КАФЕ ПАУЗА

Tag: придобивки

  • Како делува нередовниот секс на здравјето?

    Како делува нередовниот секс на здравјето?

    Нередовниот сексуален живот не значи само суша на љубовно и сексуално поле, туку и потенцијален предизвикувач на низа проблеми. Бидејќи секојдневно можеме да прочитаме низа истражувања за придобивките од сексот за физичкото и психичкото здравје на човекот, фино е да знаеме кои се можните последици доколку сексот не е редовна појава.rnrnКако делува нередовниот секс на здравјето?rn

    Депресија

    rnАко сексот нè прави среќни, тогаш многу логично дека недостатокот на сексуални активности може да нè доведе до депресија. Токму ова го имаат докажано истражувачите од Универзитетот во Флорида во едно истражување спроведено минатата година. Од нивните добиени податоци, луѓето кои не уживаат во редовен секс, многу почесто паѓаат во депресивно расположение, а колку почесто им се случува ова, постојат поголеми шанси тоа да премине и во сериозна депресија. Целибатот, дефинитивно не е добар пријател на психичкото и емотивното здравје на луѓето.rn

    Инфаркт

    rnПовеќе од 10 научни истражувања во последните 10 години потврдуваат дека редовниот и квалитетен секс се поврзува со здраво срце. Секоја физичка активност е добра за здравјето на срцето, но сексот носи повеќе придобивки, бидејќи како што појаснуваат научниците, сексот придонесува за лачење на хормони кои одлично делуваат на здравјето.rn

    Неквалитетен сон

    rnНередовниот секс не е нужно одговорен за неквалитетниот сон, но е научно докажано дека редовен секс го подобруваа квалитетот на спиењето. Поточно кажано, хормоните кои се ослободуваат за време и после сексот делуваат смирувачки на организмот, па човекот заспива побрзо и полесно.rn

    Недостаток на самодоверба

    rnПокрај физичкото задоволство, психолозите објаснуваат дека сексот го сакаме дека после него општо се чувствуваме многу подобро и посигурно. Иако не може точно да се објасни зошто редовниот секс ја зголемува самодовербата, се претпоставува дека тоа е поради блискоста која ја носи сексуалниот чин.rn

    Лоша концентрација и слаби работни резултати

    rnЛуѓето кои имаат редовен секс значително се подобри на работното место, потврдило истражувањето кое пред две години го спровеле научници од Холандија. Токму поради хормоните кои се ослободуваат за време на сексот, кои одлично делуваат на психата и здравјето на човекот, многу полесно се постигнува подобра концентрација и со самото тоа и подобар квалитет при исполнување на работните задачи. Нивото на концентрација кај оние луѓе кои немаат редовен секс било на многу пониско ниво.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Моќта на минералната шминка

    Моќта на минералната шминка

    Минералните шминки станаа омилени рудници на убавина во последно време. Тие умеат да ѝ дадат подобар интензитет на бојата што изгледа многу привлечно. Нејзини главни компоненти се природно настанатите минерални материјали од земјата, како титаниум диоксид (природна заштита од сонце), цинк оксид (природен антиинфламатор) и железо оксид. Овие минерали се секако, фино брусени и прочистени пред да влезат во производството со шминките.Моќта на минералната шминкаКорисниците на минерална козметика имаат повеќе причини поради кои ги користат и обожаваат овие шминки. За почеток, тие се негувачи на кожата, ја лечат и имаат антивоспалително дејство. Со нивната моќ за темелно покривање на кожата додека истовремено таа го задржува природниот изглед, тие се одлични маски на лузните, црвенилата и акните.rnrnМногу козметички хирурзи им дозволуваат на нивните пациенти да користат минерална шминка затоа што таа ја спречува појавата на потенцијални иритации. Всушност, оние кои страдаат од акни, тврдат дека нивната кожа се променила после користењето на минерална шминка бидејќи таа има неутрална рН и не поддржува бактерии.rnrnНе само што клучните состојки (титаниум диоксид и цинк оксид) ја лекуваат кожата – тие исто така овозможуваат заштита на лицето од сонце, водоотпорни се и ја рефлектираат светлината, што ја прави блескава особено постарата кожа.rnrnДруг важен ефект од користењето на минералната шминка е фактот дека таа не ги затнува порите туку ја остава кожата да дише. Кратката листа на состојки во секоја шминка, кои се главни виновници за инфекција на кожата, односно парфемот и конзервансите, во минералните шминки се отсутни. Љубителите на оваа шминка исто така ја обожаваат поради тоа што трае подолго, дава поголема покриеност и е полесна за отстранување.rnrnНанесувањето на минерална шминка е различно од нанесувањето на останатите шминки. Тоа особено важи за пудрата во прав чија суперфина текстура бара при нанесувањето да се распореди по целата површина на лицето со специјална четка за минерална шминка.rnrnВи предлагаме и едно видео за тоа како се нанесува пудрата во прав од минерално потекло.rn

    rnАвтор: Ивана Петковскаrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пет причини зошто да вежбате со хулахоп

    Пет причини зошто да вежбате со хулахоп

    Омилената детска играчка од педесеттите години на минатиот век, хулахопот, денеска сè повеќе се користи како дел од опремата за вежбање на секој возрасен човек. Иако на прв поглед делува како детска игра, вежбањето со хулахоп е физичка активност која носи многу здравствени придобивки, а погодно е за сите возрасти. Со вежбањето со хулахоп се активираат 30 мускули, се подобрува рамнотежата, подвижноста и флексибилноста. Ова се петте главни придобивки од вртењето хулахоп.rnrnПет причини зошто да вежбате со хулахопrn

    Согорување калории

    rnПола час вежбање со хулахоп има ист ефект како 30-минутно трчање. Оваа активност е идеална за слабеење, бидејќи калориите се топат исто како во степ-аеробик, кик-бокс или на лента за трчање.rn

    Обликување на телото

    rnХулахопот ги зајакнува мускулите и ги обликува бутовите, задникот, стомакот, бедрата, нозете и колената, а дополнително обрачот можете да го вртите и околу рамената за да го вежбате торзото, рацете и вратот.rn

    Подобрување на флексибилноста

    rnОваа активност бара движење и извртување на ‘рбетниот столб со што се зголемува неговата флексибилност и помага во превенцијата од повреди на грбот. Сепак, за луѓето кои имаат проблеми со грбот се препорачува прво да се посоветуваат со лекар за овие типови вежби.rn

    Го подобрува расположението

    rnОсвен што е здрава, оваа физичка активност не здосадува и ќе немате проблем редовно да ја практикувате, бидејќи исто како и танцувањето и таа го подобрува расположението.rn

    Колку е потежок обрачот толку повеќе здравствени придобивки

    rnИако обичниот хулахоп носи многу здравствени придобивки, многу побрзо ќе видите резултати доколку користите тежок обрач. Вртењето на потежок обрач носи исти резултати како и дигањето тегови. Потешкиот хулахоп е полесен за вртење и со него ќе можете да вежбате подолго време и со тоа да ги зајакнувате мускулите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како до одлични организациски вештини?

    Како до одлични организациски вештини?

    Кога ќе одлучите да започнете со нешто ново, секогаш ќе постојат низа на препреки кои мора да ги поминете за на крајот да можете да бидете успешни. Кога ќе решите да започнете со вашата кариера, треба да бидете подготвени за соочување со различни видови на предизвици, но и да знаете да ги идентификувате способностите кои ќе ви бидат потребни за напредок. Една од тие способности кои ќе треба да ги развиете, се и организациските вештини. Тие понекогаш можат да бидат малку потешки за стекнување, но со тек на време преку следење на неколку едноставни совети, ќе можете и вие да ги совладате.Како до одлични организациски вештиниПроценете ги вашите сегашни стратегии – Размислете добро како се справувате со вашите секојдневни обврски. Дали веднаш ги одредувате вашите приоритети и започнувате со работа, или пак оставате на „судбината“ да одлучи за вас? Оценете ја вашата моментална работа и притоа обидете се да бидете малку подисциплинирани од вообичаено.rnrnКако до одлични организациски вештиниЗапочнете полека – Откако целосно ќе го запознаете вашиот начин на работа, треба да започнете полека да го менувате кон подобро. Со развивање на вашите организациски вештини таа цел многу полесно ќе ја постигнете. Секако мора да започнете со полесни задачи, бидејќи ако започнете со нешто преголемо и притоа не успеете – големи се шансите дека ќе се обесхрабрите и ќе се откажете. Одредете си неколку едноставни дневни задачи и обидете се да ги завршувате на време.Како до одлични организациски вештиниНаправете повеќе слободно место во работниот простор – Редовното расчистување на просторот во кој работите, е прв знак дека сте на добар пат кон стекнување одлични организациски способности. Тргнете ги непотребните работи и наредете ги оние кои ви се потребни така што ќе ви бидат на дофат. На овој начин ќе можете побрзо да ја завршувате вашата работа и дефинитивно нема да имате потреба да барате нешто обично како пенкало цел час пред да започнете со вашите работни обврски…Како до одлични организациски вештиниРаботете чекор по чекор – Направете кратка шема каде што ќе ја поделите вашата работа во неколку чекори и потоа обидете се да ја следите. На овој начин ќе си ја олесните работата, но и ќе си помогнете така што на крај кога ќе ги проверувате добиените резултати, ќе можете побрзо да пронајдете грешки и неправилности.Како до одлични организациски вештиниИмајте самодисциплина – Таа е клучна доколку сакате да бидете поорганизирани. Започнете така што ќе си направите листа на работи кои мора да ги завршите во текот на денот на денот. На пример, организирајте ги вашите документи, исчистете ја темелно областа во која работите… Ова ќе биде почетокот при формирањето на вашата самодисциплина. Можете да се обидете и со техниката наречена „не крши го синџирот“ која може многу да им помогне на вашите новостекнати навики да ви доаѓаат природно.Како до одлични организациски вештиниНаучете како да ја распределувате работата според важноста – Многу е важно да научите да проценувате кои задачи се поважни од останатите, за кои ќе ви биде потребно повеќе време да ги завршите или пак кои бараат повеќе внимание од вас. Не заборавајте дека без оваа способност нема да можете никогаш во целост да ги развиете вашите организациски способности.Како до одлични организациски вештиниОдредете ги целите и придобивките – Понекогаш поефективно ќе работите ако се мотивирате од „наградата“ која ве следува на крајот. Кажувајте си постојано на себеси што ќе добиете откако ќе завршите со тешката работа. На пример, ветете си нови обувки, книга или облека доколку завршите сè на време (или предвреме). Поставувањето цел која сакате да ја постигнете, може да ви помогне да останете организирани во текот на работата, како и побрзо и поквалитетно да ја завршите вашата работа.Како до одлични организациски вештиниНаучете да категоризирате – За почеток, означете ги сите документи, така што ќе употребите различни бои за различни категории. Нешто слично направете и со компјутерските податоци. За многу брзо време ќе научите што каде припаѓа и нема да имате потреба понатаму да означувате. Категоризирањето и организациските вештини одат „рака под рака“ така што доколку едното го совладате, нема да имате потешкотии при совладување и на другото.Како до одлични организациски вештини
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 неочекувани придобивки од користењето на Фејсбук

    7 неочекувани придобивки од користењето на Фејсбук

    Корисниците на Фејсбук поминуваат повеќе од 15 часа месечно на оваа социјална мрежа. И покрај тоа што голем број луѓе сметаат дека неговата интензивна употреба е негативна, постојат неколку студии кои покажуваат дека покрај лошите влијанија, тој сепак има и добри страни.rn

    Ја подобрува работата на вашето срце

    rn7 неочекувани придобивки од користењето на ФејсбукrnrnПоминувањето време на Фејсбук може да им помогне на луѓето да се опуштат така што го успорува отчукувањето на срцето и го намалува стресот, според истражување спроведено од Институтот за Технологија во Масачусетс и Универзитетот во Милано. Во оваа студија се истражувало влијанието на панорамски пејсажи, решавањето на комплицирани математички задачи и употребата на социјалната мрежа врз 30 студенти. И покрај тоа што Фејсбук го заземал второто место на листата за опуштање на студентите, сепак се покажала чудна привлечност и возбуда при неговото користење.rn

    Може да ви помогне да пронајдете работа

    rn7 неочекувани придобивки од користењето на ФејсбукrnrnГолем број компании покрај класичните интервјуа и психолошки тестови за личноста, употребуваат и Фејсбук „истражување“ преку кое бараат потенцијални вработени. Тие ги проценуваат нивните вкусови за музика и книги, интереси, хоби, како и социјалноста и комуникативноста според фотографиите и постовите. Најчесто впечатокот кој се добива преку оваа социјална мрежа е многу поточен од оној кој тие го добиваат за време на интервјуто.rn

    Ја зголемува вашата самодоверба

    rn7 неочекувани придобивки од користењето на ФејсбукrnrnСпоред неколку истражувања, поминувањето повеќе време на оваа социјална мрежа им помага на луѓето да се чувствуваат добро во својата кожа. Студија спроведена од Универзитетот Корнел, која била една од првите кои ги истражувале психолошките придобивки од користењето на Фејсбук, покажала дека доволно е да го погледнете вашиот ѕид и веднаш ќе се почувствувате посамоуверено.rn

    „За разлика од огледалото, кое нè потсетува какви сме навистина ние и на тој начин може да има негативен ефект врз нас бидејќи не се согласува со нашите идеали, Фејсбук ни ја покажува позитивната верзија од нас, онаква каква што ние сакаме да ја видиме. Не велиме дека тој претставува лажна слика за нас, туку дека ги нагласува нашите позитивни страни,“ вели истражувачот Џефри Ханок.

    rn

    Ги зголемува цените на акциите

    rn7 неочекувани придобивки од користењето на ФејсбукrnrnФејсбук не само што може да биде добар за вашето физичко и ментално здравје, тој може да ви помогне и при вашите инвестиции. Една студија од Универзитетот Пејс покажала дека колку е попопуларна одредена компанија на Фејсбук, толку повисоки акции има.rn

    Ја зголемува продуктивноста

    rn7 неочекувани придобивки од користењето на ФејсбукrnrnИ покрај тоа што повеќето сметаат дека Фејсбук само им го одвлекува вниманието на вработените, истражувачите покажале дека вистината може да биде и сосема спротивна. Истражување спроведено од сајтот Кеас покажало дека доволна е 10-минутна пауза на Фејсбук за вработените да бидат посреќни, поздрави и попродуктивни.rn

    „Кратки и ненаметливи паузи, како брзо „сурфање“ на интернет, му помага на мозокот да се одмори, што води до повисока концентрација во текот на денот, како и до повисока продуктивност,“ вели Брент Кокер од Универзитетот Мелбурн, Австралија.

    rn

    Ви помага за добивање диплома

    rn7 неочекувани придобивки од користењето на ФејсбукrnrnФејсбук може да им помогне на студентите да ја добијат дипломата која ја посакуваат. Едно истражување покажало дека студентите кои се активни на Фејсбук во помал број се откажуваат од оние кои не ја употребуваат социјалната мрежа. Ова истражување опфатило скоро 400 студенти од прва и втора година на факултет и меѓу другото се покажало и дека студентите кои се активни на Фејсбук се одликувале со повеќе ентузијазам во нивната факултетска околина.rn

    Го подобрува вашиот љубовен живот

    rn7 неочекувани придобивки од користењето на ФејсбукrnrnФејсбук дефинитивно одлично се покажал како стројник. Истражувањата покажале дека околу 60% од слободните корисници додаваат нови пријатели веднаш откако ќе ги запознаат во живо. Доколку им се допаѓа тоа што ќе го видат, 25% од нив веднаш ја контактираат личноста за која се заинтересирани преку порака или чет.rnrnИ за крај, не заборавајте дека за сè постојат граници. Фактите кои се прикажуваат во овие истражувања не треба да ве охрабрат уште повеќе да го користите Фејсбук, бидејќи на тој начин дефинитивно нема да можете да ги почувствувате неговите придобивки. Умереноста секогаш е позитивна и обидете се постојано да ја одржувате  при употребата на оваа социјална мрежа.

  • Сезонската храна на прво место во вашето мени

    Сезонската храна на прво место во вашето мени

    Сите ние многу добро знаеме дека доколку се храниме здраво, организмот ќе ни биде благодарен. Прв чекор до правилна искрана е одбирање на сезонската храна. Храната која е актуелна во одредена сезона е главен дел од нутриционистичката исхрана.Сезонската храна на прво место во вашето мениrn

    Летна исхрана

    rnВо лето е најдобро да конзумирате грав, тиквички, домати, зрнесто овошје. Обрнете особено внимание на овошјето кое зрее во овој период од годината: кајсии, дињи, цреши, киви, боровинки, малини, јагоди, домати, праски. Зеленчук кој треба да го конзумирате: зелка, моркови, тиквички, компири, грашок, пиперки, кромид. rnrnЈагнешкото месо, како и месото од зајак, се најдобар избор за летната сезона, месото од дивеч не содржи многу масти, а маснотиите од јагнешкото место брзо се разложуваат во организмот. Исто, конзумирајте морска храна како: ракчиња, лосос, скуша, сардини, туна… Во средина на летото, јадете многу цвекло, брокула, краставици, грашок и пченка. Кон крајот на летната сезона конзумирајте боровинки, цреши, киви, нектарини и јагоди.Сезонската храна на прво место во вашето мениrn

    Зошто е добра сезонската храна?

    rnПостојат многу причини зошто сезонската храна е добра за нас. Еве неколку од нив:rnrnЦените се пониски – Секогаш кога купувате нешто што зрее во таа сезона, голема е веројатноста неговата цена по маркетите да е многу поволна. Сезонската храна почесто се произведува, полесно може да ја најдете, и логично е подостапна. Пакуваниот смрзнат зеленчук или оној кој не е произведен по природен пат има повисока цена. Кога производството е на локално ниво и го има во изобилство, ќе чини помалку.Сезонската храна на прво место во вашето мени Вкусот е подобар – Не може да речете дека доматите кои се зреени во неприродни услови се повкусни од оние кои зреат кога им е сезоната. Вкусот игра голема улога, а сезонската храна си го прави своето. Споредете свежо созреан зеленчук со недозреан зеленчук, чуван и транспортиран во замрзнувачи. Доколку овошјето и зеленчукот, не созреале целосно во нивната природна средина, нема да имаат добар вкус.rn rnrnРазновидност во исхраната – Оние кои обрнуваат внимание на сезонската храна, се хранат различно во текот на целата година. Со конзумирање на одредена храна во одреден период од годината, разновидноста во вашата исхрана ќе биде голема, а тоа е добро за вашето здравје. Едноставно, дајте им предност на овошјата и зеленчуците кои зреат сега.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 причини зошто секогаш да бидете убаво облечени

    10 причини зошто секогаш да бидете убаво облечени

    Автор: Боро МирческиrnrnПрвиот впечаток кој може да го оставиме било да станува збор за средба со пријател, девојка или момче или пак со потенцијален работодавец е од особена важност. Пристојното облекување може да ви отвори многу врати, а со тоа да ве направи да се чувствувате посамоуверено, погордо и секако посреќно.rnrnКога говориме за убаво облекување, не говориме дека облеката на вас мора да чини неколку илјадници денари. Токму спротивното! Под убаво или пристојно облекување се подразбира да бидете облечени соодветно за пригодата на која присуствувате, во чиста и убаво испеглана облека и најважно од сè, во облека која вам најпригодно ви одговара.rnrnПостојат низа причини зошто е препорачливо секогаш да сте убаво и пристојно облечени, а ние ви одвојуваме 10 проверени, кои и тоа како ви одат во прилог.rnrn10 предности зошто секогаш да бидете убаво облечениrnrn1. Убаво облечените луѓе може многу полесно да добијат зголемување на платата од 5 до 10 проценти. Според истражувањето „Убавината и пазарот на труд“ објавено од Националното биро за економски истражувања во САД, луѓето кои се привлечни и притоа соодветно облечени на работното место, уживаат премија на својата плата од најмногу 10 проценти, за разлика од нивните колеги кои се помалку убаво облечени за време на работата.rnrn2. Ако сте тргнале на интервју за работа и притоа сте убаво облечени, бидете сигурни дека ќе бидете издвоени од „морето“ на пријавени кандидати за вашата омилена работна позиција. Личниот впечаток кој го оставате кај потенцијалниот работодавец е од особена важност за премин од првиот круг во вториот.rnrn3. Ако се вработувате во некоја компанија и притоа сте убаво облечени, имате за 20% поголема шанса за повисока стартна плата од некој кој претендира за истото работно место, а се облекува несоодветно.rnrn4. Доколку треба да држите говор или презентација, бидете убедени дека е задолжително да бидете убаво облечени. Тоа е доказ дека ќе ја зголемите вашата убедливост во тоа што го кажувате, а на слушателите ќе им биде подраго истовремено да ве слушаат, но и да ве гледаат.rnrn5. Соодветната облека и тоа како може да ви го зголеми личниот кредибилитет без разлика дали станува збор за деловно или приватно поле.rnrn10 предности зошто секогаш да бидете убаво облечениrnrn6. Секако дека облеката не е никаков доказ дека подобро облечените луѓе имаат подобар деловен или личен перформанс. Сепак, и пристојната облека и атрактивноста носат и некои негативни последици. Некои американски истражувања покажуваат дека луѓето имаат поголеми очекувања за одредени работи од убаво облечените и атрактивни индивидуи, отколку од оние кои се помалку атрактивни и понесоодветно облечени.rnrn7. Пристојното облекување е причина за зголемување на личната самодоверба.rnrn8. Убавата облека која вам најугодно ви прилега може и да ве направи посреќни. Потсетете се колку пати сте се насмеале кога наутро сте се погледнале во огледало и сте си се допаднале како изгледате.rnrn9. Убаво облечените луѓе оставаат многу подобар впечаток кај спротивниот пол.rnrn10. Доколку изгледате пристојно, многу е поголема веројатноста да имате и поголем број познаници и пријатели.rn
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто да научите да свирите пијано?

    Зошто да научите да свирите пијано?

    Автор: Горана КоневскаrnrnСвирењето на пијано не само што е интересно и забавно, туку овозможува и одлична вежба за мозокот. Исто како што трчањето или аеробикот имаат влијание врз мускулите на телото, секојдневното вежбање на пијано, па макар и само 20-тина минути, ќе ве држи ментално во форма.rnrnЗошто да научите да свирите пијано?rnrnЗа многу возрасни личности, свирењето на пијано е одличен начин да се справат со стресот, да го стимулираат мозокот, да ја подобрат координацијата и да се чувствуваат убаво.rnrnОсвен тоа што пијаното е прекрасен инструмент со убав изглед и богат звук, постојат и многу други причини зошто да научите на свирите пијано:rn

      rn011

    • Музиката има терапевтско и смирувачко својство.
    • rn011

    • Свирењето на пијано има влијание врз развојот на моториката на рацете. Тој е инструмент на кој се свири независно со двете раце со сите 10 прсти, па ова може да ви помогне и во вашите вештини за пишување на тастатура.
    • rn011

    • Некои истражувања покажале дека свирењето на пијано, може да развива дополнителни вештини. Децата од средно училиште кои свиреле на пијано, покажале не само високо развиени уметнички и музички вештини, туку и подобро напредувале во користењето на јазикот и математиката.
    • rn011

    • Пијаното ви овозможува социјализација – замислете си само колку е прекрасно да седите со своето семејство во топла домашна атмосфера, а вие да сте во центарот каде свирите пијано и сите заедно пеете песни.
    • rn011

    • Свирењето на пијано може да се прилагоди на вашите желби и согласно на типот на вашата личност – доколку сакате да бидете сами, може да го користите како соло инструмент, кој секогаш звучи богато и динамично или пак да свирите заедно со вашите пријатели кои свират на друг инструмент, доколку преферирате да бидете во друштво.
    • rn011

    • Пијаното го изострува и умот и телото (концентрација и правилно држење на ‘рбетниот столб).
    • rn011

    • Свирењето на пијано резултира со опуштеност и смиреност, но бара и емоционална ангажираност. Ова може да ви помогне да станете поспретни и посталожени.
    • rn011

    • Свирењето на пијано ги ангажира двете мозочни хемисфери и ја развива способноста за истовремено правење повеќе работи одеднаш.
    • rn011

    • Доколку сакате да ја научите теоријата на музиката, најдобро е да земете часови по пијано. Тоа е инструмент за кој е неизбежно да знаете да ги читате и разбирате нотите. А доколку потоа сакате да свирите и на друг инструмент, благодарение на претходното искуство со пијаното, ова може да ви оди многу полесно.
    • rn011

    • Пијанистите можат да се занимаваат со мноштво професии: да бидат придружба во хор, да свират во цркви, на разни настани, да подучуваат, да создаваат музика за филм или за реклами, да компонираат оркестрални дела, како и да бидат дел од музички групи.
    • rn


    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Придобивките и негативните последици од ботоксот

    Придобивките и негативните последици од ботоксот

    Ботулинум претставува токсин кој се излачува од бактеријата Clostriium botulinum и воедно предизвикувач на болеста ботулизам. Овој токсин е невромускуларен блокатор кој предизвикува парализа на инфектираниот мускул со што се спречува излачувањето на невротрансмитерот ацетил холин од мотоневроните. Исто така, ботулинумот го намалува потењето така што делува на симпатичкиот нервен систем кој ги контролира потните жлезди.rnrn

    Придобивките и негативните последици од ботоксот
    Бактеријата Clostridium botulinum го лачи ботулинот А или уште познат како ботокс
    rnrnОвој токсин може да предизвика тешко труење со храна и е најмоќниот токсин кој ù познат на науката. Но, и покрај неговите негативни дејства, користејќи го во одредени дози, може и се користи во медицински и козметички третмани. Употребуван во мали дози, може да се користи за лечење на некои нервни болести. Токсинот уфрла специфични протеини во нервната клетка кои се медијатори во лачењето на трансмитерите кои предизвикуваат болка, мускулен спазам, грчеви и други симптоми.rnrnПридобивките и негативните последици од ботоксотrn

    Медицинска и козметичка употреба

    rnКозметичката улога на ботулинумот е поврзана со исчезнувањето и намалувањето на порите и брчките со директно инјектирање во фацијалните мускули. Третманите со овој токсин првично биле наменети за пациенти со мускулни грчеви, како блефароспазмот (спазам на очните мускули), стрбизам, цервична дистонија. Кај пациенти со фацијални спазми кои биле третирани со ботулинум, било забележано намалување на мускулните грчеви.rnrnЛуѓето на постара возраст не ги сакаат брчките кои се појавуваат со текот на годините, па така со помош на ботулинум, ги намалуваат овие линии на староста. Честопати, заедно со третманите со ботулин се користи и колаген и хијалуронска киселина. Ботулинските терапии се користат и кај луѓе со зголемено локално потење (хиперхидроза), најчесто во пазувите, за намалување главоболки, како и за некои форми на дерматитис.rnrn

    Придобивките и негативните последици од ботоксот
    Пред и по третман со ботокс
    rnrnЕфектот кој го има ботулинот на очните мускули е неможност за нивна контрaкција и со самото тоа, видливо намалување на брчките. Инјекциите кои се инјектираат директно во мускулите се безболни и луѓето можат нормално да трепкаат и да ги креваат веѓите. Се земаат 3-5 мали дози. Неговите ефекти ослабуваат после неколку недели од амплифицирањето, а повторен третман се прави после 3-6 месеци од првичното нанесување.rnrn
    Придобивките и негативните последици од ботоксот
    Ефектот на ботоксот на околуочните мускули, пред и по 7 дена
    rn

    Негативни последици од користење третман со ботокс

    rnНајчеста негативна појава е главоболката, која се јавува веднаш по нанесувањето. Може да се намали со земање парацетамол. Долготрајните главоболки се ретки. Исто така, можат да се јават лузни како резултат на инјекциите. Ако неправилно се нанесува ботулинот, може да се повреди мускулот на очниот капак и да се предизвика птоза односно затварање на очниот капак. Оваа појава обично трае неколку дена, во ретки случаи е долготрајна.rnrnПридобивките и негативните последици од ботоксотrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.