КАФЕ ПАУЗА

Tag: пријателски

  • 10 држави во кои најлесно можете да стекнете нови пријатели

    10 држави во кои најлесно можете да стекнете нови пријатели

    Без разлика дали размислувате за патување во друга држава, барање на ново работно место или само сакате да ја промените вашата адресa, мислата дали ќе ве прифатат луѓето таму секогаш ви поминува низ главата.rnrnСпоред искуствата на странските државјани, Португалија, Тајван и Мексико имаат медали за најдобри и најпријателски домаќини, додека ледениот пречек може да се очекува во Швајцарија, Кувајт и Австрија.rnrnПортугалија се најде на златното место за најдобри домаќини, а пријателски пристап може да се очекува и во Камбоџа, Бахреин и Коста Рика. Кувајт веќе четири години стои на првото место, но скоро половина од странските државјани откриле дека не се чувствуваат добредојдени. Тие се навредуваат од Австријците, бидејќи не биле заинтересирани да стекнат нови пријателства, а на Швајцарците им било тешко да се отворат.rnrnПогледнете ја оваа листа на 10 држави во кои најлесно можете да стекнете нови пријатели.rn

    1.Португалија

    rn

    10 држави во кои најлесно можете да стекнете нови пријатели

    rn

    2.Тајван

    rn

    10 држави во кои најлесно можете да стекнете нови пријатели

    rn

    3.Мексико

    rn10 држави во кои најлесно можете да стекнете нови пријателиrn

    4.Камбоџа

    rn

    10 држави во кои најлесно можете да стекнете нови пријатели

    rn

    5.Бахреин

    rn

    10 држави во кои најлесно можете да стекнете нови пријатели

    rn

    6.Коста Рика

    rn

    10 држави во кои најлесно можете да стекнете нови пријатели

    rn

    7.Оман

    rn

    10 држави во кои најлесно можете да стекнете нови пријатели

    rn

    8.Колумбија

    rn

    10 држави во кои најлесно можете да стекнете нови пријатели

    rn

    9.Виетнам

    rn

    10 држави во кои најлесно можете да стекнете нови пријатели

    rn

    10.Канада

    rn10 држави во кои најлесно можете да стекнете нови пријателиrnrnМожеби ќе сакате да прочитате и за неколку иновативни начини на кои државите се обидуваат да го намалат отпадот.

  • Станете личност која секој ќе ја сака во своја близина

    Станете личност која секој ќе ја сака во своја близина

    Дали некогаш сте се запрашале зошто луѓето најмногу внимание посветуваат само на одредени поединци? Без разлика дали станува збор за работното место или во вашето друштво, секаде постојат луѓе на коишто им се посветува повеќе внимание од останатите. Постојат неколку причини зошто луѓето не се приближуваат многу кон одредена личност, без разлика што таа може да е пријателски настроена и интересна.rnrnrnrnНекои од причините поради коишто луѓето не ви се приближуваат се следниве:rn

      rn011

    • Постојано сте намуртени и имате непријатен изглед на вашето лице. Ова веднаш ги оттргнува луѓето од вас. Тие ве гледаат како несреќни и негативни, а тоа воопшто не изгледа привлечно.
    • rn011

    • Постојано критикувате и осудувате. Повеќето луѓе не сакаат да бидат предмет на ваша критика или осудување, ниту пак сакаат да слушаат такви мислења за останатите.
    • rn011

    • Говорот на телото покажува дека сте затворени. Ако се наоѓате во една соба и притоа сте со рацете прекрстени, тоа дава сигнал дека не сакате да ви пречат и дека не сте достапни.
    • rn011

    • Избегнувате контакт со очите. Ако гледате во земјата или некаде во далечината, луѓето не би можеле да го читаат вашиот израз на лицето и ќе ве одминуваат.
    • rn011

    • Ставате бариери. Дури и држењето на чашата пред вашата уста дава впечаток дека не сакате да зборувате со никого. Затоа, држете ја чашата во висина на вашите гради или пак од страната.
    • rn

    rnЕве неколку совети како да изгледате подостапни за другите:rn

    1. Подарете некому комплимент

    rnКога давате некому комплимент, вие оставате впечаток дека сте заинтересирани за комуницирање со таа личност, а тоа ќе ви даде дополнителен позитивен изглед. Сепак, бидете сигурни дека вашиот комплимент е реален и дека не претерувате премногу. Доделувањето комплименти може да предизвика насмевка на нечие лице, а со тоа да го подобрите и вашиот ден.rn

    2. Насмевнете се

    rnКолку повеќе се смеете, толку повеќе ќе изгледате пријателски расположени. Истражувањата покажуваат дека луѓето честопати имаат тенденција да го имитираат туѓиот израз на лицето, па ако имате навика да им се насмевнувате на другите, најверојатно ќе предизвикате насмевка и на нивното лице.rn

    3. Ангажирајте се околу другите

    rnНе настојувајте постојано да бидете во центарот на вниманието, туку охрабрете ги другите на тој начин што ќе ги слушате нивните приказни. На овој начин тие ќе ве доживеат како одличен слушател и позитивен човек.rnrnrn

    4. Настојувајте да изгледате отворени и пријателски настроени

    rnМногу е важно да обрнете внимание на говорот на телото и контактот со очите. Не дозволувајте поголемиот дел од времето да гледате во вашиот телефон или пак, да му го вртите грбот на соговорникот. Исправете ја главата при што јасно може да ви се види лицето и додека зборувате одржувајте контакт со очите.rn

    5. Обидете се да бидете позитивни

    rnОна што го зборувате за другите, влијае на начинот на којшто ве гледа вашиот соговорник. На пример, ако за вашиот соработник кажувате пофални зборови, тогаш соговорникот ќе ве доживува како достојна и пријатна личност.rn

    6. Пренесувајте ја вашата енергија

    rnВсушност, постои феномен наречен емоционална зараза, каде што луѓето „ги фаќаат“ туѓите емоции, а секако, тие повеќе би сакале да прифаќаат позитивно и оптимистичко расположение. Затоа, претставете се себеси како топла личност и другите ќе ве обожаваат.rn

    7. Настојувајте да помните имиња

    rnПовикувајќи некого по неговото име е многу важен дел од еден разговор. Тоа покажува дека сте ја забележале таа личност.rnrnПа, почитувајте ги овие совети и вие ќе станете магнет за другите околу вас!

  • Говорот на очите

    Говорот на очите

    Низ целата историја преокупирани сме со очите и со нивниот ефект врз човековото однесување. Постојано се употребуваат фрази како „му фрли око“, „има големи кучешки очи“, „превртува очи“, „го има тој сјај во очите“ или пак „лошо ме погледна“. Во својата книга “Окото што раскажува приказна“, Хес вели дека очите можат да дадат најточен и најпрецизен сигнал за луѓето, зашто тие се фокалната точка на телото и зашто зениците работат независно.rnrnГоворот на очитеrnrnВо различни ситуации, нашите зеници се прошируваат или стеснуваат зависно од промената на расположението или ставот кон личноста со која разговараме. Понекогаш кога некој е восхитен или фасциниран од одредена личност, зениците можат да се прошират и до четири пати од нивната нормална големина. Спротивно на ова, кога некој е стресно или негативно расположен се случува собирање на зениците познато како „змиски очи“. Многу често, движењето на очите се користи и како трик за додворување. Девојките дури и се шминкаат за да ги истакнат повеќе. Постојат неколку техники кои можат да ви помогнат при вашите секојдневни комуникациски способности:rn

    Бизнис поглед

    rnКога се разговара за сериозна работа или некој бизнис проект, погледот не смее никако да ви падне под очите на соговорникот. Најдобро е да си замислите круг околу веѓите на соговорникот и да пробувате да го одржувате вашиот поглед во таа област. Тоа придонесува до создавање сериозна атмосфера и вашиот соговорникот ќе знае дека сте посветени и целосно заинтересирани за работата.rnrnГоворот на очитеrn

    Социјален поглед

    rnПри спуштање на погледот под линијата на очите на соговорникот се создава подруштвена атмосфера. Истражувањата покажале дека со пријателите погледот најмногу се задржува во областа под очите и над устата. Доколку во текот на разговорот гледате во оваа област, соговорникот ве прифаќа поопуштено и послободно се однесува со вас.rnrnГоворот на очитеrn

    Интимен поглед

    rnДиректниот поглед во устата додека соговорникот зборува, е најголемиот показател дека меѓу вас постои нешто повеќе од пријателство. Доколку вашиот поглед е насочен во таа област, соговорникот несвесно го забележува тоа и пробува преку разговорот индиректно да ви се додворува за да го задржи вашето внимание. Оние кои се заинтересирани за вас, почнуваат да ве „анализираат“ со тоа што го спуштаат погледот надоле, почнувајќи од очите, па сè до вашите стапала, а при тоа дискретно се смешкаат.rnrnГоворот на очитеrn

    Страничен краток поглед

    rnОвој поглед има две значења. Во комбинација со малку подигнати веѓи и насмевка значи интерес и е чест сигнал при додворување. Но, доколку веѓите се насочени надоле или пак се во комбинација со надолу свртени агли на усните, сигнализира сомнеж, непријателство или критички став.rnrnГоворот на очитеrn

    Гест „блокирање на очите“

    rnОвој гест се појавува несвесно и во ситуација само кога вашиот соговорник воопшто не е заинтересиран за вас и сака што побрзо да го заврши разговорот поради тоа што сте му здодевни. Нормалното трепкање е околу шест до осум пати во минута, но во овој случај при трепнување очните капаци на соговорникот остануваат подолго време затворени што симболизира „спиење“ поради здодевноста. Доколку соговорникот смета дека е посупериорен од вас, овој гест е комбиниран со глава наведната наназад. Ако се најдете во ваква ситуација веднаш сменете ја темата на разговор.rnrnСтара поговорка на оваа тема вели: „Кога разговарате со некого, погледнете му во очите и доколку сакате да ги дознаете неговите чувства, задржете го погледот на зениците на соговорникот – тие ќе ви кажат сè што сакате да знаете.“rnrnГоворот на очите
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.