КАФЕ ПАУЗА

Tag: пријателка

  • 10 чекори до незаборавна женска забава

    10 чекори до незаборавна женска забава

    Девојки, она што не смеете да го заборавите е тоа дека секогаш имате добра причина за славење. Дали овој викенд сте сами, или имате слободен простор за забава? Искористете го тоа за да подготвите собир кој вашите пријателки никогаш нема да го заборават. Направете спој од најблиските пријателки, колешки од работа или факултет, познајнички од најразлични курсеви или часови по фитнес. Повикајте ги вашите пријателки од различни генерации, и следете го рецептот за добра забава.rnrn10 чекори до незаборавна женска забаваrnrn1. Креирајте листа на гости – внимавајте кого ќе поканите! Дали сите од листата на поканети се сложуваат добро меѓу себе? Сигурно не сакате никакви кавги и испади на вашата забава. Внимавајте и на нивните навики и особини, лесно можат да се најдат личности кои и покрај тоа што не се познаваат и никогаш не си замериле за ништо, не би издржале во иста просторија ни половина час.rnrnrn2. Испратете покани – интересни покани, може и рачно изработени кои се најава за добра забава. Пријателките сигурно ќе ги зачуваат поканите, па така дури и да немаат слики од вашата забава ќе имаат добри спомени. Одберете интересен текст за поканите кој ќе ја истакне вашата смисла за хумор и ќе донесе насмевки на нивните лица.rnrnrn3. Подгответе плејлиста – вие ги знаете вашите пријателки и знаете каква музика би им се допаднала. Подгответе плејлиста каде ќе има за секого по нешто и која ќе биде соодветна за забавата.rnrn10 чекори до незаборавна женска забаваrnrn4. Коктели за добро расположение – одберете ги најдобрите женски коктели, снабдете се со потребните состојки и подгответе ги за вашите гости. Доколку не сакате нешто алкохолно, направете вкусни милкшејкови.rnrnrn5. Пријатна атмосфера – свеќи, балони, украси, развијте ја имагинацијата, претворете ја просторијата во вистинско место за забава. Дури и да не планирате некоја луда и гласна забава, подгответе атмосфера која ќе е пријатна и удобна. Уште подобро доколку организирате забава со одредена тема, како на пример коктел забава.rnrn6. Закуска – пица, палачинки, грицки, сето тоа ќе ја „зачини“ вашата забава, и ќе ја направи целосна. Подгответе ги сами или порачајте, сеедно, на вашите пријателки ќе им се допадне.rnrn10 чекори до незаборавна женска забаваrnrn7. Мини караоке забава – подгответе караоке забава каде секоја од вас ќе ја истакне својата способност за изведба, така забавата ќе ја однесете на повисоко ниво.rnrn8. Друштвени игри – избегнете досада, направете квизови, играјте карти, испробајте ги сите друштвени игри кои ги знаете, како пантомима, погодување селебрити имиња, вистина или предизвик и сл. Кога ќе ви здодеат сите овие игри, секогаш можете да испробувате најразлични мејкап изгледи.rnrn10 чекори до незаборавна женска забаваrnrn9. Домашно кино – Земете неколку филмови и гласајте кој филм ќе се гледа на крајот од вечерта, кога атмосферата ќе може да се сталожи. Се разбира, добриот филм е секогаш придружен со многу пуканки.rnrn10. Женски разговори – каква би била женската вечер без овие познати разговори, сочни гласини, најнови случувања, модни комбинации, и секако, момчиња. Забавувајте се, разменете мислења, искуства, совети. Така вашиот, но и нивниот круг на блиски пријателки ќе се зголеми.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вистинско другарство: кучката Медисон се грижи за слепата кучка Лили

    Вистинско другарство: кучката Медисон се грижи за слепата кучка Лили

    Кога болеста која ја имала Лили, кучка од расата германска дога, ги приморала ветеринарите да ги отстранат нејзините очи, надежта дека таа ќе живее исполнет и просперитетен живот не била голема. Но, во тој момент никој не се сетил на нејзината другарка Медисон, која откако Лили го изгубила видот, постојано е околу неа, во улога на куче-водич.Вистинско другарство: Кучката Медисон се грижи за слепата кучка ЛилиОва дуо е неразделно веќе неколку години, но сега тие си бараат нов дом, бидејќи нивниот сопственик не можел повеќе да се грижи за нив. Тие, од месец јули, чекаат вдомување во центарот за згрижување на бездомни кучиња „Dogs Trust“ во Шрузбери, Англија. Замката за сите оние кои се заинтересирани за вдомување куче, е тоа што овие две германски доги доаѓаат во пакет.rn. rn

    Менаџерката на центарот за згрижување кучиња-бездомници, Луиз Кембел, рекла: „Медисон ù е водич на Лили. Кога се надвор, поголемиот дел од времето Медисон ја води Лили, а таа чекори близу до неа и ја допира на моменти, за да знае во кој правец да оди. Глетката е прекрасна. Медисон секогаш се грижи за неа.“

    rn

    Вистинско другарство: Кучката Медисон се грижи за слепата кучка Лили
    Засекогаш пријателки: Медисон (десно) ја води слепата Лили (лево) додека шетаат. Тие се неразделни од моментот кога Лили го изгубила видот.
    rnrnЛили, која сега има 6 години, била мало кученце кога се разболела од болест, од која трепките почнале да ù растат навнатре, накај очните јаболкца, при што ù ги оштетиле без можност за лекување. После овој трауматичен момент во животот на Лили, се продлабочил нејзиниот однос со седумгодишната Медисон, бидејќи таа ја земала под своја закрила. Овие најдобри пријателки живееле заедно, под ист покрив, кога нивните сопственици решиле дека не можат повеќе да се грижат за нив.rn. rn

    Г-ѓа Кембел објаснува: „Со губењето на видот на двете очи, на Лили ù се развија другите сетила, така што и покрај тоа што никогаш не ја раздвојуваме од другарка ù, таа најчесто знае дали Медисон е во нејзина близина. Тие се тркалаат по земја пред да заспијат и постојано си зборат нешто на кучешки јазик. Ги немаме анализирано нивните различни лаења, но доколку Лили сака да оди нанапред, а Медисон оди пред неа и ù пречи на патот, нивното лаење поинаку звучи од вообичаено.“

    rnГ-ца Кембел вели дека Лили ги прави сите работи кои ги прават нормалните кучиња и тврди дека доколку ја гледате од далеку, нема да знаете дека нешто не е во ред со нејзините очи.Вистинско другарство: Кучката Медисон се грижи за слепата кучка Лили.rn

    „Овие две пријателки живеат навистина среќен живот. Чашата е секогаш половина полна за нив. Тие се со нас веќе подолго време, но се многу среќни тука, лојални се една кон друга и си ги извршуваат нивните дневни рутини.“

    rnТаа верува дека физичката големина на кучињата и нивната возраст, како и фактот дека доаѓаат во пакет, може да ги обесхрабри потенцијалните сопственици, но потенцира дека секој оној кој размислува да ги земе во својот дом, треба да дојде и да го види нивниот животен стил и да ја земе предвид одговорноста која доаѓа со нив.Вистинско другарство: Кучката Медисон се грижи за слепата кучка Лили.rn

    „Лили и Медисон не изгледаат толку големи кога ќе ги видите надвор, во природа. Тие се само две мили, големи девојки, кои заслужуваат удобно да го проживеат остатокот од нивниот живот.“ – вели таа

    rn„Dog Trust“ се грижи за 16.000 бездомни и напуштени кучиња, во вкупно 17 центри за згрижување. Германската дога Лили е во потрага по нејзин сопственик, кој ќе биде желен да ù овозможи неа, и на нејзината пријателка Медисон, нов дом за живеење.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.