Вашата врска би требало да биде вашето безбедно засолниште, свет во кој ќе се чувствувате сигурно, безбедно и среќно. Но, кога сте со манипулативна личност, тоа е речиси невозможно. Проблемот е што најчесто е тешко да сфатите дека сте манипулирани затоа што партнерот е некој кој го сакате и кому му верувате. Во продолжение прочитајте ги најчестите примери за манипулативен однос што можат да се сретнат кога станува збор за љубовната врска.rnrn
rn
1. „Секогаш претеруваш!”
rnКога вашиот партнер ги знае сите ваши слаби точки, тој ја користи оваа манипулативна изјава за да ги истакне и за да го има главниот збор за време на расправијата. И нормално, кога ќе го слушнете ова, се вознемирувате уште повеќе и се чувствувате навредени и понижени.rn
2. „Зошто измислуваш работи? Ова никогаш не се случило!“
rnОва е една од најманипулативните работи што се кажуваат во врската и веројатно една од најлошите. Кога вашиот партнер ја преиспитува вашата реалност и се преправа дека измислувате работи или не се сеќавате што всушност се случило, тој ве тера да се преиспитате себеси и сопствената меморија. Во овој случај, знајте дека манипулира со вас.rn
3. „Дали секогаш мораш да драматизираш?“
rnУште еден класичен пример на вербална манипулација кој навистина може да ве натера да се преиспитате себеси и вашите чувства. Кога вашиот партнер прави нешто што навистина ве вознемирува или ве повредува, а вие му го оставате тоа до знаење, тој почнува да ве обвинува вам дека ги драматизирате нештата.rn
4. „Ти си причината поради која се однесувам вака.“
rnКога партнерот смета дека вие сте причината поради неговото/нејзиното лошо однесување, тогаш треба да знаете дека станува збор за токсична личност бидејќи префрлувајќи ја вината врз вас, партнерот, всушност, се обидува да го оправда своето лошо однесување.rn
5. „Не сакам да зборувам со тебе/Не мора да зборуваме за ова.“
rnОва е една од посуптилните манипулативни фрази во врската, но сепак е многу токсична. Кога манипулаторот сфаќа дека го терате да биде одговорен за своите постапки и дека не наседнувате на неговите лаги и приказни, тој го избегнува разговорот со вас. Ќе направи сè за да избегне сериозен разговор со вас, а ако инсистирате, веднаш ќе почне да глуми дека е жртвата. Ќе ви каже работи како: „Имав навистина тежок ден денес. Сакав само да се вратам дома и да се опуштам малку, но ти едноставно не ми дозволуваш.“ или „Нема да зборувам за ова само затоа што ти го сакаш тоа“.rn
6. „Не е моја вина што ти се чувствуваш вака.“
rnДруга класична стратегија за префрлање на вината. Манипулаторот знае што направил и знае колку тоа ве повредило, но никогаш нема да преземе одговорност за тоа. Ниту за секунда. Мрази ако го преиспитувате неговото однесување или се сомневате во него на кој било начин, па едноставно очекува да го промените начинот на кој размислувате и чувствувате.rnrnОткако ги прочитавте најчестите примери за манипулативен однос во љубовната врска, можеби ќе сакате да ги прочитате и 13-те знаци кои покажуваат дека вие сте токсичниот партнер во врската.rnrnИзвор: themindsjournal.com


rnrnСè повеќе и повеќе луѓе се сочувствуваат со бездомните животни. Државите како Австрија, Германија и Чешка го решиле овој проблем. Тие создале добро организиран систем за заштита на животните. Секое животно има свои права и прекршувањето на овие права може да води до казни, па дури и затвор.rnrnИсто така, големо внимание се обрнува на засолништата за животните. На пример во Чешка оваа задача е на полицијата, додека финансирањето е од страна на буџетот на градовите. Убивањето животни е забрането со закон. Во оваа држава посвојувањето животни е навистина популарно.rnrnПонекогаш е тешко да им се најде дом на бездомните животни. Во Турција се инсталирани автомати кои ги хранат животните. За да добиете 20 грама храна, потребно е да ставите пластично шише во машината.rn
rnrnКолку повеќе луѓе има во светот, толку повеќе отпад се произведува. Повеќето од нас не ни помислуваме што се случува со ѓубрето откако ќе го фрлиме.rnrnВо Камикацу, Јапонија, има неверојатен систем за ослободување од отпадот. Секој граѓанин добил прирачник од 27 страници за тоа како да го селектира отпадот. Според прирачникот, ѓубрето треба да се сортира во 37 разни корпи. Ако инструкциите не кажуваат што да правите со одреден вид отпад, тој завршува во јавниот склад за рециклирање. Овој систем покажал неверојатни резултати – 80% од отпадот е искористен, а останатите 20% се користат како ѓубриво. Замислете, град без ѓубре!rnrnОвие вести го шокираа светот и од Сан Диего изјавиле дека сакаат да го намалат отпадот за 75% до 2030-та година, а целосно да се ослободат од него до 2040-та. И Њујорк има големи планови. Градот се надева дека ќе ги постигне резултатите на Камикацу за 15 години.rn
rnrnЗагадувањето на воздухот е еден од најголемите проблеми во големите градови, а многумина сметаат дека нема решение. Но, уметникот Даан Русегаарде од Холандија во соработка со инженери ја конструирал Кулата против смог.rnrnОваа кула може да исчисти 30.000 метри квадратни воздух на час, а троши енергија колку обичен бојлер. Во процесот на прочистување тврдите нечистотии се компресираат и потоа се употребуваат за изработка на накит. Кулата е веќе тестирана во Кина и се користи во неколку европски градови.rnrnПродолжува на 























rn
Додека едните неуспешно се борат и потпаѓаат под влијанието и притисоците на модните трендови, постојат и такви кои и пркосат на модата и со својот изглед и стил се изградуваат себе си во модни икони. Вродениот сензибилитет искажан преку соодветните парчиња облека се главната причина за изградба на сопствен препознатлив стил. Утврдувањето на тоа што најдобро прилега на физичкиот изглед, карактер, темперамент и правилниот начин на нивно носење им помогнало на одредени дами на „невин“ начин себеси да се изградат во модни икони. Нивното појавување и функционирање пред пошироката јавност никогаш не останало незабележано, туку напротив привлекло многу погледи и создало многу модни следбеници.rnrn
rn
rn
rn
rn

rn
rn
rnrn

