КАФЕ ПАУЗА

Tag: пристојност

  • Особините на вистинскиот џентлмен се…

    Особините на вистинскиот џентлмен се…

    Иако џентлменството не е мртво, денес е тешко да најдете некој со карактеристики на вистински џентлмен. Еве кои особини еден маж треба да ги поседува, за достојно да се стекне со тој епитет.rnrnОсобините на вистинскиот џентлмен се...rn

    Трпение

    rnЕдна од карактеристиките на вистинскиот џентлмен е трпението. Понекогаш мажите несвесно ве форсираат да преминете на наредната фаза. Ова и не е така лошо, освен ако не сте подготвени. Ако е така, џентлменот ќе ве разбере. Доколку пак сте спремни, нема да ви суди и ќе ве почитува. Која и одлука да ја донесете, тој секако ќе ве поддржи.rn

    Манири

    rnКога џентлменот го запознавате со родителите, нема потреба да се грижите за тоа што ќе каже, бидејќи е секогаш пристоен и традиционален. За вас ќе прави мали и значајни гестови и најважно од сѐ, ќе ве третира онака како што заслужувате.rn

    Пристојност

    rnДа се разбереме, да излегувате со џентлмен не значи дека тоа ќе изгледа како во филмовите на Дизни. Тој нема да пее, игра околу вас и да ја докажува љубовта. Врската ќе биде нормална и вистинска. Па и да се случи некоја пцост не е крај на светот. Ако тоа го направи во афект, не лутете се и заборавете. Сепак, никој не е совршен.rn

    Љубезност

    rn„Молам“ и „благодарам“ се два мали, но значајни збора. Љубезноста и благодарноста се секогаш важни за него. Џентлменот е фин со келнерите и се насмевнува дури и на случаен минувач. Тој ќе биде оној кој сите посакуваат да го запознаат, но само вие сте среќници што го имате до себе.rn

    Смиреност

    rnНа секој му се случува да се изнервира. Преголемата гужва во сообраќајот, расправиите со шефот, можеби некого ќе извадат од такт, но џентлменот знае како да се прибере и да не дозволи ситните фрустрации да влијаат на неговото вистинско јас.rn

    Морал

    rnВистинскиот џентлмен никогаш нема да го направи она за што верува дека е погрешно. Има висок морал и секогаш знае до каде се дозволените граници.rn

    Прави да се чувствувате пријатно

    rnНема да кажува непристојни шеги или да зборува за некоја несоодветна тема. Ќе направи сѐ за да се чувствувате удобно, пријатно и опуштено. За него дамата е секогаш на прво место.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 причини зошто секогаш да бидете убаво облечени

    10 причини зошто секогаш да бидете убаво облечени

    Автор: Боро МирческиrnrnПрвиот впечаток кој може да го оставиме било да станува збор за средба со пријател, девојка или момче или пак со потенцијален работодавец е од особена важност. Пристојното облекување може да ви отвори многу врати, а со тоа да ве направи да се чувствувате посамоуверено, погордо и секако посреќно.rnrnКога говориме за убаво облекување, не говориме дека облеката на вас мора да чини неколку илјадници денари. Токму спротивното! Под убаво или пристојно облекување се подразбира да бидете облечени соодветно за пригодата на која присуствувате, во чиста и убаво испеглана облека и најважно од сè, во облека која вам најпригодно ви одговара.rnrnПостојат низа причини зошто е препорачливо секогаш да сте убаво и пристојно облечени, а ние ви одвојуваме 10 проверени, кои и тоа како ви одат во прилог.rnrn10 предности зошто секогаш да бидете убаво облечениrnrn1. Убаво облечените луѓе може многу полесно да добијат зголемување на платата од 5 до 10 проценти. Според истражувањето „Убавината и пазарот на труд“ објавено од Националното биро за економски истражувања во САД, луѓето кои се привлечни и притоа соодветно облечени на работното место, уживаат премија на својата плата од најмногу 10 проценти, за разлика од нивните колеги кои се помалку убаво облечени за време на работата.rnrn2. Ако сте тргнале на интервју за работа и притоа сте убаво облечени, бидете сигурни дека ќе бидете издвоени од „морето“ на пријавени кандидати за вашата омилена работна позиција. Личниот впечаток кој го оставате кај потенцијалниот работодавец е од особена важност за премин од првиот круг во вториот.rnrn3. Ако се вработувате во некоја компанија и притоа сте убаво облечени, имате за 20% поголема шанса за повисока стартна плата од некој кој претендира за истото работно место, а се облекува несоодветно.rnrn4. Доколку треба да држите говор или презентација, бидете убедени дека е задолжително да бидете убаво облечени. Тоа е доказ дека ќе ја зголемите вашата убедливост во тоа што го кажувате, а на слушателите ќе им биде подраго истовремено да ве слушаат, но и да ве гледаат.rnrn5. Соодветната облека и тоа како може да ви го зголеми личниот кредибилитет без разлика дали станува збор за деловно или приватно поле.rnrn10 предности зошто секогаш да бидете убаво облечениrnrn6. Секако дека облеката не е никаков доказ дека подобро облечените луѓе имаат подобар деловен или личен перформанс. Сепак, и пристојната облека и атрактивноста носат и некои негативни последици. Некои американски истражувања покажуваат дека луѓето имаат поголеми очекувања за одредени работи од убаво облечените и атрактивни индивидуи, отколку од оние кои се помалку атрактивни и понесоодветно облечени.rnrn7. Пристојното облекување е причина за зголемување на личната самодоверба.rnrn8. Убавата облека која вам најугодно ви прилега може и да ве направи посреќни. Потсетете се колку пати сте се насмеале кога наутро сте се погледнале во огледало и сте си се допаднале како изгледате.rnrn9. Убаво облечените луѓе оставаат многу подобар впечаток кај спротивниот пол.rnrn10. Доколку изгледате пристојно, многу е поголема веројатноста да имате и поголем број познаници и пријатели.rn
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Совети за прв успешен состанок

    Совети за прв успешен состанок

    Првиот состанок е полн со очекувања и прашања – дали ќе му се допаднам, дали е тој/таа вистинскиот, дали ќе направам или кажам нешто погрешно и ќе се посрамотам, дали ќе има хемија меѓу нас, дали ќе испаднам смешен/на во разговорот, како ќе помине целата вечер?rnrnСовети за прв успешен состанокrnrnНормално е да ви се мотаат овие прашања низ главата, но не се грижете многу. Клучната работа е да бидете релаксирани, да уживате во вечерта и да не се анализирате себеси многу. Без оглед како ќе помине првиот состанок, најдобро е и двајцата да заклучите дека сепак и тоа е некое добро и вредно искуство. Еве некои мали совети кои ќе ви посочат што треба, а што не треба да правите на првиот состанок.rn.rn

      rn011

    • rn

      Треба да:

      rn

    • rn

    rn

    Изберете соодветно место за прв состанок

    rnСовети за прв успешен состанокrnrnАко вие треба да го одберете местото, тогаш одберете некој кафе-бар, ресторан или некое место кое знаете дека му се допаѓа на вашиот партнер. Пијачка во бар или фин ручек во интимен ресторан е одлично место за прв состанок. Предноста на првиот состанок е тоа што тој може да биде краток, бидејќи може да се случи да не си се допаѓате еден со друг. Па затоа, мали ресторани и барови се одличен избор. Но, ако има хемија меѓу вас, можете да го продолжите состанокот така што ќе отидете на некое друго место или ќе испланирате следен состанок. Обидете се да избегнете бучни места каде што нема да можете да се слушнете еден со друг. Избегнувајте  кино сали, спортски настани или состаноци дома (освен ако не го знаете партнерот многу добро).rn.rn

    Дадете свој придонес

    rnСовети за прв успешен состанокrnrnОблечете се соодветно како според местото каде што ќе одите, така и според тоа како вие се облекувате и кој е вашиот стил. Тоа ќе покаже дека се грижите за себе и за тоа како изгледате и така ќе оставите добар впечаток. Неизмиена коса, лош здив, извалкани алишта нема да освојат никого. Важно: Не претерувајте со алкохолот, освен ако не ви е во план да станете груби, лоши, смешни, насилни и здодевни.rn.rn

    Бидете љубезни

    rnБез оглед дали помеѓу вас има хемија или не, бидете љубезни спрема другиот. Тоа не ве чини ништо, а сепак ќе предизвика огромно задоволство во неговите очи. Љубезноста не значи дека треба да лажете или да давате лажна надеж. Не му кажувајте на другиот дека ќе му се јавите наредниот ден ако навистина не го мислите тоа.rn.rn

    Го оставите емоционалниот багаж дома

    rnМногу исповеди за вашето минато, лоши навики и поранешни љубовни врски не оставаат добар впечаток, ниту пак го интересираат партнерот. Првиот состанок е како интервју за работа – треба да ги истакнете најдобрите ваши особини, а не да се осврнувате кон слабостите. Секако, ако партнерот ве праша директно прашање како: „Дали сте во врска?“, добро е да му одговорите искрено.rn.rn

    Бидете свои

    rnСовети за прв успешен состанокrnrnНаправете партнерот да ве види во вистинското светло. Не се обидувајте да бидете тоа што не сте, туку покажете се токму такви какви што навистина сте. Не сакате другиот да се вљуби во некој што вие не сте навистина. Направете партнерот да ве засака и цени такви какви што сте.rn.rn

      rn011

    • rn

      Не треба да:

      rn

    • rn

    rn

    Доминирате во разговорот

    rnСовети за прв успешен состанокrnrnАко во целиот разговор вие сте тој кој зборува, особено ако зборувате за вас, давате лош впечаток дека не сте заинтересирани за другата страна. Партнерот ќе се чувствува убаво ако види дека го слушате и му поставувате прашања. Обидете се колку што зборувате толку и да слушате.rn.rn

    Ги заборавате убавите манири

    rnИгнорирањето на убавите манири иритира и не е воопшто привлечно. Еве некои на кои не треба да заборавите:rn

      rn011

    • Не доцнете, а ако доцните известете го партнерот;
    • rn011

    • Исклучете го мобилниот телефон или ставете го на Silent;
    • rn011

    • Заблагодарете се ако партнерот ја плати сметката.
    • rn

    rnМоже да дознаете многу работи за една личност ако го  набљудувате начинот на кој истата се однесува со келнерот, како реагира ако нешто излезе надвор од контрола, како се однесува во сообраќајна гужва и слично. Не е доволно да бидете љубезни само кон вашиот партнер, туку и кон сите останати луѓе. Тоа добро ќе се одрази и на вас.rn.rn

    Избрзувате со заклучоци

    rnМногу од нас донесуваат брзи заклучоци за некого со само неколку минути поминати заедно. Првиот впечаток во повеќе случаи е погрешен. Потрудете се да не донесувате заклучоци веднаш. Поминете повеќе време со партнерот за да го запознаете подобро. Два до три состаноци треба да се доволни за да оформите прилично добар впечаток за личноста.rn.rn

    Ги избрзувате работите

    rnНе се внесувајте емоционално многу рано, пред да го запознаете партнерот доволно. Сексот е моќна алатка, но ако спиете заедно уште на првиот состанок, многу е голема веројатноста тоа подоцна да доведе до фундаментални проблеми меѓу вас. Кинење алишта и копчиња од кошула, секси деколте, интимни допирања…сето тоа оставете го за малку подоцна.