КАФЕ ПАУЗА

Tag: причини

  • 7 незанемарливи знаци кои покажуваат дека телото ви е премногу кисело

    7 незанемарливи знаци кои покажуваат дека телото ви е премногу кисело

    Нашите тела може да бидат алкални или кисели. За да бидеме здрави, да се чувствуваме добро и со леснотија да ги извршуваме секојдневните работи, нашата pH мора да биде неутрална или благо алкална – помеѓу 7,3 и 7,5. Заради современиот начин на живот оваа вредност обично е многу помала, односно покисела и затоа се чувствуваме уморно, безволно, надуено, општо лошо. Книгата „Алкална исхрана“ од авторот д-р Стефан Домениг открива кои знаци предупредуваат дека телото ни е премногу кисело.rnrn1-prichina-za-mnogu-tegobi-7-vazhni-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-teloto-e-premnogu-kiselo-www.kafepauza.mk_rnrnЗа да може телото да ги апсорбира и да ги искористи хранливите состојки, дигестивниот систем мора правилно да ја разгради храната. Нездравите прехранбени навики, како преголемото внесување храна со која дигестивниот систем не може да се носи, предизвикуваат дигестивни тегоби, а тие може штетно да делуваат на алкалната состојба во телото.rnrnАко вредноста на pH е помала од 7, значи дека телото е премногу кисело. Прекумерната киселост наречена ацидоза може да ја предизвикаат не само намирниците кои ги консумираме, туку и начинот на кој ги јадеме. Современата исхрана подразбира консумирање погрешни видови храна (и пиење погрешни видови пијалаци). Таквата исхрана едноставно го парализира организмот и ни претставува товар.rnrn2-prichina-za-mnogu-tegobi-7-vazhni-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-teloto-e-premnogu-kiselo-www.kafepauza.mk_rnrnПритоа голема улога играат и други фактори како стресот, недостатокот на сон, загаденоста и претераното вежбање (кое предизвикува создавање млечна киселина). Исто така, на зголемената киселост големо влијание има и животната доба.rn

    Алкална исхрана

    rnВеќе повеќе од 100 години начелата за живеење и исхрана кои ги поставил австралискиот доктор Ф. Х. Маир и кои се претставени во книгата „Алкална исхрана“ од авторот д-р Стефан Домениг, им помагаат на 10.000 луѓе да воведат ред во својата исхрана, да се ослободат од непотребните килограми и да се чувствуваат подобро. Во продолжение следуваат 5-те основни начела на алкалната исхрана:rn1. Секој ден пијте 2 литри вода – можете да вклучите и други пијалаци, како сок од морков, но потребно е да пиете и многу чиста вода. Со две литри дневно телото и неговите органи ќе бидат пофлексибилни.rnrn2. Ако помеѓу оброците чувствувате потреба за храна, а сте сити, испијте растителен чај или филтрирана вода. Исто така и кога телото е жедно, а не гладно, подобро е нешто да испиете отколку да изедете.rnrn3. Немојте навечер да пиете или да јадете сирова храна, бидејќи тешко се вари. Во текот на ноќта таквата храна може да се ферментира во желудникот.rnrn3-prichina-za-mnogu-tegobi-7-vazhni-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-teloto-e-premnogu-kiselo-www.kafepauza.mk_rnrn4. Наместо црн чај или кафе пијте сок, растителен чај или јадете супа. Црниот чај и кафето се кисели.rnrn5. Немојте да бидете нервозни додека сте на оваа исхрана – останете смирени и внимателни. Уживајте во процесот на чистење на телото и духот.rn

    7 секојдневни тешкотии кои укажуваат на зголемена киселост во вашето тело:

    rn

    1. Тврда столица и надуеност

    rnИ за едното и за другото причина е пребрзото јадење, преголемата количина храна и/или прекиселите оброци.rn

    2. Недостаток на енергија и концентрација

    rnБидејќи киселината ја намалува количината на кислород во крвта, се чувствувате мрзливо. На мозокот и телесните органи им недостига тој витален елемент.rnrn4-prichina-za-mnogu-tegobi-7-vazhni-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-teloto-e-premnogu-kiselo-www.kafepauza.mk_rn

    3. Проблеми со тежината

    rnПрекумерната телесна тежина открива дека вашата исхрана не е во согласност со способностите на телото да ја обработи храната која му ја давате.rn

    4. Лош тен и сува, безживотна кожа без сјај

    rnВишокот киселина се излачува преку кожата и предизвикува нејзино оштетување и воспаление.rn

    5. Болест на непцата, кариес и непријатен здив

    rnОвие симптоми може веднаш да се поврзат со претерано кисела исхрана, бидејќи тогаш бактериите може многу побрзо да се размножуваат отколку кај луѓето што се на алкална исхрана.rnrn5-prichina-za-mnogu-tegobi-7-vazhni-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-teloto-e-premnogu-kiselo-www.kafepauza.mk_rn

    6. Чести настинки

    rnКога телото не ја добива вистинската храна и кога желудочната флора се менува, најголемата закана доаѓа од ослабениот одбранбен систем.rn

    7. Болки во мускулите и зглобовите

    rnВоспалението може да биде знак дека алкалните минерали во коските и мускулите се излачуваат за да се неутрализира киселоста. Одредени киселини, како арахидонската киселина во црвеното месо исто така го активираат воспалението.

  • 7 одлични причини зошто треба секојдневно да јадете мандарини

    7 одлични причини зошто треба секојдневно да јадете мандарини

    Богати се со витамин Ц, го штитат нашиот имунитет во сезоната на настинки, ни помагаат во одржувањето на витката линија и како дополнителен плус се многу вкусни. Секако, станува збор за мандарините, а зошто треба секојдневно да ги консумирате, прочитајте во продолжение.rnrn1-7-fantastichni-prichini-zoshto-treba-sekojdnevno-da-jadete-mandarini-www.kafepauza.mk_rn

    1. Тие се добри за витка линија

    rnКако идеално овошје за јакнење на имунитетот и одржување витка линија, мандарината со својот состав е слична на портокалот – обилува со витамин Ц и А, фолна киселина и калиум, а тука се и витамините од групата Б, калциумот, магнезиумот, цинкот, бакарот и железото.rn

    2. Го намалуваат лошиот холестерол

    rnИстражувањата покажале дека кожата на мандарината содржи хранливи состојки кои ефикасно го намалуваат „лошиот холестерол“.rnrn2-7-fantastichni-prichini-zoshto-treba-sekojdnevno-da-jadete-mandarini-www.kafepauza.mk_rn

    3. Ја спречуваат дебелината

    rnНаучниците од Универзитетот Вестерн Онтарио откриле дека хранливите состојки скриени во мандарините го спречува дебелеењето, како и нудат заштита од дијабетес тип 2 и артериосклероза. Станува збор за болести кои се одговорни за појава на срцев, но и мозочен удар.rn

    4. Тие се идеални за подготовка на оброк

    rnМандарината е овошје што можете да го користите и во разни јадења, особено во свежите овошни салати. Сокот од мандарина можете да го користите и во подготовка на јадења како тестенини, но и во подготовка на колачи. Исто така, сокот од мандарина можете да го искористите и при подготовка на јадења со пилешко и риба.rn

    5. Мандарините можете да ги искористите и за кожата

    rnОд мандарините можете да направите и маска за лице за здрав и блескав изглед на кожата. Земете четири парчиња мандарина, отстранете ги семките и изматете ги во блендер со една лажица јогурт и една лажичка мед. Нанесете на лицето и вратот и оставете да делува од 10 до 20 минути. Добро измијте го лицето, а маската можете да ја користите два пати неделно ако имате мрсна кожа и еднаш неделно ако имате сува или нормална кожа.rnrn3-7-fantastichni-prichini-zoshto-treba-sekojdnevno-da-jadete-mandarini-www.kafepauza.mk_rn

    6. Мандарините го поправаат расположението

    rnВерувале или не, мандарините можат да го поправат вашето расположените. Барем така тврдат докторите од клиниката Мајо. Мирисот на мандарина помага при стресот, депресијата и анксиозноста. Ако имате лош ден и сакате да се релаксирате, обидете се да го сторите тоа со помош на мандарините.rn

    7. Потешките мандарини се подобри

    rnКога купувате мандарини избирајте ги потешките, бидејќи содржат повеќе вода и сок. За да не ги изгубат вредните хранливи состојки, мандарините чувајте ги подалеку од директно светло. Консумирајте ги во рок од седум дена од денот на купувањето.rnrnОткако ќе ја изедете мандарината, никако не фрлајте ја нејзината кора, бидејќи таа ќе ве спаси од кашлица и болка во грлото.

  • Подобро од трчање и возење ролери: 7 причини зошто уште веднаш треба да почнете да лизгате!

    Подобро од трчање и возење ролери: 7 причини зошто уште веднаш треба да почнете да лизгате!

    Лизгањето е физичка активност кај која ни работат сите мускули во телото. И одлична вест е што никогаш не е доцна да почнете да се занимавате со рекреативно лизгање. Ако ви се потребни дополнителни причини за да облечете лизгалки, тогаш ви откриваме 7 докази дека лизгањето е најдобрата рекреација која можете да ја изберете.rnrn1-podobro-od-trchanjeto-i-vozenjeto-roleri-7-prichini-zoshto-treba-da-zapochnete-da-se-zanimavate-so-lizganje-www.kafepauza.mk_rn

    1. Лизгањето ја подобрува рамнотежата

    rnЛизгањето ни помага да ја подобриме рамнотежата низ забавно и релаксирачко вежбање. Лизгањето по многу лизгава површина многу брзо ќе ве научи како да останете на нозе.rn

    „Додека лизгаме, стоиме на мало ноже кое ни е сместено по средината на стапалото, па затоа мораме да балансираме за да ја одржуваме рамнотежата. Тоа е како да имате мала приватна штица. Лизгањето е добро и за решавање на деформациите на стапалата, како што се спуштено стапало, бидејќи лизгалките се цврсти однадвор, а меки однатре, па така се прилагодуваат на стапалото“, вели Ивана Гагро, тренер за уметничко лизгање.

    rn

    2. Лизгањето ги зајакнува зглобовите и глуждовите

    rnСинхронизираните движења кои се потребни за да се лизгаме им овозможуваат на зглобовите и мускулите одлично вежбање, па за многу краток временски период вашите зглобови и глуждови ќе станат флексибилни. Со оглед на тоа дека лизгањето се базира на движењата на ногата и силните колена, за зглобовите тоа ќе биде одлична вежба и за краток временски период ќе забележите колку сте флексибилни.rnrn2-podobro-od-trchanjeto-i-vozenjeto-roleri-7-prichini-zoshto-treba-da-zapochnete-da-se-zanimavate-so-lizganje-www.kafepauza.mk_rn

    3. Лизгањето ги гради сите групи на мускули

    rn

    „Лизгањето е многу комплексен спорт и бара интеракција на сите мускули што значи дека додека ние лизгаме ни работат апсолутно сите мускули, односно целото тело. Лизгањето ја подобрува кондицијата, помага при слабеењето и има уште подобар ефект од возењето ролери, бидејќи мразот бара многу посилни одрази и контракции на мускулите. Лизгањето е, исто така, поефикасно и од трчањето или возењето велосипед“, објаснува Гагро.

    rn

    4. Лизгањето е одличен кардио тренинг

    rnАеробното вежбање е важен аспект од кардиоваскуларното здравје, а лизгањето овозможува одлична аеробна вежба. Најдоброто нешто кај лизгањето е тоа што добивате одличен кардио тренинг без воопшто да имате чувство дека вежбате.rn

    „Рекреативното лизгање е добро за целосниот кардиоваскуларен систем, особено за децата кои имаат астма и кои имаат проблеми со алергиите“, објаснува Ивана.

    rn

    5. Лизгањето ја подобрува издржливоста

    rnЛизгањето бара енергија во текот на подолг временски период заради што е одличен начин за градење на издржливост. Колку подолго лизгате толку повеќе ќе ја подобрите издржливоста, не само за лизгањето туку и за другите спортови и физички активности.rnrn3-podobro-od-trchanjeto-i-vozenjeto-roleri-7-prichini-zoshto-treba-da-zapochnete-da-se-zanimavate-so-lizganje-www.kafepauza.mk_rn

    6. Лизгањето помага во слабеењето и одржувањето на телесната тежина

    rnДоколку сакате да ослабите или да ја одржите посакуваната тежина, лизгањето ќе ви помогне во тоа, бидејќи додека се лизгате и забавувате, согорувате калории. Во еден час лизгање можете да согорите помеѓу 300 и 650 калории, во зависност од брзината со која лизгате.rn

    7. Лизгањето делува како ментален фитнес

    rnСвежиот воздух и зимското сонце, како и друштвото на пријателите и семејството во голема мера ни помагаат да се опуштиме после напорната недела на работното место и стресот. Со лизгањето, исто така, ја зајакнуваме личната самодоверба. Лизгањето е еден од најзабавните начини на вежбање, особено доколку лизгате надвор кога можете да уживате во пејзажите и природата.rnrnЗа да ги почувствувате ефектите од лизгањето, доволно е да лизгате од два до три пати неделно, по половина час. Никогаш не е предоцна да започнете, но важно е да знаете дека на мразот никогаш не се излегува без ракавици, капа (децата носат кациги) и штитници (кои се особено важни кај постарите личности). За дополнителна мотивација погледнете го ова уметничко лизгање покрај неверојатни пејзажи.

  • Загадување на воздухот: Причини, последици и како да го спречите

    Загадување на воздухот: Причини, последици и како да го спречите

    Нема ништо подобро од тоа наутро да го отворите прозорецот и да вдишете чист и свеж воздух, но колку е чист воздухот што го вдишуваме сега? Иако деновиве е очигледно загадувањето, понекогаш не можете да ја процените загаденоста од тоа што го гледате пред вас. Според Светската здравствена организација, годишно умираат околу 2 милиони луѓе како последица од загадувањето.rn

    Што претставува загадувањето на воздухот?

    rn(1)zagaduvanje-na-vozduhot-prichini-posledici-kafepauza.mkrnrnЗагадувањето на воздухот може да биде дефинирано како присуство на токсични материи и хемикалии во воздухот, и тоа во количество што претставува ризик за здравјето. Воздухот е речиси целиот составен од само 2 гаса, 78% азот и 21% кислород, и неколку други гасови, како јаглероден диоксид, кои ги има во мал процент. Разликата помеѓу безопасното присуство на некој гас и загадување со истото е концентрацијата на тој гас во воздухот. На пример, јаглеродниот диоксид има концентрација помала од 0,05%, но воздухот со 5% јаглероден диоксид е отровен и може да ве убие.rn

    Причина за загадување на воздухот

    rn(2)zagaduvanje-na-vozduhot-prichini-posledici-kafepauza.mkrnrnЗагадувањето е можеби најсериозниот проблем со кој се соочува нашата цивилизација. Најчесто тоа е предизвикано од човечки активности како рударство, градење, транспорт, индустрија, агрикултура и слично. Секоја активност која вклучува согорување, користење хемикалии и/или произведување многу прашина придонесува за загадувањето на воздухот. Модерното загадување најчесто е од сообраќајот, иако и електраните и фабриките сè уште придонесуваат за зголемување на проблемот. Постојат и природни загадувачи на воздухот, како вулкански ерупции и пожари, но тие се многу ретки.rn

    Кои гасови загадуваат најмногу?

    rnNew Delhi: An arial view of the Central Delhi after thick layer of smog covered the national capital region on Nov 8, 2017. (Photo: IANS)rnrnСекој гас може да се квалификува како загадувач ако неговата концентрација му штети на здравјето. Ова значи дека постојат многу гасови кои може да бидат одговорни за загадувањето, но следниве 10 се најчести.rn

    1. Сулфур диоксид

    rnЈагленот, нафтата и другите горива често се нечисти и содржат сулфур, како и некои органски соединенија. Кога сулфурот согорува со кислородот, се добива сулфур диоксид. Електраните кои работат на јаглен се најголеми производители и најголеми загадувачи со овој гас.rn

    2. Јаглероден моноксид

    rnОвој гас се формира кога горивата немаат доволно кислород за целосно да согорат. Најчесто настанува од автомобилите, а може да се наталожи и во вашиот дом.rn

    3. Јаглероден диоксид

    rnОвој гас обично не се смета за загадувач. Ние издишуваме јаглероден диоксид кој пак растенијата го користат за „дишење“. Сепак, и овој гас е стакленички и може да се создаде од мотори и електрани. Од почетокот на Индустриската револуција, јаглеродниот диоксид се таложи во атмосферата на Земјата и придонесува за проблемот со промената на климата.rn

    4. Азотни оксиди

    rnЗагадувањето од азот диоксид и азот оксид потекнува од моторите на возилата и електраните. Тој е одговорен за формирањето кисел дожд, озон и смог.rn

    5. Испарливи органски соединенија

    rnОвие хемикалии испаруваат лесно на секојдневна температура, па стануваат гасови. Најчесто се користат во боите кои ги користиме во домот. За жал, и тие се одговорни за загадувањето на воздухот и можат да остават долготрајни последици кај луѓето.rn

    6. Честички

    rnЧестичките се виновни за потемнувањето на зградите и тешкотиите во дишењето. Нивната големина е различна и најчесто се последица од сообраќајот.rn

    7. Озон

    rnОзонот, познат и како трикислород е вид кислороден гас. Во стратосферата, тој нè штити од ултравиолетовото зрачење на сонцето. Но на ниво на земјата може да предизвика сериозни проблеми со здравјето.rn

    8. Хлорофлуорокарбонати

    rnНекогаш се сметале како безопасни, па овие гасови се користеле во ладилниците. Подоцна се открило дека му штетат на озонот на Земјата.rn

    9. Несогорени јаглеводороди

    rnНафтата и другите горива се направени од органски соединенија кои содржат јаглерод и водород. Кога правилно се согоруваат тие се претвораат во безопасен јаглероден диоксид и вода. Но, кога согорувањето не е целосно тие испуштаат јаглероден моноксид или остануваат во воздухот создавајќи смог.rn

    10. Олово и тешки метали

    rnОловото и другите токсични тешки метали може да се рашират низ воздухот како отровни соединенија или како аеросоли.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Приказната на еден самохран родител: 7 причини поради кои не сум најдобриот татко на светот!

    Приказната на еден самохран родител: 7 причини поради кои не сум најдобриот татко на светот!

    Семејниот живот понекогаш знае да биде суров и неправеден, особено ако се работи за самохран родител кој мора сам да го воспита и израсне детето. Иако многумина ги идеализираат таквите луѓе, се чудат на нивната способност да го воспитуваат своето дете, а притоа да ги извршуваат сите секојдневни обврски, сепак нивниот живот воопшто не е таков како што изгледа. Многумина молчат за своите проблеми, сакаат луѓето да веруваат во нивната способност, а притоа се „гушат“ во неможноста да им го подарат она што најмногу го сакаат на своите деца – својата целосна посветеност. Но, еден самохран татко, Лазар, реши да го прекине својот молк и да им објасни на останатите зошто не е сѐ онака како што изгледа и кои се неговите причини зошто не е најдобриот татко на својата ќерка.rnrn3-prikazna-na-samohran-tatko-7-prichini-zaradi-koi-ne-sum-najdobriot-tatko-na-svetot-www.kafepauza.mk_rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Иако веќе подолго време многумина од вас ми се восхитуваат, ме тапкаат по рамото и ми велат браво, решив да ви ги откријам работите кои не ме прават идеален човек, идеален родител, најдобар татко. Можеби сум и далеку од сето тоа. После многубројни и долги разговори, после многу читање, истражување и соочување со фактите, но и со самиот себе, после многу мислење и размислување, дојдов до овие седум работи кои со сигурност не ме прават најдобриот татко, туку можеби и најлошиот.rn

    1. Попустлив сум кон барањата и желбите на детето

    rnИако знам да кажам „НЕ“ и да го стегнам срцето кога ќе „заплаче“, на крајот секогаш таа се жали што (по)сакала нешто. Освен една изрека која вели „Кого ќе разгалиме ако не сопствените деца“, сите се сложуваат (па и јас) со тоа дека не треба да ги разгалуваме децата. Дали мојата ќерка е разгалена? Многумина велат дека не е. Сепак за своја грешка го сметам тоа што на крај секогаш е по нејзино.rn

    2. Премногу сум заштитнички настроен кон детето

    rnМногумина ме гледаат чудно затоа што додека таа се шета, си игра, трча или разговара со луѓето во паркот, јас само стојам на страна и ја оставам сама да ги вежба односите со другите деца, возрасни. Истото се случува и кога ѝ дозволувам на мојата мајка, пријателка или друга блиска личност да ја „кара“ (не во буквална смисла на тој збор), иако јас сепак доаѓам тогаш кога навистина ќе згусне. Често и самиот ја карам и се обидувам да ѝ објаснам, но секогаш гледам да ги оправдам некои нејзини постапки, секогаш гледам да ја разберам, но и да се обидам на другите да им помогнам да ја разберат, а сѐ заради, нели, „нејзината ситуација“. Често ѝ попуштам заради околностите, премногу ѝ угодувам.rn

    3. Поминувам малку време со детето

    rnСо неа, покрај неа, со приказни, читање, играње, шетање, општо… не ми се доволни ниту 25 часа дневно. А повторно, 21 век е, а живееме во Србија…rn

    4. Хронично сум уморен, нервозен

    rnЧесто ми се случува во текот на ноќта и кога можам да заспијам всушност да не спијам, бидејќи „нешто“ ме прогонува, некој товар, нешто ми се врти во главата, па утредента заморот е присутен. Со заморот редовно доаѓа нервозата, стресот. Колку и да се трудам за целата таа негативна енергија да ја канализирам во позитивна, се случува сепак да не успеам, па едноставно се повлекувам во себе, се тргам од сите, се сокривам, додека сето тоа не помине.rn

    5. Незадоволен сум од самиот себе

    rnКако, после неуспехот во некои работи, после некои неостварени соништа и заеднички желби (зборувам за својата ќерка и за себе), да бидам задоволен со себе? Многумина велат дека сум млад и дека имам време, а јас повторно велам дека нема време, бидејќи за неа секој месец, ден, час, во оваа возрасти ѝ е многу важен. А повторно, не успевам секој час, ден, месец да се посветам само и исклучиво на неа, на нејзините и нашите желби, не успевам во многу работи. Без разлика до кого е, се мразам себеси заради тие работи кои не можам да ѝ ги исполнам.rn

    6. Себичен сум, љубоморен, често лут (на себе)

    rnСебичен сум бидејќи нашите, односно нејзините и моите желби ги ставам пред сѐ, пред сите. Себичен сум, бидејќи не дозволувам никој и ништо да ја тргне насмевката од нејзиното лице, дури и кога тоа би значело другите да бидат несреќни и тажни. Себичен сум кон целиот свет, себичен сум и кон себе (можеби и најмногу кон себе), бидејќи не дозволувам ништо (или никој) да ѝ влијае на нејзината среќа. И многу сум љубоморен кога ќе си заигра без мене, со други деца, па е среќна без мене или причината за таа среќа не сум јас. И често сум многу лут што не можам уште повеќе да ја усреќам, иако многу добро знам што најмногу би ја усреќило.rn

    7. Семејство – тука потфрлив

    rnВелат дека куќата не стои на земја, туку на жената, а дека мажот е тука за да го одржи тој брак, односно тој ги претставува темелите. Можеби, и покрај целиот труд и сето мое залагање, сепак тука потфрлив, бидејќи не сум силен маж кој успеал да го сочува своето семејство на куп, а ниту пак да основа ново, за барем таа привидно да има „нормално“ детство бидејќи семејството е сепак темел на здравото и нормално растење. А како и да основам семејство денес, кога сите знаеме каква е ситуацијата кај нас самохраните родители? Некои работи се такви какви што се. На некои од овие работи не можам да влијаам. Во теорија, знам сѐ што би требало и како би требало, но во пракса тоа изгледа малку поразлично.rnrnГледате, не сум супер татко како што многумина мислат, како што многумина гледаат. Можеби сум и најлош! Можеби некои се во право кога велат дека не треба да се оптоварувам со вакви или онакви работи, но често чувствувам неправда, неправда кон сите кои, можеби, премногу ме идеализираат. И затоа секогаш треба да бидете чесни и искрени кон себе, бидејќи само така можете да го пронајдете сопствениот мир. Верувам дека во овој град, држава, па и на Балконот има многу подобри, како татковци, така и мајки од она што сум јас на своето дете.[/message_box]rnrnПрочитајте ги овие моќни цитати коишто ја прикажуваат нераскинливата врска помеѓу таткото и ќерката.

  • 8 причини зошто жените со длабоки чувства се честопати погрешно разбрани

    8 причини зошто жените со длабоки чувства се честопати погрешно разбрани

    Луѓето многу погрешно ги разбираат жените со длабоки чувства. Но, тоа не ги спречува да се борат за нештата во кои веруваат. Овие жени многу се разликуваат од останатите. Тие се познати по тоа што не се грижат за туѓото мислење и целосно се прифаќаат себеси. Вистина е дека се малку необични, но токму тоа ги прави уште поневеројатни. Ова се 8-те причини зошто жените со длабоки чувства и размислувања се честопати погрешно разбрани…rnrn8 причини зошто жените со длабоки чувства се честопати погрешно разбраниrn

    1. Нивните чувства се длабоки

    rnТие ги чувствуваат работите многу подлабоко за разлика од останатите. Кога ќе им се случи нешто убаво, тие се премногу возбудени, а ако им се случи нешто лошо, тоа им влијае повеќе одошто би требало.rn

    2. Премногу се добродушни

    rnТие се љубезни кон сите и не можат да ги поднесат неучтивите луѓе. Не осудуваат и ги прифаќаат другите такви какви што се. Многумина не можат да го прават ова.rn

    3. Многу се внимателни

    rnТие повеќе мислат на другите одошто на себе и ова понекогаш не е толку паметно. Секогаш размислуваат и за големите и за малите работи. Сакаат да согледаат што се крие под површината на нештата.rn

    4. Многу се страсни

    rnГо сакаат животот и живеат полни со гради. Секогаш наоѓаат нови работи што ги интересираат и сакаат да го искористат својот максимален потенцијал. Токму затоа, луѓето понекогаш мислат дека глумат.rn

    5. Многу се храбри

    rnТие сакаат да ги заштитат луѓето кои не можат да се заштитат сами. Не се плашат да го кажат своето мислење и секому му даваат право на збор. Нивната храброст се појавува во различни форми.rn

    6. Не се плашат да го кажат своето мислење

    rnТие се првите кои го кажуваат она што треба да се каже. Не ги ублажуваат работите и не им дозволуваат на другите да им застанат на патот. Можеби на почетокот нема да сакате да се соочите со вистината, но овие дами ќе ви го кажат она што треба да го чуете, а не она што сакате да го чуете.rn

    7. Со сите се искрени

    rnТие не лажат, па затоа никогаш нема да ги фатите овие жени во лага. Тие знаат дека вистината е она што на сите ни треба во животот.rn

    8. Не ги искористуваат другите

    rnНикогаш не ја злоупотребуваат туѓата добрина. Знаат колку вредат, но не ја потценуваат ниту вредноста на луѓето околу нив. Тие сакаат да бидат праведни. Ќе добивате од нив онолку колку што ќе им давате.rnrnСекогаш бидете доследни на себе. Жените со длабоки чувства се погрешно разбрани иако нема добра причина за тие недоразбирања. Доколку и вие сте дел од овие неверојатни жени, знајте дека на светот му требаат повеќе луѓе како вас!rnrnПрочитајте ги и следниве 8 причини зошто неверојатните жени имаат најлош љубовен живот.

  • 5 причини зошто нѐ привлекуваат луѓето со кои не би требало да започнеме врска

    5 причини зошто нѐ привлекуваат луѓето со кои не би требало да започнеме врска

    „Добрите луѓе не се вљубуваат секогаш во добри луѓе.“ – Џонатан Францен

    rnПривлечноста е основната причина поради која започнуваат врските. Откако ќе нѐ привлече некој човек, почнуваме да размислуваме за понатамошниот развој на односот. Но, некои привлекувања немаат никаква врска со љубовта. Понекогаш причините поради кои се привлекуваме со некого се сосема различни. Привлечноста нѐ заслепува и прави да размислуваме пристрасно.rnrn5 причини зошто нѐ привлекуваат луѓето со кои не би требало да започнеме врскаrnrnОд таа причина честопати ги гледаме само позитивните страни на луѓето кои нѐ интересираат, а ги игнорираме нивните негативни страни. Нас можеби многу нѐ привлекува некој човек и почнуваме да се вљубуваме во него, но тој се интересира за нас само за да извлече некаква корист. Доколку сѐ оди како што треба, по привлечноста доаѓа љубовта, па дури потоа станува збор за посветеноста, лојалноста и така натаму. Но, првичната привлечност мора да биде искрена за да дојде до сето тоа.rnrnСепак, не можеме да читаме мисли. Многупати, нѐ привлекуваат луѓе од сосема погрешни причини. За да се поштедите себеси од болката, мора прво да разберете зошто ве привлекува одредена личност. Ова се 5-те погрешни причини поради кои се раѓа вашата привлечност кон некого…rn

    1. Мислите дека на човекот му треба вашата помош

    rnСите имаме проблеми. Но, врската не може да опстои доколку постојано се обидувате да спасите некого или да му помогнете. Пожарникарите, докторите и полицајците секој ден го прават тоа за нас. Дали тоа значи дека ние сме во врска со нив? Секако дека не! Во врската, мора да го поддржувате партнерот, но секако дека тоа треба да ви биде возвратено. Можеби мислите дека на вашите сакани им треба вашата помош, но вистината е дека тие само ве искористуваат. Доколку некому навистина му треба вашата помош, треба да помогнете. Но, ваквиот случај не е таков. Немојте да мислите дека сте должни да забавувате некого.rn

    2. Мислите дека можете да го промените човекот

    rnСите заслужуваме втора шанса. Нормално е на вашиот партнер да му се случи да направи грешка и да се извини. Но, ако тоа постојано се случува, треба да престанете да ја трошите вашата енергија на врската. Не можете да промените некого, освен ако тој не сака самиот да се промени. Доколку мислите дека можете да промените некого и да му помогнете да стане подобра личност, тогаш живеете во голема лага. Тоа никогаш нема да се случи.rnrn5 причини зошто нѐ привлекуваат луѓето со кои не би требало да започнеме врскаrn

    3. Вашиот партнер прави да се чувствувате виновно поради вашите постапки

    rnАко сѐ уште го сакате вашиот партнер поради тоа што прави да се чувствувате виновно за вашите дела, ве обвинува за недоразбирањата и секогаш ви вели дека врската нема да успее поради вас, тогаш тоа не е љубов. Вашиот партнер направил да ја изгубите вашата самодоверба. Вие сте му дале право да расудува што е добро, а што лошо. Не му дозволувајте да преземе контрола врз вашиот живот. Можеби некогаш сте згрешиле, но не сте вие секогаш виновни за сѐ и вашиот партнер сигурно не е светец. Вашиот сакан или сакана ги прават овие ниски работи затоа што не чувствуваат доволно љубов кон вас. Самите се повредувате во врската.rn

    4. Луѓето околу вас ви велат дека треба да бидете со тој човек

    rnМора да разберете нешто еднаш засекогаш. Ова е ваш живот и вие самите треба да одлучите што е добро, а што лошо за вас. Смеете да прифаќате совети и предлози од други луѓе, но ги земајте нивните зборови здраво за готово и немојте да правите нешто што ви создава непријатност. Ако мислите дека не треба да се смирите со поранешниот партнер, тогаш не правете го тоа. Ваш живот, ваша одлука.rn

    5. Мислите дека ја сакате личноста

    rnБез оглед на тоа колку сте повредени, сѐ уште мислите дека сте многу вљубени. Тука не се работи за привлечност, туку за сите убави спомени што прават да чувствувате дека станува збор за вистинска љубов. Можеби навистина ја сакате оваа личност, но доколку љубовта не ви е возвратена, тогаш тоа не е вистинска љубов. Чувајте ги спомените таму каде што треба да бидат – во минатото.rnrnЗапознајте се себеси пред да се вљубите во некого. Бидете претпазливи и држете ги очите ширум отворени пред да започнете врска за да се поштедите од сета болка и разочарување.rnrnПрочитајте ги и следниве 12 алармантни знаци дека сте во лоша љубовна врска.

  • Кои се најчестите причини поради кои милениумците посетуваат терапии кај психолог

    Кои се најчестите причини поради кои милениумците посетуваат терапии кај психолог

    Психолозите секојдневно се сретнуваат со милениумците кои имаат низа прашања на кои немаат одговори: „Дали тоа е тоа што го сакам?“, „Како моите родители во овие години го имале сето тоа?“. Издвоивме неколку причини поради кои милениумците се упатуваат на терапија кај психолог.rnrn1-koi-se-najchestite-prichini-zaradi-koi-mileniumcite-posetuvaat-terapii-kaj-psiholog-www.kafepauza.mk_rn

    1. Неодлучни се

    rnОваа генерација е прилично неодлучна. Изгледа дека некои сосема банални работи го програмираат животот на оваа генерација. На пример, тие се сосема сигурни до завршувањето на факултетот, бидејќи дотогаш целиот живот им се движел по однапред одредена патека. До дваесет и некоја година тие биле насочувани, така што со вистинските одлуки се соочуваат многу покасно. rnrnКога ќе дојде време за донесување важни одлуки како што се промена на работното место или потреба љубовната врска да премине на следното ниво, тие имаат страв дека нема да ја донесат вистинската одлука. Заради ова доаѓа до одложување на животните одлуки за подоцна.rnrnБидејќи не постои формула за среќа, односно еден исправен пат, психолозите им помагаат на овие личности да сознаат што тие навистина сакаат. Еден начин да се надмине тоа е да сфатат што ги прави среќни.rn

    2. Тешко кажуваат „НЕ“

    rnОваа генерација не знае како да им каже „НЕ“ на своите родители, подоцна на наставниците, професорите, па шефови и така натака. Психолозите сметаат дека ова е резултат од стравот некој да не се разочара во нив, започнувајќи од родителите кои секогаш имале високи очекувања.rnrnОд овие причини оваа генерација не знае да каже „НЕ“, туку за тоа користат формулации како што се „Не сум сигурен/на во овој момент, ќе ви се јавам наредната недела“, „Не знам дали имам доволно време за да се посветам на тоа“… Психолозите велат дека учењето да се кажува „НЕ“ е исто како кога децата учат да чекорат – малку по малку. Вежбањето е најдобриот начин.rnrn2-koi-se-najchestite-prichini-zaradi-koi-mileniumcite-posetuvaat-terapii-kaj-psiholog-www.kafepauza.mk_rn

    3. Се прашуваат дали некогаш ќе бидат финансиски самостојни за да започнат живот со партнерот

    rnЕкономската состојба во нашата земја доведува до тоа поголемиот дел од младите да останат да живеат со своите родители до доцните дваесетти или раните триесетти. Така тешко стануваат финансиски самостојни, што понатаму доведува до тоа тешко да се одлучат на заеднички живот со партнерот.rnrnЕдинствен начин да се надмине ова е да се разговара отворено со својот партнер во врска со финансиските очекувања.rn

    4. Анксиозноста ги спречува да се опуштат

    rnМилениумците се изложени на голема количина стрес, а немаат способност да управуваат со него. Тоа создава анксиозност – вознемиреност и загриженост без реална причина.rnrnПреголемата количина информации на кои се изложени доведува до тоа да не знаат да го разделат важното од неважното. Заради ова се многу често исклучени. За да се изборат со овој проблем, неопходно е да научат како да управуваат со стресот, како да ги канализираат негативните мисли и од сето тоа да излезат посилни.rnrnПрочитајте и зошто милениумците никогаш нема да пораснат.

  • 8 причини да ја засакате сауната

    8 причини да ја засакате сауната

    Придобивките од одењето во сауна се многубројни. Освен што е одличен начин на кој може да поминете пријатно време, воедно е и ефикасен начин за грижа за вашето здравје.rnrn1-8-prichini-zaradi-koi-treba-da-ja-zasakate-saunata-www.kafepauza.mk_rn

    1. Ги извлекува токсините од вашиот организам

    rnПотењето е еден од начините на кои телото се ослободува од токсините кои сме ги внеле на различни начини. Сауната го прави токму тоа, ги извлекува токсините од нашите тела и тоа е наједноставниот начин за чистење на организмот.rn

    2. Помага при губењето на килограмите

    rnОдењето во сауна е одличен начин да ги изгубиме вишокот килограми, со минимален труд. За само дваесеттина минути во сауната во која температурата е околу 70 степени, телото ќе изгуби над 500 калории. Метаболизмот се забрзува како и кај зголемениот физички напор и е одличен начин да го доведете вашето тело во форма.rn

    3. Го зајакнува имунитетот

    rnУште една придобивка од одењето во сауна е јакнењето на имунитетот. Клучниот дел од имунолошкиот систем се белите крвни зрнца или лимфоцити, а сауната го зголемува нивниот број. Редовните корисници на сауната имаат поголемо ниво на лимфоцити и со самото тоа појак имунитет.rn

    4. Овозможува социјална интеракција

    rnОва не се однесува на корисниците кои одат во мали и приватни сауни. Но, одењето во некој спа центар кој има голема сауна овозможува дружење со други луѓе, пријатели и роднини.rnrn2-8-prichini-zaradi-koi-treba-da-ja-zasakate-saunata-www.kafepauza.mk_rn

    5. Ја зголемува издржливоста во спортските активности

    rnНашето тело има одредено ниво на отпорност на високи температури, а редовната употреба на сауната дополнително ја зголемува таа способност. На тој начин ја зголемуваме издржливоста во физичките активности.rn

    6. Одлична е за косата

    rnНа темето имаме посебни лојни жлезди кои помагаат нашата коса да не биде премногу сува, но заради претераното третирање на косата, жените може да имаат сува коса на која ѝ е потребна влажност за да се подобри нејзината еластичност. Времето поминато во сауна ја зголемува работата на тие жлезди и ја дава потребната еластичност на нашата кожа.rn

    7. Го забрзува заздравувањето после вежбањето

    rnВо денешно време многу теретани нудат и можност за одење во сауна. Всушност, сауната е ефективен начин на кој можеме да заздравиме после вежбањето. Мускулите побрзо ќе се опуштат отколку во нормални услови.rn

    8. Ја подмладува кожата

    rnОдењето во сауна е одличен начин на кој можете да ја вежбате кожата. Како што стареете, вашата кожа станува помалку еластична, а само неколку посети на сауната ќе ја подобри работата на вашиот крвоток, односно ќе ја подобри циркулацијата, ќе ги рашири порите и ќе ги отстрани мртвите клетки од кожата.

  • Мудроста на шаманите: Постојат 4 основни причинители на болести

    Мудроста на шаманите: Постојат 4 основни причинители на болести

    Шаманите се обични мажи и жени кои можат да остварат контакт со нивната повисока свест. Тие можат да комуницираат на специфични начини кои се невозможни за останатите луѓе. Шаманите обрнуваат големо внимание на причините и последиците во животот.rnrnМудроста на шаманите: Постојат 4 основни причинители на болестиrnrnСите сме свесни дека нашите тела поминуваат низ разни трансформации во текот на животот. Телото може да се разболи како последица од голем број работи, како што се несреќите, вирусите и смртоносните болести. Од гледна точка на Шаманите, сите овие работи се само последици, а ние мора да дојдеме до коренот на проблемите.rnrnПостојат само 4 основни причинители на болести. Овие причинители не се бактерии и вируси, туку нашата внатрешна состојба. Во продолжение, прочитајте за што станува збор…rn

    1. Губење на душата

    rnЗагубата на душата е многу голем проблем, без разлика дали сте свесни за тоа или не. Ова е најсериозниот причинител на болести кои можат да бидат и смртоносни.rn

    2. Хроничен страв

    rnЛуѓето кои страдаат од хроничен страв се многу подложни на болести. Тоа е така, затоа што стравот ги убива нашите способности за функционирање.rn

    3. Спиритуални упади и духови што опседнуваат

    rnОва се случува кога на човекот му недостасува духовен заштитник. Тоа се случува како последица од негативните мисли кои создаваат отвор во телото. Ако ги потиснувате работите и не ги изразувате емоциите, може да се соочите со спиритуални упади.rn

    4. Дисхармонија

    rnОва се случува кога луѓето ќе ја изгубат врската што им била многу важна во животот. На пример, ова честопати се случува кога еден од двајцата постари брачни партнери ќе почине. Дисхармонијата ги прави луѓето ранливи на многу негативни работи.rnrnПрочитајте ги и следниве совети од шамани што можат да ви помогнат во секојдневниот живот.