КАФЕ ПАУЗА

Tag: привлечност

  • Законот на привлекувањето

    Законот на привлекувањето

    Постојано се случува да нè привлекуваат одредени луѓе. Сте се запрашале ли некогаш што е тоа што нè привлекува нас или пак, што е тоа што другите сметаат дека е привлечно кај вас?rnrnКога ќе размислите подобро, меѓу илјадниците луѓе со кои секојдневно се разминувате, нели би требало да биде многу лесно да ја пронајдете „совршената“ личност? Но, медиумите, социјалниот притисок и човековата природа на некој начин оваа потрага ја претворија во огромна мистерија. Поради тоа науката преку неколку теории пробала да објасни што точно е привлекувањето, како и кога настанува и што може да влијае на него…rnrnЗаконот на привлекувањетоrn

    Ефектот на ореол

    rnВо првиот момент кога се запознаваме со одредена личност, ние веќе имаме основна замисла за него/неа. Донесуваме инстантен заклучок со кој ù го определуваме карактерот и можеби потсвесно веднаш одлучуваме дали ни се допаѓа или не. Но, дали е можно само една одредена карактерна црта или размислување да придонесе за нашата проценка? Дали може да „осудиме“ личност која генерално е добра, како лоша само зашто не ни се допаднале неговите/нејзините ставови и размислувања во одредени области? Науката вели – ДА!rnrnЗаконот на привлекувањетоrnrnЕфектот на ореол настанува така што кога една личност говори со поголем ентузијазам, се смее и е поотворена – таа е поприфатена од „публиката.“ Ние сме „заслепени“ од нејзините/неговите движења и позитивна енергија и не обрнуваме многу внимание на разговорот. Доколку истата личност го кажува истиот текст со помалку ентузијазам, понегативен став и се однесува позатворено – таа ќе биде полошо прифатена и повеќето критики ќе се однесуваат на работите кои биле кажани од нејзина/негова страна… Доколку ве интересира нешто повеќе за овој ефект погледнете го ова видео.rn

    Звукот на привлекувањето

    rnГласот, говорот, смеењето, плачењето, викањето и пеењето – сè тоа е дел од комуникацијата кај луѓето. Многу често се случува да се создаде ментална слика за одредена личност само од звукот на нејзиниот глас. Ви се случило ли некогаш да разговарате со некој по телефон, според неговиот/нејзиниот глас да си претпоставите како би изгледале и потоа кога ќе се сретнете да сфатите дека тој/таа не изгледа ни приближно како во вашите замисли? Сте се запрашале ли како ве отсликува вас гласот? Дали го „рефлектира“ вашиот карактер или пак, го контролира? Дали мислите дека гласот сам по себе би можел да биде привлечен? Науката вели – ДА!rnrnЗаконот на привлекувањетоrnrnГласот има тенденција да оддаде некои физички карактеристики. На пример, бидејќи мажите се физички поголеми од жените тие имаат подлабок глас. Но, истражувањата покажале дека не е сè толку едноставно. Некои слушатели имаат способност преку гласот на соговорникот да ги откријат неговиот социо-економски статус, карактер и емоционалната состојба.rnrnШто се однесува до привлечноста – повисокиот тон на глас кај жените и подлабокиот тон на глас кај мажите се сметаат за попривлечни. Се покажало и дека жените поточно го поврзуваат гласот со ликот на личноста, тие создаваат поточна ментална слика за мажите бидејќи се многу повнимателни во однос на деталите при изборот на добар партнер… Доколку ве интересира нешто повеќе за звукот на привлекувањето, погледнете го ова видео.rn

    Миризбата на привлекувањето

    rnНие се навикнуваме секојдневно на работите кои ни се познати и со кои се чувствуваме удобно. Миризбата има голема улога во тоа. Сите ние имаме научено одредени миризби кои се карактеристични за одредени луѓе преку кои дури и можеме да ги препознаеме. Се верува дека нашиот мозок поврзува миризби со различни емоции. Ви се случило ли некогаш да поминете покрај личност која има парфем како вашиот партнер и во тој момент веднаш да се сетите на него/неа? Но, дали миризбата може да има улога во привлекувањето? Науката вели – ДА!rnrnЗаконот на привлекувањетоrnrnИстражувањата покажале дека сите ние имаме „генетски“ мирис по кој се разликуваме од останатите. Но, жените имаат поголема способност при препознавањето на тој специфичен мирис, посебно кога се во фаза на овулација. Секако жените употребуваат многу повеќе парфем отколку мажите, и тоа може да е причината зашто мажите не успеваат да ја препознаат нивната природна миризба толку успешно.rnrnИсто така миризбата многу често зависи и од имуниот систем. Колку е вашиот имун систем поразличен од имуниот систем на одредена личност – толку попривлечно таа личност ќе ви мириса… Доколку сакате да видите нешто повеќе за како миризбата влијае на привлекувањето, погледнете го ова видео.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Разбудете ја неговата фантазија

    Разбудете ја неговата фантазија

    Моќта е во ваши раце, со женската привлечност и сензуалност, многу лесно ќе го доведете до лудило. Со примена на неколку лесни совети, ќе му го „свртите“ паметот и ќе ја разбудите неговата фантазија…  Па после не било вистина дека девојките знаат како да управуваат со мажите. :)rnrnРазбудете ја неговата фантазијаrn

    Жешка најава

    rnДодека е на работа или излезен со другарите, испратете му кратка порака која јасно ќе му даде до знаење што имате на себе и ќе му ја поттикне фантазијата. Ќе посака да може да летне за што побрзо да дојде до вас.rn

    Неговите омилени работи

    rnСè она што го сака имајте го на себе. Било да е љубител на тесни хеланки, секси долна облека, тенко фустанче и слично. Ставете се во позиција како да сте подготвени да му ги исполните сите желби и да бидете неговата омилена.rn

    Замена на улогите

    rnАко ве знае како тивка, мирна и повлечена девојка, пречекајте го дома како палава, непослушна и темпераментна дива. Или обратно, доколку сте слободна и темпераментна, станете слатка и заводлива. Истакнете го вашето алтер его и започнете ја играта!rn

    Опоен мирис

    rnНанесете лосион за тело кој ќе направи да посака никогаш да не се одлепи од вас. Искористете го парфемот кој нему му е омилен, истакнувајќи ја вашата женствена и заводлива страна.rn

    Подарете му го вашето внимание

    rnБез разлика колку долго се заедно, партнерите секогаш треба да си посветуваат време. Резервирајте време само за него и посветете му се, но не како роб, туку како вљубена жена. Направете му го омилениот оброк (нели љубовта доаѓа преку стомакот 🙂 ), кажете му ги работите кои сака да ги чуе, направете да се чувствува удобно и сакано.rnrnРазбудете ја неговата фантазијаrn

    Храна за подигнување на либидото

    rnОдредена храна влијае на машкото либидо, бидејќи содржи состојки кои придонесуваат за лачење на машки хормони. Некогаш станува збор за храна за која ни на крај памет не ви е дека би можела да биде поврзана со либидото. Храна која го поттикнува неговото либидо: авокадо, морска храна (лосос и школки), чоколадо, јајца, банани, ананас, ореви…rn

    Бидете самоуверена

    rnСамоуверената жена е привлечна и посакувана зашто самодовербата е убавина. Играјте смело, движете се хипнотизирачки, секој ваш потег нека ја истакнува вашата сензуалност и самоувереност.rn

    Заведете го со очите

    rnНе е сè во секси облеката и вашите облини. Колку и да ги дефинираме мажите како плитки, тие сепак се хипнотизирани од женскиот поглед. Нанесете ја вашата омилена маскара и упатувајте смели и заводнички погледи.rn

    Кажете му ги вашите желби

    rnЖената која знае што сака, кога сака и не се плаши да му го каже тоа в лице, е вистински хипнотизирачки магнет. Мажите се визуелисти, зборовите лесно им ја поттикнуваат фантазијата, па затоа заведувањето е лесна задача за жената.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 типови девојки со кои машките сакаат да излегуваат – дали сте една од нив?

    10 типови девојки со кои машките сакаат да излегуваат – дали сте една од нив?

    Автор: Бојана МандевскаrnrnЕден од најистражуваните „проблеми“ на денешницата е што сакаат мажите? Какви карактеристики треба да има една девојка за да го привлече и задржи нивното внимание, како и дали физичкиот изглед е пресуден? Многу прашања, многу одговори, многу дилеми и полемики се поврзани со оваа тема.rnrnВо оваа поделба накратко се опишани неколку типови девојки кои докажано го привлекуваат машкото внимание. Девојки, прочитајте ги внимателно, можеби ќе се пронајдете во некои карактеристики. А вие момци, слободно споделете го вашето мислење дали се согласувате со оваа класификација и кој е вашиот омилен тип девојка.rnrn10 типови девојки со кои машките сакаат да излегуваат – дали сте една од нив?rnrn1. Госпоѓица „слатка“ – Позитивна девојка со интересен живот, секогаш оптимистична, благослов е да ја имате во вашето опкружување. Таа е фина личност. Едноставно таа никогаш не се однесува како „кучка“. Ја радуваат средбите со вас и сето свое внимание ви го посветува вам. Ако пронајдете ваква девојка, чувајте ја внимателно и грижете се за неа бидејќи таа е вистинска скапоценост.rnrn10 типови девојки со кои машките сакаат да излегуваат – дали сте една од нив?rnrn2. Госпоѓица „еднаква“ – Станува збор за вистинска феминистка. Девојка која стои цврсто на своите ставови. Таа не ги мрази мажите, туку само сака еднаквост помеѓу партнерите. Сака одговорностите и обврските во врската да бидат еднакво поделени.rnrn10 типови девојки со кои машките сакаат да излегуваат – дали сте една од нив?rnrn3. Госпоѓица „сексуална“ – Треба да бидете навистина среќни за да ја запознаете неа. Оваа госпоѓица ги сака мажите и го сака сексот и нема речиси никакви ограничувања на оваа тема. Таа не продава секс и не го користи сексот како начин за да манипулира со мажите, туку едноставно копнее по него. Не треба да ја нарекувате нимфоманка, бидејќи таа не е тоа. Таа едноставно сака да ужива во својата сексуаланост. Жените најчесто ја мразат и ја сметаат за лесно достапна девојка. Но, мажите ја обожаваат, го обожаваат нејзиниот слободен дух и желбата за секс.rnrn10 типови девојки со кои машките сакаат да излегуваат – дали сте една од нив?rnrn4. Госпоѓица „најдобар пријател“ – Овој тип девојка е многу сличен на госпоѓица слатка. Таа е девојка која е во потполна согласност со вас, бидејќи сакате исти работи, гледате исти ТВ програми, идете на исти места. По само 5 минути поминати со неа, може да помислите дека ја знаете со години. Таа е секогаш на ваша страна, се смее на вашите шеги и ви се јавува само за да ви рече „Здраво“, бидејќи и недостигате. Најдобра е за дружба. Но, доколку навистина ви се допаѓа и сакате да бидете повеќе од пријатели, потрудете се и сексуално да ја заинтригирате и да ѝ дадете до знаење дека ве привлекува. Ако од почеток се поставите како нејзин пријател, подоцна тешко ќе ја промените таа мисла во нејзината глава. Доколку ја сакате како девојка, реагирајте на самиот почеток.rnrn10 типови девојки со кои машките сакаат да излегуваат – дали сте една од нив?rnrn5. Гопоѓица „јасна“ – Девојка која знае како да комуницира. Со неа нема да имате потреба да читате мисли и да решавате загатки, бидејќи таа отворено ги изнесува своите мисли и чувства. Ова не е тип девојка која кажува едно, а има потреба од нешто друго. Доколку таа сака нешто, тоа го бара директно и јасно.rnrn10 типови девојки со кои машките сакаат да излегуваат – дали сте една од нив?rnrn6. Госпоѓица „независна“ – Девојка која има сопствен живот и се движи во позитивна насока, кон остварување на своите цели. Доколку немате многу време за вложување во врска или пак сакате повеќе простор за себе, ова е идеален тип девојка за вас. Таа е девојка која сака да има машко во нејзиниот живот, но нема некои преголеми потреби од него. Таа не бара маж за да ги реши нејзините проблеми или пак да го обвинува кога работите нема да се одвиваат добро. Таа си е доволна сама на себе.rnrn10 типови девојки со кои машките сакаат да излегуваат – дали сте една од нив?rnrn7. Госпоѓица „без притисок“ – Додека другите девојки сонуваат и копнеат за да се омажат, таа воопшто и не се обидува да размислува за тоа. Таа едноставно е среќна да биде со вас. „Каде оди нашата врска“, „кога ќе ме запросиш“ и „каква ќе биде нашата венчавка“ се прашања кои никогаш нема да ги чуете од оваа девојка. Таа секако дека сака да се омажи, но не се брза за брак. За неа мажењето е спонтана работа, која доколку се случи би требало да биде природно. Девојка која ужива во сегашниот момент на љубов.rnrn10 типови девојки со кои машките сакаат да излегуваат – дали сте една од нив?rnrn8. Госпоѓица „сигурна“ – девојка која добро ги знае своите добри и лоши страни и е во добра согласност со самата себеси. Не пати да биде центар на внимание, има самодоверба и не бара постојано да ѝ бидете посветени за да ѝ го зголемувате егото. Сака да биде со вас и ве прифаќа такви какви што сте.rnrn10 типови девојки со кои машките сакаат да излегуваат – дали сте една од нив?rnrn9. Госпоѓица „шарм“ – Можеби нема убавина за мис на светот, но нејзината интелегенција, духовитост и искреност ја осветлуваат собата во која таа е присутна. Таа е како магнет за луѓето. Нејзиниот шарм и харизмата ги надополнуваат сите нејзини недостатоци.rnrn10 типови девојки со кои машките сакаат да излегуваат – дали сте една од нив?10. Госпоѓица „нематеријалистка“ – Ова е најнентипичен тип современа жена. Таа воопшто не се грижи дали и колку пари имате. Таа ве сака вас и вие сте ѝ доволен. Воопшто и не размислува за материјалните работи кои таа може да ги добие од вас. Исто така и оваа девојка е еден вид феминистка. Секогаш го плаќа својот дел од трошоците и сака работите во врската да бидат еднакво поделени.rnrn10 типови девојки со кои машките сакаат да излегуваат – дали сте една од нив?rn

    Госпоѓица „вистинска“

    rnМногу момци избираат девојки кои претставуваат само трофеј, некој кој ќе им помогне да го зајакнат својот статус меѓу останатите мажи или ќе им помогнат во прикривање на својата несигурност. Но, во целата нивна игра на барање, докажување и ловење девојки, сигурно е дека ќе се појави некоја која ќе ги направи вистински среќни, која ќе одговара на нивните лични барања и на социјалниот статус. Во тој момент тие престануваат со својата потрага и ѝ се посветуваат неа. Госпоѓицата „вистинска“ е таа која на вистински начин ќе ги допре и ќе им го понуди најдоброто од себе, ќе ги сака и разбира, ќе биде една и единствена – нивната ВИСТИНСКА.rnrn10 типови девојки со кои машките сакаат да излегуваат – дали сте една од нив?
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како до успешно пријателство помеѓу машко и женско?

    Како до успешно пријателство помеѓу машко и женско?

    Ако мажите беа од Марс, а жените од Венера, тоа би можело да објасни неколку општопознати стереотипни сфаќања за машко-женското пријателство. Повеќето луѓе на оваа тема би рекле:rn

      rn011

    • Секогаш помеѓу нив се појавува сексуална тензија која придонесува тие да не можат да бидат вистински пријатели;
    • rn011

    • Љубомората која се јавува кај нејзиниот/неговата партнер/ка ги надминува сите рационални размислувања и прави да биде невозможно тие да продолжат да бидат пријатели;
    • rn011

    • Очигледните разлики помеѓу двата пола едноставно ги разделуваат кога станува збор за пријателство.
    • rn

    rnКако до успешно пријателство помеѓу машко и женско?Кога ќе ги земете предвид овие неколку ситуации, си велите дека пријателството помеѓу машко и женско е невозможно, нели? Доколку мислите така, грешите. Експертите за врски имаат поразлично мислење.rn
    rn

    „Верувањето дека мажите и жените не можат да бидат пријатели доаѓа од друга ера во која жените припаѓале во домот, а мажите на работа и единствениот начин нивниот пат да се вкрсти, била романсата“, објаснува Линда Сападин – психолог од Вали Стрим, Њујорк. „Денес мажите и жените работат заедно, делат слични интереси за спорт и секојдневно се социјализираат.“

    rnПромената во културата ги охрабри психолозите, социолозите и комуникациските експерти да состават нова порака:rn
    rn

    „И покрај тоа што би можело да биде малку тешко, мажите и жените сепак успешно стануваат блиски пријатели. И секако, имаат добри причини за тоа.“

    rnОвие предизвици најчесто се појавуваат кај новите пријателства. Доколку успеете да ги надминете во првите неколку години од вашето запознавање, понатаму тие нема да ви претставуваат проблем и ќе успеете да создадете цврст однос и стабилно пријателство помеѓу вас.rnrn

    Предизвик бр. 1: Дефинирајте ја врската – пријатели или љубовници?

    rnКако до успешно пријателство помеѓу машко и женско?rnrnМногупати се случува да започнеме пријателство со личност од спротивниот пол само од една причина – да го освоиме неговото/нејзиното срце. Но доколку тоа не е случајот со вас, треба да знаете неколку работи поврзани со чувствата. Постојат романтични, сексуални и пријателски чувства кои некогаш многу тешко се разликуваат. Многу луѓе се однесуваат со спротивниот пол на стереотипен начин и доколку се појави „пријателското привлекување“ тие погрешно го сфаќаат.  Најдобро би било уште на почетокот да разговарате со вашиот пријател/ка за очекувањата поврзани со вашиот однос. Доколку и двајцата имате исто мислење, тргнати сте во добра насока.rnrn

    Предизвик бр. 2: Надминете ја привлечноста – разговарајте за секс

    rnКако до успешно пријателство помеѓу машко и женско?rnrnМожноста да се појави сексуалната привлечност помеѓу вас секогаш „демне“ во позадина. Обична, платонска прегратка може наеднаш да премине во нешто сосема различно. „Вие пробувате да направите нешто пријателско, но машките/женските делови од телото ви го попречуваат патот“, вели д-р Дон Оумира. И покрај тоа што често е непосакувана, привлечноста е тешко да се игнорира.rnrnИстражувањата покажуваат дека најголем проблем на жените во овој вид пријателство им е сексуалната тензија, додека пак поголемиот број од мажите велеле дека сексуалната тензија е причината поради која го започнале пријателството и сметаат дека таа може дури и да го продлабочи пријателството. Надминете ги овие непријатни ситуации така што ќе бидете искрени помеѓу себе за нив.rnrn

    Предизвик бр. 3: Воспоставете еднаквост – игра на моќ

    rnКако до успешно пријателство помеѓу машко и женско?rnrnПријателството би требало да е комбинација од еднакви. Но, д-р Дон Оумира вели:rn
    rn

    „Во културите каде што постои машка доминација, престижот и моќта претставуваат „багаж“ за двата пола – кога тогаш ќе настане растурање на врската“.

    rnЗа да го избегнат ова, жените понекогаш несвесно присвојуваат покорна улога во пријателството. Пробајте да најдете некаков вид рамнотежа во вашиот однос. Тоа се постигнува на тој начин што нема да гледате на вашиот пријател/ка како на маж/жена, туку едноставно како на блиска личност со која моментално одлично се согласувате.rnrn

    Предизвик бр. 4: Во очите на народот – справување со оние кои се сомневаат

    rnКако до успешно пријателство помеѓу машко и женско?rnrnГолем број луѓе сѐ уште не се подготвени за пријателство помеѓу машко и женско кое нема никаква сексуална позадина. Оние кои имаат блиски пријатели од спротивниот пол, често ги гледаат со насмевки, намигнување и скептицизам прашувајќи постојано дали тие навистина се само пријатели и потоа го игнорираат дадениот одговор.rnrnПонекогаш притисокот од луѓето околу вас придонесува да се запрашате да не можеби не сте во право, да не се развиле други чувства и дека можеби би требало да го смените односот со својот пријател/ка за да ги исполните очекувањата на другите. Но, тоа не треба да биде причина за промена во вашиот однос. Бидете доследни на себе и со време и тие ќе го разберат вашето пријателство.rnrn

    Предизвик бр. 5: Што ако… – победете ја љубопитноста

    rnКако до успешно пријателство помеѓу машко и женско?rnrnТој/таа најдобро ме познава, тој/таа секогаш знае да ми го каже тоа што ми е потребно да го слушнам, само тој/таа никогаш не ме излажал, мислам дека би било/а совршено/а момче/девојка за мене… Ова се само неколку од мислите кои почнуваат да се појавуваат кога пријателството меѓу вас станува посериозно и подлабоко. Да, точно е дека вие сте се запознале одлично и дека се согласувате за сѐ, но тоа не е доволна причина за започнување на нешто ново. Вие можеби сте компатибилни како пријатели, но тоа не значи дека би можело да ви успее и како љубовен пар. Размислете како тој/таа се однесува во врска. Бидејќи сте блиски пријатели ги имате сите информации на дофат. Анализирајте ги убаво и размислете дали навистина сакате нешто повеќе, притоа не заборавајќи дека можеби тоа што го чувствувате, може да се само моментални интензивни пријателски емоции.rnrnИ за крај, истражувањата покажуваат дека кога една личност подолг период ја гледате како пријател, тој однос ви преминува во навика која подоцна е скоро невозможно да се промени. Бидете трпеливи и во брзо време ќе почнете да ги чувствувате многуте придобивки од овој вид пријателство.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто децата ги сакаат животните?

    Зошто децата ги сакаат животните?

    Дали некогаш сте се запрашале зошто децата се толку луди по животните? Речиси и да нема дете кое не сака животни. Веднаш штом ќе видат некое животинче, се насмевнуваат и посакуваат да го допрат, да си поиграат со него или во најмала рака да го задеваат. Неспорни се позитивните резултати од чувањето домашно милениче, кое може да ве расположи, да биде ваш другар, па дури и терапевтски да делува како кај децата, така и кај возрасните. Љубовта помеѓу децата и животните е толку очигледна, што секој барем за момент би посакал да биде на нивно место. Но, од каде потекнува нивната привлечност?rnrnЗошто децата ги сакаат животните?rnrnСпоред експертите, одговорот за искрената љубов помеѓу децата и животните е многу едноставен. Кога децата уште од мали нозе започнуваат да ја осознаваат околината и светот околу себе, најпрвин ги привлекуваат предмети кои што се движат, кои што се одликуваат со јасни и јаки бои и се многу воочливи. Децата се фасцинирани од работи што предизвикуваат интересни звуци. Веднаш сакаат да ги допрат и да си поиграат со нив, а притоа се многу непредвидливи како ќе изреагираат. Така, доколку „предметот“ се движи и истовремено произведува звук, а може со него да се комуницира, би бил вистински погодок. Всушност, уште од самото свое раѓање, бебињата се фасцинирани од лицата и гласовите кои ги гледаат и слушаат.rnrnЗошто децата ги сакаат животните?rnrnНо, луѓето не се единствените кои ги исполнуваат овие критериуми. И животните, посебно новороденчињата, сакаат да се мазат и бараат блискост. Исто така, кога ќе се најдат во близина на некоја возбудлива играчка, веднаш почнуваат да се движат и предизвикуваат интересни звуци.rnrnЗошто децата ги сакаат животните?Зошто децата ги сакаат животните?Зошто децата ги сакаат животните?
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Лошите момци се поголем предизвик за девојките011

    Лошите момци се поголем предизвик за девојките011

    Девојките повеќе сакаат лоши момци затоа што ги привлекува нивната недопирливост, предизвикот да ги променат и да ги освојат само за себе, како и адреналинот кој го нуди таквата врска. Дека жените попрво би одбрале диво момче одошто некое нежно и претпазливо, открива истражувањето на Универзитетот на Британска Колумбија во Канада.Лошите момци се поголем предизвик за девојкитеЗа физичка привлечност, на жените им е потребна доза на арогантно и дрско однесување од страна на мажите за да се постигне ефектот на „забрането овошје“.rnrnСпоред психолозите во истражувањето, како примери за мажи со такво однесување се посочени Колин Фарел, Роби Вилијамс, Џејмс Дин, Роберт Патинсон и други познати личности кои би биле предизвик за секоја жена.rnrnИдеална комбинација за жените би била момчето да е фраер во друштвото, а на само да биде мил и фин, објаснува психологот Неха Пател. Врската со ваков вид карактер е како одење по раб, ве исполнува со интензивно чувство на адреналин. Па така, иако најчесто врските со вакви мажи однапред се осудени на пропаст, сепак на младите девојки сè уште им се прв избор.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Магнетската привлечност кај спротивните астролошки знаци

    Магнетската привлечност кај спротивните астролошки знаци

    Љубовната хемија помеѓу двајца заљубени луѓе е возбудлива, непредвидлива, интересна, но може да биде и многу исцрпувачка за партнерите. Кои било два хороскопски знаци од зодијакот можат добро да се сложуваат, доколку се спремни да поминат преку недостатоците на својот партнер. Кај спротивните знаци пак, постои една моќна меѓусебна привлечност уште од самиот почеток, но исто така тие се соочуваат и со моќни предизвици во врската, кои доаѓаат до израз поради нивните тотално спротивставени карактери.rnrnКако што се привлекуваат плусот и минусот кај батериите, така и помеѓу знаците кои се наоѓаат на спротивните страни на хороскопското тркало, се создаваат искри кои можат да прераснат во страсна љубовна врска. Но, поминувањето многу време со некој кој има тотално различен поглед кон животот од вашиот, може да биде многу измачувачки, па после некое време батеријата во вашата врска ќе мора да биде променета. Дознајте како вие и вашиот спротивен знак во хороскопот можете да ја вратите искрата во вашата врска која ве споила на почетокот.rnrnМагнетската привлечност кај спротивните астролошки знациrn

    Овен и вага

    rnКога овен и вага се запознаваат, помеѓу нив инстантно почнува да се разгорува една страсна искра, благодарение на енергичноста и нескротливиот сексапил на овенот и нежниот шарм и суптилноста на вагата. Но, со тек на време, искрата може да се разгори во нетрпеливост помеѓу нив, бидејќи на овенот може да му досади од префинетите манири на вагата, а таа пак може да почне да се моли овенот некогаш да научи да се однесува поцивилизирано. Доколку сакате во вашата врска да продолжат да пулсираат искри на страст, наместо искри на гнев, престанете да војувате еден со друг и заедничката енергија употребете ја за да створите нешто реално – започнете бизнис, изградете куќа или едноставно заеднички згответе вечера. Кога вашите комплементарни вештини ќе ги ставите во игра, ќе се потсетите дека вие сте еден одличен пар.rn

    Бик и скорпија

    rnОваа љубовна комбинација е „жешка“ уште на самиот почеток на врската. Кога лекомислениот, сензуален бик ќе се судри со неодоливата страст на скорпијата, кај овие партнери еруптира нескротлива сексуална желба. Но, со тек на време на бикот може да му досади од напнатоста на скорпијата, а таа пак може да смета дека бикот е честопати опуштен повеќе отколку што треба. Можеби ќе звучи иронично, но за да ја одржите искрата во вашата врска, вие треба да излезете од спалната соба и да поминете попладне дружејќи се со пријателите или да отидете на концерт, на журка или на кое било место каде ќе бидете опкружени со многу луѓе. Социјализирањето ќе ви помогне да внесете свежина во вашата врска и ќе ви создаде чувство на сексуална жед еден за друг, во ситуација во која ќе можете само да се гледате.rn

    Близнаци и стрелец

    rnВо моментот кога интелектуалниот, ведар близнак ќе се запознае со мудриот, филозофски настроен стрелец, помеѓу нив веднаш се создава магична привлечност и меѓусебна почит. Но, вашите тотално спротивни погледи кон животот, можат да ве одведат до фрустрирачки чувства. Близнакот ќе почне да се нервира од ставот на стрелецот „Јас знам сè“, а него пак може да почне да го иритира постојаното брборење и желбата за озборување на близнакот. За да не се случуваат вакви напнати ситуации, обидете се да ја пренасочите вашата тензија во романтични прошетки во царството на природата и имагинацијата. Отидете заедно на пливање, на егзотичен остров, на планинарење или едноставно поминете попладне заеднички уживајќи во добра музика, гледајќи интересен филм или разгледувајќи уметнички дела на некоја изложба. Ослободувањето на вашите мисли од секојдневните обврски, може да ја врати страста во вашата врска и да ви даде нови, возбудливи теми на муабет.rn

    Рак и јарец

    rnКога емотивниот рак, на кој му е потребен стабилен љубовен живот, ќе се запознае со сериозниот, силен и тивок јарец, инстантно се создава обострана привлечност. Оваа е од оние класични љубовни врски, во која ракот е нежниот партнер, кој секогаш дава поддршка и утеха, а јарецот е посилниот партнер, кој го носи лебот во куќата. Но, со тек на време ракот може да се почувствува игнорирано од страна на јарецот, а тој од своја страна, може да смета дека ракот понекогаш е премногу наметлив. За да спречите да се оладат односите во вашата врска, вие двајца треба да запомните дека не сте само партнери, туку и љубовници. Следете го примерот на љубовните парови во старите филмови и излезете од куќата (ако имате деца оставете ги кај бабата и дедото) и почестете се со еден вистински старомоден љубовен состанок. Отидете во ексклузивен ресторан, напијте се шампањско, разменете си романтични подароци, а кога ќе се вратите дома, облечете ја најпровокативната долна облека што ја имате и лизнете се под чаршавите.rn

    Лав и водолија

    rnПомеѓу овие двајца партнери експлодира сексуална привлечност, во истиот момент кога самоуверениот лав, кој се однесува како крал/кралица ќе се запознае со непристојната водолија. Фактот што водолијата одбива да се „поклонува“ пред лавот, него го возбудува и фасцинира. Таа пак, му се восхитува на способноста на лавот, да ја „маѓепса“ секоја просторија во која ќе влезе со неговиот неодолив шарм и харизма. Како и да е, со тек на време, на водолијата може да ù здодее од непоправливата потреба на лавот за внимание, а тој може да се мурти доколку водолијата не го почитува вообичаеното социјално однесување. Кога ќе решите да ја закопате секирата во мед, одвлечете се еден со друг до спалната соба. Заеднички поминатото време, подалеку од гужви и уживањето во физичката страна на вашата врска е најсигурниот начин да го најдете вашиот заеднички јазик и да ја вратите сексуалната енергија.rn

    Девица и риби

    rnДевицата е пред сè организирана и практична личност, а рибата го живее животот вешто одбегнувајќи ги секојдневните рутини кои и ја ограничуваат слободата. Кога претставници на овие два знака стапуваат во љубовна врска, тие се возбудени и стимулирани од можноста меѓусебно да си помогнат да станат подобри личности. Така, дисциплинираната девица може да и помогне на рибата организирано да си ги завршува обврските, а таа пак може да и покаже на девицата како да се релаксира и да почне повеќе да го живее животот. Со тек на време, девицата може да почне да ја иритира непостојаноста на рибата, а на неа може да почне да и пречи тенденцијата на девицата кон преголемо критикување и контролирање.rnrnКлучот за повторно враќање на страста во вашата врска, е во редовното менување на амбиентот во вашата врска. Тоа ќе го постигнете доколку практикувате патување во некоја земја која ја немате посетено, заедно се запишете на курс по странски јазик или доколку едноставно отидете во некој нов ресторан надвор од градот. На девицата добро ќе и дојде било каква промена во рутинското секојдневие, а рибата ќе ја цени способноста на девицата одлично да го испланира патувањето, да се сети да резервира маса во ресторанот или да „впие“ голем број нови зборови на курсот по странски јазик.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и неверството

    Астрологијата и неверството

    Вашиот партнер е надвор од градот извесен период, а вам почнаа да ви се раѓаат чувства за некој/а друг/а. Како ќе постапите? Секој хороскопски знак има различен став кога станува збор за верноста и за начинот на кој се справува со искушенијата кои можат да го одведат во погрешен правец.rnrnАстрологијата и неверствотоrnrnМажите родени во знакот близнаци имаат репутација на непоправливи флертувачи, кои сакаат постојано да „скитаат“, вечно барајќи ја љубовта на својот живот, дури и ако се веќе во среќен брак. Но ова не е случај со жените близнаци, кои повеќе се водат според тоа што им го вели разумот, а не срцето.rnrnИстото важи и за овните, со тоа што припадничките на понежниот пол исто така имаат авантуристички дух и најверојатно ќе паднат во искушение ако атмосферата е доволно „жешка“.rnrnВодолиите од двата пола не ставаат толку голем акцент на апсолутната верност, бидејќи знаат дека нивната љубовна врска е базирана на пријателски однос, а не на страст. Тие сакаат да ја имаат слободата да прават што сакаат и тоа го кажуваат јасно и гласно уште на почетокот на врската.rnrnНа стрелците им е потребен љубовник кој истовремено ќе им биде и пријател, па поради тоа тие не сакаат во врската да се водат според некакви услови. Под одредени околности ним може да им се случи да изневерат и потоа да се каат што си дозволиле нивната импулсивност да им го помати здравиот разум.rnrnСкорпијата е хороскопски знак на кој му треба многу малку време за да почувствува длабока привлечност кон некоја личност. Ако таа го изневери својот партнер, постојат поголеми шанси дека ќе остане со новиот, отколку да се обидува да излезе на крај со две врски истовремено.rnrnНа лавот, вагата и девицата може да им се случи да паднат во искушение, но нив сериозно би ги загрижувало прашањето како аферата ќе влијае на нивната слика во јавноста. Таинственоста и лагата не се дел од карактерот на овие три знака, така што неверствата за нив претставуваат нешто неизводливо.rnrnРибите се нејасни и двосмислени на некој интересен и шармантен начин и тие уживаат да флертуваат и романтично да заведуваат. Но за нив се вели дека не се доволно умешни за да се вплектаат во афера од големи размери.rnrnЈарците избегнуваат да изневеруваат. Тие сакаат да се гостат со убава храна и квалитетно вино во отмени ресторани, па не би направиле нешто кое би го извалкало нивното достоинство.rnrnБиковите сакаат да си го следат патот кон нивните соништа и ним може да им се случи да паднат во искушение да изневерат, ако личноста е доволно примамлива. Но од друга страна, на нив им е многу важна сигурноста, така што не преферираат да направат нешто кое ќе го „разниша бродот“ во врската во која одбрале да бидат.rnrnРаковите лутаат најмалку од сите знаци бидејќи тие најчесто се многу предани во нивната врска и не би направиле ништо што би ја уништило истата. Нив во љубовта им е многу важно да ги одржуваат нежноста, блискоста и единството со нивниот партнер.rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn