КАФЕ ПАУЗА

Tag: привлечност

  • Дали интелигенцијата е навистина секси?

    Дали интелигенцијата е навистина секси?

    Неколку психолози откриле дека мажите со најздрава сперма се оние со највисок коефициент на интелигенција. Покрај тоа, квалитетот на спермата е поврзан со квалитетот на мозокот. Ова објаснува зошто жените сакаат паметни и духовити мажи – тие имаат најдобри гени за нивното потомство. Ова конечно објаснува зошто најинтелигентните луѓе имаат најмногу обожаватели. Изгледа дека веќе изгледот не е најважен и првото место на листата го зазема токму интелигенцијата.rnrnzoshto-inteligencijata-e-navistina-seksi-kafepauza.mkrnrnИстражувањето, што било спроведено од страна на психологот и професорот Џефри Милер од Универзитетот во Ново Мексико, вклучувало студија од 400 воени ветерани на коишто им биле зададени тешки ментални тестови, а потоа од нив било побарано да овозможат и примерок од сперма. Според резултатите, мажите што добиле повисок скор на тестовите за интелигенција исто така имале и повисок степен на здрава сперма.rnrnНо ова не значи дека само жените сакаат интелигентен партнер. Постои верување дека мажите се чувствуваат лошо ако нивната партнерка е интелигентна. Но, едно истражување покажало дека 86% од мажите би сакале да имаат партнер кој е попаметен од нив. Ова докажува дека интелигенцијата е секси без разлика на полот. Од друга страна пак, пониските скорови биле поврзани и со понеквалитетна сперма.rnrnПрофесорот Милер верува дека квалитетот на спермата е директно поврзан со квалитетот на мозокот. Овие две карактеристики паралелно еволуирале како начин за рекламирање добри гени. Тој исто така верува дека и голем број човечки особини, како јазикот, интелигенцијата, хуморот и несебичноста, исто така е можно да еволуирале да бидат атрактивни за женскиот пол.rnrnНо ова не значи дека само жените сакаат интелигентен партнер. Постои верување дека мажите се чувствуваат лошо ако нивната партнерка е интелигентна. Сепак друго истражување покажало дека 86% од мажите би сакале да имаат партнерка што е попаметна од нив. Ова докажува дека интелигенцијата е секси без разлика на полот.rnrnПрочитајте и зошто токму хуморот се смета за една од најпосакуваните и најсекси особини кај спротивниот пол.

  • Дали хуморот е навистина секси?

    Дали хуморот е навистина секси?

    Постои голема разлика од она што го сметаме за смешно и она што го сметаме за духовито. Разлика помеѓу смеата како израз за добро расположение, ведрина и радост и како реакција за нешто што ни е смешно. Во разните истражувања за тоа кои особини се ценат најмногу кај потенцијалните партнери, духовитоста се наоѓа многу високо, и кај мажите и кај жените. Но никој не би започнал врска со некого само затоа што е забавен. На крај, привлечноста и хемијата се на прво место, а ако личноста која ве привлекува има и смисла за хумор, тоа е само уште еден вид поврзаност. Потребно е да го цениме партнерот, да го сметаме за паметен, способен и добар човек, а ако има и смисла за хумор која ни годи, тоа е само бонус.rnrnДали хуморот е навистина секси?rn

    Хуморот како показател за менталното здравје

    rnНаучниците биле зачудени од тоа што духовитоста е една од најпосакуваните одлики кај партнерот, па во истражувањата забележувале одговори за тоа зошто ни е важен хуморот во односот. Една од вредностите на хуморот можеби е тоа што тој е показател на менталното здравје и стабилноста. Личностите кои духовито реагираат во стресни ситуации, влеваат доверба со својата ментална сила – тие нудат друга перспектива на целата ситуација и на здрав и конструктивен начин се справуваат со околностите.rn

    Духовитоста како израз на интелигенцијата

    rnДобрата смисла за хумор секогаш оди со висок степен на интелигенција. Односно, ако некој знае да се шегува, сигурно е многу паметен. Ако е паметен, можете да се потпрете на неговата способност да се снајде во непознати ситуации. Животот е полн со непредвидливи и непознати ситуации, па интелигенцијата влева сигурност.rn

    Хуморот како дел од сексот

    rnКакво би било флертувањето ако во него нема доза хумор? Сепак, ако хемијата е силна, додека флертувате со некого дури и најлошите шеги може да бидат причина за смеа. Кога две личности флертуваат, тие се смеат и изгледаат како добро да се забавуваат. Сексот вклучува заведување со шеги, од кажување глупави вицови, до софистицирани интелектуални провокации. Веројатно го правиме ова бидејќи немаме раскошни пердуви или рогови како животните.rn

    Без телесна привлечност, хуморот не функционира

    rnАко сте биле во прилика да одбирате помеѓу партнер кој лудо ве забавува и партнер кој навистина ви го одзема здивот, сигурно сте го избрале вториот.rn

    Смеата како израз на радоста во односот

    rnДури и ако хуморот на вашиот партнер не е сличен со вашиот хумор и ако сметате дека не е многу духовит, голема е веројатноста и покрај тоа често да се смеете заедно. Во кревет, во друштво, додека гледате некој филм, хуморот е важен начин на комуницирање, а со смеата во која уживате заедно ја покажувате вашата радост, виталност и поврзаност во врската.rnrnЗнаевте ли дека мрачната смисла за хумор е знак за висока интелигенција?

  • Експертите откриваат: Што се случува со вашето тело кога навистина ви се допаѓа некој?

    Експертите откриваат: Што се случува со вашето тело кога навистина ви се допаѓа некој?

    Првиот знак дека ви е допаѓа некој е нервозата која ја чувствувате во негова близина. Испотени дланки, пеперутки во стомакот, забрзано чукање на срцето, па дури и анксиозност се знаци дека некој ви се допаѓа. Но како да знаете дали овие физички симптоми потекнуваат од страст или од несигурност?rnrnЕкспертите откриваат: Што се случува со вашето тело кога навистина ви се допаѓа некој?rnrnРазбирањето на комбинацијата од сигнали кои доаѓаат од вашите глава и срце ќе ви помогне да сфатите дали навистина сакате да бидете со некого или пак само сте привлечени од начинот на кој тој/таа прави да се чувствувате. Погледнете ги знаците кои јасно покажуваат дека некој навистина ви се допаѓа.rn

    1. Го сакате нивниот мирис

    rnСпоред Лиса Хошбергер, сексолог и експерт за врски, ако ви се допаѓа начинот на кој мириса некој, вашите феромони ве поддржуваат. Феромоните се супстанцата која животните, вклучувајќи ги и луѓето, ја лачат за да комуницираат едни со други.rn

    „Ако почувствувате мирис кој не ви се допаѓа, тоа значи дека не сте привлечени од ферoмоните на таа личност. Ако забележите арома која е нешто што не го сакате, тоа може да е поврзано со вашата способност да бидете со личноста физички.“

    rnФеромоните им помагаат на животните на природен начин да идентификуваат партнер со различен имунолошки систем. Со ова нивните потомци би имале подобри шанси да се одбранат од болести и патогени. Нивното влијание е толку моќно што може буквално да ве натераат да не ви се допаѓа некој. Сепак, станува збор за животински инстинкт.rn

    2. Ве привлекуваат физички

    rnКога ви се допаѓа некој, позицијата на вашето тело е прилагодена со неговото. Постојано сте свртени кон таа личност и ѝ обрнувате внимание.rn

    „Можно е дури да забележите дека се навалувате кон личноста бидејќи сакате да ја бакнете. Кога некој не ве привлекува физички, вашиот ум не ни помислува на тоа да се доближете.“

    rnЕдноставно, кога сакате да бидете со некого, вашето тело сака да биде во негова близина. А вашата физичка форма ќе направи сè што е потребно за да ја претвори таа потсвесна желба во реалност.rn

    3. Чувствувате страст

    rnКога навистина ви се допаѓа некој, не можете да јадете или да спиете. Бидејќи постојано мислите на таа личност, ви се одвлекува вниманието од сè што правите. На почетокот страста која ја чувствувате може да ви го отежни функционирањето.rn

    „Ако не размислувате за некого, веројатно не ви се допаѓа толку многу.“

    rnМожеби звучи очигледно, но помислете колку пати сте помислиле дека ви се допаѓа некој само затоа што сте сметале дека мора да ве привлекува таква личност, за потоа целосно да заборавите на него или на неа.rnrnЉубовта не е нешто што може да се избрза. Ако не ги чувствувате овие работи во вашето тело, тоа значи дека треба да ја фокусирате вашата љубов на оние нешта што ги сакате, како на пример, на пријателите, на домот, како и на вас. Без разлика дали ги чувствувате овие работи или не, тоа не значи дека љубовта не е постојано околу вас.rnrnДознајте и кои работи ги прават жените кога им се допаѓа некој.

  • 5 причини зошто нѐ привлекуваат луѓето со кои не би требало да започнеме врска

    5 причини зошто нѐ привлекуваат луѓето со кои не би требало да започнеме врска

    „Добрите луѓе не се вљубуваат секогаш во добри луѓе.“ – Џонатан Францен

    rnПривлечноста е основната причина поради која започнуваат врските. Откако ќе нѐ привлече некој човек, почнуваме да размислуваме за понатамошниот развој на односот. Но, некои привлекувања немаат никаква врска со љубовта. Понекогаш причините поради кои се привлекуваме со некого се сосема различни. Привлечноста нѐ заслепува и прави да размислуваме пристрасно.rnrn5 причини зошто нѐ привлекуваат луѓето со кои не би требало да започнеме врскаrnrnОд таа причина честопати ги гледаме само позитивните страни на луѓето кои нѐ интересираат, а ги игнорираме нивните негативни страни. Нас можеби многу нѐ привлекува некој човек и почнуваме да се вљубуваме во него, но тој се интересира за нас само за да извлече некаква корист. Доколку сѐ оди како што треба, по привлечноста доаѓа љубовта, па дури потоа станува збор за посветеноста, лојалноста и така натаму. Но, првичната привлечност мора да биде искрена за да дојде до сето тоа.rnrnСепак, не можеме да читаме мисли. Многупати, нѐ привлекуваат луѓе од сосема погрешни причини. За да се поштедите себеси од болката, мора прво да разберете зошто ве привлекува одредена личност. Ова се 5-те погрешни причини поради кои се раѓа вашата привлечност кон некого…rn

    1. Мислите дека на човекот му треба вашата помош

    rnСите имаме проблеми. Но, врската не може да опстои доколку постојано се обидувате да спасите некого или да му помогнете. Пожарникарите, докторите и полицајците секој ден го прават тоа за нас. Дали тоа значи дека ние сме во врска со нив? Секако дека не! Во врската, мора да го поддржувате партнерот, но секако дека тоа треба да ви биде возвратено. Можеби мислите дека на вашите сакани им треба вашата помош, но вистината е дека тие само ве искористуваат. Доколку некому навистина му треба вашата помош, треба да помогнете. Но, ваквиот случај не е таков. Немојте да мислите дека сте должни да забавувате некого.rn

    2. Мислите дека можете да го промените човекот

    rnСите заслужуваме втора шанса. Нормално е на вашиот партнер да му се случи да направи грешка и да се извини. Но, ако тоа постојано се случува, треба да престанете да ја трошите вашата енергија на врската. Не можете да промените некого, освен ако тој не сака самиот да се промени. Доколку мислите дека можете да промените некого и да му помогнете да стане подобра личност, тогаш живеете во голема лага. Тоа никогаш нема да се случи.rnrn5 причини зошто нѐ привлекуваат луѓето со кои не би требало да започнеме врскаrn

    3. Вашиот партнер прави да се чувствувате виновно поради вашите постапки

    rnАко сѐ уште го сакате вашиот партнер поради тоа што прави да се чувствувате виновно за вашите дела, ве обвинува за недоразбирањата и секогаш ви вели дека врската нема да успее поради вас, тогаш тоа не е љубов. Вашиот партнер направил да ја изгубите вашата самодоверба. Вие сте му дале право да расудува што е добро, а што лошо. Не му дозволувајте да преземе контрола врз вашиот живот. Можеби некогаш сте згрешиле, но не сте вие секогаш виновни за сѐ и вашиот партнер сигурно не е светец. Вашиот сакан или сакана ги прават овие ниски работи затоа што не чувствуваат доволно љубов кон вас. Самите се повредувате во врската.rn

    4. Луѓето околу вас ви велат дека треба да бидете со тој човек

    rnМора да разберете нешто еднаш засекогаш. Ова е ваш живот и вие самите треба да одлучите што е добро, а што лошо за вас. Смеете да прифаќате совети и предлози од други луѓе, но ги земајте нивните зборови здраво за готово и немојте да правите нешто што ви создава непријатност. Ако мислите дека не треба да се смирите со поранешниот партнер, тогаш не правете го тоа. Ваш живот, ваша одлука.rn

    5. Мислите дека ја сакате личноста

    rnБез оглед на тоа колку сте повредени, сѐ уште мислите дека сте многу вљубени. Тука не се работи за привлечност, туку за сите убави спомени што прават да чувствувате дека станува збор за вистинска љубов. Можеби навистина ја сакате оваа личност, но доколку љубовта не ви е возвратена, тогаш тоа не е вистинска љубов. Чувајте ги спомените таму каде што треба да бидат – во минатото.rnrnЗапознајте се себеси пред да се вљубите во некого. Бидете претпазливи и држете ги очите ширум отворени пред да започнете врска за да се поштедите од сета болка и разочарување.rnrnПрочитајте ги и следниве 12 алармантни знаци дека сте во лоша љубовна врска.

  • 11-те карактеристики на совршениот маж од научна гледна точка

    11-те карактеристики на совршениот маж од научна гледна точка

    Совршениот маж со мускулесто тело, кој е интелигентен и многу храбар постои само во фантазиите. Секоја жена си има разни критериуми кога станува збор за привлечност. Сепак, научниците се обидуваат да откријат каков е совршениот маж. Погледнете ги 11-те најпривлечни карактеристики кај мажите од научна гледна точка. Некои можеби ги знаете, но некои навистина ќе ве изненадат.rn

    1. Дебели веѓи и остра вилица

    rn(1)11-te-karakteristiki-na-sovrsheniot-mazh-od-nauchna-gledna-tochka-kafepauza.mkrnrnОва се основните одлики на мажествените мажи. Жените преферираат мажи со овие карактеристики кога бараат сериозна врска.rn

    2. Брада

    rn(2)11-te-karakteristiki-na-sovrsheniot-mazh-od-nauchna-gledna-tochka-kafepauza.mkrnrnНаучниците спровеле интересно истражување за тоа како брадата влијае на привлечноста на мажите. Група жени оценувале мажи со разни бради. Имало мажи без брада, мажи со „еднодневна“ брада, мажи со поголема брада (која се појавува околу 10-тиот ден) и мажи со долга и густа брада. Жените најмногу ги сакале мажите со малку поголема брада бидејќи ги асоцирале на зрелост и мажественост.rn

    3. Лузни

    rn(3)11-te-karakteristiki-na-sovrsheniot-mazh-od-nauchna-gledna-tochka-kafepauza.mkrnrnНаучниците им покажувале на група жени фотографии од мажи со и без лузни на лицето. Некои жени претпоставиле дека дел од лузните се резултат на насилство (всушност биле додадени во Фотошоп). Истражувањето покажало дека лузните од куршуми им биле попривлечни на жените од оние од велосипед.rn

    4. Срамежлива насмевка

    rn(4)11-te-karakteristiki-na-sovrsheniot-mazh-od-nauchna-gledna-tochka-kafepauza.mkrnrnАко мажите сакаат да бидат попривлечни, треба да работат на својата насмевка. Уште подобро ако нивната насмевка е малку срамежлива и горда. Научниците сметаат дека токму поради ова жените сакаат лоши момци. Тие исто така докажале и дека женската насмевка е моќно оружје кога станува збор за освојување машко срце.rn

    5. Возраст

    rn(5)11-te-karakteristiki-na-sovrsheniot-mazh-od-nauchna-gledna-tochka-kafepauza.mkrnrnАко една жена треба да одлучи помеѓу згоден млад маж, и истиот маж само малку повозрасен, таа би го одбрала вториот. Луѓето стануваат помудри, со поголема самодоверба и понезависни со текот на годините. Возраста на мажот нема влијание на плодноста, па затоа кај жените не постои ризик ако одберат постар партнер. Научниците го нарекле овој феномен ефектот Џорџ Клуни.rn

    6. Штедливост

    rn(6)11-te-karakteristiki-na-sovrsheniot-mazh-od-nauchna-gledna-tochka-kafepauza.mkrnrnМожеби звучи романтично да продадете сè и да купите милион цветови, но не сите жени ги ценат овие постапки. Жените преферираат мажи кои знаат како да штедат и не затоа што тогаш би имале повеќе пари. Луѓето кои штедат изгледаат како да имаат поголема самоконтрола, а ова ја зголемува нивната привлечност.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 10 карактерни особини што ве прават привлечни во туѓите очи

    10 карактерни особини што ве прават привлечни во туѓите очи

    Изгледот можеби привлекува на прв поглед, но далеку од тоа дека е пресуден. Она што освојува всушност е нашето однесување. Постојат мали трикови со чија помош ќе можете да освоите кого било, а сите трикови се и навистина докажани. Доколку ги научите еднаш, ќе можете постојано да ги употребувате за ваша корист.rnrn1-10-odnesuvanja-zaradi-koi-drugite-lugje-ve-sakaat-www.kafepauza.mk_rn

    1. Слушајте ги другите

    rnВашата способност за слушање на другите е една од работите кои најбрзо ги привлекува луѓето. Со тоа што слушате некого, му покажувате дека ви е важен и дека навистина ве интересира она што ќе го каже. На тој начин градите доверба и подлабока поврзаност со таа личност. Во туѓите очи можете дури да станете и физички поатрактивни доколку се покажете како добар слушател. Активното слушање е фокусирано и промислено слушање кое ве води кон подлабоко вклучување во темата.rn

    2. Набљудувајте го вербалното и невербалното однесување на другите

    rnТака ќе можете подобро да разберете во кој дух е нешто кажано и да дадете соодветен одговор, кој на другата личност ќе ѝ даде до знаење дека активно ја слушате.rn

    3. Бидете добри и фини

    rnДокажано е дека и мажите и жените сакаат повеќе да бидат во друштво со луѓе кои се фини, добронамерни, грижливи и искрено загрижени за доброто на другите, што секако не е изненадувачко. Таквото однесување е потребно за основање, но и за одржување долги врски, бидејќи тоа го подигнува и нивото на атрактивност на личноста.rn

    4. Смејте се

    rnЕдно од најсилните оружја што ги имаме е насмевката! Смеењето испушта ендорфин и серотонин што во вас го подобрува расположението, но може да го подобри и расположението на луѓето околу вас. Луѓето повеќе сакаат да бидат опкружени со насмеани личности отколку со сериозни и тмурни и тоа е секако една од најатрактивните физички особини. Смеењето исто така опушта, го ослободува стресот и нè зближува со другите.rnrn2-10-odnesuvanja-zaradi-koi-drugite-lugje-ve-sakaat-www.kafepauza.mk_rn

    5. Бидете човек од збор

    rnДругите луѓе сакаат да можат да се потпрат на вас. На тој начин побрзо градат блиска врска со вас и многу побрзо се отвораат, бидејќи нема да се плашат дека ќе ги повредите или разочарате. Луѓето на кои може да им се верува се многу пожелни и важни, а ретко кој е таков, па тоа е особина која навистина се исплати да ја имате.rn

    6. Мирисајте на ванила

    rnЕдна од најпопуларните ноти во парфемите е мирисот кој докажано им одговара на скоро сите, бидејќи буди среќни спомени од детството. Доколку мирисате на ванила, луѓето со вас ќе се чувствуваат среќно и удобно. а важно е да нагласиме и дека мирисот на ванила го намалува стресот и анксиозноста.rn

    7. Носете црвено

    rnОсвен што е секси и самоуверено, докажано е дека најпривлечни се жените во црвено. Црвената боја симболизира моќ, како и сексуалност, зрелост, па дури и плодност.rnrn3-10-odnesuvanja-zaradi-koi-drugite-lugje-ve-sakaat-www.kafepauza.mk_rn

    8. Бидете полни со самодоверба

    rnСамодовербата, верувањето во себе и цврстиот став ја прават личноста многу привлечна. Дури и оние кои веруваат дека добро мирисаат, имаат убава коса или едноставно гледаат на себе во добро светло, веднаш ќе бидат попривлечни за другите.rn

    9. Немојте да доцните

    rnТочноста е многу привлечна, иако на прв поглед изгледа банално. Доаѓањето на време покажува дека имате свои принципи кои ги следите, но и дека ги почитувате другите, како и нивното време.rn

    10. Ако сте сопственик на домашен миленик, тоа е плус

    rnСопствениците на домашни миленици се воочливи, изгледаат доверливо и отворено и лесно можете да им пријдете, бидејќи сепак разговорот за домашниот миленик е одличен начин за кршење на мразот. Таквите поединци изгледаат како одличен материјал за долга врска, а поседувањето на домашен миленик убаво делува на вашата психа и нивото на релаксираност.rnrnДознајте кои работи мажите потајно ги бараат кај жените.

  • Науката зад привлечноста: Мажите потајно ги бараат овие 8 работи кај жените

    Науката зад привлечноста: Мажите потајно ги бараат овие 8 работи кај жените

    Не е тајна дека мажите си имаат свој вкус кога станува збор за жени. Но ако мислите дека сите сакаат русокоси со долги нозе, се лажете. Ова се 8-те работи кои мажите најпрво ги забележуваат кај дамите.rnrnnaukata-zad-privlecnosta-mazhite-tajno-gi-baraat-ovie-8-raboti-kaj-zhenite-kafepauza.mkrn

    1. Колкови

    rnГолем број мажи изјавиле дека ги привлекуваат жени кои имаат помала разлика помеѓу половината и колковите. Па, пред да се одлучите повторно да се изгладнувате, запомнете дека мажите имаат генетска предиспозиција да одбираат жени со поголеми колкови. Пошироките колкови се знак дека жената е попогодна за раѓање дете. Иако оваа теорија потекнува уште од пештерскиот човек, таа важи и до денес.rn

    2. Симетрија

    rnМажите бараат жени кои имаат симетрично тело и лице. Симтеријата е знак за убавина и добри гени, а кога жената има симетрично тело таа е поздрава и мажите почесто ѝ пријдуваат. Всушност, сите луѓе се програмирани да бараат симетрија во другите луѓе. Иако ова се случува потсвесно, истражувањата покажале дека е вистина. Друга теорија предлага дека симтеријата е и знак за добро здравје.rn

    3. Долга коса

    rnМажите сметаат дека жените со подолга коса (без разлика на бојата) се попривлечни од оние со кратка. Едно истражување од 2004 година покажало дека долгата коса во просек е попривлечна за мажите. Можеби причината за ова е тоа што „машката“ коса ги плаши мажите. Па, ако сакате да бидете попривлечни за спротивниот пол, пуштете ја косата.rn

    4. Додајте малку црвено

    rnЖените одамна ги бојат своите усни со црвена боја, и изгледа со добра причина. Според науката, сите луѓе се попривлечени од црвената боја. Истата привлечност е забележана и кај мажите кои носат црвено. Црвената боја е бојата на љубовта и се поврзува со сексот, вклучувајќи ги и сексуалните органи.rn

    5. Мирис

    rnМажите реагираат на мирисот на жените, и тоа на добар начин. Истражувањата покажале дека менструалниот циклус на жените има влијание на феромоните кои ги испуштаат. Мажите ги откриваат феромоните во зависност од фазата на вашиот менструален циклус. Секој мириса различно, некој лошо, некој добро, но и вкусот за мирис е различен кај секого. Мажите сакаат жени кои мирисаат добро, но секој е различен па немојте премногу да се грижите за ова.rn

    6. Очи

    rnНајчестиот атрибут кој ги привлекува мажите се женските очи. Тие сакаат жени со големи и светли очи бидејќи тоа ги потсетува на здравје и младост. Овде не станува збор за бојата, туку целиот „сјај“ на окото.rn

    7. Глас

    rnНе е сè до изгледот. Мажите се привлечени од жени со повисок глас. Исто како и со мирисот, секој маж е привлечен од различен тон на женскиот глас.rn

    8. Полни усни

    rnБојата на усните е важна, но не е само тоа. Едно истражување покажало дека мажите поминуваат половина од секоја интеракција гледајќи ги усните на жените. Жените со полни усни најчесто се сметаат за попривлечни.

  • Изгледајте и чувствувајте се попривлечно со помош на овие 5 мали трикови

    Изгледајте и чувствувајте се попривлечно со помош на овие 5 мали трикови

    И покрај популарното верување, привлечноста не е нужно поврзана со физичкиот изглед. Таа доаѓа однатре и нема никаква врска со тоа каква градба има некој или што носи. Кога е некој задоволен со самиот себе, и има висока самодоверба, тоа се гледа и однадвор, а токму тоа е и најголемата тајна на сите привлечни луѓе. За среќа, самодовербата може да се „истренира“, а ние ви откриваме 5 супер трикови кои ќе ви помогнат во тоа.rnrn2-izgledajte-i-chuvstvuvajte-se-poprivlechno-so-pomosh-na-ovie-5-mali-trikovi-www.kafepauza.mk_rnrn

    1. Насмејте се додека се гледате во огледало

    rnКолку повеќе се смеете, толку ќе бидете посреќни. Тоа е и научно докажано во едно истражување од 2009 година кое било спроведено во Универзитетот во Кардиф. Нашиот мозок е програмиран да ја толкува смеата како знак за пристапност, социјализирање и привлечност, па дури и кога самите се гледате во огледалото.rn

    2. Зборувајте сами со себе

    rnЗнаеме дека звучи лудо, но истражувањето кое во 2015 година било спроведено на Универзитетот во Илиноис открило дека успешните луѓе со голема самодоверба често зборуваат сами со себе пред некои големи настани. Исто како што би охрабриле некој од своите пријатели во тешка ситуација, така и кога се чувствувате лошо во сопствена кожа, обидете се на истиот начин да се охрабрите и самите себе.rn

    3. Носете црвено

    rnИ птиците на гранките знаат дека не постои ниту една друга боја која толку добро им прилега на сите, а тоа го докажало и истражувањето од страна на Универзитетот во Рочестер. За среќа, црвената е најпопуларна боја и за оваа есен, па не само што ќе бидете модерни, туку и вашата самодоверба ќе летне до небото.rnrn1-izgledajte-i-chuvstvuvajte-se-poprivlechno-so-pomosh-na-ovie-5-mali-trikovi-www.kafepauza.mk_rn

    4. Држете се исправено

    rnПравилното држење за момент ќе ве направи многу попривлечни, а добро ќе влијае и на здравјето на вашиот ‘рбет. Едно истражување спроведено од страна на Здружението на психолошки науки во 2010 година покажало дека постои директна поврзаност помеѓу исправеното стоење (и седење) и чувството на моќ и самодоверба.rn

    5. Сетете се кога сте се чувствувале најпривлечно

    rnНеодамнешно истражување објавено во журналот за експериментална социјална психологија открило дека само присетувањето на моментите кога сте се чувствувале добро во сопствената кожа, може моментално да го зголеми нивото на вашата самодоверба.rnrnНе мора да изгледате како супермодел за да ги привлекувате другите, а психолозите ги открија7-те тајни за привлекување луѓе.

  • 7 начини да го зголемите вашиот сексапил без физички промени

    7 начини да го зголемите вашиот сексапил без физички промени

    Зошто некои луѓе зрачат со сексуална привлечност иако изгледаат како секој обичен човек? Неодамнешно истражување покажало дека привлечните луѓе имаат 7 необични карактеристики кои ги прават поразлични од другите. Погледнете за кои станува збор.rnrn7-nachini-da-go-zgolemite-vashiot-seksapil-bez-fizichki-promeni-kafepauza.mkrn

    1. Несебичноста е секси

    rnКога им помагате на другите вие не размислувате за вашите придобивки. Сепак, истражувањето покажало дека помагањето на други може да ви го подобри расположението и да ве направи попривлечни. Причината најверојатно е тоа што помагајќи им на другите вие изгледате како грижлива личност која е спремна за семејство.rn

    2. Станете секси странец

    rnИстражувањето покажало дека мажите преферираат жени кои не ги познаваат. Тие ги сметале за попривлечни жените кои не ги сретнале пред состанокот. Па, немојте сè да откривате веднаш. Оставете простор за љубопитност, без разлика дали станува збор за ваша фотографија или пак за некоја важна информација.rn

    3. Бидете креативни

    rnКреативноста е знак на интелигенција. Истражувањето открило дека жените кои се во своите плодни денови се значително покреативни па може и ова да има улога. Исто така се покажало дека мажите кои носат гитара се многу попривлечни од мажите кои носат ранец за во теретана. Изгледа дека талентот за музика ги привлекува жените.rn

    4. Правилно држење на телото

    rnИсправеното држење на телото може да укажува на доминантност, но и на желба за споделување. Исто така може да се поврзе и со самодовербата, која е еден до клучните елементи на сексапилот.rn

    5. Хуморот е секси

    rnХуморот е привлечен и за мажите и за жените, но на различен начин. Жените сакаат мажи кои можат да ги насмеат, а мажите сакаат жени кои се смеат на нивните шеги.rn

    6. Она за што зборувате е секси

    rnСлучајните разговори со некој кој ви се допаѓа може да се лоша идеја. Емоционалните и личните информации се оние кои создаваат чувство на поврзаност. Па, подгответе се да откриете некои интересни детали за вас, но и да поставите некои важни прашања, наместо да разговарате за времето.rn

    7. Како правите да се чувствува некој

    rnИстражувањето покажало дека ние не се вљубуваме во некоја личност, туку се вљубуваме во начинот на кој се чувствуваме кога сме со таа личност. Добрите вести се кога ние ги искусуваме овие чувства, ги поврзуваме со луѓето околу нас. Па, обидете се да ја направите околина позитивна, забавна и возбудлива.rnrnПогледнете ги и работите на кои ниту еден маж не може да одолее.

  • Најатрактивната карактеристика на женското лице

    Најатрактивната карактеристика на женското лице

    Според едно ново истражување, усните се најатрактивната карактеристика на женското лице. Во просек, за време на запознавањето, на мажите им требаат помалку од 10 секунди за да погледнат во женските усни, и да ги анализираат. Тие се уште повпечатливи ако носат кармин кој дополнително го привлекува вниманието на мажите.rnrnBeautiful woman with professional makeup and hairrnrnСпоред резултатите, мажите се фиксирале на розовиот кармин за 6,7 секунди од првото здогледување и 7,3 секунди на црвениот кармин. Кога жените носеле кармин, мажите посветувале само 0,95 секунди за набљудување на очите и 0,85 секунди за набљудување на косата. Природно, пополните усни подолго го задржувале машкото око.rnrnОваа студија била спроведена на Универзитетот Манчестер, каде што биле вклучени 50 мажи што набљудувале фотографии од различни жени. Тие им биле покажувани со и без кармин. Д-р Џеф Бити, водечкиот автор на студијата, вели:rn

    „Оваа студија покажува дека усните претставуваат еден од најсензуалните аспекти на женското тело и играат клучна улога во човечкото сексуално привлекување.“

    rnПолните и црвени усни, во комбинација со идеалното држење (малку напрчени усни), успеваат значително подолго да го задржат машкото внимание од останатите. Оваа разлика е уште поголема во однос на оние што воопшто не користат кармин.rnrnСо векови наназад жените ги боеле своите усни црвени за да ја нагласат нивната привлечност. Оваа навика датира од античките Египќани кои најчесто користеле црвен кармин и руж за зголемување на својата привлечност.