КАФЕ ПАУЗА

Tag: природна

  • Кои природни состојки можат да ве заштитат од сонцето?

    Кои природни состојки можат да ве заштитат од сонцето?

    Многу е важно да се заштитиме од сонцето и без оглед на тоа каква кожа имаме, сите користиме производи за сончање. Многу производи за сончање содржат состојки кои можат да предизвикаат алергии или да имаат негативни ефекти, но дали постои природна заштита од сонце?rnrnНекои луѓе се заинтересирани да направат своја крема за сончање дома, а ако и вие сте меѓу нив, тогаш погледнете кои природни состојки можат да се користат за заштита од сонцето.rn

    1. Прополис

    rnОваа позната мешавина која пчелите ја собираат е една од најмоќните природни состојки за заштита од сонце. Богат е со антиоксиданти и штити од УВ зраците.rnrnКои природни состојки можат да ве заштитат од сонцето?rn

    2. Алое вера

    rnАлое вера е познато по своите навлажнувачки својства и здравствени придобивки за кожата. Експертите препорачуваат да го нанесете алое вера гелот 24 часа пред изложување на сонце и 2 часа по него.rnrnКои природни состојки можат да ве заштитат од сонцето?rn

    3. Масло од морков

    rnОва масло често се користи во комбинација со други состојки за да обезбеди дополнителна заштита. Богато е со бета-каротин и витамини Е и А. Исто така е одлично и за заздравување на сува кожа.rnrnКои природни состојки можат да ве заштитат од сонцето?rn

    4. Шеа путер

    rnШеа путерот често се користи во домашните козметички производи, бидејќи има лековити својства. Освен тоа, има и многу нежна арома, па сигурно ќе го обожавате.rnrnКои природни состојки можат да ве заштитат од сонцето?rn

    5. Масло од семе од малини

    rnОва масло е една од најефикасните природни состојки за сончање. Богато е со антиоксиданти и минерали кои помагаат при различни состојби на кожата.rnrnКои природни состојки можат да ве заштитат од сонцето?rnrnМожеби ќе ве интересираат и овие 10 кујнски трикови што ќе ви го олеснат животот.

  • Еве како изгледа вашата омилена храна во својата природна средина

    Еве како изгледа вашата омилена храна во својата природна средина

    Пред нашите омилени овошки, јаткасти плодови, зачини и зеленчуци да бидат собрани и дистрибуирани ширум светот за нашето кулинарско уживање, тие изгледаат неверојатно поразлично од тоа како сме навикнати да ги гледаме. Дали воопшто знаевте од што се составени вашите омилени закуски во нивната природна средина? Погледнете и подгответе се да бидете изненадени…rnrn

    Кафе
    Кафе
    rnrn

  • Погледнете како изгледаат учесничките на изборот „Мис Универзум“ без шминка

    Погледнете како изгледаат учесничките на изборот „Мис Универзум“ без шминка

    Генетиката понекогаш знае да биде навистина лоша. Вие не можете да контролирате дали ќе бидете убави или не. Да, можете да вежбате за да бидете во добра форма или да се разубавите со шминка, како и да ставите надградба на коса со цел да добиете совршена фризура или пак, да направите пластична операција за да ја затегнете вашата кожа. Но, можеби дури ни тогаш не би изгледале како овие убавици кои покажаа дека и без шминка се прекрасни.rnrn

    Мис Универзум (Мис Колумбија) без шминка
    Мис Универзум (Мис Колумбија) без шминка
    rnrnМис Универзум за 2015 година побарала од сите жени да објават фотографии на Твитер каде што ќе бидат без шминка со цел да ја покажат својата самодоверба. Овие фотографии ги преплавија социјалните мрежи со хаштагот #ConfidentlyBeautiful, каде што дури и останатите учеснички на изборот објавија свои фотки. Погледнете како тие изгледаат без шминка во споредба со нивните добро обработени и професионални фотографии од големиот настан.rnrn
    Мис Универзум (Мис Колумбија) со шминка
    Мис Универзум (Мис Колумбија) со шминка
    rnrn

  • Најубавата шминка е насмевката: Како мажите ги гледаат природните жени?

    Најубавата шминка е насмевката: Како мажите ги гледаат природните жени?

    Сè уште постојат едноставни и обични луѓе, кои и покрај овие карактеристики се многу интересни во својата едноставност. Но, што мислат просечните мажи за девојките кои не носат шминка и зошто тие повеќе ги преферираат од „силиконските“ девојки?

    rn

    Најубавата шминка е насмевката: Како мажите ги гледаат природните жени?

    rn

    На мажите најмногу им се допаѓаат девојките кои наместо шминка носат насмевка и со неа го разубавуваат своето лице. На нив им се допаѓаат девојки кои во себе носат прекрасна енергија која може да биде забележана преку сјајот во нивните очи. Сепак, за некои луѓе овие девојки не се ништо повеќе од обични и нормални. Но, не секој може веднаш да ја забележи вистинската природна убавина на една личност.

    rn

    Просечните и обични мажи многу лесно ги препознаваат природните девојки и токму тие ги привлекуваат. На нив, природните девојки кои се постојано насмеани им се многу попривлечни бидејќи ги категоризираат како личности кои имаат душа и добрина во себе. Овие девојки се насекаде околу нас, но не сите имаат моќ да ја забележат нивната убавина и природност. Токму затоа, следен пат отворете ги очите пошироко…

    rn

  • К’на – природна боја која ја негува косата!

    К’на – природна боја која ја негува косата!

    К’ната е билна боја за коса, која кога е во цврст облик дава црвенкасто-портокалови тонови. Освен што ја бојадисува косата, к’ната ја негува кожата на главата и создава заштитен слој кој спречува штетните супстанци да навлезат во влакното и ја чува од сушење. Индијките, кои се сметаат за жени со најубава коса, ја бојадисуваат и негуваат својата коса со к’на, но исто така таа им служи за украсување и цртање симболички цртежи на дланките и стапалата во специјални прилики.rnrn2-kna-prirodna-boja-koja-ja-neguva-kosata-www.kafepzuza.mk_rnrnК’ната (хена) е билка сомелена во прав со зелена боја, кој има карактеристичен мирис на сено. Црвениот пигмент е „скриен“ во хлорофилот и се ослободува тогаш кога ќе се подготви смесата за бојадисување.rnrnВистинската природна к’на, без додатни хемиски супстанци ја бојадисува косата во црвенкасто-портокалови тонови, чиј интензитет зависи од тоа каква е вашата природна боја на коса. К’ната продира во влакното, а пигментот се зајакнува со долготрајна употреба.rnrnМоже да се постигне потемна нијанса ако користите црн чај наместо врела вода, а доколку имате многу седи влакна, тие ќе се бојадисаат во интензивно портокалови нијанси и ќе се двојат од останатата коса, која доколку е потемна ќе добие боја на костен со црвеникав отсјај.rnrn3-kna-prirodna-boja-koja-ja-neguva-kosata-www.kafepzuza.mk_rnrnК’ната ѝ дава раскошен сјај и мекост, ја храни, негува и бои косата, а доколку сакате таа да не биде во црвни тонови, изберете помеѓу црна, кафеава или руса к’на, но треба да знаете дека тоа не е вистинска к’на. Таа е помешана со некои други состојки, кои можеби не се природни, иако тоа не го пишува на пакувањето.rnrnПриродни состојки кои ја менуваат бојата на к’ната се: шафран (за златен отсјај), карчак, вашма и индиго за црна коса со син отсјај, како и мешавина на амела, орев, ребарбаре, индиго и к’на и други билки кои не се штетни за косата.rnrnСинтетичките пигменти кои се додаваат во к’ната се штетни, а доколку со пакувањето доаѓа некој вид хидроген, треба да знаете дека не станува збор за природна к’на. Единствен „хидроген“ за вистинската к’на е врелата вода, во која може да додадете црн чај, за потемна или чај од хибискус за интензивна црвена нијанса.rnrn4-kna-prirodna-boja-koja-ja-neguva-kosata-www.kafepzuza.mk_rn

    Еве кратко упатство за подготовка на к’ната:

    rn

      rn011

    1. К’ната се нанесува на измиена, влажна коса.
    2. rn011

    3. Разматете ја во мал сад, додавајќи врела вода, додека не направите паста која по својот изглед и густина потсетува на кал.
    4. rn011

    5. Додека ја мешате к’ната (не смета ако се направат грутки) смесата ќе се излади, доволно за да не биде премногу жешка, а да остане доволно топла додека ја нанесувате.
    6. rn011

    7. Обидете се да ја нанесете брзо, пред да се излади.
    8. rn011

    9. Ставете ракавица и нанесувајте ја како да сакате со таа смеса да ја измиете косата – чешелот нема да ви биде од корист, па бојадисувањето спроведете го со помош на прстите.
    10. rn011

    11. К’ната треба да ја држите ја најмалку 2 часа, односно додека смесата не се излади. Тоа време ќе го продолжите (што подолго стои, тоа подобро) доколку косата ја завиткате во весници (ќе ви бидат потребни од три до четири слоја), преку кои ќе ставите кеса, а потоа ќе ја заврзете во марама.
    12. rn011

    13. Врз сето тоа можете да ставите и капа. На овој начин топлата смеса ќе се задржи на вашата коса и до 4 часа. После тоа мијте ја долго и темелно – шампонирање не е потребно.
    14. rn011

    15. Штом еднаш ќе ја бојадисате вашата коса со к’на, нема лесно да можете ја промените бојата, доколку не сте задоволни. Потребно е некое време да се измие к’ната и да се изгуби ефектот на заштитен слој.
    16. rn

  • Катедрала од живи дрвја

    Катедрала од живи дрвја

    Оваа катедрала ќе биде една од најимпресивните природни градби на земјата. Архитектот Џулијано Маури, во северна Италија во близина на Бергамо, направил дрвени кафези кои ги претставуваат столбовите на катедралата. Во секој од импровизираните столбови, Маури засадил габрови дрвја. Тој рекол дека за 15 години, благодарение на поставената конструкција, на ова место ќе се појави неверојатна природна катедрала.rnКатедрала од живи дрвјаМаури започнал да ја гради конструкцијата во 2001 година, но за жал починал во 2009. Катедралата била завршена во 2010 за да сведочи за неговото визионерско дело. Катедралата е долга 27 метри, широка 24 метри, а висината ќе се движи од 5 до 21 метар.Катедрала од живи дрвјаКатедрала од живи дрвјаКатедрала од живи дрвјаКатедрала од живи дрвјаКатедрала од живи дрвјаrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 знаци дека тој е вистинскиот човек за вас

    10 знаци дека тој е вистинскиот човек за вас

    Во ниеден момент од животот не е едноставно да знаете дали е некој, оној вистинскиот за вас, дали е тоа вашиот партнер за целиот живот. Но, некои постапки и внатрешното чувство кое тој маж ви го побудува, можат многу да откријат за вас како пар и за вашата иднина. Дали вашата врска е минлива или е тоа долготрајна љубов, е вечно прашање за кое жените размислуваат повеќе од мажите. Во проценката за тоа дали врската долготрајно ќе опстане, треба да се земат предвид најважните фактори што ја прават жената среќна.rnrnДесет знаци дека тој е вистинскиот човек за васrnrnДоколку во вашата врска има девет од овие десет фактори, потрудете се таа да успее, бидејќи има голема веројатност дека партнерот ќе ве направи среќни за целиот живот. Но, ако има помалку од тоа, тогаш треба уште еднаш да размислите за вашите критериуми или да се запрашате дали можеби сте во врска само за да не бидете сами.rn

    1. Ве засмејува

    rnСмислата за хумор е многу важна особина и една од најпривлечните кои човекот ги има. Заедничките шеги, насмевките и задевањето ги зближуваат луѓето дури и во лоши ситуации. Ако смеењето и забавата се застапени во вашата врска, и покрај тоа што сте долго време заедно, негувајте го тоа за да можете така да се смеете и кога ќе остарите.rn

    2. Сакате исти работи во животот

    rnВие сакате дете, а и тој го сака тоа, вие сакате да патувате, а тој веќе планира каде ќе одите. Според љубовните терапевти, тоа е рецепт за траен однос. Тие истакнуваат дека и покрај тоа што компромисот е задолжителен во врската, луѓето кои премногу се прилагодуваат, го губат чувството за сопствениот идентитет и на крајот тоа му го замеруваат на партнерот.rn

    3. Најубави сте му без шминка

    rnИ покрај тоа што можеби ви се чини дека ве лаже кога ви зборува дека сте му најубави без шминка, многу е веројатно да ја зборува вистината. Мажите кои постојано ги поттикнуваат партнерките да се дотеруваат, да се облекуваат заводливо и многу да се шминкаат, најчесто се заљубени само во нивниот надворешен изглед. Ако за некого сте убави, убави сте му секогаш, па дури и кога сте облечени во обична тренерка.rn

    4. Свесни сте за неговите мани, но сеедно го сакате

    rnМногу е погрешно да мислите дека најдобриот партнер за вас не треба да има мани или барем не оние кои вас ве нервираат. Со тоа што ги забележуваме, покажуваме дека сме рационални во љубовта, а со тоа што сме свесни за нив, му покажуваме на партнерот дека го сакаме штом сме сè уште со него и покрај неговата несовршеност.rn

    5. Ве поддржува во сè што сакате да направите

    rnАко сакате да напредувате на работното место, да скокате со падобран или само да излезете со пријателките на пијалак, вистинскиот партнер ќе ве поддржи во вашите желби. Кога две личности вистински се сакаат, тоа подразбира меѓусебна толеранција и почитување, но ако на оној другиот желбите му се сосема неразбирливи, треба да се запрашате дали имате слични ставови и желби во животот.rn

    6. Му верувате потполно

    rnАко некогаш во минатото сте биле повредени и ви се чинело дека никогаш повторно нема да му верувате некому, вистинскиот партнер ќе ве разувери. Тој ќе се потруди да ја заслужи вашата доверба, на тој начин што ќе го исполни тоа што ќе го каже и ќе ве почитува. И покрај тоа што неограничената доверба е ретка, скоро невозможна, доволно е да му верувате 99% за да имате складен однос.rn

    7. Сите ваши блиски го сакаат

    rnНе би требало да биде важно што мислат другите луѓе за вашата врска, но она што го покажуваат вашите најблиски, па дури и домашните миленичиња кон вашиот партнер, е добар показател за тоа како се однесува кон вас. Имено, блиските луѓе ви посакуваат сè најдобро и се грижат за вашата среќа, а нивната проценка на вашиот партнер, се темели на неговото однесување кон вас.rn

    8. Се будите среќни секој ден

    rnНаутро кога се будите и ќе го видите него, добивате желба да го прегрнете и бакнете. Ако е така, тоа е доказ за вашите вистински чувства и задоволство. Доколку не можете да замислите никој друг покрај себе и сте толку среќни и задоволни, многу е можно токму тој да е најдобрата опција за партнер за вас.rn

    9. Не ги забележувате згодните мажи

    rnНе го забележувате згодниот келнер во кафулето, колегата од работа повеќе не ви се чини толку привлечен, а вашето момче ви изгледа како најсекси маж на светот. Сето ова е знак дека сте заљубени. И покрај тоа што заљубеноста ќе помине и ќе прерасне во љубов, темелот на вистинската врска сепак мора да биде голема почетна заљубеност.rn

    10. Тоа едноставно го знаете

    rnВо животот не постои момент во кој дефинирате дека некој е вистинскиот маж за вас. Тоа сознание доаѓа постепено, преку секој убав гест и збор, но најмногу преку моментите кога партнерот одново ве освојува. Тогаш едноставно знаете дека тој е вистинскиот за вас и ја планирате својата иднина со него.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.