КАФЕ ПАУЗА

Tag: придобивки

  • Придобивки од туширање со ладна вода

    Придобивки од туширање со ладна вода

    Ладната вода може да помогне во забрзувањето на циркулацијата на крвта, а ова значи и свеж и сјаен изглед на вашето лице. Добрата вест е дека не мора да бидете под ладна вода премногу долго. Дури и водата да биде млака, ќе биде доволно.rnrnПридобивки од туширање со ладна водаrnrnНавиката за секојдневно туширање со ладна вода и помага на вашата кожа да остане млада и убава. Ладната вода го активира и нервниот систем, а тогаш телото ослободува хормони кои се борат против стресот. Неколку истражувачи сугерираат дека психолошкиот стрес има директно влијание врз стареењето на кожата.rnrnЛадниот туш испраќа огромна количина електрични импулси до мозокот и стимулира ослободување на „среќни хормони“ или ендорфин. Кога телото ги ослободува овие хормони, нивото на стрес опаѓа, така ќе избегнете проблеми како акни, псоријаза и дерматитис.rnrnЛадната вода исто така ги намалува и порите. Топлиот туш може да предизвика црвенило на кожата додека ладната вода предизвикува спротивни ефекти.rnrnПрочитајте и кои 12 грешки ги правите при туширањето што му штетат на вашето здравје.

  • Кои се придобивките од хијалуронската киселина?

    Кои се придобивките од хијалуронската киселина?

    Хијалуронската киселина станува сè попопуларна. Изненадувачки, тоа е супстанца која е природно присутна во човечкото тело, а не хемикалија како што многумина мислат.rnrnМногумина користат производи со хијалуронска киселина и таа е важен дел од нивниот ритуал за убавина, но зошто? Прочитајте кои се најголемите придоивки од неа!rnrnКои се придобивките од хијалуронската киселина?rn

    1. Хидратација

    rnХијалуронската киселина е како голема чаша вода за вашата кожа. Продира во надворешниот слој на кожата и ги хидрира клетките испорачувајќи подмладувачка влага и вредни хранливи материи.rn

    2. Зголемена еластичност

    rnХијалуронската молекула додава хидратација и ја зголемува еластичноста на кожата со заштита на нејзината липидна бариера. На овој начин кожата е способна да се одбрани од загадувачи и други фактори на животната средина. Како резултат, кожата останува помалку збрчкана, посветла и подолго еластична.rnrnКои се придобивките од хијалуронската киселина?rn

    3. Затегнатост

    rnНикој не сака опуштена кожа. Иако хијалуронската киселина нема да го спречи стареењето, та може да помогне при затегнувањето на кожата. Хијалуронскиот серум ќе ја наполни кожата со влага и ќе го затегне целокупниот тен. Ова значи младешки изглед и цврсти контури.rn

    4. Помазна текстура

    rnЕдно од најдобрите својства на хијалуронска киселина е тоа што ја прави кожата да изгледа поцврста и помазна.rn

    5. Помалку брчки

    rnНикогаш не е рано да започнете со негување и заштита на вашата кожа. Што е најважно, хијалуронска киселина е погодна за сите возрасни групи. Ги прави фините линии и брчките помалку видливи и ја задржува влажноста во кожата.rnrnКои се придобивките од хијалуронската киселина?rn

    6. Стимулира регенерација на клетките

    rnХијалуронска киселина помага во промовирање на регенерацијата на клетките на кожата што доведува до поздрава кожа.rn

    7. Свежина

    rnГолема заблуда е дека за мрсна кожа не е потребна хидратација, но, всушност, го прави тоа. Хијалуронска киселина промовира правилен баланс на влага и спречува хиперпродукција на масло.rnrnПрочитајте кои 7 намирници што ги намалуваат лузните од акни.

  • Кои се придобивките од 4-те положби на спиење во однос на страните на светот?

    Кои се придобивките од 4-те положби на спиење во однос на страните на светот?

    Нашите тела се под влијание на земјените полови, а насоченоста на главата во сонот може да предизвика нервоза, па дури и главоболка. Откријте која положба на спиење е најдобра за вас, а која може да ви создаде проблеми. Според фенг шуи, положбата на телото за време на спиењето има значително поголемо влијание врз здравјето и врз менталната состојба на човекот отколку што сте свесни. Во принцип, важно е креветот да не е на пресекот на струењето на воздухот, на пример на имагинарната линија што би се повлекла помеѓу воздухот и прозорецот. Ако е можно, собите што имаат неправилен облик не треба да бидат спални соби.rnrnКои се придобивките од 4-те положби на спиење во однос на страните на светот?rnrnАко често се вртите среде ноќ и спиењето ви е испрекинато, можно е позицијата на вашето тело во однос на земјените полови да не одговара, а секоја од четирите положби има свои предности и недостатоци. Тоа се определува според насоката на којашто е свртена вашата глава – север, југ, исток или запад. Земјените полови и нивната магнетна сила можат да го подобрат целокупното здравје, но и да предизвикаат главоболки и да активираат хронични здравствени состојби ако тие не се во согласност со положбата на телото.rn

    Главата свртена кон север

    rnОваа положба е идеална за луѓето кои страдаат од несоница, а особено за постарите лица. Таа смирува и го намалува нивото на крвниот притисок. Негативната страна на оваа положба е недостатокот на креативна енергија и ентузијазам.rn

    Главата свртена кон исток

    rnОваа позиција се смета за идеална за деца и млади. Поттикнува рано станување, енергија, раст и развој. Оваа положба е премногу интензивна за луѓето постари од 50 години. Бидејќи стимулира раст и активност, не е добра за хиперактивни луѓе и луѓе што лесно се вознемируваат.rn

    Главата свртена кон југ

    rnВо принцип, оваа позиција се поврзува со многу енергија, жешки соништа, силно либидо и кавги. Иако ја поттикнува страста кон животот, не е добро да спиете во оваа положба подолго време. Може да резултира со раздразливост и несоница и може да ви се појават драматични соништа.rn

    Главата свртена кон запад

    rnОваа позиција според фенг шуи е поврзана со чувството на задоволство, удобност и хедонизам. Иако создава позитивна атмосфера, може да поттикне и недостаток на енергија и мрзеливост. Затоа, не се препорачува за луѓе фокусирани на градењето кариера или на постигнувањето деловен успех.rnrnПрочитајте каде треба да го поставите креветот за добро да се наспиете.

  • 5 добри причини зошто треба да јадете семки од лубеница

    5 добри причини зошто треба да јадете семки од лубеница

    Можеби не сте навикнати да ги јадете семките од лубеница, но нивната хранлива вредност ќе ве убеди да ја промените таа практика. Семките од лубеница имаат малку калории и се богати со хранливи материи.rnrn5 добри причини зошто треба да јадете семки од лубеницаrn

    1. Семките од лубеница содржат малку калории

    rnГолем грст семки од лубеница тежи околу 4 грама и содржи околу 23 калории, а печените семки се навистина здрава закуска.rn

    2. Тие се богати со магнезиум

    rnМагнезиумот е еден од неколкуте минерали што се наоѓаат во семките од лубеница. Во 4 грама семки има 21 мг магнезиум, што е 5 % од препорадневната дневна доза.rnrnНационалниот институт за здравство препорачува возрасните да внесуваат 420 мг од овој минерал дневно. Магнезиумот е клучен за многу метаболички функции на организмот и е потребен за одржување на нервните и на мускулните функции, како и за заштита на имунолошкиот систем, на срцето и на коските.rn

    3. Содржат железо

    rnЕден грст семки од лубеница содржи околу 0,29 мг железо или околу 1,6% од препорачаната дневна доза. Можеби не изгледа како многу, но возрасните треба да внесуваат 18 мг железо на ден.rnrnЖелезото е важна компонента на хемоглобинот и му помага на вашето тело да ги претвори калориите во енергија. Но, семките од лубеница содржат и фитат, кој ја намалува апсорпцијата на железото и ја намалува нивната хранлива вредност.rn

    4. Добри масти

    rnСемките од лубеница се добар извор на мононезаситени и полинезаситени масни киселини. Овие масти се корисни во заштитата од срцев и од мозочен удар и го намалуваат нивото на „лошиот“ холестерол во крвта.rn

    5. Цинк

    rnСемките од лубеница се добар извор на цинк. Во 30 грама семки има околу 26% од препорачаната дневна доза. Цинкот е важна хранлива материја, неопходна за имунолошкиот систем. Тој е неопходен и за нормално функционирање на дигестивниот и на нервниот систем, за растот и за поделбата на клетките и за функционирањето на сетилата за вкус и мирис.rnrnПрочитајте зошто треба да јадете колку што е можно повеќе сини плодови ова лето.

  • Кое растение треба да го чувате во дневната соба, а кое во кујната?

    Кое растение треба да го чувате во дневната соба, а кое во кујната?

    Зеленилото го намалува стресот, им помага на хиперактивните деца да го контролираат своето однесување, ги подобруваат концентрацијата и расположението итн. Покрај тоа, растенијата во домот значително го подобруваат квалитетот на воздухот. Според истражувањето на американската агенција НАСА, собните растенија можат да отстранат дури 87% од загадувачите, а ако ги поставите на соодветно место во домот, ќе имате уште повеќе придобивки. Во продолжение прочитајте кои растенија се најпогодни за одредена просторија во домот.rn

    1. Спална соба: Алое вера

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Bitkilerin Dünyası (@bitkilerindunyasiyt) on

    rnrn

    rnrnrnНајдобро е да го ставите ова растение веднаш до перницата затоа што, за разлика од многу други собни растенија, тоа ослободува кислород во текот на ноќта, а апсорбира јаглерод диоксид. Исто така, го чисти кислородот од бензен и формалдехид, токсини што ги има кај многу средства за чистење.rn

    2. Кујна: Хлорофитум

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Оксана (@oxanaber) on

    rnrn

    rnrnrnДодека готвите, се создава многу чад и пареа, така што отпорниот хлорофитум ќе ги апсорбира „валканите“ делови од воздухот. Не бара посебни услови кога станува збор за вода, за светлина и за температура, а го отстранува јаглеродниот моноксид, кој се создава со готвење на плин, како и јаглеродниот диоксид, смогот, бензенот и други гасови што влегуваат во вашиот дом од околината.rn

    3. Трпезарија: Палма арека

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by ♡ 🇩🇴 Jomarif Fermín 🌿 (@jomgardens) on

    rnrn

    rnrnrnОва растение отстранува многубројни токсични материи од просторијата (формалдехид, трихлоретилен, ксилен и др.) и е одличен растителен навлажнувач на воздухот. Според истражувањето на НАСА, палмата арека со висина од 1,8 метри ослободува околу 1 литар вода за 24 часа.rn

    4. Дневна соба: Спатифилиум

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by N a t a l i e (@natalieblake) on

    rnrn

    rnrnrnЛесно за одржување, ова прекрасно растение не само што го намалува испарување на хемикалиите од средствата за чистење, туку и го елиминира штетното зрачење од мониторите и ТВ-екраните.rnrnПогледнете ги овие трикови со кои вашите растенија ќе добиваат точно онолку вода колку што им е потребно.

  • Зошто пивото е добро за вашето здравје?

    Зошто пивото е добро за вашето здравје?

    Повеќето лекари сметаат дека умереното консумирање пиво може да биде добро за здравјето. Точно е дека виното има предност во некои случаи, но постојат работи кои треба да ги знаете и за пивото. Пивото го содржи витаминот Б како и многу протеини. Иако има придобивки, треба да го пиете во умереност за да има корисен ефект.rnrnЗошто пивото е добро за вашето здравје?rnrnВитаминот Б е потребен за добро здравје, бидејќи ни дава енергија, нормална функција на нервниот систем, ги регулира хормоните, му помага на менталното здравје, како и на здравјето на срцето и имунолошкиот систем. Едно до две пива на ден се исто така добри за вашите коски. Пивото содржи силициум кој не е достапен во многу видови храни, а е поврзан со здравјето на коските.rnrnАмериканските центри за контрола на болести препорачуваат мажите да консумираат две пива на ден, а жените едно. Повеќе од тоа, може да има штетни ефекти врз здравјето.rnrnДоколку сакате совршена чаша ладно пиво, оставете ја чашата во замрзнувачот неколку часа, а потоа пивото навистина ќе биде многу вкусно и освежувачко.rnrnПивото исто така можете да го додадете во супи и многу јадења кои вклучуваат цели зрна. Освен неговата консумација, можете да го користите и за вашата коса. Пивото ќе и даде сјај и ќе ја врати во живот.rnrnПрочитајте и за употребата на пиво во кулинарството.

  • Важни лекции кои ги научив преку волонтирање во дневен центар за лица со интелектуална попреченост

    Важни лекции кои ги научив преку волонтирање во дневен центар за лица со интелектуална попреченост

    Волонтирањето е од витално значење за општеството и за постигнување социјална еднаквост. Ние како волонтери сме протагонисти на социјалните промени, а со малку надеж и упорност тој мал придонес што го даваме на овој свет, без разлика колку и да е мал, може да направи големи промени во нечиј живот.rnrnНе можев ни да замислам колку многу работи ќе научам, ниту колку ќе бидам благодарна на можностите што ми ги даде волонтирањето. Особено, волонтирањето во дневен центар за лица со интелектуална попреченост во Турција ми овозможи да ја разберам реалноста и тешкотиите со коишто можат да се сретнат овие луѓе. Тоа ми овозможи да развијам поголема социјална чувствителност, а ова се неколку од лекциите кои ги научив таму.rnrnВажни лекции кои ги научив преку волонтирање во дневен центар за лица со интелектуална попреченостrnrn1. Секое утро бев добредојдена со многу прегратки и насмеани лица, топол чај и вкусен појадок. Сите заедно седевме во кантината и уживавме во слободното време пред почетокот на работилниците. Секојдневно ме прашуваа дали би сакала да разгледам какви цртежи направиле или ми раскажуваа за филмот што го гледале. Разговорите беа скоро невозможни поради јазичната бариера, но насмевките и делата беа доволни. Понекогаш дури добивав и цртежи како подарок или други мали подароци направени од нив. Тогаш разбрав колку се моќни насмевката, прегратките и времето кое го подаруваме. Затоа, пред да излезете од дома не заборавајте да ја ставите насмевката на лицето и да подарите малку од вашето време за да направите нечиј ден поубав.rnrn2. Лицата со интелектуална попреченост, за жал, не можат да прават свои планови, не можат да си го организираат денот и да бидат слободни да го прават она што го сакаат. Сепак, со малку поткрепа тие се способни да ги завршат сите обврски. Се чувствував среќна што бев дел од нивната заедница и можев да ја понудам мојата помош. Тие ме научија да ја ценам слободата, да се чувствувам благодарна за животот и да ги релативизирам моите „проблеми“.rnrn3. Волонтирањето ми го отвори умот, станав поемпатична, понезависна, своја и пољубопитна за нови работи. Секогаш треба да бидеме подготвени да учиме и да се надградуваме, како што и луѓето во овој дневен центар секојдневно учат нови работи и се радуваат на сите мали детали и моменти. Тие знаат да уживаат во летот на пеперутките, секогаш се љубопитни за новите работи, танцуваат како никој да не гледа, се восхитуваат на рачните изработки на своите пријатели, делат пофални зборови. Не можеме да го спасиме светот, но можеме да бидеме среќни и неуморно да се обидуваме да ги направиме среќни луѓето околу нас.rnrn4. Се сеќавам на момчето кое обожаваше да гледа во небото и да црта авиони. Кога забележав дека го прави тоа секојдневно, го прашав зошто ги сака авионите толку многу. Ми кажа дека сака да биде пилот и да лета со птиците. Тоа ме потсети дека никогаш не треба да се откажуваме и дека упорноста е клуч за животот. Секогаш треба да го посакуваме најдоброто, па дури и невозможното, а пред сѐ, никогаш да не заборавиме да сонуваме.rnrn5. Волонтирањето во овој дневен центар ме правеше среќна и се чувствував како дел од нешто. Да бидете волонтер значи да се вклучите и да се чувствувате корисно. Овие чувства ја подобруваат самодовербата, а истовремено ни помагаат да ја ублажиме самоцентричноста што владее во нашите животи и да бидеме повеликодушни.rnrnГо охрабрувам секој што го чита ова да биде дел од промената. Направете нешто без да очекувате ништо за возврат и ќе ја добиете најголемата награда што можете да ја замислите – благодарноста и насмевката на нечие лице. Кога правите нешто добро за другите ќе се чувствувате исполнето и ќе бидете горди на себе. Колку подобро се чувствувате, толку е поголема веројатноста да имате попозитивен поглед кон животот и иднината. Вистина е дека многу е тешко да се најде време за други активности после сите секојдневни обврски. Сепак, придобивките од волонтирањето се толку големи што вреди да се размисли дали навистина не можеме да „потрошиме“ малку време во корист на другите. Далај Лама еднаш рекол: „Колку повеќе се грижиме за среќата на другите луѓе, толку похармонично станува нашето чувство за сопствената благосостојба“.

  • Зошто треба да носите чорапи ноќе?

    Зошто треба да носите чорапи ноќе?

    Главната функција на чорапите е да ги затоплат нозете и да ви биде поудобно додека носите чевли, но спиењето со чорапи може да ја подобри и вашата физичка и ментална благосостојба. Прочитајте зошто треба да носите чорапи ноќе, а придобивките се прилично изненадувачки.rn

    1. Чорапите ќе ви помогнат да заспиете побрзо

    rnЗошто треба да носите чорапи ноќе?rnrnВерувале или не, истражувањата покажале дека носењето чорапи ноќе ќе ви помогне да заспиете побрзо. Ова се должи на фактот што чорапите ги затоплуваат нозете. Кога нозете ви се топли, до вашиот мозок стигнува порака да ја намали температура на телото, што пак, му сигнализира на вашето тело дека е време за спиење.rn

    2. Чорапите може да ја спречат појавата на феноменот на Рејно

    rnЗошто треба да носите чорапи ноќе?rnrnФеноменот на Рејно се случува кога крвта не е во можност да циркулира правилно. Тоа може да биде предизвикано од фактори како што се стресот или ниските температури. Нападот доведува до вкочанетост на телото или ненадејна болка и симптоми слични на грчеви. Носењето чорапи може да ви помогне да ги спречите симптомите на феноменот на Рејно со регулирање на внатрешната телесна температура на телото.rn

    3. Ќе бидете поздрави

    rnЗошто треба да носите чорапи ноќе?rnrnБидејќи спиењето со чорапи ја намалува телесната температура и ѝ помага на крвта да циркулира подобро, имате поголеми шанси да спиете подобро и поздраво. Тоа ви овозможува да имате повеќе часови одмор. Повеќе сон е еднакво на подобро здравје, среќа и енергија во текот на денот.rn

    4. Чорапите може да го спречат напливот на топлина

    rnЗошто треба да носите чорапи ноќе?rnrnНапливот на топлина е главно предизвикан од хормоналната нерамнотежа во организмот затоа што не може да се регулира контролата на температурата. Носењето чорапи во текот на ноќта може да ви помогне да ги спречите напливите на топлина, особено кај жените во менопауза, бидејќи температура на телото е намалена поради подобрената циркулација.rn

    5. Чорапите може да ви помогнат против сувите стапала

    rnЗошто треба да носите чорапи ноќе?rnrnАко имате суви нозе или испукани петици, носењето чорапи може да ви помогне да ги одржувате влажни. Нанесете масло или лосион за тело на нозете пред спиење и дозволете им на чорапите да ја завршат својата работа.rnrnПрочитајте зошто не треба да одите на спиење гладни.

  • 8 моќни придобивки од спанаќот: Го одржува вашето срце здраво и го намалува ризикот од дијабетес!

    8 моќни придобивки од спанаќот: Го одржува вашето срце здраво и го намалува ризикот од дијабетес!

    Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот имунолошки систем.rnrn8 моќни придобивки од спанаќот: Го одржува вашето срце здраво и го намалува ризикот од дијабетес!rn

    1. Добар е за здравјето на кожата

    rnТој е полн со антиоксиданси кои ја штитат кожата спречувајќи ги слободните радикали да се врзуваат за нашата кожа и да ни создадат проблеми.rnrnИсто така, богат е со витамини Ц и Е, а познато е дека витаминот Е делува како заштита на кожата од УВ зраците, така што консумацијата на спанаќ штити од сонцето.rnrnВитаминот Ц го поддржува производството на колаген во нашата кожа, го спречува развојот на брчките и ја стимулира еластичноста на кожата.rn

    2. Ги зајакнува мускулите

    rnОвој зеленчук, исто така, содржи голем процент нитрати кои помагаат во изградбата на мускулното ткиво.rnrnНитратите се одговорни за зголемениот проток на крв и им помагаат на мускулите да работат, а со тоа го помагаат и развојот на мускулните влакна.rn

    3. Го чува срцето

    rnГликолипидите кои се наоѓаат во овие зелени зеленчуци му помагаат на телото да произведе азот оксид, а оваа молекула предизвикува крвните садови да се шират и со тоа да се намали напрегањето на срцето. Крвта на тој начин циркулира полесно во телото и го намалува крвниот притисок.rn

    4. Го намалува ризикот од дијабетес

    rnСпанаќот содржи и магнезиум, кој го регулира нивото на шеќер во крвта, што е многу важно за да се намали ризикот од дијабетес.rnrnКонсумирањето спанаќ обезбедува доволна количина магнезиум во организмот. Една чаша спанаќ на ден содржи 6% од дневниот внес на магнезиум.rn

    5. Овозможува чувство на ситост подолго време

    rnЕдна чаша од овој зеленчук содржи и 3% од препорачаната дневна доза на влакна. Салатата од спанаќ е идеално јадење ако сакате витка линија затоа што растителните влакна овозможуваат чувство на ситост.rnrnТие го забавуваат варењето на храната, но важно е да пиете многу вода за да му помогнете на влакната да си ја завршат работата.rn

    6. Може да го намали холестеролот

    rnЛутеинот што се наоѓа во оваа храна, исто така, го спречува високиот холестерол бидејќи му помага да не се задржи и собира во артериите.rn

    7. Го одржува здравјето на очите

    rnСпанаќот ги штити очите од штетните УВ зраци, но и од дегенерација и катаракта на очите.rnrnДвата антиоксиданти кои му помагаат на здравјето на очите се лутеин и зеаксантин и тие го намалуваат оштетувањето на леќите од сонцето.rn

    8. Го подобрува расположението

    rnПокрај тоа што е добар за физичкото здравје, спанаќот има корисен ефект и врз менталното здравје. Како и другите лиснати и зелени зеленчуци и тој се смета за природен антидепресив.rnrnИсхраната која вклучува спанаќ придонесува и за здравјето на мозокот, а магнезиумот помага во спречување на депресијата. Зголемувањето на нивото на магнезиумот нè прави посреќни бидејќи влијае и на нивото на серотонин во крвта.rnrnМожеби сакате да прочитате и за 8-те продукти кои се покорисни за женското здравје од суперхраната.

  • Тоа е чудо од растение и лесно може да се одгледува: Еве зошто е добро да одгледувате чуваркуќа!

    Тоа е чудо од растение и лесно може да се одгледува: Еве зошто е добро да одгледувате чуваркуќа!

    Оваа исклучителна билка е повеќегодишно растение. Обично расте до максимум 25 сантиметри. Има многу варијации, но најмногу се карактеризира по дебелите лисја кои се полни со вода и цветот во форма на ѕвезда.rnrnТоа е чудо од растение и лесно може да се одгледува: Еве зошто е добро да одгледувате чуваркуќа!rnrnДобро ги поднесува и внатрешните и многу ниските надворешни температури, што го прави ова растение многу издржливо и долготрајно, а тоа го означува и неговото латинско име Semprevivum tectorum (секогаш жив).rnrnОваа билка, која има најмалку 30 варијации, покрај тоа што е украсна и убаво ќе се вклопи во амбиентот на вашиот дом, е позната и како стар народен лек, пред сè поради нејзините корисни својства кои помагаат при инфекции, ја намалуваат болката, воспалението и има добри деуретички својства.rnrnНашите баби правеле чаеви, тинктури, креми, масти и сирупи од ова лековито растение. Точно заради неговите лековити својства, кои се многубројни. Покрај неговата примена во традиционалната медицина и современата медицина ги проучува лековитите својства на ова растение, бидејќи истражувањата покажале дека има многу силен ефект врз одбраната на организмот од канцерогени клетки, како и при подобрување на нарушениот имунолошки статус. Ова растение е многу лесно за одгледување и одржување и не бара особена грижа. Може да го засадите во мали садови, па дури и во тегли. Неговите лисја се употребуваат во текот на целата година.rnrnЗначи, ако одлучите да засадите чуваркуќа – ќе имате убаво и благодарно украсно растение, кое истовремено ќе ви послужи и како лек за прва помош!rnrnМожеби сакате да прочитате и за магичната шипка. Од неа можете да направите чај, тоник, лосион, мармалад, па дури и вино!rn