Новата година е период кога луѓето сакаат да си ги расчистат старите сметки и да се ослободат од оние работи кои не им одговарале во минатата. Една од тие работи е секако и љубовната врска во која се чувствуваат несреќни.rnrn
rnrnСпоред едно истражување, јануари е идеален месец за прекинување на старата врска во која партнерите се чувствуваат незадоволни, и истовремено е период за нови почетоци. Дури и адвокатите за развод имаат изјавено дека се најзафатени на почетокот од годината, особено во јануари и февруари.rnrnЕдна од причините поради која паровите се одлучуваат да раскинат во јануари е декемвриската празнична депресија која продолжува во новата година. Дополнително, фактот дека е нова година ни создава притисок дека треба да имаме и нов почеток, да свртиме нова страница, што во комбинација со временската состојба во овој период од годината, негативно влијае на нашето расположение. На ова се надополнува насобраниот стрес, финансиските проблеми и притисокот од родителите кои често имаат значајно влијание врз судбината на љубовните врски во кои се нивните деца.rnrnПред новата година исто така имаме тенденција да се преиспитуваме себеси, што сме направиле во текот на изминатата година, што сме постигнале, дали сме задоволни од состојбата во којашто сме… Во овој процес, многумина вината за својата несреќа ја наоѓаат во партнерот, па на почетокот на следната година, ова неизбежно избива на површина.rnrnНо, не значи дека причината за раскинувањето се појавува токму за нова година. Луѓето обично трпеле дотогаш, а во овој период, под притисок на потребата за нов почеток се одлучуваат да го направат тој чекор. Многумина го чувствуваат нагонот за раскинување уште во декември, но поради желбата да ги поминат празниците заедно со партнерот, односно заради стравот да не останат сами, да не им пропадне договореното патување, да не ги пропуштат многуте забави, заедничката посета на родителите и размената на веќе купените подароци, го „одложуваат“ завршетокот на врската за во јануари.rnrnНа второ место според бројот на раскинувања е декември, додека трет е март.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

rnrnЗасега можеме да уживаме само во концептот за овој мини спа-центар, но според останатите продукти на оваа компанија, веруваме дека набрзо ќе можете да го набавите за својот дом.rnrn





rnrn rnrn
rnrnНајпрво да ги дефинираме и двата поими, за кои психолозите тврдат дека во комбинација се гаранција за неуспех. Што е перфекционизам, а што одолговлекување?rnrn
rnrn
rnrnПланирањето на обврските сè до најситен детаљ одзема време. Нè прави да се чувствуваме безбедно, како да имаме контрола над ситуацијата. До некаде тоа е добро бидејќи сте подготвени за она што доаѓа. Но, мора да постои момент кога ќе почнете да дејствувате. Претераното размислување и планирање ги уништува работите.rnrnЕве еден мал пример. Се подготвувате да учите со цел да го положите испитот. Но, не само да го положите, туку да извлечете најмногу што можете, па притисокот станува уште поголем. Вашиот план за учење е направен, материјалите се собрани, но имате „поважни“ обврски. Прво ќе си ја средите собата, ќе го разлистате омиленото списание, ќе видите што има ново на интернет за да бидете во тек со новостите, ќе излезете на пазарење за да не мислите што треба да купите додека учите… и на крај ви станува јасно дека оваа листа на „обврски“ нема крај. 
Чоколадото го намалува крвниот притисок, а познато е и дека една коцка чоколадо на ден, може да го смали ризикот од заболување од некоја кардиоваскуларна болест за 20%. За подобар ефект одберете што потемно чоколадо, кое содржи повеќе антиоксиданти и помалку шеќер.rnrn
rnrnСексот е еден од најдобрите начини да го подобрите крвниот притисок. Редовните сексуални активности, најмалку 2 пати неделно, го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести за 65%. Докажано е дека сексот не само што го подобрува крвниот притисок, туку и благодарение на окситоцинот, хормон кој се ослободува за време на сексот, вашиот крвен притисок ќе се намали за само три месеци.rnrn
rnrnМузиката е совршениот начин за опуштање на артериите. Мелодичните ноти во комбинација со вежби за дишење за само половина час дневно може да го намалат вашиот крвен притисок за само неколку месеци, покажале истражувањата.rnrn rnrn
