КАФЕ ПАУЗА

Tag: присутност

  • Како да бидете поприсутни во својот живот?

    Како да бидете поприсутни во својот живот?

    Има безброј придобивки од тоа да се биде „активно присутен“ во вашиот живот, односно да се обрнува внимание на светот околу вас, како на пример, намалување на стресот, зголемување на продуктивноста, поквалитетни врски, односи и комуникација. Но, понекогаш тоа што е едноставно може да биде многу тешко во пракса. Во тој контекст, прочитајте ги следниве 5 совети како да живеете во сегашноста и никогаш повеќе да не ги губите моментите.rnrnКако да бидете поприсутни во својот живот?rn

    1. Правете ги работите по ред, една по една

    rnВо теорија, мултитаскингот е фантастичен, но во праксата тоа обично значи дека вниманието ви е поделено на многу работи и на ниту една од нив не се задржува доволно. Истражувачите од Универзитетот Стенфорд по низа студии откриле дека луѓето кои прават повеќе работи истовремено не обрнуваат толку внимание, не ја контролираат својата меморија и се преместуваат од една работа во друга за разлика од оние кои преферираат да ги завршуваат своите обврски една по една.rn

    2. Користете ги сите свои сетила

    rnОва можеби ќе ви звучи малку модернистичко, но следниот пат кога ќе јадете, немојте само да ја вкусите храната, туку обидете се и да забележите како изгледа и како мириса пред да ја изедете. Ова ви дозволува да бидете целосно посветени на тоа што го правите во моментот и е еден нов, интересен начин да ѝ пристапите на храната.rn

    3. Поминете 5 минути од денот не правејќи ништо

    rnБарем 5. Доколку можете да си дозволите и 10, уште подобро. Вежбањето свесност е одличен начин да бидете присутни во моментот. Ќе се фокусирате само на дишењето и нема да се грижите за ништо друго. Ова е фантастична можност да се опуштите.rn

    4. Оформете вистински врски

    rnОбидете се да не комуницирате само преку социјалните мрежи, туку и да остварите директен контакт. Гледајте во очите кога разговарате со другите луѓе. Доколку живеете со своето семејство или своите пријатели и сакани, прашајте ги како го поминале својот ден. Лесно е и ќе се чувствувате исполнето и весело без некоја посебна причина.rn

    5. Контролирајте го користењето на технологијата

    rnМодерниот свет е преполн со секакви информации кои ве тераат да го проверувате својот телефон на секој половина час. Но, тоа не мора да биде така. Одредете конкретно време во кое ќе го проверувате телефонот, на пример секоја ноќ, веднаш пред вечерата. И обидете се остатокот од вечерта да го поминете без да ги користите вашите електронски апарати како таблетот, компјутерот, телефонот… Со нивното ограничено користење навечер, ќе станете многу поефикасни во извршувањето на задачите и обврските и ќе научите да ги цените активностите кои ви се случуваат во моментот.

  • Кажете му „да“ на сегашниот миг

    Кажете му „да“ на сегашниот миг

    Современиот начин на живеење е исполнет со стрес поради брзиот начин на живот, финансиската несигурност и воопшто, поради неизвесната иднина. За жал, постои одреден јаз помеѓу она што од нас го бараат околностите во кои живееме и она што го налага човечката природа, па оттука не е изненадување тоа што луѓето бараат начин како да се справат со стресот.rnrnСпоред психологот Мелани Гринберг еден од начините за тоа да се постигне, е да се забави со темпото на живеење така што грижите за минатото и иднината ќе се заменат со повеќе внимание на сегашноста. Еве кои начини ни ги предлага таа за постигнување на оваа цел.rnrnКажете му „да“ на сегашниот мигrnrnФокус на она што се случува со сегашниот миг Размислувањето за непријатните моменти од минатото всушност претставува нивно враќање во сегашноста, при што одново се поминува низ истото горчливо искуство. Тоа ќе ве натера на иднината да гледате со песимизам и ќе ве исполни со стрес. Поштедете се од таквото гледиште затоа што никој не може да ја предвиди иднината и наместо тоа сконцентрирајте се само на она што се случува овде и сега.rnrnЦелосна присутност – Бидете свесни за она што го искусувате во сегашноста. Што гледате, слушате или мирисате сега? Како се чувствувате поради тоа?rnrnОтвореност за нови искуства – Дозволете си да бидете љубопитни. Наместо да мислите дека нема да успеете поради лошите искуства, прифатете ги новите предизвици од сегашноста и љубопитно почекајте да видите какво искуство ќе ви донесат овој пат.rnrnНе судете – Начинот на кој ги прифаќаме новите нешта зависи од чувствата кои сакаат да нè заштитат од нешто или да нè тераат да дејствуваме кон нешто. Потрудете се да ги прифатите работите со отворен ум без да судите.rnrnПрифаќање на работите такви какви што се – Немојте да се залажувате дека реалноста е или треба да биде онаква како што вам ви одговара. Така ќе завршите со чувство дека сте жртва и ќе се жалите дека животот не бил фер кон вас. Согледајте ја реалноста и станете свесни за неа, имајќи предвид дека можете да се приспособите и да ја толерирате или да се борите за да промените нешто. На тој начин ќе го прифатите и фактот дека и другите најдобро знаат што е добро за нив.rnrnСвесност за поврзаноста со природата Околината не е нешто од кое треба да се браниме. Ние сме дел од неа и оттаму добиваме нешта кои ни се потребни: храна, убавини, можности… Сите живи ентитети во природата сакаат да бидат задоволни и според тоа не сме сами во справувањето со стресот и проблемите во бесконечната потрага по задоволство.rnrnБез приврзување – Не приврзувајте се премногу за луѓе, предмети или искуства, затоа што во современиот начин на живот тешко дека ќе успеете да ги зачувате сите нешта што сте ги сакале и уште ги сакате. Останете независни од нив, затоа што преголемата приврзаност кон нештата извира од стравот и претставува основа за страдање. Сè тече, сè се менува. Една врата се затвора, друга се отвора.rnrnОстанете смирени – Животот си има свои подеми и падови. Во која било етапа да се наоѓате, знајте дека таа ќе заврши. Кога минувате низ лош период, останете присебни и доследни на вашите вредности и ставови и мирно продолжете кон остварување на вашите цели.rnrnСочувство – Третирајте се и себеси и другите луѓе со љубезност и сочувство. Наместо да осудувате, бидете отворени за туѓите проблеми, обидете се да ги разберете и не колебајте се да сочувствувате. Сочувството е една од основните човечки потреби која се остварува преку врските со другите. На тој начин брзо ќе сфатите дека не сте сами во калта од проблеми.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.