Преку говорот на нашето тело откриваме некои свои страни од личноста, кои можеби не сакаме да ги кажеме на глас. Преку еден потег, едно движење, кое можеби ви изгледа како ситница, откриваме колку ни се важни луѓето кои се околу нас, односно колку сме емпатични. Говорот на телото е еден вид невербална комуникација, којашто вклучува несвесно имитирање на движења, начин на говорење и однесување. Многумина го имитираат говорот на телото на други луѓе, а за тоа воопшто не се свесни и таквото однесување често проаѓа незабележано.rnrn
rnrnНа пример, кога сте на кафе со пријателката која ви раскажува како ја прекинала врската со момчето и во еден момент ќе се почеша по главата или ќе ги прекрсти нозете, и вие несвесно ќе го сторите тоа. Најверојатно, ниту вие, ниту вашата пријателка ќе забележите дека го имитирате говорот на нејзиното тело. Но, експертите по тоа прашање и тоа како умеат да ги забележат таквите движења и да оценат што точно значат. Имитирањето туѓ говор на телото открива дека станува збор за емпатична личност, односно личност која сочувствува со другите. Правејќи ги истите движења како својот соговорник, сака да создаде интимност и така да му даде до знаење дека се обидува да замисли дека е на негово место. Од друга страна, луѓето кои не го имитираат говорот на телото на другите се сметаат за посебични и помалку емпатични.
Tag: пријателка
-

Говор на тело: Ситни детали кои откриваат колку се грижите за другите
-

Писмо до мојата пријателка која секогаш ја зборува вистината
Велат дека оној којшто е пријател секому, не е пријател никому. Затоа, доволно е во животот да имаме барем еден пријател, но за кој ќе знаеме дека е вистински, искрен и дека секогаш е тука за нас, како во најсреќните, така и во најтешките денови. Во писмото што следи во продолжение ќе се пронајде секој среќник кој во својот живот успеал да го пронајде и да го задржи тој пријател за себе.rnrn
rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnПријателке, ти која секогаш ја зборуваш вистината,rnrnТи го пишувам ова затоа што никогаш не би зборувале на овој начин. Помеѓу нас не постојат фантазии. Ние сме секогаш искрени една кон друга, а понекогаш и по малку вообразени. Малку е чудно ако лице в лице ти се заблагодарам. Не… Тоа е премногу чудно за нас…rnrnНикој не е како тебе, секогаш да се осмелува да ја зборува вистината, притоа не грижејќи се дали тоа ќе ме повреди или не. Да, имаше моменти кога се чувствував повредено и луто, но и покрај сè, сè уште сум благодарна што те имам во животот, затоа што ти откри многу работи коишто ми го блокираа патот, а за коишто другите луѓе не би биле свесни или едноставно не би се осмелиле да ми ја кажат вистината.rnrnСè уште се сеќавам кога ми кажа дека тој не ми одговара. Плачев беспомошно. Сè уште се сеќавам кога ми кажа дека не го следам своето срце, туку дека само се чувствувам многу несигурно. Се сеќавам кога ми кажа повеќе да не преземам ништо, затоа што всушност не се чувствував среќна… Кога ме потсети дека не се однесувам добро кон себеси и дека не се сакам доволно…rnrnНе се плашиш ни да го критикуваш начинот на моето облекување. Би ми рекла дека кратката коса не ми прилега добро, дека фустанот е поскап отколку што треба да биде и слично. Мачно е постојано да се прифаќаат критики, но тие ми помагаат и прават да се движам напред. Со тебе, знам која сум, не треба да дејствувам, секогаш сум своја. Сепак тука се и твоите мудри коментари. Тие ме туркаат напред, ме тераат да ја напуштам удобната зона и да барам нешто подобро.rnrnКога бев екстремно возбудена за моите нови планови, ти ми ја покажа бруталната вистина. Кога губам надеж, ти ме потсетуваш колку светот може да биде голем и убав. Ти си ми како баланс во мојот живот. Слушајќи толку многу искрени коментари, станав личност која зборува похрабро. Не само кон тебе, туку и кон себеси и кон другите (се разбира дека би поставила граници за различни видови луѓе).rnrnИмаше моменти кога мислев дека грешиш. Мислев дека си премногу субјективна и дека не можеш да ја согледаш целата ситуација како што ја гледав јас. Навистина понекогаш грешеше, затоа што и ти си човечко суштество. Додека почесто она што го кажуваше беше полно со мудрости. Ние не сме постојано заедно. Имаме сопствен живот. Вистинските пријатели се однесуваат токму вака. Не се гледаат често, но секогаш се чуваат во своите срца. Одвреме-навреме ќе ти се јават или ќе ти пратат порака за нешто што би можело да те интересира. Исто така не мора да бидете премногу учтиви, затоа што знаете дека другиот не би се грижел за тоа.rnrnУште еднаш сакам да ти се заблагодарам за сите вистини коишто си ми ги кажала, иако честопати не се изразени со убави зборови. Тие не се прекрасни, како тебе, но убави се на посебен начин.rnrnСо љубов,rnТвојата пријателкаrnrn[/message_box] -

12 нешта кои се случуваат кога вие и вашата пријателка живеете далеку една од друга
Како што поминува времето, така сè повеќе луѓе се преселуваат во други земји со цел да бараат подобро образование, работа и живот. Со оглед на тоа што овие бројки секојдневно се зголемуваат, постојат големи шанси дека токму вашата најдобра пријателка моментално живее далеку од вас. Доколку поминувате низ овие потешкотии, сигурни сме дека ќе се пронајдете во следниве 12 нешта…rnrn
rnrn1. Ги злоупотребувате социјалните мрежи – Фејсбук, Твитер, Инстаграм, Снепчет, Вајбер, Скајп… За да надополните за изгубеното време, вие во зависност од важноста на разговорот ги користите сите начини на комуникации кои ви се на располагање.rnrn2. Ѝ пишувате пораките какви што би му го праќале на вашето момче – Посакувам да беше тука. Никој не ме разбира како тебе. Ништо не е исто без тебе. Ми недостасуваш. Врати се. Ми требаш во мојот живот…rnrn3. Несвесно ги споредувате сите нови пријателки со неа – И потоа се разочарувате бидејќи никој не може да ја достигне идеализираната слика за неа која ја имате во вашата глава. Во тој момент уште повеќе ви недостасува и сфаќате колку сте среќни што таа е дел од вашиот живот.rnrn4. Го планирате вашето време за спиење според нејзината временска зона – И покрај тоа што најчесто останувате будни цела вечер или пак, се будите во средината од ноќта, вам не ви пречи тоа бидејќи обожавате да разговарате со неа.rnrn5. Редовно ја следите нејзината активност на социјалните мрежи – Со цел да бидете што повеќе вклучени во нејзиниот живот, вие редовно проверувате дали таа додала нови пријатели, каде излегувала и кој ѝ коментирал на статусите.rnrn6. Не излегувате од дома пред таа да ја одобри вашата облека – Вие пред секое излегување од дома, особено кога станува збор за љубовен состанок, најчесто прво ѝ праќате фотографии од сите потенцијални модни комбинации, со цел таа да ја одобри совршената за вас.rnrn7. Станувате малку љубоморни кога гледате други најдобри пријателки – Во тие моменти веднаш се навраќате назад во минатото, кога и вие сте ги правеле истите тие нешта заедно или сте се смееле една покрај друга и посакувате веднаш да се телепортирате крај неа.rnrn8. Таа сè уште е првата личност која ги дознава вашите новости – Без разлика дали станува збор за прв љубовен состанок или интервју за работа, таа е првата личност на која ѝ се јавувате за да се пофалите или пожалите.rnrn9. Ви недостасува дури и тишината – Понекогаш сè што ви е потребно е да ѝ се јавите и да не зборувате ништо, со цел да го почувствувате нејзиното присуство, исто како таа во тој момент да е покрај вас. Зарем има подобар начин да заспиете?rnrn10. Почнувате уште повеќе да ја цените – Вие отсекогаш сте ја почитувале и ценеле, но кога сте почнале да запознавате нови луѓе, сте сфатиле дека таа е навистина уникатна личност и никој не може да ве разбере подобро од неа.rnrn11. Таа е жртвата на вашите пијани пораки – Секогаш кога ќе испиете некоја чашка повеќе, вие прво помислувате на неа. Токму затоа и таа е секогаш од другата страна на линијата, подготвена да ве сослуша, утеши и едноставно да ве сака уште повеќе од претходно.rnrn12. Ѝ испраќате статии како оваа – Вие постојано ѝ праќате статии и различни текстови кои ги опишуваат потешкотиите низ кои поминувате, и потоа заедно разговарате за начинот на кој и двете би можеле подобро да се справите со оваа ситуација. -

Вашата сродна душа отсекогаш била покрај вас: Вашата најдобра пријателка – вашето најголемо богатство
Го знаете оној момент кога запознавате некого и одеднаш ќе се појави „она“ чувство? Не знаете како се случува, но веднаш потоа вие станувате најдобри пријателки. Ние ги одбираме луѓето во нашиот живот. Некои сè уште се околу нас, некои заминале, но најдобрата пријателка е онаа личност која е секогаш тука – во добро, во лошо, при среќа и тага… Поради овие причини таа е вашата сродна душа.rnrn
rnrn1. Вие понекогаш комуницирате без зборови. Толку сте блиски што понекогаш зборовите не се потребни. Доволно е само да си упатите еден поглед и да знаете што сакате да кажете без да го кажете тоа со зборови.rnrn2. Вие несвесно носите исти модни комбинации кога сте заедно. Кога треба да се сретнете, двете доаѓате во блуза со пруги и фармерки. Како се случува тоа? Не знаете, но знаете дека се случува често. Вие несвесно започнувате да се облекувате како близначки.rnrn3. Дури и кога не сте заедно, можете да почувствувате ако нешто не е во ред. Во оние денови кога се чувствувате тажно и осамено, вашата пријателка ќе дојде кај вас уште пред да ѝ го кажете проблемот.rnrn4. Вие си ги довршувате започнатите реченици. Една од вас ќе започне да кажува некоја приказна, а другата ќе се вклучи и совршено ќе ја заврши. Вие сте на иста бранова должина и совршено знаете што таа ќе каже уште пред да започне да го кажува.rnrn
rnrn5. Вие имате листа со шеги кои никој освен вас не ги разбира. Никој не ја разбира вашата смисла за хумор и сите се чувствуваат изоставени кога вие две хистерично се смеете.rnrn6. Вие можете да поминете денови, месеци и години разделени, а веднаш штом се видите сè да биде како порано. Времето не е важно за вас две. Вашето пријателство е силно и константно, без разлика колку време поминало.rnrn7. Вие не можете да останете лути подолго време. Во ред, понекогаш може да дојде до некоја караница, но не можете да замислите никогаш повеќе да не зборувате. Се извинувате бидејќи знаете дека ќе биде голема загуба ако изгубите пријателка како неа. Таа го прави истото.rnrn8. Таа е првата личност на која ѝ се јавувате кога имате важни новости. Без разлика дали таа вест е од големо значење за вас или пак е мала, секојдневна новост, таа е првата со која ја споделувате.rnrn9. Таа ќе ви ја каже вистината дури и кога е болна. Добрата пријателка ќе ви каже „бела“ лага за да ве расположи. Најдобрата пријателка ќе ви ја каже „грдата“ вистина, бидејќи таа знае дека така е најдобро за вас. Таа нема да ви каже дека ѝ се допаѓа момчето со кое излегувате, кога во суштина не може да го поднесе. Таа знае дека вие го заслужувате најдоброто и секогаш ќе се погрижи да го добиете. -

Девојки, да расчистиме, вашето момче никогаш нема да ја замени вашата најдобра другарка
Пријателството во врската е еден од условите за односот да биде стабилен – за да може да се поднесе динамичноста на самата врска. Просто мора да знаете дека партнерот е на ваша страна, па затоа и вие мора да бидете на негова, без разлика дали за различни работи имате спротивно мислење и сте се карале поради тоа. Тоа е пријателството во врската. Но, вашиот пријател и другар не е вашата најдобра другарка и тоа не смеете да го помешате. Знак дека добро успевате во тоа е ако вашиот партнер и најдобрата другарка се одобруваат и се дружат, за разлика од случаите каде што тие двајца не можат да се поднесат – тогаш нешто не е во ред со вашиот партнер или другарка.rnrn
rnrnВашата најдобра другарка добро знае дека кога споделувате со неа некои проблеми од врската, таа не треба да го озборува вашиот партнер, туку да ве сослуша и да ви дозволи сами да одлучите како е најдобро да се постапи. Разговарајќи со неа за вашите проблеми, всушност сакате да се слушнете самите себе и својот удел во караницата и нејзиното разрешување. За истиот проблем ќе разговарате и со партнерот кога ќе престанете да се карате и тогаш ќе се сетите дека сте пријатели. Затоа ви е потребна најдобрата другарка и затоа е потребно да имате пријателски однос со партнерот. Затоа овие две пријателства се потполно различни.rnrnВо лошите периоди со партнерот, таа разлика ќе ви биде јасна. Бидејќи нему не би му го кажале сето она што би ѝ го кажале на вашата најдобра другарка – за него, за тоа дека сте бесни, лути, повредени, фрустрирани, и што ви паѓа на памет да направите, или можеби што сте направиле, а од што воопшто не ви станало полесно. Вашата другарка нема да ве осудува поради тоа што го правите или мислите, но ако партнерот би го знаел тоа, не би можел да го прифати, особено во кризните ситуации.rnrnМеѓутоа во добрите периоди, понекогаш забораваме дека партнерот не е нашата најдобра другарка, па започнуваме да му кажуваме за нас, за другите и за многу други работи кои тој не ги сфаќа онака како што ние очекуваме – бидејќи тој не е нашата другарка.rnrn
rnrnПартнерската интимност не е секогаш пријателска, почесто ја изразуваме во облик на поддршка тогаш кога на партнерот му е потребна или во давање на потребното време кога тој се обидува да одлучи што е најдобро за него, но истовремено и да сфати дека тоа не е добро за нас. Партнерското пријателство бара мудрост, прифаќање, молчење и дозволување, додека пријателството помеѓу две другарки дозволува зборување глупости, донесување избрзани заклучоци, мислења кои се менуваат на секој половина час и воопшто сета она нестабилност која може да ја изразиме кон најдобрата другарка, бидејќи таа знае дека не сме луди. Но, и да сме, тоа е таа женска лудост и таа ја разбира.rnrnАко на партнерот му ја сервираме нашата привремена некомпетентност која всушност е реакција на нашите внатрешни турбуленции, на обидите да ја исфрлиме нашата вина, да сфатиме што се случува, да се заштитиме од повредите и да направиме нешто, тој малку ќе се исплаши и ќе се оддалечи. Затоа што нема да разбере.rnrnТоа не значи дека пред партнерот треба да се правиме нормални, па потоа да трчаме кај нашата најдобра другарка и да се исповедаме, туку само дека не треба да очекуваме дека тој ќе биде нашата поддршка додека сме „луди“. Можеби ќе научи со тек на време, па дури и ако не сфаќа, па ќе ве пушти на мира и поучен од искуството, ќе почека нестабилноста да помине. -

Мажите се од Марс, жените од Венера: 13 нешта кои само жените можат да ги разберат
„Мажите се од Марс, а жените од Венера“ – многу позната фраза кога станува збор за разликите меѓу половите. Дури и да не се сложувате со оваа реченица, некогаш е многу тешко да се разберат потребите и искуствата на другиот. Сетете се само какви луди очекувања се имаат од нас жените, изгледа нефер така? Во исто време, постојат и голем број одлични нешта кои мажите нема да ги искусат – бидејќи се мажи. Ние сме благодарни за тие нешта и во добро и во лошо, а во следнава листа секоја жена може да се пронајде.rnrn
rnrn1. Фактот што ние продолжуваме да старееме, а Зек Ефрон апсолутно засекогаш ќе остане млад и згоден.rnrn2. Вашата пријателка, вашиот омилен филм и шише добро вино веднаш можат да го олеснат раскинувањето.rnrn3. Во моментот кога ќе задува ветар, со рефлекси на нинџа, вие веднаш се фаќате за краевите од здолништето пред некој да успее да ви ги види гаќичките.rnrn4. Кога се грижите дека ако го оставите да плати, тој ќе очекува нешто за возврат.rnrn5. Кога колегите на работа, по грешка ќе помислат дека сте асистентка или секретарка, дури и ако сте на висока позиција.rnrn6. Кога со неверување се ѕверите во огледалото и сфаќате дека целата ваша шминка од очите успеала да ви се симне до образите, притоа без вие да забележите.rnrn7. Кога некој флертува со вас и сака да ве легне, а вие само сакате некому да му раскажете како ви поминал денот.rnrn8. На состанок, се прашувате дали потенцијалниот партнер би ви судел ако си порачате уште еден пијалак или уште едно парче десерт. И без разлика каков е исходот од таквата ситуација, вие сепак си нарачувате.rnrn9. Месечни циклуси – нема што повеќе да се каже.rnrn10. На одмор, потајно се надевате дека тој нема случајно да посегне по шишенцето со регенератор од хотелот. Не дека ви е омилениот, но тој е единствениот што го имате додека сте таму!rnrn11. Додека зборуваме за коса, моментот кога треба да му објаснувате зошто не можете да одите на базен на петтиот состанок затоа што сте направиле специјална фризура токму за таа прилика.rnrn12. Кога на Интернет читате разни фрази за освојување кои знаете дека никогаш не би успеале на ниедна жена, но сепак се премногу смешни и забавни за читање.rnrn13. Колку е фрустрирачки што тој може да ужива во која било поза, а за да дојдете вие до оргазам треба да сте наместени точно во таа една позиција. -

Зошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?
Без разлика дали сте сингл или во врска, вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен партнер за Денот на вљубените. Таа е секогаш тука за вас, знае точно сакате и кога го сакате тоа, ве познава толку добро што не ви потребни зборови за да комуницирате и ве видела дури и во најлошото светло. Па, зарем има подобра личност со која би можеле да го поминете овој ден? Погледнете зошто треба да бидете со вашата пријателка на Денот на вљубените…rnrn
rn1. Можете да изедете цела кутија чоколади без да бидете осудувани
rnПред вас стои цела кутија со чоколади во форма на срце и не ви е проблем сами да изедете сè бидејќи и вашата најдобра пријателка е веќе на половина пат од таа цел.rnrn
rn2. Пиете вино само со една цел – да се опијаните!
rnМожеби виното прави да се чувствувате секси кога сте со вашето момче, но кога сте со вашата најдобра пријателка виното има само една цел, а таа е комплетно да се опијаните.rnrn
rn3. Таа најдобро ве прегрнува
rnЗошто би сакале груба прегратка од некој испотен и влакнест маж кога вашата пријателка не само што нежно ве прегрнува туку и мириса на ванила и колачиња.rnrn
rn4. Заедно ќе го гледате „The Notebook“ и двете подеднакво ќе уживате во него
rnЗарем има подобро време од Денот на вљубените за целосно да се изгубите во нереалната слика за љубовта и врските? Вашето момче постојано ќе превртува со очите за време на овие „лигави“ романси, но вашата најдобра пријателка е онаа која ќе ви подава марамчиња за вашите солзи додека и таа самата плаче.rnrn
rn5. Таа активно ги слуша вашите проблеми и навистина се грижи за вас
rnТаа не ве слуша поради чувството на обврзување, туку затоа што навистина сака да ви помогне. Звучи како одлична вечер помината со неа, нели?rnrn
rn6. Таа знае што навистина сакате за Денот на вљубените
rnЕдно шише евтино вино, мала кутија со чоколади и многу озборување. Се разбира!rnrn
rn7. Вие вистински уживате во времето поминато со неа
rnОбожавате да поминувате време со вашата најдобра пријателка и тоа не го правите поради обврската да ја видите, туку затоа што навистина сакате да сте покрај неа. Дури и во оние денови кога ги мразите сите, таа е единствената која вистински ја сакате.rnrn
rn8. Таа никогаш не ве одбива
rnВие сте си најважниот приоритет и никогаш не ги заборавате оние денови кои имаат посебно значење за вас. Но, дури и во оние „луди“ моменти, таа секогаш е тука да ве поддржи!rnrn
rn9. Вашиот однос не вклучува секс
rnБидејќи немате сексуални односи една со друга, не чувствувате никаков притисок да бидете средени или да носите неудобна долна облека. Вие се чувствувате пријатно покрај неа дури и ако сте во тренерки и со мрсна коса!rnrn
rn10. Никогаш нема да „раскинете“
rnНе треба да се грижите за рокот на траење на вашето пријателство бидејќи знаете дека секогаш ќе бидете една покрај друга. Вие толку добро се познавате и сте искрени една со друга, што знаете дека дури и ако се појави проблем, можете брзо и едноставно да го решите.rnrn
rn11. Не постои притисок за подарок
rnОдеднаш Денот на вљубените не е толку стресен кога не „полудувате“ околу совршениот подарок за вашиот партнер. Тој е само уште една вечер помината покрај вашата најдобра пријателка, со многу алкохол и одлична забава.rnrn
rn12. Денот на вљубените не ви создава притисок да ја дефинирате вашата врска
rnДали состанокот на овој ден значи дека сте во официјална врска? Вие сте веќе 6 месеци заедно, па дали тоа води кон нешто сериозно? Кога сте покрај вашата најдобра пријателка нема време за овие дилеми. Едноставно фатете ја за рака и заборавете на целата драма!rnrn
rn13. Таа нема да се противи доколку побарате од неа да одите заедно во кино на „50 Shades of Grey“
rnПа, зошто да не би ја поминале оваа вечер во кино на еден од најочекуваните филмови за оваа година? По читањето на книгите, сигурно веќе со месеци едвај чекате да го видите совршеното тело на Џејми Дорнан на големото платно и неговата изведба на неверојатниот Кристијан Греј.rnrn
rn14. Не постои непријатна тишина за време на вечерата
rnВие две толку добро се познавате што дури и да ви снемаат теми за разговор (што да бидеме реални не е можно да се случи), сепак ќе најдете начин како да ја исполните тишината со пријатни чувства.rnrn
rn15. Таа ве видела во вашето најлошо светло и сè уште е покрај вас
rnНаместо да ги криете оние темни страни од вашата личност, постојано чувствувајќи се лошо за нив, таа ве мотивира да ги изнесете на површина и да се справите со нив најдобро што можете. Токму затоа, покрај неа вие сте подобра личност!rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

10 пријателства кои ги прекинувате на почетокот на 20-тите
Пријателствата секому му се неопходни, но како што растеме и созреваме сфаќаме дека некои личности не го заслужуваат местото во нашиот круг на пријатели. Сите си имаме пријатели за цел живот, но некои не издржале низ почетокот на 20-тите. Еве кои видови пријателства најчесто се прекинуваат во оваа фаза од животот.rnrn
rn1. Пријателката од средно
rnВо средно мислевте дека ви е сродна душа и дека е меѓу ретките личности кои ве разбираат, но потоа и двете тргнавте на факултет, полека почнавте да склопувате нови пријателства и да се гледате сè поретко. Уште си ги лајкнувате постовите на ФБ и ако се видите си ветувате дека мора да испиете едно кафе заедно, но тоа е сè.rn
2. Колегата/шката од сезонска работа или волонтирање
rnКога прекинавте со работа си ветивте дека ќе останете во добри односи бидејќи цело време добро се сложувавте и бевте речиси неразделни кога работевте на некој заеднички проект. Вистината е дека најверојатно никогаш повторно нема да се видите.rn
3. Пријателката која постојано ве критикувала
rnНавидум била грижлива пријателка која секогаш искрено ви кажувала што мисли. Вистината е дека никој не е безгрешен и секогаш праведен, па така прекинувате да ѝ кажувате тајни бидејќи секогаш ви нафрлала куп критики или чудни погледи. Потоа престанувате да бидете толку блиски.rnrn
rn4. Незрелиот/незрелата пријател/ка
rnВо средно ви беше меѓу омилените личности и ве учеше како да бидете слободни, луди и откачени. На некој начин му/ѝ се восхитувавте посакувајќи да можевте и вие така да „одлепите“ понекогаш, но полека растете и созревате и сфаќате дека тој начин на живот се коси со сите ваши ставови.rn
5. Пријателката која направила ужасна грешка… во многу наврати
rnПрвиот и вториот пат е ок, иако ѝ велевте дека треба да прекине. Но, таа продолжи да ги повредува своите најблиски, да ве тера да лажете за неа, да жртвува сè правејќи ја истата лоша постапка. Потоа ви доаѓа преку глава и едноставно се повлекувате.rnrn
rn6. Пријателката која не вложувала во пријателството
rnМногупати сте ѝ простиле што ве оставила сами во непријатна ситуација, што го ставила момчето пред вас, што не ве побарала со месеци, но како што влегувате во зрелите години сфаќате дека ви треба личност која едноставно ќе биде тука за вас и секогаш ќе може да сметате на неа.rn
7. Онаа на која срцето постојано ѝ беше скршено
rnУпорно продолжуваше да ги брка лошите момци, да влегува во кал, да заборава на своите принципи. Толку беше романтична што постојано мислеше на љубов и во 90% од времето срцето ѝ беше скршено. Многупати сте ја тешеле, но не сте можеле веќе да се изложувате на негативната енергија од нејзиното постојано жалење. Таа постојано имала проблеми така што никогаш немала време да ве сослуша вас. Сега кога ќе размислите добро сфаќате дека можеби таа едноставно сакала да биде во центар на внимание.rnrn
rn8. Постарата пријателка
rnБеше многу кул кога вие имавте 16 а таа 21. Ве учеше на нови работи, ве земаше по клубови, но подоцна сфативте дека вашите патишта се разидуваат. Таа е во сериозна врска или брак а вие сте далеку од тоа.rn
9. Пријателството кое вашата мајка/постара сестра не го одобруваше
rnМожеби мислевте дека вашите мајка или сестра ве мразат или не ве разбираат или дека не се фер што не сфаќаат колку сте блиски со вашата другарка, но подоцна сфаќате дека биле во право. Таа навистина влијаела лошо на вас.rn
10. Оној/онаа кој/а сериозно „зацапа“ во љубовна врска
rnИ си ги заборави пријателите, престана да ви се јавува и да излегува.rnrn

-

35 причини зошто вашата сестра ви е најдобра пријателка
Пријателите ги одбирате, но сестрата ви е дадена од Бога. Ќе стекнете многу пријателства, постојани и кратки, но сестра ви е вашата најдобра другарка која е тука и во добро и во зло. Се разбира, сте се карале како мали и нема да се согласувате за многу работи, но длабоко во себе знаете дека ви мисли само најдобро и дека што и да правите и каде и да одите нема да стекнете подобра другарка од вашата родена сестра.rnrnЕве само дел од причините зошто вашата сестра ви е најдобра пријателка. Доволно за уште веднаш да ѝ се јавите и да ѝ кажете колку ја сакате.rnrn
rnrn1. Секогаш можете да ѝ се доверите за вашите семејни проблеми. Во иста „каша“ е и секогаш ќе ве разбере.rnrn2. Таа е тука секогаш за вас. Дури и ако вчера сте кубеле коси, денес е спремна да го згазне под нозе оној кој ве повредил.rnrn3. Затоа што ве знае подолго од која било ваша другарка.rnrn4. Едноставно ве разбира и без да се обидете да ѝ објасните.rnrn5. Затоа што вашата поголема сестра минала низ истиот пат и безрезервно ви дава искрени совети кои нема да ги чуете на друго место.rnrn6. Ви позајмува облека.rnrn7. Вашата постара сестра ве штити до лудило и иако некогаш ви оди по нерви, со нејзината мајчинска грижа па дури и надменост, знаете дека ви мисли добро.rnrn8. Вашата помлада сестра се огледува на вас што ви е доволна поддршка во лошите денови и ве мотивира да носите разумни одлуки бидејќи знаете дека вие сте ѝ пример.rnrn9. Кога ви треба рамо за плачење таа е само на една соба или еден кревет подалеку од вас.rnrn10. Таа е тука да ви ги прочита мислите тогаш кога тврдите дека сè е во ред.rnrn11. Никогаш нема да ве лаже за тоа како изгледате… за разлика од продавачката во бутикот која само се труди да продаде едно парче облека плус.rnrn12. Знае да ве сослуша бидејќи искрено се грижи за вас.rnrn13. Нема да ги издаде вашите тајни бидејќи сте семејно поврзани.rnrn14. Само со неа може да се смеете за некои чудни случки и личности во вашата фамилија.rnrn15. Затоа што ве тера да гледате хорор филмови заедно на што вие не можете да речете „не“.rnrn16. За секој нејзин обид да ве преплаши по завршувањето на хоророт.rnrn17. Затоа што ќе бара да спиете заедно бидејќи и таа се плаши.rnrn18. Само таа ја разбира вашата чудна смисла за хумор и обратно.rnrn19. Може да го претепа оној кој ви го скршил срцето па чувствувате дека немате потреба од постар брат.rnrn20. Ве има видено како играте низ соба и не ви се смее, и таа го прави истото.rnrn21. Може во очите да ви прочита доколку сте вознемирени.rnrn22. Бидејќи неверојатно е во колку работи сте слични а колку понекогаш сте различни.rnrn23. Затоа што се гордеете на нејзините успеси а и таа на вашите.rnrn
rnrn24. Бидејќи кога се роди вашата помала сестра делумно ја презедовте мајчинската улога.rnrn25. Затоа што е оригинална на свој начин а многумина не знаат за таа нејзина карактеристика.rnrn26. Секогаш може да снимите луди домашни видеа со ваши кореографии и комични ситуации.rnrn27. Како мали најголемите бељи ги правевте со вашата сестра.rnrn28. Не се плаши да ви ја каже вистината во очи и нема да се обидува да ги ублажи зборовите кога треба под итно да се соочите со суровата реалност.rnrn29. За сите тајни кои ги криела за вас, за секој пат кога излегла со вас само за да ве пуштат родителите, за секој час од кој сте избегале а таа не кажала.rnrn30. Ве видела и во најдобри и во најлоши изданија а сепак ве сака.rnrn31. Знаете дека кога ќе имате деца (или ако веќе имате деца), таа ќе биде ваша бебиситерка на располагање.rnrn32. Без разлика колку сте физички оддалечени, ја чувствувате блиску до вас.rnrn33. Нејзиниот совет е токму она што сакавте да го чуете во моментот.rnrn34. Не се обидува да ве промени бидејќи ве сака такви какви што сте.rnrn35. Бидејќи помисливте на неа во истиот момент кога го прочитавте насловот и знаете дека е ваша единствена. -

Дали вашата најдобра другарка ви е сродна душа?
Во животот наидуваме на многу различни пријатели, но со некои едноставно совршено се надополнуваме и меѓусебно си ги правиме животите поубави. Постојано се слушаме по телефон, правиме заеднички откачени фотографии, сакаме заедно да чуваме куче, пееме караоке и најомилени викенди ни се оние поминати во заедничко друштво, со одличен филмски маратон во придружба на полна кофа со пуканки.rnrn
rnrnДоколку со вашата најдобра другарка ги правите сите работи прикажани во видеово или барем голем дел од нив, вие сте на добар пат, бидејќи сте ја пронашле вашата сродна душа.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.