позитивно. Одбегнувајте ги критиките, жалбите и негативните теми на разговор. Дури и да не ви е сѐ супер во животот, зборувајте за она што ве прави среќни и ќе им го подобрите расположението и на вашите соговорници.rn

    5. Користете гестови

    rnВашето однесување треба да ја покаже вашата самодоверба. Немојте мрзливо да се влечкате, не си играјте со предмети или со делови од телото, обидете се да се смеете почесто, гледајте го соговорникот право во очи и не се затворајте. Со други зборови, секогаш кога ќе се појавувате во јавност однесувајте се и чувствувајте се како холивудска ѕвезда на црвен тепих.rn

    6. Бидете добри раскажувачи

    rnМногумина веруваат дека способноста да се претвори секоја приказна во нешто интересно и забавно е вистински талент. Но, тоа не мора да биде така. Станува збор за вештина што може да се научи. Зборувајте самоуверено, користете хумор, особено самоиронија, односно шегувајте се на своја сметка. Не заборавајте на говорот на телото, не ги кријте вашите емоции и бидете позитивни. Не грижете се доколку некоја од вашите приказни и шеги не го постигне посакуваниот ефект. Раскажувајте ги вашите случки. Луѓето ги споделуваат работите што им биле интересни.rnrn9 психолошки трикови кои ќе ви помогнат да ги привлечете сите луѓе околу васrn

    7. Не го тргајте погледот

    rnКога разговарате со некого, секогаш гледајте го соговорникот во очи. Понекогаш, само еден залутан поглед може да каже илјада зборови. Контактот со очи покажува дека го слушате вашиот соговорник, дека го разбирате и го почитувате како личност. Кога зборувате со некого на некој настан, не обрнувајте внимание на работите што се случуваат околу вас, туку задржете го фокусот на соговорникот. Не го проверувајте телефонот постојано, бидејќи луѓето ќе стекнат впечаток дека ви е здодевно и дека си барате поинтересни соговорници.rn

    8. Научете да ги слушате другите

    rnВие не сте најважната личност во светот. Покажете интерес за животот на другите луѓе. Ако слушате внимателно и поставувате прашања, вашиот соговорник ќе се почувствува посебно и ценето. Секако дека не треба да запаметите сѐ од она што ви го кажале другите, но почнете со тоа што ќе ги запаметите нивните имиња.rnrnНе заборавајте на следниов корисен трик: Кога некој ќе ви се претстави, повторете го нивното име и кажете нешто во стил на „Милош, драго ми е што те запознав“. Ако сакате другите луѓе да ве запаметат, употребете го истиот трик со вашето име: „Здраво, јас сум Сандра. Сандра Петревска“.rn

    9. Имитирајте го однесувањето на другите

    rnОва е многу едноставен трик кој ќе ви помогне да ги придобиете туѓите симпатии. Сѐ што треба да направите е да го имитирате однесувањето на соговорникот со тоа што ќе ги повторувате неговите изрази на лицето, интонација и гестови. Ова секогаш го постигнува посакуваниот ефект, бидејќи методот се заснова на природната човечка нарцисоидност, односно соговорникот несвесно почнува да мисли дека вие сте совршено усогласени.rnrnМожете да го искористите овој трик и за да ги присвоите уникатните белези на луѓето кои ви делуваат харизматични. Обрнете внимание на нивното однесување и обидете се да го имитирате. Тоа значително ќе ја зголеми вашата самодоверба.rnrnДоколку ве заинтересира оваа тема, прочитајте и како да оставите добар прв впечаток за само 9 секунди.

  • Бруталната вистина за „платонските“ врски

    Бруталната вистина за „платонските“ врски

    Кога ќе се запознаат дечко и девојка, потребни се околу 3 минути за да откријат дали постои физичка привлечност меѓу нив. Дали мислите дека е возможно да постои платонско пријателство помеѓу маж и жена кои физички се привлекуваат меѓусебно? Нормално дека од секое правило постојат исклучоци, но за повеќето луѓе веројатно одговорот би бил „Не“. Но, зошто е тоа така?rnrnБруталната вистина за „платонските“ врскиrnrnДа бидеме искрени: Кога мажот смета дека некоја жена е привлечна, тој е подготвен да стори сѐ што е потребно за да оствари физички контакт со неа. Тоа не значи дека мажите не се способни да одолеат на искушението предизвикано од физичката и сексуалната привлечност, но идејата секогаш ќе им биде присутна во глава, свесно или несвесно. Можеби дури и самите сте се увериле во тоа ако сте му „пуштиле водичка“ на вашиот најдобар пријател кој отсекогаш ви велел дека ве гледа како помала сестра.rnrnВистината е дека мажите го обожаваат сексот. Тие обожаваат и други работи, но сексот дефинитивно им е многу важен. Мажите веруваат дека жените би можеле да бидат во платонска врска со маж, но за нив тоа не функционира така. Сепак и за жените платонското пријателство со маж не е толку лесно колку што изгледа.rnrnИ кај жените се јавуваат истите мисли во глава кога ќе запознаат некој маж. И ним им се потребни само 3 минути. Во зависност од разговорот и хемијата во текот на тие 3 минути, жените одлучуваат дали би можеле да го замислат тој човек како нивен иден партнер.rnrnНа почетокот тие можеби навистина го сметаат мажот само за пријател, а не за потенцијален партнер, но мора да се земе предвид фактот дека порано или подоцна, жените имаат тенденција да се приврзуваат емоционално. Сепак, кај жените тоа се изразува поинаку. Тие понекогаш ги потиснуваат нивните вистински чувства и не ги покажуваат на мажите. Но, тоа не значи дека немаат задни намери кога станува збор за пријателството со спротивниот пол, исто како и мажите. И кај нив пријателството не е строго платонско иако можеби не помислуваат на секс. Сите жени барем еднаш си замислиле каква би била љубовната врска со нивниот најдобар пријател. Тоа кажува повеќе од доволно.rnrnВистинското прашање е дали мажите и жените треба да имаат строго платонско пријателство, ако тоа подразбира потиснување на вистинските емоции? Како што веќе споменавме, ова не важи за сите, но важи за поголемиот број од случаите.rnrnАко имате среќа ќе завршите и со најдобар пријател и со партнер. Нема подобра комбинација од пријателство и љубов Но, не заборавајте дека единственото нешто што е полошо од тоа да ви се допаѓа вашиот пријател од спротивниот пол е да се преправате дека тоа не е така. Бидете искрени и со себеси и со другите и не плашете се од вашите чувства. Ризикот дека ќе изгубите драгоцено пријателство е голем, но наградата што можете да ја добиете поради храброста е уште повредна.rnrnДоколку сепак одлучите да го зачувате пријателството со лице од спротивниот пол, прочитајте како може да се оствари успешно пријателство меѓу машко и женско.

  • Косата игра огромна улога во женската привлечност: Еве што им е најважно на мажите

    Косата игра огромна улога во женската привлечност: Еве што им е најважно на мажите

    Можеби отсекогаш сте мислеле дека мажите сакаат русокоси девојки, но тоа е далеку од вистината. Која жена ќе им го привлече вниманието, зависи од многу различни нешта. Секако, постојат одредени момци кои се привлечени од одреден тип жени и се фокусираат само на нив, но постојат и такви на кои може да им се допаднат различни карактери. Но, каква е ситуацијата кога станува збор за фризурите на жените? Дали знаете каква коса мажите сакаат да видат кај нивната понежна половина? Погледнете ги размислувањата од машки агол и дознајте со која фризура можете најлесно да ги привлечете.rnrnКосата игра огромна улога во женската привлечност: Еве што им е најважно на мажитеrn

    Дали мажите сакаат кратка или долга коса?

    rnДолгата коса отсекогаш била и секогаш ќе биде една од најдобрите карактеристики на женската привлечност. Прекрасната распуштена коса привлекува многу погледи и може да биде голема предност ако е чиста, уредно средена и негувана. Колку што е подолга, толку подобро, затоа што таа секогаш умее да привлече внимание. И косата со кадрици е исто така одлична, но на поинаков начин. Имено, текстурата на дивата виткана коса е поинаква на допир, момците повеќе може да си играат со неа и да ја допираат. Од друга страна пак, кратката коса истакнува други карактеристики на девојките. Ако девојката носи обетки, ѓердан или има тетоважа на вратот или некаде во негова близина, кратката фризура ќе ги покаже и ќе ги истакне истите овие детали. Исто така кратката коса може да се носи и на повеќе начини, така што не е лошо да изберете и ваква фризура.rn

    Мирисот на косата на девојката

    rnМомците очекуваат косата на девојките да мириса пријатно. Тие го сакаат мирисот на шампон или балсам, а исто така сакаат и кога таа е мазна и мека. Секогаш кога некоја убава девојка ќе помине покрај нив, тие се свртуваат кон неа и се обидуваат да го вдишат мирисот кој таа го остава. Секогаш кога тие ги прегрнуваат девојките, особено посебно внимание обрнуваат на мирисот кој е потврда дека таа девојка не само што изгледа убаво, туку се грижи за себе и за впечатокот кој го остава, а исто така покажува дека има добра лична хигиена. Не значи дека момците ќе ги одбијат девојките ако не мирисаат на шампон или балсам, но секако ова е огромен плус кој ја зголемува нивната привлечност.rn

    Косата собрана нагоре

    rnНекои девојки изгледаат привлечно кога нивната коса е собрана во коњско опавче или пунџа. Изгледа убаво кога целата е прибрана, но момците повеќе сакаат кога таа е пуштена, затоа што на тој начин има голема моќ на привлекување внимание. Но, не треба постојано да ја носите така, дури и ако на овој начин изгледате поубаво, затоа што секогаш е подобро кога ќе смените нешто кај себе и нема да се покажувате во исто издание. Што се однесува до кратката коса, таа им прилега подобро на некои девојки, но, во секој случај, станува збор за различни мислења и вкусови.rnrnКосата игра огромна улога во женската привлечност: Еве што им е најважно на мажитеrn

    Обоени прамени кои ја истакнуваат косата

    rnНагласувањето на одредени прамени секогаш изгледа добро ако тие се направени правилно, но тоа не значи дека косата без обоени прамени не изгледа добро. Доколку некоја девојка која до тогаш имала „обична“ боја на коса, се појави со нови, свежо обоени прамени, веднаш ќе го смени впечатокот кој го остава, па ќе изгледа попривлечна и поинтересна. Затоа, ако сакате да го надополните и да го смените вашиот изглед, па и да добиете повеќе внимание од момците, тогаш вреди да се обидете со истакнување на некои прамени коса. Нема да зажалите!rn

    Менување на бојата на вашата коса

    rnИсто како и обоените прамени, така и промената на бојата на вашата коса може да смени многу во вашиот изглед. Но, внимавајте, затоа што понекогаш резултатите може да не бидат толку добри како и оригиналната боја. Доколку изберете боја која не ви прилега, тоа нема да ви донесе ништо добро. Ако не сте сигурни во тоа што треба да изберете, можете да се консултирате со вашите најблиски и да видите што мислат тие. Уште подобро е ако имате машки пријатели кои може да ви дадат мислење од нивна перспектива. Но, сите момци се различни, па, конечната одлука треба да ја донесете самите, затоа што вие најдобро знаете што ви прилега вам, па кога ќе се погледнете во огледалото треба да го сакате одразот кој го гледате.rnrnКосата игра огромна улога во женската привлечност: Еве што им е најважно на мажите

  • Науката открива: Луѓето кои добро раскажуваат приказни се попривлечни

    Науката открива: Луѓето кои добро раскажуваат приказни се попривлечни

    Дали веќе подолго време сте сингл и не можете да сврзете три нормални љубовни состаноци едно по друго? Проблемот можеби лежи во вашите раскажувачки вештини. Според истражувањето спроведено на Универзитетите во Северна Каролина и во Бафало, луѓето кои добро раскажуваат приказни се попривлечни.rnrnНауката открива: Луѓето кои добро раскажуваат приказни се попривлечниrnrnИспитаниците добиле фотографии од потенцијални партнери од кои требале да проценат дали се добри раскажувачи. Потоа, им дале да прочитаат добра или лоша приказна која наводно била напишана од страна на потенцијалниот партнер. На крајот, истражувачите се обиделе да дознаат зошто раскажувачките способности влијаеле само на женската перцепција кога станува збор за одредување кој маж би можел да им биде посериозен партнер.rnrnИстражувачите откриле дека според жените, мажите кои добро знаат да раскажуваат приказни имаат потенцијал за сериозна врска. Раскажувачките вештини не влијаеле на машките проценувања за жените, ниту ги смениле женските мислења во однос на изборот на партнер за несериозна врска. Мелани Грин, еден од авторите на истражувањето, објаснила дека раскажувачките вештини се поврзуваат со тоа колку еден човек е грижлив и дарежлив, што се многу важни особини за жените при изборот на потенцијален партнер.rnrnДури и да сте во посериозна врска, способноста да раскажувате приказни ќе ве направи попривлечни за партнерот. Како што поминува времето, ќе дојде ден кога нема да имате што да си раскажете, барем привремено. Ако можете секојдневните баналности да ги претворите во интересни приказни, вашата врска со партнерот ќе биде поцврста и постабилна. Слободно раскажувајте добри приказни колку што сакате!rnrnВо продолжение прочитајте и која главната тајна на машката привлечност.

  • Како може законот за привлечност да ви го направи животот поромантичен?

    Како може законот за привлечност да ви го направи животот поромантичен?

    Дали посакувате вашиот живот да биде поромантичен? Сите мажи и жени ја имаат оваа желба. Доколку веќе некое време се обидувате да најдете партнер или подолго време сте во сериозна врска, веројатно сте свесни дека одамна никој не ве одвел на седмо небо. Додека гледате романтични комедии сигурно се прашувате: „Зошто мене никогаш не ми се случило тоа?“, „Зошто никој не ми купува цвеќиња, не ми пишува поезија и не ме гледа на тој начин?“rnrnКако може  законот за привлечност да ви го направи животот поромантичен?rnrnПа, како би можеле да ги направите вашата врска и секојдневниот живот поромантични? Одговорот лежи во вас самите. Вие треба да го повикате законот за привлечност. Доколку не сте запознаени со овој закон, станува збор за филозофија претставена преку зборовите „тоа што го мислите, тоа го привлекувате“.rnrnСекоја енергија што ја шириме, привлекува енергија со сличен интензитет. Ако зрачите со негативност, универзумот ќе ви ја испрати истата таа негативна енергија назад. Истото важи и за позитивноста.rnrnМожеби не постојат научни докази за овој закон, но има голем број книги кои ја обработуваат оваа тема, бидејќи звучи навистина логично од филозфоски аспект. Според законот за привлечност, она што му го давате на светот, тоа и ќе го добиете. Тоа се однесува и на љубовниот живот.rnrnДоколку ви недостасува романтика во животот, запрашајте се дали вие сте романтични. Дали вие му симнувате ѕвезди на партнерот? Дали му пишувате поезија, му приредувате романтични вечери и ненадејно му се појавувате на врата со чоколадо и шампањ?rnrnКако може законот за привлечност да ви го направи животот поромантичен?rnrnДоколку не давате сѐ од себе за да збогатите нечиј живот со романтика, зошто некој би го правел тоа за вас? Романтиката не е нешто што треба само пасивно да го добивате. Романтиката е двонасочна улица.rnrnДоколку сметате дека во животот ви недостасува романтика, единственото решение за проблемот е вие самите да станете романтични. Треба да му покажете на универзумот какви романтики би сакале да доживеете преку ваш личен пример. Покажете му на партнерот точно каква романтика посакувате. Угодувајте му, храбро изјавувајте ја вашата љубов и организирајте емотивни љубовни состаноци.rnrnСекако дека треба да ги прилагодите вашите гестови на неговиот карактер. Доколку вие обожавате масажи, но вашиот сакан не може да ги поднесе, немојте да закажувате масажа за парови само затоа што сакате да му покажете дека навистина би сакале повеќе масажи во иднина.rnrnТреба да го покажете истото внимание што и вие посакувате да го почувствувате. Бидете романтични и инспирирајте го партнерот да ви возврати на истиот начин. Ако навистина се трудите, но не ја добивате посакуваната повратна реакција, можеби универзумот сака да ви каже дека оваа врска не може да ви го пружи она што ви треба.rnrnЗаконот за привлечност не подразбира привлекување само на нови луѓе и искуства. Тој подразбира и привлекување на работите што ги посакувате во животот, вклучувајќи ја и љубовта. Ако ви треба повеќе романтика во животот, покажете му на светот колку сте вие самите романтични. Оваа едноставна стратегија многу ќе ви помогне кога ќе го пронајдете вистинскиот партнер за вас и ќе ве увери дека љубовта што ја гледате на филмовите навистина постои.

  • Во денешно време најтешко е да се најде вистинска љубов

    Во денешно време најтешко е да се најде вистинска љубов

    Сите знаеме што се случува во мозокот кога ќе се запознаеме со некого. Едниот дел од мозокот одлучува дали личноста ви е физички привлечна, а другиот дел се обидува да одреди дали таа ви се допаѓа како човек. Дали би можеле да поминувате повеќе време со тој човек? Меѓутоа, оваа мозочна активност не е многу корисна во современото општество.rnrnВо денешно време најтешко е да се најде вистинска љубовrnrnПорано, луѓето го наоѓале нивниот партнер преку заеднички пријатели, познајници или пак роднини, така што тие веќе имале доволно информации и знаеле дали е безбедно да се заљубат или не. Денес, поголемиот дел од потенцијалните партнери со кои се состануваме ни се непознати, па дури и чудни. Деловите од мозокот што одлучуваат дали некој ни се допаѓа донесуваат избрзана одлука и најчесто велат „Нема шанси“, без да ни дадат можност вистински да го запознаеме човекот кој можеби е оној вистинскиот.rnrnЗа нештата да бидат уште покомплицирани, имаме многу малку информации за новите луѓе што ги запознаваме. Поради тоа, сите површни податоци што ќе ги добиеме ги земаме здраво за готово. Не би ви биле толку важни неговите искривени заби, кога би знаеле дека тој е брилијантен професор, милионер, познат музичар и слично.rnrnПрвите впечатоци не се целосни, а постои голема веројатност дека вашиот мозок ќе одговори негативно на нив и ќе одбие некој кој навистина ви одговара и би можел да ви биде партнер. Мозочните активности не се секогаш корисни во денешната современа атмосфера на социјални мрежи и развиена технологија. Освен ако деловите од мозокот не ви велат дека одреден човек воопшто не ве привлекува физички и неговиот карактер ви е исто толку одбивен, обидете се да не ги слушате гласовите на разумот и да ги занемарите тие неколку мали недостатоци.rnrnИстражувањата покажуваат дека колку повеќе комуницирате со некого, толку повеќе почнувате да го сметате човекот за привлечен интересен, паметен, сличен на вас, а толку поголеми се и шансите дека ќе почне да ви се допаѓа. Според некои податоци и анкети, 35% од мажите и жените се вљубуваат во некој кој на почетокот не им бил физички привлечен.rnrnЗамолчете ги гласовите во вашата глава што ја одредуваат човечката физичка привлечност и фрлете уште еден поглед. Љубовта се крие на необични места.

  • Дознајте ја тајната што ќе ви помогне да им станете попривлечни на луѓето

    Дознајте ја тајната што ќе ви помогне да им станете попривлечни на луѓето

    Постојат луѓе чиј изглед не се согласува со општествените стандарди за убавина, кои не ги следат модните трендови и не се стремат кон тоа да достигнат совршенство. Но, токму тие зрачат со некоја мистериозна, речиси волшебна привлечност со која ги освојуваат сите луѓе околу нив. Сигурно се прашувате од што зависи меѓусебната привлечност? Верувале или не, нема никаква врска со физичкиот изглед.rnrnДознајте ја тајната што ќе ви помогне да им станете попривлечни на луѓетоrnrnОдговорот е многу јасен: Вашата привлечност во очите на другите најмногу зависи од вашите чувства. Ова можеби звучи очигледно, но не е толку лесно да се примени. Не е доволно само да ги искажувате емоциите. Вашите чувства треба да бидат искрени и што е најважно – едноставни. Нѐ привлекуваат луѓе чии емоции можеме лесно да ги разбереме. Изгледот не е толку важен во овој случај.rnrnНесвесно бараме партнери и пријатели кои размислуваат слично како нас и ги негуваат истите етички вредности. Кога ќе наидеме на таква личност, таа потсвесно почнува да ни станува привлечна. Овие податоци биле пронајдени благодарение на експериментот на Силк Андерс, професорка на Универзитетот во Либек, Германија. Таа побарала од група волонтери да гледаат видеа од жени кои преку изразот на лицето покажувале страв или тага.rnrnПо гледањето на видеата, испитаниците требале да го оценат она што го виделе. Резултатите покажале дека колку подобро волонтерите можеле да разберат како жената на екранот се чувствува, толку попривлечна им била, без оглед на нејзиниот физички изглед.rnrnИстражувачите исто така ја мереле и мозочната активност на луѓето за време на експериментот. Се дознало дека постои зголемена активност во областа од мозокот што е задолжена за тоа да одреди колку нѐ привлекуваат другите луѓе кога испитаниците биле најсигурни за емоциите што ги доживувале жените од видеата.rnrnСо други зборови, ако можеме лесно да откриеме и прифатиме нечии емоции, тоа значи дека можеме да ѝ веруваме на таа личност. Сметаме дека можеме да пронајдеме заеднички јазик и затоа таквите луѓе нѐ привлекуваат на потсвесно ниво.