Дали знаевте дека за време на просечното водење љубов, бројот на пенетрирања е од 100 до 500? Знаевте ли дека во просек, паровите водат љубов 17 минути и 5 секунди? Во продолжение погледнете некои интересни факти во врска со сексот и привлекувањето, кои најверојатно не сте ги знаеле.rnrn
rn
1. Можете да доживеете оргазам во сон
rnНекои жени можат да доживеат оргазам додека спијат, односно за време на еротски сон. Иако во овој случај нема физичка стимулација, за време на еротските соништа дотокот на крв во гениталиите се зголемува исто како и за време на секс, а ова може да предизвика оргазам. Покрај тоа, луѓето се навистина опуштени додека спијат и се далеку од грижите и стресот.rn
2. Женскиот оргазам трае подолго
rnЖенскиот оргазам трае 3 пати подолго од машкиот. Според експертите, оргазмот на жените трае околу 20 секунди, а на мажите околу 6 секунди. Па, жените ја имаат предноста во овој случај. Но бидејќи на некои жени им е потешко да доживеат оргазам, веројатно се прашувате како да го постигнете. Управувањето со емоциите е првиот чекор кон оргазмот. Исто важно е да научите и како да се опуштите.rnrnНа мажите им се потребни од 3 до 7 минути да доживеат оргазам, а на жените од 10 до 20. Поради ова, предиграта им е навистина важна на жените.rn
3. Најмногу се фантазира за Бред Пит и Бијонсе
rnИзгледа дека Бред Бит е најчестата фантазија кога станува збор за самозадоволување. Во една анкета учествувале 13.000 луѓе на возраст од 18 до 74 години од целиот свет, а главното прашање било за кого фантазираат. Помеѓу славните жени, на врвот се нашла Бијонсе, а се истакнале и Џенифер Лоренс, Ким Кардашијан, Тејлор Свифт и Кајли Џенер. Од мажите, покрај Бред Пит, најпосакувани биле Џони Деп, Крис Хемсворт, Том Круз и Крис Прат.rn
4. Клиторисот е всушност „мал пенис“
rnВо текот на развојот во матката, клиторисот и пенисот на ембрионот се развиваат од исто ткиво, а подоцна сè зависи од хормоните. Кога во машкиот ембрион се ослободува тестостерон, сексуалното ткиво станува пенис. Без тестостерон, ткивото се претвора во клиторис.rnrnВрвот на клиторисот има неколку сличности со врвот на пенисот – и двата органи се многу чувствителни и функционираат на ист начин. Кога жената е возбудена, клиторисот се зголемува и се полни со крв.rn
5. Тагата после сексот е вистинска појава
rnДали некогаш сте плачеле после секс, дури и ако бил навистина добар? Доколку ви се случило, сигурно ќе се чувствувате подобро кога ќе дознаете дека ова всушност е многу честа појава и е позната како посткоитална дисфорија. Појавата е карактеризирана со интензивно чувство на тага, гнев и вознемиреност, најчесто после оргазам. Ова може да се случи и после мастурбирање. Сепак, оваа тема не е доволно истражена, па не се знае што точно се случува. Многу експерти веруваат дека е поврзана со наглото покачување на нивото на одредени хормони во телото.rn
6. Силното сетило за мирис го зголемува уживањето
rnЕдно мало истражување открило поврзаност помеѓу чувствителноста на мирис и уживањето за време на секс. Луѓето со почувствителни носови имаат подобри сексуални искуства. Жените кои се многу чувствителни на непријатни мириси, имаат повеќе оргазми за разлика од оние на кои сетилото за мирис не им е толку остро. Телесните мириси можат да го подобрат сексуалното искуство.rn
7. Мажите ги возбудува подлабок женски глас
rnЕдно истражување од 2014-та година имало за цел да открие дали жените можат свесно да ги манипулираат мажите со нивниот глас и да звучат попривлечно. Се покажало дека мажите навистина ги привлекуваат жените со подлабок и малку зарипнат глас. Односно, тие сакаат кога гласот полека им се продлабочува, бидејќи тоа им сигнализира дека жената е заинтересирана. Истражувачите напоменале дека тоа не значи дека мажите уште на почетокот преферираат жени со подлабок глас. Мажите ги возбудува кога гласот постепено станува подлабок и им дава знак дека имаат шанса кај жената што им се допаѓа.rnrnПрочитајте ги и овие изненадувачки факти за бакнувањето кои веројатно не сте ги слушнале досега.



rnrnДоколку вашето тело, срце и душа не успеваат да ги исфилтрираат вистинските луѓе коишто ве влечат како магнет кон себе, тогаш вие во суштина, само ќе се „давите“ во море од додворувачи, кои ги привлекува само вашата надворешност. Во продолжение, прочитајте за овие 11 жени и за карактеристиката којашто првично им била привлечна кај сегашниот партнер, а нивните одговори ќе ви ги разлетаат пеперутките во стомакот, како кога сте заљубени. Бидете подготвени да бидете стопени.😊rn
rn
rn
rn
rn

rnrnСпоред едно истражување, мажите преферираат жени со долга, густа и сјајна коса. Изгледа дека потсвесно ова им е знак за добро здравје, витална енергија, па дури и знак за плодност. Еден од индикаторите на добро здравје е физичката привлечност, додека другиот е косата. Па, размислете подобро пред да ја скратите косата. Се разбира, треба да бидете свои и да носите кратка коса доколку така сакате. Во секое правило има исклучоци.rn
rnrnПовеќето од нас имаат слушнато за феромони – хемиски сигнали емитувани од нашето тело. Но малкумина би погодиле дека тие се потсвесно употребувани од луѓето со цел да се одреди генетски најкомпатибилниот партнер. Истражувањата покажале дека ферoмоните откриваат разни информации за една личност, вклучувајќи и информации за здравјето и имунитетот. Поради тоа мажите можат да ги одредат жените со најсилен имунитет со помош на сетилото за мирис. Важи и спротивното – жените можат да го одредат нивото на тестостерон во мажите според ферoмоните. Сите овие вештини се потребни за создавање здраво потомство во иднина.rn
rnrnСиметријата на лицето е од голема важност во одредувањето на привлечноста на една жена. Дури може да се пресмета со неколку трикови. Мажите потсвесно обрнуваат внимание на овие лични карактеристики бидејќи тие се знак за добри гени. Асиметријата од друга страна е поврзана со лошо здравје, лоши гени, па дури и абнормалности во репродуктивните органи. Дури и дивите животни обрнуваат внимание на симетријата.rn
rn


rnrnАко одите на забава и забележите дека другите ве гледаат, ова значи дека барем ве забележуваат. Не е важно дали некој ќе дојде и ќе започне разговор со вас. Штом луѓето гледаат, дефинитивно сте оставиле впечаток.rn
rnrnПозитивното расположение е привлечно самото по себе. Ако сакате да се смеете и можете да уживате во моментот, спротивниот пол сигурно е заинтересиран за вас. Никој не сака да поминува време со личност која е постојано намуртена.rn
rnrnАко се одлучите да споделите некои од нештата што не ги сакате за себе и ако забележите дека соговорникот не разбира на што мислите, тоа значи дека веројатно грешите.rn
rnrnСте престанале да се обидувате да изгледате како некого и сега ви се допаѓа вашиот изглед. Индивидуалноста привлекува многу внимание и им овозможува на другите да разберат што сакате од животот и од себе. Овие карактеристики ве прават многу поатрактивни без разлика како изгледате.rn
rnrnКога ќе влезете во клубот, забележувате неколку фанови. Без разлика дали ги сакате или не, ги имате. Некои луѓе воопшто немаат фанови. Па останува на вас како ќе го искористите ова внимание.rn
rnАко нешто се случило што го прекинало вашиот нормален тек на животот како болест, бизнис патување или нешто друго, мислите дека времето минува пребавно. Навикнати сте да комуницирате со многу луѓе, да се состанувате и да се гледате со пријателите. Дури и кога уживате во вашето друштво, присилната изолација ве иритира.rn
rnrnКолку и да звучи чудно, ако сте алтруисти и мразите лаги, другите ве сметаат за атрактивни. Многу е полесно да се изгради сериозна врска со искрена личност бидејќи нема ризик дека ќе ве лаже. Се разбира, потребна е и стратегија. Немојте уште веднаш да му ги кажувате сите проблеми на партнерот.rnrnПогледнете и кои 
rnrnЈасно видливата линија на грбот, по должината на ‘рбетот, проследена со грациозен од е нешто на коешто мажите не остануваат рамнодушни. Во многу уметнички дела на кои е прикажана женска фигура, фокусот е токму на овој дел од телото. Жените можат да го нагласат обликуваниот грб со помош на тесни маички или пак со фустани и блузи кои откриваат поголем дел од грбот.rn
rnrnОчите се еден од најпривлечните фактори на заводливоста, без разлика дали се нашминкани или не. Сигурен и самоуверен поглед кој зрачи со заводливост може да го придобие кој било маж. Верувајте му на својот поглед, во неговата длабочина се содржи целата ваша душа.rn
rnrnБез разлика на бојата и должината, косата е главен адут во играта на заведување. Секој маж би сакал да си игра со косата на партнерката додека ја бакнува, уживајќи во нејзиниот мирис и мекост. Исто така, вашата коса може да биде клучна во заведувањето, особено ако лесно и дискретно ја местите или си играте со неа.rn
rnrnМазна и негувана кожа повикува на бакнежи и нежни допири. Мажите го обожаваат контактот кожа на кожа и сакаат да поминуваат што повеќе време припиени до жената која ја сакаат. Негувајте ја својата кожа, пред сè за себе, а потоа и за секогаш да бидете сигурни дека партнерот ќе сака да поминува подолго време милувајќи се со вас.rn
rnrnЖенските врат и раменици се многу понежни отколку кај мажите, а токму преку овие делови тие можат да го почувствуваат природниот мирис на жената, кој дополнително ја зголемува привлечноста. Исто така, кај жените вратот, рамениците и деколтето се клучна ерогена зона.rnrnПрочитајте уште и 
rnrnСпоред психологот и сексуален терапевт, Елизабет Вот од Вашингтон, прифаќањето на овие термини им помага на луѓето да разберат што се случува со нив и дека сексуалноста не зависи само од тоа кој кого привлекува и возбудува, туку е многу поширок поим.rnrnЕве ја листата нас Вот со најчестите дефиниции поврзани со сексуалноста…rnrn
rnrn
rnrn